ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

Нема фотографија

Облачно и студено време, попладне се очекуваат врнежи од снег

Времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег. Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд.Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 л/м2 воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.Кон крајот на денот и во скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка.Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.

Македонија | пред 7 години

slika-1

Мицкоски: Државата бесплатно создава кадар без да го искористи потенцијалот на тие образовани луѓе

Денеска Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ со панел дискусија го прослави Светскиот ден на студентите. На панел дискусијата присуствува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Иванка Василевска член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Јован Јаулески в.д. претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој доаѓа од професорската фела го посочи иселувањето на младите од Македонија  како еден од најголемите проблеми на државата.„Студентите се движечката сила на едно општество, моторот на промените, иновативноста, цутот на секое општество. Најдобар синоним за младиот човек е слободата, кога ја има, тогаш тие поместуваат граници, создаваат и креираат критериуми, вредности, а кога ја нема, тие се искрата од која почнуваат промените. Денес за жал нашата земја го живее можеби најцрното време. Студентите ја губат слободата, и некој ќе праша како е тоа можно, можно е кога тие имаат празен стомак, стипендии кои доцнат и не се зголемуваат, услови за сместување кои не се подобруваат, наставна програма која не се реформира, стандарди кои го пробиваат дното, глас на млади кој не се слуша“, вели Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ниту еден универзитет во Македонија не се наоѓа на Шангајската листа на најдобрите илјада универзитети во Македонија, а студентите кога ќе завршат со своите студии не можат да најдат работа.„Најтешко ми паѓа кога ќе заврши дипломската работа и со колегата студент ќе разговараме околу тоа каде од утре планира да замине, во која држава, во која фабрика планира да работи. Во просек секој втор тоа го прави веднаш по дипломирањето. Во генерација во која дипломираат 40-50 студенти можеби 30-35 студенти одлучуваат да заминат. Од сето тоа губи државата затоа што бесплатно создава кадар за други потреби. Односно троши пари, а тие пари заминуваат трајно, без државата да го искористи максимум потенцијалот од тие образовани луѓе. Има многу мотиви за нивното заминување, а најчест е финсискиот или егзестенцијалниот. Тоа значи дека треба да се обезбеди соодветна добро платена работа и доколку тоа го обезбеди државата, голема е веројатноста дека поголем дел ќе останат“ изјави МицкоскиСпоред Мицкоски доколку се привлечат странски директни инвестиции кои добро би ги платиле младите луѓе, тогаш тие многу потешко би се одлучиле да заминат од Македонија. 

Македонија | пред 7 години

zaev

Заев ќе поддржи амнестија за 27 април

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Алсат М го разјасни својот став што значи помирувањето во Парламентот.-Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Тоа не е мешање во судството, Парламентот има свои надлежности, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

violeta-kovacevik

ВМРО-ДПМНЕ презентираше мерки за намалување на загадувањето на воздухот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека воздухот е се позагаден од кога било, а најодговорни за тоа се премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Сопје Петре Шилегов, битолската градоначалничка Наташа Петровска, и струмичкиот „татко“ Коста Јаневски.„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Во услови на температури од 20 степени во тек на месеците октомври и ноември, највисоки во последните 20 години, имаме и рекордна загаденост на целата територија на Република Македонија со ПМ честички. Згора на тоа, секој ден има исклучување на мерните станици од државниот мониторинг систем, со оправдување дека се на сервисирање“, изјави Виолета Ковачевиќ од ВМРО-ДПМНЕ.Таа презентира интервентни мерки кои треба да се преземат.„Конкретно во буџетот за 2019 година да се обезбедат средства за најмалку 3 статични и 4 мобилни мерни станици. Статичните мерни станици да бидат поставени во: Битола, во близина на РЕК, Кичево и во близина на „Дрисла“. Мобилни мерни станици да бидат поставени во Радовиш, Прилеп, Гостивар, како и во Петровец. Ваквата распореденост, во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот, е со цел да ги контролираат состојбите во тие градови и општини. Секако, до периодот потребен за нивна набавка и поставување, да се обезбеди покриеност со мерење, со инструменти во сопственост на универзитетите во Република Македонија, заради континуитет во  информирањето. Да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини“, рече Ковачевиќ.Исто така, ВМРО-ДПМНЕ предлага да се обезбедат средства за набавка на печки на пелети и пелети, а тие средства да бидат обезбедени во буџетот за 2019 година, како најинтервентна мерка, наместо субвенционирање во набавка на дрва на социјално загрозените семејства, да им се исплатат средства за сметките за потрошена електрична енергија, да се забрани употреба на петрол, кокс, особено во услови на грејна сезона, да се овозможи, со поддршка на МВР, пренасочување на движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на загаденост, да се започне во 2019 година со градба на секундарната гасификациона мрежа, паралелно со примарната и да се врши редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.„Во услови на загаденост над Мерните дозволени концентрации, во тек над 7 последователни дена, да се овозможи бесплатен градски превоз, додека трае загадувањето. Инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле. Да се чистат сите диви депонии, особено да се инспектираат секојдневно оние локации каде што се пали отпадот со намера и да се изречат казнени мерки. Да се овозможи целосна бесплатна здравствена заштита, на граѓаните, посебно на децата и хронично болните, за кои е констатирано дека причината е загадувањето“, рече Ковачевиќ.Таа додаде дека ова се само сет од мерките што во прва фаза ги предлага Комисијата за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, а кои ги имало во партиската програма.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Снег во Маврово, Крушево и Лазарополе

Падините на Маврово и повисоките места во Крушево утрово се прекриени со снежна покривка.Според најновите информации од УХМР, до 7 часот утринава висината на снежната покривка во Маврово е 6 сантиметри, 4 во Лазарополе и 4 во Крушево.Во Берово утрово било најстудено со измерни – 5 степени, потоа во Маврово – 3,  -2 Крушево, -1 Крива Паланка, Лазарополе, Куманово, 0 Пожаране, Тополчани и Ѓуриште, 2 Претор, Прилеп, Виница, 3 Охрид, Битола, Дебар, 4 Тетово, Скопје-Петровец, Штип, 5 Скопје-З.Рид, Струмица, Д.Капија, 6 Гевгелија и Дојран.Преку ноќта и изутринава беше претежно облачно, во западните и јужните делови со локален дожд, а на повисоките места и на планините со снег.До крајот на денот ќе биде облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег особено во јужните и западните делови. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.Утре времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег. Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.Утре кон крајот на денот и во скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка. Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.

Македонија | пред 7 години

556

(ВИДЕО) Нелоска: Го допревме дното со лоши услови за работа во здравството

Здравството во Македонија тоне од ден во ден. Го допревме дното со лоши услови за работа, напади на медицински персонал, измалтретирани пациенти. Што се случуваше деновиве? Нападнат медицински персонал на Клиника за токсикологија, нападната медицинска сестра на „Карил“, напад на медицинско лице на Детската клиника, а претходно скандал со претепаната медицинска сестра во детската болница „Козле”, изјави Ленче Нелоска на денешната прес-конференција.„Дали министерот за здравство воведува вондредна состојба на Клиничкиот центар? Замислете, не му се давале пари за ангажирање за агенција за обезбедување на Клинички, па затоа разговара со колегите од внатрешни и одбрана. Сака полицајци или војници да патролираат во кампусот клиники! Среќна Нова 1949 година!!!„, изјави Нелоска.Според неа, Министерот за здравство, Филипче сака да се најдат лица кои се плаќаат од Буџетот, меѓутоа од друго министерство.– Министерот со ова покажува дека воопшто не му е грижа за медицинскиот персонал. А, секако не му е грижа ниту за пациентите, зошто во вакви пресметки кога граѓани од различни причини напаѓаат медицински персонал секој може да настрада. Министерот смета дека, дека да се плати обезбедување на здравствените установи е премногу скапо, односно безбедноста на докторите, сестрите, пациентите е премногу скапо. Но не смета дека е премногу скапо кога планира 35 милиони евра годишно за биохемиски реагенси, и за тоа кој ќе го добие тендерот. Ниту пак смета дека е скапо да се плати 1,5 милион евра за лубриканти. Тогаш тој многу се грижи за парите, рече Нелоска.Според неа, постапките говорат дека кадрите на СДСМ се однесуваат исто како Заев.– Ваквото однесување е само уште еден доказ дека станува збор за криминална и однародена власт. Време е веќе да се стави крај на ваквото министерување на министерот за здравство. Време е да се стави крај на уништувањето на здравствениот систем. Филипче мора да замине, рече Нелоска.

Македонија | пред 7 години

Zaev

Заев: Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен

Премиерот Зоран Заев во интервјуто на телевизија Алсат М рече дека тој е сигурен дека Никола Груевски ќе биде вратен во Македонија.-Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност кој сака во државата, почнувајќи од мене, па било кој друг. Но, не можеме да разрешуваме луѓе, затоа што е гневна јавноста. И порано се исправуваше дилемата дали Заев се договорил со Груевски во Пржинскиот договор, испадна дека не се договорил. Се што сум кажал, така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен, рече Заев.

Македонија | пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

Груевски ја напуштил Будимпешта?

Новинарот Миленко неделковски на својот Фејсбук профил објави дека Никола Груевски ја напуштил Унгарија.„Никола Груевски, од пред еден час, веќе не е во Унгарија.На Евроазиско тло е, на безбедно.Локацијата позната на авторот на објавава.Да не биде дека некој друг прв открил.“, стои во објавата.https://www.facebook.com/MilenkoNedelkovskiDnevnik/posts/2460888660594809

Македонија | пред 7 години

1111

(ВИДЕО) Избркана и омаловажена жената што продава бадеми кај „Буњаковец“

Непознати лица ја избркале бабичката која продава бадеми, лешници, малини, спроти пазарот „Буњаковец“ на булеварот „Партизански одреди“.https://www.facebook.com/martinez.cvetkovski/videos/10217704795237547/UzpfSTEwMDAwMDI2MzcxMDQ0MToyMjAzNzA0MTY5NjQ4MzUy/“Пред 15 минути, бев сведок на нечовечност , нехуманост, незнам како да го наречам – Животно не е бидејќи тие имаат чувства, човек па ич , туку суштество без ниту малку жал….Сигурно ја знаете бабичката која секој ден седи пред “Солета” на Партизанска – карши пазарот “Буњаковец” која продава малини, бадеми, лешници , ореви, и било што само за да заработи некој денар.Кој живее во близина, работи, и поминува неможе да не ја забележал и запамтил тој мил глас кој довикува ” Ајде малини, бадеми, тазе лешници”, само за да продаде и да заработи некој денар.Епа ова суштество во црната јакна ( незнам дали беше инспектор од негде ) заедно со неговиот колега во кафената јакна од страна ( кој само се смееше и исмејуваше на ситуацијата ), најпрвин зема и ја преврте гајбата со робата, и ја истури од торбата на женичката целата роба, ( момент кој не успеав да го фатам додека уклучам камера), дерејќи и се со секакви погрдни зборови се со цел да привлече повеќе внимание на сметка на омаловажување на оваа мирна бабичка.Откако бабичката ги собра повторно кесите, истиот зема ги искина кесите и и ги истури БАДЕМИТЕ на целиот тротоар, а женичката зрно по зрно ги собираше !!Не би сакал повеќе да објаснувам погледнете го видеото и ќе ви стане јасно за што зборувам….Можеби законски не е дозволено да се продава на ваков начин…. но НЕЈЗИНИТЕ РАЦЕ СЕ ЕДНИ НАЈЧЕСНИТЕ И НАЈЧИСТИТЕ РАЦЕ …ВО ДРЖАВАВА КРАДЕ КОЈ СТИГНЕ, А НЕКОЈ ВАКВИ КОМПЛЕКСИРАНИ СЛУЖБЕНИЧИЊА ОД 120 КГ, ЌЕ ЛЕЧАТ КОМПЛЕКСИ И СИЛА НАД ВАКВИ ЖЕНИЧКИ И БАБИЧКИ,…Само едно прашање ме интересира:Дали ваков начин на “храброст”,и “сила” би демонстрирал на ЗЕЛЕН ПАЗАР, ШУТКА, А КАМОЛИ БИТ ПАЗАР !….МОНСТРУМ !”, стои во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

gorge-ivanov

Иванов ги повика МВР и УБК да одговорат зошто го следат?

Кабинетот на претседателот на Република Македонија e згрозен од содржината на јавно објавеното решение за притвор на лицето Кирил Божиновски, каде се цитира идентична службена белешка на УБК, како и во случајот на Миле Јанакиески, соопшти Кабинетот на шефот на државата.Од таму додаваат дека на идентичен начин се злоупотребува претседателот на Република Македонија. Единствената разлика во содржината на цитираната белешка е што во првиот случај се посочува на остварена средба со посредник на Миле Јанакиески, а во вториот на средба со посредник на Кирил Божиновски.– Категорично ги негираме изнесените наводи во службената белешка на УБК и информираме дека ниту е побарана, ниту одржана средба со Кирил Божиновски, ниту со негов посредник. Негираме и дека е остварена средба со посредник на Миле Јанакиески. Кабинетот на претседателот на Република Македонија јавно прашува дали се уште незаконското следење на комуникации се прикрива со користење на измислени извори?

Македонија | пред 7 години

Zaev

Заев се сомнева дека Груевски е киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран. Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие прашања. Редно е како држава јавно да ги поставиме овие прашања, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата.„Јасно е дека избегал со дипломатско возило од Унгарија. Сите докази ќе бидат споделени со јавноста, ќе ги предадеме со Унгарија, но и на Европската Унија”, рече Заев.Сомнежите дека е киднапиран, Заев ги образложи со тоа што Груевски побегнал со дипломатско возило на странска амбасада.„Секоја амбасада е екстериторијална, таму нашиот систем и полиција не може да делува. Од тој аспект прашувам дали доброволно заминал или бил киднаиран. Одговорот на прашањето ќе разјасни многу работи“, вели Заев.Во врска со бегството на Груевски и информациите кои што се појавија во јавноста, тој потврди дека е точно дека тој преку Албанија и Црна Гора избегал во Будимпешта каде што побарал азил. Но, Заев е дециден дека Груевски ,,лаже дека имал закани за животот и немало индиции дека ќе бега”. Според Заев, со бегството експремиерот Никола Груевски ја потврдил вината и рече дека очекува Унгарија позитивно да одговори на македонското барање и да го екстрадира во земјава.Во врска со случајот тој вели дека постои добра соработка со албанските и црногорските власти, со кои се разменуваат информации.

Македонија | пред 7 години

IMGP7067

Груевски од Црна Гора продолжил во Србија

Патешествието на Груевски низ Црна Гора наликувало на шпионски филм. Го чекале разни унгарски дипломати, се менувале возила, а примопредавањето се одвивало во мотел. ДВ дознава дека Груевски сепак минал низ СрбијаМакедонската лична карта и унгарското дипломатско возило му овозможиле на поранешниот премиер Никола Груевски удобна прошетка низ три балкански држави до пристигнувањето до крајната дестинација- Унгарија. Притоа, она што се случувало од моментот кога Груевски влегол во Црна Гора, па до влезот во Србија повеќе наликува на некој шпионски филм, одошто на реална приказна.Извори во полицијата во Црна Гора, кои побараа анонимност, за ДВ потврдија дека Груевски својот пат од таа земја го продолжил кон соседна Србија.Претходно, во официјалното соопштение на црногорската полиција беше наведено дека експремиерот влегол во земјата на 11 ноември со автомобил преку граничниот премин Божај. Влегол со лична карта, а излегол истиот ден со истиот автомобил во правец на Србија.Според сознанијата на Дојче веле, вака изгледало патешествието на Груевски низ Црна Гора:- Во 19:10 часот влегол во земјата преку преминот Божај. Таму го пречекале двајца службеници на унгарската амбасада во Подгорица.- Со возило Фолксваген Џета бил пренесен во Подгорица. Таму веќе го чекал заменикот- амбасадор и заедно со уште едно лице влегле во друго возило и се упатиле кон граничниот премин Добраково.- Таму пристигнале околу 22 часот. Влегле во Србија и таму им го предале Груевски на други унгарски дипломати кои за таа цел пристигнале од Белград. Средбата со дипломатите од белградската амбасада и размената на бегалецот се случила во мотелот Лукс пред влезот во Пријепоље.И во Србија, како и во Црна Гора, Груевски влегол со лична карта затоа што во тој момент по него се уште немаше распишано меѓународна потерница од македонското МВР.Извор: DW

Македонија | пред 7 години

IMGP7033

Властите во Албанија потврдија дека Груевски избегал преку нивната држава

Албанските меидуми јавуваат дека властите во оваа земја денес потврдиле дека Никола Груевски бегството го направил преку територија на Република Албанија.Според албанските медиуми Груевски бил во амбасадата на Унгарија во Тирана, а дека Груевски бил во нивната амбасада во Тирана потврди и владата на Виктор Орбан.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

КАНАЛ 5: Груевски избегал со автомобил - Следна дестинација Турција или Русија

Според информациите до кои дојдe „Канал 5 телевизија“, Груевски има намера Унгарија и барањето за азил таму да го искористи само за да купи време пред да ја донесе одлуката каде да замине за подолг престој.„Со оглед дека Унгарија е земја членка на ЕУ, за очекување е Орбан да биде соочен со притисок од Брисел за екстрадиција. Според нашите извори, знаејќи го ова, Груевски на ум има две можни дестинации.Едната е Турција, во која долги година апсолутна власт има Ердоган, со кого Груевски има изградено и лични релации, а често и годишните одмори ги поминуваше таму, на лична покана од турскиот претседател.Втората можна крајна дестинација на експремиерот, според овие информации, е Русија, во која често прибежиште бараат луѓето од регионов кои треба да одговараат во своите земји.Нашите извори, ги потврдуваат и тезите дека Груевски стигнал во Будимпешта преку Србија. Според информациите, тој ја напуштил државава во саботата претпладнето со автомобил. Првата пауза за ручек, одмор и веројатно за средување на формалностите поврзани со барањето за азил, ја направил во  елитен хотел во Белград, а потоа го продолжил патот со истото возило кон Будимпешта. Чија сопственост е возилото, на кој премин поминал, и кој се му помогнал, допрва треба да се открие“, пишива телвизијата

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

„Политика“: Груевски побегнал преку Албанија, па со авион до Будимпешта

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски со лажен пасош ноќта ја преминал македонско-албанската граница и илегално стигнал до Тирана, каде бил прифатен во унгарската Амбасада. Со првиот утрински лет на компанијата „Малев“ тој директно од Тирана пристигнал во Будимпешта, пишува белградскиот весник „Политика“.Добивајќи информација од своите соработници во системот на власта дека полицијата се подготвува да го уапси, Груевски со лажен пасош ноќта ја преминал македонско-албанската граница и илегално стигнал во Тирана. Таму бил прифатен во Амбасадата на Унгарија, а потоа со првиот утрински лет на унгарската компанија „Малев“ тој од Тирана пристигнал во Будимпешта. Екипажот на авионот воопшто не знаел кој е патникот со шешир и очила за сонце, кои не ги симнувал ниту во авионот, пишува „Политика“.Во моментот кога македонската потерница стапила во сила, а тоа било некаде околу 10 часот претпладне, Груевски веќе бил во Будимпешта од каде им испратил порака на властите во Скопје дека ги надмудрил, но дека ја сака Македонија и дека секогаш ќе биде со неа. Секако, ја сака и слободата, но сопствената, наведува српскиот весник.Властите во Скопје реагираа со моментно апсење на соработници на Никола Груевски и останува да се истражи кој сѐ му помогнал на поранешниот премиер да побегне од Македонија.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања