„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

silegov-3

Шилегов во посета Дневниот центар на „Здружението за заштита на правото на детето“ во Шуто Оризари

Градоначалникот Шилегов денеска го посети Дневниот центар на „Здружението за заштита на правото на детето“ во Шуто Оризари, кое ги згрижува децата од улица, и на околу 150 деца им подели новогодишни пакетчиња и билети за посета на Зоолошката градина.Шилегов им порача на децата да одат на училиште и дека нивното место не е на улица, бидејќи само со добро образование ќе можат да изградат успешен и исполнет живот.Децата кој го посетуваат Дневниот центар за присутните гости рецитираа и пееја песни.На делењето на пакетчињата присуствуваше и заменик-министерот за Труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Скопје | пред 7 години

rosoman-1

Со донација од ФООМ ќе се прошируваат капацитетите на градинките во Крива Паланка и Росоман

Министерството за труд и социјална политика денеска потпиша договори со Фондацијата Отворено Општество-Македонија, општините Крива Паланка и Росоман, со кои се обезбедуваат дополнителни средства за проширување на капацитетите на градинките во овие две општини.„Предучилишното образование е клучно за раст и развој на децата. Токму затоа правиме напори да вклучиме што повеќе дечиња, односно да ги прошириме капацитетите на градинките и тоа со повисоки стандарди, а истовремено и да го подобриме квалитетот на предучилишното образование и да го зајакнеме кадарот во градинките“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.Во рамки на оваа соработка МТСП обезбедува околу еден милион денари за опремување на новиот простор на градинката „Детелинка“ во Крива Паланка и над 500 илјади денари за опремување на адаптираниот простор во општина Росоман. Буџетот на Министерството за следната година за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование е зголемен за 300%.„Сакаме да ги поддржиме општините во нивните напори да обезбедат што поголем број на опфат на дечињата во предучилишно образование. Свесни сме дека деца коишто посетуваат предучилишно образование има многукратно поголеми шанси за подобар развој“, изјави Фани Каранфилова Пановска извршна директорка на ФООМ.Фондацијата Отворено Општество-Македонија донира вкупно 40 илјади долари за проширување на капацитетите во двете градинки во Крива Паланка и Росоман. Со овие средства ќе се изведат градежно-занаетчиските работи за адаптирање на дополнителни простории, со што ќе се зголеми опфатот на деца.„Реално Општина Крива Паланка има проблем со капацитетите за сместување на децата со предучилишна возраст. Со средствата од овој проект ќе бидат адаптиран и приспособен објект од ЈОУГД „Детелинка“ со што делумно ќе го надминеме долгогодишниот проблем“, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.„Благодарение на финансиската поддршка што ја добиваме од МТСП и ФООМ ќе ги прошириме капацитетите и целосно ќе го опремиме новиот простор на градинката „Праскичка“, што е долгогодишно барање на жителите на Росоман“, изјави градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев.

Македонија | пред 7 години

sekerinska-arm-2

(ВИДЕО) Шекеринска: Армијата ја подмладивме за 375 нови професионални војници

Нови 130 војници од денеска се дел од професионалниот состав на Армијата на Република Македонија. На свеченоста во касарната „Илинден“ на третата класа нови професионални војници за 2018 година им се обрати министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, а присуствуваше и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал - мајор Васко Ѓурчиновски и заменикот - министер Беким Максути.„Добредојдовте во Армијата на Република Македонија. Вие сте уште еден доказ дека за нас зборот е навистина збор, дека она што сме го најавиле, знаеме да го исполниме. Најавив дека 2018 година АРМ ќе се подмлади и ќе се засили со 375 нови професионални војници. Вие ќе бидете новата енергија, новиот мотив, новиот капацитет на Армијата на Република Македонија. Ќе бидете уште еден доказ и уште една причина за сигурноста, безбедноста и спокојството на граѓаните на нашата татковина“, рече министерката.Шекеринска истакна дека Македонија ги сруши бариерите, ја доби поканата за членство во НАТО, ги започна и заврши пристапните разговори. „Поканата за НАТО е нашиот најголем успех годинава за одбраната и државата, a за мене драг успех е решавањето на еден од долгогодишните проблеми, проблемот со елементарната и логистичка поддршка, проблемот наречен чизми и униформи“, рече министерката. Таа информираше дека испораката на 7.000 пара чизми до секој припадник на Армијата е започната, а потпишан е договорот за 14.000 нови униформи, односно по два комплета за секој војник.Осврнувајќи се на 2018 година, Шекеринска рече дека платите оваа година конечно беа зголемени за 10 проценти, и дека 5 - процентно зголемување се планира и за идната година. Буџетот, рече, беше зголемен 15 проценти за 2018, ќе порасне 33 проценти во 2019 година.„За сите наши планови, за сета модернизација, опрема, подобрување на условите за вашата работа, потребни се пари. Затоа, и за оваа и за идната година покажавме дека не отстапуваме од зголемување на одбранбениот буџет. За одбраната и армијата повеќе пари ќе има и во иднина. Ве уверувам дека наш вистински приоритет е да ја постигнеме НАТО - целта, 2 проценти од бруто-домашниот производ да се издвојуваат за потребите на одбраната, а тоа значи пред сè за потребите на АРМ. Тоа го правиме не затоа што НАТО истото го бара од земјите-членки, туку затоа што вие, затоа што армијата, затоа што одбраната на државата тоа го заслужува. Овие средства се начин како вие да бидете поуспешни во вашата работа, како Македонија да спие мирно, а вие спокојно да ја вршите вашата обврска“, рече Шекеринска.Министерката истакна дека во однос на етничката структура, Армијата ја претставува Македонија, онаква каква што е - етнички разнолика и побогата земја.„Меѓу вас и вашите колеги кои беа примени оваа година има Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци и Власи. Оваа разноликост е нашата уникатна предност и на Македонија, но и на АРМ, затоа што секој од вас носи различно искуство, традиции, но ги споделува истите вредности, истиот мотив и истата желба, да се биде дел од развиениот свет... Разноликост имаме и во однос на полот - од вкупно 375 професионални војници, 48 се припаднички на женскиот пол“, потенцираше министерката.Со приемот на оваа, 3-та класа професионални војници, во целост се реализираше планот за прием на 375 професионални војници во Армијата во 2018, со што директно се влијае на намалувањето на просечната возраст на припадниците на АРМ и тоа за цели три години, но и на нејзината поголема функционалност и нејзините капацитети за да го гарантираат она што е најважно за граѓаните на Македонија - сигурноста, безбедноста, стабилноста.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Измените на кривичниот зконик поминаа кај пратениците

Собраниската Комисија за политички систем ги усвои измените на Кривичниот законик предложени од група пратеници од владејачкото мнозиснтво, а кои се однесуваат на членот 275-в за висината на казната.Со овие измени, обвинетите за овие дела можат да минат и со условна казна.„За“ гласаа пратениците од СДСМ, ДУИ и од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија Комисијата.

пред 7 години

mvr

Одделенска наставничка влечела дете за раката, со цел да го изнесе надвор од училницата

Скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот син бил нападнат од неговата наставничка. Вчера во 12:30 часот 43-годишната М.П. од Скопје пријавила дека на 25.12.2018 година околу 08:30 часот добила телефонски повик од страна на нејзиниот малолетен син кој бил на наставен час во основно училиште во населбата Аеродром, кој и рекол дека неговата одделенска наставничка С.Д. го влечела за раката и се обидела да го изнесе надвор од училницата.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

kombe_avtobus

Судир помеѓу училишен автобус и полициско возило во Грачаница, повредени 9 деца

Возило на косовската полиција удри во автобус кој превезувал ученици од српска националност од село во близина на Грачаница, при што се повредени девет деца кои се надвор од животна опасност. Во несреќата се повредени и двајцата полицајци кои биле во полициското возило.Несреќата се случила утрово во шест часот и 30 минути, а во првичната информација која ја објавија косовските медиуми, повикувајќи се на портпаролаката на косовската полиција Флора Ахмети, беше кажано дека се повредени 21 ученик.Началникот на полициската станица во Грачаница, Братислав Трајковиќ изјави дека несреќата се случила во близина на кружен тек во Грачаница и дека возилото на косовската полиција удрило во автобусот кој превезувал деца за во училиште.

Свет | пред 7 години

ojo

ОЈО поднесе обвинение против седум македонски државјани за учество во странска војска, паравоени или параполициски формации

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведена истражна постапка поднесе Обвинителен акт против седум македонски државјани. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, предвидено и казниво по член 322-а став 3, а едно лице се терети и за сторено кривично дело Терористичка организација по член 394-а став 2 од Кривичниот законик. Петмина од обвинетите се дел од истражни постапки во рамките на претходни акции познати во јавноста како Ќелија 1 (август 2015) и Ќелија 2 (јули 2016), но беа недостапни на органите на прогонот и за нив беа активни национални и меѓународни потерници.Обвинетите како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак. Со намера да станат учесници во паравоените формации ја напуштале територијата на Република Македонија и заминувале за Сирија каде се обучувале и учествувале како борци на ИСИС. Освен што учествувале во паравоените формации надвор од Република Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, користејќи ги социјалните мрежи и друг вид на комуникација повикувале, врбувале и поттикнувале други лица да учествуваат во паравоени формации надвор од Република Македонија. Обвинетиот на кој му се ставаат на товар две кривични дела – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и Терористичка организација бил припадник и на терористичката организација „Исламска држава“.Во август годинава обвинетите се предадени на македонските органи на прогонот откако беа лишени од слобода во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили.Ценејќи дека сѐ уште постојат законските основи поради кои на обвинетите им беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител заедно со Обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетите.

пред 7 години

ojo-1

ОЈО достави предлог за задолжително психијатриско лекување на 20-годишното момче кое ја лиши од живот неговата баба

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за изрекување мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на едно лице, обвинето дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 1 од Кривичниот законик.Лицето се товари дека на 10.12.2018 година, во состојба на непресметливост, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот оштетената, негова баба по мајка. Тој и нанел повеќе убодни рани со нож, а една засецна рана во пределот на вратот довела до брзо губење крв и била смртоносна. Извршителот потоа сам се пријави во полициска станица и призна дека ја лишил од живот неговата баба.Предлогот за изрекување мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување на сторителот во здравствена установа се темели на наодите од прибавениот вешт наод и мислење од вешто лице од областа на психијатријата. Со овој наод се констатира дека обвинетиот во моментот на извршување на делото бил во состојба на непресметливост како резултат на акутно психичко растројство поради трајна душевна болест.

Македонија | пред 7 години

dogovor

(ВИДЕО) Потпишан договор помеѓу Министерството за здравство, Изрел и Фондот за иновации и технолошки развој

Министерството за здравство, Државата Израел и Фондот за иновации и технолошки развој, денеска во Владата на Република Македонија потпишаа трипартитен договор, во областа на здравствената заштита. Договорот носи стратешки план за соработка во областа на здравствената заштита, а целта е промоција и имплементација на иновации и развој во областа на здравството.„Со овој навистина плоден договор ќе се овозможи делување во повеќе области, како што се: тренинг на здравствени работници за итна медицинска помош, едукација во областа на биоинформатика, биостатистика и клинички испитувања. Едукација и размена на експерти од сферата на трансплантација и ехо, со што веќе имаме прелиминарен договор со болницата Рабин Центар во Тел Авив за време на нашата посета, како и Универзитетот Бар Илан за размена на наши доктори и експерти, кои ќе одат и престојуваат во тие болници и ќе учат од врвни експерти од областа на трансплантацијата. Станува збор за опрема и материјали со кои ќе се подобри енергетска ефикасност на болниците. Се што му е неопходно на здравствениот систем во Македонија“, истакна министерот Филипче.Министерот Филипче, во своето обраќање додаде и дека ќе се спроведе ефективна здравствена едукација, соработка помеѓу Универзитетите на Република Македонија и државата Израел, едукација за здравствен персонал во повеќе иновативни области, како и набавка на опрема, но и помош во вид на донација од израелската страна за здравствените установи во Битола и Скопје.За овој договор се обезбедени 100 илјади долари од Фондот за иновации и технолошки развој и 104 илјади долари од Министерството за надворешни работи на Израел, а истите преку Израелска амбасада во Македонија ќе се искористат за спроведување на овој Договор и стратешки план.„Среќен сум што се наоѓаме на место од коешто ќе започнеме одлична соработка во областа на здравството. Се надевам дека побрзо ќе започнеме со активностите. За нас, во здравствениот сектор ние гледаме многу различни потенцијали. Потенцијалот за стратешко партнерство во здравствениот сектор е огромен“, рече амбасадорот Ориан и додаде дека е среќен што ќе почнат соработка со Фондот за иновации и технолошки развој.Амбасадорот Ориан истакна дека во Израел ги туркаат напред иновативните елементи на ова партнерство и се надеваат дека понатаму ќе имаат неколку заеднички проекти, вклучувајќи и проект за чист воздух, заедно со Министерството за здравство и други министерства.„Здравството е едно од најважните области во коешто можеме да соработуваме и да најдеме заеднички јазик во ова партнерство“, кажа амбасадорот Ориан.Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски информираше дека овој меморандум за соработка ќе отвори врата за влез на иновации и развој во многу значаен сегмент, а тоа е јавното здравство.„Со овој меморандум, се отвора врата за примена на иновации во јавното здравство. Клучен партнер ни е државата Израел како една од водечките нации на полето на иновации на глобално ниво. Сакаме да го искористиме потенцијалот на преку 1400 компании и организации од оваа земја кои работат на развој и примена на иновации во здравството и биотехнологијата и нивното искуство и експертиза да им го пренесат на македонските колеги. Примената на иновации во јавниот сектор ќе придонесе кон негова поголема ефикасност, но и зголемен квалитет на услугите“, потенцираше директорот Деспотовски.Првиот дел од овој проект се реализира преку донација од 48 специјални колички за деца, кои изминатиов месец беа донирани од Израелската амбасада низ јавните здравствени установи во Република Македонија. Во следниот период, односно во следните 5 години, уште поинтензивно продолжуваме со соработка со нашите пријатели од Израел.

Македонија | пред 7 години

angusev-22

(ВИДЕО) Анѓушев: Во 2019 започнуваме сериозен градежен процес на патна, железничка и енергетска инфраструктура

Во организација на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија се одржа неформална предновогодишна средба и дружба на економскиот тим министри во Владата на Република Македонија со претседателите на стопанските комори и претставници на бизнис секторот во Република Македонија.Во рамките на оваа средба заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев имаше свое обраќање пред присутните гости во кое ги сподели очекувањата и плановите на економските ресори за 2019 година и постигнатите резултати на економски план за годината што изминува.Во своето обраќање вицепремиерот Анѓушев стави акцент на плановите за четирите клучни области, индустријата, трговијата, градежништвото и земјоделството кои имаат сериозно учество во севкупниот раст на бруто домашниот производ.„Покрај автопатот Кичево - Охрид кој ќе продолжи да се гради, се градат експресните патишта, Штип - Радовиш, се гради Штип - Кочани, се гради излезот кај Куманово кон Крива Паланка, се гради излезот од Градско кон Прилеп, ќе се гради Скопје - Блаце. Ова се проекти од една груба бројка, од над една и пол милијарда евра заедно со железницата од втората фаза, којашто сега се тендерираше и сега е во фаза на евалуација, далекуводот од Република Македонија кон Албанија во вредност од 50 милиони евра кој е проектиран, а ќе се распише во јануари. Преку Законот за енергетика ќе се отвори простор за инсталација на 200 мегавати фотоволтаици кои ќе бидат распишани во две фази, првата ќе биде во првиот квартал во 2019“, соопшти вицепремиерот Анѓушев.Вицепремиерот Анѓушев посочи дека со овие активности кои што се во тек, во 2019 започнува еден сериозен градежен процес на патна, железничка и енергетска инфраструктура кој на месечно ниво се очекува да има реализација од околу 50 до 60 милиони евра што ќе го подигне градежништвото на ниво на кое заедно со приватните градби ќе генерира раст.„Градежништвото ќе го вратиме во нормален колосек имајќи во предвид дека 16 нови фабрики се градат и најавите на индустријата да го задржи континуираниот раст“, посочи вицепремиерот Анѓушев во своето обраќање пред претставниците на бизнис заедницата во Република Македонија.

Скопје | пред 7 години

6-2

Кои независни пратеници гласаа „ЗА“ измените на Крвичниот законик да се донесат по скратена постапка?

Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова и Зекир се дел од независните пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои вчера гласале измените на Крвичниот законик да се донесат по скратена постапка.Одлуката за усвојување по скратена постапка ја поддржаа вкупно 66 пратеници, а само 18 беа против. Овие 18 пратеници се од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 7 години

Нема фотографија

Германската влада сака да воведе верски данок за муслиманите

Политичарите од владејачката демохристијанска-социјалдемократска коалиција предложија воведување на верски данок за муслиманските верници, сметајќи дека така полесно ќе овозможат независно финансирање на работата на џамиите во Германија.Луѓе од ЦДУ на Меркел за Велт објаснуваат дека данокот за џамии е „важен чекор кој ќе дозволи исламот во Германија да се ослободи себе си од влијанието на странски држави.“Во Германија веќе се собира црковен данок од католиците и протестантите од кој се финансираат црковните активности. На терен данокот го наплаќа државата, а потоа го префрла на религиозните власти.Освен претставниците на владејачката коалиција, наклоност кон планот за данок за џамии има и кај дел од муслиманските верски лидери, чие очекување е дека „во иднина сите потреби на заедницата ќе можат да бидат покриени од нејзините членови.“

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Венецуела побара од Русија да и помогне во истражувањето на златото и неговата експлоатација

Венецуелските власти им понудија на руски компании да учествуваат во истражувањето злато и негова експлоатација во таа земја, изјави рускиот амбасадор во Каракас, Владимир Заемски.– Што се однесува на учеството на Русија во рударењето злато и други рударски проекти, Венецуела направи широк спектар интересни предлози кои сега ги разгледуваат заинтересираните руски оператори – изјави амбасадорот.Заемски додаде дека Каракас е многу заинтересиран за соработка со Русија во секторот на истражување цврсти ресурси кои можат да се екстрахираат, вклучувајќи злато, дијаманти и колтан, кој се користи за вадење елементи како што се ниобиум и тантал.Освен докажаните нафтени наоѓалишта, кои се сметаат за најбогати во светот, Венецуела е богата и со природни ресурси како што се дијаманти, злато, железна руда, алуминиум, боксит, природен гас. Според извештајот на Светскиот совет за злато, објавен во јуни, Венецуела има 150 тони златни резерви.Венецуела се одлучи да побара помош од друга земја поради актуелната економска криза и американските санкции.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Измена на Законот за јавни претпријатија - секој директор ќе добие свој заменик

Владеачкото мнозинство предлага по скратена постапка да се донесе закон со кој во сите јавни претпријатија директорите ќе добијат заменици, кои ќе раководат со претпријатието во отсуство на директорите.Оба ви значело дека секој директор ќе има заменик кој ќе вработи свој кабинет, а плус за него ќе треба да се одвојуваат дополнителни средства за телефон, службено возило, секретарка како и асистенти.Во досегашното законско решение во отсуство на директорот се определувал вработен кој раководел со претпријатието.Неофицијално, според собраниски извори целта на новото законско решение е во сите јавни претпријатија каде има директори од СДСМ, замениците да бидат од ДУИ и обратно.Измените на Законот за јавни претпријатија е предлог на владеачкото мнозинство, а потписници се пратениците Александар Кирацовски од СДСМ, Реџаил Исмаили од ДУИ и Благоја Трпевски.

Македонија | пред 7 години

popovi-crna-gora

Од Црнa Горa ќе бидат протерани над 50 свештеници монаси и монахињи и членови на свештенички семејства од СПЦ

Над 50 свештеници, монаси и монахињи и членови на свештенички семејства од редовите на Српската православна црква (СПЦ) остануваат без дозвола за престој во Црна Гора, при што на околу 30 веќе им е даден рок од еден месец да ја напуштат државата, додека за останатите се очекува истото, изјави протојереј-ставрофор Велибор Џомиќ.– Налогот на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, со кој се откажува гостопримството на повеќе од 30 нерезидентни свештеници и монаси кои служат во една од четирите епархии на Српската православна црква во државата Црна Гора, претставува продолжение на незаконски дејства со кои се продолжува прогонот на свештенството и монасите, изјави Џомиќ за „Политика “.Инаку, под велот на прописите кои регулираат пријава за престој, официјална Подгорица ги затвора вратите за државјаните на Република Србија, кои според домашните закони не ги исполнуваат условите да живеат и да извршуваат верска служба во оваа држава. Во црногорско-приморската Митрополија порачуваат дека сите правни лекови не се исцрпени и дека борбата за статус сè уште трае.Проблемот со престојот на свештениците на СПЦ кои не се родени во Црна Гора се појави во 2011 година, кога државната врата беше затворена за 80-ина монаси, монахињи, свештеници на СПЦ и членови на нивните семејства.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања