ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

46162267_2265799130330737_7039998894805090304_n

Ристиќ: Владата да се усериози и да го врати Груевски зад решетки како што вети

„Сите сме бесни поради овозможувањето на експремиерот Никола Груевски да избега од земјата. Ние не се боревме за тоа луѓе да седнат во фотелји, а правдата да не биде исполнета“, изјави Здравко Савески на денешниот протест пред владата на Република Македонија.Според него некој треба да се понесе одговорност без разлика дали тоа се случува во обвинителство, судството или МВР.„Спасовски и да нема политичка одогворност, има морална одговорност да си поднесе оставка бидејки дозволија да избега. Или се неспособни да го задржат во земјата, или му овозможиле да избега од државата. Ако не поднесе оставка тоа значи дека владата стои зад него. Зошто владата би стоела зад него ако ова не е договорено. Ако владата стои зад него нека им каже на македонските граѓани дека тие ова го имаат договорено“, рече Савески.Исто така тој побара и Мијалков да заврши во притвор, а не само Миле Јанакиески.Дел од протестот беше и Ирена Ристиќ која побара од власта да го врати Груевски зад решетки.„Ние овој серијал го гледаме од првата епизода и да не се однесуваат од Владата како да сме вклучени во сезона број седум и наеднаш Никола Груевски се третира како секој обичен граѓанин, па наеднаш него го снемува и никој не знае каде е, за да на крај дочекаме самиот да ни се пријави од Будимпешта. Ве молам да се усериозите и да почнете да си ја бркате работата како што ветивте. Чекаме да се исполнат сите ветувања“, изјави Ристиќ

Македонија | пред 7 години

Mickoski-pres

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара во Заев и Спасовски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на социјалната мрежа Фејсбук побара одговорност од власта за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски„Политичкиот прогон и терор станува основен метод на дејствување на оваа власт. Имаме киднапирана држава каде граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, зголемени даноци, одземено достоинство, промена на име, идентитет. Ова се вистинските теми кои ја разголуваат неспособноста на власта која се дефокусира со други теми и прашања, како што е последните случувања врзани со случајот Груевски.Одговорноста за начинот на движење, методите и бегството на Груевски треба да се бара во власта, поточно во Заев и Спасовски. Иако притисокот, поточно прогонот кој го прави власта е политички мотивиран и е евидентен и многу јасен, самиот потег на бегство не го оправдувам, и тоа не е опција особено што други лица и нивните семејства ќе ги трпат последиците од таквата постапка. Оваа земја има поголем проблем, тоа е криминалната власт на СДСМ која мора да се спречи“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ЕКСКЛУЗИВНО - Меркел праќа двајца економски советници во кабинетот на Заев

Ќе добие ли Македонија своја „Ула“ да не управува ? !Владата на Република Македонија наскоро ќе добие двајца советници од Германија кои ќе дојдат официјално да ја средуваат економијата во  државата - ексклузивно дознава Скопје1.мк од извори во СДСМ.Како што брифираат нашите извори, Германија веќе ги одредила кадрите кои ќе ги прати во земјава, а кои официјално ќе имаат статус на советници за економија на Премиерот Зоран Заев.Извори од СДСМ кои се добро упатени во процесите кои следуваат, за „Скопје1.мк“ брифираат дека ова е само почеток на ангажирање на странци кои ќе дојдат во земјава да помогнат во функционирањето на системот и државата која со децении не успеа да профункционира.По ова се најавува дека ќе следуваат ангажмани на странци во најголемите државни јавни претпријатија, советници ќе дојдат во речиси сите делови на државниот апарат и трите столба на власта.Ула е измислен лик од серијата „Преспав“ која управува со хотелот „Преспав“ и е Германка која постојано се труди на сите да им објасни дека мора да се работи по Закон. 

Македонија | пред 7 години

emNdQ-

Притворени се Миле Јанакиески и Кирил Божиноски

Од рано утрово во притворени се поранешниот минситер Миле Јанакиески и поранешниот владин секретар Кирил Божиноски, а притворањето уследи од како од државата побегна Никола Груевски, потврдуваат од Судот за Скопје1.мк.Од Судот потврдуваат дека доцна ноќеска е издадена наредба за одредување мерка притвор заради постоење опасност од бегство.Јанакиески е обвинет во пет случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за кои судењата течат, а е спомнат во речиси сите истраги на СЈО.Кирил Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е обвинет во случајот со изборни нерегуларности „Титаник“. 

Македонија | пред 7 години

46076579_2064883016891233_3450233755287945216_o

Шилегов на средби со градоначалниците на Подгорица и Пловдив

Градоначалникот Шилегов вчеравечер во ресторанот на „Парк хотел и спа“ имаше работна вечера со делегација од збратимениот град Подгорица, Црна Гора, предводена од градоначалникот Иван Вуковиќ. Двајцата градоначалници разговараа за досегашната соработка меѓу двата збратимени града и за можноста за продлабочување на таа соработка во повеќе области од урбаното живеење. Денеска, пак, градоначалникот Шилегов се сретна со градоначалникот на Пловдив, Бугарија, Иван Тотев. На средбата се разговараше за интересот на Град Скопје да се кандидира за Европска престолнина на културата во 2028 година и за искуствата и соработката со Градот Пловдив кој е Европска престолнина на културата 2019 година.  Делегациите од Подгорица и од Пловдив присуствува на денешното чествување на Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември и положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите. Вечер, делегациите од двата града ќе присуствуваат на доделувањето на наградите „13 Ноември“ и на концертот на Македонската филхармонија, што се организира по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Скопје. Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и годинава одбележуваат 10 години од збратимувањето. Двата града негуваат плодна соработка и разменуваат позитивни искуства, особено за прашања од комуналната сфера и урбаните проблеми. 

Скопје | пред 7 години

mile-janakieski

Јанакиески: Најостро го осудувам бегството на Никола Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за ТВ 21 изјавил дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски.– Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети – изјави Јанакиески.Тој додава дека не планира да бега од Македонија и дека моментално е во Скопје, најави и појавување на утрешното судско рочиште за предметот „Титаник“.Тој бара од медиумите да информираат објективно и повика да се престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот.

Македонија | пред 7 години

46110242_255453358455274_5527031407055994880_n

Груевски целосно го потврди ексклузивитетот на Скопје1.мк

Постот на Никола Груевски со кој тој на својот официјален Фејсбук потврди дека е напуштил Македонија и се наоѓа во Будимпешта целосно го потврди ексклузивитетот и информациите кои од петокот ги објавуваше Скопје1.мк , а со кои единствени во Македонија први тврдевме дека Никола Груевски побегнал од земјава за да не оди во затвор.Скопје1.мк прв ојбави и дека Сашо Мијалков со акламација е исклучен од ВМРО ДПНЕ, а за нецели два месеци постоење, Скопје1.мк полека но сигурно станува медиум кој предвреме ги знае и објавува нај ексклузивните вести.Груевски се јави од Будимпешта каде побарал азил 

Македонија | пред 7 години

46096487_255799245118719_3313954700683902976_n

Груевски се јави од Будимпешта каде побарал азил

Никола Груевски се јави со пост на неговата официјална Фејсбук страна и целосно го потврди ексклузивитетот на Скопје1.мк кој уште петокот јави дека Груевски не е повеќе во Македонија.„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти.Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, пишува на Фесјбук, Никола Груевски.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10156942186402716?__xts__[0]=68.ARALB6b6c6SOaJ87d7L6MPxdDDb1ttrI7CZwUqn5dl0lUIPS_o9Jjp9UjceJycbw_JdOMKq88OlRGN4kS5UFtUzTdjzMP3wO4Z6q66HuFJ2rMKvr3N62P_vkTjzMw5wThXS2pVDZd8RsVekWv7tYzkxGo2Aezh_NE17IJeu7lv4W8kJTaM_Df11vhgRRz_5XUiSErAN1m_UiUPZ6C3LUZ4JZUNT2Wvh1EHa0pnOGdcO_EGnzZa5MyPjCTkIkXFwqpz-O404RPEIG4qOS_tJwukbSwSI6o43xgH-RtSFQyNj0ftJzkqv2CaAYYyYQiVXqvAbaJY7uOOGAPw&__tn__=-R 

пред 7 години

gruevski-2

На Груевски му се губи трагата во четвртокот вечерта

МВР и натаму трага по бегалецот Никола Груевски по кого од вчера е распишана национална потерница. Полицијата, по известувањето од Судот дека е недостапен, го бараше Груевски во неговиот дом, но и околу партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ, но не го најде, пишува Нова ТВ.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одговрајќи на новинарско прашање за одговорноста за евентуалното бегство на Груевски кажа дека вината треба да се бара кај оние кои не одредуваат притвор.„Јас размислувам во однос на одговорноста на оние кои не одредуваат притвор за лица кои имаат можност да избегат од државата, што им дозволуваат да се шетаат и да ги обавуваат сите можни работи и кога ќе се донесе пресудата не се во притвор иако имаат десетици кривични дела и кривични пријави. Замислете има притвор за разбојништво и тешка кражба, а за вакви кривични дела не се одредува мерката притвор“, кажа министерот за полиција Спасовски.Телохранителите на осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски, последен пат се виделе со него во четвртокот навечер. Според нивните изјави тие вечерта во четвртокот околу 23 часот го оставиле дома. Од тогаш, Груевски не ги повикал.Груевски имаше упатен акт да се јави на издржување на затворската казна во Шутка, во четвртокот на 8 ноември, пишува Нова ТВ.Тој претходниот ден, на 7 ноември се појави на Комисијата за уставни прашања во Собранието, но по еден час го напушти Собранието и од тогаш не се појавил во Законодавниот дом. Ова практично е последното појавување на Груевски во јавноста кој до тогаш редовно доаѓаше и на судските рочишта, а одвреме навреме се појавуваше и во Собранието.Издржувањето на затворската казна на Груевски му беше одложено затоа што се пролонгираше рокот во кој тој можеше да поднесе жалба до Кривичниот совет, пред да оди во затвор.Имено, судијата за извршување санкции во петокот на 2 ноември донесе решение со кое се одби молбата на Груевски за одложување на затворската казна, но оваа одлука која на неговите адвокати им беше доставена истиот ден, Груевски ја доби дури во понеделникот кога се појави во Судот. Со ова, тој доби дополнителни денови за да ја достави жалбата до Кривичниот совет. Советот одлучуваше во петокот и му ја одби жалбата, но тогаш веќе Груевски го немаше.Судскиот курир неколкупати во петокот се обидe да му го достави решението на Кривичниот совет, но не го наjде дома. За време на викендот, никој не се обиде да го најде Груевски – се чекаше тој самиот да се пријави во затворот во Шутка или да дојде во понеделник во Судот да го прими решението за издржувањето на затворската казна.Судски извори за НОВА потврдија дека Груевски не се појавил во петокот ниту во Судот, но и немал таква обврска. Според мерките за претпазливост што му биле одредени, тој требало секој прв петок во месецот да се пријавува во Судот и тоа го правел редовно. На Груевски му беше одземен и пасошот, пишува Нова ТВ.Од таму исто така објаснуваат дека мерките за претпазливост што му ги одредил Судот, биле потврдени и од Апелација.СЈО бараше притвор за Груевски, уште во јуни лани, но најпрво Судот, а потоа и Апелција го одбија барањето за притвор и му одредија мерки за претпазливост. Судот не донесе одлука за притвор за ниту еден обвинет од поранешното раководство на ВМРО ДПМНЕ за кое СЈО бараше притвор.Дали за Груевски ќе биде распишана меѓународна потерница, треба да одлучи Судот, во координација со МВР. Меѓународна потерница се распишува ако е веројатно дека лицето избегало во странство.До тогаш ликот на Груевски ќе остане на интернет сајтот на МВР за потраги.Екс премиерот, покрај во случајот „Тенк“ во кој е осуден со правосилна пресуда на казна затвор од две години, обвинет е и во уште неколку случаи отворени од СЈО: Насилство во Центар, Титаник, ТНТ и Траекторија.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Мијалков не знае каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и доскорешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, на влегување во Кривичниот суд во Скопје изјави дека не знае каде во моментов се наоѓа неговиот братучед и Никола Груевски.„Не знам“ кусо одговори Мијалков на влегување во зградата на Кривичниот суд, запрашан од новинарите за тоа дали знае каде е Груевски.На Мијалков денеска му се суди на ново рочиште за предметот на СЈО „Титаник 2“, каде заедно со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, и членови на ДИК обвинети за злоупотреба на службената положба за време на локалните избори во 2013-та.Освен „Титаник 2“, во кривичниот суд има рочишта и за „Титаник 3“ и „Тарифа“.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Јанушев им се извини на новинарите оти ВМРО-ДПМНЕ ги нарече загари на Заев

Игор Јанушев им се извини на новинарите, во името на партијата, за тоа што претходно беа наречени – загари.Ваквото јавно извинување на Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ уследи од како неговата партија во официјално соопштение испратено до медиумите, новинарите кои објавуваа вести поврзани со бегството на Никола Груевски ги нарече „загари на Зоран Заев и Оливер Спасовски“.Ваквото соопштение во медиумите беше пречекано со чудење и предизвика револт.Скопје1.мк уште во петокот прв објави дека Никола Груевски е недостапен и не се пријави во затворот во Шутка, а вчера повторно објавивме дека ја напуиштил земјата. 

Македонија | пред 7 години

gruevski

Груевски последен пат ги ангажирал телохранителите во четвртокот

Телохранителите на осудениот Никола Груевски, кој од петокот ги избегнуваше судските органи да му го врачат конечното решение за издржување на затворската казна, последен пат се виделе со него во четвртокот навечер, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од судски извори.„Колку што знаеме, неговите телохранители пред одделот за потраги во МВР кажале дека последен пат го виделе во четвртокот навечер, на 8 ноември, кога го оставиле дома. За да го обезбедуваат, тој треба да ги повика нив ако излегува. Во петокот не ги повикал воопшто, што се случувало и порано, бидејќи не излегувал задолжително секој ден. Не го повикал обезбедувањето ни викендот, а ни денеска, до распишување на потерницата“, изјавија од Основниот суд Скопје 1, чиј доставувач го бараше три пати во петокот и еднаш денеска и не го најде дома.

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски до власта: Сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа лицето по кого со години водите политичка хајка?

Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил се обрати до власта дека наместо да трагаат по убијците на Мартин Јанушев и Никола Саздовски, тие се занимаваат со политичка хајка.„Помина една година од убиството во Аеродром на младиот Мартин Јанушев, поминаа неколку месеци од убиството на младиот навивач Саздо и редица други убиства за кои сторителите се во бегство, а нивните лица не се знаат во јавноста.Немаше вакви спектакли како вечерва, а требаше да има, затоа што таму некаде, во некое ќоше или улица, вечерва шета осомничениот за одземање на човечки живот. А вие наместо да трагате по нив се занимавате со хајка, политичка хајка врз ВМРО-ДПМНЕ.Господа од власта кого залажувате и пред кого правите евтин театар сега кога на чиста правдина го посочувате прстот во ВМРО-ДПМНЕ дека наводно крие некого, лажно без аргументи?Ова не е само напад врз ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз слободата, врз главната опозициска сила, врз критичката мисла, каква не познава модерна Европа и пошироко во Светот.Зарем лицето по кого со години водите политичка хајка, фрлате со дрва и камења и кого го третирате за државен непријател сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа?Како кога до вчера, исто како него, сите нас не следите, се заканувате, претите.Како водач на ВМРО-ДПМНЕ немам намера да се жалам и правдам, ниту да се прикажам за жртва, бидејќи јас чувствувам само мал дел од она што стотици, илјадници граѓани го чувствуваат секој ден. Велите дека сте победиле режим, а по што се разликувате од она што толку драматично го опишувавте дека сте се бореле против. Па вие сте тој режим и хунта која слободата ја ограничува.Приберете ги вашите партиски силеџии од СДСМ со полициска значка, нивниот срам е и ваш срам.Сакате да не понижите, да не прикажете за злосторничка дружина, за криминалци, ние кои ја кажуваме вистината.ВМРО-ДПМНЕ е и ќе остане да биде последниот бастион на слободата и критичката мисла. Тврдина на народот кој ја сака оваа земја. Можете да забраните да говориме, да забраните да дејствуваме, но не може да ни го забраните ВМРО затоа што тоа му служи на народот, а јас сум прв повикан да им служам и да ги чувам тие 4 свети букви.Македонија ќе победи. Колку повеќе ќе притискате толку повеќе ќе губите. Нема да не исплашите, ниту поколебате.И сега на крај, треба да знаете и дека вака ќе ве победиме, ќе паднете, затоа што љубовта кон нашата земја е посилна од вашата злоба, затоа што нема да ја покриете сиромаштијата која ја правите на народот, а грабежот на нацијата нема да биде заборавен. Ќе паднете!Македонија ќе победи!Да живее ВМРО-ДПМНЕ!Да живее Македонија!“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

maxresdefault

Јанушев: Ова е удар врз демократијата, Груевски не бил во штабот повеќе од 6 месеци

„Ова вечерва е удар врз демократијата. Ова е дно. ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада, а членовите се возннемируваат од полициски службеници. Ова е хајка и линч кон сите кои мислат поинаку. Заев ги злоупотребува медиумите. Овој притисок е удар врз опозицијата и ние ќе ги превземеме сите правни средства. Ако мислите дека ќе не заплашите се лажете“, изјави Јанушев.Исто така тој изјави дека сите оние кои го извршуваа и организираа ова по наредба на Заев ќе одговараат.„Јас лично немам контактирано повеќе од 8 месеци со Груевски и немам сознанија каде е. Сакаме да веруваме дека полицијата нема да се дрзне во штабот на партијата, но доколку поседуваат налог во наше присуство ќе ги прошетаме за да се уверат“, рече генералниот секретар.  

Македонија | пред 7 години

375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

Заев: Очекувам дека Груевски нема да си дозволи да се трага по него

Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека не очекува поранешниот премиер Никола Груевски, кој се бара со потерница, да си дозволи да бега.– Јас очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него. Tој велеше дека нема да си дозволи такво нешто, барем такви се моите сознанија од кажаното од Никола Груевски, рече Заев на вечерашното гостување на МТВ.Тој рече дека за акцијата нема сознанија, и за повеќе информации упати на МВР.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања