„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

nesreka-prvi-momenti

Поднесени обвиненија против шест лица за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против шест лица осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ во која 16 лица го загубија животот, а вкупно 38 патници се здобиja со тешки телесни и телесни повреди.Во временскиот период од 02.07.2018 година до 13.02.2019 година, обвинетиот сопственик на фирмата превозник  и обвинетото одговорно лице за возниот парк на превозникот, не се придржувале кон прописите за безбедност на автобускиот сообраќај за масовен јавен превоз. Иако биле свесни дека може да настапи штетна последица, предизвикале опасност за животот и телото на луѓето кои се превезувале во автобусот на критичниот ден на релација Скопје-Гостивар. Имено, сопственикот на компанијата превозник единствено поседувал задолжителен сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај, како услов за добивање лиценца за вршење превоз на патници. Сепак, иако бил должен како одговорно лице, тој не организирал ниту пак трајно вршел контрола над исполнувањето на пропишаните услови за работа на возачите и на техничката исправност на возилата, со што постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во исто време, тој не организирал ниту вршел контрола над целокупното работење на превозникот, не ги запознал возачите за придржување кон одредбите од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај, не обезбедил редовно преземање на податоците од тахографот и не водел евиденција и проверка на времето на управување со возилата за секој возач посебно. Иако знаел дека не смее, раководењето со возниот парк го препуштил на вториот обвинет, кој не поседувал сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај. Притоа, во превозникот не се водела соодветна евиденција на поправките на автобусите, на работното време, паузите и одморите на возачите, а возачите биле оставени сами меѓусебно да го организираат возењето и да водат сметка за сите обврски кои се должност на одговорното лице во превозникот. Сопственикот на фирмата-превозник не водел сметка за исправноста на аналогниот тахограф и дозволил да се изврши манипулација на овој уред за да не ја регистрира правилно брзината на движење на автобусот. Обвинетиот раководител на возниот парк, пак, давал насоки на возачите каде да го однесат автобусот за да се изврши манипулација на тахографот со цел да избегнуваат казни за сообраќајни прекршоци. Свесни за континуираната техничка неисправност на автобусот, двајцата обвинети не презеле дејствија за поправка на битните делови од системот за сопирање на автобусот, знаејќи дека и во таква состојба автобусот ќе биде прогласен за технички исправен, затоа што техничките прегледи се вршеле во здружение во кое првиот обвинет исто така е одговорно лице-управител. На овој начин двајцата се обвинети дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.297 ст.2 од Кривичниот законик.Три други лица, вработени во станицата за технички преглед, се обвинети дека во соизвршителство сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.299 ст.1 од Кривичниот законик. Ним им бил доверен надзорот врз состојбата и исправноста на автобусот, но заеднички, со несовесно вршење на должноста при задолжителен технички преглед, предизвикале опасност за животот и телото на патниците. На 02.07.2018 година, при редовен периодичен шестмесечен технички преглед, воочиле дека е неисправен ABS системот и дека постои недоволна ефикасност на кочењето од 32%, како и разлика од 56% меѓу силите на кочење меѓу левото и десното тркало на втората кочница од втората (погонска) оска. Сепак, во записникот за технички преглед не ги навеле овие неисправности и со свој потпис и печат го завериле записникот за технички преглед, прогласувајќи го возилото за технички исправно. При следниот технички преглед на 18.12.2018 година тие воопшто не го прегледале уредот за сопирање, за кој претходно знаеле дека е неисправен. Повторно изготвиле записник за технички преглед и потврда во кои навеле дека возилото е технички исправно.Со обвинителниот акт е опфатен и возачот на автобусот на критичниот ден, 13.02.2019 година, кој е обвинет дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот законик. Тој го управувал автобусот со 55 патници во него, по средната сообраќајна лента од автопатот „Мајка Тереза“, во правец од Скопје кон Тетово. Кога дошол во близина на селото Ласкарци, при изминување на благ свиок во десно, возел со недозволена брзина од 99 км/час. Притоа брзината не се регистрирала правилно на тахографот, бидејќи обвинетиот го управувал автобусот со вклучен прекинувач за неправилно бележење на брзината. Заради преголемата брзина, изгубил контрола над управувањето со автобусот, започнал лачна траекторија на движење во лево, преминал на левата сообраќајна лента и со предниот лев страничен дел од автобусот удрил во металната заштитна ограда. Преминал преку оградата и продолжил неконтролирано да се движи најпрвин преку средишното зеленило кое ги раздвојува двете сообраќајни ленти, преминал преку заштитната ограда за сообраќајната лента во спротивна насока и преку коловозот во спротивна насока. За ова време успеал да ја намали брзината на автобусот на 67 км/час пред да удри во последната заштитна ограда, но поради недозволената брзина и недоволно ефикасниот систем за кочење, излетал со автобусот 5,5 метри под нивото на автопатот, се излизгал преку регионалниот пат Скопје-Тетово и се превртел на покрив на земјена и тревна површина покрај патот.Притоа, ценејќи дека постои опасност од бегство на осомничените и дека нивното присуство во текот на кривичната постапка не би можело да се обезбеди со поблага мерка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и Посебен предлог на шесттемина обвинети, кои во моментов се наоѓаат во куќен притвор, да им биде определена мерка притвор.Основното јавно обвинителство Скопје, во врска со истиот настан, денеска поднесе и Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека извршило кривично дело – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Овој обвинет, како одговорно лице во правното лице задолжено да врши проверка и контрола над работата на тахографот во автобусот, иако утврдил дека постои вграден уред за манипулација на апаратот, издал потврда и пополнил налепница со која ја потврдил исправноста и сообразноста со законски пропишаните барања. На овој начин тој очигледно несовесно постапил при вршењето на своите овластувања и овозможил на фирмата-превозник и на одговорното лице во неа да поседуваат доказ за исправноста на тахографот. 

пред 6 години

Нема фотографија

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар односно за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголемува за 1,50 денари за литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар.Цените на еуросупер БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за еден денар за литар.Новата цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 70,5 денари за литар, на дизелот 61,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51 денар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,612 денари за килограм и новата цена ќе изнесува 34,849 денари.Покачувањето на цените на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период.  

Македонија | пред 6 години

moj-ddv

Апликацијата „Мој ДДВ“ може да ја превземете тука

Апликацијата „Мој ДДВ“ преку која граѓаните ќе може да ги скенираат фискалните сметки, со цел поврат на 15 проценти ДДВ е достапна за преземање од веб-страницата на Управата за јавни приходи, информираа денеска од таму. Корисниците на „епл“ телефоните во моментов не можат да ја користат, и таа ќе биде достапна за преземање за краток период.Можноста за поврат на 15 отсто од ДДВ ќе биде достапна за сите граѓани со наполнети 15 години што се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи. Тие ќе треба да ги земат фискалните сметки на продажните места и да ги скенираат со помош на мобилен телефон и да ги испратат на апликацијата.Апликацијата може да ја преземете ТУКА.

Македонија | пред 6 години

55225

ВИДЕО: Талентираниот Христијан со кавер верзија на балканскиот хит

Пејачот Христијан Тришоски на својот официјален Јутјуб канал ја објави првата од вкупно три преработки на големи регионални хитови со кои после година дена пауза од медиумскиот простор, повторно се враќа со нов материјал.Првата преработка во новиот проект е на песната „Нека боли“ од Предраг Пеџа Меденица, а на неа работеа Зеки Бекироски (обработка на музика) и Христијан Ѓорѓиевски (микс и мастер), додека видеото е снимено од Медиа Рекордс по идеја на Христијан.Во продолжение погледнете ја преработката на „Нека боли“ во изведба на Христијан.

Магазин | пред 6 години

sela-2

Села: Нема да влеземе во Влада без предвремени парламентарни избори

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека реконструкцијата на владата се свела на обична козметика и голтање на зборовите и ветувањето на премиерот Заев со кое сакал да ги мотивира Албанците да гласаат за неговиот кандидат.Во интервју за Алсат, Села ги отфрла шпекулациите дека преговара за влез во владата на Заев по излегувањето на Весел Мемеди.„Не. Имаше шпекулации. Социјалните мрежи ја прават својата работа, кружат шпекулации од типот дека Алијанса ќе влезе во Влада и така натаму. Алијанса за Албанците беше во Влада и излезе. По кој пат сме изјавиле пред јавноста дека ние не влегуваме во Влада без предвремени парламентарни избори и без добивање на легитимитет од Албанците. Ниту сме размислувале за тоа. Тоа што се случи со г. Мемеди е едноставно… беше искористен и не беше веќе од корист за г. Ахмети и г. Заев. Реално, дали се сеќавате која беше неговата задача? Неговата задача беше тој да биде 61-от пратеник за да ја извади од коалиција Алијанса за Албанците. Ова не беше проблем за нас, нели? Но, ете работите се повторуваат. Поговорката вели – што ќе сееш тоа ќе жнееш“, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во интервјуто.

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ќе одлучува за статусот на Охрид

Делегација на Владата на Република Македонија учествува на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан, на која ќе се дискутира за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион.Делегацијата, што ја предводи министерот без ресор Едмонд Адеми, а во која уште се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, за време на сесијата на Комитетот, делегацијата ќе оствари средби со високи претставници на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, со делегациите на земјите членки меѓу кои Кина, Бразил, Босна и Херцеговина, како и со претседавачот на Комитетот Др. Абулфас Гарајев, министер за култура на Азербејџан.Делегацијата на Република Македонија ќе оствари средби и со колегите од Република Албанија, во насока на заедничко делување и управување со Охридското Езеро и неговотo опкружување.За време на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО , Владата на Република Македонија ќе го нагласи и афирмира ставот дека e комплетно посветенa на зачувување на статусот на Светско културно наследство на Охридскиот регион, кој не ѝ припаѓа само на Македонија, туку на целиот свет.

Македонија | пред 6 години

sela

Села: Груби има среќа што не бев во Собрание

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Алсат М“ рече дека владината реконструкција била само козметика и дека не биле „изметени“ функционери во институции кои биле најскандалозни. Според него очекувањата на граѓаните не биле исполнети.-Почнувајќи од вицепремиерот за евроинтеграции, Министерството за образование, транспорт и други министерства. Еден министер кој беше најскандалозниот во текот на овој период на владеењето, односно г.  Дураку. Тој сега беше награден – вели Села.Тој ги отфрла шпекулациите дека преговара за влез во владата на Заев по излегувањето на Весел Мемеди.Во врска со изјавата на пратеникот на ДУИ, Артан Груби, кој од собраниска говорница го нарече Села кукавица и дека затоа добил „ќотек“, како што рече на 27 април, Села возврати дека Груби имал среќа што во тој момент не бил во Собранието.-Тој има такво однесување, како маже е, и сакаше Господ јас да не бидам таму, иако тој знае да глуми и да посочува со прст, еве го избега. Во моментот кога тој држел говор јас сум го поминал Кичево на пат кон Струга. Но, знаете што, мислам дека не вреди да се коментира политичкото однесување на еден човек што го знае целата јавност. Дека кога се ангажирал во политиката, Муса Џафери и Али Ахмети мерката не му ја земале од главата туку од друго место – рече Села.

Македонија | пред 6 години

inspektor-ilievski-696x445

Инспекторот Илиевски до Заев и Ахмети: Зошто законите не важат за „големите ѕверки“?

Отворено писмо од инспекторот Ѓорѓи Илиевски до премиерот Зоран Заев и до „вториот премиер“ Али Ахмети.Писмото ви го пренесуваме во целост.Верувам дека лично сте запознаени, господине премиер Зоран Заев (бев примен од вашиот шеф на кабинет каде што е предадена целокупната документација и за тоа сум благодарен), а вториот „премиер“ Али Ахмети сигурно го запознале неговите блиски советници или е запознат од неговиот внук д-р Бујар Амети, доцент на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово, или преку пишаните и електронски медиуми и портали за скандалот, за унапредувања во наставно-научни звања на високи јавни владини функционери чии работни места им биле во мирување додека извршувале јавни, односно државни функции, како што се актуелниот министер за образование и наука м-р Арбер Адеми од асистент во наставно-научно звање доцент, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу од доцент во вонреден професор и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, унапреден од асистент во доцент и вонреден професор.Имено, почитуван премиере Зоран Заев и почитуван „премиере“ Али Ахмети (да знаеш, овие твоиве), министерот за образование и наука е унапреден од асистент м-р во наставно-научно звање доцент во период кога му мирува работниот однос на Универзитетот во Тетово како магистер асистент од 04.04.2016 година, па сѐ додека ја врши функцијата министер без ресор на Владата на Р. Македонија тоа мирување му е согласно член 151 од Законот за работни односи (вашите советници ќе ви помогнат што цитира тој член). Наместо мирување и почитување на законот, Универзитетот распишал конкурс за избор во сите наставно-научни звања на ден 24.09.2016 година, каде што вашиот министер м-р Арбер Адеми нема право да конкурира (може, но иако знае) без разлика што докторирал во период на мирување, тој сите права и обврски ги има кај друг работодавец, односно може да аплицира – конкурира по завршување на мирувањето. Тоа е согласно закон. А не по спроведената процедура за избор да го изберат во наставно-научно звање доцент на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово, што е спротивно на член 135 став 3 од Законот за високо образование (вашите советници ќе ви помогнат што цитира тој член). Истиот склучува Договор бр.04/153/1 од 15.09.2016 година за интелектуални услуги за зимски и летен семестар во академската 2016/2017 година, со Универзитетот во Тетово, каде што изведува настава-испити, вежби, како и други интелектуални услуги и од Универзитетот добивал надоместок од сопствени финaнсиски средства (поконкретно да знаете тоа се сопствени парични средства на студентите), што е спротивно на член 133 став 15 од Законот за високо образование.Ова е службена злоупотреба и паричните средства треба да му се вратат на Универзитетот бидејќи се тоа пари на студентите. Со ова треба да се позанимава друга инспекција, може и финансиска или Основното јавно обвинителство.Иста е состојбата и со унапредувањето од доцент во наставно-научното звање вонреден професор на Агим Нухиу, заменик-министерот за внатрешни работи, исто така во период кога му мирува работниот однос од 04.04.2016 година, Универзитетот во Тетово распишува конкурс на ден 01.07.2017 година за избор во сите наставно-научни звања (предвремен избор со две иницијативи, и тоа Приватен универзитет Месдетар од Тирана и од Приватниот универзитет од Струга на Рамиз Мерко) и се избира во наставно-научно звање вонреден професор, а тоа е незаконит избор во наставно-научно звање вонреден професор. Како и првиот министер, така и вториов, Агим Нухиу, заменик-министер за внатрешни работи, склучил Договори бр.04-210/1 од 15.09.2017г. и Договор бр.04-210/2 од 01.02.2018 г. за интелектуални услуги со Универзитетот во Тетово за зимскиот и летниот семестар, како што стои, за изведување настава-испити, вежби и Универзитетот им исплаќал финансиски надоместок од сопствени средства, спротивно на член 133 став 15 од Законот за високо образование.Почитувани премиери, ваквото скандалозно унапредување во наставно-научно звања во вонреден професор и оној на министерот за образование и наука во доцент, за нив не бил скандал и не чувствуваат одговорност. Во правни држави веднаш им се бара да сносат одговорност и да поднесат неотповикливи оставки од своите функции и да извршат повраток на парични средства, пари кои се на студентите. Тие вината ја префрлаат на Универзитетот, зошто распишал конкурси ?! Каде е моралната одговорност, каква порака му испорачуваат на ова наше општество. Вака во Европа…?!Господа премиери, нели заложбата на Владата – нашата Влада, таа е и моја Влада – едно општество за сите, законите да важат за сите еднакво, произлегува само декларативно, а во практика не е така. Што значи за јавните функционери, директори, пратеници, „големи ѕверки“ тие не важат, ама ќе важат за оние обичните граѓани. Вака постави работите, а и праксата покажува дека имаме поделено општество на недопирливи за кои законот не важи и обични граѓани за кои законот важи. Ова, господине „премиер“ Али Ахмети, треба да го согледате како „премиер“ и нивен лидер.Третиот функционер, помлад асистент м-р Сафет Емрули, кој има договор за мирување од Универзитетот, како директор на Државниот завод за индустриска сопственост од 2008 година, па сѐ до ден-денес 2019 година, тој се унапредувал од помлад асистент во асистент во 2010 година, во 2013 во наставно-научно звање доцент и во 2018 во вонреден професор. Како и претходниве министри, и директорот Емрули склучил договори за интелектуални услуги со надоместок од сопствени финансиски средства на Универзитетот за 2014/2015 година.Господине премиер Заев и „премиер“ Ахмети, сакам да истакнам еден позитивен пример на директор на една државна институција, каде што неговиот работен однос со решение му мирува со наставно-научно звање доцент уште од 2007/2008 година, до ден-денес, и тоа на УКИМ-Факултет за ветеринарна медицина – Скопје. По завршувањето на неговиот мандат, односно функција, се враќа на факултетот и по донесувањето на новиот Закон за високо образование, согласно член 176 став 3, по негово барање факултетот му овозможува и му распишува конкурс за повисоко наставно-научно звање вонреден професор. Овој светол пример треба да го следат и други универзитети и неговите единици. За ова треба да се залагаме како држава која претендира да си го најде своето место во европската перспектива.За ваквите констатирани незаконитости и законитости од моја страна, господа премиери, поаѓав согласно Законот за високо образование, Законот за инспекциски надзор и Законот за просветна инспекција, каде што се сочинети и доставени записници и решенија до Универзитетот во Тетово за почитување на законитоста, а воедно целокупната документација е доставена и до Државната комисија за корупција, како и до другите домашни и странски институции во нашава држава.На моите констатации и утврдени незаконитости, од само за нив познати причини, се оградија директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спироски (кој како што говорел „зад мене стојат Оливер Спасовски и министерот Арбен Адеми“) и раководителот на секторот, Африм Саљиу („адвокат“ на напред наведените) – дека констатациите биле „мој личен став“.За да се пролонгира и забошоти ваквиот скандал, директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спироски, дава задолжение за извршување вонреден инспекциски надзор (на ден 06.06.2019г.) и ги задолжува раководителот на секторот Африм Саљиу и инспекторите Христина Јованоска и Даниела Кироска да извршат инспекциски надзор. Африм Саљиу има конфликт на интереси на Правниот факултет каде што е вработена неговата ќерка како асистент. Од нивниот вонреден инспекциски надзор инспекторите не констатирале незаконитости, сè било согласно закон и мирувањето и нивното унапредување во наставно-научни звања, и интелектуалните услуги земање парични средства и слично. Аирлија!А сето тоа го изјавува (на ТВ АлсатМ) директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спироски, кој истакнувал: „Просветниот инспекторат не увидел недоследности во образовно-научното унапредување на државните функционери Арбен Адеми и Агим Нухиу“.Вака констатираната состојба на овие инспектори и директорот Томе Спироски е елементарно непознавање на законитоста. Затоа, господа премиери, на ден 27.06.2019 година извршив контролен инспекциски надзор и констатирав дека не се испочитувани моите решенија и го задолжив Универзитетот во Тетово (очекувам господин Али Ахмети, како лидер, да застанете на страната на законитоста) да расправаат органите на Универзитетот и да им се одземат незаконски добиените унапредувања во наставно-научни звања доцент и вонреден професор на овие јавни функционери.Со ова сакам да ве запознаам дека мора да се почитува законот еднакво за сите, без разлика дали се функционери или не.Господа Зоран Заев и Али Ахмети, за моите констатации добивав закани и барања да се сокријат овие скандали, за кои од јавноста (Македонци, Албанци, Турци и други) добивам целосна јавна поддршка. Како држава треба да се заложиме да ни функционираат институциите согласно пропишаните закони и да се има професионален однос кон работата. За жал, после ова не би рекол дека е присутно (кај некои просветни инспектори) во Државниот просветен инспекторат.Затоа премиере Заев и господин Ахмети, треба да има проветрување во Државниот просветен инспекторат, без разлика дали е од македонската позиција или од албанската позиција на власт. Законот треба да важи за сите еднакво и да се почитува. Повторувам, во практика не се применува.За ваквите скандали доставена е целокупна документација (како што наведов) во Државната комисија за корупција, веќе Вие и вашиот кабинет сте запознаени, па очекувам да пресече и „вториот премиер“ Али Ахмети.За овие скандалозни состојби запознаени се и странските институции, а воедно со ова јавно писмо ќе биде запозната и канцеларијата на Европската Унија во Скопје, германската и холандската амбасада, како и други.Ќе завршам, односно ќе го парафразирам францускиот амбасадор во нашава држава, Кристијан Тимоние: Да се посветиме на законитоста и да профункционира правната држава за сите еднакво, да има борба против корупцијата, а со самото тоа ќе дојде и она што е стремеж на вашата држава…Сѐ во интерес на мојата држава што побрзо да се интегрира во европското семејство.Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор

Македонија | пред 6 години

pali-kolefski

После три мандати Едмонд Темелко ги загуби изборите во Пустец, на негово место Пали Колефски

Во тензична атмосфера, без учество на опозицијата во Албанија се одржаа локалните избори каде дури во половина од вкупно 65 општини имаа по само еден кандидат за градоначалник, и тоа од коалицијата „Алијанса за европска Албанија“ предводена од владејачката Социјалистичка партија. Така и општината „Пустец“, доби градоначалник од Социјалистичката партија. Нов градоначалник на општина Пустец, област Мала Преспа е Пали Андон Колефски од Социјалистичката партија. Тој на вчерашните локални избори освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите додека неговиот против кандидат Едмонд Вангел Темелко, од Македонска алијанса за европска интеграција, 859 гласови или 33,16 отсто.Тресет и девет годишниот Колефски родум е од Пустец а живее во Корча, оженет е и татко на две деца. Тој е дипломиран економист и е вработен во Царинската испостава во Корча.Инаку, Темелко со општина Пустец раководеше три мандати и забележа голем успех, од инфраструктура, водовод борба за еднаквос на Македонците во албанското опшество и многу други работи. 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

19 сообраќајки изминатиот викенд во Скопје

На подрачјето на Град Скопје изминатиот викенд се случиле 19 сообраќајни незгоди од кои во девет има повредени лица, а во 10 е причинета материјална штета. Според билтенот на СВР Скопје, повредени се вкупно 12 лица од кои три потешко и девет полесно.Сообраќајната полиција санкционирала 228 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената и 115 возачи кои биле пијани.Од сообраќај се исклучени и 88 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и 16 возачи почетници. Исклучени од сообраќај се и 57 нерегистрирани возила и едно возило кое било претоварено.Издадени се 142 мандатни казни за непрописно паркирање, а 108 возила кои биле непрописно паркирани се подигнати со специјалното возило „пајак“.На црвено светло поминале девет возачи, а евидентирани се и 16 возачи кои користеле мобилен телефон додека возеле. За некористење заштитен шлем санционирани се 14 возачи на мотор, мопед и мотоцикл.

Скопје | пред 6 години

65673391_343834012957119_2704824502981754880_n

Парада за традиционалните семејни вредности во Битола

Свештени лица, родители и деца парадираа денеска по Широк сокак во Битола пеејќи молитва, како реакција на Парадата на гордоста што се одржа вчера во Скопје.Битолската контра-парада беше најавена на социјалните мрежи. Учесниците се собраа кај Саат кулата и маршираа до Градскиот парк, пренесува „Тера“.Учесниците рекоа дека ова е парада со која сакаат да ја пратат порака за традиционалните семејните вредности.

Македонија | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Со нетрпение го очекуваме новиот закон за СЈО што го подготвува ВМРО-ДПМНЕ

Опозициска ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов закон за СЈО. По застојот на преговорите меѓу власта и опозицијата за судбината на СЈО, од ВМРО велат дека формирале тим што „подготвува целосно нов закон според европски стандарди“, пренесува „Алсат М“.Министерката за правда Рената Дескоска, која раководи со работните групи меѓу власта и опозицијата за новиот Закон за СЈО, за Алсат вели дека предлогот на опозицијата ќе се разгледа, но децидна е дека скриена амнестија нема да биде прифатена.„Со нетрпение го очекуваме текстот на ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе го примиме, тогаш ќе се произнесеме. Доколку има исправки во текстот, секако дека ќе бидат прифатени. Доколку има скриена амнестија, нема да се прифати“, изјави Рената Дескоска, министерка за правда.

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_372765

Граѓаните со оценка 2,4 за јавното здравство

Граѓаните му даваат на јавното здравство оценка 2,4 и сметаат дека неговиот квалитет е на пониско ниво споредено со пред пет години, покажува најновото истражување на јавното мислење за состојбите во здравствениот систем спроведена за емисијата „Детектор“ на телевизија „Сител“.Според министерот за здравство Венко Филипче, има простор за унапредување на квалитетот на здравствените услуги, но има и сегменти што добро функционираат особено мерките имплементирани минатата година.„Ќе продолжиме да инвестираме во здравствениот систем. Сериозна сума на средства досега вложивме во платите, буџетот за ретки болести, дежурствата, младите лекари. Планираме да инвестираме во медицинска опрема во новите болници во Штип, Струмица, Св. Еразмо Охрид, Ургентниот центар во Тетово, со што ќе ја доближиме здравствената услуга многу поблиску до пациентите и тие не ќе мораат да патуваат до најблискиот регионален центар или до Скопје. А воедно инвестицијата во нов клинички центар ќе биде една од најголемите капитални инвестиции воопшто во нашата земја, во вредност од 500 милиони евра. Со овие мерки верувам дека ќе ја смениме сликата за здравствениот систем во земјата и европеизацијата која ја чекаме, може да ја постигнеме со наши национални политики“, истакна Филипче во емисијата „Детектор“.Докторката Лидија Чолакова-Дервишова од Здружението на приватни лекари смета дека недостигаат многу системски решенија, а Весна Алексовска од здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ вели дека капацитетот во здравството е намален и оти треба да се едуцираат лекарите, да се зголемат здравствените услуги и да се понудат системски решенија.„Но, треба да се гледа и на кој пациент што му треба, затоа што системските решенија не секогаш ги опфаќаат маргинализираните групи“, вели Алексовска.Резултатите од спроведеното истражување покажуваат дека анкетираните граѓани односно 63,1 процент се задоволни од квалитетот на лековите што се нудат во аптеките, но 47,4 проценти сметаат дека аптеките не се добро снабдени со лекови на рецепт во текот на месецот. Дел од нив, се изјасниле дека лековите се со достапни цени, но само доколку се на рецепт (33,2%), а дел тврдат дека лековите се прескапи (28,6%).Во однос на ова, министерот Филипче посочи дека се воведени три нови лека минатата година и уште два нови лека годинава. За многу кратко време, како што рече, зголемен е и буџетот за ретки болести од 220 на 380 милиони денари.Истражувањето открива дека 65,1 процент од граѓаните не знаат колку одвојуваат од нивните примања за здравствена заштита. Мнозинството граѓани, односно 67,6 проценти одат на лекар во државна здравствена установа, а помал процент во приватните здравствени установи. Повеќето сметаат дека здравственото осигурување треба да биде задолжително како и досега, (49,0%), иако значителен дел од нив сметаат дека треба сами да одлучат дали ќе го плаќаат или не (34,0%).Гостите во емисијата беа на исто мислење дека е потребно реформирање на Фондот за здравствено осигурување. Така, Чолакова – Дервишова смета дека државата е зрела за промена на начинот на плаќање и според неа мора да има повеќе здравствени фондови со кои би имало конкурентност.И министерот Филипче посочи дека се размислува за реформирање на Фондот и на начинот на кој се плаќаат здравствените услуги.„Еден од најголемите проблеми е тоа што примарното здравство се наплаќа по глава на жител, а секундарното и терцијарното здравство се одредуваат историски. Многу тешко на овој начин се контролира префрлувањето на пациентите од примарното во секундарното здравство, а со тоа и трошокот кој тие го прават“, појасни Филипче.Во однос на имунизацијата на населението, висок процент или 73,6 проценти од испитаниците сметаат дека вакцинацијата треба да е задолжителна.Перцепцијата на мнозинството граѓани е дека државата не ги исполнува стандардите и препораките на ЕУ во однос на квалитетот на здравствениот систем, но сметаат дека доколку станеме членка тогаш здравството ќе се подобри.Истражувањето беше спроведено од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во периодот од 10 до 13 јуни на 1.119 полнолетни испитаници на ниво на целата држава.

Македонија | пред 6 години

ilievski

Инспекторот Илиевски бара оставки од директорот Спировски и посочените функционери

Тетовскиот универзитет е должен да го почитува дописот од 15 април годинава и да ги поништат одлуките за унапредување во доцент на министерот за образование, Арбр Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и на директорот за индустриска сопственост, Сафет Емрули. Ова стои во документот што до Ректоратот на Тетовскиот универзитет го доставил инспекторот за високо образование Ѓорѓи Илиевски, пренесе ТВ21.Илиевски тврди дека за создадената ситуација освен посочените функционери, оставка треба да даде и директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спировски. Илиевски вели дека Инспекторатот извршил вонредна контрола неколку дена откако тој го направил истото и вели дека таму се испратени инспектори со конфликт на интереси.Тој вели дека Тетовскиот универзитет има рок од 15 дена да ја испочитува одлуката на првичната инспекција извршена од него и на лицата вклучени во овој случај да им ги повлече докторските титули.

Македонија | пред 6 години

fvsreagrehtsehrt-223704

Битолчанец од запалениот автобус кај Дубровник евакуирал 50 патници!

Битолчанецот Вангел Котевски е херој на денот. Од опожарен автобус успеа заедно со уште еден сопатник да ги евакуира околу 50 други патници, македонци, кој патуваа со агенцијата нана тетовскиот превозник „Хафет турс” изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник.Благодарение на нивната брза реакција нема никакви повреди кај патниците, ниту пак оштетувања на нивниот багаж.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања