„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

predavanje

Иванов: Република Македонија се соочува со најголемиот предизвик од нејзиното формирање

Република Македонија се соочува со можеби најголемиот предизвик од нејзиното формирање, а тоа е да се одрече од историското право и правото на самоопределување, рече претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на денешното предавање на Универзитетот во Вроцлав, во рамки на работната посета на Република Полска.„Грција со Спогодбата од Преспа ни наметнува ново име и бара истото да се применува erga omnes – и за меѓународна и за домашна употреба. Предвидено е да го промениме Уставот. Преку оваа спогодба, Грција ќе добие постојан надзор за тоа како ние ќе се именуваме себе си, но и како другите држави ќе ни се обраќаат нам", рече претседателот Иванов.„Со Спогодбата ќе се преименуваат нашите институции, ќе се цензурира содржината на учебниците на нашите деца, ќе се спречува правото на граѓаните да го изразуваат својот македонски идентитет. Се регулира именувањето на нашиот македонски јазик. Еден многу важен дел од нашиот начин на живот ќе зависи од волјата на Грција. Тоа е цензура на светот и автоцензура на колективната свест на македонскиот народ. Тоа е насилство врз нашата историска меморија. Она што грчката држава им правела на Македонците во Грција, сега, со Преспанската спогодба сака да им го направи и на Македонците во Република Македонија", рече претседателот Иванов во предавањето на Универзитетот во Вроцлав.Во предавањето претседателот Иванов се осврна на делото на Блаже Конески, кој како лингвист и книжевник се посветил на развојот на македонскиот литературен јазик, и кому во 1973 година му беше доделен почесен докторат на Универзитетот во Вроцлав.„Со сè што правеше, Конески и неговата генерација за многу кратко време го издигнаа македонскиот јазик во современ европски јазик со светла иднина. Но, таквиот успех ги разбудил старите балкански сеништа на негирањето. Македонскиот јазик и денес сè уште се соочува со бројни оспорувачи кои, обидувајќи се да го избришат или преименуваат, вршат еден вид симболична опресија врз македонскиот идентитет', рече претседателот Иванов.Најголемиот показател за вредностите на една нација, според претседателот Иванов, е консензусот околу она што не е за продажба, она за што не може да се пазари и преговара.„Денес, за жал, некои од големите придобивки за кои се изборил се доведуваат во прашање. Дојдоа генерации кои како да го заборавија заветот на Конески и почнаа да се пазарат со оние кои претендираат да го држат клучот на нашето минато", рече претседателот Иванов.„Нашата сила е во нашата различност, а нашата различност е гарантирана со нашето единство. Израз на тоа единство е македонскиот јазик", рече претседателот Иванов.Говорејќи на тема: „Мостови на пријателство и соработка: Македонија – Полска", претседателот Иванов истакна дека Република Полска е голем пријател, искрен партнер и гласен поддржувач на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, и дека Полска поддршката ја покажа на дело за време на европската мигрантска криза. Посочи дека Полска ги отвори вратите за македонските деца бегалци од Граѓанската војна во Грција и им стана втор дом на бездомните и прибежиште на прогонетите, кои денес се силен мост на пријателство меѓу двете земји и народи. Но, како што рече, освен на полската држава благодарни сме ѝ и на полската наука.„Полската наука покажа жив интерес за Македонија и за македонскиот јазик. Во време кога соседните пропаганди вршеле присвојување на македонскиот јазик, познатиот славист Мјечеслав Малецки недвосмислено изјавил дека македонските дијалекти не треба да се третираат ниту како српски, ниту како бугарски, но како посебен јазик", рече претседателот Иванов.„Како што Република Полска е на страната на правдата, така полската наука одлучно стои на страната на вистината", рече претседателот Иванов.Чувањето и творењето на македонски јазик, порача претседателот Иванов, е обврска кон минатото и влог во иднината. Чувари на тој јазик и тоа наследство, како што рече, се и сите македонисти, особено полските македонисти. Посебно важно место, според претседателот Иванов, зазема македонистичката работилница при Институтот за словенска филологија на Вроцлавскиот универзитет, која е најсериозен партнер на академските институции во Република Македонија.„Во ова време на сериозни предизвици за Република Македонија и за македонскиот народ, нам повторно ни се потребни нашите пријатели да го чуваат за нас она што сами можеме толку лесно да го изгубиме. Полските македонисти и македонистите во светот се чувари на нашата комплетна татковина бидејќи како што рече Конески „до таму е нашата татковина до каде што е нашиот јазик.", рече претседателот Иванов во предавањето на Универзитетот во Вроцлав.

пред 7 години

Нема фотографија

Ќе се гради нова трибина на стадионот во Охрид

Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија, денеска на средбата на в.д председателот на федерацијата Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповски и градоначалниците на општинте Охрид Јован Стојаноски и на Чаир Висар Ганиу, беше презентиран проектот за реконструкција и изградба на нови трибини на стадионите во Охрид и Чаир.Во соработка со ФФМ и УЕФА, Општина Охрид ќе ги реконструира постојните и ќе изгради нова трибина на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини извори“. Вредноста на овој проект, кој видно ќе придонесе за развојот на спортот во Охрид, изнесува 800.000 евра.Фудбалската федерација на Македонија од УЕФА и програмата за развој, официјално доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти.

Македонија | пред 7 години

leb

Лебот поскапе за 10 до 20 проценти

За десет до 20 отсто или од 15 на 18 денари е зголемена цената на некои видови леб. Причината за ваквиот потег, според мелничарите, е поскапувањето на пченицата и брашното од жетвата досега за 40 проценти.Министерството за земјоделство не е контактирано во врска со поскапувањето. Како што изјави за МИА министерот за земјоделство Љупчо Николовски, состојбата ќе се следи и ако дојде до драстично зголемување на цените и на другите видови леб ќе се интервенира преку Агенцијата за стоковни резерви.-Како што не известија денеска претставниците од мелничко-пекарската индустрија, ова зголемување е поради растот на цената на брашното и цената на пченицата која е берзански производ. Министерството ќе ја следи состојбата и ако дојде до драстично зголемување на цените и на другите видови леб што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, ќе се интервенира преку Агенцијата за стоковни резерви која во ек на жетвата направи јавна набавка на 13.000 тони пченица, истакна Николовски.Горан Малишиќ, пак, од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија објаснува дека поскапувањето на лебот е индивидуална одлука на некои мелничари, поради што не се знае дали и други ќе направат ваков чекор.-Одредени фирми, односно пекари, одлучиле да ја зоглемат цената за десет до 20 отсто или за околу два денара. Се работи за бел леб, а причината е тоа што од жетва наваму цената на пченицата и на брашното е зголемена за околу 40 отсто. Тоа е главниот импакт што не можат да го издржат. Би нагласил дека одлуката на секоја фирма е поединечна зависно од нејзината конкурентност, профит и други фактори, истакнува Малишиќ.

Македонија | пред 7 години

filipce-1

Кардио операциите кај деца ќе се прават во приватната болница „Жан Митрев“ на држвна сметка

Министерство за здравство: Спојување на експертизите во државно и приватно здравство - унaпредување на квалитетот на здравствена заштита за дечињата со најтешки срцеви болестиМинистерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, денеска одржаа прес конференција на која беше презентиран нов начин на функционирање на детската кардиохирургија.- Донесовме одлука договорот на болницата „Жан Митрев“, којшто со години е за извршување кардиохируршки интервенции на возрасни но и на деца, од следната година да се прошири и да ги додадеме и дечињата, коишто со најтешките срцеви болести, досега се лекуваа на Клиниката за детска хирургија, истакна министерот Филипче.Целта е да се спојат експертизите во државното и приватното здравство, односно да се симне јасната бариера меѓу државните и приватните болници и да овозможиме нашите доктори да може да работат во приватните установи.Досега овој проект се спроведуваше со странски едукатори, кои најпрво беа од САД, а потоа и од Србија, кои работеа со наши експерти од областа на детската хирургија и ги обучија да работат интервенции во областа на детската кардиохирургија. На тој начин, децата почнаа да остануваат во нашата земја, се надградуваше експертизата на нашите лекари, меѓутоа стануваа недоволни инфраструктурните можности за натамошен развој на оваа струка.Тој посочи дека со новиот модел дополнително ќе бидат стимулирани и докторите, и медицинските сестри и дека ќе ги споиме експертизите од државното и од приватното здравство. Трошокот на Фондот ќе остане ист, а Министерството за здравство ќе заштеди огромна сума пари, која сега оди кај странските едукатори. По ова, таа странска експертиза нема да биде потребна и очекуваме овој центар да стане регионален центар, заради тоа што со такво ниво на експертиза на сега приватните и јавни доктори, кои сега ќе бидат на едно место, со такви услови на болница, којашто е акредитирана по највисоките американски стандарди немаме конкуренција во целиот регион - во околните земји и земјите членки на ЕУ – таму каде што ние се стремиме.- Ова е еден модел, којшто искрено очекуваме ќе го преземат и околните земји. Има огромен одлив на кадри во странство, со тоа се соочуваат и Бугарија, Србија, Албанија, Грција до пред некое време, и Косово. Ова се моделите на коишто даваме можност за надградување на знаењето, за развој, нешто што сериозно сметаме дека нашите доктори ќе ги задржи во нашата земја, а на граѓаните ќе им овозможи здравствени услуги, како што и самите во огромен број случаи, бараат навистина добра инфраструктура, која ние до изградбата на новиот клинички центар, во овој момент, за жал, не можеме да ја обезбедиме, потенцираше министерот Филипче.Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, истакна дека Фондот во просек обезбедува околу милион евра на годишно ниво за здравствени услуги за детската кардиохирургија на домашната клиника, а во просек се испраќаат годишно околу 20 дечиња во странство за кардиоваскуларни интервенции. Во зависност од состојбата, во просек една здравствена интервенција чини просечно 15 до 20 илјади евра, и тоа се дополнително 300 до 400 илјади евра кои Фондот ги обезбедува за лекување на најмалите пациенти во последните неколку години.-Веруваме дека преку овој проект значително ќе можеме да ја намалиме бројката на дечиња, кои се упатуваат за лекување во странство, за овој тип на интервенција. Освен позитивните финансиски импликации, ова ќе претставува и бенефит и ќе придонесе за подобро функционирање на одредена струка во здравството, а ќе влијае позитивно и на домашниот буџет на родителите, на бебињата и децата, бидејќи нема да треба да плаќаат хотели, храна и други трошоци за да бидат во странство заедно со своите деца кои се на лекување, туку ќе бидат дома“, посочи директорот на ФЗОМ.Воедно, директорот на ФЗОМ информираше дека кардиохируршките операции кои ќе се извршуваат во приватната болница ќе продолжат да бидат на товар на Фондот, како и досега.

Скопје | пред 7 години

zaev-hrvtska-2

Заев: „Ја побаравме поддршката од земјите членки за процесите во ЕУ и во НАТО“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по Самитот на шефовите на влади на земјите членки на Централно Европската Иницијатива, даде изјава за медиуми од Македонија и од регионот.Во изјавата премиерот Заев, го оцени Самитот, како добра можност што ја даваат овој вид состаноци за Македонија да го повтори своето очекување за поддршка од земјите пријатели, за членство на нашата држава во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.„Ја побаравме поддршката од земјите членки за процесите во ЕУ и во НАТО. Македонија се истакнува во позитивно светло во градењето пријателство, добрососедските односи, реформите и очекувањата се дека преку Македонија ќе продолжи проширувањето“ рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, во одговорите на новинарските прашања рече дека при посетата на Загреб не се оствари средба со унгарскиот премиер Орбан кој вчера присуствувал на вечерата што ја организираше хрватскиот премиер Пленковиќ со присутните шефови на делегациите на Самитот, но денеска не остана на Самитот.„Во следна прилика ќе го искажеме очекувањето за одговор на барањето екстрадиција за Никола Груевски, бидејќи тој според меѓународните конвенции и законите мора да ја отслужи својата казна во Република Македонија“ рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, на прашањето дали има некаква порака од Хан, рече дека еврокомесарот Јоханес Хан е задоволен од Македонија и од постапките во Парламентот и внатрешниот дијалог на власта со опозицијата. Еврокомесарот Хан, како што рече премиерот Заев, споделил очекување дека ова ќе го овозможи потребното двотретинско мнозинство во Парламентот за уставните амандмани, во согласност со Договорот од Преспа.Премиерот Заев оцени дека добро се одвиваат реформите во правосудството, безбедносните служби и изрази очекување дека тоа ќе биде мотивација институциите да ги спроведат реформите.На прашања од регионалните медиуми за очекувањето за членство на Македонија во НАТО, премиерот Заев рече дека Македонија свети на Балканот, дека со реформите и со Договорот од Преспа е отворен патот и дека Македонија ќе биде следната 30. земја членка на НАТО. Тој во одговор за односите Белград Приштина децидно одговори дека и Србија и Косово се соседи на Македонија, дека нашата држава е посветена на добрососедските односи, дека не се меша ниту учествувала во какви било состаноци во врска со ова прашање и дека Република Македонија останува посветена на градењето добри односи со сите соседи.Самитот на ЦЕИ помина со огромен медиумски интерес од медиуми од целиот регион.Шефовите на држави на влади на земјите членки на ЦЕИ, по работниот дел, се на заеднички ручек со домаќинот, премиерот Андреј Пленковиќ.

Македонија | пред 7 години

zaev-hrvatska

Заев во Загреб немал средба со Орбан, за Груевски ќе разговарале на следна средба

Премиерот Заев на маргините на самитот на ЦЕИ во Загреб, изјави дека не се сретнал со унгарскиот премиер Виктор Орбан кој исто така присуствуваше на самитот. Тие само куртоазно се поздравиле како и со сите други премиери.Двајцата присуствуваа на вечерата што ја организираше хрватскиот премиер Пленковиќ, заедно со другите шефови на делегациите, но денеска Орбан не остана на Самитот, туку порано го напушти Загреб.„Во следна прилика се надевам дека ќе го искажеме нашето очекување за екстрадиција на Груевски, бидејќи азилот е неоснован“-рече Заев.

Македонија | пред 7 години

karpos

Обновен е дрворедот долж „Рузвелтова“ во Карпош

Целосно се обновува дрворедот долж улицата „Рузвелтова“ од страната на Општина Карпош, при што Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило засадуваат нови, висококвалитетни дрвја од видот костен, автентични на останатите од истиот дрворед.На денешното засадување и зголемување на зеленилото, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се осврна на еко – акциите кои се спроведуваа во Општина Карпош во изминатиот период:- Општината се фокусираше на зголемување на зеленилото меѓу зградите (меѓублоковското зеленило), покрај сервисните улици кои се во надлежност на Општината, а заедно со Градот, во изминатиот период се обновија и дрворедите долж градските улици: бул. „8 Септември“, бул. „Партизански одреди“ и ул. „Бледски договор“, рече Богоев.Во претстојниот период, локалната самоуправа ќе продолжи и со самостојни акции за зголемување на зеленилото, а неодамна се отвори и новиот урбан сквер – парк во Карпош, на потегот меѓу Тафталиџе 2 и Нерези.Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиу се осврна и на главната определба на градските власти оваа есен, при што напомена дека ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни садници на повеќе локации низ градот, со цел да се надомести изгубеното зеленило уништено од доскорешната прекумерна урбанизација на повеќе локации низ Градот.Повеќе на следниот линк:

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Украдена „мазда“ од паркинг во Карпош

Вчера во 08.40 часот во СВР Скопје, Ж.П.И.(47) од Скопје пријавил дека во периодот од 21.00 часот на 02.12.2018 до 07.30 на 03.12.2018 година од паркинг простор на улица „Братфордска“ му било одземено неговото возило „Мазда“ со скопски регистерски ознаки.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

dzferi

Распит во Обвинителство за изборот на претседател на Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска беше на распит во обвинителството. Распитот е по повод кривичната пријава поднесена од битолско граѓанско здружение, кое што тврди дека Џафери бил нелегитимно избран за претседател на Собранието, објави фокус.мк.-Како секој граѓанин на Република Македонија така и јас се одзвав на поканата да дадам исказ. Не е мој опсег на размислување, здружението може да каже што сака – изјави Џафери.На распит се појавија и пратениците Ферид Мухиќ и Горан Мисовски. По излегувањето од Обвинителство, Мисовски изјави за медиумите дека Џафери бил избран за претседател по легален пат и дека зад здружението стои една политичка партија.Инаку, кривичната пријава е поднесена против сите пратеници кои гласаа за изборот на Џафери.извор: фокус.мк

пред 7 години

soobrakajka-1

Вчера во Скопје 8 сообраќајни незгоди - една со тешки телесни повреди

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и две со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 28 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување и тројца возачи поради непоседување на зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 86 мандатни платни налози и 47 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

kocka-2

Осумгодишниот Ѓорѓи од Скопје, руши рекорди: „Ми требаат 2 секунди да ја решам Рубиковата коцка!“

Тој има само 8 години, освоени три златни и еден сребрен медал, а има срушено дури 20 рекорди - Ѓорѓи Чешмеџиевски, македонскиот рекордер во решавање Рубикови коцки, за Hastag.mk ги откри тајните на ова навистина интересно хоби, објави hashtag.mk.# Какво е чувството е да си биде шампион на првиот Меѓународен натпревар во брзо решавање Рубикови коцки одржан во Македонија и тоа на само 8 години?Одлично! На натпреварот ми беше прв пат да освојам прво место во мојата омилена категорија што се вика Skewb (скјуб).# Раскажи ни нешто повеќе за овој натпревар на кој неодамна учествуваше, кој беше организатор и од каде идејата да се пријавиш?Организатор на натпреварот беше еден батко Александар Арсовски, а татко ми му помагаше. Идејата да се пријавам ми дојде од другите држави кои направиле натпревари, само Македонија немаше ваков натпревар. По натпреварот во Македонија имаше еден натпревар и во Косово и таму учествував. Исто така учествував и на натпреварите и во Бугарија и во Албанија.# Реткост е деца на твоја возраст да имаат толкаво трпение и да држат во рака нешто што не е мобилен телефон или таблет и „нема Интернет“, па од каде љубовта кај тебе кон Рубиковата коцка?Ха-ха- ха! Љубовта е дека таа се врти и се врти и се врти...и дека ти дава притисок. Им дава притисок на тие што не знаат да ја местат. Мене не ми дава притисок - ми дава мотивација.# Ќе им откриеш ли на оние што не знаат, колку секунди ти се потребни за да ја наместиш коцката?Ми требаат 12 секунди за 3х3 коцка, за скјуб 2.89 секунди, за 2х2 е 2.2 секунди, за 4х4 ми е 53 секунди, а за пирамида 4.25 секунди. Во скјуб сум рекордер во Македонија...јеееее....# На колку натпревари си учествувал досега и што сè си освоил?Сум учествуввал на многу натпревари, во Албанија, два пати во Бугарија, во Македонија и во Косово. Сум освоил три златни медали и еден сребрен, а сум срушил ехеј дури 20 македонски рекорди. Тоа е многу, знаеш нели...#Имаш ли трема пред натпреварите?Не знам ама мислам не...ха-ха-ха!# Што правиш во слободно време, се занимаваш ли со нешто друго освен со местењето Рубикова коцка?Во слободно време одам на карате во клубот „Кизаме“, понекогаш на пливање и член сум во Извидничкиот одред „Методи Митевски – Брицо“.# Колку време во текот на денот ја држиш во раце Рубиковата коцка?Па, сигурно по еден час, час и половина, а некогаш и по два.# Како реагираат твоите другарчиња на тоа дека ти имаш малку поинаква занимација од нивната, наместо мобилен телефон или таблет во рацете држиш коцка?Другарите ме прашуваат како може една коцка да биде спорт ,ха-ха-ха, инаку сите мои другари многу се вљубени во ајфон икс ес.# Кое одделение си и каде учиш?Јас сум трето одделение во училиштето „Кузман Јосифовски - Питу“ во Скопје.# Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?Сакам да бидам кјубер и учител по карате.# Имаш ли некој совет за оние што сакаат да научат како да решаваат Рубикови коцки?Сакам на сите деца да им кажам дека ако сакаат може да научат да местат Рубикови коцки, и дека може да бараат видеа на youtube. На почеток ако се лутиш и не ти оди можеш да ја оставиш коцката на некој ден и потоа пак да се обидеш и тогаш сигурно ќе ти оди добро.извор:hashtag.mk

Скопје | пред 7 години

sredba-kultura

Потврдена одличната културна соработка со Турција, Црна Гора и со Словенија, министерот во Турција

Mинистерот за култура Асаф Адеми денеска во рамките на Третата светска конференција за туризам и култура која се одржува во Истанбул, Турција, оствари билатерални работни средби со свои колеги од регионот, меѓу кои и со турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, со министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ, како и со државниот секретар во словенечкото Министерство за култура, Јанс Шкоберне.На средбата со турскиот министер за култура и туризам, министерот Адеми упати благодарност за топлото гостопримство и честитки за одличната организација на Третата светска конференција за туризам и култура на која беа споделени значајни искуства на земјите-учеснички од сферата на културата и нејзината поврзаност со туризмот.Соговорниците изразија задоволство од досегашните односи меѓу Република Македонија и Република Турција кои ги карактеризира дух на пријателство и традиција, како и постојани заложби на двете страни за нивно унапредување. Во таа насока, двајцата министри за култура се согласија дека на двете страни постои сериозна подготвеност за реализација на уште многу проекти кои ќе ја интензивираат соработката во областа на културата.Двајцата соговорници изразија уверување дека наскоро ќе се потпише и новата програма за културна соработка меѓу Министерствата за култура во двете земји, а се осврнаа и на актуелните прашања кои се однесуваат на културните центри во двете земји, како и активностите кои се поврзани со нивното отворање.Беше нагласена и одличната соработка со Турската агенција за соработка и координација со чија поддршка беа реализирани голем број проекти. Меѓу другите проекти, беа напомнати и редовното претставување на Република Македонија на Саемот на книгата во Истанбул, преводот на дела од неколку македонски значајни автори на турски јазик преку Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици што го реализира Министерството за култура и други проекти од дејностите од областа на културата.Министерот Адеми, на крајот заблагодарувајќи се за гостопримството, упати покана до својот турски колега да ја посети Република Македонија следната година на 5-тата јубилејна Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.Во рамките на престојот во Истанбул, министерот за култура Асаф Адеми оствари работна средба и со министерот за култура на Црна Гора Александар Богдановиќ, на која беше изразена подготвеност во наредниот период да се интензивираат соработката и размената на проекти во двете земји.На средбата беше нагласено дека Република Македонија и Црна Гора досега имаат реализирано успешна соработка на полето на културата во сите дејности од областа на културата, а голем е бројот на македонските уметници кои успешно се претставиле во оваа земја. Двајцата соговорници подвлекоа дека двете држави остваруваат одлична соработка и во рамките на еминентните меѓународни организации, како што се: Форумот за словенски култури, Советот на министри од Југоисточна Европа, УНЕСКО. Беше нагласена и соработката која се негува во рамките на меѓународната мрежа „Традуки“, програмата на Европската Унија „Креативна Европа“, а стана збор и околу Договорот за соработка со календар на активности во 2019 година.Беше истакнато дека потпишување на Програмата за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Црна Гора, овозможува интензивирање на соработката меѓу институциите од областа на културата.Министерот за култура Адеми, во рамките на Конференцијата во Истанбул, оствари билатерална средба и со државниот секретар во словенечкото Министерство за култура, Јанс Шкоберне. На средбата, министерот за култура Адеми нагласи дека Република Македонија и Република Словенија традиционално негуваат одлични културни релации, а оваа земја е наш голем пријател и поддржувач во евроинтегративните процеси, за што упати уверување дека оваа поддршка ќе продолжи и во наредниот период.Двајцата соговорници се договорија за поинтензивна размена на културни програми помеѓу институциите во двете земји, како и поинтензивна соработка помеѓу националните филхармониски оркестри во Македонија и Словенија, со потпишување на билатерални договори, кои би овозможиле заеднички концерти, размена на диригенти, уметници и сл.На средбата беше истакната и важноста од соработката помеѓу двете земји на мултилатерален план, а освен соработката во рамките на Форумот за словенски култури, во Советот на министри од Југоисточна Европа, се реализираат и заеднички проекти во рамките на соработката со УНЕСКО.Во насока на позначајна презентација на македонската култура во Словенија, на средбата беше разговарано и околу можноста да се основа и Културно-информативен центар во оваа земја.Во наредниот период се очекува да биде потпишан и нов билатерален документ помеѓу Република Македонија и Република Словенија кој ќе претставува правна рамка за соработка помеѓу институциите во двете земји.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е канцерот на македонскиот здравствен систем

Здравствениот систем од ден во ден се повеќе се распаѓа. Неспособноста на министерот излегува на виделина. Филипче е канцерот на македонскиот здравствен систем, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.– Филипче одлучи да ги префрла Детската кардиохирургија во приватна клиника и трансплантацијата на органи во приватни болници како да се од татко му. Филипче наместо да инвестира во јавното здравство за да се задржат лекарите во Македонија, тој решава да полни џебови на одредени поединци. Самиот министер и СДСМ со оваа одлука ги отворија вратите на нашите млади лекари на големо да си заминуваат од земјата, се наведува во партиското соопштение.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека сето ова претставува уништување на се што е создадено во здравствениот систем.-Министерот склучува договори во четири очи, се распаѓаат болниците, недоволно се обезбедуваат лекови за луѓето со ретки болести, едноставно со еден збор тој спроведе само еден проект „распад на здравствениот систем“. Ова е доволно да се согледа неспособноста на Филипче како министер и на владата која ја води аболицираниот Заев. Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија и опстојува повеќе од година ипол. Граѓаните со својот глас ќе стават крај на црнилото и на ракот на здравствениот систем, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 7 години

venko-filipce

Филипче: 43.000 хронично болни ќе добијат маски против аерозагадувањето

Вкупно 43.000 хронично болни ќе добијат маски за заштита поради енормно високото аерозагадувањето. Покрај болните министерот смета дека маски треба да добијат и децата, затоа што и тие спаѓаат во ризична група. Филипче најави дека ќе настојуваат што побргу да се најде решение и да им се поделат маските на хронично болните и на децата.„Извлековме податоци дека имаме 43.000 хронично болни, а бројката на деца за кои се потребни маски се уште се утврдува. Сега бараме начин како да им ги поделиме маските. Со Министерството за животна средина веќе утврдивме дека маските не го решаваат проблемот, но сепак се некаква форма на заштита“, вели министерот за здравство Филипче.Инаку синоќа Македонија беше четврта најзагадена земја во светот, а аеродагадувањето беше и 11 пати над дозволеното.

Скопје | пред 7 години

GEF

Експертски состанок на земјите од регионот, се дискутира за проблемите во Дримскиот басен

Од денес во Атина, се одржува работен состанок на експерти од Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Грција, се дискутура за проблемите во Дримскиот басен. Експертите анализираат за причинско последичните врски на проблемите во Дримскиот басен и суб басените на езерата Охридско, Преспанско и Скадарско.„Целата анализа е контрибуција во изработката на Стратешкиот Акционен План за сливот на реката Дрим, што ќе биде документ кој државите ќе го преговараат во контекст на приоритетите за заштите и управување на целиот слив но и неговите под-сливови“, истакна националниот координатор на проектот, Дејан Пановски.Исто така ќе се утврдуваат причините за нарушувањето на квалиттеот на водите во басенот, нарушувањето на биодиверзитетот, варијабилноста на хидролошкиот режим и транспортот на седимент, но и ќе се утврдуваат и активности за реакција и спречување на причините.Состанокот е организиран и воден од страна на Глобалното партнерство за води – Медитеран кој е егзекутивен спроведуцач на ГЕФ Дримскиот Проект.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања