ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

Sadula_Duraki_Minister

Дураку се правда дека не се изразил јасно кога рекол дека не се занимава со граѓаните

Министерот за животна средина, Садула Дураку, се оправда и вели дека жали што не бил доволно јасен во својот одговор дека тој не се занимава со граѓаните.„Владата постои за да ги остварува своите стратешки приоритети, да ги решава проблемите и да го подобрува живеењето на граѓаните. Во таа насока Владата ја дефинира борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет. Министерот Дураку во својата изјава за медиумите ја потенцира Програмата за справување со аерозагадувањето и укажа дека граѓаните имаат право да преземаат свои дејства. Министерот изразува жалење за тоа што не се изразил доволно јасно и што тоа предизвика реакции во јавноста“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.Министерот на прашање за коментар за најавите за тужби против државата поради непреземање мерки против загадувањето на воздухот рече: „Сега јас не се занимавам со граѓаните, граѓаните може да се тужат“.

Македонија | пред 7 години

20180916184701

Извршители кај Орце Камчев, се продава „Здравје Радово“

„Здравје Радово“ најголемата млекарница во Македонија ќе се продава, објави телевизија Алсат. На 16-ти месецов извршител напрвил заплена во сопственичкиот удел во млекарницата.Според официјален документ објавен на Централниот регистар, „Здравје Радово“ должи 4 милиони и 300 илјади евра како главен долг, 20 илјади евра по основ на камата, и 9 илјади евра плус ДДВ – трошоци за извршител.Продажбата на млекарницата ќе ја прави НЛБ Тутунска банка од каде млекарницата земала кредити, а не ги враќала.Две фирми се јавуваат како сопственици во „Здравје Радово“. 99 проценти од млекарницата се во сопственост на Земјоделкиот комбинат Пелагонија, а 1 процент поседува компанијата Пелагонија Енерџи ДООЕЛ.Сопственици на ЗК Пелагонија се Орка Холдинг на Орце Камчев, Цветан Панделевски и контроверзната оф шор фирма „Ексико“.

Македонија | пред 7 години

Sadula_Duraki_Minister

(ВИДЕО) Македонија не е ,,Швицарска“, а министерот за екологија Дураки не се занимава со граѓаните

,,Македонија не е ,,Швицарска“, а министерот за екологија Дураки не се занимава со граѓаните“.Ете вака од прилика гласи одговорот на Министерот за екологија, заштита на животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, кој по долга и тешка изолација, се појави во јавноста и им го плесна в лице на загрижените граѓани.„Јас не се бавам со граѓаните, граѓаните може да се тужат“, е одговорот кој министерот за животна средина Садула Дураки што го даде на прашање на ТВ Сител за тоа кој е неговиот став за најавите дека граѓани ќе ја тужат државата за аерозагадувањето.Министерот не го загрижуваат критиките на граѓаните дека 1.5 милион евра се премалку пари за борба против загадувањето.– Знаете вие дека ние сме Македонија, а не Швајцарија. Почнавме, еден чекор е напред и тоа – вели Дураки.На прашањето што конкретно се презема во моментов, тој за одговорна ја посочи работната група.

Македонија | пред 7 години

geujo3

(ФОТО) Никола Груевски на билборд во Унгарија

Низ главниот град на Унгарија осамнаа билборди со ликот на поранешниот македонски премиер, Нкола Груевски.Реклама за новиот број на магазинот „ХВГ“ со Груевски на насловната страница со порака ја „Ја сакам Унгарија“ под која веднаш има лисици.Улиците на Будимпешта се преполни со вакви плакати.Никола Груевски пред неколку дена доби политички азил во Унгарија, образложувајќи дека во Македонија е политички прогонет од власта на Заев.

Македонија | пред 7 години

46503853_1986078985022829_2959607408999006208_n

(ФОТО) Мијалков со лисици

Фотографијата објавена од Александар Дојранлиев е хит на социјалните мрежи. Тој долго време ги засмева корисниците на социјалните мрежи со фотографии обработени на “фотошоп”.Последно негово дело е “Мијалков со лисици”.

Македонија | пред 7 години

anketa2-696x394

ВМРО-ДПМНЕ водечка партија кај Македонците, СДСМ водечка партија кај Албанците

Анкетата на телевизија Телма и МЦМС, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има најголема доверба кај Македонците, додека Албанците најмногу доверба даваат на владеачката СДСМ.На прашањето: Доколку утре се одржуваат Парламентарни избори, за која политичка партија ќе го дадете својот глас?Македонците 30.4% одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 25.5%. Албанското население во Македонија, пак, најмногу би гласале за СДСМ (27.5%), додека за ДУИ 27%. За ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснил никој.Интересно е дека Македонците со „нема да гласам“ одговориле нешто повеќе од 25%

Македонија | пред 7 години

gruevski-1

Груевски пред да избега извадил над 200.000 евра од македонските банки

Пред да избега, експремиерот Груевски од неговите сметки извадил над 180 илјади евра, тврдат извори од една од банките каде експремиерот имал над 15 сметки. Тој експресно ги затворил истите, по што, ден потоа почна драмата за негово наоѓање со цел да му се врачи поканата да се пријави во затворот “Шутка” каде требаше да одлежи 2 години.Но, Груевски со се парите избега во Унгарија. Гласно се шпекулира дека експремиерот во Унгарија има банкарски сметки уште од времето кога беше прв човек во владата на Македонија, а на нив илјадици евра кои низ годините ги префрлал на различни начини.Груевски ги испразнил банкарските сметки во Македонија, за да истите не му бидат конфискувани од судот поради неговото бегство.Никола Груесвки според имотниот лист доставен во Антикорупциска комисија не поседува никаков движен и недвижен имот. Тој има само кредитни и дебитни картички, како и девизни сметки заштеди. Во имотниот лист не е впишан ниту станот на “Павел Шатев” каде пратеникот живееше. Иако на еден од протестите на ВМРО-ДПМНЕ тој возеше автомобил “пунто”, во имотниот лист не е заведен.Од 2007-мата кога Груевски за прв пат како премиер пријавил што поседува во Антикорупциската комисија до последната пријава, имотот му се зголемил седум пати. Последно, според официјалните податоци, тој има 200 илјади евра.

Македонија | пред 7 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

ЕКСКЛУЗИВНО: Груевски поминувал граници со пропусница издадена од Македонија

Експремиерот Никола Груевски ја напуштил Србија и влегол во Црна Гора со пропусница бр. 100.501 издадена во Тирана, соопшти српскиот премиер Александар Вучиќ. Таа пропусница, на Груевски можат да му ја издаде само државата чиј државјанин е тој, во конкретниот случај Македонија, дознава „Скопје 1“ а потврдуваат правни експерти.„Доколку тој е државјанин на Македонија, тогаш само таа држава може да му издаде таква пропусница, која служи за едно влегување или излегување од одредена држава. Доколку тој е државјанин на Унгарија, тогаш и тие би можеле да му издадат ваква пропусница. Но, во никој случај, пропусницата не може да му биде издадена од држава на која Груевски не е државјанин“, велат правните експерти.Ова ја отвора дилемата, кој ја издал пропусницата на Груевски со која минувал граници за да стигне до Унгарија. Вучиќ во интервјуто, кажа дека таа е издадена во Тирана, Албанија, но не и од кој орган таа е издадена. Сите државни низ кои поминал Груевски, велат дека постапувале според правните процедури.Според ова, постојат сомневања дека пропусницата му била издадена во Македонија или македонската амбасада во Тирана. Во спротивно, истата е неважечка. Легитимацијата на границите се правела со лична карта и пропусницата, со оглед на тоа, Груевски не ќе можал да го помине границите доколку пропусницата била изадена од унгарската амбасада, а тој поседува македонска лична карта.Од МВР се уште молк. Тие велат дека истрагата е во тек, откако ќе се комплетира доказите ќе бидат доставени до Обвинителството, кое отвори истрага за бегството на Груевски. Не е познато дали предмет на истрагата е и македонската амбасада во Тирана, исто како што не се знае кој и дали воопшто некој ќе сноси одговорнсот. Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија се оградија и велат дека запазени се сите процедури за влез и излез од нивните држави, со тоа, тврдат дека испочитувани се сите процедури.(„Скопје 1“ - www.skopje1.mk) 

Македонија | пред 7 години

Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

(DW) Бундестаг: случајот Груевски „смрди до небо“

Случајот Груевски станува лакмус тест за веродостојноста на правната држава во Унгарија, се реагира од Бундестагот на бегството на експремиерот. Се вели и дека Орбан го поставил личното пријателство над правосилна одлука, пишува ДОЈЧЕ ВЕЛЕ.Унгарија да не се претвора во продолжена рака на автократот Груевски, а Македонија да разјасни дали бегството уследило по дозвола од тамошните власти, бараат пратениците во Бундестагот. На барање на ДВ да ја коментираат ситуацијата околу Груевски и неговиот азил во Унгарија, тие се прилично јасни во своите оценки и очекувања.Торстен Фрај, ЦДУ-ЦСУТорстен Фрај, член на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот од пратеничката група на Унијата (ЦДУ/ЦСУ), која е дел од семејството на Европски народни партии како и партијата на Орбан, Фидес, непосредно пред да биде одобрен азилот за Груевски, за ДВ оцени дека од Унгарија очекува примена на еднакви критериуми за азил:„Се разбира, многу е тешко од германска перспектива да се проценуваат постапките околу можниот азил кој Никоја Груевски го побара во Унгарија. Шпекулациите околу тоа и во Македонија се многу разнолики. Меѓутоа, во најмала рака очекувам ваква една постапка во Унгарија да се одвива според јасни принципи на владење на правото и да се применат еднакви мерки и критериуми, кои се вообичаени при постапката за азил таму“, оцени Фрај.Јосип Јуратовиќ, СПДНеговиот колега од Комисијата за надворешна политика, социјалдемократот Јосип Јуратовиќ, има многу поостра оценка за случувањата околу Груевски. Тој во изјавата за ДВ вели:„Ако работата се погледне подобро, таа смрди до небо. 'Системот Груевски' се служи со демократски средства. И тоа е она што е навистина вознемирувачко во овој синџир на случувања - како демократски сомнителни сили злоупотребуваат демократски средства. Можам само да се надевам дека Унгарија во случајов постапувала еднакво како во случаите на сите останати баратели на азил. Случајот Груевски со тоа станува лакмус тест за веродостојноста на правната држава во Унгарија.“Александер Граф Ламбсдорф, ФДПЗаменикот шеф на пратеничката група на Либералите во германскиот парламент, Александер Граф Ламбсдорф, во чија надлежност се прашања од надворешната и безбедносната политика, за ДВ оцени дека „Виктор Орбан, со својата одлука да му даде азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, го постави личното пријателство со поранешниот премиер над правосилната одлука“:„Зашто, Груевски во Македонија беше осуден на две години затвор поради корупција. Истовремено во тек се други постапки поради изборни манипулации и илегално прислушување на македонските граѓани од страна на тајните служби на земјата. Никола Груевски, наместо да бара засолниште во Унгарија, треба да се соочи со овие обвинувања во законска постапка во Македонија. Однесувањето на Виктор Орбан е натамошна индиција за тоа дека унгарскиот премиер е наклонет кон низок степен на почитување на правната држава и кон толкување на правото на азил според сопствен маштап.“

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

За еден ден од сообраќај исклучени 10 возачи, четворица возеле под дејство на алкохол, а шест без возачка

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои две биле со тешки телесни повреди, три сообраќaјни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета, информираа од полицијата.„Во сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди и три лица телесни повреди. Од преземените мерки и активности, констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 10 возачи, од кои: четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и шест возачи управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило“, стои во соопштението на МВР.Исто така, велат од полицијата, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи шест биле нерегистрирани, а три возила биле технички неисправни.Од МВР велат дека санкционирани се и двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло и еден возач поради неправилно престигнување. Во текот на изминатиот ден издадени се и 83 мандатни платни налози и 81 возило се подигнати со специјалното возило „пајак“, велат од полицијата.

Скопје | пред 7 години

mijalkov-1

Мијалков има прво на посети од најблиските и два саати прошетка во затворскиот двор

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со масовното прислушување, вели директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски, за „Макфакс“. Мијалков засега е сместен во ќелија со други затвореници и нема посебен третман, како што е случај со Орце Камчев, кој е сместен во т.н. хашки ќелии поради висок холестерол, тврди Котевски.„Самата институција, вработените и секторот за обезбедување ги преземаат сите потребни мерки за безбедност на Сашо Мијалков, исто како и за сите други затвореници. Секако, ќе му бидат обезбедни сите права што му следуваат, а тоа се два часа прошетка на чист воздух, посета од најблиското семејство, адвокат, присуство на рочиштата“, вели директорот Котевски за „Макфакс“.Директорот на затворот „Скопје“ додава дека се завршени здравствените прегледи на Мијалков, но резултатите сè уште не ги знае.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Винтерленд - прва новогодишна населба во Скопје

Новогодишна населба на плоштадот „Македонија“ со украсени куќички, вештачки снег, катчиња за игра и смеа и секојдневна програма што ќе биде интересна за граѓаните – ова е само дел од предновогодишната програма што ја подготвува Градот Скопје во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, а која ја најави градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.- Во текот на декември, на плоштадот „Македонија“ за првпат ќе осамне новогодишна населба, нешто што во Скопје досега го немало. Нашиот план е населбата со име Винтерленд (Зимска земја) за граѓаните да се отвори на 7 декември. Во неа ќе има куќички украсени во новогодишен амбиент и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во селото ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. На средината ќе се постави голема новогодишна елка, а просторот околу елката ќе биде организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички – рече денеска Шилегов.Тој најави дека китењето на градските улици и булевари ќе почне наредната недела.- Очекувам во Скопје да се создаде вистинска предновогодишна атмосфера. Конечно е време на скопјани да им понудиме европска новогодишна прослава, нешто што досега во градот не се случувало. Затоа, ги поканувам граѓаните да ја посетат новогодишната населба и со своите најблиски да уживаат во празничниот амбиент – додаде Шилегов.Комплетната програма за новогодишната прослава, која ќе почне на 15 декември, како и за прославата на Новогодишната ноќ на 31 декември, Градот Скопје ќе ја соопшти дополнително.

Скопје | пред 7 години

han

Хан ќе бара објаснувања од Орбан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утрово на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски тој од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основите на азил.https://twitter.com/JHahnEU/status/1065163119734022144„Владеењето на правото е клучен принцип на земјите членки и за кандидатите за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа, напиша Хан.https://twitter.com/JHahnEU/status/1065163227720556549

Македонија | пред 7 години

gruevski-begstvo

„Честитки ама парите да ги вратиш, никој ништо не ти може“, „Ај па и нас да не повлечеш“, коментарите за азилот на Груевски

Македонија | пред 7 години

mijalkov-1

Притворените Мијалков и Јанакиески денеска на нови судски рочишта

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочиште за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина -Таргет“ за незаконското следење на комуникациите и за „Топлик“ кој се однесува на изградбата на Сончев град.За првиот предмет во судот од затворот во Шутка треба да биде спроведен Сашо Мијалков, кој синоќа беше уапсен откако му се определи мерка притвор од 30 дена. За другото рочиште, од истиот затвор во Кривичен треба да биде донесен и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој пред една недела доби притвор поради, како што беше соопштено, опасноста од бегство.Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања