ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

Нема фотографија

Од јуни до ноември: Од 165 барања за азил, одобрени само на Груевски и три други лица

Канцеларијата за имиграции и азил открила дека по стапување во сила на т.н. Стоп Сорос закон против мигранти, од 1 јули па се до 21 ноември тие примиле вкупно 165 барања за азил, од кои 88 биле одбиени, процедурата за 65 се уште трае, а 8 биле повлечени, објави порталот „Индекс“.Позитивен одговор бил даден на четворица апликанти, од кои еден е експремиерот Никола Груевски кој во Македонија е осуден на две годишна затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.Сел Бернадет која е независна пратеничка во унгарскиот парламент, побарала да ги види документите со кои Груевски поднел барање за азил, но Канцеларијата за имиграции и азил не дозволила. Оттаму посочиле дека со ниту еден закон не се предвидува пратениците да имаат пристап до документи кои содржат лични податоци. Пратеничката дознала дека Никола Груевски лично контактирал со службата за корисници при Канцеларијата за имиграции и азил на 12 ноември, кога побарал азил.Унгарскиот Стоп Сорос закон предвидува секој што влегол во Унгарија од таканаречена безбедна земја, дека не може да добие азил. Но, експремиерот на Македонија, Никола Груевски доби азил за само неколку дена, иако според информациите тој во земјата влегол преку Србија која унгарските власти ја сметаат за безбедна земја.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ заборави дека загадувањето е реакција на нивното долгогодишно негрижливо однесување

Градот Скопје реагира на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое беа изнесени разни невистини и празни, неосновани обвинувања кон градоначалникот Шилегов.Град Скопје ги негира обвинувањата и паушалните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ во однос на активностите и напорите на Градот Скопје во борбата против загадениот воздух. Затоа, апелираме до ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ја замајуваат јавноста со вакви неумесни соопштенија и обвинувања, да бидат конструктивни чинители и да учествуваат во борбата против загадениот воздух, нешто за кое не беа и не обрнуваа внимание за време на своето долгогодишно владеење. Загадувањето што се уште се појавува во главниот град е само реакција на долгогодишното негрижливо однесување на ВМРО-ДПМНЕ кон зеленилото во изминататата деценија. Како они да заборавија и не сакаат да се потсетат за своето брутално однесување кон дрвјата во Скопје и непланското градење занемарувајќи го интересот на граѓаните што живеат во главниот град.ВМРО-ДПМНЕ нема никаков основ да реагира и глуми загриженост, се додека не се извини на македонската јавност за сето она што го стори во минатото, а со тоа директно придонесе денес Скопје да биде загаден град. Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се извини на сите граѓани, тогаш нивните предлози и критики ќе ги земеме предвид и само тогаш можеби ќе веруваме дека навистина сакаат и се грижат за градот. До тогаш, само можат слободно да ги прочитаат преземените мерки во борба со загадувањето откако Шилегов дојде на функцијата градоначалник на Скопје.Во контекст на оваа рекација, сакаме да ја информираме и потсетиме јавноста дека Градот Скопје, во рамките на своите надлежности работи на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување  активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.Градот Скопје на овој горлив проблем му пристапува стратешки и реализира мерки во сите области кои се детектирани дека придонесуваат во загадувањето на амбиенталниот воздух.Од аспект на зеленилото, последно што Град Скопје презема е обновувањето на дрворедите на скопските улици, оние кои од претходното раководство беа исечени и никогаш заменети и обновени. Покрај обновените дрвореди и новите во Ѓорче Петров и Бит-Пазар, во есенската акција за зазеленување на Скопје ќе бидат засадени нови 3500 дрвја на повеќе локации низ скопските општини. Несметајќи ја оваа акција, изминативе неколку месеци се спроведоа акции за садење на нови дрвја во Скопје, каде само во пролетната акција беа засадени повеќе од 6.000 нови дрвја. Исто така, Градот Скопје изминативе 6 месеци подигна нови и реконструираше зелени површини кои се простираат на над 50.000 метри квадратни.Во оваа насока Градот Скопје работи и на два нови проекти со коишто ќе се добијат два нови големи зелени површини во Малиот ринг во Скопје, и тоа новиот парк во просторот позади Македонската филхармонија и новиот парк – зелен кров кој ќе се простира на кровот на ГТЦ.Од аспект контролата на индустриските капацитети и инспекциските активности, Град Скопје ги следи сите индустриски инсталации кои имаат добиено од Градот Б интегрирана дозвола или усогласен елаборат за заштита на животната средина. Делот од сферата на А интегрираните дозволи се во надлежност на министерството за животна средина и врз нив контрола врши државниот инспекторат, додека сините занаетчиски објекти, претежно од угостителството се во надлежност на општинските инспекторати за животна средина.Овој период посетени се сите капацитети кои работат со Б Интегрирана дозвола, а инспекциските служби работат во две смени. Од аспект на создавање на диви депонии и незаконско спалување на смет и останати материјали кои го загадуваат воздухот, изминатиов период Градскиот инспекторат има засилени контроли на целата територија на Скопје. Контролите се спроведуваат со комбинирани тимови на инспектори за животна средина, комунални инспектори и комунални редари. Засилените контроли продолжуваат и во наредниот период.Засилените активности и контроли на Инспекторатот на град Скопје резултираа со драстично зголемување на бројот на мандатни казни, како и со превентивно делување со укажувања на граѓаните како се депонира комуналниот отпад и каде отпадот како градежен шут, кабаст отпад треба да биде однесен и депониран.Од аспект на загревањето, Градот Скопје го формира новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности, која ја реализира постапката за преземање на градската топлификациона мрежа, со што ќе стане директен фактор во одлуките во оваа област, која е голем причинител за загадувањето на воздухот, како и да се вклучи во процесот на гасификација на Скопје.Покрај ова, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и останати течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат далеку помалку. Во оваа област како нови мерки може да се наведат и субвенциите за обука на оџачари, како дефицитарна струка, како и субвенциите за граѓаните за чистење на оџаци. Во однос на сообраќајот,Од аспект на сообраќајот, Градот Скопје инвестира големо време и енергија во промоција на транспортен систем кој е модерен и еколошки, преку користење на јавниот превоз, како и комбинирани форми на превоз без автомобили. Во таа насока, во транспортниот систем на ЈСП изминатиов период беа вклучени неколку еколошки автобуси на гас (кој не го загадуваат воздухот), како и за првпат на линијата број 15 сообраќаше електричен автобус. Идната година Скопје ќе добие 40-тина нови еколошки автобуси на еколошко гориво и ќе ги заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП без клима и дополнителна опрема. Истото ќе се финансира со задолжување кон меѓународна кредитна институција во износ од 10 милиони евра, со каматна стапка од 1%, 3 години грејс период и 7 години отплата, без вклучен грејс период. Како мерки од областа на сообраќајот може да се наведат и воведувањето на бесплатен превоз за сите средношколци во јавниот градски превоз, како и воведувањето на бесплатни автобуски линии до Водно со цел растеретување на сообраќајниот метеж на планината, како и воведувањето на бесплатниот автобуски превоз во деновите на висока загаденост.Градот Скопје работи и на промоцијата на електричните возила, преку поставување на нови полначи за електрични возила на повеќе локации во Скопје кои се бесплатни за користење за корисниците на ваков вид на возила.Промоцијата на велосипедизмот е друга сфера во која Градот работи, преку подобрување на условите и изградба на нова вело инфраструктура, како и стимулирање на граѓаните за набавка на нови велосипеди преку субвенции, каде во 2018 година Град Скопје додели 3.119 субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди. Изминативе неколку месеци се изградија или во тек на изградба се велосипедски патеки во должина од над 7 километри, како што целосно е готова велосипедската и пешачка патека на булеварот „8 Септември“, која се протега од мостот кај хотелот Александар Палас до улицата „Варшавска“ во Тафталиџе, а во тек е изградбата на вело патеката долж цел булевар Борис Трајковски (од стаклара до рампа), долж улица 11 Октомври, булевар Кочо Рацин и долж бул. Крсте Петков Мисирков до клучката кај Бит пазар.Во моментов е распишан и јавен повик за субвенции за граѓаните за набавка на електрични тротинети, каде е предвидена субвенција во висина од 50 % од цената, но не повисока од 10.000 денари.Од аспект на енергетската ефикасност, Градот Скопје оваа година изврши, или во тек е замена на фасадите на 11 средни училишта, и тоа „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“. Овие училишта, чии објекти беа едни од поголемите загадувачи на воздухот, ќе добијат нови, енергетско ефикасни фасади кои значително придонесуваат за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух, а за заштита на учениците, набавени се прочистувачи на воздухот за сите простории во сите средни училишта на Град Скопје. Средствата за изградба на нови фасади се обезбедени од прекинувањето на проектот Скопје 2014.Од аспект на комуналната хигиена, Градот Скопје работи на мапирање и чистење на дивите депонии, каде во голема акција беа расчистени над 3000 метри кубни смет, далеку повеќе од 2017-та (375 м3). Во таа насока, во март годинава Градот Скопје промовира посебен телефонски број (070 270 557), на кои граѓаните можат преку Вибер да пријават диви депонии со праќање на порака и фотографии, а истите можат да ги пријават и до официјалната фејсбук страница на Градот. Досега граѓаните пријавија над 300 диви депонии, а поради зголемената потреба на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје за 2018 година, беа зголемени средствата за оваа намена за дополнителни 5 милиони денари. Дополнително, Градот Скопје на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје предвиде и средства за набавка на нови контејнери, а се спроведоа повеќе акции за миење на градските улици и булевари. Како новитет е и хигиената на улиците, каде Град Скопје, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и „Водовод и канализација“, за првпат започна голема акција на рачно миење на улиците од прљавштина и прашина со што ќе се намали прашината во воздухот.Ако само неколку од овие мерки ВМРО-ДПМНЕ ги применеше и постојано ги користеше во текот на 10 годишното владеење, денеска Скопје ќе беше град во којшто граѓаните ќе дишеа почист воздух. Затоа, низата на мерки што сега ги презема новото градско раководство се само дел од планот како Скопје повторно да се врати и биде чист и зелен град како некогаш што беше, пред владеењто на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 7 години

1096303_cedomir-ceda-jovanovic_ls

Заев му понудил на Чедомир Јовановиќ да му биде советник

Македонскиот премиер Зоран Заев му понудил на лидерот на Либералната демократска партија Чедомир Јовановиќ да биде советник во македонската Влада за регионални односи и европски интеграции, пишува српски Блиц.Добрите односи на Јовановиќ и Заев се интезивирале, како што дознава српски Блиц, за време на референдумската кампања во Македонија. После неуспехот на референдумот, Јовановиќ изјави дека Србија не треба тендециозно да ги коментира резултатите на референдумот во Македонија,  туку да и помогне ако може.– Јовановиќ не одговорил конечно на понудата. Му рекол на Заев ако тоа што го сакаш ти го сака и Вучиќ, спремен сум, бидејќи никој друг нема да ги реши нашите проблеми– наведува добро информиран извор за српски Блиц.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Андоновски: Шилегов ќе потроши 300 илјади евра за панаѓур на плоштадот

Градоначалникот Петре Шилегов очигледно нема никаков допир со реалноста. Додека Скопје се гуши во елементарни комунални проблеми, Шилегов планира да потроши 300 илјади евра за на плоштадот Македонија да направи панаѓур каде ќе се продава храна и пијалоци, со катчиња за игри и смеа. На граѓаните ниту им е дојдено до смеа, ниту до игра. Тие на избори бираа градоначалник, а не градски паљачо“, изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕИсто така тој весли дека за забавна програма на плоштадот се планирани стотици илјади евра, а граѓаните мака мачат да излезат од своите домови поради енормната загаденост на воздухот и проблемот со кучињата скитници.„После повеќе од една година власт, ги нема ветувањата на Шилегов за нови булевари, мостови, тунели, поголемо зеленило, почист воздух, асфалтирање на улици, водоводна, канализациона мрежа, подобар јавен превоз, инвестиции во средните училишта и уште десетици други. Сега програмата на Шилегов се сведе на журки за автобуска станица, панаѓури и скапа шминка.Само за споредба:За 300 илјади евра можат да се набават повеќе од 90 илјади маски за спречување на загадувањето кои можат да им се поделат на сите бебиња, деца и ученици во основните и средните училишта.Со 300 илјади евра можат да се субвенционираат повеќе од 6000 граѓани за да купат велосипед.Или пак да се субвенционира набавката на повеќе од 1800 електрични тротинети.Со 300 илјади евра може да се зголеми фреквентноста на јавниот превоз.Шилегов наместо да се занимава со реалните проблеми на граѓаните ќе прави скапи импровизации за обид за игри и смеа. Со секој ден поминат како градоначалник, тој покажува дека е неспособен да се справува со вистинските проблеми на градот, за кои е избран од граѓаните. Затоа, ние ќе го потсетуваме се додека не започне да ги решава проблемите на Скопјани“, изјави Андоновски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Свлечиште на патот Макази - г.п. Маркова Нога

На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Македонија | пред 7 години

obvinitelstvo1

Обвинителството замрзна сметки во Монако на концесионерот на центрите за дијализа

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави барање со Кнежевството Монако да ги запре финансиските трансакции на сметки во Монако на кои се префрлени пари од концесинонерот на центрите за дијализа во Република Македонија. Од ЈОРМ информираат дека ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција презема низа активности за расветлување на случајот.„Во рамките на постапката, надлежниот јавен обвинител во изминатиот период, дојде до сознанија дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено, а финансиски средства во значителен износ се префрлени на сметки во Монако. Преку меѓународна правна помош доставено е барање до Кнежевството Монако за запирање на извршување на финансиски трансакции на сметките на кои се префрлени пари од продажбата на правното лице во износ од 11 милиони евра“, стои во соопштението на ЈОРМ.Исто така до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Кнежевството Монако е доставено барање за вклучување на нивен обвинител во истрагата, на што Обвинителството позитивно одговори и го одобри барањето.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Почнува новогодишното украсување на Град Скопје

Новогодишното украсување на Град Скопје започнува од вечeрва.Градоначланикот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека согласно буџетската ставка за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години.Новина е, додава, новогодишната населба Винтерленд, што ќе внесе нова, побогата новогодишна содржина.-Ни се ближат едни од најубавите празници, Новогодишните и Божикните. Граѓаните на Скопје мора од својот град да добијат нешто што не го добивале досега. Она што го гледаме, по слики по разгледници по репортажи зошто да не го направиме во нашиот град. Не треба да бидеме скептици за некои новини, рече Шилегов во врска Винтерленд.

пред 7 години

silegov-petre-1-696x365

Шилегов не открива кој ќе пее за Нова година, ама Цеца нема да биде

Вечерва ќе почне украсување на улиците во Скопје за новогодишните празници. Првата улица која ќе блесне празнично ќе биде Илинденска.Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години.За тоа кој ќе пее на новогодишната прослава, Шилегов одговори дека граѓаните ќе бидат известени кога ќе биде донесена одлука. Скопје, рече, дефинитивно нема да ја дочека „Новата“ со Цеца.

Скопје | пред 7 години

gjubre

Запалени и уништени 66 контејнери во Скопје

Вкупно 66 контејнери во Скопје се запалени и целосно уништени во првите девет месеци од годинава, соопшти денеска Град Скопје.Оттаму заедно со јавното претријатие „Комунална хигиена" апелираат до граѓаните правилно да го оставаат отпадот од домаќинствата и да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици.– Со ваквите постапки се создаваат големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад, а се нанесува и директна финансиска штета на јавното претпријатие, истакнуваат од Град Скопје.Кабастиот отпад како стар мебел, електрични и електронски апарати апелираат да не се фрла на јавните површини и да не се остава до садовите за собирање комунален отпад.Кабастиот отпад, велат од Град Скопје, може да се остави во центрите за селекција на отпад во Карпош и Вардариште или во претоварната станица во Шуто Оризари и за оваа услуга не се наплатува паричен надоместок. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Орбан: Груевски е мој сојузник, зад неговиот прогон стои Сорос

Организацијата на Џорџ Сорос стои зад прогонот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за радиото „Кошут“.Според Орбан, било нормално Будимпешта да му помогне на поранешниот македонски премиер бидејќи тој многу помогнал Унгарија да се одбрани од напливот на мигранти.– Станува збор за поранешен лидер на блиска земја, земја која имаше клучна улога за справување со нелегалната миграција. Без таа помош ќе беше многу потешко да се одбранат унгарските граници, Човек треба чесно да се однесува кон своите сојузници, рече Орбан, потенцирајќи дека тој и Груевски биле сојузници.Како што посочи, Унгарија веќе 30 години функционира како демократија, и ова не е прв пат да прима важни луѓе, но претходните случаи немале тежина како тој на Груевски.Истакна дека унгарските власти ќе ја гарантираат безбедноста на Груевски, кој како што вели, во Македонија се соочува со комплицирани битки.Прашан за барањето од Македонија за екстрадиција, Орбан рече дека Унгарија ќе обезбеди праведен третман на Груевски, а Владата нема да се меша во правните процедури што ги водат надлежните орани.

Македонија | пред 7 години

mijalkov-1

На Мијалков му се носи храна во соба , изолиран од безбендосни причини

Мијалков вечерта кога беше уапсен бил сместен во обична ќелија во притворското одделение, но по еден ден бил преместен во „хашка соба“, простории кои за разлика од останатиот дел во затворот имаат попристојни услови.Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски, на независен весник вели дека Мијалков бил преместен во хашка соба бидејќи над десет години бил на висока полициска позиција во земјава.„Лицето било функционер на високи позиции. И поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, беше сместен во хашка соба. Тие се ставаат во хашки ќелии бидејќи биле функционери на високи позиции во Управата за безбедност и контраразузнавање и на високи полициски функции, а внатре има криминалци што може завршиле во затвор во време на нивно функционирање. Целта е да се спречат некои несакани ситуации. Сметаме дека треба да биде поизолиран“, вели Котевски.Според официјалните изјави на раководството, досега немало никакви поплаки од Мијалков. Храната му се носи во соба и не ја зема со другите затвореници. Во истото одделение со него, но во различна соба, е неговиот бизнис-партнер, најбогатиот Македонец, Орце Камчев, додека поранешните високи функционери кои беа заедно на врвот со Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, се сместени во обични ќелии.извадок од текст на Независен.мк

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Промоција на публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“ во Собрание

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде промовирана публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“.На промоцијата ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери, програмскиот менаџер ДЦАФ Марк Ремилар, амбасадорот на Кралството Холандија во РМ Ваутер Пломп, амбасадорот на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, Лукаш Холуб од Делегацијата на ЕУ во РМ, претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Хари Локвенец, претседателот на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање Трајко Вељаноски и претседател на Комисијата за надзор над имплементацијата на специјалната истражна мерка следење на комуникации од страна на МВР, Финансиската полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана Емил Димитриев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Мијалков во пристојна соба со еден цимер

Во соба од 28 квадратни метри во која има кревет, маса за јадење и тоалет, поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков сега го поминува секојдневието во истражниот затвор во Шутка. Човекот кој се движеше опкружен со своите телохранители сега е во друштво со својот цимер во затворската ќелија. Во затворот го посетуваат неговите адвокати, а најблиските му испраќаат пакети, пишува Независен.По апсењето во хотелот „Мериот“, Мијалков беше однесен во обична ќелија во притворското одделение, но по еден ден беше преместен во „хашка соба“, простории кои за разлика од останатиот дел во затворот имаат попристојни услови. Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски, вели дека Мијалков бил преместен во хашка соба бидејќи над десет години бил на висока полициска позиција во земјава.„Лицето било функционер на високи позиции. И поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, беше сместен во хашка соба. Тие се ставаат во хашки ќелии бидејќи биле функционери на високи позиции во Управата за безбедност и контраразузнавање и на високи полициски функции, а внатре има криминалци што може завршиле во затвор во време на нивно функционирање. Целта е да се спречат некои несакани ситуации. Сметаме дека треба да биде поизолиран“, вели Котевски.Според официјалните изјави на раководството, досега немало никакви поплаки од Мијалков. Храната му се носи во соба и не ја зема со другите затвореници. Во истото одделение со него, но во различна соба, е неговиот бизнис-партнер, најбогатиот Македонец, Орце Камчев, додека поранешните високи функционери кои беа заедно на врвот со Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, се сместени во обични ќелии.Шесте хашките соби се градени според стандардите на ЕУ и условите во нив се далеку попристојни од останатите ќелии.„Во ќелијата во која сега се наоѓа Мијалков престојувал и новинарот Зоран Божиновски. Тој вели дека собата Ѓ6, во која е сместен Мијалков, е последната соба од одделението кое го викаат хашко.„На подот е поставен нов ламинат, креветите и душеците се нови. Во собата има два кревета и еден трет помошен, но тој не се користи. Има маса за јадење, столови нема, се седи на кревет кога се јаде. Има тоалет со ВЦ-шолја, има лавабо со чешма во собата. Има три нови прозорци ПВЦ со двојно стакло. Од прозорец се гледа управната зграда на затворот и влезниот двор и големата т.н. црна врата од која се влегува во затворот“, ни изјави Божиновски.Адвокатот на Мијалков, Антонио Апостолски, пак, вчера поднел жалба на решението за притвор, но не беше достапен за изјава за да каже што напишал во жалбата.Жалбата е поднесена до Апелацискиот суд, кој ќе ја достави на мислење до Специјалното јавно обвинителство, а потоа во судот доколку адвокатите инсистираат може да биде закажана и јавна седница.На барање на Специјалното јавно обвинителство во вторникот, Кривичниот суд му определи притвор на Мијалков кој е обвинет во случајот „Тврдина – Таргет“, поврзан со масовното прислушување. Според сознанијата на Обвинителството, Мијалков се подготвувал да бега. Опасноста од бегство во решението за притвор е поткрепена со сознанијата на Управата за финансиско разузнавање дека обвинетиот располагал со две сметки на кои има 11 милиони евра.Дополнително опасноста од бегство го зголемува и фактот што Мијалков е обвинет во повеќе предмети на Специјалното обвинителство, но и во последната истрагата поврзана со перење пари „Империја“.Освен притворско одделение, во Шутка има и дел каде што се издржуваат затворски казни и таму требаше да биде сместен поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта. Во затворскиот дел има над сто осуденици што издржуваат казна затвор до три години и повратници што се осудени на шест месеци затвор. Таму има и осуденици на повисоки затворски казни за потешки дела бидејќи таму се носат затвореници што издржале поголем дел од казната во затворот во Идризово или во други затвори во Македонија, па се префрлаат во затворот во Шутка на доиздржување на казната. Директорот на затворот во Шутка вели дека третманот во овој затвор е ист за сите, за никого нема да има ниту помалку ниту повеќе.

Македонија | пред 7 години

mickoski

Реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ се на резервна клупа, рече Мицкоски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше гостин во отворено студио на 1тв и изјави дека луѓето кои се декларираа како реформатори не се исклучени од партијата, тие се членови на истата и со дел од нив се уште е во комуникација.“Партијата дава шанса, а вие трба да ја искористите. Доколку не ја искористите ве става на клупа, резервна клупа”Запршан дали реформаторите повторно ќе ги врати во игра, Мицкоски рече “Во политиката нема вечни пријатели ниту вечни непријатели, тоа не е само во Македонија туку е светска пракса”.Запрашан дали дозволлува спротивно мислење од неговото, тој одговори потврдно, се додека партијата не донесе конечен став. „Различното однесување од партискиот став не е досволено“, изјави Мицкоски“Сум за партиска дебата, но се додека се донесе партиска одлука”, рече Мицкоски

Македонија | пред 7 години

twitter

„Треба Шеќеринска за ‘Мис на светот’ да ја кандидирате“

   

Магазин | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања