ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

Нема фотографија

Ѓорчев бара ДОМ на Лилјана Поповска да ја напушти владата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев на својот Фејсбук профил објави статус во кој ја пренесува веста на европската телевизија ЕУРОЊУЗ каде ја рангира Македонија како најзагадена земја во Европа.-Официјално од Euronews:Заевистан е најзагадената држава во Европа. Едно време бевме познати по најниски даноци, највисок раст на БДП, компјутери за децата…Време е зелената партија ДОМ да ја напушти Владата на Заев, напиша тој во неговиот статус.https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/posts/2335973566430091?__xts__[0]=68.ARBmRZthdKrjr1WMW5fWjDwu414wkWy8Id5llHu5YkPFfyQcMqRb8NPyvmKf6akmcqi1olVmiQJYsluB3n6u-UBhWUKXbcyDlEzQgepPQ8AoYSqKG42tCZ54XaFU6bjDzNb7qO5jZ0WxnrIsGmckWYlcA9b6UN2jgLmCE_ovkYkNEqmhqqYmoNVXLpD3nfVRkmAUwDeJ0aJIPfItdNVs9-t6ZFljQ89U64H2iJ-xuYl4QAes_u-OWGpAGK4fKY5b1kpeNGxJAxpvdz_i0Zou4nzomnr2jkcdfhctHqejXkT6lkbiE21TvBRkbHAQ-eVwP9wJvtWpREkL0XyC8ByxWbRuuw&__tn__=-R

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Голем пожар синоќа во Скопје: Изгореа ресторан и возила

Голем пожар утринава зафати ресторан и возила во Скопје.Дел од медиумите јавуваат дека пожарникарите два часа го гаснеле огнот кој што ја зафатил изгорената куќа- ресторан, а кој што се прошил и на патнички возила паркирани на улицата „Дане Карпчев“ број 1.Пожарот, како што информираат од Противпожарната единица на Град Скопје изувнал во 2.55 изутринава, а бил локализиран во 4.55 часот.Опожарени се 250 квадратни метри, но се уште не е утврдена предизвиканата материјална штета. За гаснење на пожарот било интервенирано со 8 возила и 18 пожарникари.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Предлог законот за амнестија, денеска повторно пред пратениците

Денеска второ читање за Предлог законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, по скратена постапка во второ читање е на дневен ред на денешната 66. собраниска седница.Меѓу другите точки на оваа седница се и Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицински препарати во второ читање, Предлог законот за јавните набавки, како и измени и дополнувања на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за здравствената заштита, на Законот за ученичкиот стандард и на Законот за возила, сите во прво читање.На оваа седница се и измените и дополнувањата на Законот за државната статистика, на Законот за аудиовизуелните добра, на Законот за Академијата за наставници, на Законот за наставници во основните и средните училишта, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за нотаријатот и на Законот за извршување.

Македонија | пред 7 години

gordanajankuloskabff

(ФОТО)Кој е најдобар пријател на Јанкулоска?

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот Фејсбук профил објави фотографии од неа и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а под нив напиша:(best friends forever - најдобри пријатели засекогаш).Познато е дека Јанкиески и Јанкулоска се пријатели одамна, но очигледно Јнкуловска објавувајќи ги приватните фотографиите токму сега сака да даде поддршка за Јанакиески кој во моментов е во притвор.На фотографиите се таа и Јанакиески од почетоците на нивното дружење, па досега.

Скопје | пред 7 години

Mite-Grozdanov

Почина Мите Грозданов, бардот на македонското глумиште

Вчера, 25 ноември, 2018 година, почина еден од бардовите на македонското глумиште, Мите Грозданов.Тој е роден во Струмица, на 14 декември, 1943 година.Мите Грозданов веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград на отсекот за глума во 1967 год. се вработува во Драмскиот театар кој ќе остане негова матична сцена сѐ до пензионирањето во 2008 година.Случајот сакаше така што токму нему му се посреќи на самиот почеток да се вивне во уметничките височини закитувајќи се со Златниот ловоров венец на престижниот сараевски фестивал МЕСС за насловната улога во Партитурата за еден Митрон. Помеѓу оваа претстава и „Историската хроника“, монодрама која тој ја одигра по повод официјалното заминување во пензија се врамени уште многу улоги, награди, монодрами, но и поетски збирки, приватниот театар Македонија, а на крајот секако не помалку значајно за неговата кариера и творечко кредо тука се подразбира и неговата боемштина која лично ја смета за составен дел на деликатната и тешка професија на актер.Мозаикот на неговите ангажмани уште подразбира и стотици радиодрами, режии (во професионални и аматерски ансамбли), настапи на телевизиски драми и серии, како и неколку филмски улоги. Во сите овие форми на театарското изразување до израз доаѓа неговата нескротлива енергија, неисцрпна и фасцинантна концентрација, моќ за трансформација.Грозданов има добиено бројни награди.За монодрамата по стихови на Ацо Шопов, Дрво на ридот , тој станува добитник на Сребрената медалја на фестивалот на монодрама и пантомима во Земун. Од неговите награди да ги споменеме и оние на весникот односно ревијата Млад борец и Екран. Но, иако досега неколку пати е номиниран и предложен за наградите 13 Ноември и 11 Октомври, тој не успеа да се закити со нив.„Да се пишува за некого значи да се оттргне еден живот, една индивидуа, еден неспорен факт на лицето на земјата од заборавот, од патината, од дното на заборавената меморија… Да се пишува за некого значи да се остави траг кој и по простосмртноста останува да сведочи дека некој, некогаш, за нешто, со нешто, живеел, творел, градел, надградувал, создал… Да се пишува за некого значи да се оддаде почит кон незаборавот на личноста која сама по себе му пркоси на мигот, имајќи ја за цел вечноста… Да се пишува за еден од најголемите , кој и буквално умеел со својата појава и моќ за творба да нè остави без здив, значи да се стави уште една точка, сјајна како ѕвезда во аналите на културното театарско (и не само такво) живеење“ напиша Борче Грозданов, театарски критичар и син на Мите Грозданов.

Македонија | пред 7 години

a1_televizija

8 години од полицискиот упад во А1 Телевизија

Денеска се одбележуваат осум години од полицискиот упад во А1 Телевизија, најголемата приватна телевизија во Македонија. По полицискиот упад кој медиумот го емитувше во живо започна процесот на затворање на телевизијата кој траеше 7 месеци.„А1 Телевизија е под полициска опсада. Полициски возила и џипови, доцна попладнево ја блокираа телевизијата. Сите новинари на А1 и снимателите, се оневозможени да работат и забранета им е слободата на движење. Припадниците на полицијата се сеуште пред вратата на А1 Телевизија. Останете со нас вечерва …“ – известуваше таа вечер на 25 ноември 2010-та година, најгледаната телевизија пред осум години во земјава.По еден месец од упадот, сопственикот на телевизијата Велија Рамковски беше затворен заедно со неговите најблиски соработници, а новинарите претрпеа огромен притисок во нивната работа.А1 телевизија од самото основање, па се до затварањето воведе еден нов пристап и начин на работа на електорнските медиуми во земјава, особено со информативната програма. Медиумот ќе остане запаметен по промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси.Објектот од зтворената и потполно уништена телевизија сопственикот го посети по седум години, поточно за прв пат по инцидентите повторно стапна во зградата на овој датум минатата година.

Скопје | пред 7 години

(ВИДЕО) Браво Марија! На Детската Евровизија Македонија 12 та

Одличен настап имаше денеска македонската претставничка на Детската Евровизија во Минск, Белорусија. Погледнете ја Марија Спасовска со „Дома“.Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“.Лани на манифестацијата која се одржа во Тбилиси, Грузија, Македонија ја претставуваше Мина Блажев. Тогаш, од 16 земји-учеснички, завршивме на 12 – то место. Оваа година атакуваме на повисоките позции со песна на Дарко Димитров и Елена Ристеска.

пред 7 години

5-1-1

(ВИДЕО) Заев негира дека разговарал со Груевски пред бегството

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на настанот во организација на МЕПСО, одговараше на новинарски прашања.Одговорите на сите, ви ги пренесуваме во целост:Пратениците од независната пратеничка група (на ВМРО-ДПМНЕ, н/з.), најавија дека е можно да не го дадат својот глас за уставните промени.Премиерот Заев: Веројатно да, мала ни е земјата, поврзано ни е општеството, правниот систем влијае на политичкиот, политичкиот на правниот, кога се носат одредени одлуки, но тоа не значи дека секој не треба да ја гледа својата работа.Знаете дека имаше поддршка од 8 пратеници на опозицијата за да се отворат уставните промени и тие уште тогаш рекоа дека даваат шанса да почне процесот на промени на Уставот. Следува фазата за која е потребно обично, или, просто мнозинство, а некаде во јануари идната година повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство.Јас на овој процес во парламентот гледам како на политички дијалог, и гледам како преку инклузивни процеси да го зголемиме мнозинството. Жалам што пратениците велат дека тоа влијае на нив, но се надевам дека сите ќе останат на своите ставови. Како што тече процесот за нацрт амандманите, така расте и инклузивноста и јас се надевам дека после 1 декември, на пленарна сесија, ќе потврдиме амандмани за кои уште еднаш ќе потврдиме сериозна вграденост на опозицијата, од нивните дискусии и предлози во самите нацрт амандмани. Тоа за мене ќе значи потврдување на двотретинското мнозинство, па дури и негово зголемување. Тоа е мојата надеж.Она што исто така сакам недвосмислено да го истакнам како порака, е дека правото и правната држава, и владеењето на правото се императив во Република Македонија и не треба да има никакво мешање во правосудството. Понекогаш одлуките на правосудните органи, јавното обвинителство, СЈО и судовите, гледајќи ја својата работа влијаат на политичкиот процес, но јас верувам дека сите ќе се носиме со одговорноста што ја имаме.Пред сѐ ние политичарите, вклучувајќи ги и оние во парламентот. Пред нас е неповратен процес, процес кој ни дава шанса којашто не треба да се пропушти, и верувам дека Македонија ќе изнајде сила сите процеси да течат без да направат штета еден на друг до исполнување на конечната цел. Во парламентот тоа усвојувањето на уставните амандмани за членство во НАТО и ЕУ, а во правосудството тоа е владеењето на правото, независноста на судството, и одговорноста на секој што се огрешил пред законот.Дали после апсењето на Мијалков разговаравте со 8-те пратеници?Премиерот Заев: Со некои од нив воспоставивме контакт. Разговаравме, но пред сѐ во духот на дебатата во парламентот. Идната седмица во Собранието на РМ ќе се случи пленарна дебата како сублимат на работата во Комисијата за уставни прашања, а потоа и пленарна на 1 декември после која што ќе следува јавната расправа со граѓаните, со експерти, со МАНУ, со граѓанските организации. Низ тој процес ќе се дознае во која мерка опстојува двотретинското мнозинство.Дали е вистина дека унгарски разузнавачи и дипломати помогнале да избега осуденикот Груевски од земјата?Премиерот Заев: Сите видовме, па дури и самите земји потврдија дека со дипломатски возила на Унгарија, придружуван со унгарски дипломати, му било помогнато да стигне до Будимпешта. Тоа е повеќе од јасно. Јас верувам дека истрагата ќе ги отвори сите детали. Жалам што МВР сѐ уште не може да излезе додеталната информација, но сепак, почитуваат тие, почитувам и јас, дека Јавното обвинителство води детална истрага и дека додека трае истрагата не можат да ги споделат сите детали. Тоа што е возможно, досега се соопштува во јавноста, а тоа што претставува ризик да влијае врз квалитетот на истрагата треба да се испочитува.Јас сум информиран. Знам досега до каде се стигнати работите од МВР и верувам дека многу бргу истрагата ќе заврши и ќе можат да бидат споделени сите што се случувало во Република Македонија. Знаеме што се случувало во Албанија, во Црна Гора, во Србија и во Унгарија. Останува прашањето како го дозволиле тоа 4 земји, наши пријатели, од нив три земји членки на НАТО, во кои владее правото, во наводници кажувам, дозволиле тоа да се случи. Но, затоа е истрагата која што треба да заврши за да се споделат информациите со јавноста.Дали тоа значи дека унгарските разузнавачи од Македонија помагале Груевски да избега кон Албанија?Премиерот Заев: Тоа е тој дел од истрагата кој што треба да заврши за да биде соопштен и од истражните органи и од МВР.Денеска излезе информација во медиумите дека Груевски непосредно пред да ја напушти државата последен со кој што се слушнал сте биле токму вие?Премиерот Заев: Таман работа. Ќе испадне дека ние заедно тоа сме го договарале. Со господинот Груевски откако сум премиер, веќе година и половина, немам контакти. Последните контакти ги имавме кога парламентот беше заробен во онаа бесконечна дискусија пред да се случат немилите настани од 27 април. Разговаравме за можностите како да се одблокира процесот. Јасно е дека двотретинското мнозинство постојат за да на ја мачиме Македонија, ниту македонските институции. Тогаш беа последните разговори. Јас тоа го демантирав на медиумот што објави такви информации. Тие го нотираа демантот, но благодарам на прашањето, и уште еднаш да ја искористам приликата да соопштам дека откако сум премиер со господинот Груевски немам никаква комуникација.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Холанѓанец нападнат во скопски ноќен клуб

Дваесет и седумгодишно момче од Холандија ноќеска било нападнато во ноќен клуб во Скопје.Како што информира МВР, ноќеска во 04:00 часот С.В.В (27) од Ротердам, Холандија, пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на бул.,, Климент Охридски“ во ноќен клуб физички бил нападнат од машко лице на возраст од околу 25 години.Полицијата работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

IN MEMORIAM Слободан Угриновски

Претседателот на Титовите леви сили Слободан Угриновски починал синоќа ненадејно. Веста на својот „Фејсбук“ профил ја објави неговиот син, Никола Угриновски.Угриновски со партијата раководеше од 2005 год.Погребот на угриновски ќе биде утре на градските гробишта Бутел во 14 часот и 30 минути.

Македонија | пред 7 години

Mickoski-pres

Мицкоски: Оваа влада безочно излажа за Еурокомпозит, Колска, Југохром, Гугл…

Од рубриката голи факти за црното владеење на оваа влада, фабриката Еурокомпозит уште една измама и упропастена надеж, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.-24 октомври 2017-та година, премиерот Заев се сретна со вработените од Еурокомпозит Прилеп. Им вети исплата на заостанатите плати и трајно решавање на проблемот со статусот на оваа компанија. Месеците поминуваа, платите повторно доцнеа, а решението се подалеку. 3 јуни 2018-та година, повторно нова надеж за близу 300 вработени, вицепремиерот Кочо Анѓушев изјави дека има заинтересирани инвеститори за Еурокомпозит и Колска. 5 месеци по ова ново ветување нема инвеститор за ниту една од овие компании, а вработените се подлабоко тонат во разочарувањето креирано од оваа неспособна влада. Ноември 2018-та година, болната реалност е: вработените на Еурoкомпозит вратени се дома, а погоните се со исклучена струја. Останаа владините ветувања како срамен доказ за една од многуте лаги на оваа Влада. Безочното лажење е само едната димензија, другата е што се демонстрира една страшна неспособност која загрозува судбини на многу граѓани. Владата брутално си поигрува со болната и изнамачена судбина, со животите на вработените од Еурокомпозит. A само ќе потсетам и за претходните лаги на Владата за кои пишував, за пропаста на Југохром, за Колска, за лагата за влезот на Google и FB и многу други. Редицата е долга, а надежта се помала. Тоа ќе се промени, само кога оваа власт ќе си замине“, додава Мицкоски. 

Македонија | пред 7 години

k15

Приватните компании на вработените до крај на годинава мора да им исплатат К-15

Ако во фирмата сте работеле најмалку шест месеци во календарската година работодавачот е обврзан да ви исплати регрес за годишен одмор. Доколку тоа не го стори може да добие парична или затворска казна.Согласно законот Регресот за годишен одмор или К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство.Износот на К-15 зависи од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата.Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата.Според Државниот завод за статистика вработените за К-15 треба да очекуваат минимум 9.665 денари или максимум 14.190 денари.

Македонија | пред 7 години

zaev-gruevski

Заев: Обвинителството и МВР имаат сериозни сознанија кој му помогнал на Груевски да избега , набрзо ќе имаме детали

Јавното обвинителство е во сериозна истрага за за бегството на осудениот експремиер Никола Груевски . Го чекаме конечниот извештај, истакна Премиерот Зоран Заев. Запрашан дали унгарски разузнавачи и дипломати помогнале да избега поранешниот премиер Греувски, Заев истакна дека токму за овој дел се чекаат конкретни одговори и од истражните органи и од МВР.„Жалам што МВР сѐ уште не може да излезе со детална информација, но секако почитувам и јас, почитуваат и тие дека Јавното обвинителство е во сериозна истрага и сѐ додека трае истрагата не може да излеземе со детали. Јас сум информиран, отприлика знам до каде се стигнати работите од МВР, и во многу брзо време ќе заврши со истрагата и ќе ги споделиме сите детали што тоа се случувало во Македонија, заради тоа што се знае што се случувало во Албанија, Црна гора Србија и Унгарија”, кажа Заев.Премиоерот верува дека ќе има двотретинско мнозинство за уставните измени и верува дека последните притвори на функционери од ВМРО-ДПМНЕ нема да имаат влијание врз политичкиот систем во државата иако дел од осумтемина пратеници отворено кажаа дека последните притвори на Мијалков, Јанакиески и Божиновски не се во функција процесот на помирување.

Македонија | пред 7 години

baloni-2

(ФОТО+ВИДЕО) Младите од ВМРО-ДПМНЕ на симболичен начин го искажаа револтот од црното владеење на Владата

Денес младите сме собрани тука пред Владата на Република Македонија, на симболичен, но мошне загрижувачки и сериозен начин да го изразиме нашиот револт од црното владеење на Владата на Република Македонија, истакна Јован Јаулески, в.д. претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.-Граѓаните и младите го живеат најцрното време. Црн период на неисполнети ветувања, големи очекувања и уште поголеми разочарувања. Период во кој вестите се исполнети со криминал кој не се разрешува, со непотизам кој се оправдува, со црно здравство, руинирано образование и неисполнети ветувања. Нема ниту еден проекти, не се градат студентски домови, не се намалува младинската невработеност, а нема ниту зрак светлина за младите во ова црно владеење, истакна Јаулески и додаде:„Тоа мора и може да биде поинаку. За тоа да биде поинаку потребно е оваа црна власт да падне. Ги повикуваме сите младите да ни се приклучат, да се обединиме бидејќи ова е наша заедничка битка, за нашата, за вашата заедничката иднина. Затоа на симбочен начин ги пуштаме овие црни балони, за да ја означиме црнилата која владее во Република Македонија исто како овие црни балони и оваа власт набрзо ќе си замине“.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Пронајден убиец од Арачиново кој треба да отслужи 10-годишна затворска казна

На скопската улица „Индира Ганди“ од страна на полицајци, во попладневните часови на 24. ноември, по судска наредба бил приведен 34-годишен арачиновец за издржување казна затвор.Како што информираат од МВР, 34-годишникот поради извршено убиство, треба да отслужи затворска казна од 10 години.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања