„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Нема фотографија

Иванов: Со договорот од Преспа го негирате македонскиот народ, а со Законот за јазици ја демонтирате државата

Претседателот Ѓорге Иванов пред пратениците говореше за Законот за јазици, Преспанскиот договор и други актуелни теми.„Мнозинството на пратеници во Собранието не ја почитува јавноста. Ги поткопавте Уставот и законите. Се ризикува да имаме дом со разнишани темели. Република Македонија е трајна придобивка на македонскиот народ, а со грчката спогодба се релативизира таа добивка. Преспанската спогодба става крај на нашето постоење. Тврдите дека македонскиот народ живее во минатото, а сакате да го однесете во иднината. Но, народот живее со иднината. Нема никој право да тргува со името и јазикот на Македонија“, рече Иванов.„Законот за јазици е усвоен вон секоја процедура. Злоупотребено е европското знаменце. Го вратив, не го потпишав со низа забелешки, а влста не ги ни виде тие забелешки. Поднесоа кривична приајва, а немаа сила да се потпишат на неа. Зарем со кривична пријава ќе ме натерате да потпишам нешто што не е во согласност со Уставот? Јас ги почитувам сите народи, како албанскиот, така турскиот и останатите. Израз на единството е македонскиот јазик. Доколку противуставниот закон стапи на сила, тогаш македонскиот јазик нема да го обединува нашето општество“, рече Иванов.Пратениците реагираа на говорот од Иванов, а тој рече „Еве си ја покажавте политичката култура, пред дипломатскиот кор“.„Многу учебници по историја ќе бидат забранети. Се најавува дека ќе се забрани етничката припадност во пописот на население. Која е поентата да имаме попис без етничка припадност. Дали со ваков попис се обезвреднува Охридскиот рамковен договор? Зарем се заборава дека без етничка припадност нема Охридски рамковен договор? Слушам за родители кои се прашуваат дали да им пејат македонски песни, за да не ги жигосуваат. Не можете да ја сакате Македонија, а да не ги сакате Македонците и македоснкито народ. Со спогодбата од Преспа се негира македонскиот народ, а со Тиранската платформа и Законот за јазици се демонтира македонската држава“, рече Иванов. 

Македонија | пред 7 години

pavle_bogoevski

ВИДЕО: Пратеникот Богоевски во интервју за Макфакс призна дека е корумпиран, без свој став и гласа како што ќе му кажат

Пратеникот Павле Богоевски , во интервју за Макфакс рече: Не давам оставка, јас сум легитимен претставник на Шарената револуција.Интервјуто со Богоевски погледнете го тука:

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

На Граничен премин Аеродром “Скопје“ , сакал да помине со фалсификувана исправа

На 27.12.2018 година во 05.30 часот на Граничен премин Аеродром “Скопје“ на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на К.Н.(22) од Р.Србија, утврдено било дека српската патна исправа во делот на биометриската страница е целосно фалсификувана.Подоцна лицето приложило и српска лична карта и српска возачка дозвола, кои исто така се фалсификувани. По извршената детална контрола, во неговиот паричник била пронајдена косовска лична карта на негово име. Лицето е приведено за понатамошна постапка.На 27.12.2018 година во 06.20 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“ на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на Е.М.(22) од Р.Aлбанија, било утврдено дека користи туѓа албанска патна исправа. Лицето е приведено за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

amdi-bajram

Амди ќе прави спектакл по повод јубелејот, 40 години Европски Ромски бал, ВИП златни гости Заев, Шилегов и Џафери

Лидерот на Ромите, пратеникот Амди Бајрам се подготвува за вистински спектакл по повод јубелејот, 40 години Европски Ромски бал, кој ќе се одржи на 11-ти јануари во хотелот Александар Палас во Скопје, објави ФОКУС.МК.Тој вели дека очекува гости од целиот свет, и посебно бил горд што настанот го дочекал својот јубилеј, кој ќе бил одбележан како што доликувало, во раскошен стил.-Се уште се работи на организацијата, се мора да биде доведено до совршенство, бидејќи ова е значаен јубилеј, четири децении се во прашање. Европски Ромски бал е настан кој секоја година привлекува значајни гости од целиот свет. Ќе имаме богато ВИП Голд (златно) мени, со печени јагниња, разни италијански специјалитети, квалитетни алкохолни пијалоци од познати брендови… Ќе се одржи и избор на Мис Европска Ромка, следуваат многу награди и изненадувања – открива за ,,Фокус” Бајрам.Минатата година на балот тој се појави облечен како султан Сулејман, и имаше интересна сценографија со многу блескави детали и статисти околу него. Околу тоа дали и годинава планира да направи некое слично изненадување, вели дека нема да ги открие деталите, со цел за време на настанот да им биде позабавно на гостите. Нема уште информација кој ќе биде кум на балот годинава. Во минатото тоа беше Сашо Мијалков, но пред две години Амди го раскина кумството.-За добра забава на пристуните ќе бидат задолжени околу 20 познати музички ѕвезди. Како главен гостин е популарниот грчки пејач Зафирис Мелас, ни доаѓаат бендови од многу земји, има да се слави цела ноќ. Драган Којиќ – Кеба, Џамбо Агушев, Мухарем Сербезовски, Џеј Рамадановски, Џемаил Гаши, Сефер Османов, Мануел, Јулија Бикова, Ерџан Амети, оркестрите Фејсбук, Насер Струја, Титаник и Азис група се само дел од многуте музички гости. Кумот дополнително ќе го откриеме – вели лидерот на Сојузот на Ромите, кој традиционално е организатор на настанот.Додава дека испратил покани до многу политичари, односно до политичкиот врв и до 15 амбасадори.-Секоја година имаме ВИП гости од политиката. На јубилејот поканети се дури 15 амбасадори, премиерот Зоран Заев, претседателот на собранието Талат Џафери, градоначалникот Петре Шилегов, повеќе министри… Се надевам дека ќе ми направат чест и ќе ми бидат гости на овој значаен настан за целата Ромска заедница. Ова е само кратка најава за она што допрва ќе следи. Се работи за голема организација, се средуваат сите поединости, Европскиот Ромски бал е традиција која има голема важност и на гостите ќе им понуди едно незаборавно доживување – ни изјави пратеникот.извор: ФОКУС.МК

Скопје | пред 7 години

mvr1

МВР: Во 24 часа во Скопје, 14 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди

Во текот на изминатиот ден (27.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 14 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три со телесни повреди и 10 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и пет лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: 11 затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и пет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престигнување, четворица поради неносење пропишана зимска опрема и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционира е по еден пешак поради поминување на коловоз вон пешачки премин и поминување на коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 83 мандатни платни налози и 64 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

petardi

МВР во автомобил пронајде и одзеде 10.223 парчиња пиротехнички средства

На 27.12.2018 година во 14,15 часот во Тетово на ул.„Маршал Тито“ од слобода бил лишен Д.А.(30) од н.Дреновец, бидејќи при прегледот во неговото возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици биле пронајдени и одземени 10.223 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

gruevski-sud-1-1021x580

На Груевски му даваме пратеничка плата и му плаќаме адвокати за 4 случаи

Месец и пол по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, се уште нема информации како избегал во Будимпешта. Тој доби политички азил и троши наши пари, пишува Е-магазин.Вчера на рочиштето за случајот „Траекторија“, беше соопштено дека неговите адвокати и за овој случај го откажале полномошното, па повторно доби адвокат по службена должност.

Македонија | пред 7 години

SJO

СЈО ја губи смислата на постоењето, правдата никогаш не дојде

Власта не се откажува од спорните измениОвие одлуки се носат во време кога власта во Собранието турка измени на Кривичниот законик со кои се проценува дека половина од случаите на СЈО паѓаат во вода. Засега на комисиска расправа помина само спорниот член 275-в кој се однесува на злоупотреба на јавните набавки. Со него би им се намалиле казните на дел од осудените во предметите на СЈО, поконкретно во предметот „Труст“, во кој се осудени на затворска казна бизнисменот Сеад Кочан и синот на пратеничката Владанка Авировиќ, Василие.Декларативно, пред крајот беа повлечени спорните измени на членот 353, кој се однесува на злоупотреба на службена положба при јавна набавка, а за кој пратениците велат дека бил донесен од претходната власт и дека се користел за политички пресметки. Ако се издејствува донесување на овој член, ќе се обезбеди намалување на казните во осум случаи на СЈО. Пратениците не се откажуваат од идејата да се смени овој член, само што вчера констатираа дека за тоа им е потребна поголема дебата во јавноста.Со овие измени власта би ги обезбедила пратеничките гласови што фалат за уставните измени. Гласовите би се обезбедиле од пратеникот Зекир Рамчиловиќ, кој е близок со бизнисменот Сеад Кочан, пратеничката Владанка Авировиќ и ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска, која е обвинета во случајот „Тендери“. Се очекува четвртиот глас да го обезбеди пратеничката Емилија Александрова, која е во роднински врски со Сашо Мијалков.СЈО стана едно големо шоуВо ваков сплет на околности, кога поранешниот премиер Никола Груевски ѝ избега на правдата, кога од затвор се пуштаат функционерите кои сегашната власт ги претставуваше како олицетворение на криминалот и кога се интервенира во закони што ќе влијаат врз случаите на СЈО, дел од јавноста го проблематизира постоењето на оваа институција која требаше да ја донесе правдата. За професорката Мирјана Најческа која беше дел и од „Шарената револуција“ последниот чекор на СЈО е удар на се она што претставуваше макотрпна и долга борба на граѓаните за промена на системот. Според неа, со овие постапки обесмислува институција и се создава впечаток дека е едно големо шоу и парада, која треба да го замајува граѓанството.„Со овие постапки СЈО се бламира и се девалвира и дефинитивно ја губи довербата на граѓаните. Доколку навистина се формира СЈО, кое сакаме да го озакониме како посебно структура која ќе се бори со организираниот криминал, со неказнивоста на високи функционери во власта една ваква постапка, уште пред да почне да дејствува во новите законски рамки, го претставува како политичка алатка и го обесмислува неговото постоење. Ваква една постапка претставува самоукинување, саморазрешување на СЈО и навистина не гледам причина зошто би постоело“, вели Најческа.Повеќе прочитајте на Независен весник.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Репортери без граници: Годинава 63 новинари го загубија животот додека ја извршувале својата работа

Според извештаите на Комитетот за заштита на новинарите и Репортери без граници, рааботата на новинарите станува се поризична и поопасна, а слободата на медиумите е во се поголема опасност. Според извештаите во пораст е и апсењата на новинарите .Годинава дури 63 новинари го загубиле животот додека ја извршувале својата работа. Се зголемил бројот и на новинари кои се киднапирани или уапсени додека ја извршувале својата работна задача, како и заканите врз нив, па експертите сметаат дека е време за тревога.Двете организации предупредуваат дека годинава.– Новинарите во демократските земји се загрозени, па и репортерите во земјите без конфликт плаќаат данок за своето известување, истакна Марго Јуен од Репортери без граници.Довербата во медиумите во САД е на најниско ниво, што за некого тоа претставува илустрација на глобалната ерозија на медиумската слобода.Единствената позитивна вест за „седмата сила“ доаѓа од Етиопија. Oткако новиот премиер Абиј Ахмед спроведе демократски реформи ниту еден новинар не е уапсен првпат по 14 години.

Свет | пред 7 години

fond-penzisko-piom

Заев: Законот за ПИОМ, овозможува стабилизирање на дефицитот во Фондот

Претседателот на Владата го објасни и значењето на законите за ПИОМ и на економските закони, за коишто целта е да стапат на сила од 1 јануари.„Законот за ПИОМ има импакт од 1 јануари, овозможува стабилизирање на дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, рече премиерот Заев“, додавајќи дека кон тоа ќе придонесе и очекуваното зголемување на бројот на вработени.Премиерот Заев посочи дека импактот од правичното оданочување треба да се гледа од агол на тоа што се добива, „грубата бројка е 25 милиони евра, додадовме 12 и станаа 37 милиони евра, што ќе ги вратиме на социјалата.“ Тука премиерот Заев го посочи драстичното зголемување на бројката корисници на детски додаток, како и на корисниците на социјална помош.

Македонија | пред 7 години

DSC_2423

(ВИДЕО) Заев најави дека до крајот на 2019 година треба да биде отворен граничниот премин Клепало

Премиерот Заев најави дека очекува до крајот на 2019 година да биде отворен граничниот премин Клепало, за што рече дека е радосна вест за граѓаните на Берово, Делчево, Штип и пошироко во источниот регион, со оглед дека беше најавен за крајот на 2020 година.„Македонија ги има обезбедено сите финансиски средства и верувам дека до крајот на 2019 година, ќе имаме можност да го пуштиме преминот во употреба“, рече премиерот Заев.Тој оцени дека граничниот премин Клепало е одраз на пријателството и Договорот со Бугарија и дека е од огромно значење и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија. Соопшти дека постои подготвеност за реализација и од бугарска страна. Дека се работи на заокружување на изведбата на инфраструктурата од двете страни.- Планираме да направиме и one-stop-shop, за побрз проток на стоки. Коридорот 8 ни е многу важен. Очекуваме економски перспективи на овој регион и од македонска и од бугарска страна, рече премиерот Заев.Тој посочи дека отворањето на граничниот премин за граѓаните од овој дел од Македонија, ќе значи нови фабрики и можности за поголем пласман на земјоделските производи, како и развој на туризмот, за што е заинтересирана и Бугарија.Премиерот Заев најави дека дополнително се работи и на комплетирање документација за уште една гасоводна линија, дека олеснувањата со роамингот меѓу двете земји се во завршна фаза, дека се работи на набавка на електрична енергија за двете земји, како и на нови гранични премини меѓу Македонија и Бугарија и Македонија и Грција.„Мислиме дека брзо ќе бидеме членка на ЕУ, треба да отвориме инфраструктурни перспективи на граѓаните, тоа ќе значи и повеќе пари и споделување култура и традиција, а тоа ќе значи и европеизација на Македонија“, рече премиерот Заев.

Македонија | пред 7 години

izraelci-2

Израелска компанија сака да инвестира во македонското земјоделство

Министерот без ресор, задолжен за привлекување на странски инвестиции Бардул Даути, придружуван од Никица Бачовски, посебен советник на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска, во Владата на Република Македонија се сретна со претставници на израелската компанија „Даган“, фирма со над триесет годишно искуство, специјализирана за земјоделски проекти и еден од водечките провајдери на иновативна технологија во земјоделската дејност.Министерот Даути на средбата ги презентираше можностите коишто ги нуди Македонија за потенцијалните инвеститори запознавајќи ги со Планот за економски раст и транспарентната програма која силно ги поддржува компаниите кои сакаат да инвестираат во земјава.Владините претставници потенцираа дека за инвеститорите е обезбедена правната сигурност и стимулирање и поддршка на странските и домашни компании на транспарентен и недискриминирачки начин, која го опфаќа и аспектот на понудата на државно земјиште наменето за инвестиции како и можноста за користење на ИПАРД фондовите, како и субвенциите обезбедени од Буџетот на Република Македонија.Претставниците на „Даган“, кои првично се заинтересирани за инвестиција вредна околу 30 милиони евра, која би обезбедила најмалку 100 нови работни места, ги изложија своите интереси за вложување во областите на автоматизација на земјоделството, особено во областа на пластеници, расадници, т.н зелени куќи, тунели и отворени полиња. Тие ги запознаа владините претставници со системите за третман на води и системи за наводнување под притисок кои оваа компанија.Претставниците на израелската компанија изразија задоволство од средбата и изразија подготвеност за повторна посета на Република Македонија за прецизирање и интензивирање на соработката.

Македонија | пред 7 години

sudenje

Собраниските вратари добија амнестија, еве кои обвинети за 27 април станаа слободни граѓани

Кривичниот суд досега додели амнестија на вкупно 12 лица за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.Меѓу амнестираните се пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски . Тие се првите амнестирани, потврдуваат од Кривичниот суд.Освен пратениците , амнестија добија и вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Елена Божиновска и Иван Цветановски.Амнестија добија и Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски и Илија Славевски, изјави за 24 ТВ претседателот на судот Иван Џолев..Утрово од Основниот суд Скопје 1 испратија 66 барања за амнестија од кои, 29 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и 37 до Основното јавно обвинителство Скопје.

Македонија | пред 7 години

Mickoski-1-SREDBA-1012-Glavna-Slika

Мицкоски: Груевски е минато во ВМРО-ДПМНЕ, иднината во партијата сум јас

Во интервју за телевизија Сител, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со обвинувањата од премиерот Заев дека е вмешан во бегството на Груевски, тој истакна дека таквата изјава на Заев е несериозна од прв човек на државата, имајќи предвид дека токму премиерот ги има сите информации.-Јас сум сигурен дека тој ги има сите информации и жалам што не смогна сила да тие информации ги сподели со македонската јавност еве неколку недели потоа откако се случи тој настан тоа бегство на господинот Груевски. Се надевам дека во блиска иднина тие информации ќе ги сподели, истакна Мицкоски.Тој посочи дека пи-ар стратезите на власта во отсуство на кампања која ќе се темели на факти и аргументи против него оцениле дека Груевски има негативен рејтинг и сега тоа се обидуваат нему да го залепат.-Со оглед на тоа што цела 2018 година тој се однесуваше неодговорно сега можам да ги разберам неговите ПР стратези зошто му сугеририраат Груевски да се поврзе со Мицкоски. Никола Груевски е минато во ВМРО-ДПМНЕ, иднината во партијата сум јас и се што правам е заедно со структурите на партијата во овој момент и ова е автентична прилика, која има своја карактерна црта. Тоа што го кажа Заев е помалку или повеќе несериозно. Тој ги има сите информации, жал ми е што не ги подели со македонската јавност неколку недели откако се се случи тој настан, рече тој.Во однос на уставните измени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека партијата останува на својот став согласно конгресната резолуција и не очекува други опозициски пратениците покрај осумтемина од независната група на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат уставните измени на финалното гласање.-Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се оние кои што ја следат конгресната резолуција и партиската програма, практично ги следат одлуките на Извршниот и на Централниот комитет и тука не треба да има дилема и јас верувам во нивната чесност во целокупниот овој процес, рече Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

viena-crkva-1

Петмина свештеници со часови држени како заложници во Виена

Попладнево во Виена двајца вооружени напаѓачи насилно влегле во црква и ги држале свештениците со часови како заложници.Петмина свештеници се повредени во оружениот напад. Ограбувачите според сведоците зборувале германски со странски акцент.Напаѓачите со часови ги држеле монасите како заложници и од нив барале да им ги предадат парите и црковните скапоцености.Откако успеале да дојдат до богатството , избегале во непознат правец. Полицијата е во потера по разбојниците , а монасите се пренесени во болница.Полицијата сомничи еден маж кој бил забележан како неколку дена ја разгледува црквата во Флоридсдорф.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања