„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

sudenje-27

Нинџа ги разоткри функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои давале наредби за упадот во Собранието, меѓу нив: Јанакиески, Ристовски, Бришковска, Божиновски и Чавков

Во својот исказ денеска пред судот обвинетиот Александар Василевски Нинџа ги разоткри поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ кои давале насоки за упадот и настаните во Собранието на 27 април, од седиштето на партијата, односно од белата палата, пишува Фокус.Како што рече тој, во просторија на осмиот спрат од белата палата се давале наредбите. Таму се наоѓале Билјана Бришковска, Спиро Ристовски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Митко Чавков.-Влегов внатре и седнав на една маса, како се движеше толпата така се даваа наредбите. Бришковска комуницираше со Трајко Вељановски, истиот и даваше насоки за состојбата внатре. Миле Јанакиески мислам и тврдам за Спиро Ристовски комуницираа со Бетмен Велит. Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети од цела Македонија најитно да дојдат во Скопје со директива од партијата. Сакам да нагласам дека од тука се координираше сето тоа што се случи на 27 април – рече Нинџа.Тој понатаму продолжи: -Билјана Бришковска кажуваше дека првото сценарио не успеало, дека пратениците не си ја завршиле својата работа, не предизвикале инциденти и немало тепачки меѓу пратениците, од неа дојде насока му се јави на Вељановски и му рече да се отворат вратите на Собранието – посочи тој.Како што рече Нинџа, потоа тогашниот шеф на тајната полиција Владимир Атанасовски, му дал наредба да оди на терен, односно пред Собранието и од таму да известува што се случува. Василевски потоа раскажа како пред Собранието го сретнал Горан Грујевски и како се очекувало претседателот да прогласи воена состојба, но до тоа не дошло.

Македонија | пред 7 години

goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Студентите бараат зградата на универзитетот во Кент да го носи името на Горан Стефановски

Студенти од Универзитетот во Кент, Велика Британија, каде предаваше македонски драматург Горан Стефановски, со онлајн петиција побараа една од зградите на универзитетот да го носи името на нивниот професор.„Горан беше неверојатен човек и неверојатен предавач, па дали има подобар начин да му оддадеме чест, од тоа што ќе ја именуваме новата зграда по него“, стои во онлајн петицијата насловена „Именувајте ја новата зграда на Универзитетот во Кент по Горан Стефановски“ (Name the new CCCU building after Goran Stefanovski).Како што објави македонската новинарка што живее во Лондон, Маја Петрушевска, на нејзиниот Фејсбук профил,  неговите пријатели, колеги, студенти и семјеството, вчера се простија од великанот.„Во преполната сала исполнета да последното ќоше, седечки и простум, немаше игла каде да се фрли. Со грутки во стомакот, срцето, солзи во очите и со љубов и почит за Горан. Сите, до еден. Неговите студенти започнаа петиција една од зградите на Универзитетот во Кент каде што беше професор ѕвезда, да го носи неговото име. Горан не дочека со Зајди, зајди. Не испрати со Strawberries field forever. Се простивме со Горан. Со национално богатство не може никој да се збогува! А Горан е повеќе од тоа!“, напиша Петрушевска.Горан Стефановски ненадејно почина во Лондон минатата недела, на 66 годишна возраст.

Магазин | пред 7 години

ljubisha

ВМРО-ДПМНЕ упати телеграма со сочувство до семејството на Љубиша Георгиевски

„Со голема тага и болка ја примивме веста за смртта на еден од најголемите македонски интелектуалци Љубиша Георгиевски, поранешен Претседател на Собранието на Република Македонија, пратеник и кандидат за Претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се голем хуманист, културен деец, врвен режисер и голем Македонец.Дозволете од името на целата партија и од името на сите граѓани да изразиме длабоко сочувство до семејството Георгиевски за големата загуба. Загубата на Георгиевски е загуба за целата македонска држава, интелектуална елита и културната сцена.Љубиша Георгиевски е човек кој ја задолжи Македонија со својата неуморна работа и силна посветеност во развојот на културата и остави силен печат во светската културна ризница. Неговото име ќе остане запаметено како еден од најголемите амбасадори и промотори на нашата култура, идентитет и традиција. Неговата политичка мисла и огромна љубов кон Македонија несебично ја споделуваше со светот и со тоа го заслужи местото на еден од најголемите великани на самостојна и независна Македонија за која мечтаеше, за која живееше и која несебично ја градеше.Љубиша Георгиевски несомнено остави неизбришлива трага во своето политичко и општествено делување. Со својот лик и дело, со својата ведрина, посветеност и оптимизам, кои заслужуваат должна почит и вечна слава, ќе остане запишан со светли букви како величина и пример за сите идни генерации на нашата Татковина“, се вели во телеграмата од ВМРО-ДПМНЕ упатена до семејството на Љубиша Георгиевски.

Македонија | пред 7 години

solza-770x444

Солза Грчева повикува на бојкот на јавните дискусии за уставните измени

Денеска, во организација на владата започна караван наречен Јавни дискусии во врска со нацрт амандманите за измени на Уставот на Република Македонија.Прво, јавното соочување на стручњаците и политичарите со народот, како носител на суверенитетот на државата, требаше да се одржи пред уставните измени да започнат или воопшто да влезат во Собранието!Организиран пост фестум, циклусот, поточно циркусот од пет јавни дискусии е уште еден удар по демократијата и правната држава.Второ, навредливо за здравиот разум е што јавните дискусии ќе ги водат :- експерти од општа пракса (меѓу нив само еден-двајца професори по уставно право);- политички функционери во владата и гласноговорници на меѓународната заедница, кои уште пред да стигне тн. Преспански договор на маса, беа негови (добро платени) огнени поддржувачи и промотори на грчките интереси-нема ниту еден говорник кој не го поддржува договорот, а тој би бил најлегитимен според резултатите од пропаднатиот референдумВо недостаток на основните елементи на јавна дебата – стручност, објективност, непристрасност, ова е непотребно исполнување на “демократска процедура“, кое станува лакрдија! Можеби и затоа дискусиите се закажани во државни институции, кадешто може да се обезбеди присуство по службена должност и “коректно“ однесување на присутните, доколку ги има.Глас за Македонија ги повикува своето членство, симпатизери и јавноста, да ги игнорира/бојкотира ваквитекозметички јавни дискусии и во согласност со својот категоричен, негативен  став за промената на името како услов за влез во НАТО и ЕУ, гласно повторува:Народот го кажа своето НЕ за промената на Името на државата на 30 септенври на Референдум и само со истиот правен механизам тоа може да се смени!Оттаму, Глас за Македонија најавува политичка кампања која ќе води кон поништување на сите одлуки на Собранието на РМ спротивни на Уставот, со кои се менува Името на државата, а со тоа, се посега по националниот Идентитет и меѓународната позиција на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

47398193_2094564623923072_8884074186021011456_n

(ФОТО) Новогодишен амбиент во Скопје

Град Скопје од 1 декември блесна во новогодишнен сјај.Украсените улици во Скопје се подготвени за новогодишната атмосфера.Вчера почна да се поставува елката која ќе блесне во полн ек веќе в петок, а новогодишната магија дополнително ќе биде збогатена со малата населба Винтерленд.За разлика од лани, оваа година ќе има централна прослава за дочекот на Новата година, но се уште не се знае кој ќе ги забавува скопјани.

Скопје | пред 7 години

skopje-7

Финансиска полиција за „Скопје 2014“: Платени се пари на фирма која не ги завршила работите

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми во интервју за Отвореното студио на 1тв вели Управата комплетирала уште два случаи во рамките на истрагата за „Скопје 2014“, а кои се однесуваат на изградбата на два објекти – оној на „Водовод и канализација“ и на Македонската филхармонија.-Тие се звршени и очекуваме ЈО да каже дали ќе се поднесат соодветни пријави, вели тој.Муареми за 1тв, објасни и дел од сомневањата за овие случаи кои се поврзани со изведувачот Алпине бау.-Се работи за извлечени многу парични средства. Прашањето е како дојде до стечај на изведувачот. Кога ќе се анализира случајот ќе се види дека многу пари се извлечени во готово без да се завршат работи. Се работи за фимата Алпине Бау. Се пријавуваат повеќе фирми како подизведувачи дека наводно завршиле некоја работа, а во позадина е само да се извлечат парите, вели Муареми.

Македонија | пред 7 години

47571426_199260230980716_278705671992508416_n

(ФОТО) Клинички во хаос: Нема место каде да помине Брза Помош, а ниту решение

Паркирани возила, едно до друго, дел заглавени на среде улица, а помеѓу по некое возило за итна помош кое не може да помине и да го донесе пациентот до клиниката. Ова е секојдневната слика на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде граѓаните како прв проблем гледаат да го решат паркирањето, а дури потоа причината зошто се дојдени таму. Редици од возила ја блокираат и улицата „Водњанска“ кои чекаат ред за влез, а најдебелиот крај го влечат докторите и пациентите кои носат итен случај до одредена клиника. Се случувало непристапноста до болницата да се плати со човечки живот.Сеуште нема лек за долгогодишниот проблем на посетителите во скопските клиники. Додека стигнат до лекарот за закажаниот преглед или пак за прием во болница, прво мора да се намачат за да најдат паркинг во сообраќајниот хаос. Гужвите, нервозите и расправиите се секојдневна слика во најголемиот здравствен комплекс во државата.Сепак, неизвесно останува која ќе биде локацијата на новиот Клинички центар и како би функционирале клиниките физички одвоени една од друга, особено кога ќе бидат потребни конзилијарни прегледи. Ова особено важи за Детската клиника кога често се потребни дополнителни прегледи од хирурзи за тешки хоспитализирани пациенти или пак дополнителни консултации со интернисти.

Скопје | пред 7 години

ruskoska

Русковска пука во УБК, се тресе Водно

Очигледно е дека целта била да се прогласи воена состојба и прашање е што би се случувало со државата. Истрагата треба да ги провери информациите дали војската активно учествувала во инцидентите во Собранието. Индикативно е што Никола Груевски не бил во земјава, па треба да се провери дали патувањето во Виена му било само алиби.Вака, во куси црти, ексразузнавачот Владимир Пивоваров ги анализира последните искази во судот и сознанијата на истрагата за случувањата од ланскиот 27 април што (ин)директно го вперуваат прстот кон Управата за безбедност и контраразузнавање и кон претседателската резиденција на Водно. Во тој контекст се толкува и завчерашното притворање на Владимир Атанасовски, кој во тоа време беше директор на УБК.Обвинителката Вилма Русковска засега ја смирува топката и вели дека Синиша Алексовски, советник на претседателот Ѓорге Иванов, кој наводно ги информирал демонстрантите оти ќе биде прогласена воена состојба, всушност, немал директен контакт со нив.„Треба да разграничиме неколку работи: Никола Бошковски беше споменат од сите обвинети што даваа исказ и тие имале директен контакт со него, а Алексовски беше споменат во смисла дека некој разговарал со него, па ја пренел информација. Не можеме да ги ставиме на исто рамниште едниот и другиот“, вели Русковска.На прашањето дали постојат индиции и нови докази дека крвавите случувања биле планирани во кабинетот на Иванов – таа одговори негативно.Пивоваров вели дека денеска ќе располагавме со еден куп докази доколку УБК во тие моменти работела на заштита на уставниот поредок и ги следела комуникациите. Се чуди што Иванов вечерта околу 22 часот во јавниот настап рекол дека поседува информации, благодарејќи на своите служби за одредени дејствија, а не бил информиран што се подготвува. Според Пивоваров, постоеле две ситуации кога требало да биде прогласена воена состојба.„Прво, намерно беше пуштена вест дека Зијадин Села е мртов со цел да се навлече гнев кај етничките Албанци и да се предизвика конфликт. Второ, се трудеа да исценираат меѓупартиски конфликт со тоа што лидерот на СДСМ и неговите соработници ќе го повикаат членството и приврзаниците на партијата да дојдат и да им помогнат во парламентот. И во двата случаи би дошло до крвопролевање со што би се исполниле условите за прогласување воена состојба“, нагласува Пивоваров за „Независен весник“.Повеќе тука

Македонија | пред 7 години

vlada-slika

ВИДЕО: Исповед на бизнисменот кому министер од Владата на Заев на сила, без надоместок му ја одзел компанијата

Министер на Заев, со неколку членови од неговото семејство, наводно со оружје му одземале милионски бизнис на лице од Македонија и му се заканиле дека ќе го убијат него и неговото семејство. Бизнисменот вели дека сето ова го пријавил во Финансиска полиција, но се плаши дека власта нема да интервенира, со оглед на тоа дека станува збор за владин министер, објави ТВ 21.Бизнисменот дојде во ТВ 21 со документ што го доставил во Финансиска полиција, и ги претстави неговите докази, ден откако министерот јавно изјави дека тој и неговото семејство добиле закани по живот, од три лица.Оваа изјава на министерот Аднан Ќахил, ги поттикна лицата кои тој ги спомна, да дојдат во ТВ21 и да се исповедаат за упатените јавни обвинувања на министерот.Ервин Сејфула тврди дека е жртва на министерот Ќахил и обвинувањата на министерот дека Ервин му се заканил, со неговите двајца пријатели, кои тој ги спомна, како што вели се лага.За ова, тој јавно во ТВ21 покажа документ, за кој вели дека го доставил и во Финансиска полиција, и поради тоа, како што тврди бизнисменот, отворена е истрага за министерот Аднан Ќахил.Во предаденото досие во Финансиска политика, кое го имаше на увид и ТВ21, се гледаат телефонски разговори, СМС пораки и други писма за сопственоста на компанијата „Манора Логистик Маркетинг ДОО“. Со овој документ Ервин Сејфула го обвинува министерот Ќахил и неговото семејство, дека наводно насила и со закани по живот му ја одземале компанијата.ТВ21 контактираше и со министерот Аднан Ќахил за да добие одговор за обвинувањата од страна на бизнисменот, но тој одби да одговори и се закани дека ќе ја тужи телевизијата доколку излезе веста.Второосомничениот кој го спомнува министерот Ќахил, како лице кое му се заканило на неговиот роднина, ја раскажа неговата верзија и за тоа донел и аудио снимки од разговорите со роднината на министерот. Вулнет Селими беше спомнат во интервјуто на министерот, дадено за ТВ21.Еркан Мамут за ТВ21 рече дека го тужел бизнисменот и неговите пријатели за закана и дека на 19 декември чека да се види со нив на суд, кога почнува судскиот процес за ова прашање. Според него, Ервин Сејгула, немал 90% од акциите во фирмата Манора Логистик и Маректинг ДОО, туку само 1%.ТВ21 контактираше и со Финансиската полиција за да потврди дали пријавата на Ервин Сејфула е доставена кај нив. Од овој орган, за ТВ21 изјавија дека печатот на архивираното писмо е доволен доказ за примањето на предметот.

Скопје | пред 7 години

ljubisha

Почина Љубиша Георгиевски

Утрово на 81 година почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски.Георгиевски беше роден во Битола на 30 мај 1937-та година.На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008.Веста за смртта на Георгиевски на социјалните мрежи ја објави актерот Роберт Вељановски.-Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови! На 81 годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски!!! Утринава почина мојот театарски татко!!!Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно!!!, напиша Вељановски.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Дескоска купува опрема за снимање преку Министерство за правда

На елекртонскиот систем за јавни набавки објави оглас за барање за прибирање на понуди Нарачател е Министерство за правда. Според огласот министерството ќе набавува опрема за снимање и фотографирање за потребите на Министерство за правдаПроценета вредност без ДДВ: 200.000,00Критериум за доделување на договор: Најниска ценаПонудите/планови треба да се достават најдоцна до: 10.12.2018

Скопје | пред 7 години

rusija-laser

(ВИДЕО) Русија претстави ласерско оружје со кое метите може да ги уништи за помалку од секунда

Руското министерство за одбрана на социјалните мрежи го претстави ласерското оружје „пересвјет“. Заменикот на рускиот министер за одбрана и вселенска индустрија Јуриј Борисов кажа за Краснаја звезда, весникот што го издава министерството, дека „пересвјет“ метите може да ги неутрализира за помалку од секунда.„Можеме многу да зборуваме за ласерското оружје и филмовите кои за него се снимени и книгите што се напишани, но факт е дека таквите системи денес веќе се користат“, кажа Борисов.Руските војници кои управуваат со системот за тоа се специјално обучени во воено-вселенската академија Можајски во Санкт Петербург.Претседателот на Русија Владимир Путин во март годинава за време на обраќањето до нацијата кажа дека Русија напредувала во развојот на ласерското оружје и дека во тој поглед се „пред конкуренцијата“.

Свет | пред 7 години

Pasosi

Македонскиот пасош на 37 место - Која земја го има “најмоќниот” пасош?

Според веб-страницата “Passport Index”, на врвот на листата се најде пасошот на Обединети Арапски Емирати(ОАЕ). Со овој пасош можете да влезете без проблем дури во 167 земји, односно имате пристап до 84 проценти од светот.“Passport Index” кој е во сопственост на “Arton Capital” рангира пасоши на 193 земји и шест региони кои се членки на Обединетите нации. На врвот на скалата се земји со кои пасоши можете да влезете во друга земја без виза и посебни барања.Обединетите Арапски Емирати се искачија на врвот на листата во рекордно време. Тие за првпат беа евидентирани во списокот во декември 2016 година (на 27 место), а за две години достигнаа број еден. Во топ 10 земји се наоѓаат Сингапур, Германија, Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија и Холандија, со чии пасоши можете да влезете во 165, односно 166 земји во светот.Македонија е рангирана на 37 место на листата, и со македонскиот пасош можете да влезете во 118 земји во светот.

Македонија | пред 7 години

velosiped-1

Студенти измислија градски систем на електрични велосипеди кои ќе го прочистуваат воздухот со филтри

Сообраќајот во Македонија го сочинуваат застарени возила кои значително влијаат врз загадувањето на воздухот – број еден проблем на секој граѓанин. Инсипирани и револтирани од целата ситуација, студенти од Машинскиот факултет, со помош на својот професор одлучија да дадат свој придонес во решавање на проблемот. Изминатава година ипол тие работеа на проектот што го именуваа како „ГЕТ-Велосипед“, објави Радио МОФ.„ГЕТ е систем од велосипед, станица и желба за чист воздух“Основата на нивната иницијатива е на граѓаните да им се понуди нова услуга, која овозможува алтернативен начин за движење во градската средина. Целта е развивање на градски систем на електрични велосипеди кои ќе го прочистуваат воздухот со филтри, паралелно намалувајќи го бројот на автомобили во градскиот сообраќај.„Фрустрацијата од состојбата со загадувањето е воедно засилена од „незаинтетесираноста“ за своеволна промена на навиките кај еден дел од граѓаните“, вели Филип Попоски, член на тимот, во интервју за Радио МОФ.Проектот е првично наменет да им помогне на локалните власти во државата, нагласува тој.„Суштината е на локалните власти да им понудиме систем за еден вид на изнајмување на велосипедите. Овој систем во еден дел би наликувал на ЈСП. Разликата помеѓу овој систем и некои други постоечки системи е во тоа што овој систем нуди воедна голема флексибилност и ниска цена за изведба. Корисниците би го изнајмиле велосипедот од станица за велосипеди или од локацијата на која ќе го „пронајдат“ велосипедот. Ова изнајмување за почеток се одвива со скенирање на картички со кои може да се отклучи велосипедот. Кога корисникот го отклучи велосипедот, тој може да го вози до посакуваната дестинација. По завршувањето на употребата, корисникот го заклучува велосипедот, со што завршува возењето и наплатата на услугата. Тоа значи дека наплатата зависи од патот кој го изминал при возењето на велосипедот. Разликата помеѓу паркирање на велосипедот на станицата и на одредено растојание од неа, е во наплатата. Територијата на која се користи системот е поделена на неколку зони, поделени во однос на оддалеченост од станиците, во зависност од овие зони, се извршува различна наплата кај корисникот“, објаснува Попоски.На самите велосипеди ќе бидат поставени и филтри кои ќе го искористуваат нивното движење за да го прочистуваат воздухот.„Самиот филтер материјал се вградува со посебни држачи на тркалото на велосипедот, а при самата ротација на тркалото го зафаќа и прочистува воздухот. Многу значаен аспект на овие филтри, покрај тоа што не трошат било каква енергија, е тоа што истите може да се монтираат на било кој велосипед, без разлика дали истиот е електричен или класичен“, појаснува Попоски.Во развојот на нивната идеја најголема поддршка добиле од нивниот професор Иле Мирчески. Фондот за иновации и технолошки развој, пак, го награди нивниот труд во рамките на минатогодишниот „О2 Предизвикот“ .Велосипедите ќе имаат вграден GPS и дизајн што ќе ги штити од оштетувањеПо завршувањето на најтешката задача, тимот сега работи на оптимизација на системот, со тоа и намалување на оперативните трошоци, а воедно и цената на велосипедот.„Според нашите претпоставки, имајќи во предвид дека се уште има детали кои треба да се уредат, еден ваков велосипед би чинел околу 1200 евра кога би се продавал на поединечни корисници. Иако навидум тоа е висока цена за еден велосипед, таа е значително пониска од тоа што денес се нуди на нашиот пазар. Кога станува збор за цената, битно е да се напомене дека најдобро за нашиот пазар е имплементација на градски систем од кој се изнајмуваат велосипедите“, истакнува Попоски.Тие се свесни дека во моментов нема доволно велосипедски патеки во градовите, но веруваат дека токму ваков градски транспортен систем може да помогне во подобрување на инфраструктурата за велосипедите.„Ова лесно се остварува кога се има во предвид дека секој велосипед во системот се следи со помош на GPS, а со тоа може да се дознае кои се критичните локации на кои има потреба од дополнителна велосипедска инфраструктура“, забележа Попоски.Досегашните обиди на локалните власти за изнајмување на градски велосипеди не поминаа успешно. Голем дел од нив беа оштетени, или пак, украдени, а не функционираа ниту станиците од каде секој граѓанин може да го изнајми велосипедот.Според Попоски, единствен начин да се реши проблемот со оштетување на велосипедите е да се предвиди дизајн, односно кострукција која нуди максимална заштита од овие оштетувања.„Значаен проблем кој се појави со обичните туристички велосипеди е кражбата. Овој проблем ние го решаваме со активно следење на локацијата на велосипедите преку наведениот GPS, а дополнително на тоа секој велосипед е враден со аларм, кој се активира при негово поместување кога истиот е заклучен. Нефункционалноста со станиците за изнајмување кое се јавува кај системи како оној во Мадрид, покрај подобрувањата во дизајнот и конструкцијата на станиците, се решава и со воведувањето на зоните, односно корисникот не би трпел последици доколку велосипедот не може да го постави на самата станица. Секако ќе постои и начин за активно пријавување,следење и решавање на проблемите“, најавува тој.Па така, секој поединец којшто ќе се реши да го изнјами нивниот велосипед како превозно средство и притоа да помогне во прочистувањето на воздухот, ќе може да го полни во рамките на градот, со достапни станици за полнење на батеријата.Во моментов немаат инвеститори, но следен чекор, вели Попоски, е да преминат кон поединечно производство на велосипеди кои дирекно ќе се продаваат на корисници. Паралелно со ова, ќе се обидат да ги убедат локалните власти за значењето на нивната идеја.извор: Рдио МОФ

Македонија | пред 7 години

vreme

Времето денеска постудено и ветровито, со температура до 12 степени

Времето денеска ќе биде сончево и претпладне постудено со мала локална облачност, само во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 4 до 12 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер, со температура до 7 степени.До сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а најстудено ќе биде во петок наутро. Под влијание на нов влажен бран од сабота кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад. Потоа поради спуштање на постуден воздух од север, од недела на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, а на пониските места од дожд и снег.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања