„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Нема фотографија

„Фактор“: Државата го менува и данокот на добивка, ќе има ли лути реакции?

Коморите, синдикатите, осигурителните компании се затечени од предложените измени на Законот за данокот на добивка. Се тврди дека не биле консултирани за измените кои ги прави Министерството за финансии. Од ресорното министерство ги поставија измените на електронскиот национален регистар на прописи и треба да се применуваат од следната година, анализира порталот Фактор.Според измените како што објави веќе Фактор, точно се определува како и колкав данок ќе плаќаат невладините организации, синдикатите, политичките партии, Црвениот крст. Практично законот сега ќе уредува дека и непрофитните организации стануваат даночни обврзници ако имаат приходи од стопанска дејност. Ова се прави, велат од Министерството за да не се создава нелојална конкуренција меѓу фирмите и непрофитните организации. Инаку има измени кои ги опфаќаат и осигурителните компании но и вработените кои имаат високи примања.Имено како што вели предлагачот, ќе како добивка ќе се смета и на неа ќе се пресметува данок на секоја заработка над одреден лимит од исплатен надомест за деловна успешност.„Поради постоењето на случаи на користење на законската можност за исплата на високи износи на вработените на име деловна успешеност на работодавачот, за која се плаќаат придонеси само до износот на највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите ( 16 просечни плати), како начин на пренесување на дел од добивката без да се плати данок, се оцени дека е потребно да се утврди лимит над кој исплатата на деловната успешност ќе има третман на непризнат расход за целите на утврдување на данокот на добивка, стои во измените.Фактор веќе објави дека во измените што сега се предлагаат стои дека здруженијата, партиите, верските заедници, религиозните групи, Црвениот крст, синдкиатите, коморите не се обврзници на данокот за заработките од членарини, доброволни прилози, донации, подароци. Сепак, добивката која е остварена од стопанска дејност е регулирано да се даночи. Стопанска дејност е на пример приходот од издавање на простории под закуп, ако вршат комерцијални обуки и слично.„Непрофитните организации коишто остваруваат приходи од вршење стопанска дејност во рамките на нивното непрофитно делување, заради избегнување на нелојална конкуренција со субјектите на кои добивката остварена од вршење стопанска дејност им се оданочува, стануваат обврзници за пресметување и плаќање на данокот на добивка, доколку вкупниот годишенприход од стопанската дејност е поголем од 2.500 евра во денарска противвредност, стои во предлог измените.Извор: ФАКТОР 

Македонија | пред 7 години

viktor-orban

Орбан доаѓа во Хрватска, издадено предупредување

Денеска и утре, во Загреб, се одржува самит на Средноевропската иницијатива (СЕИ) на кој на темата за безбедност и економија ќе разговараат шест премиери и други високи претставници.Во фокусот на состанокот е доаѓањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан со кого Хрватска има неколку отворени прашања.СЕИ е формиран во 1989 година во Будимпешта, а денеска членуваат Македонија, Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Хрватска, Италија, Унгарија, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија и Украина.Претседателството на СЕИ од Хрватска ќе го преземе Италија.

Свет | пред 7 години

opek-katar

Катар во јануари го напушта здружението на извозници на нафта - ќе се фокусирале на гас

Властите во Катар објавија дека оваа арапска земја во јануари ќе се повлече од Организацијата на земји извозници на нафта – ОПЕК.Оваа неочекувана вест беше објавена од страна на министерот за енергика на Катар, Мохамед бин Салех ел Сада, на денешната конференција во престолнината Доха.„Одлуката за повлекување ја рефлектира желбата на Катар да се фокусира на своите планови за развој и зголемување на производството на природен гас од 77 милиони тони годишно на 110 милиони тони во наредните години“, рече министерот на прес-конференцијата.Катар цели 57 години беше дел од ОПЕК. Тие со 2,6 милиони жители се најголемиот извозник на течен природен гас во светот, објави агенцијата „Танјуг“.

Свет | пред 7 години

soobrakajka-1

Сообраќајка кај Автокоманда - сообраќајот блокиран

На булеварот „Александар Македонски“ се случи втора сообраќајна несреќа денеска, поради што речиси цел ден е блокиран сообраќајот во овој дел од градот. Како што информираат од МВР во сообраќајката учествувале две возила, а се случила пред неполн час.Како што дознаваме од терен во делот од булеварот кој се наоѓа кај хотел „Континентал“ речиси и да е невозможно да се помине со возило. Сообраќајот е блокиран, а колоните со возила се протегаат и до автопат.Ова е втора сообраќајка на булеварот денеска, откако утринава исто така сообраќајот беше парализиран поради судир на два автомобили.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Ангелов до Младеновски: Ти благодарам што ја кажа вистината

Ти благодарам што собра храброст пред целиот македонски народ да ја кажеш вистината. Иако е малку задоцнето, сепак, благодарам, рече обвинетиот Горанчо Ангелов по сведочењето на обвинетиот Стефан Младеновски, во кое изнесе голем број информации за 27 април и начинот на кој УБК ја вршело организацијата.„Ќе се сложите со мене дека ние ‘идиотите’ од патриотските здруженија сме искористени од партија, од УБК, од сите буквално“, Ангелов го запраша Младеновски.На ова Младеновски одговори: „Дека сте кретени, е заклучок на Нинџа, сигурен сум дека сте злоупотребени од Нинџа и директорот на УБК, Владимир Атанасовски“.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Младеновски добивал инструкции од Нинџа за „27 април“

„Со Нинџа и неговите луѓе се среќавав на партиските собири заедно со мојот брат и ме запозна со лицето Прскач од УБК. На првиот ден од протестите пред ДИК, Нинџа не викна во кафиќ на кеј во Скопје. Кога пристигнав со мојот брат таму беше лицето Прскач, во тоа време началник или заменик-началник во петта управа. Нинџа ни кажа дека ако ДИК ги одбие приговорите на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се упадне во ДИК и да се фрли молотови коктели. Таму беа неговите луѓе, кои добар дел беа вработени во неговиот кафич или кладилницата“, раскажа денеска обвинетиот Стефан Младеновски, во Кривичниот суд денешното рочиште за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.Во деновите што следувале тој рече дека се гледале со Нинџа во кафулето „Аристократ“, а на средбите присуствувал и Владимир Атанасовски.„На 30 декември вечерта кога требаше ДУИ да одлучи дали ќе прави влада со ВМРО-ДПМНЕ, повторно бевме во штабот, во прес-центарот. Бевме јас, мојот брат, луѓето од УБК и Нинџа со неговите луѓе. Исто како денот на изборите, така и тогаш информациите до нас ги споделуваше Дејан Димовски – Боксерот. Кога стана извесно и дека ДУИ нема да прави влада со ВМРО-ДПМНЕ, ни беше кажано од Боксер дека Иванов нема шанси да го додели мандатот на Заев и дека доколку пробаат на сила да направат влада, ќе има војна. Набргу по тоа беше објавена тиранската платформа по што и почнаа протестите на ‘За заедничка Македонија’“, рече Младеновски пред судот.Тој наведе дека потоа почнале протестите и дека тој учествувал десетина пати со неговиот брат, но и со луѓе на Нинџа, посочувајќи дека за протестите имало логистичка поддршка од сите Комитети на ВМРО.Младеновски рече дека ќе се влегувало во Собрането кога СДСМ ќе формира Влада, дознал во февруари, кога ги викнал Нинџа. Таму имало луѓе од МВР и УБК.– На таа средба Прскач ни кажа дека државата ни е загрозена и треба да си ја одбраниме, дека тие ќе стојат зад нас и дека сите насоки ќе ги добивам од Нинџа. Нинџа кажуваше дека на тие протести ќе се следи кој е присутен и дали ќе има провокатори, раскажа Младеновски.Нагласи дека на протестите добиле наредба ако видат жена со плава коса да ја пријават кај него, бидејќи е од ЦИА.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Групата Камелеон годинава прославува 20 години успешна кариера

Охридската група Камелеон најавуваат голем концерт, во пресрет на празниците. Концертот ќе биде во чест на 20 годишнината од нивната успешна кариера.„Има многу бендови, но ретки се оние кои нивниот роден град, каде е и најтешко да се успее, ги примил како свои. Кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели. Годиниве наназад тие покажаа и докажаа дека може да се успее и со сопствена музика, може и со макотрпна работа, со откажување од многу, но не и од основните принципи на квалитетна музика, ноти и текстови, откинати длабоко од срцето, создадени од по некоја солза, од по некоја насмевка на убава девојка, од поддршката на пријателот, од убавините на Охрид, кој толку силно ги гушнал и ги примил во своите прегратки“, порачуваат организаторите.

Магазин | пред 7 години

centr-1

Санкционирани прекршители на одлуката за доставување на стока на подрачјето на општина Центар

Градот Скопје повторно апелира до стопанските субјекти да ја почитуваат забраната за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.Утринава, во соработка со МВР, биле санкциони неколку прекршувачи на одлуката за доставување на стока на подрачјето на општина Центар.Со оваа одлука, донесена од Советот на Oпштина Центар и од Советот на Град Скопје, сите доставувачи на стока имаат забрана за доставување во периодот од 7:30 наутро до 18:00 часот.„Им порачувам на доставувачите да се придржуваат до одлуката, а службите будно ќе ја следат состојбата и ќе ги санкционираат сите оние кои нема да ја почитуваат истата“, велат од општина Центар.

Скопје | пред 7 години

dimkov

Димков: И да умрам во моментов нема да прифатам промена на името

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков, на денешната седница во Собранието, остро реагираше на дебата за одредување на нацрт амандманите, објави Фокус.„И да умрам во моментов нема да прифатам промена на име. Сето тоа вие со еден збор ќе го уништите. Ние имаме фамилии дома. Еднаш ќе ни прекине животот и ќе пишува историјата. Изгубивте на изборите. Се прифативте за да дојдете на изборите“, рече Димков.извор: Фокус.мк

Скопје | пред 7 години

pozar-1

Показна вежба „Пожар“ во ОУ „Браќа Миладиновци“

Показно-тактичка вежба за гаснење пожар и евакуација на загрозени лица се одржа денеска во основното училиште „Браќа Миладиновци“.Целта е увежбување на наставничкиот и техничкиот персонал во училиштето за имплементирање на планските документи за дејствување во услови на настанат пожар и потреба од евакуација на загрозени лица.Претпоставената ситуација опфати пожар во кујната на училиштето предизвикан од електричната инсталација на кујнските апарати, од каде што се ширеше чад што го зафати приземјето на објектот со закана за негово проширување во други ходници. Во времето на оваа претпоставена ситуација, во училиштето се одвиваше редовна настава, а акцентот беше ставен на евакуација на учениците, наставниците и техничкиот персонал.Вежбата се спроведе во организација на училиштето „Браќа Миладиновци“ и Општинскиот противпожарен сојуз - Аеродром, со учество на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и општинскиот Црвен крст - Аеродром.

Скопје | пред 7 години

pajak

Пајак службата не го крена возилото пред Кривичен суд откако дозна дека е на Мендух Тачи

Пајак службата не го крена возилото паркирано пред Кривичниот суд, откако дозна дека е на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, објави ТВ21.Тачи беше внатре во судот на рочиште за предметот „Титаник 2“, како обвинет за изборни нерегуларности.Почетокот на рочиштето доцнеше поради тоа што се чекаше спроведување на обвинетиот екс шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор.Видеото повеќе не е достпно за јавност.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Макрадули наместо итно да преземат мерки за загадениот воздух, ги замолкнуваат невладините активисти и граѓаните

СДСМ ги остава граѓаните да се гушат од енормното загадување на воздухот.  Концентрацијата на опасните канцерогени ПМ 10 честички е повеќе од  пет пати над дозволеното, а Шилегов и Макрадули наместо итно да преземат мерки, ги омаловажуваат и замолкнуваат  невладините активисти  и граѓаните. Република Македонија и Скопје секојдневно се на врвот во друштво на најзагадените држави и градови во Светот, а власта нема спроведено  ништо за да го  намали загадувањето и да ги спречи последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ додека беа опозиција ветуваа итни мерки за почист воздух и манипулираа дека кога ќе дојдат на власт веднаш ќе го решат проблемот со загадувањето. Откако се сместија во удобните фотелји заборавија на своите ветувања и речиси две години немаат реализирано ниту еден проект за подобрување на воздухот.Решавањето на  алармантната ситуација со високото аерозагадување не им е во агендата. За нив поважно е да трошат  десетици милиони за луксузни автомобили и фотелји и  лубриканти,  наместо да одвојат доволно средства за намалување на загаденоста на воздухот.Здравјето на граѓаните не важно за оваа криминална и неспособна власт. За нив не е важно што болниците се полни со граѓани кои имаат сериозни проблеми здравствени проблеми заради високото загадување и што според Светската здравствена организација на годишно ниво умираат околу 3000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот“, велат од партијата.Според нив  СДСМ е потполно незаинтересирана и нема идеја за конкретни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух. Во недостиг на идеи и проекти, власта  наместо да ги игнорира треба да ги прифати предлог мерките на опозицијата.„ВМРО-ДПМНЕ предлага да се обезбедат средства во буџетот и да се постават најмалку 3 дополнителни статични и 4 мобилни мерни станици.  Статичните да бидат поставени во близина на РЕК Битола, РЕК Осломеј во Кичево, како и Дрисла, а мобилните  во Радовиш, Прилеп, Гостивар, како и во Петровец.Со ваквата распореденост на мерните станици во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот ќе може да се контролира состојбата на загадувањето во тие општини и градови, каде загадувањето е алармантно.Исто така треба да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини, мерка која значително ќе помогне да се намали загадувањето  од издувните гасови на автомобилите.Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира.  Црнилото кое надвиснало над државата мора да замине, граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

grcija-bura

Бурата Пенелопа донесе над 16.000 молњи во Грција

За шест дена, бурата Пенелопа во Грција, донесе 16.200 молњи, обилни дождови, снег и силен ветер, според податоците од мрежата на метеоролошки станици на грчката опсерваторија во Атина и „метео.гр“.Невремето, кое од метеоролозите го доби името Пенелопа и ја зафати Грција во периодот од 25 до 30 ноември, имаше две лица, топло и студено. Топлиот бран беше во првите три дена со обилни врнежи во западниот дел од земјата, јужен ветер и прашина во воздухот, а студеното во останатите три дена со молњи, силен дожд, особено на островот Крит и силен ветер што донесе значителен пад на температурата и снег на планините, јави дописничката на МИА од Атина.Во градот Хања на грчкиот остров Крит биле регистрирани 428 милиметри дожд на метар квадратен, а системот ЗЕВС за следење на молњите регистрирал 16.200 молњи во период од шест дена.Бурата Пенелопа донесе и снег од над 30 сантиметри на планините во североисточниот и централниот дел на Грција, но и силен ветер со јачина од 113 километри на час, регистриран на планината Пендели во близина на Атина.Како што во петокот објави МИА, силниот ветер и обилниот дожд предизвикаа штети на неколку острови, но и забрана за пловидба за бродовите. На островите Лезбос и Крит, од обилниот дожд беа поплавени улици во повеќе населби, беше предизвикана е материјална штета на патната мрежа, а проблеми создаде и силниот ветер кој беше причина за пад на дрва 

Свет | пред 7 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Унгарија се уште не одговора за екстрадицијата на Груевски

Македонското Министерство за правда се уште нема добиено одговор во врска со барањето за екстрадиција на екс  премирот Никола Груевски од надлежното министерство во Унгарија, информираше денеска министерката за правда Рената Тренеска Десковска.-Сепак, оние пристојни рокови за одгвоор не се изминати. Ќе почекаме, доколку не добиеме во роковите, ќе пуштиме ургенција. Тоа се стандардни процедури коишто се спроведуваат. Сакам да напоменам дека досега во ниту еден случај Унгарија не одбила да екстрадира ниедно лице. Последната екстрадиција беше во септември оваа година и немавме никаква забелешка ниту за водење на судски постапки, ниту за состојба на затворите ниту дека постои некој ризик во Република Македонија. Се надевам дека согласно на својата пракса Унгарија ќе треба да одговори и на овој случај, рече министерката на попладневната прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која беше промовиран нов закон за намалување на казните за прекршоци.За потсетување поранешниот премиер Никола Груевски, избега во Унгарија, каде доби политички азил, пред отслужувањето на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ за набавка на луксузен мерцедес. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пукна како скандал, се претвори во пресметка: Обвинителите се снимале и кога дознале

 Уште во 2013 година, кога се набавувала телефонската централа во Јавното обвинителството, имало опција за снимање на телефонските разговори на обвинителите. Јавниот обвинител Љубомир Јовески веста ја соопшти откако два часа им држеше предавања на новинарите за транспарентноста на јавното обвинителство и какви информации може да соопштат во предистражна постапка, која според законот е тајна.На крајот од средбата јавниот обвинител го соопшти откритието, дека нашле два хард-дискови со снимани разговори кои датираат од 30 септември 2016 година, објавува независен.мк.Веднаш по оваа вест, прес-конференција пред Јавното обвинителство одржа владиниот портпарол Миле Бошњаковски, кој обвини дека снимањето на разговорите на обвинителите се остатоци од минатата власт, за потоа премиерот Зоран Заев да соопшти дека ваква централа имала и во новата зграда на Основниот суд Скопје 1 и за ова индиректно ги обвини тогашните први луѓе на овие две институции кои ги набавиле опремите, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и поранешниот републички јавен обвинител, Марко Зврлевски. Опозицијата, пак, одговорност за прислушувањето побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој токму во септември 2016 година беше избран за министер за внатрешни работи во техничката влада.Информацијата која одекна како скандал сега доби други димензии, по информациите дека Министерството за животна средина склучило договор за набавка на телефонска централа со можност за снимање и преслушување на разговорите. Заев сега вели дека што ќе се употребува одлучува раководното лице.„Раководното лице во самата институција одлучува што од тоа ќе се употребува. Имаме системи каде што има потреба од снимање, како што е снимање за следење судски рочишта… Самиот претседател на суд, шеф на обвинителство, министер, премиер или кој било одлучува што тоа употребува или не. Начинот на донесувањето на одлуката дека тоа се употребува, односно се става на снимање, е кривично дело, и вториот дел начинот на користење на тоа е уште поголема злоупотреба. Истрагата треба да покаже навистина каде соодветното раководно лице дало наредба да се употреби, односно да се вгради и вториот дел каде што е тоа употребувано“, рече премиерот.Од вест дека обвинителите биле прислушувани, премиерот сега верува дека злоупотреба била невозможна бидејќи тоа било навремено откриено. Истрагата на Обвинителството треба да одговори дали сниманите разговори во Обвинителството биле копирани и преслушувани за некакви цели и зошто републичкиот јавен обвинител, кој е веќе една година на функција, дозволил разговорите во обвинителството да се снимаат до соопштувањето на скандалот.Познавачите на системите за прислушување и телефонските централи велат дека тоа се стандардни делови на централите и дека она што треба да се истражи е која била целта на оној што ја набавил опремата.„Ова е невнимателност на оние што ја презеле власта, дури и ако некој им го направил ова намерно со цел да ги контролира откако ќе се смени власта, им било должност да проверат какви сè опции има таа централа. Малку доцна го забележал тоа јавниот обвинител, тој е цела година јавен обвинител. Власта не може така да се однесува кон своите институции, зошто не се направат тела кои ќе испитуваат каква е безбедноста на тие комуникациони уреди“, велат познавачите на уредите за прислушување.Според нашите извори, кога се сменила власта, на новиот обвинител требало да му се укаже со какви капацитети располага таа централа и е нејасно зошто никој не го исклучил кабелот и не ја прекинал опцијата за снимање. Истрагата почнала оваа пролет, а обвинителите биле снимани и по започнувањето на истрагата.Заев вели дека за тоа одлучува Обвинителството и самиот обвинител истражува дали треба да чепка во системот или не. „Тоа е работа на Обвинителството. Обвинителството е тоа што дава наредби и слично. Пријавата беше до МВР и МВР ги информира истражните органи во државата. Секако министерот за внатрешни работи го информира и својот шеф, премиерот на државата. И оставивме истрагата да тече. Тие заклучија во кој момент ја завршуваат истрагата и го споделуваат тоа во јавноста“, изјави Заев.Сепак, премиерот е дециден дека одговорност за овие централи мора да има.Според неговите информации, системот во Основниот суд Скопје 1 сè уште не е ставен во функција, но системот е вграден.„Кој дозволил таков систем да се вгради? Во ЈО треба да си каже државниот јавен обвинител затоа што самите институции кога ги сменија своите раководни структури ја отворија веднаш истрагата. Така ќе биде и за секоја јавна институција“, изјави Заев.Аферата за снимањето на обвинителите се отвори откако министерот за внатрешни работи одговорно тврдеше дека во Македонија не се прислушува нелегално и дека „тврдината“ на минатата власт веќе не постои. Спасовски е на чело на Министерството за внатрешни работи веќе две години, но власта сега допрва ќе ги проверува централите кои биле вградени во институциите.Тој вели дека обвинителството и судството се независна власт и МВР нема можност самостојно да прави проверки на институциите. Извор: независен.мк

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања