ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

Нема фотографија

ЦРНА ХРОНИКА: Тешко повреден возач на камион на автопатот Миладиновци-Штип

На автопатот Миладиновци-Штип кој е во изградба, кај надвозникот за село Крушица во попладневните часови на 24. ноември возач на камион доживеал сообраќајна незгода.Како што информираат од МВР, 48-годишен возач од Скопје, управувајќи со камион „ман“ удрил во надвозникот.Во незгодата 48-годишникот се здобил со тешки повреди и итно бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.Увид на лице место извршила полициска екипа од Свети Николе.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пратеничката Фросина Ременски и министерката Шекеринска во воена опрема во Кабул

Пратеничката од СДСМ Фросина Ременски на социјалната мрежа фејсбук објави фотографија од Кабул, каде заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, се во посетата на македонските војници.Ременски на војниците им посака среќа и успеси, им честита и за посветеноста и храброста. Командата за обука, советување и асистенција на Авганистан, на Ременски и додели благодарница.

Скопје | пред 7 години

1-14

(ФОТО) Мицкоски и Шекеринска вечераа во скопски ресторан

Синоќа во скопскиот ресторан „Воденица“ на едно место можеа да се видат на иста маса како вечераат вицепремиерите Радмила Шекеринска и Кочо Анѓушев, како и опозиционерите Христијан Мицкоски и Антонијо Милошоски.Друштво им правеа уште еден вицепремиер - Бујар Османи, како и Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи.Во продолжение целосната фотогалерија може да ја погледнете на „Женски магазин“.

Македонија | пред 7 години

Untitled

(ФОТО) Директорот на студенските домови сака да се журка и го слуша Јоце Панов

Состојбата во студентските домови е катастрофална, храната не ги задоволува ниту хигиенските, ниту калориските потреби, нема топла вода, а нема ниту греење. Додека студентите живеат во субстандардни услови и ја плаќаат цената за неспособноста на менаџментот поставен од новата власт, менаџментот прославува со жива музика и флаши скап виски за ,,добро сработеното”.Се работи за директорот на Државниот студентски дом  ,,Скопје”, Дарио Николовски раководи со сите студентски домови во Скопје од февруари годинава. Тие се во слободен пад и во нив нема услови за живеење, запрена е нивната реновација, а нема ништо ниту од ветувањето за изградба на нови студентски домови и проектот на СДСМ ,,студентски град”.Додека директорот повеќе од очигледно добро се забавува и ја тера ноќната шема, сликите од студентските домови повеќе наликуваат слики од некој хорор филм отколку на државната институција во која расте иднината на Република Македонија.Дарио Николовски студирал на “ФОН Универзитет”, а е родум и живее во Скопје. Тој никогаш не седел во студентските домови, со тоа, не искусил таков живот. Тоа значи, дека не ги почуствувал на своја кожа условите на кои се жалат студентите.Според неговиот профил на социјалните мрежи, Николовски сака да ја слуша музиката на Јоце Панов.Дека сака да шета, доказ е и фактот дека 2018 година ја дочекал во Будимпешта, каде сега Груевски ќе ја дочека 2019.Сака да се фотографира со високи претставници на СДСМ, а на објавите често е со стисната тупаница.Претходно една година бил директор на Агенцијата за странски инвестиции

Македонија | пред 7 години

brainobrain-3

На Интернационалниот бреинобреин натпревар во Дубаи, охриѓанчиња со грст награди

На Интернационалниот бреинобреин натпревар, кој по четврти пат се одржува во Дубаи, ОАЕ, како претставници на Македонија учествуваа 10 деца од Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – при Црвен крст Охрид, предводени од тренерот на програмата.Во исклучително силна конкуренција тие покажаа големо знаење и освоија повеќе награди: 2 трофеи, 7 златни и 1 сребрена медаља.Особена вредност на ова најсилно Бреинобреин натпреварување во Дубаи дава поставувањето на Гинисов рекорд за најголем час по ментална аритметика, со повеќе од 3200 учесници.

Македонија | пред 7 години

gruevski-2

Истражување на ДВ: Ноќта пред бегството Груевски ја минал во Мериот

Најавата на шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска дека во предистражната постапка за бегството на Никола Груевски ќе истражува дали има пропуст и одговорност во врвот на МВР (кај министерот Оливер Спасовски и директорите на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање), дополнително ги затвори за информации овие институции. Оттаму велат дека заради предистражната постапка со која и тие се опфатени, нема да споделуваат информации во јавноста: ниту од интерна истрага за евентуални пропусти и незаконитости во рамки на МВР, ниту други сознанија. Според Рускоска, одговорноста ќе се истражува и во СЈО по прашањето зошто не побарале мерки за Груевски по изрекувањето на пресудата, но и кај судијата за извршување санкции од Основниот суд Скопје 1. Обвинителството нема да излегува со информации додека не дојде до конкретни докази каде е пропустот.Користел четири стана?Во состојба на целосен институционален молк за околностите под кои избега поранешниот премиер, нашето истражување почна од првата адреса – станбениот комплекс каде живее Груевски, а се наоѓа спроти партиското седиште на СДСМ и во близина на зградата на МВР, објавува Дојче Веле.Станарите беа воздржани за разговор околу нивниот најпознат сосед. Но, сепак прифатија да споделат неколку сознанија. Сметаат дека тешко ќе се откријат детали за движењето на нивниот сосед, бидејќи камерата поставена за време на неговиот премиерски мандат, според нивни неодамнешни сознанија, не работела повеќе од една година. Објаснуваат дека на ист кат Груевски поседува два стана со посебни влезови, но препоставуваат дека  се внатрешно поврзани. Сметаат дека едниот стан имал исклучиво приватно-семеен карактер, а вториот најверојатно го користел за службени средби, бидејќи секогаш кога доаѓале негови сопартијци тие се упатувале исклучиво кон другата врата. Но, открија и уште еден, досега непознат податок: дека го гледале Груевски како повремено влегува во уште два стана во истата зграда.По проверката на броевите на становите што тие ги посочија, утврдивме дека двата се водат на име на фирма. Не успеавме да стапиме во контакт со овластено лице од фирмата, за да добиеме одговор дали Груевски ги изнајмил на користење тие станови, односно, дали фирмата е само параван за вистинскиот сопственик.Обезбедувањето не се посомневалоНеговите телохранители, кои според досега недемантирани информации последен пат го придружувале Груевски на пат до домот во четврток навечер (8 ноември) околу 23 часот, практично биле последните кои имале контакт со него. Дали тие знаеле за планот на нивниот штитеник и дали биле дел од логистиката? Нивен колега, кој се согласи анонимно да зборува, вели дека воопшто не верува во такво сценарио.„Тие сигурно не биле вмешани. Беа уверени дека Груевски ќе оди на издржување на затворска казна, врз основа на повеќе околности. Наводно, тој ги распрашувал дали имаат увид во кој затвор во Македонија има најдобри услови да ја издржува казната, па му посочиле дека тоа е затворот во Штип. Наводно, им нарачувал да му купат нови тренерки, патики, пижами и уште некои други работи кои би му биле потребни во затворот, со што го зацврстил впечатокот дека се подготвува за издржување на казната и за ништо друго“, раскажува нивен колега.Не верува дека таа слика би можела да биде плод на заеднички договорено сценарио меѓу нив и Груевски, бидејќи во случај на бегство јасно е токму неговите телохранители ќе бидат први под истрага.Последната средба со сопартијци Ако тие биле последните кои го виделе Груевски, кои биле претпоследните? Од која локација Груевски се упатил кон неговиот дом? Додека надлежните молчат, првите сознанија доаѓаат од случајни сведоци. Кон таков сведок не одведе едно друго прашање – во чие друштво бил Мијалков пред приведувањето во скопскиот хотел „Мериот“.Одговор на тоа прашање на добивме од хотелскиот персонал, но лице ангажирано на надворешно обезбедување на еден од многуте деловни објекти во непосредно соседство на „Мериот“, тврди дека вечерта на 8 ноември, Груевски излегол токму од тој од хотел разделувајќи се со две лица.„Не знам кога дошле, ни колку време седеле. Јас ги видов на заминување. Беше помеѓу 22 и 23 часот. Едниот беше Миле Јанакиески, а другото лице не ми беше познато. По неколку дена, кога на вести кажаа дека е одреден притвор за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски и прикажаа снимка од двајцата, препознав дека вториот е тој Божиновски“, тврди очевидец.Ноќта пред бегството Груевски ја минал во хотелот Мериот, тврдат извори на ДВ.Тој сведочи и дека вечерта, непосредно пред приведувањето на Мијалков, во хотелот навистина стигнало возило со унгарски дипломатски таблички (како што шпекулираа медиуми), и дека истото со голема брзина заминало оттаму веднаш по приведувањето на Мијалков. Според гласините што ги чул од вработени во хотелот, станувало збор за унгарски гости дојдени од амбасадата во Белград.Во одлични односи со МијалковХотелот „Мериот“ засега ги поврзува последните вечери на двајцата братучеди – едниот пред да исчезне, другиот пред да биде притворен. Какви биле нивните односи: дали навистани биле нарушени или тоа е наменски спакувана приказна? Одговор на ова прашање дава партиски член кој денес не е дел од раководните структури на партијата, но се смета за близок на поранешниот лидер. Вели дека го почитува Груевски, бидејќи му помогнал кога му било најтешко. Со Груевски ги продолжил контактите и тогаш кога многумина кои претходно се колнеле во него, му завртеле грб, особено откако се збогувал со лидерската позиција. Имале честа комуникација, но Груевски со ниту еден гест не навестил дека планира да замине од Македонија.„Неговото движење во последниве месеци беше идентично: суд – Собрание – канцеларијата во „Палома Бјанка“ – дома – кај неговата мајка, и многу интензивно кај неговиот татко. Воопшто не е точно дека со Сашо Мијалков имале нарушени односи. Напротив! Додека сме седеле заедно, во рок од еден час, на пример, се случувало и по неколку пати телефонски да се слушнат. Се гледаа секојдневно. Ниту со врвот на партијата немаше никакви нарушени односи. Мислам дека неговата мајка се уште користи партиско возило и возач за нејзини потреби, што укажува дека постои почит кон неговото семејство“, објаснува нашиот соговорник.Со оглед дека никој немал впечаток дека Груевски планира бегство, единствената индиција за тоа можеби било извесувањето кое банките по службена должност го препраќаат до Управата за финансиско разузнавање (УФР), кога некој клиент ќе подигне поголема сум пари. Тоа Груевски го направил на 6-ти и 7-ми септември, кога само во два дена од негови сметки подигнал над 100.000 евра. Нема јавно потврдени податоци кога целосно ги испразнил сите 35 банкарски сметки во шест деловни банки. Според податоците што неодамна ги објави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Груевски на 20 денарски сметки имал речиси 10 милиони денари, а на 14 девизни сметки поседувал над 42.000 евра.По тој „ран сигнал“ што го добила УФР, истрагата треба да открие дали и до кои институции била проследена ваквата информација. А токму „во интерес на истрагата“, засега нема одговор на ова прашање.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Наместо натпревар безредие ,Буенос Аирес синоќа беше како бојно поле

Немилите сцени во Аргентина во текот на вчерашниот ден брзо го обиколија светот и се топ тема во спортските медиуми. Наместо натпревар -затворен сообраќај, превртени контејнери и автомобили, солзавец, блиски средби, итн. Безредието не успеа да се спречи ниту полицијата и покрај големиот број на полициски службеници кои беа на терен, околу стадионот, на улиците.Натпреварот што требаше да се одигра вчера е одложен за денес, но од Бока се уште размислуваат дали да излезат на теренот затоа што останаа без својот капитен Пабло Перез кој најтешко настрада на вчерашните инциденти.Навивачи на Ривер Плата предизвикаа големи насилства, се судрија со аргентинската полиција, го нападнаа автобусот на Бока јуниорс додека гостинските фудбалери и стручниот штаб се движеа кон стадионот „Монументал“ на реванш финалниот меч во Копа Либертадорес.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Не сум податна на притисоци, уживања и привилегии

Отворено писмо на Бранка Костиќ Марковиќ(разрешен Претседател на УО на Македонска филхармонија)Иако во вчерашното соопштение до медиумите, јасно го изложив мојот став околу разрешувањето од функцијата Претседател на Управниот одбор на Македонската филхармонија, после невистините изнесени од директорот Илиески на еден телевизиски медиум, чувствувам потреба уште еднаш да ги објаснам состојбите, овој пат до поединост.Прво, сакам да подвлечам дека она што директорот Илиески го наведува како аргумент против мене е невистина, којашто јас и не морам да ја демантирам, зошто за тоа говорат сите верзии на ситематизацијата (а досега на Управниот одбор му се доставувени дури четири верзии), а во прилог на тоа е и списокот кој заедно тој и Управниот одбор го составија уште минатата година (декември, 2017) заради подготовка на неговите Планови за вработувања за оваа и идната година. Никаде во наведениве документи не е предвидено место коешто одговара на мојот професионален профил и за коешто би можела да конкурирам и да ги исполнам условите, а во Македонската филхармонија нема ниту реална потреба од кадар каков што сум јас (меѓу сите систематизирани работни места во важечката и верзиите на новата систематизација не постои работно место во чиј опис се бара диплома како мојата). Ако кон ова го придружиме и фактот дека јас како претседател на Управен одбор не би можела да бидам вработена во институцијата кадешто ја имам оваа функција (класичен судир на интереси), како и моето изјаснување пред Управниот одбор дека немам никаква намера од тој тип, овие обвинувања на директорот Илиевски автоматски значат класична конструкција. Но, моето прашање е, што и доколку замисилиме дека неговото тврдење е вистинито, како тоа ги објаснува или оправдува неговите пропусти и кршења на законските процедури?По однос на обвинувањето дека јас како претседател на Управниот одбор два месеца не ја ставам на дневен ред точката за усвојување на новата систематизација, можам само да ви ги посочам датумите на одржаните седници на Управниот одбор коишто го говорат токму спротивното. Седници на Управниот одбор се одржани на 25.9.2018 (со самиот почеток на новата концертна сезона), потоа на 9.10.2018, 15.10.2018, 24.10.2018, 7.11.2018, 15.11.2018. Во овој период, интензивно инсистирав на конкретна практична работа и лична ангажираност на сите членови на Управниот одбор и на службите во Филхармонијата во изготвувување на конечниот текст на документот, според сите правила и прописи (за што сведочи и целокупната електронска комуникација меѓу мене како преседател и другите членови на Управниот одбор, вклучително и директорот). Во овој посочен период пред мојата смена, самата јас и писмено приложувам обемен текст со забелешки и конкретни решенија за спасување на согласностите за новите работни места (дури и за оние уфрлените од страна на директорот Илиески), што се гледа од електронската комуникација со него и членовите на Управниот одбор. Тоа посветено го прави и уште една членка на управниот одбор (и за тоа сведочи електронската пошта) и така се создадени вистинските услови, правничката да го доведе документот во солидна финална форма за гласање. Но, таквата состојба не му одеше во прилог на директорот. Кога го сфати тоа (не можам да тврдам дали на негово барање или не), одеднаш после цела година неделегирање на петти член на Управниот одбор од страна на локалната самоуправа, експресно тој беше делегиран и ни беше испратен да присуствува на две наши наредни седници, но кога беше констатирано дека ја нема потребната верификација, односно потврда од ресорниот министер за неговото назначување, а со тоа и право на глас, самиот се повлече од седниците се до регулирање на процедурите, односно до полноправна важност на неговиот глас (тоа не се случи до последната седница со која што јас претседавав). Од ваквиот развој на нештата (на што му претходеше и започнатото гласање на одредени делови од систематизацијата при што со едногласно кревање рака се отфрли едното место пијанист и од двата систематизирани, а се укина и едниот извршител харфист, двете места заради непотребност од редовно вработување во симфониски оркестар), директорот Илиески сфати дека не останува простор за поминување на неговата последна верзија на систематизацијата, која пак со корекциите од управниот одбор и реалниот и издржан опис и попис на работните позиции нема да може да ги вработи лицата коишто требаа да бидат вработени со протекции „од горе“. Тогаш, пристапи кон игнорирање на моите повици за седница на Управниот одбор, во кој период го барал и го добил моето разрешување. А тоа, во опишаните околности во кои не можеле да најдат аргументи за мое несовесно или противзаконско работење, било единственото можно решение на неговите проблеми во протуркувањето на ургенциите.Оттука, ваквите реакции на директорот Виктор Илиески коишто се темелат единствено на невистини не се воопшто изненадувачки (а убедена сум дека не се и последни), а беа предвидени и во моето прво вчерашно обраќање до јавноста, апропо мојата смена. Сакам да кажам дека оваа негова, веќе редовна пракса за извртување на фактите и дефокусирање од главниот проблем, во недостаток на валидни аргументи, е повеќе од очекувана..Но, имајќи ја предвид важноста на медиумите во креирањето на јавното мислење, чувствувам потреба уште еднаш, сега пошироко да ги изложам случувањата коишто му претходеа на моето разрешување.Во првата година од мандатот на Управниот одбор и директорот имаше многу предизвици, зашто Македонската филхармонија требаше да се пресели во новиот објект, а таму сѐ уште не беа завршени градежните активности, без разлика што новата сала го доживеа своето свечено отворање. Управниот одбор заседаваше редовно, па дури и често заради потребата од потпишување на многу документи, одлуки, измени коишто произлегоа од преселбата. Требаше да се продолжи сезоната и програмата донесена од нашите претходници, но требаше безболно да се премости и задоцнетиот почеток заради завршување на градежните активности на недовршениот објект и комплетирање на градежната документација. Затоа, Управниот одбор беше крајно кооперативен и толерантен кон вработените во администрацијата и новиот, тогаш в.д. директор и не забележуваше на итните барања за состаноци, ургентни повици за донесување на одлуки, како и на ненавремените доставувања на потребните материјали.Со завршувањето на првата концертна сезона, заврши периодот на адаптација, па така започна и работата во нормални услови. Во месец август, после летниот распуст, а пред почетокот на новата концертна сезона, јас како претседател, а и една членка на Управниот одбор замоливме (после неколкуте претходни молби до директорот) да имаме навремени комплетни материјали за седниците, материјали коишто се во надлежност на ова тело, односно со чија помош ќе ја имаме комплетната слика на програмското и финансиското работење на институцијата. Во меѓувреме се зголеми динамиката на настани во објектот, почнаа да стигнуваат првите критики за зголемениот број на естрадни концерти и други комерцијални настани коишто ги фрлаа во сенка концертите со класичен симфониски репертоар (инаку базична дејност на институцијата) и сл., а за таквата состојба Управниот одбор немаше вина, односно воопшто не беше консултиран од страна на директорот за ставот околу програмската и финансиската стратегија во институцијата. Иако упорно инсистиравме, ние и до последната седница под мое раководство не добивме детални информации за сите ставки од договорите со солистите, диригентите и хонорарците за концертите од главната програма на оркестарот, а воопшто немавме програма за малата камерна сала, ниту пак имавме информација што ќе се случува во термините кога салите и фоајето се изнајмени од надворешни продукции, фирми и сл.Но, проблемите почнаа вистински да ескалираат во моментот кога дознавме дека за време на летниот распуст, директорот „на своја рака“ (без согласност од Управниот одбор и дозвола од Министерството за култура, Катастарот, Министерство за транспорт и врски…) ја проширил бината во големата сала со вадење на цели редови од гледалиштето, но и драстично ја сменил последната верзија на систематизацијата којашто ние ја имавме на разгледување (а досега добивме дури четири верзии на документот од кои три се добиени во период од само една седмица, 25.9.2018, на 28.9.2018 и на 2.10.2018. Последната верзија е всушност нов пречистен текст на систематизација, бидејќи претходно е доставувана и верзија во вид на Правилник за измени и дополнувања на систематизацијата изработена од надворешен експерт, лично ангажиран од директорот Илиевски, којшто експерт самиот пред Управниот одбор изјави дека измените се толку големи (изменета е целата структура на институцијата со воведување на нови сектори и оддели, како и нови работни места) што и било препорачано документот да не биде гласан во вид на Правилник за измени и дополнувања, туку во вид на нов пречистен текст. (Иако, претседателката на УО го барала од директорот на увид договор под кои услови е ангажиран експертот и со чии средства е платен, и покрај постоењето на дури две вработени правнички во Македонската филхармонија во чиј домен е и изработка на ваквите документи, тој договор никогаш не ни е доставен).Очекувајќи дека Управниот одбор ќе ја изгласа без забелешки, директорот Илиески своеволно барал и согласности за нови работни места (меѓу кои и такви кои не постоеја во претходните верзии на систематизацијата, но и никогаш не биле разгледувани од Управниот одбор). Проблемот да биде поголем, за истите тие места директорот добил и согласности од Министерството за култура, а потоа и од Министерство за финансии. Имено, тој на два пати (на 5.4.2018 и на 19.7.2018) селективно побарал, а потоа и добил 10 (за 2018 година), односно 9 согласности (за 2019 година), за вкупно 19 работни места, меѓу кои и непостоечки во актуелната систематизација којашто е сè уште на сила, а неколку од нив воопшто и не биле на списокот за идни работни места којшто го составиле УО и директорот. Имено, ние заедно (директорот, јас и членовите на Управниот одбор) претходната година направивме приоритетна листа за планот за нови вработувања за 2018 и 2019 година, кадешто на врвот беа акутните испразнети места во оркестарот, а потоа и некои административни (пред се во техничкиот дел којшто го наложи преселбата во новиот објект), но тој не го пратил целиот список, туку селективно на два пати барал места, избрани по негово убедување и назначил во барањето дека токму тие се итни. Меѓу нив имаше и такви коишто воопшто не беа споменати на ниту една од седниците претходно. Кога се видовме на првата закажана седница после летниот одмор, на денот кога се отвораше новата концертна сезона 27.09.2018 и кога како претседателот на одборот го прашав директорот како „осамнаа“ неколку нови работни места и за кого се предвидени, зашто несомнено станува збор за ургенции, тој го кажа дури и името на една личност вработена во дневен весник и рече дека за неа има ургенции „од горе“. Јас се побунив и реков дека нема да дозволам да се случуваат штетни вработувања на сметка на најважните работни места во оркестарот (за кои се добиени само 5 согласности, наспроти другите 14) и коишто и ја намалуваат шансата на институцијата да бара нови работни места во иднина. Исто така, истакнав дека таа личност според дипломата музиколог, не може да биде вработена на место советник во област којашто предвидува образование коешто се стекнува пред се на катедрите на правниот факултет. Од тој момент, директорот Илиевски почна со личните напади кон мене и обвинувања дека јас сум против одредени личности и тогаш почна да ја лиферува информацијата за наводна лична заинтересираност за вработување заради која се противам на неговите ургенции. Оттогаш, почна да ми поставува ултиматуми за брзо усвојување на неговата систематизација (со конкретен датум), зашто дел од новите работни места не постоеја во актуелната и оттуку, не да можат да се објават конкурсите и да се реализираат согласностите. Тогаш започна и периодот на перманентни навреди кон мене, обвинувања за кочење на процесот, озборувања по кулоарите и валкање на мојот углед.Јас како претседател ги исцрпев сите механизми да ја решам работата по мирен пат, односно му укажав лично на пропустите, како и на непотребните уфрлувања на работни места коишто не се нужни за институцијата и ја одземаат можноста за вработување на музичар плус во оркестарот (па дури и дека некои од нив се апсурдни, како оние вработувањата во доменот на маркетингот кога веќе има тројца вработени во продукцијата, од кои двајца се асистенти коишто се грижат за подготовка на пропагандните материјали, програмските брошури, односите со јавност, а згора на тоа голем дел од работите ги вршат и ангажираните надворешни продукции и агенции). Во истиот овој период на интензивна расправа околу систематизацијата и моето неотстапување од намерата таа да биде донесена од Управниот одбор со уважување на моите забелешки, како и забелешките на останатите членови, почнав да добивам и пораки од трети лица за да замолчам, да не правам проблеми и да ја „поттурнам“ работата околу донесување на овој документ. Имав јавувања и од вработени во ресорното министерство коишто ме повикуваа на неформални средби, па дури имаше и барање за присуство на седница на Управниот одбор (што е класичен пример за притисок врз ова тело и е спротивно на правилата пропишани со Деловникот за работа на управниот одбор). Исто така, во овој период ми беше пренесено од колеги дека директорот со гордост веќе почнал да се фали дека работи на случајот да бидам тргната од функцијата.Во меѓувреме, дојде време и за подготвување на едногодишниот извештај за работата на Управниот одбор, којшто претседателот е должен да го достави до Министерството за култура, а се случија и проблемите за кои претјодно говорев, па решив да побарам средба кај ресорниот министер Асаф Адеми (закажувањето се одвиваше преку шефот на кабинет на министерот Адеми, господинот Фатон Фазлиу, до кого е испратено електронско писмо, а потоа неколку пати е разговарано и телефонски за евентуалниот слободен термин на министерот) за да алармирам за притисоците и да укажам на противзаконските акции, со цел да се заштитам од можноста со премолчувањето автоматски да станам соучесник во истите. Министерот Асаф Адеми ме прими (на 16.10.2018) и ги сослуша моите аргументирани забелешки (со целата придружна документација), а потоа ме замоли за уште една средба на која, ако дозволам, би го викнал и директорот Илиески. Му реков дека тоа секако не ми пречи, туку сметам дека е вистинскиот начин да го решиме проблемот. Средбата се одржа на 18.10.2018, во добра атмосфера со препораки за продолжување на совесната и систематична работа на одборот и обид за надминување на тековните проблеми настанати на релацијата Управен одбор – директор, коишто во меѓувреме ескалираа и коишто му беа пренесени. Министерот Адеми укажа на важноста од почитување на телото Управен одбор и уважување на ингеренциите на истото, пропишани со Законот за култура, Статутот на Македонската филхармонија и Деловникот за работа на УО на оваа институција. На директорот, тој јасно му стави до знаење дека мора да го почитува Управниот одбор и дека не може ништо да преземе без неговите одлуки, а му беше сугерирано и да ги почитува сите законски процедури и да ги уважува сите барања за доставување на побараните материјали за работа. Доколку е толку зафатен (директорот претходно се пожали дека едвај стасува да ги заврши сите обврски и дека затоа има некои пропусти), да си делегира помошник од редот на вработените којшто ќе помага во комуникацијата со Управниот одбор. Но, за жал, старата пракса на самоволно донесување одлуки на директорот продолжи и натаму.Сакам уште да дополнам дека, веднаш, уште на мојата прва средба со министерот, му кажав дека знам дека е најлесно да дадам оставка, но дека кревањето раце од проблемите е недозволиво за човек како мене којшто функцијата ја прифатил одговорно и единствено како професионален предизвик без никакви други очекувања и привилегии. Дека во мојата кариера главно работам во приватниот сектор, успешно учествувам во меѓународни проекти и дека не сум член на ниту една партија, туку сите мои активности се темелат врз професионални норми и дека мојот авторитет во областа е граден со години. Оттука, не сум податна за подлегнување на притисоци, уживање на привилегии и дека сакам задачата којашто ми е доверена да ја завршам професионално, според сите права и прописи и така гордо да го заокружам претседателскиот мандат. Тоа му го имам кажано и на целиот Управен одбор и на директорот на една од седниците кога ми беше понудено патување на турнејата во Шпанија заедно со целиот оркестар. Тогаш само уште еднаш подвлеков дека одбивам да патувам преку институцијата на државна сметка, дека не сакам никакви други привилегии и дека како претседател на управен одбор, за времетраење на мандатот, но и после неговото престанување, не ми паѓа на памет да барам вработување во истата.Во продолжение само таксативно ќе ги наведам и другите работи за кои постои сомнеж дека директорот Илиески ги прекршил правилата во текот на досегашниот мандат, а кои претседателот на Управниот одбор ги навести дека ќе ги изнесе на заедничката средба на на Управниот одбор и членовите на оркестарот (состанок којшто беше опструиран од страна на директорот, а во соработка со шефот на оркестарот). Тоа секако не се случи, а претпоставувам дека нема ниту да се случи, бидејќи сум разрешена од претседателската функција, но можеби надлежните институции сепак ќе решат да се посветат на анализа на работата на институцијата и нејзиниот директор и ќе ги превенираат идните потенцијални кршења на законските регулативи.Според поплаките на членови на ансамблот (за коишто директорот Илиевски бараше да им ги откријам имињата за веројатно да ги „смири“, откако усно го информирав дека сакам да разговарам за сите поплаки коишто доаѓаат до Управниот одбор и да ги констатираме или отфрлиме), Илиески нема извршено исплаќањето на празнични дневници и хонорари кон оркестрантите. За проба во неработни денови (недела и државен празник) според законот за државни празници треба да се исплаќа празнична дневница (основната зголемена за 50%), а исплаќал и дневници и хонорари на рака. Исто така закажувал и двојни проби на оркестарот без одобрение на Управниот одбор (постои Правилник за работно време каде согласно членот 49 од Статутот на НУ Македонска филхармонија – Управниот одбор го одредува работното време на вработените во институцијата и дава одобрение за сите промени на истото), а директорот закажал проби без да побара одлука на Управниот одбор за промена на работното време. Вршел и незаконска директна исплата на рака (дневниците исплатени во долари и евра на рака на вработените за остварените турнеи надвор од земјата, но и за некои од популарните концертите вон редовната програма на оркестарот, дневниците пред турнејата во Шпанија се делени во евра на рака на вработените).Исто така, вредно за споменување е и дека, директорот Илиески, со својата неспособност и неискуство да менаџира толкава институција со толку тековни активности, во неколку наврати го става во непријатна ситуација и самиот Управниот одбор. Ќе споменам само една од нив, кога врз претседателката на УО е истурен гневот од надворешно лице заради постапките на директорот. Имено, Илиески, во неколку наврати усно го ветувал изнајмувањето на концертниот клавир на директорот на Скопскиот џез фестивал, господинот Оливер Белопета, а го криел официјалното барањето до Управниот одбор од Скопскиот џез фестивал за изнајмување на концертниот клавир од Македонската филхармонија. Откако, г. Белопета лично ме праша зошто како претседател на УПравниот одбор не го ставам толку време неговото барање на дневен ред, јас итно побарав од директорот и административните служби во институцијата, да го поронајдат барањето. Тоа беше пронајдено (откако со денови не му била давано на Управниот одбор) и го ставив на гласање веќе на следната седница. Членовите донесоа едногласна негативната одлука за изнесување на клавирот од објектот на Македонската филхармонија во МОБ заради штетната амортизација на скапиот инструмент и веднаш му беше дадена информацијата на господинот Белопета за да може да наоѓа други алтернативи на само неколку денови пред почетокот на неговиот фестивал. Но, веќе утредента, директорот Илиевски донесе указ со кој ја поништи одлуката на УО за давање на клавирот, документ добиен од заменикот министер за култура Владимир Лазовски со која му се наложува на Управниот одбор да даде дозвола за изнесување на инструментот и тој е изнесен од институцијата и даден на Скопскиот Џез Фестивал.Ако кон проблемите околу систематизацијата, доспеаните поплаки за други кршења на процедурите и притисокот и клеветите врз мене и Управниот одбор, ги приклучиме и проблемите со проширувањето на големата сцена во новиот објект на Филхармонијата, без обезбедена документација, а и недоставувањето на постојано бараните материјали за увид во целокупната агенда на настани во објектот и договорите со странските уметници и маркетинг агенции, продукции, јасно е дека директорот Илиески мора да наоѓа начини за излез од ситуацијата и дека барањето за моја смена било повеќе од нужно.(Бранка Костиќ Марковиќ е магистер по музикологија, долгогодишен музички новинар и поранешен уредник во Телма)

Скопје | пред 7 години

parno

Граѓаните кои се греат на парното на Скопје Север два дена се без греење

Граѓаните на Скопје кои со парно греење се снабдуваат од компанијата Скопје Север АД , се жалат дека веќе неколку дена немаат парно греење. Тие, како што велат, сметките ги плаќаат однапред за четири месеци, ама сега кога им е потребно греење мрзнат.Од „Скопје Север“ потврдуваат дека снабрувањето е прекинато, како причина наведуваат дека вчера Макпетрол Пром-гас го прекинал снабдувањето со природен гас, поради проблем во начинот на обезбедување на гаранција на плаќањето.Очекуваат проблемот да се надмине и да продолжи испораката на греењето до граѓаните.„Во текот на вчерашниот и денешниот ден се прават интензивни контакти помеѓу Скопје север АД Скопје, Општина Чаир и Макпетрол Пром-гас за надминување на проблемот и како резултат на овие напори Макпетрол Пром-гас даде налог за приклучување на Скопје Север АД – Скопје на системот за дистрибуција на природен гас на 25.11.2018 во 12:00 часот со цел во следната работна недела да се обезбеди гаранција за плаќањето на природниот гас.“, велат од Управата на „Скопје север АД Скопје“.

Скопје | пред 7 години

skopje-sadnici

Со дрва или со фарба ќе се прави Скопје зелен град?

Деновиве во Скопје се ископаа многу дупки, се садат дрва. Ова е добра работа со која се зафатиле од раководството на градот. Колку ќе се реализира, останува да се види. Засега гледаме, дупки има, а во некои веќе има и нови садници. Како што пренесе Скопско Ехо, планот на Град Скопје е амбициозен, треба да се засадат повеќе од 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации низ Скопје, објави skopjeinfo.mk.– Фала Богу им текна да излезат на терен и да садат дрва. Мислев дека ќе го прават градот зелен со фарбање, но еве гледам имало намера и со дрвца да го разеленат, пишува скопјанецот Огнен.Тој изразува задоволство од почнатата акција но и повикува да не се застане на накавената бројка на садници, туку да се сади уште повеќе.Од Град Скопје објаснија дека се отстрануваат пенушки и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници, а се обновуваат идрвореди на скопски улици каде биле исечени и никогаш заменети и обновени.– Не сметајќи ја оваа акција, изминативе месеци се спроведоа акции за садење на нови дрвја во Скопје, каде само во пролетната акција беа засадени повеќе од 6.000 нови дрвја, стои во соопштението на Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

granica-makedonija

„Новости“: Високи српски функционери ќе бидат уапсени ако дојдат во Косово

Пред воведување на драконските такси со што фактички го забранија влезот на српски производи на територијата на Косово, приштинските власти на 1 ноември донеле одлука на највисоките функционери од Белград да не им дозволат влез во Косово, пишува весникот „Новости“.Според сознанија на весникот, списокот со непосакувани личности е доставен до сите полициски пунктови на премините, со напомена веднаш да бидат уапсени доколку некој од нив пристигне таму.На списокот, во кој „Новости“ имал увид, се наоѓаат српската премиерка Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, за одбрана Александар Вулин, за трговија Расим Љајиќ, за градежништво Зорана Михајловиќ, претседателката на Парламентот Маја Гојковиќ и други српски функционери, како и 20 судии.Според весникот, со ваквиот потег, по кршењето на договорот ЦЕФТА, Приштина го прекршила и договорот од Брисел кој се однесува на официјалните посети и кој се применува од 2014 година. Според него, за планирана посета на некој претставник од Белград е потребно само да се извести Приштина.– Имајќи предвид дека „црната листа“ е составена пред одлуката во Интерпол да не го прими Косово, тоа покажува дека и дополнително воведените такси немаат многу врска со резултатот од тоа гласање, туку раководството во Приштина се води според други мотиви, се наведува во текстот на белградскиот весник.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

„Една од три жени во светот е жртва на насилство“ - Меѓународен ден за борба против насилството врз жените

Насилството не треба да се игнорира. Осветлување на Владата на РМ во портокалова боја, дебати и работилници низ цела Македонија, ќе бидат дел од активностите по повод 25 Ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и кампањата „16 дена активизам”. „Слушни ме и мене“’ е годинашното мото на Меѓународниот ден, а кампањата која се одржува во светски рамки почнува денеска и ќе трае до 10 декември.Според Обединетите нации, една од три жени во светот е жртва на насилство. Поради тоа, целта е да се поттикне свесноста на заедницата и индивидуалниот придонес во борбата против насилството врз жените и девојките. Бројните светски медиуми јавуваат дека фамилијарната куќа е најсмртоносното место за жените. Статистиките покажуваат дека во регионот убиените жени спрема бројот на жители е значително поголем отколку во западните земји како Германија или Австрија, а посебно во Шпанија која што во изминатите години сериозно го смени законот за оваа област.Според психолозите кои ја обработуваат оваа проблематика на жена кренале раце луѓе од сите слоеви во општеството, кои настапуваат изолирано, и дека истите треба да одат да се лекуваат односно да одат на терапија. Тие се луѓе кои се љубоморни, немаат доверба во партнерот, или, пак, имаат проблеми надвор од домот, па својот бес го искажуваат врз своето семејство.Пред неколку недели во Македонија имаше неколку случаи на напад врз жени во тетовско. Истите беа пријавени во полиција, која работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Само два отсто од возилата користат плин, Македонците претпочитаат дизел и бензин

Македонија има стар возен парк со просечна старост на возилата од 18 години. Половина од регистрираните возила користат дизел-гориво, додека од 218.544 возила со бензински погон, пренаменети на гас и метан се само 12 илјади возила, или само 2,6 проценти од возилата, пишува МИА, обработувајќи сторија какви возила се возат низ Македонија и какво гориво користат.Владата најави субвенции за инсталирање уреди на гас во возилата, но предвидува да бидат искористени само за 1.200 возила.Емисијата на цврсти честички при согорување на пропан бутан или метан е речиси нулаДаме Димитровски, професор на Машинскиот факултет и раководител на Лабораторијата за мотори и горива, нагласува дека транспортот не е главен фактор за цврсти честички, ниту во Скопје ниту во другите градови, но дека сепак во суштина нешто треба да се воведе во врска со емисиите на возилата.– Дали се тоа вакви лепенки, дали е тоа даночење по емисија, што ќе оди во фондот за животна средина, кој ќе се справува со оваа тема. Некаков систем во кој ги промовираме зелените возила треба да направиме, па макар и ваков систем со лепенки со кој, без разлика колку некој вистински загадува, бидејќи не знаеме колку километри поминува, ставаме лепенка и го ограничуваме каде во градот смее да вози. Сметам дека за почеток може да се направи доста полесно или полабаво ограничување, така што Еуро 4, 5 и 6 треба да се зелена лепенка, а да се промовираат возила на ТНГ и метан, што секако ќе добијат зелена лепенка, вели Димитровски.Во однос на најавените субвенции за монтирање уреди на гас во возилата, Димитровски смета дека со конверзија на гас може да се очекува одредено намалување во емисијата од возилата речиси по сите параметри.– Би требало да се очекува дека ќе се намалат сите емисии од возилото со бензиски мотор, независно дали е тоа Еуро 1, 2, 3 или 4. Очекуваме дека емисијата на цврсти честички при согорување на пропан бутан или метан ќе биде речиси нула, вели Димитровски.Конверзија на гас е можна и кај бензиски и кај дизел-моториКонверзија на погонските мотори на возилата, посочува Димитровски, е можна и кај бензинските и кај дизел-моторите, со тоа што бензинските мотори може многу лесно да поминат на метан или пропан бутан и тоа не е прескапа метода, додека кај дизел-моторот се прави конверзија, но и понатаму е потребно да се користи и дизел и гасно гориво.– Кај дизел-моторот се прави конверзија, но за да остане циклусот дизелов треба да користи и дизел и гасно гориво. Таква конверзија во Македонија е направена во 2006 година во ЈСП, кое имаше 30 автобуси со најлошите дизел-мотори во тоа време и ги направија да бидат со двојно гориво, 50 проценти дизел и 50 отсто метан. Како што знам, а бевме вклучени во мерењата како факултет, емисиите драстично се намалија на цврсти честички и исплатливоста беше голема, затоа што метанот е многу поевтин од дизелот. Со тој проект се престана и понатаму се купија Еуро 5 дизел-автобуси, изјави Димитровски.Во тој контекст посочува дека одлуката на Град Скопје да купи гасни автобуси е за поздрав, затоа што емисијата од нив е нула цврсти честички, има инфраструктура за полнење, има сервисери и може веднаш откако ќе ги купат да ги користат.– Електричните автобуси не се лоши, но за нив немаме инфраструктура и можеби треба постепено да ги носиме. Ќе треба доста време за да се замени тоа што ЈСП сега го има како возен парк, изјави Димитровски.Многу е јасно дека дизел-технологијата е повалкана од ото-технологијата, затоа што користи потешко гориво, но од друга страна дизеловиот циклус дава поголема моќност.– Ако кај лесните возила многу полесно може да ги убедиме луѓето да возат полесно гориво, кај тешките товарни возила сѐ уште е голем проблем да се најде добар камион што е со исти перформанси и користи чисто гориво. Во најава следува дека ќе има некакви електични или други почисти технологии и затоа Еуро 7 и 8 нормите ќе се развиваат кај тешките возила, а потоа и кај автомобилите, изјави Димитровски.Субвенции за вградување уреди на гас до 300 евра за 1.200 возила годишноЗаменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули со новите законски измени најави и субвенции за електрични и хибридни возила, како и субвенции за течен нафтен гас или метан.Со Програмата за субвенционирање за купување нови хибридни и електрични возила се предвидуваат субвенции од 5.000 евра во денарска противвредност за набавка на електрични возила, а 3.000 евра во денарска противвредност за набавка на хибридно возило, а во првата година се предвидува да бидат доделени субвенции за 200 возила.Со овој закон се предвидува Програма за субвенционирање на трошоците за вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во постојните возила.Со Програмата се субвенцинираат 50 проценти од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво.Истовремено со овој предлог-закон се предвидува Програма за субвенционирање за купување нови возила со одјава на старо возило со цел да се зголеми увозот на нови возила во однос на половните и значително ќе се забрза обновата на возниот парк, што значително ќе влијае на намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух.Во Македонија половина од возилата се дизел со просечна старост од 18 годиниВо Македонија има над 400 илјади регистрирани автомобили со просечна старост од 18,7 години. Од нив, над 80 отсто се постари од десет години, а речиси половина користат дизелски погон.Податоците од МАКСтат базата покажуваат дека просечната старост на патните моторни возила во Македонија е зголемена од 18,4 години во 2016 на 18,7 години во 2017 година, додека во истиот период и бројот на автомобили е зголемен за осум илјади од 395 илјади во 2016 на 403 илјади во 2017 година.Најголем дел автомобили 84,1 отсто се постари од десет години, што во однос на 2016 година е зголемување од околу два процента од 81,8 отсто. Вкупниот број автомобили до пет години изнесува десет илјади, или 2,5 проценти од вкупниот број возила и во 2016 и во 2017 година.Забележително е дека со растот на бројот на возила во Македонија и дозволениот увоз на половни се менува и процентот на застапеност на дизел-возила во однос на бензинските. Така, во 2012 година од вкупно 301 илјада автомобили на дизел биле помалку од една третина, или 92.799 автомобили. Таа бројка е во постојан раст, и во 2016 година во Македонија има вкупно 192.816 дизел-автомобили, што е речиси половина од вкупниот број автомобили и се изедначува со бројот на бензински возила, што изнесува 197.880 возила. Во истиот период, бројот на бензински автомобили е речиси стабилен, со тоа што има минимално зголемување на бројот на автомобили што користат бензин и гас, односно од 9.501 возило во 2012 година, на вкупно 11.445 возила во 2016 година. Бројот на електрични возила, иако незначителен, е намален во овој период, па така од 41 електрично возило во 2012 година, во 2016 година има 37 електрични возила во Македонија.извор: МИА

Македонија | пред 7 години

gruevski-orban

„Политико“: Унгарската разузнавачка служба го олесни бегството на Груевски

БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ„Политико“: Унгарската разузнавачка служба го олесни бегството на ГруевскиОбјавено пред 57 минути - 25 ноември, 2018Од Кристијан ЛандовУнгарската разузнавачка служба е вклучена во олеснување на бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, пишува бриселскиот портал „Политико“, повикувајќи се на изјави од свои извори.Оттаму, констатацијата ја темелат и на изјавата од Министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, кој кажа дека Груевски го придружувале унгарски дипломати за време на бегството.Портпаролот на унгарската влада за „Политико“ не одговорил на прашањето дали разузнавачката служба е вклучена во операцијата со експремиерот на Македонија.„Унгарскиот премиер Виктор Орбан е долгогодишен сојузник на Никола Груевски. Орбан јавно ја бранеше одлуката за доделување на азил на Груевски, велејќи дека во Македонија се водат ‘сложени политички игри’“, стои во текстот на„Политико“.Претходно, американскиот Стејт департмент изрази загриженост за потегот на Груевски да избега, со цел да ја избегне неговата двегодишна затворска казна во Македонија, се додава во објавата на порталот.

Македонија | пред 7 години

orizoprozvoditeli

Оризопроизводителите ќе добијат по пет денари за килограм по предаден оризова арпа

Дополнителна субвенција од пет денари за килограм е мерката со која Владата ќе ги мотивира оризопроизводителите да ја предадат арпата во фабриките за откуп, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски на средбата со оризопроизводителите во Штип.Според министерот, оваа родна година се очекува откуп од 18 до 20 илјади тони ориз. Досега биле откупени околу 20 проценти, но како стимул се нудат субвенции од пет денари за килограм оризова арпа.Тој најави дека мерката во вторник ќе биде ставена на владина седница и усвоена. Со мерката, оцени, ќе се раздвижи пазарот, а оризопроизводителите ќе можат да го продадат своето производство.-Мерката ќе важи до 31 март 2019 година и сметаме дека со неа ќе направиме значајно раздвижување. Очекуваме 5.000 до 10.000 тони да бидат дополнително опфатени. Го прифаќаме барањето на подсекторската група и барањето на оризопроизводителите за дополнителни пет денари. Сметаме дека тоа за Владата треба да е прифатливо и излегуваме со еден позитивен аспект и позитивен однос кон целокупната оваа гранка, вели Николовски.Оризопроизводителите пак веднаш го искажаа своето незадоволство и од откупната цена и од субвенциите, затоа што, како што рекоа, цената од 18 денари не ги покрива ниту најосновните трошоци. Од синдикатот на земјоделците велат дека дел од производителите веќе реализирале некаков откуп, што значи тој дел не може да влезе во новата мерка. „Затоа предлагаме субвенција не од продаден килограм арпа, туку од хектар добиен ориз. Плус тоа, оваа мерка е со ограничен период и нема да бидат опфатени сите производители, а во врска со откупната цена, таа треба да изнесува најмалку 25 денари“, велат оризопроизводителите .

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања