„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

palmer-zaev

Палмер: Македонија полноправна членка на НАТО до средината на 2020

САД очекуваат Македонија да стане полноправна членка на НАТО до средината на 2020 година, до кога треба целосно да се имплементира договорот за промена на името со Грција, и покрај обидите на Русија да го поткопа.Договорот во спорот за името меѓу Македонија и Грција отстрани голема пречка за членството на Македонија во ЕУ и НАТО, и овој чекор ќе го намали руското влијание во регионот, вели во интервју за агенцијата Ројтес, американскиот помошник-заменик државен секретар Метју Палмер.„Нема ниту една причина да не веруваме дека Северна Македонија ќе стане 30 членка на НАТО веќе за 18 месеци од денес“.Во разговорот Палмер изразува загриженост поради „малигното влијание“ на Русија како во Македонија, така и во останатите земји од Западниот Балкан.Тој ја обвини Русија дека се обидува да ги поткопа владите и институциите со цел да го запре напредокот на регионот кон евроатлантската интеграција. Москва ги отфрла таквите обвинувања со контраобвинување дека Западот се меша во внатрешните работи на земјите од Западниот Балкан.„Не е Русија таа која решава што ќе прави Македонија во однос на нејзините врски со европските и евроатлантските институции“, рече Палмер.

Македонија | пред 7 години

butel

Општина Бутел донираше прочистувачи за воздух за градинките

Донацијата од 8 прочистувачи за воздух за јаслените групи во општина Бутел. Донацијата ја предаде градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, кој нагласи дека во тек е набавка и на останатите 30 прочистувачи, со кои ќе бидат опремени сите занимални во шесте објекти на ЈУ Детска градинка „11 Октомври".Директорката на градинката „11 Октомври“, Луција Кировска истакна дека обезбедувањето на прочистувачи на воздух, престојот на дечињата ќе им го направи поздрав и попријатен.Покрај набавката на прочистувачите, во контекст на активностите за борба против загадувањето од следната недела, во дворовите на градинките ќе се организираат еколошки акции.

Скопје | пред 7 години

pratenici-1

Предлог-законот за помирување до петок

До крајот на неделата треба да биде готова првата верзија на Законот за помирување поврзан со настаните од 27 април. Ќе го предложи собраниското тело за помирување кое ќе се состане најверојатно во петок, кога сите членови ќе се вратат од службен пат.Копретседавачот со Телото, Емилија Александрова не открива детали од содржината на законското решение, но ја потврдува поддршката на целиот процес од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.Осуммината пратеници од независната група сепак најавуваат дека ќе гласаат за успешност на измените на Уставот, бидејќи договорот бил да си останат доследни на одлуките, а реформите, интеграциите и помирувањето биле условени процеси. Според најавите на премиерот Заев предлог-законот за амнестија нема да се однесува на сите обвинети, односно ќе се прави дистинкција меѓу оние кои директно биле вклучени во насилствата и оние кои само биле дел од групата.Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е дел од процесот на помирувањето, откако власта не даде поддршка на нивниот закон со кој бараа амнестија за сите инволвирани во собраниските настани од 27-ми април.

Македонија | пред 7 години

homepageBannerSKP

ТАВ го пречека два милионитиот патник на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија бележи уште еден важна пресвртница во развојот на македонските аеродроми, со пречекувањето на 2-милионитиот патник на Меѓународниот Аеродром СкопјеВо весела атмосфера на Меѓународниот Аеродром Скопје, ТАВ Македонија му посака топло добредојде на својот два милионити патник кој што допатува со летот од Доха на Qatar Airways, во 10:55 часот утринава, и му подари викенд за двајца во Доха.ТАВ Македонија ќе овозможи незаборавно патување за среќниот патник, со тоа што ќе обезбеди комплетен пакет за патувањето, заедно со својот партнер – Qatar Airways, како и со БТА, АТУ и ТАВ МОС, сестринските компании на ТАВ. ТАВ Македонија ќе обезбеди удобен престој во одличен хотел во Доха, Qatar Airways ќе ги обезбеди авионските билети, ATU – ќе додели ваучер за пазарење во вредност од 200 евра, додека BTA и TAV MOS МОС ќе се погрижат за пријатно искуство и престој на аеродромот на добитниот патник, со тоа што среќниот патник бесплатно ќе ги користи услугите на ресторанот, како и услугите од Primeclass.-Му честитам на нашиот 2 милионити патник и ѝ посакувам незаборавно патување во Доха, за што подготвивме специјален пакет аранжман со нашите партнери – Qatar Airways, како и со нашите сестрински компании – БТА, АТУ и ТАВ МОС. Во исто време би сакал да им се заблагодарам на сите патници што го избраа Меѓународниот Аеродром Скопје за нивните деловни и рекреативни патувања. Достигнувањето на 2 милиона патници во една година е импресивен успех за сите нас, па затоа во име на нашата компанија би сакал да им се заблагодарам на сите засегнати страни од воздухопловната индустрија, како Министерството за транспорт и врски, АЦВ, М-НАВ, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, авиокомпаниите и тур-операторите, за нивната соработка со цел да прославиме уште една голема и значајна пресвртница. Би сакал исто така да ја искористам оваа одлична прилика да се заблагодарам на нашиот персонал за нивната заложба секогаш да обезбедат најдобри услуги за нашите гости, да го одржуваат задоволство на клиентите на највисоко ниво, како и да ги охрабрам да продолжат со нивната добра работа кон нашата цел уште еднаш да бидеме прогласени за најдобар аеродром во Европа, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.Прославата за 2-милионитиот патник на Меѓународниот Аеродром Скопје е важен настан што го покажува брзиот раст и развој на аеродромот постигнати во текот на изминативе 8 години. Само пред 4 години, во октомври 2014 година, скопскиот аеродром го пречека милионитиот патник.-Навистина ни е задоволство што сме дел од големиот настан во работењето на „ТАВ Македонија“ по повод два милионитиот патник на меѓународниот аеродром Скопје кој патуваше со „Катар ервејс“ на нашиот директен лет од Доха до Скопје кој ги поврзува нашите патниците со повеќе од 160 дестинации низ светот. „Катар ервејс“ е една од најбрзо растечките авио-компании со модерна флота со повеќе од 200 авиони која е рангирана на ниво од 5 ѕвезди добиена врз основ на дадените услуги према патниците. Благодарни сме за успешната соработка со „ТАВ Македонија“ кои се посветени да овозможат квалитетна услуга која се надополнува со квалитетот на авиокомпаниите и со тоа овозможуваат компаниите да ги зголемат своите услуги со нови дестинации, изјави Алтај Шабан, Комерцијален директор на Катар ервејс за Македонија.Како дел од ТАВ Аеродроми, еден од водечките аеродромски оператори на глобално ниво, ТАВ Македонија ги следи светските трендови и развивања во воздухопловната индустрија и резултатите се неверојатни. На скопскиот аеродром, во 2010 година имало 684.905 патници, во 2014 година бројот на патници бил 1.210.509, а денес, 5 Декември 2018 година, 2-милионитиот патник пристигна на Меѓународниот Аеродром „Скопје“.Меѓународниот Аеродром „Скопје“ сега поврзува 38 дестинации со редовни летови, на 13 авиокомпании.ТАВ Македонија како аеродромски оператор на двата македонски аеродрома продолжува со позитивните резултати од почетокот на годинава. Во првите 11 месеци од 2018 година (јануари – ноември), вкупно 2,1 милиони патници патување преку двата македонски аеродрома – Меѓународен Аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, што е пораст од 18% на годишно ниво. Во исто време, вкупниот број на летови е 18.336, што е 9,4% пораст споредено со истиот период минатата година.

Скопје | пред 7 години

grubi

Груби во САД на средби во Конгресот и Стејт Департаментот

Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за пријателство со САД, Артан Груби ќе престојува во Соединетите Американски Држави од 5 до 9 декември 2018 година, каде што ќе реализира работни средби со конгресмени и сенатори во Американскиот Конгрес, но и во Сенатот и Стејт Департментот.„На средбите ќе стане збор за евроатланските интеграции на земјата, можностите за унапредување на билатералните односи со САД, како и за актуелните реформи што Владата ги прави во областа на владењето на правото.Господинот Груби ќе присуствува на 12. Парламентарен безбедносен форум за разузнавање во Сенатот на кој ќе се расправа за сите видови на борба против тероризмот“, се вели во соопштението.Ова е втора посета на Груби во САД.

Македонија | пред 7 години

pistol-vperen

Седумдесетгодишен гостиварец посегнал по пиштол при расправија во кафетерија

Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против 70-годишен жител на гостиварското село Форино, кој посегнал по пиштол при расправија во кафетерија во Гостивар.Како што информираат од МВР, на 03. октомври годинава во кафетерија на гостиварската улица „Браќа Ѓиноски“ по претходна вербална расправија, пријавениот упатил закани кон три лица сите од село Добридол, при што извадил и пиштол, кој го носел со себе.При преглед над пријавениот, полицајци пронашле и одзеле пиштол „глок” и рамка со 13 куршуми со калибар од 9 милиметри.Против 70-годишникот е поднесена пријава за сторен деликт „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Македонија | пред 7 години

oliver-spasovski-670x367

Спасовски поднел оставка кај Заев поради бегствто на Груевски

Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле открива дека министерот Оливер Спасовски разговарал со него за оставка како чин на морална одговорност по бегството на осудениот поранешен премиер Никола Груевски во Унгарија.– Оливер Спасовски разговараше за тоа со мене. Бидејќи тој го направи тој чекор, разговараше со мене. Како колега во Владата и мој долгогодишен соработник, секогаш сме разговарале што со моралниот чин во вакви околности. Бидејќи, ако има морална одговорност, треба да има аргументација за тоа, да се објасни, да се лоцира каде е моралниот хазард, проблем, пропуст… Јас не гледам таков пропуст. Но, ако се покаже дека имало одговорност – јас ќе барам таа да биде конкретно понесена – вели Заев.

Македонија | пред 7 години

opek

Ќе замине ли и Ирак од ОПЕК?

Ако некоја земја реши да ги следи стапките на Катар и да ја прекине соработката со Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), тоа ќе биде Ирак, вели Мајкл Коен, шеф за истражување на енергетските пазари во банката „Баркли“.„Мислам дека во однос на сите земји од ОПЕК во последните шест-осум месеци се истакнува Ирак“, изјави Коен за Си-ен-би-си додавајќи дека Ирак често не е во согласност со целите, па ако ограничувањата беа премногу строги, Ирак може да почувствува дека во најдобар интерес му е да не биде член на Организацијата.Ирак е вториот по големина производител на нафта во ОПЕК по Саудиска Арабија. Повеќе од 90 отсто од приходите на земјата доаѓаат од нафтата, вели Меѓународната агенција за енергија.Ирак во октомври испумпуваше рекордни 4,76 милиони барели дневно, вели поранешниот ирачки министер за нафта. Неговото зголемено производство како и повеќегодишните прекумерни изпумпувања од Либија придонесоа оваа есен за кулуминација во глобалното производство во 2018 година. Цитирајќи ги посетите на саудискиот министер за енергија Калид ал-Фалих во Багдад во последните два месеци, Коен рече:„Ние не сме во тек со природата на овие разговори, но очигледно постои голема загриженост во однос на она што го вели Ирак.”

Свет | пред 7 години

dimitrov-cerar

Димитров на состанокот на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска учестува на состанокот на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи со земјите контрибутори во мисијата Решителна поддршка во Авганистан, кој се одржува во седиштето на НАТО во Брисел. Димитров е дел од овој состанок на покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.На состанокот, министрите разговараа за напредокот и одржувањето на мисијата Решителна поддршка, за натамошната поддршка на финансиската одржливост на авганистанските безбедносни сили до 2024 година, како и за улогата на НАТО Алијансата и нејзините партнери во обезбедување на сигурна и просперитетна иднина на земјата и региoнот.Министерот Димитров, во своето излагање, ја нагласи подготвеноста на Република Македонија за натамошна поддршка на Владата на Авганистан и нејзините безбедносни сили, со цел градење на стабилна и безбедна иднина за Авганистан и регионот.На маргините на состанокот, денес, МНР Димитров оствари билатерални средби со МНР на Турција, Мевљут Чавушоглу, МНР на Литванија, Линас Линкевичиус, МНР на Словенија, Миро Церар, како и со заменикот генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер. На средбите беше разгледан статусот на пристапниот процес на Република Македонија за членство во Алијансата. МНР Димитров ги информираше соговорниците за процесот на имплементација на Договорот од Преспа, а се разговараше и за актуелните состојби во Регионот.Работната посета на Министерот Димитров на Брисел завршува попладнево, со средби во седиштето на Европската комисија, со Федерика Могерини, ВП на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на ЕК, и со Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и проширување.На средбите ќе се разговара за посветеноста на Република Македонија за нејзината европска перспектива и за заложбата за континуитет во спроведуваање на неопходните реформски приоритети со цел постигнување на клучната одредница за Република Македонија, рефлектирана и во усвоената Резолуција на Европскиот парламент - добивање одлука за почеток на пристапни преговори со ЕУ, во јуни 2019 година.

Македонија | пред 7 години

mickovski-sredba-1

Мицковски се сретна со потпретседателот на Европската народна партија Дejвид Мекалистер

Претседтелот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска оствари работна средба со Претседателот на комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и потпретседател на Европската народна партија Дejвид Мекалистер. На средбата станало збор за актуелната политичка состојба, процесите врзани со стратешките цели на Република Македонија, членството во Европската Унија и НАТО организациите.„Објаснив дека Република Македонија се соочува со деликатна политичка состојба и со еден период на црно владеење каде доминираат неправдите и политичкиот прогон. Воедно посочив дека се случуваат скандали на дневно ниво каде до израз доаѓа неподготвеноста на владата за реформи и менаџирање на политичките процеси. Истакнав дека таквата непосветеност на власта, државата ја турка кон економското и политичко фијаско, слабеејќи го стандардот на граѓаните.Во однос на уставните измени посочив дека ВМРО-ДПМНЕ останува против и ќе ја следи волјата на граѓаните“, вели претседтелот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски.

Скопје | пред 7 години

mldi

Истражување на (ЦИКП): Дури 77 отсто од младите кои живеат во Македонија размислуваат да се иселат

Дури 77 отсто од младите кои живеат во Република Македонија размислуваат да се иселат, пред се во земјите членки на Европската Унија, а причините за тоа ги наоѓаат главно во лошиот квалитет на живот во нашата земја, покажува истражувањето спроведено од Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), кое се заснова на анкета на млади лица на возраст од 15 до 29 години, објави МИА.Директорката на ЦИКП, Марија Ристеска на денешната тркалезна маса на тема „Европска интеграција и младинска мобилност: како од одлив до прилив на кадар?” рече дека посебен интерес им било да испитаат дали европската интеграција има поврзаност со младинската мобилност, со оглед на фактот што Европската Унија обезбедува различни програми на мобилност на млади.-Резултатите од истражувањето покажуваат дека нема директна врска, односно дека Европската интеграција нема да придонесе директно кон иселување на младите, но може да влијае позитивно на зголемување на човечкиот капитал, во смисла да обезбеди образование, вештини и знаење кои што младите би ги добиле во странство, рече Ристеска.По направената анализа на политиките, како што вели таа, политиките за млади воопшто не одговараат на потребите што ги имаат.– Првенствено имаме многу малку механизми со кои одговараме на потребата на младите да бидат вклучени во процесите на креирање политики, мала вклученост на младите во целокупното општествено живеење и нивното признавање како значаен актер во општеството, а има и многу малку расположливи средства за имплементација на политиките за млади, посочи Ристеска.Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние рече дека секогаш треба да се најде начин како младите да се задржат за да можат да творат во изградба и иднината на земјата, затоа што, како што посочи, тоа е и во насока на реформите што се спроведуваат во земјава. Но исто така, според него, тоа е во интерес и на Европската Унија затоа што, како што вели „нема да интегрираме земја која што ќе биде празна, односно во која што нема да постојат младите сили”.Тимоние додаде дека е многу важно реформите што се во тек успешно да бидат завршени и токму затоа оваа студија е битна бидејќи истата може да придонесе кон приближување на земјата кон Европската Унија.Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски рече дека Министерството за труд и социјална политика имплементира „младинска гаранција” во насока да им најде на младите квалитетни работни места и да им овозможи пракса, доедукација и други позитивни мерки кои што заедно со Владата на РМ ги спроведува конкретно за младите и кои имаат за цел да го подобрат младинскиот стандард.Заменик министерот за образование, Петар Атанасов посочи дека Министерството заедно со образовните институции работат на подигнување на квалитетот на образованието, пред се во неговата практичност и стручност. Додаде дека во овој момент спроведуваат неколку големи проекти во кои овозможуваат на ниво на средно образование младите да бидат што постручни и покомпетентни за да можат сами да се развиваат и да си ги исполнуваат своите професионални карирери.

Македонија | пред 7 години

kevin

Кевин Харт ќе биде домаќин на Оскарите

Американскиот комичар Кевин Харт, познат по филмот „Џуманџи: Добредојдовте во џунглата“, ќе ја води церемонијата за доделување на наградите Оскар за 2019 година, соопшти актерот на Инстаграм.Церемонијата ќе се емитува на Еј-Би-Си на 24 февруари.– Исклучително се радувам да кажам дека конечно дојде и мојот ред да го водам доделувањето на Оскарите. Да се ​​приклучам кон легендарниот список на водители на таа сцена е нешто неверојатно, напиша Харт неколку часа откако списанието „Холивуд репортер“ објави статија во која наведе дека водител на Оскарите е најмалку посакуваната работа во Холивуд. 

Магазин | пред 7 години

kameleon-1

(Фото/Видео) Со голем концерт на 29-ти декември групата Камелеон ќе одбележи 20 години постоење

Кариерата која трае полни две децении сакаме да ја заокружиме со концерт, за жал прв ваков во нашата кариера, и за кој гарантираме добра забава и на кој ќе го дадеме нашиот максимум, порача на денешната прес конференција Драган Василески, вокалист на познатата охридска група Камелеон.Тој го најави и големиот концерт на групата, кој во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота на 29-ти декември со почеток во 19:00 часот.– За концертот се подготвуваме веќе неколку месеци, работиме сериозно и активно, а сите 17 песни кои ќе бидат изведени добија нови аранжмани. Гости на концертот ќе бидат: Горан Папаз, Ѓоко Танески, кој ќе изведе две песни, охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“, Џеват Рамаданоски и студенти од Факултетот за музичка уметност, кои ќе формираат квартет. Во екипата што цело време ќе биде со нас се и Жармена и Димче Китрозоски, Никола Тони, а пратечки вокали ќе се Ана Костадиновска и Сара Николоска, истакна Василески.Тој испрати благодарност до општина Охрид, но и до сите компании, институции, медиуми и познаници кои им помогнаа и им излегоа во пресрет за организација на концертот. Групата доби и ново заштитно лого, кои во иднина ќе биде препознатлив знак за групата.– Подготвуваме и нова песна, доколку успееме да стигнеме, ќе биде промовирана на концертот. Ако не, новата 2019-та година ќе ја започнеме со нова песна. Како круна на оваа 20-годишна кариера, покрај концертот, ќе се снима и документарец за групата, во кој секој од нас ќе каже по нешто од своите доживувања и како ги поминал сите овие години во бендот. Ќе има многу анегдоти, интересни настани, додаде Василески.Според гитаристот Роберт Милески, човекот кој ги потпиша најубавите стихови на групата, Камелеон функционира како едно семејство.– Заедно сме полни 20 години. Морам да признам дека дел од тајната на успехот лежи и во публиката. Сите овие години таа е со нас и не прифаќа, секоја наша песна, помалку или повеќе е прифатена. Меѓу нас како луѓе имало и искри и несогласувања, но секогаш преовладувало почитувањето, другарството и пријателството, на некој начин сме како едно семејство. Тука секако е и желбата за музика, за свирење, творење, а со тоа и збогатување на она што доаѓа како културен придонес на македонската музичка сцена од наша страна, истакна Милески.Членови на бендот се Драган Василески, Тони Јованоски, Роберт Милески, Петар Трифуноски и Филип Стојковски. Драган, Роберт и Тони се постојани членови во бендот од самиот почеток. Петар станува дел од групата во 2001 година, а Зоран сите овие години, или е активен член или е во друга врска со бендот, како што е снимање на песни и слично. Низ годините и бројни други музичари имале добра соработка со бендот или биле негови членови и со тоа оставиле свој печат. Меѓу нив секако се и клавијатуристот Коки (членува во групата од создавањето на бендот, па се до 2001 година) и тапанарот Игор Фармаковски, кој работи со Камелеон во периодот од 2009 до 2010 година. За повеќето песни на бендот, текстот и музиката ги напиша гитаристот Роберт Милески.На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 29-ти декември, точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна за 20-те години од постоењето на групата „Камелеон“. Билетите по цена од 250 денари ќе се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, музичката продавница ZZ Top, тезга „Аждер“ во центарот на градот и во Burger Station.извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Магазин | пред 7 години

goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Утринава Горан Стефановски беше кремиран - во понеделник комеморација

Во понеделник на 10 декември во Драмски театар во 12:00 часот е закажана комеморацијата за македонскиот драмски писател Горан Стефановски.Тој утринава беше кремиран во Кентербери, Англија, а по негова желба пепелта во пригодна прилика ќе биде расфрлана во водите на Охридското Езеро.Горан Стефановски почина на 27 ми ноември на 66 годишна воздраст.

Скопје | пред 7 години

titanik

Рочиште „Титаник“: Се читаа СМС пораки меѓу обвинетата Гордана Јанулоска и Зоран Ставрески

Обвинителката Лиле Стефановска на денешното рочиште „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за изборни нерегуларности, прочита околу 20 смс пораки меѓу обвинетата Гордана Јанулоска и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, во кои тие разговараат за исплаќање субвенции, пензии, денационализација и плати, во пресрет на изборите 2011 година, објави МИА.Во една од пораките Јанкулоска му се жали на Ставрески „имам молба во Куманово не биле исплатени субвенции и ако имало услови побрзо да се исплатат“, на што Ставрески и одговара дека „треба некој да провери, имам списоци со субвенции што не добиле, ама ми ги пишуваа на рака пред кооперација“.Во друга порака, Ставрески и пишува на Јанкулоска „исплативме пензии, субвенции, денеска оди за млеко, лозари, 25 милиони за денационализација, за плати… да живее ММФ, да живее Македонија“.Јанкулоска, во смс порака го прашува Ставрески дали има „стопирани налози во култура“ и дали има проблем, на што Ставревки и оговара „не, секогаш има повластен третман Бети“, на што Јанкулоска враќа „Боже, ама баш налозите за култура се клучни за изборите“.Обвинителката Стефановска прочита и околу 70 смс пораки меѓу Гордана Јанкулоска и советниците во во МВР Киро Тодорвоски и Ристе Ставревски од мај 2011 година, преку кои биле договарани списоци за вработување по број од гласачко место, за „тргање“ командири и полицајци кои „турбо“ работат за противници, но и за вршење работи за казни и инспекции на луѓе од месните комитети.На почетокот судијата Осман Шабани, констатира дека во судница е присутен и технички советник на предлог на одбраната.извор: МИА

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања