„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

vatikan

Ватикан конечно ја донесе првата пресуда за перење пари

Ватикански суд ја изрече првата пресуда под обвинение за перење пари во историјата на Светата столица, јави ДПА.Како што соопшти денеска Прес-службата на Ватикан, пресудата му е изречена на италијанскиот трговец со недвижен имот Анџело Пројети, кој е осуден на две години и шест месеци затвори и конфикација на над еден милион евра.Парите, кои Проети ги држел во Ватиканската банка, биле замрзнати уште во 2014 година, кога била покрената истрагата против него.Според Ватикан, оваа пресуда е од „клучно значење“ во контекст на неговите сегашни напори за борба против финансискиот криминал.Ватикан се обидува да ја зголеми финансиската транспарентност по повеќедецениските шпекулации дека Ватиканската банка ги крие парите на италијанските мафијаши и на луѓе вклучени во перење пари и даночни измами.

Свет | пред 7 години

solza-770x444

Солза Грчева: „Оваа Влада е штетна, неодговорна и корумпирана“

Солза Грчева претседателот на „Глас за Македонија“, со нови критики кон актуелната Влада раководена од СДСМ. Денеска испратија соопштение во кое се вели дека оваа Влада е штетна и корумпирана и не може да ја однесе државата во ЕУ.„Оваа Влада, покрај коруптивниот процес за уставни промени, не се срами да ги корумпира сите јавни институции со додатни партиски вработувања, сега воведувајќи заменици директори во секоја институција.Тоа е партијата, која во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ гласно реагираше на многубројната администрација која беше злоупотребувана најмногу во време на избори. Сега оваа Влада, во пресрет на избори, избезумено вработува непотребни партиски кадри со народни пари, во услови кога се живее се посиромашно, а економијата е во слободен пад.Таа е партијата која отворено лажеше дека ќе изврши реформи токму и во јавната администрација.Граѓаните треба да бидат свесни дека најголема корупција се токму непотребните и по правило, партиски вработувања. Тоа се заробени институции, против кои кога партијата беше во опозиција, божем се бореше.Оваа Влада е штетна, неодговорна и корумпирана. Најмалку од се, ваква Влада може да не однесе во ЕУ. Со неуставен Закон за амнестија, со измени во Кривичниот законик само за намалување на казните за поткуп на пратениците, со масовни вработувања во администрацијата, оваа Влада не води во Африка и никако кон модернизација и благосостојба“, се вели во соопштението на оваа партија.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Грабеж на банка во Косово - загина полицаец и ограбувачот

Припадник на косовската полиција и уште едно лице загинаа попладнево при обид за грабеж на банка во градот Исток во западно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.Како што изјави портпаролот на полицијата на пеќкиот регион Џеват Ибрај, на местото на настанот е убиен вооружениот ограбувач, кон кого припадниците на полицијата отвориле оган во обид да го запрат.Припадникот на полицијата, идентификуван како Изет Демај, починал подоцна во болницата во Пеќ, каде што бил однесен по престрелката во која бил ранет.Како што јавија медиумите, ограбувачот зел како заложници неколку лица кои се затекнале во банката во тоа време, но никој од нив не настрадал.

Свет | пред 7 години

budzet-debrca

Изгласан буџетот на Општина Дебрца за 2019 година, проектиран е на сума од 106.500.000 денари

На денешната 18-та седница од Совет на Општина Дебрца, изгласан е буџетот на Општина Дебрца за 2019 година.На изготвувањето на буџетот му претходеа средби со граѓани и месните заедници, на кои што беа слушани нивните предлози за тоа што Општината треба да направи во 2019 година. Општината Дебрца за прв пат овозможи преку пополнување на електронска апликација, граѓаните да можат да дадат свој предлог во поглед на креирање на буџетот за 2019 година. При изготвувањето на буџетот за 2019 година во целост се почитуваше принципот на буџетска дисциплина и рационално и ефикасно искористување на нивните приходи и истовремено сведување на непродуктивните трошоци на минимум, а за обезбедување поголем простор за развојни инвестиции.Вкупниот буџет на Општина Дебрца за 2019 година е проектиран на сума од 106.500.000 денари. Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти. На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.Во буџетот за 2019 година предвидено е реализација на капитални проекти, инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, туризам и др.Буџетот на Општина Дебрца за 2019 година беше изгласан после долга и сеопфатна дебата и во демократска атмосфера со седум гласови „за“.

Македонија | пред 7 години

rak

Руски научници пронајдоа нова ефикасна метода за лекување на рак

Стручњаците од рускиот Научно-истражувачки технолошки универзитет МИСиС пронајдоа универзална метода за лекување на сите видови рак со помош на фотодинамичка терапија, пренесува весникот „Известија“.Суштината на оваа метода е во внесувањето во организмот на пациентот (речиси по правило интравенски) на специјална супстанца, фотосензибилизатор кој во големи количини се трупа во клетките на ракот и ги разбива под дејство на светлината.Покрај тоа, како што изјави еден од учесниците во истражувањето, шеф на Катедрата за хемија и технологија на биолошки активни соединенија на Рускиот технолошки универзитет МИРЕА Михаил Грин, фотосензибилизаторите го разбиваат туморот на уште два начина. Тие се во состојба, пред сѐ, да ги оштетат крвните садови на туморот, нарушувајќи го доводот на хранливите материи во туморот. Покрај тоа, овие честички го активираат имунолошкиот систем на човекот, поттикнувајќи негов самостоен напад врз клетките на ракот, рече Михаил Грин.Меѓутоа, молекулите-убијци на туморот доспевале и во здравите клетки. Затоа била неопходна само насочена примена на ласерскиот зрак. Тоа значи дека со таквиот метод било можно да се излечи меланомот, ракот на кожата, кога туморот се наоѓа на површината на телото и едноставно добро е видлив.Во овој момент научниците пронајдоа начин да ја следат локацијата на молекулата на внесената супстанција со помош на МРТ и делуваат на погодениот орган прецизно, без страв од оштетување на здравите клетки. Според зборот на онкологот и професор на Првиот московски државен медицински универзитет „Сеченов“ Марина Секачева, овој пронајдок ќе овозможи не само лекување на онколошките заболувања, туку и нивно дијагностицирање.извор:mk.rbth.com

Свет | пред 7 години

orce_kamcev_-_01-640x426

Укинати притворите за Камчев и Панделески, од денеска во куќен притвор

Бизнисмените Јордан Камчев и Цветан Панделески излегуваат од затвор. Апелационен суд Скопје им одреди мерка куќен притвор.„Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-844/18 од 27.12.2018 година против обвинетиот Ј.К. од Скопје е определена мерка куќен притвор.Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-865/18 од 27.12.2018 година против обвинетиот Ц.П. од С. е определена мерка куќен притвор.Вака донесените одлуки ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, велат од Апелација

пред 7 години

albanija

Албанските студенти ја победија владата, им ги прифатија сите барања

Владата во Албанија сооопшти дека ги исполнила барањата на студентите низ државните универзитети кои овој месец ја бојкотираа наставата повеќе од две недели.Во документот стои дека Владата одржала вонредна седница и одлучила да ги исполни сите барања на студентите.Еден од организаторите на протестите, т.н. група „За универзитетите„ изјави дека одлуката на Владата дошла многу доцна, но и дека групата не е задоволна од високиот данок за магистратура.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Судот даде 12 амнестии за 27 aприл

Ја известуваме јавноста дека денеска во Јавното обвинителство пристигнаа вкупно 66 барања за амнестија доставени согласно Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје.Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнаа 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12.Во Основното јавно обвинителство Скопје пристигнати се 37 барања за амнестија. Поднесените барања се доставени до надлежните обвинители кои постапувале по предметите. По нивното разгледување, ќе биде доставено соодветно мислење до судот.

пред 7 години

safija1

16-годишна руска пливачка избодена до смрт од нејзиното момче , бидејќи му раскинала

16 годишната талентираната руска пливачка Сафија Аскарова брутално е избодена до смрт од нејзиното момче Никита Малигин откако младата девојка раскина со него.Во налет на бес, тој ѝ нанесол смртоносни рани на девојката, дури и 30 пати ја прободел со нож во вратот, градите и стомакот. Целиот настан се случи во нејзиниот роден град, кога таа му кажала дека сака да се посвети на кариерата.Тој тврди дека не се сеќава токму на тој момент.Го извадив ножот. Одвај се сеќавам каде точно избрав. Се сеќавам дека ја убив и дека наскоро падна на земја. Таа се обиде да избега, но продолжив да ја прободувам со нож. Го фрлив ножот во тоа место. Отпрвин не сфатив што направив. Сепак, сфатив кога дојдов дома”, рече тој на сослушувањето во полициската станица.Девојчето беше специјалист за пливање делфин стил, а минатата година таа беше втора на младинскиот руски шампионат. Нејзиното исчезнување на почетокот беше мистерија бидејќи таа им кажа на своите родители дека оди да пазарува, а всушност се нашла со Малигин. Таа беше пронајдена во понеделникот околу 23 часот, а на местото на злосторството (градилиште) полицијата пронајде нож.

Свет | пред 7 години

dzes-bejli12-620x336

Милошоски побара истрага за Бејли, Заев порача дека ќе се иницира истрага

Дали владата ќе покрене иницијатива во Судскиот совет за да се поведе истрага кои судии злоупотребиле авторитет на странски амбасадор? , запраша пратеникот Антонио Милошоски, на денешната собраниска седница.-Почитуван господин Заев, сакав да го знам вашето мислење дали ова писмо во кое што се цитира разочарувањето на американскиот амбасадор од злоупотребата на неговата функција или амбасада е и ваше разочарување, а поврзано со можна злоупотреба и местење на одредени судски процеси при изрекувањето на мерки притвор или при определувањето на пресудите, запраша Милошоски.Милошоски го образложи прашањето дали Заев како премиер чија што влада има претставник во Судскиот совет, а тоа е министерот за правда без право да одлучува но со право да работи во Судскиот совет и да покренува иницијативи, дали владата која што ја предводи ќе покрене иницијатива во Судскиот совет според неговата надлежност за да се поведе истрага кои судии или судови злоупотребиле авторитет на странски амбасадор на пријателска држава за местење на судски процеси или на судски одлуки, или пак пресуди.На прашањето на пртеникот Милошоски, одговор даде премиерот Зев.-Го сфаќам како порака никој да не се вади на амбасадата за судски одлуки. Ова е доволен сигнал да преземеме анализи што е причината за тоа писмо. Да, ќе дадам инструкции до министерката за правда да го отвори прашањето во Судскиот совет. Ако имало таква работа, да се посочи и да има одговорност – рече премиерот Заев.

Скопје | пред 7 години

leku

Швaјцарски Блиц открива: Ликвидиран убиецот на Дилавер Бојку

Во Рути, Швајцарија, на 25 овој месец, ноќта околу 2 часот, со неколку истрели од огнено оружје е убиен сопственикот на ресоранот „Барен“ И.Истрефи, по потекло од Струга за кој швајцарските власти сметаат дека е лицето кое наводно го убило познатиот струшку криминалец Дилавер Бојку, објави швајцарски Блиц.Според швајцарските медиуми, убиството на Леку се случило поради крвна одмазда и нетрпеливост помеѓу две непријателски македонски семејства, бидејќи се верувало дека Истрефи го убил Дилавер Бојку Леку, чиј брат и син во 2015 година го убиле едниот син на Истрефи на возраст од 23 години.

пред 7 години

Нема фотографија

Киднапиран грчки бизнисмен - грабнувачите биле во униформаа на Единицата за борба против тероризам на грчката полиција

Грчки бизнисмен рано изутринава бил киднапиран пред неговиот дом во Пиреја, јави дописничката на МИА од Атина.Како што информираа грчките медиуми, бизнисменот го киднапирале четири непознати лица, кои го ставиле во џип и побегнале во непознат правец.Според дел од медиумите, киднаперите биле маскирани во полицајци, односно носеле униформи на кои пишувало ЕКАМ. што всушност е Единицата за борба против тероризам на грчката полиција.Грчката полиција работи на расчистување на случајот и чека дали можеби киднаперите ќе го контактираат семејството на бизнисменот за да побараат откуп.Киднапираниот 50-годишен бизнисмен, кој поседува трговска фирма за увоз од странство, во минатото беше под истрага за шверц на цигара, но против него не беше покренато никакво обвинение.Во 2012 година пред домот на негов роднина, кој има исто име и презиме со него, по грешка беше активирана експлозивна направа.

Свет | пред 7 години

venko-filipce

Филипче: Имаме сериозно висок процент невакцинирани деца, три министерства разгледуваат можности како вакцинацијата на децата да биде задолжителна за уписи

Дури 50 проценти од децата родени во 2017 година не се вакцинирани со МРП вакцината. Процентот на невакцинирани деца понатаму опаѓа и во 2016 година изнесува 30 проценти. Но, тоа е сериозно висок процент невакцинирани деца, ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сериозно високиот процент невакцинирани деца е резултат на силно изразените антивакцинални кампањи.– Во прво одделение околу 20 проценти од децата не се вакцинирани, што исто така сериозно не загрижува заради тоа што примовакцината која се прима прва на најмала возраст е таа која го создава вистинскиот имунитет. Веќе преземавме мерки и во рамки на тоа како сега е структуриран системот се упатува повик до сите родители чии деца не се вакцинирани, нагласи Филипче.Министерот Филипче додаде дека мултисекторската група со членови од министерствата за здравство, труд и социјална политика и за образование заседаваше вчера и ќе продолжи да заседава до крајот на неделата, за усогласување на сите закони и правилници во врска со тоа прашање.

Скопје | пред 7 години

tepacka-1-1

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Пуштете ме плукам крв“ - страшна тепачка во домот во Краљево

На социјлните мрежи се појави вознемирувачко видео од домот за деца во Краљево, на кое се гледа како едно момче малтретира и тепа друго со пцовки во една соба во домот.Тој го удира со нозе и на крј го фрла на подот.„Ќе те убијам како коњ, ќе те задавам. Удри го, удри го“ - се слуша на снимката.Тепаното момче успева да викне: „Немојте да ме чепкате“.„Леле, овој го уби. Дали некогаш го тепал вака? Подобро стани, ќе те убие, се слуша на снимката од трето лице на зстрашувачкото видео.Целиот настан го снима трето дете кое „ужива“ во гледката.

Свет | пред 7 години

plazi-ezero

Владата размислува за одземање на дел од надлежностите на Охрид и Струга од крајбрежниот појас на езерото

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница истакна дека Владата на Република Македонија размислува за одделување на надлежностите на општините Охрид и Струга во врска со стопанисувањето со крајбрежниот појас на езерото.– Соочени сме со овој проблем. Ингеренциите во моментов се кај општините Охрид и Струга. Во делот со постапување со овие вредности, општинските градежни инспектори, претходно беше покрената иницијатива за вонредни надзори со цел секаде каде има пропусти на овој дел, посебно на плажите, да биде постапено. Во неколку наврати тоа е направено. Владата размислува и ги разгледува сите опции за плажите да се одделат од надлежностите и стопанисувањето со плажите за да не ни се случуваат вакви работи. Во моментов се бара законска опција за тоа. Ова сепак не значи дека ќе се одземат комплетно ингеренциите. Ги знам заклучоците од надзорната расправа на УНЕСКО и врз база на тоа ќе се разгледаат сите опции за да се овозможи државата да стопанисува со крајбрежното подрачје во Охрид и Струга, преку Министерството за транспорт и врски, истакна Сугарески.Тој додаде дека во најбрз рок ќе се поднесат измените и надополнувањата во законот со цел да со плажите да располага Министерстото за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања