ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

mijalkov-1

Сашо Мијалков спроведен во истражниот затвор во Шутка

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков вечерва полицијата со лисици го изнела од скопскиот хотел „Мериот“ и го спровела во истражниот затвор во Шутка.Сашо Мијалков е приведен по барање на Специјалното Јавно Обвинителство поради постоење на опасност од бегство и му е одреден 30 дневен притвор.Од СЈО исто така потврдуваат дека Мијалков е приведен за предметот „Таргет-Тврдина.“По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, уапсени беа Кирил Божиновски и Миле Јанакиески.  

Македонија | пред 7 години

twitter

Твитер-реакции за апсењето на Мијалков

Магазин | пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

„Зелена лупа“: Ќе бараме азил во Унгарија за сите жртви од времето на Груевски

"Почитувани жртви на правосудниот систем од времето на "жртвата" Никола Груевски.Здружение Зелена Лупа Ве повикува сите Вас:- Што бевте апсени со специјалци на брутален начин;-Што Ви беше нарушена презумпцијата на невиност;-Што ви носеа монтирани сведоци;-Што Ви местеа вештачења;-Што лежевте притвори без основа;-Што не добивте фер судски процеси;-Што ве осудија без докази а по нарачка;-Што имате затворски казни за долежување-Што лежите затвор во моментов а имате право на излез или викенд;-Што трпите последици од судски неправди;Сите Вие што чувствувате потреба од правда која Ви била украдена и одземена во времето на Грујо. Ве повикувамеда се јавите на бројот 02 60 90 124 или да ги посетите канцелариите за Здружение Зелена лупа.Зелена лупа ќе Ви помогне околу докумантација и информации како да побарате Азил од демократска Унгарија!Сите ќе бараме ист третман за постапка за Азил како и Никола Груевски!Демократска Унгарија ќе постапи на ист начин со сите нас како и со Никола Груевски," стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

nova_vlada_g111

Влада: Осудениот Груевски ќе ја отслужи казната во Македонија

„Никола Груевски е осуден со правосилна пресуда во јавен и транспарентен процес, а истовремено против него се водат уште неколку судски постапки, истраги и уште една предистражна постапка.Осудениот Никола Груевски беше под полициска заштита согласно со правата кои му следуваа како поранешен премиер и тој во ниту една ситуација нема пријавено закани по неговиот живот.Против Никола Груевски никогаш не бил воден никаков политички прогон и не се евидентирани никакви закани по неговиот живот, ниту пак која било владина институција вршела закани по неговиот живот. Оттука констатираме дека единствена цел на Груевски е избегнување на правдата.Владата на Република Македонија официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во неговото бегство од земјата, испрати и барање за екстрадиција проследено со севкупната документација за процесите и пресудата.Владата на Република Македонија очекува дека властите во Будимпешта безусловно ќе го прифатат барањето за екстрадиција и во согласност со почитувањето на меѓународното право како земја членка на ЕУ и НАТО ќе овозможат враќање на Груевски во Македонија со цел да си ја отслужи казната затвор и да одговара за останатите дела за коишто е обвинет.Република Македонија е правна држава во којашто владеат законите. Секој оној за којшто се докажало дека ги прекршил законите и секој оној за којшто има правосилна пресуда, ќе одговара за своите постапки“, се навадеува во соопштението испратено од Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

46513566_306942090160106_6819946335588843520_n

(ФОТО) Скопје угушено во сообраќаен метеж

Скоро сите скопски улици во централното подрачје се заглавени со автомобили по улиците. Причината за ова се низа протести кои се одржуваат на раскрсниците, но и дожот кој врне во текот на целиот ден. Возачите се нервози, а фотографиите ги објавуваат на социјалните мрежи. Најголем дел се објавени во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“.

Скопје | пред 7 години

gruevski-2

Груевски: Добив азил во Будимпешта, ќе одам во затвор кога Заев нема да малтретира луѓе

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, преку социјалните мрежи објави дека Република Унгарија одговорила позитивно на неговото барање за политички азил поради политички прогон во Македонија, со што тој ја потврди веста која рано утрово ексклузивно ја објави Скопје1.мк дека добил азил во земјата каде побегна.„Во барањето за политички азил наведов дека истиот го барам заради политички прогон од новата влада предводен од партијата СДСМ.Наведов дека владата сака да ми ја одземе слободата користејки недемократски чекори и методи и злоупотребувајки го обвинителскиот и судскиот систем во Македонија.Објаснив како се започна, со почетокот на објавувањето на нелегално стекнатите аудио матерјали, назначувањето на специјален јавен обвинител кој стана партиска алатка на партијата СДСМ, исто како и судот, ги опишав сите неправди, нерегуларности, незаконско работење, дискриминација, конструирани судски процеси и пресуди, конкретните судски постапки против мене и тортурата која по формирањето на новата влада ја трпам јас но и голем број други мои соработници, давајки конкретни примери и конкретни докази и завршив со бројните закани по мојот живот со кои се соочуваав во последните денови пред да ја напуштам Република Македонија.Посочив и приложив конкретни примери дека во Република Македонија непостојат услови за фер и законски судски процес, ниту пак начин во една ваква атмосфера на политичка хајка од страна на владата да го заштитам мојот живот од бројните закани кои ми беа упатени.Во Македонија се соочив со судии кои за секое мое или на мојата одбрна барање, чекаат инструкции како да одлучат од владата или од специјалниот јавен обвинител, од кого и самите судии се плашат, и кого го гледаат како преставник на актуелната влада.Посебно ги објаснив неколкуте фундаментални прекршувања на законите, меѓу кои, спротивно на закон користењето на нелегално стекнати аудио матерјали кои под надворешен притисок судот ги прогласи за легални, користењето на копии кои не се споредени со оргиналот како докази врз основа на кои се носат пресуди, користењето на вештаци кои спротивно на закон прават вештачења без лиценца за вештачење, флагрантното кршење на законот за приватност и игнорирањето од страна на судот на сето ова, работењето на македонските судови спротивно на праксата на судот во Стразбург, како што е примерот со отфрлањето на актите за прекин на постапка издадени од страна на Претседателот на Македонија во два конкретни случаи, и нивно прифаќање во земја членка на ЕУ, недавањето можност и доволно време за подготовка на одбраната преку свесно набивање на судења секој ден, понекогаш и по цели денови, издаденото мислење на Комисијата за заштита од дискриминација која наведе дека сум предмет на директна дискриминација од страна на судијата Добрила Кацарска и од страна на Основниот суд Скопје 1, објавувањето на пресудата за случајот ,,Тенк,, во смисла дека ќе бидам прогласен за виновен, од страна на актуелниот премиер околу 10 дена пред судијата да ја објави одлуката, и огромен број други факти и докази кои ги образложив и од кој се состави огромен записник од над 30 страни.Судот и обвинителството се претворија во инструмент за политичка уцена и пресмета со политичките неистомисленици, како и покривање на неработењето на владата.Последните одмазнички притвори на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои очигледно се притворени само за владата да ја ублажи критиката по моето заминување од земјата и барање политички азил заради политички прогон, со лажни, фабрикувани и непостоечки докази само ја потврдуваат атмосферата во која денес живее Република Македонија.Денес во Република Македонија се живее во услови на репресија од страна на владата, дискриминација, прогон, политички апсења и целосна контрола на владата врз судскиот и обвинителниот систем, вадење и ставање во притвор или затвор според политичките прилики и потреби.Наместо унапредување на судскиот систем, Македонија има уназадување. Судот и обвинителството се користат како политичка алатка на владата заради остварување на своите политички цели и уцени.Јас одлучив да се спротиставам на сето ова, и со мојот чекор да го издигнам ова прашање на повисоко ниво.Некој може да ме сака или да не ме сака, да се согласува или да не се согласува со мене, да смета дека водам добри или лоши политики, но неможе да го негира или да ги затвори очите пред она што се случува во Македонија во овој период а кое го опишувам.Јас одлучив да не ја исполнам желбата на СДСМ, додека тие ја разграбуваат и распродаваат државата и националните интереси да седам затворен со политичка одлука и секојдневно да се борам за преживување во затворот, за каде добив сознание дека ми се подготвува ликвидација.Одлучив да ја продолжам борбата за македонската кауза, за каузата на Република Македонија, на начин на кој единствено можам во моментот, на начин на кој многу други личности низ историјата кога имале можност го правеле. И како што кажав во претходната објава, јас никогаш нема да се одкажам од таа кауза.Јас не избегав од правдата,туку користејки други меѓународно правно регулирани методи продолжувам да ја барам правдата и за мене и за сите други жртви на политичкиот прогон во Македонија.Јас до последен момент, иако гледав колку неправедно ме обвинуваат и судат, иако беше видливо дека судиите уште пред да го почнат судењето и пред да ги погледнат доказите, ја знаеја пресудата, секојдневно, како никој досега се соочував со правдата, се до моментот кога актуелната влада не одлучи неправедно и со политичка одлука да ме стави во затвор а потоа и да ме ликвидира.Јас јавно кажав дека сум подготвен да одам во затвор доколку Заев се одкаже од погубните политики за Македонија и малтретирањето други луѓе.Но тој очигледно сака се. Сака и да ја реализира распродажбата на националните интереси, и да го реализира разграбувањето на државата, и да ги суди и осуди стотици мои соработници и мене да ме затвори и ликвидира.Одлучив да се борам и да се спротиставам на овој кукавица кој безочно секојдневно го лаже и краде својот народ и ја злоупотребува државната функција на која дојде на нечесен начин.Македонија не смее да остане земја каде владата владее со судскиот систем и каде има политички прогони секој ден. Огромен број луѓе се под политички прогон во Македонија. Тоа мора да запре.Македонија треба да стане членка на НАТО и ЕУ, но несмее да се дозволи под превезот на оваа цел, актуелната недемократска власт да се пресметува со политичките неистомисленици и да им конструира судски случаи и затворски казни, со цел да може непречено да прави криминал, корупција и распродажба на државните и национални интереси“, напиша Груевски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери: Голем дел од опозицијата ќе гласа за уставните промени

Можеби нема да има целосен консензус кога ќе треба да се усвојат амандманите согласно Преспанскиот договор, но голем дел од опозицијата ќе гласа за промените на Уставот, рече претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во обраќањето на 64. сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Халифакс, Канада.Македонија ќе ги заврши своите обврски за полноправно членство во предвидениот рок, истакна Џафери, изразувајќи надеж дека догодина ова време ќе бидеме триесеттата полноправна членка на Алијансата.Во обраќањето испишано на шест страници, Џафери не се осврна на минатото, на Самитот на НАТО во Букурешт кога земјава беше блокирана и не стана полноправна членка на НАТО, иако тогаш, заедно со Албанија и Хрватска ги исполни условите за прием. Подвлече дека сака да зборува за сегашноста и прита се фокусира на Преспанскиот договор и неговата имплементација. Информира дека во Собранието почна постапката за промена на Уставот и дека Уставната комисија ја заврши дебатата по амандманите доставени од Владата кои, пак, се проследени на натамошна процедура пропишана со Деловникот.– Следна фаза е широка јавна расправа по нацрт амандманите во која ќе учествуваат најразлични општествени субјекти од академската и експертската јавност, невладиниот сектор, бизнис заедницата,…Но, не би сакал да ве оптоварувам со процедурите, само сакам да ве запознаам со еден многу значаен факт а тоа е дека, за почнување на постапката за уставни промени, покрај парламентарното мнозинство гласеше и дел од опозицијата, бидејќи во моментов поголем дел од опозицијата се уште не го поддржува договорот со соседна Грција. Ситуацијата не се разликува ниту во Атина меѓутоа, со одминување на секој ден, се чувствува промената во перцепцијата на овој нов момент во развојот на нашата млада држава, и јас верувам дека прогресивните, визионерските и вистинските родољуби ќе го направат вистинскиот потег за понатамошен сигурен напредок на Република Македонија и на крај, кога ќе треба амандманите да се усвојат во Собранието и да станат составен дел на Уставот, можеби нема да имаме целосен консензус меѓутоа, голем дел од опозицијата ќе гласа за уставните промени, нагласи Џафери.Потоа, додаде, е ред на Грција, односно ратификација на Договорот во грчкиот парламент, известување на претседателот на Советот на ЕУ дека дава поддршка за почеток на преговори за членство на Македонија и известување на Генералниот секретар на НАТО дека дава поддршка да се упати покана за пристапување на Македонија во оваа структура. Ова, според Џафери, ќе значи исполнување на стратешките определби на Република Македонија, усвоени уште од независноста во 1991 година.-Ова ќе значи исполнување на целта за која работеле и придонесувале сите минати и актуелни носители на власта во земјата, потенцира претседателот на Собранието во обраќањето.Се осврна и на референдумот кој, како што истакна, заради бојкотот на опозицијата не го исполни потребниот цензус на излезност. Меѓутоа, факт е дека мнозинството од над 630 илјади граѓани што излегоа да гласаат, со својот глас го подржаа Преспанскиот договор.Оценка на Џафери е дека договорите за пријателство со Бугарија и за решавање на прашањето за името со Грција, ја вратија Македонија на евроатлантскиот колосек.-Се разбира дека не беше лесно, имаше сомнежи и неверување, постигнувањето компромис никогаш не е лесно, секогаш ќе има некој незадоволен меѓутоа, не смееме да гледаме на тоа како на победничка и губитничка страна. Сите ние сме победници, затоа што отворивме пат на разумот да дојде до решение прифатливо за двете страни. И натаму нема да биде лесно. Сепак, докажавме дека кога се има волја, кога се има визија за иднината, сè се може, дури и да се поместат планини, затоа што состојбата на статус кво на моменти беше фрустрирачка и најмногу ја чувствуваа нашите граѓани, потенцира Џафери.Обраќањето го заврши со пораката дека интеграциските процеси придонесуваат дефиницијата „Балканот како буре барут“ полека, но сигурно да замине во историјата.-Верувам дека сите ние кои живееме на Балканот сме ја научиле историската лекција и во иднина ќе бидеме оаза на мирот, регионалната соработка и добрососедските односи, рече претседателот на македонското Собрание пред учесниците на 64. сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Халифакс, Канада.

Македонија | пред 7 години

a0f6f8e27094f470c98356008a6a6d6cxl-184513

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи на Саздо

Сведокот Миле Алексовски на судењето за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски денеска во судница ги препозна Бесир Беља и Скендер Демири, кои според обвинителниот акт заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда.– До мене беше покојниот Никола и девојката, дојдоа тројца дечки мислев дека се знаат, му побараа лична карта и почнаа да го удираат. Викав остајте го детето ќе викнам полиција. Тоа траеше околу минута, минута и пол. Детето падна од удирањето и удри на главата. Двајца дечки побегнаа накај колата „мерцедес“, а едниот го удри со нога на вратот. Ја запалија колата и отидоа, истакна сведокот Миле Алексовски на рочиштето за убиството на Никола Саздовски.Посочи дека се обиделе да го освестат детето, го вртеле на страна, но испуштил крв од уста. Повикале брза помош, но задоцнила, а кога дошла полиција дал изјава, посочи сведокот.Претходно обвинителот побара исклучување на јавноста поради вознемиреност на сведокот, но судечкиот совет го одби барањето.Јавниот обвинител Ангел Фидовски, во воведен говор, кажа дека ќе докаже оти двајцата обвинети Бесир Беља и Скендер Демири заедно со третообвинетиот, кој е во бегство, со умисла го лишиле од живот Никола Саздовски на начин што на 29 јуни годинава на автобуската кај „Алкалоид“ го претепале нанесувајќи му смртни повреди.Во воведен говор адвокатот Насер Руфи рече дека обвинетиот Беља немал никаква намера, ниту умисла да го лиши од живот Саздовски и додаде дека ќе докажат дека единствена причина за смртта која настапила е поради ударот во метална кутија на ЕВН што се наоѓа на автобуската постојка.Адвокатите посочија дека ќе докажат дека правната квалификација на делото е погрешна.Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.

Македонија | пред 7 години

skopje_i_makedonija_5_dana_nova_godina_putolovac-640x419

Оваа година во Скопје ќе има новогодишна забава

Новогодишен базар што ќе трае 15 дена, а во текот на викендите приредби за најмладите, но и концерти, забава и рекреација за возрасните, предвидува Град Скопје за убава новогодишна атмосфера во градот.Проектот е замислен преку изведба на штандови наполнети со топли пијалаци, храна, книги и новогодишни играчки и украси да ја долови и доближи соодветно новогодишната еуфорија. За таа цел, како што објаснуваат од Градот, преку оградена снежна зона со топ што создава снег ќе се забавуваат најмалите посетители. Ќе биде поставено и пластично игло каде што ќе има различни активности додека траат настаните, вклучувајќи и работилници за деца од претшколска возраст. Децата ќе можат да се возат бесплатно на новогодишното вовче низ штандовите, пренесува Слободен печат.Воедно ќе има и натпревар во изработка на скулптури со претходно одредена тематика од блокови мраз е новитет што досега кај нас не се реализирал. За да се долови целосно новогодишната атмосфера, се предвидуваат маскирани забавувачи што ќе ги анимираат и забавуваат граѓаните и ќе се фотографираат со посетителите.Пред извесно време градоначалникот Петре Шилегов на седница на Советот, најави дека оваа година ќе организира дочек на Новата година.„Оваа година ќе има прослава, знам и кој ќе пее и се ќе биде подготвено. Ќе го видите Скопје како никогаш досега, бидејќи скопјани го заслужуваат тоа“, изјави Шилегов.

Скопје | пред 7 години

holidej-in-parking

На паркингот кај скопски „Холидеј ин“ ќе има згради

На паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје ќе има згради, само нема да бидат 60-катници, како што предвидува постојниот Детален урбанистички план (ДУП), кој во моментов е под мораториум.Изминативе десетина дена, просторот на паркингот и околу него се расчистува од времените објекти, а не работи ниту паркингот со кој стопанисуваше  АД за Стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП). Рампите за влез и излез од паркингот се кренати и поставен е натпис слободен влез.Неделава метежот на овој паркинг, кој е меѓу најомилените на скопјани поради местоположбата во строг центар и бидејќи е од отворен тип, беше вообичаена, а голем дел од граѓаните и не знаеја дека на ова место повеќе нема да постои паркиралиште.Планот кој сега е под мораториум и се ревидира беше донесен на Советот на Општина Центар на 21 јуни 2007, со кој се предвидува максималната висина на објектите да е до 300 метри. Планот беше донесен по барање на тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ за да може да го реализираат таканаречениот проект „Менхетн“.-Деталниот урбанистички план што предвидува изградба на 60 катници на местото на паркингот спроти “Холидеј ин“ е се уште под мораториум. Откако ќе се донесе новиот ревидиран план на овој простор ќе има згради, но Богдановиќ вели дека уште не знае колку објекти ќе има и колкава ќе биде нивната висина, бидејќи планот уште се изготвува., изјави  градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.Инаку, вкупниот број на паркинг места на паркингот кај “Холидеј ин” изнесуваше 524 места за лесни коли и 10 за автобуси. Покрај месечни карти, дел од корисниците на овој паркинг имаат и годишни билети. Овој паркинг беше еден од најпрофитабилните во градот. 

Скопје | пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

ЕКСКЛУЗИВНО: Груевски доби азил во Унгарија

Република Унгарија донесе одлука да му даде политички азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој пребега во оваа земја, брифираат за „Скопје 1“ блиски извори на Груевски.Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан пред неколку дена соопшти дека поранешниот македонски премиер изразил желба да аплицира за азил во унгарска амбасада надвор од Македонија. Намерата да поднесе барање за азил во Унгарија, експремиерот Никола Груевски ја изјавил во унгарска амбасада надвор од Македонија.Ѓулијаш пред неколку дена изјави дека Унгарија сѐ уште не добила официјално барање за екстрадиција на Груевски од македонските власти.

Македонија | пред 7 години

vladimir-pesevski

Отворено писмо на Владимир Пешевски за национално помирување

Поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски преку отворено писмо се обрати до ВМРО ДПМНЕ и ја повика партијата да биде дел од националното помирување. Писмото го пренесуваме во целост:„Ние подолу потпишаните, загрижени за иднината на Република Македонија, за иднината на нашите семејства, за иднината на сите наши сограѓани и идните генерации, со ова писмо сакаме да ја информираме јавноста за нашите размислувања и сугестии поврзани со тековната политичка криза. Наша желба е да придонесеме во создавање на услови за крај на кризата, за општо национално помирување, обединување и интеграција, и за враќање на стабилноста и вербата во подобра иднина.Можеби најголемиот неповратен негативен ефект на оваа криза е фактот што обичниот граѓанин речиси целосно ја изгуби надежта дека е можен подобар живот тука во Република Македонија. Нашите граѓани ја напуштаат земјата, масовно и секојдневно. Веруваме дека ставањето крај на кризата, но и начинот како тоа ќе биде изведено е клучно за враќање на довербата во државата и вербата дека е можно да се има подобра иднина тука во Република Македонија. Во таа насока и членството на РМ во НАТО и ЕУ е критично неопходно и тоа ден поскоро. Сметаме дека политичките партии и нивните раководства, и покрај огромните потешкотии, го имаат клучот за овој процес на излегување од кризата сепак да заврши со успех.Тргнувајќи од горните претпоставки, ги упатуваме следните пораки и сугестии:1. Го повикуваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ да иницира средба на лидерите на најголемите политички партии, на која ќе биде воспоставен повторен дијалог и на која ќе се пристапи на решавање на кризата во дух на конструктивност и разумност. И покрај различните политички гледишта, ги повикуваме раководствата и на другите најголеми политички партии да ја прифатат оваа иницијатива. Промената на амбиентот на овие средби ќе придонесе за севкупно подобрување на амбиентот во целата земја.2. Во однос на актуелните случувања во ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да ја дадеме нашата поддршка на раководството на партијата и да упатиме повик партијата да се вклучи активно и конструктивно во процесите кои имаат за цел евроатланска интеграција на Република Македонија и да придонесе за внатрепартиско обединување. Наша желба е ВМРО-ДПМНЕ да остане голема и силна партија која и понатаму ќе биде еден од клучните политички фактори во земјата и силен предводник на коалицијата „За подобра Македонија“.Веќе е сосема јасно дека се создадени предуслови во Собранието на РМ со кои е прилично извесно дека ќе дојде до промена на Уставот на РМ. Во таа насока предлагаме и ги повикуваме и раководството и сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со целосен капацитет да се вклучат во овој процес. Дел од напорите за зачувување на македонскиот идентитет ќе следат и по усвојувањето на уставните промени, и токму во нив е потребен придонесот на  ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што Договорот од Преспа е далеку од идеален, сметаме дека е можно да се обезбеди квалитетно зачувување на идентитетот и заштита на македонските стратешки интереси. Заедно со еден успешен и доволно широко поставен процес на национално помирување, може да се создадат услови уставните измени да бидат изгласани со многу поширока општествена и посилна политичка поддршка со што ќе се затвори ова повеќедецениско отворено прашање со Грција. Уверени сме дека стабилноста и перспективите за Македонија, се можни само доколку се градат пријателства на стратешко ниво, и таква една шанса која што ја имаме сега не би требало да се пропушти.Во овој момент, доколку не се направат овие чекори, постои реална опасност еден подолг период ВМРО-ДПМНЕ да остане длабоко поделена партија, изолирана дури и од некои наши традиционални пријатели и ставена на маргините на политичко дејствување. Да не ги повторуваме грешките од минатото кога и покрај патриотските заложби и човечки жртви, активностите на историското ВМРО не добивале доволно подршка од меѓународниот фактор и поради тоа завршувале со неуспех. Затоа предлагаме целосно вклучување на ВМРО-ДПМНЕ не само во дебатата во Собранието за измената на Уставот во согласност со Договорот од Преспа, туку и активно учество во собраниската група која ќе работи на помирувањето и интегрирањето, како и целосно учество во носењето на што поквалитетни реформски закони во сите сфери.3. На политичката партија СДСМ и сугерираме да покаже максимално можна флексибилност и инклузивност во процесите што се одвиваат во овој историски период. Како носители на извршната власт, во овој момент нивната одговорност е можеби и најголема.4. Ги повикуваме сите пратеници при носењето на одлуките во Собранието како единствен мотив во својата работа да ги имаат долгорочните интереси на Република Македонија. Свесни сме за тежината на ситуацијата во која се наоѓаат некои од нив, но улогата на претставник на народот никогаш не била лесна. Затоа изразуваме силно несогласување со различните форми на јавни протести и притисоци кои се вршат врз некои пратеници и нивните семејства, само затоа што се одлучија да го дадат својот глас за отварање на процесот за уставните измени и поддршка за евроатланските интеграции на Република Македонија. Таквото однесување на некои поединци и групи, независно од нивните мотиви, не придонесува за изнаоѓање на разумни решенија, дополнително ги влошува состојбите во државата и треба веднаш да запре. На овие пратеници и на нивните семејства им ја даваме нашата искрена поддршка.5. Сакаме да напоменеме дека кај експертската и општата јавност веќе подолг период е создаден впечаток дека некои делови на правосудниот систем учествуваат и во политичките процеси, пракса која веќе долгорочно е присутна и која во иднина може да биде погубна за правниот систем на земјата. Потребно е сите политички чинители како и органите на државната власт во Република Македонија, што поскоро да придонесат за надминување на ваквите состојби преку ревидирање на постоечката законска регулатива.6. Од меѓународната заедница бараме да биде силен посредник во ова национално помирување и обединување. Овој процес треба да започне со праведно решавање на статусот на сите обвинети од 27 април и со целосно ослободување на оние кои на тој ден не извршиле никакво насилство. Но кризата ниту започна ниту заврши со настаните од 27 април, и затоа помирувањето не може да биде фокусирано само кон еден настан. Вистинското помирување треба да биде многу поинклузивно и тоа долгорочно ќе значи и создавање на услови со кои Македонија во иднина ќе биде вистински, лојален и доверлив партнер и во НАТО и во ЕУ.Воедно ги повикуваме сите пратеници и членови од сите политички партии, а особено од ВМРО-ДПМНЕ, но и сите интелектуалци и граѓани кои што се согласуваат со содржината на ова писмо, да ја поддржат оваа иницијатива. Сметаме дека неговата содржина во голема мерка е натпартиска и дека ја заслужува поддршката на секој граѓанин на РМ кој посакува подобра иднина за сите нас и нашата земја“, се вели во отвореното писмо на Пешевски.

Македонија | пред 7 години

levica

Левица: Охридското езеро не смее да биде уништено за лично богатење на поединци

Левица преку социјалните мрежи реагираа на приватизацијата на струшкото крајбрежје, поради што има катастрофални последици од неконтролираната градежна експанзија."Локалните медиуми во Струга деновиве го објавија предлогот на градоначалникот од ДУИ, Рамиз Мерко, за целосна приватизација на струшкото крајбрежје, каде последиците веќе се катастрофални од неконтролираната градежна експанзија и узурпација. И покрај тоа што овој предлог не поминал во Советот на Општина Струга, струшкиот градоначалник најавил дека овој проект ќе се реализира и без дадена согласност од советниците. Дали со ова Рамиз Мерко сака да најави дека постои договор за уништување на Охридското езеро помеѓу највисоките раководства на СДСМ и ДУИ?Охридското езеро е природно богатство од непроценлива вредност и тоа не сме да заврши во рацете на локални моќници чиј единствен интерес е максимизирање на својот профит. Дали со узурпација и градежна урбанизација која зелените површини и трската ги заменува со приватни објекти и плажи, оваа Влада ќе го штити Унеско статусот на Охридското езеро, продолжувајќи ги погубните политики на претходната власт?Бараме да се произнесат пред целата јавност претседателот на Владата, Зоран Заев и Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески дали за да ги заштитат бизнис-интересите на својата коалиција се подготвени да дозволат неповратно уништување и девастирање на едно од нашите најзначајни природни богатства?Охридското езеро претставува монументален споменик на природата и тоа не смее да биде уништено заради задоволување на краткорочните бизнис-интереси и желби за лично богатење на одредени поединци", стои во објавата

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

МВР го има новиот број на Груевски

Адвокатот на Никола Груевски за дел од предметите во кој тој е обвинет, Еленко Миланов во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека Груевски му се јавил откако објави дека е во Унгарија и потоа уште еднаш комуницирале по СМС пораки. Миланов рече дека бројот од кој Груевски го контактира е странски број.Груевски го прашал дали Судот имал право да му одреди притвор, иако имунитетот не му е одземен.-Ви гарантирам дека МВР го има бројот од кој Груевски ми се јави. Верувам дека МВР ги има сите контакти од мојот телефон. А, и верувам дека нашите служби можат да го обезбедат бројот по други канали, рече Миланов.

Македонија | пред 7 години

gruevski-2

Адвокатот на Груевски: Тој ми се јави откако стигна во Унгарија

Адвокатот на Никола Груевски за дел од предметите во кој тој е обвинет, Еленко Миланов во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тој немал сознанија дека неговиот клиент планира да ја напушти Македонија и рече дека Груевски му се јавил откако пристигнал во Унгарија.-Ниту сум имал сознанија, ниту ништо. Десетина дена пред да замине е последниот мој контакт со Груевски и немаше никакви такви најави. После објавувањето на статусот на Фејсбук, тој ми се јави како негов бранител да ми каже дека заминал во Унгарија да бара азил. Немаше сознанија од претходно за такво нешто. Греувски само ми кажа дека од тој број ќе ме бара доколку има потреба и дека јас можам да го барам на тој број. За тој контакт е известен и Судот, рече Миланов.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања