„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

plasica

Студенчишкиот канал ќе се проширува за да не дојде до помор на плашицата

„Студенчишкиот канал во Охрид ќе се продлабочува и проширува за повторно да не се случи помор на рибите во него, беше најавено вчера на вонредна седница на Градскиот совет на Охрид, на која се расправаше за последниот помор на плашицата, кога угинаа околу половина тон риби“,објави Сакам да кажам -сдк.мк.Советот побара од градоначалникот да се обрати до Министерството за екологија, со барање за преземање превентивни мерки и активности, за да се спречи поморот на плашица во иднина. Препорачано е Општина Охрид да побара информација од Хидробиолошкиот институт-Охрид, со цел добивање насоки за препорачани и дозволени флуктуации на нивото на езерото и за преземање конкретни мерки во оваа насока. Побарано е градоначалникот, во соработка со ЕЛЕМ Македонија, да покрене иницијатива за формирање работна група, која ќе даде писмени препораки за надминување на постојната состојба и за иницирање измени на постојната законска регулатива од оваа сфера.„Локалната самоуправа неколку дена пред да се случи угинувањето на околу 500 килограми плашица писмено ги предупреди надлежните институции да преземат мерки, а количините на угинатата риба беа намалени, бидејќи беа преземени низа активности, во кои беа вклучени „Водовод“ , „Нискоградба“ и „Охридски комуналец“, рече градоначалникот Јован Стојаноски.На 19 ноември, во Студенчишкиот канал поради низок водостој и недостаток на кислород угина половина тон охридска плашица. За да има повеќе вода, „Охридски водовод” ги исклучи пупмите кои црпеа вода за пиење од каптажата над Билјанини Извори и беше поставена пумпа која внесуваше кислород во каналот.Се проценува дека во каналот има околу 60 тони плашица, на која овој дел од брегот ѝ е природно зимувалиште.извор: СДК.МК

Македонија | пред 7 години

markoo

ЕКСКЛУЗИВНО - Повелбата Свети Климент Охридски годинава за херојот кој го преплива Охридското Езеро, Марко Пејчиноски

Повелбата „Свети Климент Охридски“ оваа година Град Охрид ќе ја додели на дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски кој иако е со здравствен проблем, успеа да го преплива Охридско Езеро од Свети Наум до пристаништето во ценатарот на Охрид.Марко годинава направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа во еден здив успеа да го преплива Охридското езеро.Највисоката градска награда „Свети Климент Охридкси Патрон на Охрид“ годианва ја добива познатиот писател Видое Видически.

Македонија | пред 7 години

Jane-Chento

Ќосето и Ченто се откажаа од давање своја одбрана за 27 април

Обвинетите Јане Ченто и Горанче Ангеловски познат како Ќосето се откажаа од давањето своја одбрана пред судот како обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок во упадот на Собранието, објави Фокус.Од давање исказ пред судот се откажа и обвинетиот Младен Додевски кој беше уапсен откако по него се трагаше со потерница.Судењето продолжува со исказ на Игор Југ кој не се откажа од давањето исказ пред судот.извор: Фокус.мк

пред 7 години

mickoski-fb

(ВИДЕО)Мицкоски:„Нови голи факти за лажење на Власта“

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски на својот ФБ Профил објави, како што пишува „Нови голи факти за безочното лажење на Власта, црното време и манипулациите кои се прават со здравјето на граѓаните“.Во постот Мицкоски пишува:„Октомври 2017-та година, Премиерот Заев ветуваше чист воздух затоа што како што самиот велеше "немало слобода и живот без чист воздух". 13 месеци подоцна иронично, но вистинито, заедно со однесената слобода и одземениот живот, нема почист, туку драстично загаден воздух. Аналогно на ваквата изјава, бидејќи воздухот е презагаден, денес сите ние, со премиер на државата Зоран Заев живееме во држава каде нема слобода и живот.Медиумите објавија дека Европската агенција за животна средина (ЕЕА) државава ја прогласи за најзагадена во Европа. Иако велеа дека имаат прецизен план реалноста покажува дека за цело време немале план, туку желба за манипулација и лажење. И сега кога овие ветувања се распрснуваат како меур од сапуница, сакаат да презентираат некакви мерки, кои всушност и не се делотворни мерки. Се фалат дека оделуваат ниски 1.5 милиони евра за намалување на загадувањето во неколку години, во исто време кога со ребалансот кратат милиони евра од гасификацијата која е приоритетен проект за намалување на загадувањето.Дека се демонстрираат популистички мерки, без волја за коренито решавање на проблемот со загадувањето со новите предложени законски измени со кој нема да се реши загадувањето, но ќе се врши етикетирање на автомобилите, со што ќе се изврши директна класна сегрегација на граѓаните, односно на побогати кои имаат понови автомобили кои не загадувале, и оние од другите категории чии автомобили загадувале. Сетоа ова наликува на класната сегрегација присутна во минатиот век во Варшавското гето, со таа разлика што оваа актуелна власт најверојатно ќе побара од сопствениците на автомобили да си ги платат ознаките, и веројатно по цена по добро разработениот бизнис кој станува заштитен знак за власта, односно 2 евра (за да има евро ваму, евро таму).И додека населението се труе од загадениот воздух и неподносливата неспособност на Владата, статистиката покажува дека над 1000 луѓе годишно умираат поради респираторни болести кои се последица на загадувањето. Не држат правдањата со броењето на денови, барање на одговори во минатото, оваа власт ветуваше живот и воздух, и оваа власт треба да го реши проблемот. Лагите за чист воздух на власта и нивната неспособност да најдат решение, граѓаните за жал ја плаќаат со своето здравје, а не ретко и со своите животи. Црно време за нашата земја. Овие црнила мора да се запрат додека не биде предоцна.П.С За ова, но и за се друго, поврзано со промената на името и Уставот, одземањето на достоинството, упропастената економија, сиромаштијата, зголемувањето на даноците, неспособноста, криминалот и корупцијата, протестираме за црнилата, Среда 5-ти Декември 2018та година, протестен марш во 17 часот од плоштад ВМРО до Влада на Република Македонија!“https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/206920860225916/

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Еди Марфи татко по десетти пат

Американскиот глумец, Еди Марфи(57), го доби своето десетто дете. Имено, на 30 ноември неговата сегашна партнерка, Пејџ Бачер(39), роди син, пренесува АП.Тие се во врска од 2012 година, а Марфи со австралискиот супер-модел има и двегодишна ќерка, Иззи.Другите деца на актерот се: 29-годишниот син Ерик со Полие МекНели; 28-годишната ќерка Брија, 25-годишната Мајлс Мичел, 23-годишната Шејн Аудра, 18-годишната Зола Иви и 16-годишната Бела Захра со поранешната сопруга Никол Мичел Марфи; 27-годишниот син Христијан со Тамара Худ; и 11-годишниот Ејнџел Ирис со Мел Б.

Магазин | пред 7 години

new-delhi

3,5 милиони долари казна за Њу Делхи поради загадување на воздухот

Индиската агенција за животна средина му изрече казна од 3,5 милиони долари на градот Њу Делхи поради тоа што не ги спроведува прописите за намалување на загадувањето на воздухот, објавија официјалните претставници денеска.Главниот град на Индија е меѓу најголемите градови во светот со најголема концентрација на смог.Секоја зима, главниот град е покриен со густа магла со концентрација на штетни честички што ја надминува границата повеќе од 30 пати. Се проценува дека секоја година 1,1 милион Индијци прерано умираат поради загадувањето на воздухот.Веб-страницата на Американската амбасада објави дека денес концентрацијата на честичките во воздухот е 290 – речиси 12 пати поголема од границата што е обележана од Светската здравствена организација како безбедна.

Свет | пред 7 години

NBRM

НБРМ и ЕЦБ склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Европската централна банка (ЕЦБ) склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата. Согласно со неговите одредби, соработката меѓу двете институции ќе биде насочена кон обезбедување ефективна размена на супервизорски информации, имајќи ја предвид домашната и меѓународната регулатива, вклучително и Основните принципи за ефикасна банкарска супервизија донесени од Базелскиот комитет.Склучувањето на овој меморандум е уште една потврда на посветеноста на НБРМ на одржувањето на стабилниот и сигурен банкарски систем. Како што е наведено и во самиот документ, соработката дефинирана со него е од суштинско значење за натамошното унапредување на интегритетот, стабилноста и ефикасноста во работењето на банките.Спроведувањето на неговите одредби ќе биде многу значајно и за остварувањето на определбата на НБРМ за постојано развивање на супервизијата во Република Македонија според најновите европски и меѓународни стандарди и препораки. Во услови кога дел од системски значајните банки во државава се во сопственост на банки под директна супервизорска надлежност на ЕЦБ, се очекува дека размената на информации за нив ќе придонесе за натамошно унапредување на супервизорската функција.Со иницирањето на овој многу значаен стратегиски документ, ЕЦБ ја вброи НБРМ меѓу централнобанкарските институции коишто ги смета за свои стратешки партнери во процесот на унапредување на супервизијата, а со тоа и во јакнењето на банкарските системи во Европа.Меморандумот за соработка во сферата на супервизијата е само еден од показателите за продлабочувањето на комуникацијата меѓу НБРМ и ЕЦБ во изминатиов период, што ќе продолжи и во иднина.

Македонија | пред 7 години

zagaduvanje

Македонија ја губи битката со загадениот воздух – смртните случаи во пораст

Се зголемува бројот на канцерогени и кардиоваскуларни болести, Македонија со сигурност за брзо време ќе стане лидер во светот на уште една непопуларна скала. И сето тоа се должи на загадениот воздух со кој граѓаните се трујат, а никој од функционерите во власта не одговара за тивкото убиство на сите граѓани. Кислород се помалку има, посебно во зимскиот период, што е главна причина за најсмртоносните болести во Македонија кои земаат замав, додека повиканите да се справат со овој проблем импровизираат и тактизираат купувајќи време.Штетните честички во воздухот во Македонија, според Информативниот центар за животна средина, биле најприсутни во 2012, извесно намалување имало во следните години, за во 2015 да повторно да почне нагло да се зголемува.Токму 2015 е годината во која според статистиката до која дојде Макфакс, Македонија станува четврта земја во светот по заболување од канцер на бели дробови кај мажи и жени, трета во светот по смртност од канцер на белите дробови и на високото второ место во Европа. Истата година најниска смртност од оваа болест имало во Нигерија, Танзанија и Нигер. Стручната медицинска јавност сугерира дека најголема причина за канцер на белите дробови е пушењето, но ако се погледне листата на земји со најмногу конзументи на цигари од 2015 година, ќе се види Македонија не е во првите дваесет. Тука се Грција, Индонезија, Латвија, Чиле, Кина, Русија, Франција, Турција, кои пак и покрај големиот број пушачи, не се на врвот на листата на канцер на белите дробови како што се најде Македонија.Дополнително, според истражувањето, 3,6 проценти во 2015 година во водечките причини за неспособност во Македонија се болестите на белите дробови, 12,2 проценти се срцеви болести. Во водечките причини за смрт во Македонија 4,6 проценти се белодробни заболувања, а 25,3 отсто срцеви заболувања. Во светски рамки овие статистики се далеку помали.Стапката на смртност во Македонија поради аерозагадување со ПМ-честички е 80,6, вели студијата на Global Burden of Disease Study од 2010 година. Извештајот на Светската банка говори за тоа дека 3,2 проценти од БДП се трошоци заради заболувања. Студијата на АРНЕСОМ говори за тоа дека со намалување на ПМ 2,5-честичките до граничната вредност на СЗО, ќе се добијат до 40 месеци очекувано траење на животот, а 775 животи годишно ќе бидат спасени во Скопје.Во 27 земји во Европската Унија во 2005 година проценето е дека ПМ 2,5-честичките предизвикале 494.000 предвремени смртни случаи главно поради кардиореспираторните болести. 57,5 отсто е стандардизирана стапка на смртност која му се припишува на аерозагадувањето. Базирано на наодите на многубројни епидемиолошки студии, докажана е силна асоцијација помеѓу арерозагадувањето со суспендирани ПМ-честички и кардиоваскуларен морбидитет, морталитет и болнички приеми.Постои силна асоцијација помеѓу зголемената смртност и краткорочните елевации на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките. Има зголемување нa дневната смртност за 0,4-1,0 отсто поради зголемувањето на ПМ 2,5 за 10-μg/m3, особено кардиоваскуларна смртност. Долготрајната изложеност на ПМ-честичките ја зголемува вкупната смртност во просек 6 отсто, а среднорочните експозиции се 4 отсто.Алармантноста за штетните последици од загадениот воздух и високиот процент на пм 10 честитките во комбинација со пм 2.5 честичките, сè помалку предизвикуваат вознемиреност кај населението во Македонија, но сè повеќе влијаат врз здравјето на граѓаните. Светската здравствена организација предупредува дека и умереното загадување на воздухот може да биде ризик-фактор за мозочен удар.Што е причината за загадувањето во Македонија?Според проценките од студијата на Светска банка во Македонија, 1.100 луѓе годишно умираат како последица на аерозагадувањето. Во 2016 година најзагадено било во ноември и декември, најмалку во јули и мај. Лани најзагадени градови биле Скопје, Куманово, Тетово и Битола.Јован Мазгански, физичар по професија, дел од Здружението „Екоскоп”, вели дека мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, а со тоа и превенција за нарушеното здравје на граѓаните не се преземаат бидејќи властите наместо да работат на проекти за намалување на аерозагадувањето, инвестирале во споменици.Повеќе им оди во прилог да направат еден споменик или една триумфална капија бидејќи таа ќе остане и ќе се знае кој ја направил, додека ако се посветат на загадениот воздух, тоа ќе биде заборавено. Според мене, најлошо е што ние имаме малку мерни станици. Од 13 станици, само на две места се мерат ПМ 2,5 честички, кои се поопасни затоа што најдлабоко продираат во белите дробови, додека поголемите честички остануваат во погорните дишни патишта и можат да се исфрлат со кашлање. Статистиките за 2016 се поразителни. Во Тетово, граѓаните дишеле загаден воздух 302 дена. Во Центар, 147 денови ПМ 10 честичките биле над дозволеното, во Карпош 145, во Гази Баба вкупно 177 денови, Лисиче 161, што значи, повеќе од половина од 2016 година било загадено над дозволеното.Есента од Министерството за животна средина и просторно планирање направија истражување и на прво место како загадувач го ставија огревот на дрва. Прашувам зашто среде лето, на пример јули, статистиките повторно покажуваат дека воздухот е загаден? Ние не знаеме од каде доаѓа загадувањето. Предложив, ако треба, да ми дадат четири инструменти, без пари би анализирал за да откријам од каде доаѓа загадувањето и што е предизвикувач. Но, тие замолчеа. Кога е воздухот во прашање, не се презема речиси ништо. Со Светската здравствена организација направивме проект за здравје и екологија до 2030 година. Го предовме во Влада, тие нè пофалија, но не дадоа пари“, вели Мазгански.Тетово и Скопје најазагадени градовиСпоред анализите на Светска банка, загадувањето со штетните честички го чинело македонскиот буџет околу 253 милиони евра. Огромната сума што граѓаните ја плаќаат како последица од загадениот воздух е резултат на огромниот број случаи на прерана смрт и за набавка на лекови. Тетово беше на врвот од листата на „Гардијан“ како најзагаден град во светот. Кога е во прашање Европа, Тетово и Скопје се меѓу првите три според загаденоста на воздухот, а меѓу првите десет е и Битола.Невладината организација „Еко герила“, која работи на оваа тематика, направи стотици истражувања со цел тетовци да дишат чист воздух. Целта делумно ја постигнаа.-Во текот на 2016, кога комбинатот Југохром не работеше, а споредбено со истиот период во 2015 година, Тетово беше 40 до 50 проценти помалку загадено. Најголема разлика е воочена во Тетово, каде што загадувањето на годишно ниво од просечната вредност од 140 до 150 микрограми на кубен метар, за првпат е намалено на 97, иако Југохром не работел само 4 месеци од годината. Намалување на загаденоста е регистрирано и во Кичево, каде РЕК Осломеј работел само 40 дена во текот на 2016 година. Бројот на малигните заболувања во Македонија последниве години достигнува огромен пораст. Ниту еден интерес не е поважен од здравјето на стотиците илјади жители кои се принудени секој ден да вдишуваат 30 тони прав од Југохром во воздухот. Во 2016 година во Тетово чист воздух се дишел само 68 дена“, велат од „Еко герила“.„60 Стајковци“ се случуваат поради загадениот воздухСпоред светските статистики, во деновите кога штетните честики се зголемени, ризикот за исхемичен мозочен удар е зголемен за 34 проценти. Освен врз мозокот, загадениот воздух има ефект и врз работата на срцето и белите дробови, а поврзан е и со дијабетесот. Во Македонија, 25 проценти од смртните случаи од срце и мозочни удари, како и 4,6 проценти од рак на белите дробови се од аерозагадувањето, пишува во анализите на Институтот за јавно здравје. Според истите студии, ако загадувањето е намалено, животот на овие болни би се продолжил за две ипол години.Институциите си играат пинг-понг, никако не можеме да дојдеме до решението. Кога во Карпош беше измерен 20 пати позагаден воздух од дозволеното, решението беше два дена бесплатен превоз, вака состојбите ги објаснува екоактивистката Мерима Ебип од „Скопје смог аларам“, која, вели дека во Македонија речиси не се дише, а респираторните и белодробните болести царуваат.„Во последниве две години она што го гледаме како податок е дека има околу 1350 смртни случаи како последица на загадениот воздух, или четворица мртви секој ден. Според Институтот за јавно здравје, секое второ дете кое ќе побара лекарска помош страда од респираторни болести, кои најчесто се предизвикани од загадениот воздух. Последната статистика што јас ја добив е поврзана со случувањата во Стајковци, каде, за жал, се случи една голема катастрофа и загубивме 21 човечки живот. Е, сега, како ќе ви звучи ако ви кажам дека „60 Стајковци“ се случуваат во Македонија поради смогот?! Поразителни се фактите дека Македонија се наоѓа на петто место по квалитет на лош воздух во Европа, поразително е тоа што Тетово, Скопје, заедно со општините се убијци на народот, а тоа го гледаме и по зголемените бројки на карцином и малигни заболувања. Пред неколку години имаше статистика и за Пелагонискиот Регион, каде можело да се види зголемување на бројките кога се во прашање малигните заболувања кај деца. Негрижата за животната средина и здравјето на луѓето не е политика туку криминал. Ако функционерите не се грижат за животот на граѓаните, тогаш зошто се одговорни за нас? Тие две работи по дифолт одат заедно“, вели Ебип.Како екоактивистка, вели дека посакува таа и нејзиното дете да дишат здраво. Свесни се дека во летниот период оваа тема не е актуелна, освен за идните градоначалници. Претставници од невладината организација „Скопје смог аларм“ биле повикани да ги дадат своите предлози за подобрување на амбиеталниот воздух и здравјето на граѓаните. Воведувањето забрани за хронично болните, додека не се среди состојбата со воздухот, е мерка која веќе одамна требала да биде спроведена, бидејќи тие се изложени на најголем ризик. Гасификацијата е една од најсуштинските мерки кои со сигурност ќе го подобри животот на граѓаните кога е во прашање здравјето, но тоа остана ветување од претходната, а засега и од актуелната власт. Последниот рок за гасификација е во 2018 година за бројките кои ги презентираат ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките да бидат намалени.Според статистиките, бројот на загадени денови расте паралелно со бројот на малигни и респираторни заболувања, но и со смртните случаи. За оваа „еколошка трагедија“ се зборува постојано, а се заборава во летото. Бројките се поразителни, но за време на летото и власта молчи. Невладините организации се согласуваат дека Владата инвестирала во работи кои се убави за очите, но поразителни за здравјето.Последици од аеро-загадувањето може да бидат прерана смрт, смрт како последица на дишење воздух со премногу честички, проблеми со дишењето но и астмата, болки при дишењето, хроничен бронхитис, намалена функција на белите дробови, зголемување на ризикот од срцев удар, заболување од рак но и ризик од аномалии кај новороденчиња. Македонија статистиките за смртните случаеви, последица од штетните честички во воздухот ги добива со задоцнување од година ипол.Ако во светот загадениот воздух е четврта причина за смртност, во Македонија таа е на шестото место. Аерозагадувањето придонесува за 4,3 милиони предвремени смртни случаи.Економската штета на ниво на Унијата е речиси 330-940 милијарди евра. Најмногу од сите смртни случаи се карциномите – 8,2 милиони: карцином на белите дробови – 1,59 милиона, карциноми на црниот дроб – 745.000, на желудникот – 723.000, колоректалниот карцином – 694.000, на дојката – 521.000, езофагеалниот карцином – 400.000.

Скопје | пред 7 години

mob

МОБ со операта „Севилскиот бербер“ гостува во Стара Загора

Македонската опера и балет денеска ќе ја изведе операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини во рамки на 49. издание на Фестивалот на оперската и балетска уметност во Стара Загора. Гостувањето на МОБ е на покана од Државната опера од Стара Загора.Првото издание на Фестивалот се одржало во 1967 година под името Декемвриски музички денови, а иницијатор бил Маестро Димитар Димитров. На фестивалската сцена гостувале истакнати оперски и балетски имиња, како и европски оперски и балетски театри. Со учеството на Македонската опера и балет во 2015 година и уште 12 оперски театри од регионот е создадена таканаречена Балканска оперска мрежа, со цел да се активира соработката меѓу различни организации во музичко – сценката уметност.Во операта „Севилскиот бербер“ ќе настапат Марјан Јованоски во улогата на Фигаро, Билјана Јосифов во улогата на Розина, Благој Нацоски (Гроф Алмавива), Владимир Саздовски (Дон Базилио), Невен Сиљановски (Дон Бартоло), Злата Тошевска (Берта), Кристијан Антовски (Фиорело), Саша Смилевски (Амброзио) и Борко Биџовски во улогата на Камениот човек. Диригент ќе биде Иван Еминовиќ, режисер Урсула Хорнер од Австрија, сценографијата е на Марија Ветеровска, а за костимите е задолжена Марија Пупучевска.МИА

Скопје | пред 7 години

paris

(Видео) Париз демолиран

Најмалку три лица загинаа, а стотина се повредени од 17 ноември кога почнаа протестите на „жолтите елеци“ во Франција против зголемувањето на горивата.Последни кои се придружија на протестите се вработените во Брзата помош. Францускиот премиер, Едуар Филип, вчера имаше средба со политичките ривали во обид да го намали гневот кај граѓаните по насилните протести и демолирањето низ улиците во Париз.Вчера учесниците на протестот се обидоа да стигнат до Парламентот, но беа спречени од полицијата.Францускиот претседател, Емануел Макрон, вчера одржа итна седница за безбедност и не ја исклучи можноста од воведување на вонредна состојба во земјата.

Свет | пред 7 години

vucic-gruevski

Вучиќ: Ќе бевме најдобри на светот ако го уапсевме Груевски без потерница

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето вечерашно обраќање пред јавноста, меѓу другото се осврна и на бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски преку Србија.Тој истакна дека „некому би му биле сигурно најдобри на светот доколку кажевме дека сме виновни што не го уапсивме поранешниот македонски премиер, а веројатно требаше да го уапсиме без потерница, која е издадена 48 часови откако ја напуштил земјата“.Вучиќ нагласи дека Србија ги почитува правните норми и затоа „на многумина сме им виновни“. 

Свет | пред 7 години

gruevski-orban

Протест против Орбан во Загреб: Депортирајте го него, а не мигрантите

Група демонстранти го пречекаа унгарскиот премиер, Виктор Орбан, пред хотелот „Еспланаде“ во Загреб, каде се одржува самитот на Централноевропската иницијатива, во кој учествуваат премиерите на Унгарија, Албанија, Словенија, Македонија и Романија.На протестот беа истакнати транспаренти на кои пишуваше: „Депортирајте го Орбан, а не мигрантите“ и „Смрди на фашизам“. Во протестот учествуваа Ценарот за мировни студии и иницијативата „Добродојдовте“, пишува Фокус.-Сакаме Европа и ЕУ во која подеднакво важат сите човекови права и подеднакво се применува владеењето на правото, во која нема црни оази како Унгарија, во која овие вредности се загрозени – изјавија демонстрантите.Од вкупно 18 членки на ЦЕИ, во Загреб пристигнаа петмина премиери. Останатите членки ги претставуваат амбасадори и делегации.

Свет | пред 7 години

deca-autizam-zagaden-vozduh

И утрово дишеме отрови

Мерните станици за квалитет на воздух на Министерството за животна средина и утрово регистираа до петпати поголемо загадување. Најалармантнот со многу високо ниво на загадување со ПМ10 честички има во скопските населби Центар -238, Карпош-188 и кај Ректоратот.-208, пишува Нова ТВ.Речиси да нема град во земјава каде нивото на загадување е на дозволената граница. Високо ниво на загадување има Миладиновци, Бутел 170, во Битола, Кичево, Тетово 150, Струмица, Кавадарци 151 и Куманово.Ситуацијата беше уште поалармантна вчеравечер и во текот на ноќта, кога на апликацијата „Мој воздух“ на повеќе мерни места беше регистрирана загаденоист и до 11 пати повискоа од максимално дозволената граница.Во Лисиче и Аеродром, каде загадувањето со години наназад е најголемо, а тоа е забележливо и преку воздухот кој смрди на запалена гума и пластика, мерната станица не работи.На  веб-страницата World’s air pollution, Македонија се најде на четвртото место во светот според загаденоста со индекс од 484, а пред нас Кина, Австралија, Индија и Турција.Од Министерството за здравство вчера изјавија дека нема да воведат вонредни мерки, и најавија дека ќе се обезбедуваат маски за ризичните групи граѓани. 

Македонија | пред 7 години

DETSKA-BOLNICA

Детската клиника над милион денари ќе плати за мобилни телефони, во август немаше средства за хигиена

Детската клиника во склоп на Клинички центар распиша тендер за набавка на минимум 125 мобилни линии, 3 фиксни линии и еден говорен канал со два приклучоци за интернет. За оваа намена од детската клиника ќе се одлеат 1.800.000 денари. Според спецификацијата една од претплатите на која ќе бидат приклучени две телефонски линии треба да биде од 1.360 денари а да следува 15 гига бесплатен интернет, неограничени СДС пораки, 50 минути за роаминг повици, 150 беплатни минути за роаминг.Девет претплатнички линии ќе имаат претплата од 830 денари, а за други 32 претплатници ќе се плаќапо 625 денари. Останатите тарифни модели се со месечна претплата од под 400 денари.“Цена на месечна претплата за симетричен интернет приклучок не смее да биде повисока од 4.700 денари без вклучен ДДВ. Во рамките на месечната претплата да се вклучени: - 1400GB интернет сообраќај,Брзината на пренос на податоци да биде загарантирана со капацитет до 90 Mbps/90 Mbps (download/upload). Понудувачот треба да има корисничка поддршка од 24/7 на бесплатен телефонски број. По надминување на бесплатниот интернет сообраќај вклучен во месечната претплата  цената за дополнителн GB  да не биде повисока од 4,9 денари без ДДВ, додека брзината да падне до 2/2Mbps“, пишува во спецификацијата.Во август годинава, Детската клиника беше без антибактериски сапун, без медицински ракавици и други основни средства за хигиена. Тогаш, родители чии деца се сместени на клиниката тврдеа дека вработените буквално импровизираат со цел да обезбедат нормални услови за болните деца. Освен овие секојдневни проблеми низ кои минуваат вработените и пациентите на Детската клиника, пред извесно време инцидент со опремата на клиниката сериозно го нарушил нејзиното функционирање и ги вознемирил сите кои биле сведоци на случката.

Скопје | пред 7 години

kuce-bus

ЕМОТИВНО: Кучето на Буш, лабрадорот Сали лежи покрај ковчегот

Телото на поранешниот претседател Џорџ Х. В. Буш до среда ќе биде изложено во националниот Капитол. Буш ќе добие државничка почест во среда во Националната катедрала во Вашингтон, а ќе биде погребан во четврток, кај Претседателската библиотека во Тексас.Емотивн слика е објавена. Имено 2 годишниот лабрадор Сали, придружник на Џорџ Буш - постариот, не се поместува од ковчегот на бившиот претседател. Сали, кој беше со него до неговиот последен здив, леташе со ковчегот во авионот од Тексас до Вашингтон, каде што ќе биде погребалната церемонија.Кучето е именувано по легендарниот пилот Челзи Саленбергер, кој пред неколку години слета патнички авион со 155 патници на реката Хадсон во Њујорк, без никој да биде повреден.Инаку според најавите капитолот ќе биде отворен за државници и за јавноста до среда, а посетителите ќе можат да минуваат покрај ковчегот на Буш. Тој почина во Тексас, каде што живееше, доцна во петокот, на 94 години, по неколку години слабо здравје.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања