„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Нема фотографија

Честитка од претседателот Иванов до верниците кои го прославуваат католичкиот Божиќ

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.-Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови да Ви го честитам големиот празник на Христовото раѓање – Божиќ.Рождеството Христово – Божиќ како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството го симболизира новиот живот кој значи нов почеток и нова надеж. На овој важен ден имаме можност да се потсетиме на основните човечки вредности, да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме во хармонија и да шириме радост, љубов и добрина.Да направиме сè и на овие празници различностите да не зближат, а вредностите кои нè обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме.Во духот на долговековната традиција, посакувам празничните денови да ги минете во пријатна атмосфера, во кругот на најблиските исполнети со љубов и топлина.Нека ве следи добра мисла, Божиќен и човекољубив дух, се наведува во честитката на претседателот Иванов.

Македонија | пред 7 години

majka-ubila-kerkata

Мајка монструм - Ја убила ќерката за да му се одмазди на попранешниот сопруг

Мајка ја убила својата ќерка поради одмазда на поранешниот сопруг, во градот Рентон, Вашингтон. Светлана Лаурел (52) ѝ пукала во својата ќерка во главата, додека девојчето, Натали (14) се обидувала да повика полиција бидејќи мајка ѝ ги врзала нејзиниот татко и брат.Лаурел се појавила во домот на поранешниот сопруг, а внатре ѝ дозволил да влезе нејзиниот син (12).Кога момчето ја пуштило внатре, го однела во собата каде што го врзала и му ставила чорапа во устата. Му се заканила дека ќе пука со пиштол ако вреска, а постојано му зборувала дека неговиот татко ѝ го уништил животот.Кога Натали и нејзиниот татко, Мајк, се вратиле во куќата, Светлана држела електрошокер и го употребила врз својот поранешен сопруг, пред да го врзе.https://twitter.com/EMP_newsmedia/status/1075258991859515393?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1075258991859515393&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F292514%2Fvlegla-vo-kukata-na-poranesniot-soprug-i-brutalno-ja-ubila-kerkata-devojceto-14-sakalo-da-im-pomogne-na-tatkoto-i-bratot-a-majkata-ladnokrvno-pukala-vo-glavataНатали наводно отишла на другиот спрат, во својата спална соба и повикала полиција.Тогаш се одиграла крвава драма, после која стигнала полицијата и ја уапсила Лаурел.Одбиена ѝ е кауција, а покрај убиството, ќе одговара и за киднапирање и заробување.

Свет | пред 7 години

meksiko-nesrekja1

ФОТО: Во пад на хеликоптер загинаа гувернерка на Пуебла и нејзиниот сопруг сенатор

Гувернерка на Мексико и нејзиниот сопруг сенатор, загинаа денес во пад на хеликоптер во централно Мексико, јавуваат локалните медиуми.Гувернерката на мексиканската држава Пуебла, Марта Ерика Алонсо и нејзиниот сопруг Рафаел Морено, кон претходно бил гувернер на истата држава, загинале откако хеликоптерот полетал од хелиодором, пренесува Ројтерс.Мексиканските медиуми објавуваат снимки од лице место, на кои се гледа дека хеликоптерот кој е целосно уништен.За сега не е познато колку лица се наоѓале во леталото.Ерика Алонсо станала гувернерка пред две недели.

Свет | пред 7 години

etna

(ВИДЕО) Лава и пепел, се активира ЕТНА, најголемиот вулкан во Европа, предизика над 130 емјотреси

Најактивниот европски вулкан Етна еруптираше денеска, предизвикувајќи повеќе од 130 земјотреси извести деенеска Националниот институт за геофизика и вулканологија , со земјотреси со просечна јачина од 4 степени. Нема информации за повредени . Локалната опсерваторија соопшти дека лавата избива од нова пукнатина. Италијанскиот вулкан Етна , најголемиот и најактивен во Европа почна да исфрла големи количества пепел , а поради заштита превентивно е затворен аеродромот во Катанија.Вулканот е висок 3 330 метри и може да еруптира неколку пати годишно , исфрлајќи лава и пепел наде медеитеранските острови.Последен пат Етна еруптирал 1992 година.

Свет | пред 7 години

SPYRIDON

Од клендарот на МПЦ - денеска е Св Спиридон

Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен с ѐ до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримифунт.Но тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудеше самиот лично. За себе многу малку употребуваше од стекнатото, поголемиот дел им го раздаваше на бедните луѓе. Со Божјата сила покажа големи чуда: низведе дожд во време на суша, го запре текот на реката, воскресна неколку мртовци, го исцели царот Констанс од тешка болест, ги виде и ги слушна ангелите Божји, проѕираше во тајните на човечките срца, многумина обрати во вистинската вера итн. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и со своето просто но јасно исповедање на верата, како и со многубројните моќни чуда што ги изврши, голем број еретици ги врати во Православието. Беше облечен толку просто, што кога еднаш поканет од царот сакаше да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удри шлаканица. Кроткиот и незлоблив Спиридон му го заврти и другиот образ.Откако Го прослави Бога со многубројни чуда и на многумина им покористи поединечно, а и на целата Божја Црква, се упокои во Господ во 348 година. Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда.

Македонија | пред 7 години

katolici-bozik

Католиците го слават Раѓањето Христово – Божиќ

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ. Традиционално, во Македонија централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божиќ на католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака.– Божиќ е. Никогаш не е доцна да се вратиме и обратиме кон божикното таинство. Кој е условот да си го погледнеме срцето и во него да ги исчистиме сите нечисти мисли на оваа хедонистичка цивилизација и да се обидеме барем да се покаеме за својата себичност, комотност, менталитет, уживање. Тоа покајание нека ни ја отвори вратата на срцето за да можеме со чисто око да го дочекаме секое новороденче на кое Бог му дарува живот. Да го направиме своето срце и оваа ноќ такво и како пастирите да бидеме, не затоа да ги празнуваме со своето богатство, туку со својата едноставност да ги прифатиме малите и сиромашните, бидејќи не знаеме кај кого вечерва ќе тропнат на врата Јосиф и Марија носејќи го Исуса.Отворете ги ширум вратите Христос слободно да влезе во нашиот живот, во нашата историја. Честитајќи ви го празникот Рождество Христово, токму тоа го посакувам. Ја посакувам едноставноста на пастирите, верата на светото семејство, да го прифатиме Христос Спасителот и ширум да ги отвориме своите срца кон проблемите на денешнината во кои малите молат и имаат право на живот. Најголемиот Божиќен дар што ни го обзнани Светиот отец папа Франциск е дека на 7 мај следната година ни доаѓа во пасторална посета на нашата татковина. Молејќи пред новородениот цар посакувам оваа посета да ни донесе неизмерен мир и благослов. Среќен Божик. Мир Божји, Христос се роди, истакна бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов.На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Владата, Зоран Заев, со сопругите, вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерите за економски прашања и за европски прашања, Кочо Анѓушев и Бујар Османи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, политички партии, верски заедници…Божиќ денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Македонија | пред 7 години

UGTPZ-pat-sneg-kamion

Поради врнежи од снег се воведуват забрани за тешки товарни возила на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.„Поради врнежи од снег и засилен северен ветер од превентивни причини се воведуват забрани за тешки товарни возила. На патните правци Крак-Маврово-Дебар, Крак-Стража и патниот правец Битола-Ресен и обратно, на превојот Ѓавато.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

mkd-333826-696x376

Човекот кој ја кубеше за коса Шекеринска поднесе барање за амнестија

Меѓу 38 барања за амнестија, кои се поднесени до денес, се наоѓа и барањето поднесено од Панче Ангелов, кој е осуден на четири години затвор бидејќи при упадот во Собранието на 27 април ја кубеше Радмила Шекеринска. Неговиот адвокат потврди дека во име на својот клиент поднел барање за амнестија.За време на судењето Ангелов ја призна вината, рече дека се кае за извршеното дело, за кое законот предвидува казна од 3 до 10 години затвор. При читањето на пресудата судијката Џанета Бектовиќ порача дека оваа пресуда ќе служи за пример за останатите граѓани. Ангелов бараше казната затвор да биде преиначена во условна, но Апелација ја одби жалбата.Според Законот за амнестија, помилување не може да добијат организаторите и подготвувачите на нападот во Собрание, за кои има основани сомненија, како и лицата кои извршиле физичко насилство.

Македонија | пред 7 години

48390923_318572935649486_6159880754923831296_n

Вонредно метео предупредување: Силни ветришта, студ, дождови и снег од 20 см

Под влијание на влажен и студен бран денес во вечерните часови ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од дожд кои подоцна на планините, како и во некои пониски места ќе преминуваат во снег.Пообилни врнежи од дожд ќе има во текот на ноќта, во северните делови, локално од 10 до 15 л/м2, а во ноќните часови врнежите во западните делови насекаде ќе бидат од снег, повремено ќе се интензивираат и ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20см.Попладне ќе дува умерен западен, а во текот на ноќта засилен северен ветер кој повремено ќе достигнува брзина до 80км/ч.

Македонија | пред 7 години

spasovski-21

(ВИДЕО) Спасовски: Ги активираме советите за превенција - ја зголемуваме безбедноста

Присуството на полицијата, нејзината отвореност кон граѓаните - секогаш и секаде е од примарно значење - како заради поефикасно остварување на полициските работни задачи, така и заради поблиска, односно потесна соработка меѓу полицијата и граѓаните, чии што сервис е таа, рече министерот Оливер Спасовски на денешната седница на локалниот совет за превенција на општина Конче.- Функционирањето на локалниот совет за превенција овде во општина Конче е уште еден чекор во насока на целосно остварување на концептот што го афирмираме со поддршка на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија за - полицијата како сервис на граѓаните. Практично, подинамично приближување на полицијата до граѓаните во локалните средини, независно дали се работи за урбани или рурални средини, меѓусебна редовна комуникација, информирање, едукација а се со цел да се подигне општиот степен на сигурност и безбедност на граѓаните и на нивните материјални добра. А истовремено драстично преку низата превентивни активности и соработка да се намали стапката на криминалитет во локалните средини - рече Спасовски.Во локалните совети за превенција покрај надлежни полициски службеници и претставници на локалните власти имаат можност да партиципираат непосредно и конкретно невладините организации и граѓаните.- Се надевам дека Локалниот совет за превенција при општината Конче ќе ја оствари својата корисна мисија. Полицијата од своја страна ќе стори се што е во нејзина моќ, согласно своите законски надлежности и обврски, да даде максимален придонес во функционирањето на советот.Ова е во склоп на активностите што ги преземаме, се со цел поголема безбедност на граѓаните и кои даваат резултати. Резултатите од работата на полицијата се гледаат и од последната анкета на ОБСЕ, каде 75 отсто од граѓаните се изјаснија дека се чувствуваат безбедни. Но, ние не се задоволуваме со тоа и во иднина ќе работиме за овие бројки уште повеќе да се зголемат - рече Спасовски.Министерот Спасовски имаше работна средба и со градоначалникот на Конче Благој Илиев, на која се разговараше за меѓусебната соработка.- Многу важно за безбедноста е да има партнерски однос меѓу граѓаните и македонската полиција. За жал, таа нишка беше прекината во минатото, но сега ја обновуваме таа соработка и притоа ја враќаме довербата на граѓаните во полицијата- рече Спасовски.

Скопје | пред 7 години

makraduli_1_4

Осоговските Планини ќе се прогласат за заштитено подрачје

Денеска, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули учествуваше на состанокот со сите клучни засегнати страни за дефинирање на предлог- граници и зони за формирање на заштитено подрачје Осоговски Планини.Истакнувајќи дека заштитените подрачја се приоритет на Министерството, не само во рамки на овогодинешната програма за зачувување на природата на Македонија, туку и во Стратегијата за заштита на природата и Стратегијата за заштитата на биодиверзитетот, заменик министерот Макрадули ја поздрави иницијативата на градоначалниците од Источниот плански регион (ИПР) кои го препознааа и прифатија предизвикот да ги прогласта Осоговските планини за заштитено подрачје, тврдејќи дека реализацијата ќе има исклучително позитивен придонес во зачувувањето на природата во државата.- Верувам дека, благодарение на Програмата за зачувување на природата на Македонија, ова ќе претставува уште еден голем успех, резултат на соработка на различни институции и чинители и очекувам дека веќе во 2019 година ќе можеме да се пофалиме дека Осоговските планини се прогласени за заштитено подрачје. Заедно со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје, ќе се зголеми процентот на заштитени подрачје во Македонија, ќе се унапреди имплементацијата на Стратегијата за заштита на природата и Стратегијата за заштита на биодиверзитетот, а сето тоа ќе биде во прилог на исполнување на условите од конвенциите и таргетите на Европската Унија за заштита на природата - истакна Макрадули во своето обраќање.Тој додаде и дека преку Програмата за зачувување на природата на Македонија - фаза 2 ќе биде промовиран и концептот на за екосистемски услуги, односно генерирање на финансиски средства преку подобрување на поврзаноста меѓу заштитеното подрачје и оние кои ги носат одлуките, како локалната самоуправа, Владата, или бизнис заедницата.Обраќање имаше и Николчо Илијев - претседател на Совет на ИПР и градоначалник на општина Кочани кој изјави:- Она што го дала природата треба одговорно да се користи и сметам дека природните реткости треба да се заштитат за да останат за идните генерации. Ова е долготраен процес и затоа сме овде да дебатираме и да побараме поддршка од институциите, со крајна цел да ги прогласиме овие подрачја за заштитени подрачја.Активностите за прогласување на Осоговските планини се спроведуваат во рамки на Програмата за зачувување на природата на Македонија - фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а ги реализира Македонското еколошко друштво во партнерство со Министерството за животна средина и мпросторно мпланирање и локалните самоуправи.

Македонија | пред 7 години

makraduli

Макрадули: Праг на алармирање против загадувањето

Ако и утре продолжи загадувањето ќе има праг на алармирање, изјави денеска заменик-министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули. Тој додаде дека бил дефиниран праг на информирање односно, според министрот кога важат препораките да не се излегува надвор, јавниот превоз да се користи, повеќе граѓани да бидат во едно возило. За надминувањето на прагот на информирање, информирана е јавноста и институциите кои се задолжени за тоа.– Така е секаде во светот. Бидејќи минатиот пат беше јасно дека за кратко време ќе дува северен ветер, бидејќи таа е композит одлука и зависи од два фактори и од податоците од Хидрометеоролошкиот завод и од мерните станици, затоа не се прогласи, додаде Макрадули одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на работилницата за дефинирање предлог граници и зони за формирање заштитено подрачје Осоговски Планини.Инаку годинава за првпат годинава во буџетот е одвоена ставка за секторот животна средина со тоа што планираат да повикаат независни експерти кои ќе направат мерење на квалитетот на воздухот на повеќе локации со цел да добијат вистинска слика од каде доаѓа загадувањето, за да можат да преземат мерски и проблемот да биде доведен во нормални граници.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Грешка или не - Албанија го објави списокот на тајни агенти во Македонија, Грција, Србија и Италија!

Фердинанд Нуку, Кујтим Прифити, Роберт Туци, Нестор Бабамето, Невзат Шеху, Астрит Кинани, Тонин Пренди, Бардок Гега, Хазби Брахја, ова се имињата на тајни агенти во Македонија, Грција, Србија и Италија, од Албанија. Спиокот по грешка се појави на интернет и тоа не само имињата туку и тајните податоци за нив. Во податоците кои протекоа на интернет има детални податоци за нив , не само нивните имиња, туку и марка на автомобил, регистрации, броеви на лични карти и пасоши, оперативен ранг, детали за нивните патувања, па дури и нивните секојдневни навики.Остра реакција на овој пропуст имало во НАТО, чија што членка е Албанија, бидејќи, како што објави „Индепендент“, „кој успеал да влезе во албанскиот систем, влегол и во системот на НАТО“.Овие детали беа објавени на сајтот на албанското министерство за финансии во рамки на извештајот за финансиската ситуација на разузнавачката агенција ШИШ. Сега цел свет има пристап во информациите за албанските агенти, колкави им се платите, па дури и кои водоинсталатери, мајстори и автомеханичари ги користат.ШИШ е албанска разузнавачка агенција која оперира во земјата и во странство и одговара директно на премиерот Еди Рама. Има пет организациони структури: оперативна, надоворешно-разузнавачка, контраразузнавачка, служба за борба против организиран криминал и антитерористичка единица.Благодарение на овој пропуст, сега се знае дека Албанија има двајца агенти на чувствителни позиции во седиштето на НАТО во Брисел. Останати агенти на високи дипломатски позиции Албанија има и во Белгија, Грција, во Србија, Косово, Италија и Македонија.

Свет | пред 7 години

pozar

Старица се задушила во пожар во куќа во Прилеп

Прилепчанка почина при задушување од чад откако претходно избувнал пожар во куќата во која се наоѓала.Како што соопшти МВР, пожарот избувнал вчера околу 20 часот во куќата лоцирана на улицата Митко Цветановски во Прилеп, сопственост на М.К.(82).Пожарот е изгаснат од Противпожарната екипа, а во куќата е пронајдена почината М.К. која најверојатно починала од задушување.Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

prezentacija_datagovmk-3

(ВИДЕО) Промовиран порталот за отворени податоци

Министерството за информатичко општество и администрација, денеска го промовираше новиот портал за отворени податоци. На јавната расправа за придобивките од зголемувањето на транспарентноста на институциите се обратија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, амбасадорката на Велика Британија, Н.Е. Рејчел Галовеј, министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски, Неда Малеска од Центар за управување со промени и Љупчо Вангелски од МАСИТ.Амбасадорката Галовеј, презентирајќи свои лични искуства од користењето на отворените податоци во Велика Британија, зборуваше за важноста од овој процес и можностите кои произлегуваат по отворањето на податоците.„Кога една влада објавува поголем дел од податоците што ги поседува, покажува дека не ги крие од граѓаните. Објавувањето на податоците е предуслов за да имаме Влада до којашто граѓаните имаат лесен пристап и од којашто добиваат поквалитетни услуги. Кога граѓаните на едно место можат да најдат информации за училиштата каде да што сакаат да ги запишат своите деца и како тие училишта котираат, или пак податоци за здравствените работници и цената на услугата којашто тие ја нудат, тогаш граѓаните имаат подобри информации за тоа како се трошат нивните пари и како системот може да испорача подобри резултати за нив. Преку овој пристап се промовира култура на отвореност каде граѓаните се активно вклучени и се води сметка за нив. На овој начин граѓаните ги перципираат владите како ефективни“, истакна амбасадорката Галовеј.Министерот Поповски се осврна на заложбите на Владата за зголемување на отвореноста и транспарентноста на сите институции.„За прв пат во политичката историја на Република Македонија, Владата , самоиницијативно, го стави своето работење на увид на граѓаните. Јавноста за прв пат има можност да го следи и анализира трошењето на средствата на граѓаните од страна на владините функционери. Но, тоа беше само еден сегмент. Со системското и организирано отворањето на податоците Владата на Република Македонија има за цел да ја зголеми внатрешната ефикасност на државните институции, и да овозможи создавање на нови услуги, ресурси за анализи, за подготвување на извештаи, за креирање иницијативи и други активности кои можат да ги инспирираат отворените податоци. Проактивното објавување на податоци ќе ги намали барањата и ќе го олесни пристапот до информации од јавен карактер. Концептот на отворени податоци е цел што инспирира, цел што не приближува кон општествата засновани на знаење, на отворени ресурси достапни за сите, во интерес и за доброто на заедниците“, рече министерот Поповски.Во моментов на порталот за отворени податоци се објавени 111 податочни сетови, од 42 институции. Министерот Манчевски ги претстави техничките можности што ги нуди порталот, како и дел од податоците кои веќе се објавени.“Преку порталот за отворени податоци сакаме да ја подобриме испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор. Тој исто така овозможува да се зголеми учеството на граѓаните при креирањето на политики и при анализа на испорачаните резултати. Со еден збор, преку порталот за отворени податоци ја носиме транспарентноста и отвореноста на институциите на едно повисоко ниво. Отворањето на податоците директно и позитивно ќе помогне и во напорите за борба против корупцијата. Исто така, со малку иновативност, дава можност за отворање и на нови бизниси“, посочи министерот Манчевски. Како што информираше тој, дел од податоците достапни на порталот се објавуваа за прв пат, дел се и претходно објавени, но сега се достапни на едно место, систематизирани и во формат којшто е лесно разбирлив, но остава и простор за понатамошна анализа и дополнително користење.“Порталот за отворени податоци е жива материја и постојано ќе се зголемува бројот на институции и бројот на податоци. Тоа ќе биде процес кој никогаш нема да заврши. Тоа ќе значи и дополнителен притисок од јавноста за поголема транспарентност и отворање на податоците. Тоа е здраво, ќе ги мобилизира институциите, ќе ја крене свесноста за важноста од транспарентноста кај сите институции и на крајот ќе ја направи власта подобра. Во тој дел, сакам да потенцирам дека и секој од вас само со едноставна регистрација може да дава забелешки, коментари, и што е најважно може да бара да се објават податоци кои до тогаш нема да се објавени. Оваа можност за интеракција овозможува сите да бидат дел од овој процес и заедно да го правиме овој портал алатка од која секој ќе може да има корист“, заклучи министерот Манчевски.Во своето обраќање Неда Малеска, од ЦУП, ја потенцираше локалната димензија на порталот за отворени податоци, како и придобивките за граѓанските организации.„Покрај зголемувањето на транспарентноста, со порталот за отворени податоци се зголемува и знаењето. Тоа е од особена важност при развој на нови бизниси, но и при анализите на граѓанските организации. На овој начин се зголемува и притисокот врз работата на институциите и со тоа се креираат и подобри политики. Податоците кои ги создаваат локалните заедници и нивното објавување ќе придонесат и кон зголемување на локалниот развој“, рече Малеска, споделувајќи искуства и од Велика Британија, но и од општините во Македонија.Една од главните придобивки од отворените податоци е отворањето на нови бизниси и развој на претприемништвото. За овие аспекти од процесот, зборување Љупчо Вангелски од МАСИТ.„Новите технологии и податоци го менуваат секојдневното живеење. Тие се основа на развојот. Тука сакам да потенцирам дека начинот на којшто се објавени податоците е многу важен и овозможува понатамошна обработка. Исто така, ажурирањето на податоците за нас како бизниси е многу важно. Порталот за отворени податоци остава голем простор за развој на нови бизниси и тоа ќе го постигнеме со заедничка соработка во наредниот период“, истакна Вангелски.Стратегијата и порталот за отворени податоци се изработени во рамки на проектот „Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација“ имплементиран од Центарот за управување, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања