ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

Asaf-Ademi-1

Адеми: Јас не сум Супермен

Деветте комисии кои ќе одлучуваат за финансирање на националните проекти од културата по дејности, задутре ќе почнат да работат. За да не се повторат неправилностите и судирот на интереси при изборот на проекти од минатата година, што  предизвика реакции и резултураше со повлекување на некои проекти, Министерството за култура назначи нови членови во речиси сите комисии и ги соопшти имињата на нивните претседатели. За да нема основани жалби, министрот Асаф Адеми ќе има и директен телефонски број на кој апликантите и секој заинтересиран ќе може да му се јави со сугестија или да укаже на некоја неправилност, пишува ФОКУС.Комисијата за издавачка дејност ќе ја предводи Бертон Сулејмани, за фолклор, музичка и сценска уметност – Плеурат Гаши, за драмска дејност – Петар Арсовски, за интердисциплинарни дејности – Суат Камбери, Трајче Блажевски е претседател на комисијата за визуелна уметност, за недвижно културно наследство – Анета Серафимова, за музејска дејност и нематеријално културно наследство – Мила Шурбановска, за библиотечна дејност – Вилдане Идризи и за инвестиции – Џеладин Локмани.Министерот Адеми на средба со новинарите денеска рече дека очекува добра соработка со претседателите и членовите на комисиите, верува во нивната стручност и дека ќе бидат чесни и ќе постапуваат по закон во одлучувањето кое, како што рече, ќе биде целосно транспарентно.– Јас се потпирам на предлозите што ќе ги добијам од комисиите. Јас не сум Супермен што може да разгледа пет илјади апликации. Затоа имаме девет комисии, некои  се тричлени, а некои каде што има поголем број апликации имаат пет члена. Уверен сум дека сите членови се професионалци и работата ќе ја завршат чесно и успешно. Очекувам на 28 јануари да имам предлози за добри проекти, за кои нема јас да мора да одлучам кои проекти ќе бидат финансиски поддржани од Министерството за култура во 2019 година, истакна Адеми. Соопшти дека новина ќе биде неговата достапност на посебен телефонски број на кој ќе може да му се обратат апликантите и сите заинтересирани кои сметаат дека имаат корисни сугестии.Сите што ќе почувствуваат дека некој ги злоупотребува, ќе може да ми пишат мене директно. Бројот ќе биде специјално само за овој случај и наскоро ќе биде објавен за  и да можат да ме контактираат, рече Адеми.Крајниот рок за објавување на предлозите што ќе добијат поддршка е 45 дена по донесувањето на Буџетот на РМ за 2019. Комисиите, рече, ќе работат од 21 ноември до 10 јануари, а  од 11 јануари до 27 јануари да му достават предлог-решенија. Тие ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството. Заедно со името на проектот ќе биде објавено името на неговиот носител, финансиите што ги побарува апликантот и  сумата со која Министерството одлучило да го поддржи.Буџетот предвиден во секторот култура за 2019. Министерството за култура ќе го соопшти идната недела.

Македонија | пред 7 години

soobrakajka-1

Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди во три од вкупно 43 сообраќајки што се случиле во текот на изминатите три дена во Скопје. Во 22 сообраќајки со полесни повреди се здобило 41 лице, а во 18 била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и четири возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и двајца возачи за неправилно престројување.Од сообраќај биле исклучени вкупно 63 возачи, од кои 31 возач кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 26 пред да се стекнат со право на управување и шест возачи почетници, како и две технички неисправни возила и 24 нерегистрирани возила.Затекнати биле 182 возила непрописно паркирани.Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 110 возила.Денеска Одделението за превенција заедно со членовите на УСЕ од ООУ „Димитар Миладинов“ ќе преземат превентивни мерки од областа на сообраќајот пред, односно непосредна близина на истоименото училиште.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

( ВИДЕО ) Тони плашици угинуваат низ каналот Студенчишта во Охрид

Од утрово тони плашици угинуваат во каналот Студенчишта во Охрид како последица на нискиот водостој на Охридско Езеро.Неподнослива реа се шири низ воздухот околу каналот.Експертите повеќе денови предупредуваа дека ќе се случи оваа еколошка катастрофа, но ЕЛЕМ не го намали испустот на вода од Охридско Езеро, а нивото остана на ниско ниво и дојде до ова масовно угинување на рибата.

Македонија | пред 7 години

gruevski-2-1

Ќе им се одзема и личната карта на обвинетите?

По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски само со лична карта, власта ќе бара начин на обвинетите, освен пасошот да им биде одземен и овој документ, како мерка за обезбедување. Премиерот Зоран Заев вели дека правниот систем работи и бара начин како да се реши ова прашање, со оглед на тоа што личната карта е единствен документ за идентификација на обвинетите кои се слободни, односно кои не се во притвор, пишува Независен весник.„Судот не може повеќе да одзема само пасош, мора да одзема и лична карта поради тоа што имаме соседни земји каде што патуваме само со лична карта. Одземањето на пасошот, заради неможност да се премине граница, не е доволно. Но треба да се промени законот и таму да пишува дека не само патна исправа, туку да се одземе и лична карта. Правниот систем работи и бара начин“, вели Заев.Правните власти очигледно не предвиделе или не сакале да предвидат дека осомничените на кои им е одземен само пасошот можат да избегаат од Македонија само со лична карта, со оглед на меѓународните договори кои ги потпиша земјава во време на ВМРО-ДПМНЕ со соседните земји, како Србија, Црна Гора, Албанија, Косово.Груевски избега со лична карта и според неофицијалните информации овој документ не го искористил на македонско-албанската граница каде што поминал илегално, но личната карта најверојатно ја искористил при влезот во Црна Гора и Србија. Поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошкоски, на кои исто така им беа одземени личните карти, сепак избегаа со лажни пасоши, но и двата случаи ја покажаа нефункционалноста на институциите.Судијката Добрила Кацарска, која му одреди две години затвор на поранешниот премиер, вели дека во случајот со Груевски таа не можела да му одреди притвор.„Обвинителот во случајот ‘Тенк’, во кој беше осуден Груевски, не побара притвор за него. Јас не можам да одредам притвор доколку обвинителството не го побара тоа. За Ѓоко Поповски беше побаран притвор за случајот ‘Триста’ и му беше определен. Тој уште пред правосилноста на пресудата за случајот ‘Тенк’ почна со издржувањето на затворската казна на свое барање во затворот во ‘Идризово’“, вели Кацарска.Еден од најмоќните луѓе во земјава, поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков, засега останува само без пасош и има обврска да се јавува во суд. Премиерот не сакаше да ја коментира оваа одлука со образложение дека Специјалното јавно обвинителство и судовите се независни институции и не знае зошто одлучиле да има вакви мерки за него, односно да не му биде одреден притвор.„Можеби некој е соработник на правдата, зборувам за сите обвинети, некоректно е јас да кажувам и да се мешам, ниту знам ниту сакам да знам“, вели Заев.Поранешните функционери Груевски и Мијалков, кои сега актуелната власт ги обвинува како главни креатори на криминалот и корупцијата во Македонија, засега не завршија во затвор. Заев вели Груевски ќе биде вратен, а Мијалков засега е слободен граѓанин.Во затвор заврши поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, кој ѝ стана познат во јавноста кога беа обвинети и поранешните функционери Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои се во притвор во Шутка. Таму е и најбогатиот Македонец, Орце Камчев, кој е осуден во случајот „Империја“.

Македонија | пред 7 години

durlovski-vo-sobranie111-162122

Химната во интерпретација на Игор Дурловски ечеше на синоќешниот протест

На синоќешниот протест пред Собранието против уставни измени беше интонирана македонската химна во интерпретација на оперскиот пејач, Игор Дурловски. Химната ечеше од звучниците иако Дурловски не присуствуваше на протестот, бидејќи е во домашен притвор како обвинет за настаните од 27 април.Неговиот соборец кој е исто така обвинет, Богдан Илиевски, напиша на фејсбук дека интерпретацијата на Дурловски треба да биде официјална верзија на државата.„Треба со закон да се усвои химната на Република Македонија во изведба на Игор Дурловски, да биде единствена официјална верзија на химната и да се пушта секогаш и насекаде, сега, секогаш и во вечни векови. Маестрално!“- напиша Бетмен Велит

Македонија | пред 7 години

46485518_502328080264793_4066876082719031296_n1-1024x768

ФОТО: Автомобил излета на патот Ресен-Битола

Поради снежните наноси, автомобил на регионалниот пат Ресен - Битола во близина на село Ципари се излизга и падна во провалија. Според информациите, провалијата била повисока од 5 метри, но са среќа нема повредени, а шлеп-службата е на лице место.Исто така, на превојот Плетвар кај Прилеп има многу паркирани камиони и автомобили, кои се заглавени поради снегот, каде се уште нема екипи на „Македонија пат“, а иста слика има и на патот Охрид – Битола.

Македонија | пред 7 години

46445114_1835047236563952_6897350416585981952_o

„Го сакам Водно“ до Анѓушев: Упорно ги користите истите излитени аргументи за заштеда на шуми од сечење за греење

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ преку објава а сцијалната мрежа Фејсбук се обратија до вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во својата објава тие напишаа дека имаат разбирање за гасоводот, но вицепремиерот нема разбирање за Водно и за заштитената парк-шума во него.„Повикувањето, после сите укажувања на огромниот број на нерегуларности и непочитувања на закони и прописи, мерки за заштита, да бидеме партнери во негова реализација, односно заеднички да ги контролираме градбите за да бидеме сигурни дека се изведени добро, за нас е знак на глувоста и слепоста на оваа Влада и терање како да е сè во најдобар ред и ништо од нашите посочувања сиве овие месеци да не се случиле.Повторувањето на податокот дека била издадена градежна дозвола не ве амнестира од сите направени и толерирани пропусти до сега. Престанете да го претставувате целиот проект, во сите негови фази, каде изведбата на терен е само една од фазите, со еден единствен документ, одобрение за градење, како да е тоа документ што покрива секакви грешки и дозволува сè. На страна неговата валидност и сомнителниот процес како е издаден.Веќе не се во прашање дрвјата, туку воопшто анализата на состојбите, како и стручноста на проектантите и изведувачите, а со тоа и оправданоста на самиот проект. Да се изведе гасовод на непристапен терен, во амбис, во најмала рака е несериозно, да не кажеме сулудо. Се размислувало ли воопшто како ќе се испита притисокот во цевката и од каде ќе се земе флуид за тоа? Ќе се носи ли вода во цистерни до врв на планина? Изборот на трасата предизвикува низа проблеми во иднина, дури и во самото одржување. А да не зборуваме дека трасата е и пат кој во иднина можат да го користат дрвокрадци. За свлечиштата кои се неминовни во амбисот каде го градите, кој ќе сноси одговорност? Вие лично? Или тоа го оставате за некој нареден кој ќе дојде на ваше место и ќе каже во ист стил дека проблемот е наследен, како за патот за Сончев град, проектиран од исти фирми, исти лица кои го проектираат и овој гасовод по наклони од 65%, 71%, по амбисот на вашата слепост и глувост и одбивањето да признаете дека гасоводот низ Водно е една огромна грешка.Упорно ги користите истите излитени аргументи, манипулативно, за заштеда на шуми од сечење за греење, иако ви беа дадени противаргументи, не само на тој, туку и на сите други ваши ставови. Па како ќе го објасните гушењето во градов, во Куманово каде десетици и десетици илјади домаќинства се греат на дрва, а гас има донесено пред 20 години? Магистрален гасовод не мешајте со домаќинства кои се греат на гас и се приклучени на градска гасоводна мрежа. Првото не го повлекува автоматски и второто.Зошто упорно одбивата да ги слушнете лошите вести, а ги прифаќате оние кои ви се допаѓаат, макар биле и лажни?Гасоводот низ Водно е грешка и вие тоа добро го знаете и упорно продолжувате со оправдувања за финансиски губитоци, кога десетици пати повеќе средства се фрлени во разни други грешки од минати проекти. Зошто тука не сакате да попуштите? Што е причината други проекти да одложите на неколку години за да се поправат грешките, но тука не?“, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

Sequence-01.Still015

„Македонија Пат“ и годинава зимата ја почна со блокирани патишта

МАКЕДОНИЈА ПАТ на среде есен и при првиот помал снег кој падна ја остав идржавата со блокирани патишта.Така сообраќајот во моментов е во прекин на патниот правец од Охрид кон Битола, а колони возила стојат и едвај се движат и на патот од Кичево за Гостивар кај превојот Стража каде снегот не е исчистен.Отежнато е движењето и на патот кој ги поврзува Македонски Брод и Прилеп, а снегот не е исчистен ни на Плетвар.Ваквите сцени, кои неретко се претвораа и во драми на патиштата кога се загрозуваа и човечки животи станаа редовна појава последните пет години.Погледнете како изгледа патот од Кичево до Гостивар снимен околу 16 часот.

Македонија | пред 7 години

ilir-meta-bitola2

Албанскиот претседател Илир Мета два дена инкогнито шетал во Битола

Претседателот на Република Албанија Илир Мета два дена бил во посета на Битола по повод 110-годишнината од албанската азбука, а македонските национални и локалните медиуми не беа известени за настанот. За посетата на Мета новинарите од Битола дознаа од социјалните мрежи, откако претседателот на Албанија на својата фејсбук страница објави фотографии од неговата посета на Музејот на албанската азбука во Битола, како и на селото Меџитлија каде се сретна со жителите. Тој се слика и покрај чешма со прочуената кисела вода во Пелагонија, пишува СДК.МК.Под објавените фотографии напишал дека заедно со албанските жители „ја делиме желбата дека подобри времиња доаѓаат за нив, со новите изгледи за членство во НАТО на Македонија и преговорите за ЕУ следната година“.„Протоколот беше на високите гости од Албанија и ние не можевме да се мешаме, носеа новинари од Албанија. Претседателот на Албанија вчера го посети Музејот на албанската азбука во Битола, вечерта присуствуваше на концерт во Центарот за култура, синоќа преспа тука, а денес беше во Меџитлија“, рече Нуер Арслани, директор на Музејот во Битола.Новинарите од Битола не знаеја дека толку висок политичар е во посета на градот, па претпоставуваат дека најверојатно не беа ни известени за да не се поставуваат прашања. Деновиве, дел од македонските портали и телевизии повикувајќи се на медиумите од Алабнија, пишуваа за наводна можна замешаност на албанскиот претседател Илир Мета, но и албански бизнисмен кој има бизниси и во Македонија во бегството на осудениот пратеник и експремиерот Никола Груевски преку Албанија во Црна Гора до Унгарија.Дека претседателот на Албанија присуствуваше во Битолскиот Регион потврда имаме и од битолската полиција.  Мета денес околу пладне заминал од Битола.

Македонија | пред 7 години

46373930_1916571738380343_6331213618905874432_n

ФОТО: Снегот предизвика хаос на Плетвар

Изминатите неколку дена температурите нагло се спуштија и донесоа нестабилно време во државата. На одредени места како Плетвар, Попова Шапка и Маврово има врнежи од снег.Возачите се нервозни бидејќи како што велат снегот кој падна во текот на изминатиот ден на Плетвар не е исчистен.„Дечки, хаос е на Плетвар, не е помрданто ништо, како што паднал снегот од вчера! Кој патува, нека внимава! Пак ги изненади снегот во август месец!“, стои во објавата на Фејсбук. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1916571731713677&set=gm.1446335348831224&type=3&theater

Македонија | пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

Која е Надежда – мајката на Груевски и сестра на првиот министер за внатрешни, Јордан Мијалков

Сопругата на избеганиот осуден пратеник и експремиер Никола Груевски Боркица и мајка му Надежда не се со него во Будимпешта, туку се во земјава и тие ѝ дозволиле на полицијата да го бара кај нив, кажа вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Никола Груевски е роден во Скопје. Татко му Тало потекнува од леринското село Крушоради, во Егејска Македонија, денешна Република Грција. Тој е доктор на науките во белградскиот Универзитет и пред тоа долгогодишен професор на Шумарскиот факултет на скопскиот Универзитет.Мајка му Надежда е од Штип, сестра е на првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија – Јордан Мијалков“-пишува во биографијата на Груевски,поранешен долгогодишен македонски Премиер.На Груевски секогаш му била важна улогата на неговиот вујко во неговиот живот и кариера.Современици на Јордан Мијалков кажуваат дека тој многу и помогнал на неговата сестра Надежда, откако таа се развела со таткото на Никола, кога тој бил уште многу мал.Последен пат, експремиерот Никола Груевски со својата мајка Надежда во јавноста се појави кога го бранеше докторатот.Тогаш ја немаше неговата сопруга Боркица, но тука беа неговите две ќерки.

Македонија | пред 7 години

375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

СДСМ: Ако ВМРО-ДПМНЕ не се посветеше на богатењето, Скопје немаше да биде најзагаден град

Нема поголемо расипништво од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ го парите на граѓаните се трошеа на лажен барок, споменици и криминални тендери за лични богатења. Наместо да го решава проблемот со загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше  зеленилото, ја загрозуваше животната средина, а Скопје стана еден од најзагадените градови во Европа, велат од владејачката СДСМ.Според нив доколку на проблемот со загадувањето ВМРО-ДПМНЕ му посветеше барем половина од вниманието што го посвети на криминалот и личното богатење, немаше Скопје со години да биде на врвот на листата на најзагадени градови во Европа.„Владата предводена од СДСМ, Министерството за животна средина, општините, Градот Скопје и останатите надлежни институции,  преку низа мерки започнаа да го решаваат проблемот со загадувањето на воздухот.Со усвоениот План за чист воздух ќе се делува системки на краток, среден и долг рок, со цел веќе од следната година загадувањето да биде намалено двојно“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека започнува серија на стратешки мерки, за кои покрај редовните средства одвоени се и дополнителни, нови 1.5 милиони евра.„Со овој план 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучак за гас.Ова се само дел од мерките преку кои ќе се решава долгогодишниот проблем со загадениот воздух.Сите се свесни дека има уште многу предизвици, уште многу работи треба да се направат, но по цела деценија непреземање ништо, надлежните работат на системско решение и долгорочни ефекти. Чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ“, стои во соопштението

Македонија | пред 7 години

zdravko-colic-koncert

ФОТО: Момче преку оглас бара девојка која била на концертот од Здравко Чолиќ

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали лубрикантите за кои владата потроши 1,6 милиони евра се поважни од животите на граѓаните кои се жртви на загадувањето?

Нема крај на расипништвото на власта. Криминалниот картел на власта го покажа своето вистинско лице, нема повеќе лажна скромност. Власта за своите лични удобства, за нови автомобили и мебел ќе потроши 7 милиони евра пари на граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.„Одродената и криминална власт на аболицираниот Заев ќе потроши 3,7 милиони евра за нови возила и 3,3 милиони евра за нов мебел, додека за наводниот „стратешки приорите“, борбата со загадувањето ќе потроши само 1,5 милиони евра. Дали луксузните автомобили и мебелот се поважни од здравјето на граѓаните, од воздухот кој го дишат граѓаните?Дали лубрикантите за кои владата потроши 1,6 милиони евра се поважни од илјадниците животи на граѓани кои се жртва на загадувањето на воздухот.Светската здравствена организација во последниот извештај прикажа поразителни податоци дека 3 илјади лица годишно се директна жртва на загадувањето. Токму поради оваа причината ВМРО-ДПМНЕ предлага итни мерки против загадувањето!Предлагаме итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс.МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа. Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето.Веќе не станува збор за политика, станува збор за човечки животи. Овие мерки се мерки кои живот значат!“ се наведува во соопштението на опозициската партија

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(Фото) Жирафата и негувателот Ристе од ЗОО Скопје станаа вирален хит

Фотографии од Зоолошката градина во Скопје, кои станаа вирален хит низ Европа !Фотографот на „Нова Македонија“, Горан Анастасовски, успеа преку неколку фотографии да раскаже приказна за љубов, пријателство, посветеност… И тоа беше повеќе од доволно да го обиколат светот.Негувателот Ристе и жирафата од ЗОО во Скопје се најдоа првин на сајтот „Bored Panda“, благодарение на фотографот Анастасовски, кој и ги сподели, по што следеа објави и на други светски медиуми како beetzer.com; shnyagi.net; pressa.tv; а една и од омилените фотографии на уредниците од „National Geographic“.Силната порака која ја прави оваа приказна покажа дека сепак не е се така сиво, може да биде и бело и жолто и кафено.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања