Мицкоски: Ќе дехидрирате од плукање по мене и опозицијата, а не гледате дека државата ви бега од раце
На протестниот маш на ВМРО-ДПМНЕ, пред Владата на Република Македонија свое обраќање имаше лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Тој истакна декацелат на овој марш е да се изрази револтот и несогласувашето со сите овие корупциски скандали и погрешни политики кои оваа Влада ги прави во нашата држава.„Да ги поздравам оние кои се дома денес и кои од оправдани причини не се со нас, но поради тоа што се притиснати и притиснати од функционерите кои им се закануваат на нив и нивните семејства за да не бидат дел од овие протести. Зарем тие се тие европски вредности за кои се бориме?Претреси им правеа на нашите поддржувачи минатата недела. Во 5 наутро им упаѓаат дома наоружани по нарачка на Зоран Заев и Оливер Спасовски. За што? Да им најдат петарда една и да ги малтретираат цел ден.Луѓето стануваат се поразочарани гледајки дека нема иднина, гледајки дека овие луѓе не можат да понудат ништо. Секаде околу нас гледаме нешто што може да се опише само со еден збор „црнила“. Зарем има нешто што можеме да го издвоиме и можеме да кажеме добро е тргна работата? Заминете си од таму каде што сте ги узурпирале позициите и местата.Сакаат Македонецот да го прикажат беспомошен и безнадежен. Секој ден велат дека прават нешто, но ги демотивираат луѓето дека не можело да биде подобро. Сеат страв во општеството за да се уплашите и да не можете да им зстанете на патот. Стотици илјади сме против вас. Тие го узурпираат јавниот простор. Ќе сретнете армадила на говорници кои се скапо платени со народни пари кои ќе ве убедуваат дека дека поразот не бил пораз туку бил триумф, дека капитулацијата е лидерство, ќе дехидрираат од плукање по мене и по опозицијата, а не гледаат дека државата им бега од раце, дека народот си оди. Ги заборавија сите овие погрешни политики дехидрирајќи од плукање врз мене.Додека тоа се случува, без ронка срам и без око да им трепне ја прекрстуваат нашата земја. Овој народ овде, но и стотици илјади граѓани на Македонија нема никогаш та да го прифатат и тоа го покажаа на референдумот на 30 септември. Тргнавте да го прекрстите сопствениот народ и нација и тоа не ви беше доволно па ја нарековте нација со комплекси. Излезе човекот кој плата зима од оваа нација, кој ја водеше оваа операција на преименување и уништување на македонскиот идентитет и рече дека ние сме бле искомплексирана нација. Не сме господине Димитров, ние сме нација со чест и достоинство. Ќе дојде денот кога јавно ќе и се извиниш на Македонската нација.Сета оваа болка и непрвда која и ја нанесоа на Македонија, се гршат ако мислат дека нема да го платат, ќе го платат на следните избори.Како да ви веруваат овие луѓе дека имаме независно судство и обвинителство, кога министерот ќе каже материјалите се на безбедно. Каде се, кај него во фиока за да може да ги уценува судиите и обвинителите? Сакате да монитрате случаи повтрно, сакате сите да судат по принципот на Кацарска судството, сакате сите да обвинуваат по принципот на Русковска обвинителството. Не се тие двете толку храбри, ќе ви го завртат грбот и ќе пропеат за сите уцени и закани.Ни го покачија лебот, ни го земаа достоинството и честа, воздухот е се потежок за дишење, зарем тоа ли заслуживме?Овде сме затоа што сакаме да се бориме и да победиме. Ние сме генерација која мора да победи и да ја освои слободата која ни е потребна. Да ги поразиме сите црни политики на оваа власт, бидејки друг избор немаме. Мораме да го кренеме нашиот глас поради политичкиот прогон, поради навредите кои ги доби нашата нација.Како сите овие црнила да се наменети за нас македонците, но секој ден имаме повеќе поддржувачи. Сите заедно ќе потестираме против зголемените даноци, ќе протстираме против политичките црнила, против промената на уставот, против општествените црнила, протв сето она кое не тишти, против сите неправди и на крај ќе падне и ќе му дојде крајот“, изјави Мицкоски.
Македонија
|
пред 7 години