„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

znakoven-jazik

(ВИДЕО) Толкување на знаковен јазик на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост

За прв пат во Република Македонија, Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост е достапна на знаковен јазик за лицата со оштетен слух. Со овој чекор, се почитува правото на пристапност до информации во пристапен формат, назначено во членот 9 - Пристапност и членот 21 – Слобода на изразување и мислење и пристап до информации од истата Конвенција.Видеото е изработено од страна на Националното координативно тело, во соработка со Викторија Волак- сертифициран знаковен преведувач, а со финансиска поддршка од Фондот за население при Обединети нации (UNFPA). Освен интегрирана верзија на Конвенцијата, изработени се и кратки видеа за секој член посебно, со цел полесен пристап до истите.Националното Координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија претставува национален механизам за координација на мерките предвидени во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Неговата основна улога е координација на институциите во процесот на спроведувањето на мерките од Конвенцијата на ООН. Во својот делокруг на делување, телото предлага и доставува мислења за законски и подзаконски акти во склад со начелата на Конвенцијата.Со своите активности, Координативното тело директно придонесува за унапредување на сите човекови права и основни слободи на лицата со попреченост.

Македонија | пред 7 години

zena-park-satori

Град Скопје: Отстранети предметите од Жена парк, никој не побарал дозвола да го користи просторот

Од Град Скопје денеска соопштија дека ги отстраниле предметите од Жена паркот, бидејќи никој не побарал дозвола да го користи просторот.Никола Наумовски од Град Скопје рече дека по редовните комунални активности на градот, во паркот Жена борец биле затекнати лом, шут, предмети, кои што не припаѓаат никому.„Според Законот за комунален ред ние имаме обврска парковите и зелените површини да ги држиме чисти и уредни. Со оглед на тоа што никој од нас не побарал дозвола да го користи паркот, а го користи веќе неколку месеци, вчера Град Скопје заедно со другите институции меѓу кои МВР, ги отстранивме не луѓето, туку предметите што ги затекнавме во паркот. Луѓе таму немаше“, изјави Наумовски.

Скопје | пред 7 години

gjoko-carina

Танасоски: Наскоро нов интегриран софтвер за олеснување на царинските процедури

Од наредната година во Царинската управа ќе почне да функционира новиот софтвер за обработка на царински декларации и акцизни документи со кој ќе се скрати времето на чекање на економските оператори и ќе се предизвикаат заштеди од околу 5,2 милиони евра за компаниите. Пилот-проектот за новиот софтвер ќе почне да се применува во почетокот на февруари во одредени царински испостави. Овој систем се планира конечно да биде пуштен во употреба на крајот на вториот квартал од 2019 година.– Наш најголем предизвик во наредната 2019 година е воведување на интегриран софтвер за изработка на царински декларации и акцизни документи. Со имплементацијата на овој софтвер се заменува веќе застарениот модел АСИКУДА кој функционира од 1994 година и кој претставуваше многу застои и проблеми како за економските оператори, така и за царински службеници. Сметаме дека со воведувањето на новиот софтвер во наредната година ќе се скрати доволно просечното време на чекање на економските оператори за четири часа со што ќе се предизвикаат заштеди од околу 5,2 милиони евра за самите компании. Ова од друга страна ќе ја зголеми конкурентноста на економски оператори и ќе придонесе до олеснување на протокот на стоки и патници по граничните премини и терминалите, изјави директорот на Цринската управа Ѓоко Танасоски.Танасоски додаде дека приходите на Царинската управа годинава во однос на 2017 година се натфрлени за 11,1 отсто и до овој момент наплатени се околу 85 милијарда денари. Зголемените приходи, според него се должат на подобрување на царински процедури, подобрување на работата на царинските службеници и на финансиската дисциплина на економските оператори.

Скопје | пред 7 години

znm

Новинарите остануваат со ниски плати и со несигурно вработување

И покрај промената на власта во 2018 година нема сериозни промени во медиумската сфера во однос на правната рамка за слободата на медиумите и позицијата на новинарите во редакциите, се оценува во Годишниот извештај на ЗНМ за показателите за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија.На денешната презентација на Извештајот, извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски истакна дека Владата не успеа да ја подобри медиумската регулатива што беше долго време најавувана, бидејќи, како што посочи, измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој требаше да создадат подобар амбиент за работата на медиумите се уште не е усвоен во Собранието. Според него, охрабрува тоа што власта и опозицијата се блиску до договор и се очекува законот да биде донесен до крајот на годината.„Во делот на законската медиумска легислатива не само што немаше подобрување, туку имаше и одредено назадување. За време на летните одмори, без никаква дебата и нетранспарентно Владата ги усвои измените на Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии. Овие измени овозможуваат на парламентарните партии да трошат јавни пари за финансирање на медиумска политичка пропаганда за време на изборна кампања, што ќе имаат негативно влијание врз слободата на медиумите“, рече Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ.Освен правната рамка на слободата на медиумите, извештајот анализира уште два индикатори: позицијата на новинарите во редакцијата и безбедноста на новинарите.Просечната плата на новинарите изнесува 18.800 денари, што е околу третина пониска од просечната плата во Македонија, додека кај новинарите од внатрешноста платите се пониски и од 12 илјади денари. Половина од новинарите немаат договор за вработување на неопределено време, а над 55 проценти од новинарите им доцнат платите.Единствен позитивен податок е бројот на напади на новинари, кој е намален за три пати – од 18 случаи во 2017, на 6 оваа година, а донесени се и први судски пресуди против лица кои напаѓале новинари во минатото. Сепак останува политиката на неказнивост, во која од 59 напади решени се само 2 случаи на напади врз новинари.

Македонија | пред 7 години

prets-2

Предновогодишна забава за децата од социјално ранливи категории

Градоначалникот Шилегов и оваа година обезбеди бесплатни билети во Театарот за деца и младинци и организиран бесплатен превоз за децата од „Здружението за заштита на правата на детето кое ги згрижува децата од улица“, децата на корисниците на услуги од ХОПС, децата без родителска грижа од СОС „Детско село“ и од домот „11 Октомври“.Дечињата, денеска, ќе имаат можност да уживаат во претставите на Театарот за деца и младинци во пресрет на новогодишните празници.

Скопје | пред 7 години

Kina

(ВИДЕО) Напаѓач во Кина, со грабнат автобус се заби во толпа луѓе, загинаа петмина

Неименуван маж од Лонгјанг во Кина грабнал денес автобус со кој неколку моменти подоцна се забил во група луѓе убивајќи пет, а повредувајќи 21 лице, пренесуваат агенциите.Тој најпрво почнал да напаѓа луѓе со нож, а кога му се спротивставиле, седнал зад воланот на автобус и се залетал во толпата. Се верува дека еден од убиените е полицаец.Инцидентот се случил во крајбрежната провинција Фуџијан на југоистокот на земјата. Како што јавуваат локалните медиуми, полицијата го совладала напаѓачот.https://twitter.com/tangyongtao1/status/1077489657917538306https://twitter.com/pZO5xK2Su74DiBW/status/1077492271434481666

Свет | пред 7 години

kalendar

1 јануари 2019 година – неработен ден за сите граѓани на Македонија

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 јануари 2019 година (вторник), Нова Година е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата Година. 

Македонија | пред 7 години

vlada-1

112-та седница на Влада

На предлог на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната седница ќе биде разгледана Предлог - програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.Министерството за локална самоуправа за оваа седница предложи повеќе точки меѓу кои и Предлог - програмата за изменување на Програмата за рамномерен регионален развој во 2018 година, Информацијата со барање за измена на Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2018 година, со Предлог – одлука, како и Информацијата со барање за измена на Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на селата во 2018 година, со Предлог – одлука.На оваа седница на Владата на РМ ќе биде разгледана и Информацијата за усвојување на Национална транспортна стратегија 2018-2030, додека пак на предлог на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, на седницата ќе биде презентирана Информацијата за потпишување Меморандум за соработка со Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за реализација на проектот „Носење промени - добро управување и ефективност во јавната администрација“.Од Канцеларија на Претседателот на Владата на РМ, за оваа 112-та седница доаѓа Информацијата за формирани работни групи по кластери за подготовка на Националната стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализам.На денешната седница на Владата на РМ ќе се најдат и повеќе други точки од интерес на граѓаните и од Програмата за работа на Владата.

Скопје | пред 7 години

najcevska

Најчевска: Ако може некој кој бркал по контејнери да стане пратеник, не гледам зошто пратеникот не може да си се врати на старата активност

Ако може некој кој бркал по контејнери да стане пратеник, не гледам зошто пратеникот не може да си се врати на старата активност – да брка по контејнери.Она што не смее да се случи е пратеникот да бенефицира од функцијата пратеник.Тој станал пратеник за да ги претставува граѓаните, да биде нивни глас во највисокото законодавно тело, а не да добива било какви бенефиции и лична корист.Пратеник не е вработување туку е претставување.За вработување се потребни квалификации, а за пратеник е доволно група граѓани да мисли дека конкретниот човек може верно да ги застапува нивните интереси.Пратеникот не смее да ја напушти пратеничката функција: со повеќе пари, поголем имот, повисоко образование, од она кое што го имал кога бил избран.Секое зголемување на богатството, образованието, имотот во време на вршење на пратеничката функција е сомнително и треба да биде сериозно истражено.Донесување на закон со кој се гарантираат бенефиции за пратениците кои немаат врска со нивната функција на претставници на граѓаните значи озаконување на корупцијата.Такви пратеници воопшто не ни се потребни.Мирјана Најчевска

Македонија | пред 7 години

gGJvC-

Уште еден цариник го посетил Груевски во Будимпешта

Покрај Александар Трајковски, уште едно лице кое исто така било вработено во Царинската управа, поточно во Секторот за контрола и истраги, било во посета на поранешниот премиер Никола Груевски, во Унгарија.Вработениот во Царинската управа бил идентификуван откако на унгарскиот портал „24.ху“ се појави видео во кое Никола Груевски заедно со уште неколку лица седеше во елитен ресторан во Будимпешта.Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танаскоски вели дека цариникот користел денови од одмор, а во моментов доаѓа на работа, но и дека тој не може да ги спречи вработените да патуваат. Исто така тој истакна дека за посетата на двајцата счужбеници во Будимпешта се врши истрага.Пред две недели на унгарскиот портал „24.ху“ се појави видео во кое Никола Груевски заедно со уште неколку лице ручаше во познат ресторан во Будимпешта. Екс премиерот не одговори на прашањата кои му беа поставени од новинарот, туку се качи во возилото кое го возеше неговиот личен возач.

Македонија | пред 7 години

durlovski

Дурловски: Наместо молба за помилување, одлучив да се борам за докажување на мојата невиност

Оперскиот пејач Игор Дурловски кој е еден од обвинетите за настаните од 27 април, преку социјалнте мрежи порача дека наместо наместо молба за помилување, одлучил да се бори за докажување на неговата невиност.„Почитувани, наместо молба за помилување, ја споделувам со Вас мојата одлука да продолжам со борбата за докажување на мојата невиност за обвинението за кое ми се суди.Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот на моите најмили, но, убеден сум дека ме разбираат зошто ова е важно, да се бориме за своите принципи, за правда, доследно и храбро.Се надевам дека со оваа одлука ќе и ја одземам можноста на политиката да се постави над правичноста и судството. Во свое име и во име на моите пријатели од „Заедничка Македонија“ и на илјадниците чесни и мирољубиви граѓани кои ги исполнуваа улиците со љубов кон татковината.Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“. Вистинско помирување може да постигнеме само со правда, чест и морал.Останувам со чисто срце со љубов кон татковината, верба во Бога и надеж за подобра иднина за сите нас.Да живее Македонија“, напиша Дурловски на Фејсбук

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски за католичкиот Божик: Поделбите да ги замениме со толеранција и соживот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати божикна честитка до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.„Празнувањето на овој голем чин во историјата на човештвото претставува најинтимен и најрадосен момент во душата на секој еден верник и следбеник на Христовото учење. Божик е најсветиот христијански празник кој го празнува раѓањето Христово, најсветол ден во животот на секој христијанин, празник кога се негуваат убавите мисли и дела. Почитувањето на традиционалните вредности, толеранцијата на различностите е нашиот заеднички идеал, кон кој сите ние се стремиме“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додава дека се наоѓаме во период преполн со предизвици за државата и сериозни пречки во нашето општество, па потребно е обединување.„Повеќе до кога било во минатото, денес потребно е обединување, да ставиме крај на проблемите кои со децении се провлекуваат во нашата земја, поделбите и омразата, да го вратиме достоинството и мирот во секој од нас, да работиме и да создаваме за нашата заедничка татковина. Потребно е враќање на спокојот и сигурноста, прогонот, притисоците и поделбите да ги замениме со толеранција, вистински соживот и враќање на вербата во луѓето. Неправдата да биде замената со правда, а вредностите и принципите да бидат составен дел од нашите животи“, додава Мицкоски во божикната честитка.Ваквите празнични моменти, вели тој, носат светлост во секој дом, но и служат како потсетување дека божиќната радост треба да биде споделена со ближните, пријателите и соседите. Овие празнични моменти, како што додава Мицкоски, носат порака за мир и разбирање помеѓу луѓето.

Македонија | пред 7 години

htrrrr

Кекеновски: На Македонија и треба претседател кој нема да го потпише Преспанскиот договор

На Македонија и треба кандидат за претседател кој нема да го потпише Преспанскиот договор и ќе ги почитува резултатите од неуспешниот референдум, смета професорот и лидер на движењето ФРОДЕМ, Јове Кекеновски. Според него, потребен е консезус на целата опозиција околу еден кандидат кој треба да потекнува од народот и да е близок на народот.„Кандидатот треба да е човек кој е чесен, храбар, достоинствен, спремен во секој момент да се соочи со предизвиците како и да ја понесе одговорноста, човек кој ќе се бори правдата да ги стигне сите сторители на криминални дејанија и сторени зла без разлика на која партија и припаѓаат како и конфискација на нелегално стекнатиот имот,кандидат кој по своето убедување е легалист и легитимист, кој ќе бара доследно почитување на Уставот и законите, симболите на државата и почитување на институциите на системот, кандидат кој нема да ги потпише донесените неуставни закони и Преспанскиот договор и ќе ги почитува резултатите од консултативниот (неуспешен) референдум, човек кој во иднина со својата чесност, правдољубивост, барањето за еднаквост на сите пред законите како и почитување на различитостите ќе го симболизира државното единство, кандидат кој ќе побара морална и кривична одговорност за сите оние кои во името на славољубието и личните интереси го обезличуваат, понижуваат и делат сопствениот народ, кандидат кој ќе побара под итно истрага за сите високи функционери кои одработуваат за странски служби и интереси“, смета Кекеновски

Македонија | пред 7 години

voz-avtobus-2

Машиновозачот на возот кој преполови автобус кај Ниш побарал психијатриска помош

Погребани петмината патници од „автобусот на смртта“ .Човекот кој управувал со композицијата со судирот со автобусот по трагедијата отворил боледување поради шок и стрес.Како што неофицијално дознава „Блиц“, се работи за помлад човек, на кого состојбата му се влошила по трагедијата и побарал психијатриска помош. Еден од неговите колеги, кој побарал да биде анонимен, во разговор за „Блиц“, вели дека колку и да се машиновозачите во ткот на школувањето подготвени за вакви работи, стресот не може да се изостави.-Кога ќе се одлучиме за овој повик, свесни сме што се може да не чека на пругата. Во овој случај, ќе се осмелам да кажам дека колегата не можел ништо да направи. Страшно е кога одеднаш пред себе ќе видите возило како стои, а уште повеќе кога се работи за полн автобус. Секако дека му е тешко, потресен е, но не можеше ништо да направи, вели за „Блиц“ колегата на машиновозачот.Од „Србија возови“ за „Блиц“ рекле дека вработениот отворил боледување и дека телефонот му е исклучен.Колегата на машиновозачот додава дека ретко кога трагедијата може да се спречи и апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни.

Свет | пред 7 години

zemjotres

Земјотреси во Вршац и Закинтос

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава во Србија.Според информациите, земјотресот бил во 7:33 часот со епицентар во регионот на Вршац.Земјотрес со интензитет од 4.6 степени според Рихтеровата скала бил регистриран рано изутринава и во Јонското Море, на 48 километри јужно од грчкиот остров Закинтос, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.Меѓутоа, според Европско-медитерански сеизмолошки центар, како што јави дописничката на МИА од Атина, земјотресот, што се случил во 3.41 часот по локално време (2.41 часот по средноевропско време), бил со јачина од 4.8 степени според Рихтер.Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.Закинтос на 26 октомври беше погоден од силен земјотрес со интензитет од 6.4 степени, што предизвика материјална штета, а оттогаш во Јонското Море често се регистрираат помали потреси.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања