„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

zalozhnici-cheshka

Во моментов заложничка драма во филијала на „Уникредит“ во Чешка

Вооружен маж држи најмалку осум лица како заложници во филијала на банката „Уникредит“ во чешкиот град Прибрам.Чешките медиуми објавуваат дека еден од заложниците е ослободен.На местото на инцидентот има полициски единици и преговарач, но се уште не е познато дали вооружениот маж има какви било барања.Неофицјално полицијата веќе влегла во банката и се слушнале експлозии.

Свет | пред 7 години

bogdan-ilievski-betmen-velit-640x360

Богдан Илиевски - Бетмен на ФБ: „Фала ви на сите кои бевте со мене и со моите во периодов“

Богдан Илиевски - Бетмен  се огласи на ФБ откако попладнево, откако Кривичниот суд, одлучи тој и Борис Дамовски и Владо Јовановски да бидат амнестирани.Тие се последните тројца за кои обвинителството има дадено позитивно мислење.Илиевски на својот ФБ профил напиша:395 дена подоцна...Фала му на Бога,фала ви на сите кои бевте со мене и со моите во периодов. Никому никогаш да не му се повтори.Само слободата е правда.Да ја има, за сите невини.Да сте живи и здрави,да живее Република Македонија!, напиша Илиевски. 

Скопје | пред 7 години

mijalkov-2

Поради некомплетна документација Мијалков и викендов останува во Шутка

Покрај позитивно мислење од СЈО, екс директорот на УБК Сашо Мијалков останува и викендов во Шутка. Причината е некомплетна документација. Барањата, но и мислењето коешто СЈО го остави денес во судот било вратено назад со образложение дека е нејасно и без конкретни елементи.Останува прашањето дали во понеделник ќе се комплетира документацијата за Мијалков, и тој за Новогодишните празници ќе ги помине во куќен притвор со полициски надзор или пак екс директорот за празниците ќе биде дома.

пред 7 години

Нема фотографија

СВР: Охриѓани нападнати во угостителски објект во Охрид

Денес, во 00 часот и 30 минути, во угостителски објект во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир, информират од СВР.Две лица од Охрид, на возраст од 26 и 22 години, биле физички нападнати од, засега непознати лица, кои биле гости во угостителскиот објект.Лицата се здобиле со повреди поради што со медицинско возило се префрлени на хируршкото одделение во Општата болница во Охрид, стои во соопштението од полицијата.СВР Охрид, презема мерки за пронаогање на лицата и расчистување на настанот.

Македонија | пред 7 години

stopanska-komora

Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија ги изнесе заклучоците за законот за медиуми

Согласно најавата за седница бр. 78 на Собранието на Р. Македонија, закажана на 28.12.2018 година во 13:00 часот, на која на дневен ред е единствена точката: Дополнет Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (понатаму ЗААВМУ) – II читање; операторите на јавни комуникациски мрежи кои реемитуваат програмски сервиси (понатаму: оператори), одржаа состанок на покана на Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија, на која беа присутни претставниците на сите оператори.На состанокот се разгледа предлогот на ЗААВМУ согласно последните достапни информации за материјалите достапни на веб-страната на Собранието на РМ, со посебен осврт на измените на член 143, став 3 и 4, како и член 47, со коишто се предлагаат преодни и завршни одредби во однос на примената на член 143.Во дискусијата во која учествуваа претставниците на операторите се донесоа следните Заклучоци:Со предложените одредби се предвидува воведување одговорност на страна на операторите за реемитувани програми која е без преседан и која е целосно спротивна на суштината на дефиницијата на поимот – реемитување утврдена со Закон, во услови кога операторите ниту имаат уредувачка одговорност ниту контрола врз реемитуваните програми која во целост припаѓа на страна на радиодифузерите.Предложените одредби воведуваат целосна дискриминација на странските радиодифузери наспроти домашните радиодифузери по однос на обврските кои тие треба да ги исполнат за да може да бидат реемитувани на територијата на РМ, со што практично ќе се стави ненадминлива пречка за реемитување на странски ТВ-програми, и се спротивни на ЕУ Директивата за реемитување и Директивата за телевизија без граници.Доколку се усвојат предложените измени, операторите ќе бидат доведени до ситуација да не можат да реемитуваат странски ТВ програми, што ќе резултира со катастрофално уназадување на изборот на претплатниците за следење на програмски содржини, поради фактот што најмалку 5/6 од постојните програмски пакети содржат странски ТВ програми. Ова би придонесло за сведување на достапните програмските пакети само на локални содржини, односно тотален „медиумски мрак“.Со овие одредби се прекршуваат сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ и на постојните законски решенија по однос на слобода на изразување и телевизии без граници.Членот 47 е потполно нејасен и доведува до сериозна правна несигурност во работењето на операторите.Од погоре наведените факти и аргументи, сите оператори се согласни и предлагаат бришење на овие одредби од страна на предлагачот.За Заклучоците на Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија соодветно се информирани претставниците на Делегацијата на ЕУ во РМ, Делагацијата на ОБСЕ и релевантните амбасади во РМ (засегнати од примената на ваквиот предлог Закон).Доколку дојде до изгласување на овие предложени законски решенија во Собранието на Република Македонија, операторите ќе бидат приморани согласно законските норми да ги исклучат странските програмски сервиси/канали кои ги реемитуваат и тоа исклучување ќе трае се` додека не се променат спорните законски одредби.

Македонија | пред 7 години

ribi-1

МЗШВ склучи договори за концесија на рибите за рекреативен риболов за шест акумулации

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ги потпиша договорите за доделување концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов за 6 рекреативни зони односно акумулации. Овие договори се дел од трите постапки за доделување на риболовни концесии кои беа донесени со одлука на Влада. Во оваа постапка беа опфатени 19 риболовни води, односно 6 риболовни ревири и 13 рекреативни зони, од кои денеска се потпишаа шест договори. Станува збор за акумулациите Стрежево, Козјак, Мантово, Паљурци, Мавровица и глобочица.Инаку, Владата на годинава донесе Одлуки за започнување на три постапки за доделување концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов во кој беа опфатени 47 риболовни води од кои 28 за риболовни ревири (реки) и 19 рекреативни зони (акумулации).Од нив, во првата постапка беа опфатени 17 риболовни реки и три акумулации, за кои што во јуни годинава се склучија 14 договори. Со втората постапка се опфатени 19 риболовни води, од кои денеска се потпишаа шест договори за акумулации.Третата и последна постапка е во тек и во истата се опфатени 10 риболовни води. Во оваа постапка покрај доделувањето концесија за организирање рекреативен риболов на 5 риболовни ревири и 3 рекреативни зони, започната е и постапка за доделување концесија за вршење на стопански риболов на двете риболовни подрачја Охридско Езеро и Дојранско Езеро, за што до крајот на месец јануари следната година се очекува да склучат договорите. Јавното отворање на понудите од третата постапка беше на 24 овој месец. По евалуацијата на понудите ќе се поканат сите понудувачи кои имаат доставено комплетни и прифатливи понуди да учествуваат на електронска аукција. Критериумот за избор и на оваа постапка како и не предходните две е највисокиот понуден концесиски надоместок. По завршувањето на оваа постапка, следната година се предвидува започнување на нова постапка со која што ќе се опфатат сите риболовни води за кои во постапките од 2018 година немаше заинтересирани понудувачи или немаше доставено прифатливи понуди. Владата на Република Македонија ќе се заземе за што побрзо реализирање на оваа активност во 2019 година, со што на големиот број рекреативни риболовци ќе им се овозможи непречено да излезат на риболовните води, а на концесионерите преку заштита и порибување на водите да ја остварат и целта на концесијата - трајно користење на рибите преку одржлив развој, односно нивна заштита, зачувување на загрозените видови, како и видосвата разновидност, старосна структура и бројност.Согласно Законот за рибарство и аквакултура рибите од риболовните води за организирање рекреативен риболов се доделуваат на користење по пат на концесија за период од шест години. Основна цел на доделување на концесијата на рибите е создавање на услови за организирање рекреативен риболов, односно овозможување на вршење заштита и користење на рибите преку планско експлоатирање на одржлив начин.

Македонија | пред 7 години

mladi-i-sport-1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт најавува дополнителни 6 милиони евра за развој на спортот

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, заедно со советниците за спорт на Претседателот на Владата, Ѓорги Тасев и Даниел Димевски и раководителот на сектор спорт во АМС, Томислав Андоновски, денеска во клуб на пратеници остварија работна средба со претставници на националните спортски федерации и спортски работници.На средбата беа презентирани, се дискутираше и се прецизираа критериумите, постапката и условите за добивање на ваучери согласно новиот систем на финансирање, чиј крајни корисници ќе бидат националните спортски федерации, клубови, активни спортисти од олимписки, неолимписки и параолимписки спортови и други правни лица, кои имаат решение за вршење дејност спорт. Овој систем влегува во сила од јануари, 2019 година.На средбата исто така се потенцираше и важноста од формирање на посебно тело во Агенцијата за млади и спорт чија главна обврска ќе биде работата со ваучерскиот систем, при што цел процес, како и досега, ќе се води низ транспарентен, партнерски и инклузивен пристап со сите спортски субјекти.Преку овој систем, обврзникот кој донирал финансиски средства на спортски субјекти му се намалува пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50% од пресметаниот данок.Со ваучерскиот систем, директно во спортот се вбризгуваат нови 6 милиони евра, преку кои ќе се обезбеди развој, стимулација и финансиска моќ на спортските клубови.Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, заедно со советниците за спорт на Претседателот на Владата, Ѓорги Тасев и Даниел Димевски и раководителот на сектор спорт во АМС, Томислав Андоновски, денеска во клуб на пратеници остварија работна средба со претставници на националните спортски федерации и спортски работници.На средбата беа презентирани, се дискутираше и се прецизираа критериумите, постапката и условите за добивање на ваучери согласно новиот систем на финансирање, чиј крајни корисници ќе бидат националните спортски федерации, клубови, активни спортисти од олимписки, неолимписки и параолимписки спортови и други правни лица, кои имаат решение за вршење дејност спорт. Овој систем влегува во сила од јануари, 2019 година.На средбата исто така се потенцираше и важноста од формирање на посебно тело во Агенцијата за млади и спорт чија главна обврска ќе биде работата со ваучерскиот систем, при што цел процес, како и досега, ќе се води низ транспарентен, партнерски и инклузивен пристап со сите спортски субјекти.Преку овој систем, обврзникот кој донирал финансиски средства на спортски субјекти му се намалува пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50% од пресметаниот данок.Со ваучерскиот систем, директно во спортот се вбризгуваат нови 6 милиони евра, преку кои ќе се обезбеди развој, стимулација и финансиска моќ на спортските клубови.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Новинарите кои известуваа од собранието за 27 ми април најавија дека ќе ја тужат државата

15 новинари кои известуваа за настаните од Крвавиот четврток - од македонското собрание најавија дека ќе ја тужат државта за надомест на штета.Новинарите тужбата ќе ја поднесат според членот 166 од Законот за облигационите односи – „Одговорност поради терористички акти, јавни демонстрации и манифестации“, а најавија дека тужбата може да биде проширена со барање за одговорност на поединци, кои со преземање или непреземање дејства придонеле за настанатата ситуација.„Освен новинарите кои известуваа од прес салата, треба да се вклучат и оние кои известуваа надвор од Собранието. Разговарано е и со вработени во Собранието кои сакаат да се вклучат во иницијативата. Се надевам дека новинарите и снимателите ќе соберат храброст да ја тужиме државата, бидејќи ние таму бевме на работно место и нашето известување, мислам дека допринесе и да нема потешки последици. Нашето присуство придонесе ситуацијата да заврши, како што заврши“, изјави новинарот Горан Трпеноски, кој заедно со колегите Душица Мрѓа и Боби Христов се иницијатори на тужбата.Иницијаторите најавија дека постапката ќе ја продолжат по празниците , тие додаваат судските трошоци сами ќе ги подмируваат, а ќе ги застапува адвокатско друштво.

пред 7 години

idioti-2

СКАНДАЛ: Владата си ги зголемува платите

Вицепремиерите во Владата си ги покачуваат платите и за тоа испратиле предлог закон до Собранието. Непознато е за колку проценти ќе си ги зголемат платите. Во продолжение текстот на законот: I.ОЦЕНКА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТСо Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија  („Службен весник на СРМ“ број  36/1990 и 38/1991 и „Службен весник на Република Македонија“ број. 23/1997, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 42/2010, 97/2010, 162/2010, 11/2012, 145/2012, 170/2013 и 139/2014) се уредува платата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката.Со Законот исто така е уредено дека право на плата во месечен износ за вршење на функцијата имаат претседателот на Република Македонија, функционерите избрани од редот на пратениците, функционерите и лицата кои ги избира или кои ги именува Собранието, функционерите кои ги именува претседателот на Република Македонија и кои ги именува Владата на Република Македонија и  раководните работници кои ги назначува претседателот на Република Македонија или телото што тој ќе го овласти, надлежното тело на Собранието и Владата.Со измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, со членот 1 се врши измена на членот 27 став 1 точка  2) и се намалува надоместокот за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели.Предложеното законско решение уредува  дека наместо досега утврдените до 30 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи, се предвидува надоместок до 20 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи.Потребата од донесување на ова законско решение се наметнува од  негативниот економски тренд во светски рамки со што последиците кои ќе произлезат од него ќе предизвикаат заштеда во Буџетот на Република Македонија. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈАЗаконот се заснова на истите начела на кои се заснова основниот текст.Целта поради која се предлага овој закон е намалување на  трошоците од буџетот на Република Македонија со цел  да се обезбедат одредени заштеди.Бидејќи предметната измена на законот е регулатива која е  уредена пред една деценија, неопходни се измени на позитивните законски прописи со кои се регулира висината на надоместокот на патните трошоци кои им се исплаќаат на избрани и именувани функционери, кои што живеат надвор од Скопје.Имено, потребата од предложените измени е во насока на намалување на трошоците од државниот буџет, постигнување на одредени заштеди на буџетските финансиски средства и спречување на евентуални злоупотреби во трошењето на народните пари, а имајќи го во предвид  фактот  дека јавниот меѓуградски превоз – автобуски и железнички, во сегашните услови не  би ги задоволил и исполнил реалните барања и потреби на избрани и именувани функционери, што всушност преставува  причина поради која избрани функционери ги користат сопствените возила за службени цели.И покрај намалувањето на висината на надоместокот, избрани и именувани лица сепак ќе добиваат адекватен надоместок за трошоците и за амортизацијата на возилата, кој што е неопходен за да може ефикасно и навремено да ја извршуваат сопствената функција.Од горенаведеното произлегува и потребата за измена на постоечкото законско решение, кое што ќе обезбеди заштеда во Буџетот на Република Македонија, но и ќе овозможи непречено функционирање на избраните и именуваните функционери кои живеат надвор од Скопје.  

Македонија | пред 7 години

forbs

Македонија падна за 5 позиции на листата на ФОРБС, годинава земјва рангирана на 68-то место

Македонија падна за 5 позиции според условите за водење бизнис на листата на магазинот „Форбс“. Земјава меѓу 161 држава е рангирана на 68-то место. Фистата ФОРБС ја составува врз основа на 15 фактори, вклучувајќи дноци, имотни права,ниво на корупција, бирократија, големина на пазарот, квалитет на живот и работна сила...„Од својата независност во 1991 година, Македонија постигна напредок во либерализацијата на економијата и подобрување на деловното опкружување. Нејзините ниски даночни стапки и слободни економски зони помогнаа да се привлечат странски инвестиции, но тоа е се уште на ниско ниво во однос на остатокот од Европа. Корупцијата и слабото владеење на правото остануваат значителни проблеми. Некои фирми се жалат на нетранспарентни прописи и нееднакво спроведување на законот. Македонската економија е тесно поврзана со Европа како клиент за извоз и извор на инвестиции и трпи последици како резултат на пролонгираната слабост во еврозоната“, се наведува во појаснувањето на Форбс.Од регионот Словенија е на 31 место, Србија е на 56, Романија на 41, Бугарија на 46, Хрватска на 52, а Македонија е на 68 место, додека Црна Гора е на 72, Албанија е на 74 и БиХ на 98.На прво место е Британија, втора е Шведска, трета е Хонг Конг, зад неа е Холандија, петта е Нов Зеланд.

Македонија | пред 7 години

mickovski

Мицкоски: „2018 беше година на сиромаштија и економска криза“

Зголемени трошоци, фабрики кои не работат, странски инвестиции кои наместо да доаѓаат, се одливаат од државата. Нема пласман на земјоделските производи,трудот е потценет и дискриминиран, нпиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот ФБ профил и додаде:„Најава за зголемени даноци со кои директно се удира по стандардот на граѓаните, работниците, интелектуалците, земјоделците, луѓето кои живеат од рента, оние со авторски договори, тие кои се обложуваат и играат игри на среќа, се удира по малиот, средниот и крупниот бизнис. Се воведува данок на реинвестирана добивка. Се удира и по најсиромашните, лебот поскапе за 20 отсто, бензините поскапеа, цените растат, а младите не престануваат со иселување. Парите се земаат од народот за власта да се луксузира. За нови нефункционални заменици директори кои ќе ги плаќа народот, за матни и скапи тендери. Ова се црнилата кои ги живеат граѓаните секој ден од оваа година. Следува нова година, нова надеж, година на одлуки и промени, година кога ќе имаме шанса да ги победиме овие црнила, да ги оставиме во старата година како симбол на едно загубено и мачно време. Затоа ни е потребна зората која ќе донесе победа над ова црно владеење, зора која ќе донесе подобри времиња!“, напиша Мицкоски. 

Македонија | пред 7 години

mijalkov-2

И Мијалков на слобода

Укинувањето на мерката притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, осомничен во случајот „Империја“. Тој добил позитивно мислење од Специјалното јавно обвинителство, а предлогот денеска бил испратен до Кривчниот суд.Со одлука на апелација од притвор во домашен треба да излезат денеска и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески обвинети во предметот на СЈО, Титаник 1, но и Зорица Арсовска и Ненад Јосифовиќ осомничени во Империја.

пред 7 години

Levica

Левица: Власта мора да ја поништи спорната продажба на земјиштето кај „Холидеј Ин”

Со одлуката на Министерството за транспорт и врски да продаде државно земјиште зад хотелот „Холидеј Ин”, сегашната власт даде јасно до знаење дека ја продолжува штетната политика на распродавање државно земјиште на приватен капитал за ниски цени.Политичката партија Левица остро протестира поради тоа и бара итно поништување на спорниот договор со кое земјиштето беше продадено за цена далеку пониска од пазарната вредност (дури за половина износ!) и пренаменување на земјиштето за објекти од јавен интерес. Во таа насока, Левица ќе поднесе барање за поништување на незаконската продажба до Министерството за транспорт и врски. Покрај тоа, во престојниот период ќе иницира постапка на измени на Генералниот урбанистички план за конкретната парцела, со што во иднина ќе се спречи приватизирањето на овој простор заради остварување екстра-профити на поединци. Граѓаните се децидни во своите барања кои гласно и ги испорачаа на оваа власт: сакаат зеленило, слободен јавен простор и чист воздух, а не дивеење на градежната мафија и уништување на животната средина!Наспроти тврдењата на министерот Сугарески дека биле принудени да го продадат земјиштето согласно Законот за градежно земјиште, во ниту една законска одредба од тој закон експлицитно не е наведена обврската дека државата е должна да го отуѓи земјиштето доколку приватно лице се стекне со 30 проценти од градежната парцела.Дополнително, се работи за земјиште од Детален урбанистички план наследен од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, кој силно беше оспоруван од сегашната власт додека беше во опозиција. Впрочем, оваа сомнителната продажба е изведена според ДУП кој Општина Центар моментално го има ставено под мораториум заради утврдени неправилности и за кој беше најавено дека ќе претрпи значителни промени, со цел да се заштити јавниот интерес кој е нарушен во актуелниот ДУП. Се поставува прашањето, како владата на СДСМ продава земјиште водејќи се и повикувајќи се на криминалните, деструктивни проекти на ВМРО-ДПМНЕ, која самата ги оспорува како незаконски?Покрај наведените неправилности во продажбата, законитоста на бизнис-зделката помеѓу Владата и приватниот инвеститор дополнително е доведена во прашање, ако се има предвид дека на продаденото државно земјиште е предвидена траса за подземен трамвај, односно предвиден е објект од јавен интерес. Во ваков случај, законот на кој се повикува министерот Сугарески предвидува продажбата на земјиштето да се врши според претходна одлука на Влада, која во конкретниов случај ја нема.Станува јасно дека актуелната власт имала механизми да ја спречи спорната продажба со која се загрозени интересите на граѓаните и интересите на државата, но за оваа влада на СДСМ поважни се профит-интересите на мала група финансиски моќници, дури и кога штетите ги трпат мнозинството граѓани.Законите и правниот поредок мора да ја изразуваат волјата на граѓаните и да ги штитат нивните интереси, а не интересите на мала група поединци кои се во тесна спрега со двете бизнис-ориентирани партии. И по две години од доаѓањето на власт, СДСМ не покажа никаква политичка волја да ги измени штетните закони со кои ВМРО-ДПМНЕ стана најбогата политичка партија во Европа. Напротив, ги користи и злоупотребува истите за да ги реализира своите профитерски и лукративни интереси за лично богатење, додека обичните граѓани и понатаму живеат во социјална беда, сиромаштија, загаден воздух и уништена животна средина.

Скопје | пред 7 години

ne-vo-nase-ime

“Скопје 1” се приклучува кон ицијативата “Не амнестија во наше име”

Не во наше име!Почитуван претседател на Собранието,почитувани предлагачи на Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка,почитувани пратеници,Ние, долупотпишаните граѓански организации, бараме веднаш да го повлечете од дневен ред Предлогот на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, доставен од пратениците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска, Весел Мемеди и Реџеп Мемеди.Инсистираме на повлекување на предлогот, поради промената во членовите на Кривичниот законик, со кои ќе им се овозможи во предметите кои ги води СЈО да се изречат помали казни или делата да застарат и со тоа да не се одговара за криминалот.Неприфатливо е да се менува Кривичниот законик и кој било друг закон за да се избегне правдата и да се продолжи со заробување на државата од политичките партии. На овој начин се амнестираат криминалот и корупцијата, и продолжува неказнивоста.- Фондација Отворено општество - Македонија- Фондација за интернет и општество Метаморфозис (Metamorphosis Foundation)- НВО Инфоцентар- Центар за европски стратегии Евротинк (Eurothink - Centre for European Strategies)- Forum-CSRD / Форум-ЦСИД- Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials)- Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (Institute for Democracy 'Societas Civilis' Skopje)- Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија (Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia)- Македонско здружение на млади правници (Macedonian Young Lawyers Association)- Агора Центар за промовирање на граѓански вредности Скопје (AGORA)- ЦИВИЛ - Центар за слобода се приклучува на иницијативата (Civil MK)- Коалиција Маргини- Центар за современи уметности (Contemporary Art Center Gallery - Qendra dhe Galeria për Art Bashkëkohor)- Институт за европска политика (ЕПИ)/European Policy Institute - EPI- Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR

Македонија | пред 7 години

spasovski

Спасовски не верува во Катица Јанева

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не верува повеќе во СЈО, онолку колку што верувал кога се залагал за негово формирање. Спасовски намалената доверба во Катица Јанева вели дека се должи со последните случувања околу ослободувањето од притвор на осомничени во случаи на СЈО како и бегството на Груевски, пишува ТЕЛМАСпасовски не сакаше да даде повеќе детали како Груевски избегал, но одново повтори дека е несреќен случај и грешка на повеќе институции. Спасовски вината не ја гледа во МВР од кое не било побарано да дејствува.Спасовски овој одговор го даде на новинарско прашање, на денешниот брифинг со врвот на МВР.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања