„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

cei

Премиерот Заев денеска на Самит на ЦЕИ во Загреб

Во Загреб денеска се одржува работниот дел од средбата на лидерите на 18-те земји членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).Самитот официјално започна синоќа со свечена вечера за учесниците на собирот, меѓу кои е и македонскиот премиер Зоран Заев.Како што јавија хрватските медиуми, покрај највисоките претставници на хрватските власти, учесниците на Самитот пред хотелот „Еспланада“, во кој се одржа вечерата, ги пречекаа и група демонстранти, кои протестираа против учеството на унгарскиот премиер Виктор Орбан на собирот.Демонстрантите носеа транспаренти „ХДЗ – прва линија на Орбан“, „Депортирајте го Орбан, а не бегалците“ и „Смрди на фашизам“.Организатори на протестите беа Центарот за мировни студии, иницијативата „Добредојдовте“ и невладината организација Граѓаните организирано го надгледуваат гласањето (ГОНГ).Инаку, на денешниот дел од Самиот на ЦЕИ, покрај лидерите на земјите членки на Организацијата или нивни претставници, ќе учествува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.ЦЕИ е основана во 1989 година во Будимпешта, а нејзини сегашни членки се Австрија, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Македонија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Украина, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и Чешка.

Свет | пред 7 години

sv-bogorodica

Денеска се празнува Пречиста Богородица

Воведение во Храмот на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте големи празници кои ги празнува Православната црква, познат и како Пречиста Богородица. Се празнува на 21 ноември, односно 4 декември по нов стил.Според Светото Предание, Пресвета Богородица била претставена во Ерусалимскиот Храм како мало тригодишно девојче од нејзините благочестиви родители, свети Јоаким и Ана, со цел да биде исполнет нивниот завет даден на Бога. Бидејќи за раѓањето и раниот живот на Богородица нема непосредни информации од книгите на Новиот Завет, најраниот извор на ова предание може да се лоцира во неканонското Протоеванелие според светиот апостол Јаков од вториот век. Во нејзина преидружба биле повикани девојчиња кои носеле свеќи во рацете, давајќи му посебно значење на самиот настан. Богородица се искачила по скалите, свечено пречекана од свештениците во храмот, предводени од Захарија, таткото на свети Јован Крстител, и била воведена во најсветиот дел од Храмот – Светињата на светиите. Таму живеела девет години, додека не била предадена на нејзиниот роднина, свети Јосиф Целомудрен, за да биде испочитуван Законот.Значењето на овој празник е многу сложно, но сепак – Црквата го гледа како празник кој го обележува крајот на физичкиот, материјален Ерусалимски Храм како место во кое пребива Бог, и почеток на Новиот Завет, каде преку Богородица, Несместивиот Христос е сместен во утробата на Пречистата.На овој начин, Пресвета Богородица се предава и посветува целосно на Бога и (подоцна) станува пребивалиште на Воплотениот Бог, мост кој ги поврзува небото и земјата – Бог и човекот; чекор пред обожувањето на човекот.

Македонија | пред 7 години

sudenje-27

Ексдиректорот на УБК Атанасовски барал да се фрлат боомби кај Шеќеринска и Шилегов дома, сведочеше обвинет од 27 април

Во 18.30 часот вечерва, обвинетиот за организираниот напад на Собранието на 27 април лани Захарие Симовски застана во Основниот суд Скопје 1 да ја дава својата одбрана на денешното рочиште. Симовски e меѓу 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок, а почна со тоа дека од 2015 му станал личен телохранител на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа за кого обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски во своја одбрана претходно кажаа дека во Собранието таа вечер на негов повик со него заедно влегле 10-темина притворени.„За време на предизборната кампања во 2016 година, од Нинџа добивавме наредба да бидеме втор обрач обезбедување на Никола Груевски. Одевме секаде на митинзи со Груевски. Нинџа ме имаше задолжено со пиштол од 2015 година, но никогаш не сум го употребил“, рече Симовски.И тој, како и браќата Младеновски, зборуваше за контактите со тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски, со избеганиот Никола Бошковски-Прскач, со Дејан Димковски-Боксер од Петтата управа и други. Зборуваше и тој за насоките од Нинџа да се фрлаат молотови коктели кон ДИК за време на протестите  на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016, но за среќа, рече, не дошло до тоа.„По 27 април, Владимир Атанасовски побара да се фрлат бомби во домовите на Петре Шилегов и на Радмила Шеќеринска, но и да му го запалиме автомобилот на Љубомир Фрчкоски. Јас им кажав дека кај Рада и кај Шилегов нема никој дома. Планот не се реализираше“, сведочеше Симовски.Кажа дека Атанасовски не бил задоволен од масовноста на протестот.Ексдиректор на УБК Владимир Атанасовски не е меѓу 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.„Нинџа им понудил на припадници на навивачката група Фемили од Аеродром, на Корка, син на покојниот Орце Коруновски и на Скеч, имињата не им ги знам, да донесат млади луѓе, но тие го одбиле. Затоа ги врбувал патриотските здруженија. Нинџа одеше и во кабинетот на Груевски. Мене во палатата на ВМРО-ДПМНЕ влез не ми дозволија“, рече Симовски.Повеќе на СДК.МК

Македонија | пред 7 години

police_457542992-1-1021x580

Албанец убиен во Грција затоа што го бранел нашето право да бидеме Македонци

Петрит Зифле, 63-годишен мигрант од Албанија што работел на фарма на островот Крф во Грција, убиен е од 44-годишен локален жител по расправа за името на Македонија во кафеана, пишува Лидер.На 25 ноември попладнето Зифле, познат меѓу мештаните како Петрос, се вмешал во гласното дебатирање на соседната маса, на која при аргументирањето за Македонија биле клеветени и расно навредувани сите негрци. Петрит возвратил, при што дошло до кошкање, за на крајот да бидат разделени, а жртвата си заминала од локалот испратена со пцости и закани од неговиот убиец.Подоцна членот или симпатизер на Златна зора му направил заседа на Зифле, го убил со ловџиска пушка и телото го фрлил во ендек покрај локалниот пат меѓу Драготина и Спартера, три километри од Лефкими, каде што се случило убиството. Таму и е најден трупот следното утро од локален жител што поминувал со автомобил.Полицијата за пет дена го расветлила настанот, откако попусто го пребарувала морското дно во близина во потрага по оружјето, но на вистинската трага ја одвело делче од пушката најдено на местото на злосторството. Сторителот го признал делото и е приведен.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ЦРВЕН АЛАРМ: Загадувањето десетици пати над дозволеното, воздухот штетен за дишење

Вчера вечер главниот град, а дури и на државно ниво Македонија, беа меѓу најзагадените во Европа. Истата состојба е и вечерва. Имено според мерните единици концентрација на ПМ10 честички на воздухот измерена денеска во 17 часот, во Кавадарци има неверојатни 359mg/m3 од дозволени 50mg/m3. Во Битола 284 mg/m3, во Струмица 256 mg/m3, во Куманово 255 mg/m3, Кичево 182 mg/m3.Оваа висока концентрација на ПМ10 честички на воздухот ги полни секојдневно клиниките низ целата држава со луѓе и деца кои имаат респираторни проблеми. Истовремено уште од август почнаа да се затвораат и исклучуваат мерните станици во најзагадените општини. За исклучените мерни единици во Лисиче, Гази Баба и Велес, локалната и централната власт си ја префрлаат топка еден на друг. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Скопје и вечерва во топ 10 најзагадени градови

Скопје, Софија и Приштина ја имаат „честа“ да бидат на врвот на листата на најзагадени градови во светот оваа вечер.Скопје се наоѓа на седмото место, Приштина на четвртото, а Софија на деветтото место според загаденоста, односно концентрација на ПМ10 честички во воздухот.

Скопје | пред 7 години

gjorge-ivanov-1

Иванов: Мојот советник не е вмешан во упадот на 27 април во Собранието

Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов попладнево реагираше во врска со исказот на обвинетиот Михаил Младеновски за случувањата од 27 април .Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов попладнево реагираше во врска со исказот на обвинетиот Михаил Младеновски за случувањата од 27 април дека советникот на претседателот Синиша Алексоски им кажал дека Иванов ќе прогласи воена состојба.– Давање на лажен исказ е кривично дело. И по не знаеме кој пат, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија ги отфрла искажаните лаги, измислени настани и непостоечка комуникација за вмешување на советникот Синиша Алексоски во случајот од 27-ми април, се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka1-1

Додека се разминувал со камион му паднале шипки на глава и починал

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на местото на несреќата во која едно лице им подлегна на повредите.Несреќата се случила денеска околу 13 часот во Гостивар помеѓу ПМВ со кое управувал четириесет и осум годишен гостиварец и ТМВ со кое се пренесувале градежни материјали, управувано од педесет и осум годишен жител на Гостивар. Во моментот на разминување на двете возила, дошло до лизгање на арматурни шипки што не биле соодветно обезбедени, при што една од нив влегла низ прозорецот на автомобилот нанесувајќи му повреда во глава на сега починатото лице.Повредениот со возило на Брза помош е пренесен во Општата болница во Гостивар каде им подлегнал на повредите.Јавниот обвинител нареди обезбедување на снимки од околните камери, сообраќајно техничко вештачење на возилата, прибирање траги од лице место, како и анализа на крв и урина на возачот. Воедно e издадена и Наредба за обдукција на телото на починатиот.Возачот на ТМВ е задржан во ПС Гостивар.

Македонија | пред 7 години

karpos-2

Финансиска поддршка за лицата со попреченост во Карпош

Општина Карпош го одбележа 3 декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост. Локалната самоуправа организираше настан за лицата со посебни потреби кои живеат на територија на Карпош, при што се доделија финансиски средства во форма на еднократна парична помош.Градоначалникот Стефан Богоев ја акцентираше потребата од секојдневна и континуирана грижа за лицата со попреченост и нивно вклучување во сите сфери на живеење и работа.- Нашата цел е 365 дена во годината да работиме на унапредување на статусот на лицата со попреченост. Оваа недела, ќе активираме уште една сензорна соба за учениците со посебни потреби, во училиштето „Димо Хаџи Димов“, во Влае. Исто така, на минатата седница на Совет донесовме одлука за субвенционирање на локалите кои ќе вработуваат лица со посебни потреби. Потребна е системска и постојана поддршка, рече Богоев.Општина Карпош продолжува да работи на зголемена инклузија на овие лица во секојдневието. За таа цел, минатата недела се објави и едукативен прирачник во форма на приказна за учениците со Даунов синдром, при што автор на сликовницата е мајка на ученичка со истиот синдром од деветто одделение во ООУ „Јан Амос Коменски“.Локалната самоуправа поставува и пристапни рампи пред детските градинки, училишта и објекти за домување, со цел да се олесни пристапот и мобилноста на лицата со попреченост.Во знакот на еднаквоста и уривањето на бариерите, Карпош продолжува со сестрана грижа за сите свои сограѓани.

Скопје | пред 7 години

nogaceski

Општина Дебрца самостојно го реши проблемот со ученичкиот превоз

Со одлуката на општина Охрид превозот на учениците до средните училишта во Охрид да се врши со редовниот општински линиски превоз, почнувајќи од 01 Септември беше укината посебната линија Охрид-Мешеишта-Волино-Охрид. Согледувајќи дека тоа создаде голем проблем за уќениците од општина Дебрца, општината изнде начин самостојно да го реши проблемот за учениците од оваа општинаа.„Учениците беа приморани да чекаат речиси по два часа за превоз, а постапувајќи по оправданите барања на засегнатите ученици и родители , како општина Дебрца се заложивме да го решиме проблемот и постигнавме договор со превозниците Пупе Компани и Омега Експрес линијата повторно да се оддржува. Линијата повторно се активира од денес, 03.12.2018 година, во 19.30 часот и ќе се оддржува од понеделник – петок, во текот на траењето на учебната година“, вели првиот човек на општината Зоран Ногачески.

Македонија | пред 7 години

stefan

Божјата љубов чини скапо: МПЦ го оштети државниот буџет со 2,3 милиони евра!

Со продажбата на градежното земјиште наспроти „Холидеј ИН“ на МПЦ, Министерството за транспорт и врски го оштетило буџетот за повеќе од 2.3 милиони евра – покажува пазарната анализа за цената по која Министерствто го продало земјиштето на Македонската Православна Црква.На мрежата за продавање и купување „Пазар 3“, цената на еден квадрат земјиште на оваа локација чини скоро двојно поскапо од цената што МПЦ и ја платила на државата.Од МПЦ, за еден метар квадратен платиле 312 евра за квадрат, а на „Пазар 3“, цената на оваа локација е 577 евра за метар квадратен.Плац од 75,8 метри квадратни, се продава за 45.000 евра:Матемтиката вели дека за 9.000 квадратни метри – колку што изнесува целиот простор – МПЦ и нивниот деловен партнер заштедиле неверојатни 2,3 милиони евра, затоа што цената е далеку пониска од пазарната. Ова се пари кои во нормални услови би завршиле во Буџетот на Република Македонија.НОВА ТВ објави документи кои покажуваат дека ова земјиште претходно е проценето дека вреди 640 евра по метар квадратен. Вредноста од 640 евра ја утврдил проценител за имотот на МПЦ кој е на истата градежна парцела и тоа уште уште во 2010 година.Фирмата „Обновители“ во сопственост на Македонската православна црква која што нема вработени освен управител, свештеник од с. Кадино, 8 години не се занимавала со градежништво, е таа која што на сметката на Министерството за транспорт и врски уплатила 2,3 милиони евра. Нивниот бизнис партнер, Зоран Антиќ и фирмата М.Г. „Фешн“ дале само 500, 000 евра, за министерството да им продаде 9000 метри квадратни по цена од 312 евра, во 4 очи. Потпис на договорот удрил министерот Горан Сугаревски, кој обврзан со законот мора да продава по таа цена брифираат од неговиот кабинет.-Продажбата на државното земјиште со површина од 9.000 квадратни метри е направена според Законот за градежно земјиште по цена утврдена во Уредба донесена од Владата во 2016 година која важи за физички и за правни лица. При тоа е земена повисоката цена која е утврдена за деловен простор, а согласност за законитоста даде и државниот правобранител. – велат од Министерството.Извор:lider.mk

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Младеновски: Автомобилите на Шилегов и на Фрчковски требаше да се “дигнат во воздух”

Автомобилите на Петре Шилегов и Љубомир Фрчковски требало да бидат “дигнати во воздух”, непосредно по изборите во 2016 година. Оваа била идеја на високи функционери во УБК, кои имале акција за сузбивање на “државните непријатели”, објави Fokus.mk‘.Ова на денешното рочиште за “27 април” ‘го откри обвинетиот Михаил Младеновски, кој истакна дека упадот во Собранието бил организиран од УБК и од Александар Василевски Нинџа.Тој истакна и дека Никола Бошковски, вработен во УБК, му дал задача на Нинџа да ги следи обвинителите од СЈО и Кире Наумов, а се смислувале и други планови за справување со “државните непријатели”, според оцена на тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.“Идеја беше и во воздух да се дигнат автомобилите на Шилегов и на Фрчковски, но до тоа не дојде, рече Младеновски.извор:Fokus.mk

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Столтенберг: За случајот со Груевски, нека се договорат Скопје и Будимпешта

Случајот со поранешниот македонски премиер, Никола Груевски треба да биде решен помеѓу Скопје и Будимпешта, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој додаде дека Алијансата нема намера да се меша во расчистување на прашањето околу бегството на осудениот поранешен премиер.„Не е мое да коментирам за тоа, станува збор за прашање што се однесува меѓу Скопје и Будимпешта, а не кон НАТО“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес конференција во седиштето на НАТО во Брисел.„Не е мое да коментирам. Прашањето треба да го решат Будимпешта и Скопје“, нагласи Столтенберг запрашан за ставот на алијансата околу бегството на поранешниот премиер и засолништето што му беше дадено од земја членка на НАТО.Столтенберг во врска со членството на Македонија, нагласи дека НАТО е подготвен да го потпише пристапниот протокол со Македонија по имплементацијата на преспанскиот договор.

Скопје | пред 7 години

zagaduvanje

Наместо почист воздух, граѓаните ќе добијат специјални маски за надвор

Наместо почист воздух, граѓаните ќе добијат специјални маски за надвор. Здравствените власти ќе ги поделат и така ќе се борат против аерозагадувањето. Од Министерството за здравство не размислуваат за вонредни мерки, објави ТВ Телма.На Клиниката за детски болести викендов се јавиле пациенти најчесто со респираторни инфекции. Но, лекарите смируваат. Според нив, тоа е нормално во овој период.Мерните станици за квалитетот на воздухот во Лисиче и Гази Баба се уште не работат. Другите кои се во функција, викендов запишаа и до 300 микрограми ПМ10 честички во воздухот.Отровните честички земаат замав, а властите не се мобилизираат.Од Институтот за јавно здравје, надлежните за аерозагадувањето се на службени патувања и не даваат одговор дали досегашните мерки на властите дале некаков резултат.Загадениот воздух е најголема причина за предвремена смрт во речиси сите земји во Европа. Смртта на 1300 жители годишно во Македонија се поврзува со аерозагадувањето. Властите наместо да преземат итни и вонредни мерки, со загадувањето на воздухот се справуваат со вообичаените и секојдневни мерки.“На прашање дали здравствените власти и оваа година ќе даваат препораки наместо мерки – Филипче откри само дека од неговиот кабинет анализираат кои се ризични категории на граѓани.На детска клиника се уште не се исполнети сите болнички кревети. Пациентите ги лекуваат амбулантски, вели директорката Катерина Ставриќ. Според нејзе, нема простор за паника.Загадениот воздух може да предизвика мозочен удар, срцеви заболувања или рак на белите дробови. Смртоносни болести кои заедно со хроничните и акутни респираторни заболувања ги демнат луѓето.извор: ТВ ТЕЛМА

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Охридските советници на вонредна седницаа расправаа за помор на плашиците во Студенчишта

На вонредната седница на Советот на општина Охрид, што беше закажана на предлог на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се расправаше за состојбата со плашиците во каналот Студенчишта, по вонредните околности кои доведоа до помор на плашиците- мерки и активности кои се превзедоа и треба да се превземат.По расправата советниците едногласно ги донесоа следните заклучоци:-Се задолжува Градоначалникот на општина Охрид да се обрати до Министерството за екологија, со барање за превземање на превентивни мерки и активности со цел спречување на поморот на плашици во иднина;-Се задолжува Градоначалникот на општина Охрид да побара од ЈНУ Хидробиолошки институт Охрид информација со цел добивање насоки за препорачани и дозволени флуктуации на нивото на езерото и превземање на конкретни мерки во оваа насока;-Се задолжува Градоначалникот во соработка со ЕЛЕМ Македонија да покрене иницијатива за формирање работна група која ќе даде писмени препораки за надминување на постојната состојба и иницирање на измени на постојната законска регулатива од оваа сфера;-Се задолжува Градоначалникот согласно позитивните правни прописи да превземе мерки за добивање на дозвола за мелиоративен риболов од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;-Се препорачува на надлежните служби да извршат ископ, проширување и продлабочување на каналот Студенчишта.Градоначалникот Јован Стојаноски рече дека Локалната самоуправа неколку дена пред да се случи угинувањето на околу 500 килограми плашица писмено ги предупреди надлежните институции да преземат мерки, а количините на угинатата риба беше намалена бидејќи беа преземени низа активности во кои беа вклучени Јавните претпријатија „ Водовод“ , „ Нискоградба„ и „ Охридски комуналец“ .Според градоначалникот Стојаноски, вакви и слични незгоди нема да има по донесувањето на Планот за управување со Охридскиот регион , кој сега е во нацрт- верзија. Во планот прецизно ќе се регулираат обврските на сите субјекти кои се одговорни за долгорочно и ефикасно управување со природното и културното богатство на Охридскиот регион.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања