ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

tomislav-kezaroski

Судењето за „Ликвидација“ одложено за 3 септември

Поради остсутво на еден член на поротата, повтореното судење за предметот „Ликвидација“ е одложено за 3 септември.Судијата Осман Шабани рече дека рочиштето во кое обвинетите беа осудени за прекршување на законот за кривична постапка и на законот за заштитен сведок во случајот за убиство на старецот од Ореше, се одлага поради здравствени проблеми на еден поротник.Новинарот Томислав Кежаровски кој беше обвинет во предметот, рече дека од судењето очекува правилност и правичност и дека се надева дека ќе ја извојува победата. Неговиот адвокатот Филип Медарски рече дека делото за Кежаровски е застарено и очекува обвинителството да реагира на тоа.Во 2013 година обвинетиот Валентин Зафиров доби казна од пет и пол години за неовластено оддавање информации и податоци за сведоците и противправно посредување, како и новинарот Томислав Кежаровски – четири и пол години затвор, бидејќи според пресудата тој во 2008-тата година во два последователни броеви на ревијата „Репортер 92“ го оддал идентитетот на заштитениот сведок во предметот „Ореше“. Сабедин Џини-Хофман, Сашко Лазаров и Јане Павловски „Тица“, добија казни затвор од една до една и пол година.Во 2015 година по одлуката на Апелација по жалба Кежаровски доби две години затворска казна,  адвокатот Воислав Зафиров , кој беше осуден на пет и пол доби 2 и пол години затвор, судијата во случајот „Ореше“ ,  Илија  Танев му е намалена казната на година и пол, на јавниот обвинител Ивица Ефремов на 3 години , а поранешните судии Борис Николовски и Сашо Лазаровски добија условни казни од една година доколку не го повторат делото во наредните три години.  

пред 6 години

latas

СЈО: Латас бил свесен за кривичното дело, градел куќи во Зелениково без одобренија

Oбвинетите Драган, Срѓан и Звездан Павловиќ ги извршиле кривичните дела за кои се обвинуваат со умисла, бидејќи биле свесни дека ги градат куќите во Зелениково без одобренија за градење, но сепак продолжиле со градење на истите, рече обвинителката Елизабета Јосифовска на денешните завршни зборови за случајот „Тревник“.„Свесно, во барањата за одобренија за градење кои ги поднеле до општина Зелениково на 12.12.2012 година го прикриле фактот дека куќите, за кои барале одобренија за градење, се веќе изградени. Формално правно добиле одобренија за градење на нови објекти, според кои требало да започнат со градба на објектите во рок од две години по правосилноста на издадените одобренија за градење. Според изведените докази, во времето на издавањето на овие одобренија, 24.01.2013 година, куќите биле веќе изградени“, рече Јосифовска.Одбраната во текот на постапката повеќе пати потенцираше дека во државата постојат голем број бесправно изградени објекти за кои не се поведени кривични постапки. На ова обвинителката изјави дека во никој случај тоа не може да биде основ за неказнување на обвинетите во овој случај ниту пак да биде оправдување за нивното постапување.Драган Павловиќ Латас, Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ, се обвинети за бесправно градење. Според обвинението на Специјалното јавно обвинителство, обвинетиот Латас со правното лице Диз Оил Групација Скопје, како изведувач, во текот на месеците мај и јуни 2011 година склучил три договори за изведување на градежно занатски работи на објект во Зелениково.  

пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ избра претседатели на повеќе комисии, еве кои членови се избрани...

На вчерашната редовна седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени неколку кадровски решенија. По одлука на ИК, а по предлог на комисиите за селекција на претседатели и кандидати избрани се членови и претседатели на повеќе комисии.За претседател на комисија за надворешни работи е избрана доц. д-р. Христина Рунчева Тасев, доцент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, доктор на правни науки, насока Уставно право. Рунчева Тасев има објавено 30- тина трудови во домашни и странски списанија од областа на правото и политичкиот систем. Рунчева Тасев говори англиски и германски јазик.За претседател на комисијата за здравство е избран доц. д-р. Синиша Стојаноски, доцент на Медицински факултет - Скопје, насока патофизиологија и нуклеарна медицина. Стојаноски во минатото бил и претседател на здравствена комисија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, како и претседател на комитетот.За претседател на комисијата за култура е избран Зоран Љутков, вработен во Драмски театар - Скопје. Љутков глуми во повеќе театарски претстави, а учествува и во телевизискиот серијал „Петко“. Љутков е и Селектор за драмската програма на Меѓународниот Фестивал „Охридско лето“.За претседател на комисијата за локална самоуправа е избран Марјан Ристески, дипломиран економист, поранешен градоначалник на општина Прилеп во период од 2005 година до 2017 година. Ристески е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1993 година, бил претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, член на ЦК и ИК на ВМРО-ДПМНЕ во минатото.За претседател на комисијата за спорт е избран доц. д-р. Влатко Неделковски, доцент на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.Неделковски бил тренер на многу ракометни клубови во Скопје, предавач на центар за едукација на ракометни тренери на РФМ, како и спортски директор во Академија Пандев Струмица 2017/2018.Покрај претседателите, се избрани и членови на истоимените комисии. ИК на ВМРО-ДПМНЕ дискутираше и за моменталната економско-политичка ситуација во државата. Нотирано е дека власта врши политички реваншизам и ги злоупотребува институциите. Најстрого е осудено апсењето и притворање на Димовски, Митески и другите гонети во политичкиот процес од страна на власта, кој има за цел дефокусирање на јавноста од реалните проблеми.Беше констатирана и лошата економска ситуација во државата и стагнацијата која ни се случува на секое поле. ИК на ВМРО-ДПМНЕ нотира дека државата нема просперитет со СДСМ на власт и потребно е нивно итно заминување.

Македонија | пред 6 години

policaec-1

(УЖАС) Српски полицаец со месеци обљубувал 13-годишно девојче, другарка на неговиот син

Полицаецот В.Ж. од Србија бил уапсен и одреден му е притвор до 30 дена поради сомнение дека обљубил 13-годишно девојче, другарче на неговиот син. Полицаецот од март годинава, па се до моментот на апсење го намамувал девојчето, користејќи ја нејзината незрелост, а потоа сексуално ја искористувал.,,Станува збор за маж на околу 40 години, кој и самиот е родител на три малолетни деца, од кои и син на 13 години, соученик со силуваното девојче. “ , се наведува во полициското соопштение.Токму пријателството со неговиот син, полицаецот го искористил за да се поврзе со неа преку Фејсбук, да ги научи нејзините семејни проблеми и да ја стекне неговата доверба .Девојчето на сослушување изјавило дека е вљубено во обвинетиот со кој е во емотивна врска веќе неколку месеци, како и дека доброволно стапила во сексуални односи со него.Полицаецот истакнал дека во последните неколку месеци се гледал со девојчето во околина на Мионица.-Девојчето го возел во својот автомобил и го носел на скриени места, надвор од населението, а потоа со неа имал сексуални односи.Дека се случува нешто чудно забележала мајката на девојчето, која наводно ве нејзиниот телефон пронашла и пораки. Кога ја притиснала ќерка си таа признала дека е во врска со 42- годишниот полицаец од март- вели соговорник за Курир.рс.Уапсениот полицаец се брани со молчење.Доколу се докаже вина на суд, иако нема да се работи за силување, тој може да заработои казна затвор од 12 години поради обљуба над дете.фото: www.espreso.rs 

Свет | пред 6 години

20190702093223

(ФОТО) Воз кај Куманово излета од шините

Воз од железничката линија Куманово-Скопје, во раните утрински часови излегол од шините, јавува Алсат М.Несреќата се случила во селото Черкезе, Куманово.Покрај материјалната штета, нема дополнителни информации за други штети. Возот е од карго категорија, а пренесувал тежок челик.

Македонија | пред 6 години

mrezi

Полицијата пронајде рибарски мрежи со пастрмка на 4000 метри од брегот на езерото

На 01.07.2019 година, во периодот од 09.00 до 14.00 часот, при вршење на патролна дејност во водите на Охридското езеро, на околу 4000 метри од брегот на езерото, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ пронашле рибарски мрежи со риба пастрмка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

minister-za-obrazovanie-arbr-ademi_22

Биљали во одбрана на Адеми: Тој беше еден од моите најдобри студенти

Професорот на Државниот тетовски универзитет Аслан Биљали, кој бил ментор на докторскиот труд на министерот за образование Арбер Адеми, испрати јавно писмо во одбрана на Адеми откако просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски констатираше дека изборот на министерот за образование во доцент на универзитетот бил незаконски, бидејќи, според него, тој истовремено вршел јавна функција.„Колегата Арбер Адеми бил еден од моите најдобри студенти во редовните и докторските студии, за што говорат не само неговиот просечен успех туку и неговиот докторски труд со наслов: „Решавањето на трговските спорови пред меѓународната трговска арбитража, како особен научен придонес во меѓународно-правната наука на албански Јазик“. Не му е прв пат, на државниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски јавно да се занесе со лични ставови и тоа пред окончување на постапките, за наводни нерегуларности со нецелосно утврдена фактичка состојба, а кои не се официјален став на институцијата во која е вработен како просветен инспектор, при што, во ова пригода, сосема кратко треба да се посочат, изборите во звања на колеги од другите правни факултети додека биле функционери, а во кои случаи, личните и самоиницијативните ставови на посочениот инспектор биле спротивно окончани од МОН. Но за тоа, поопширно во друга пригода. Во ова пригода, сосема кратко, на моите преставки поднесени порано (кога на власт беше друга политичко-партиска гарнитура) до оваа институција за законски контроли на предвремено стекнати професорски звања, посочениот “самостоен” инспектор, писмено ме информирал да барам “мислење и автентично толкување од Собранието”. Затоа, и ќе привршам со констатацијата дека, во нашата држава, во високото образование доминира политиката, и во зависност од тоа кој е на власт, случаите не се расчистуваат, а посочениот “самостоен” инспектор кој работел на мои преставки, не ме убедил воопшто дека “е силен” пред законите“, се наведува во писмото на Биљали.

Македонија | пред 6 години

fiskalni333

Ако келнерот ви ја скенира сметката, побарајте сторнирање

Управата за јавни приходи предвидела дел од манипулациите кои можат да се случат со спроведување на проектот „Мој ДДВ“, каде граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ-то така што ќе ги скенираат сметките со своите паметни телефони.-УЈП при креирање на самиот проект обрна посебно внимание да нема манипулации. Не можеме да гарантираме доколку фискалната сметка граѓаните ја предадат или ја остават и не го искористат своето право. Имаше прашања што доколку при издавање на фискалните сметки келнерот претходно ја скенира, начинот на разрешување е исто како да добиете невалидна сметка со повеќе искуцани артикли. Значи треба да се скенира сметката. Доколку видите дека вашата сметка е искористена, треба да побарате сторнирање на сметката и издавање на нова – изјави Ивана Дончевска од УЈП за ТВ21.Во УЈП има поставено бар код скенери кои што можат да прочитаат сметка која е оштетена, а која одреден телефон не може да ја прочита.Апликацијата се уште не може да се симне на ајфоните затоа што УЈП бара одобрение од „Епл“.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево и многу топло со температура до 39. степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Температурата ќе се движи од 19 до 39 степени.Под влијание на топол бран утре и во среда максималните температури насекаде ќе бидат над 30, а на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Од среда до петок во попладневите часови ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Македонија | пред 6 години

trajko-slaveski

Славески: Мерката за повраток на ДДВ може да предизвика пораст на цените

Мерката за повраток на ДДВ кај граѓаните ќе ја има истата судбина како и онаа мерка што ја гледавме и пред неколку години кога илјадници фискални сметки се извлекуваат во базени полни со коверти со фискални сметки, една популистичка мерка која што мислам дека не вроди своевремено со плод, анализираше професорот и поранешен министер за финансии Трајко Славески вчера вечер во 24 анализа на 24 телевизија.-Сакам да укажам, а тоа и ќе се случи, дека оние пресметки што ги има Владата, наводно дека 50 милиони евра ќе биле вратени кај граѓаните ни оддалеку нема да се случат, затоа што за некои купувачи со помали сметки тоа не се исплатува, а може и да има инфлаторен ефект односно пораст на цените, рече Славески.За себепоставувањето на премиерот Заев за министер за финансии, Славески потенцираше дека функцијата министер за финансии е контролна функција, односно од таму треба да доаѓа контролата за отварање на нови работни места во државната администрација.-Јас очекувам дека сега од наесен ќе видиме нови вработувања без предупредување до премиерот. Сепак мислам дека се подготвува нешто поголемо од ова, рече Трајко Славески.

Македонија | пред 6 години

kontrola-za-letanje

(ВИДЕО) За малку избегнат судир на македонското небо

Два авиони за малку ќе се судреле на македонското небо, на осми мај, поради негрижа на македонската контрола за летање, која не успеала да ги координира авионите, па снаодливоста на пилотите спречи огромна трагедија – дознава Економски Лидер.Како што дознава Лидер, претходно, 7 до 8 минути пред инцидентот авионот на „Туркиш ерлајнс“ од кај Качаник, Косово влегол во воздушниот простор на Македонија и уредно се јавил на македонската контрола на летање. Бил лоциран и препознаен од контролорот на летање со помош на радарскиот систем и од тогаш бил под водство на македонската контрола на летање. Кога авионот на „Туркиш ерлајнс“ бил близу до излезот од македонското небо над Дојран на врска на македонската контрола на летање се јавил авионот на „Трансавиа“ кој пак требал да влезе во македонскиот воздушен простор над Дојран. Уредно е лоциран и препознаен со помош на радар од истиот контролор на летање. Од тогаш и „Трансавиа“ е под водство на македонската контрола на летање, т.е. истиот контролор на летање. Авионот на „Трансавиа“ доставил барање до контролорот за повисоко ниво на лет.Лидер го провери настанот на интернет страницата www.flightradar24.com и може да се заклучи дека во критичниот момент, над македонското небо немало гужва. Нејасно е како дошло до инцидентот. Освен на оваа страница, постојат и снимки од настанот во М-НАВ.Текстот во целот и видеото на овој линк.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka-10

(ВИДЕО) Сообраќајка во Карпош 3: Возило се заби во дрво, другото целосно демолирано

Предмалку се случи тешка сообраќајна несреќа на булеварот „ Партизански одреди“ , наспроти т.ц Лептокарија. Во несреќата учествуваа две возила, Нисан и такси.Неофицијално Нисанот откако преминал преку жардињери е забиен во дрво. Стакло има на сите страни.Засега не е познато е дали има повредени.Наскоро повеќе...

Скопје | пред 6 години

direktor-1

(ФОТО) Директорот на Корчагин уништи тревник за да се паркира додека е на работа

Директорот на Корчагин повторно ќе паркира под сенка, но не во тревник – од денеска на истото место доби асфалтиран паркинг .„Се сеќавате на директорот на Корчагин и како тоа си паркираше под сенка во тревник и некој го сликаше и го стави на ѕидот на сообраќајниот срам?Викендов работеа со механизација и оп.... од денес директорот ќе има обезбедено паркинг место под сенка. Да не се секирате, сега директорот Драган Арсовски има кај да паркира и нема да паркира веќе во тревник. Се надевам дека паткинг местото не е дивоградба и има дозвола од Град Скопје и општина Центар“, стои во објава на социјалната мрежа фејсбук.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2579686595409807&set=pcb.1620540908077333&type=3&theater&ifg=1

Скопје | пред 6 години

konj-3

(Вознемирувачко фото) Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола

На магистралниот пат А3 Битола-Прилеп се удрил во коњ. По оваа собраќајна несреќа уште еднаш се отвора прашањето колку се безбедни македонските магистрални и регионални патишта. Прашање кое се наметнува е дали ќе понесе некој одговорност што животни трчаат на патиштата низ државава?„На магистралниот пат А3 Битола-Прилеп кај ромската населба Баир, синоќа околу 21:00 имав сообраќајна несреќа со удар во коњ кој беше на главниот пат. За среќа поминавме без последици со сопатниците. После случката на главниот пат поминаа уште два коњи!Во прилог слики од настанот.Министерство за внатрешни работиMakedonijaPat одговорност од вас се чека“, објави возач на ѕидот на сообраќајниот срам.  https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217596581522970&set=pcb.1620444248086999&type=3&theater&ifg=1

Македонија | пред 6 години

DSC_9038

(ФОТО) Од денеска, поефтини цени за услуги во роаминг во земјите од Западен Балкан до 99%

Граѓаните на Северна Македонија од денеска, при секое патување во земјите од регионот, односно во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора ќе можат да користат интернет, да испраќаат СМС пораки да добиваат повици и примаат повици за цени пониски дури и до 99%. Ова денеска го најави министерот за информатичко општество и администрција Дамјан Манчевски.Во прилог интегралното обраќање на министерот Манчевски, со претставување на новите цени за услуги во роаминг.Граѓаните на Северна Македонија од денес:Ќе можат да вршат повици кон земјите од Западен Балкан по цена од 5,05 денари по минута (со ДДВ). Досегашната цена во просек беше 75,4 денари.Ќе можат да примаат повици во било која од земјите од Западен Балкан по цена од 2,9 денари по минута (со ДДВ). Досегашната цена во просек беше 30,2 денари.Ќе можат да праќаат СМС пораки од било која од земјите од Западен Балкан по цена од 2,6 денари (со ДДВ). Досегашната цена во просек беше 16,1 денар.Ќе можат да користат интернет во земјите од Западен Балкан по цена од 1,9 денари (со ДДВ).Цените се линеарни, односно важат за сите земји и за било кој оператор.Намалувањето на цените изразено во проценти значи:За Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора 68% за појдовни повици 31% за дојдовни повици 71% за СМС и 89% за користење на интернет. Процентуалното намалување за сите услуги во Албанија и Косово е над 93%.Разликата во намалувањето на цените изразено во проценти се должи на тоа што во првата група се земји со кои што претходно имавме потпишано спогодба за намалување на цените на роамингот (Босна, Србија и Србија), додека во втората група се земји каде што цените на роаминг услугите не беа регулирани претходно (Албанија и Косово).Намалувањето на цените на услугите во роаминг, произлезе како заклучок од првиот Дигитален Самит што се одржа во Скопје, по што следуваше потпишувањето на договор помеѓу сите 6 држави на самитот во Белград.Во изминатата година активно се работеше на реализација на овој договор. Во процесот беа вклучени регулаторите и мобилните оператори од земјите од Западен Балкан. Имаше и проблеми. Дел беа предизвикани од бизнис интереси, дел од техничка природа, а дел беа и политички. Сепак на крајот со голема поддршка пред се од владите на сите земји од регионот, на ЕК и на РЦЦ, успеавме. Тука сакам да ја истакнам и заложбата на АЕК, Телеком и ВИП како претставници од страна на нашата држава кои дадоа поддршка и помогнаа да се заврши овој процес. Сите заедно се обединивме со една цел а тоа е конечно граѓаните на Северна Македонија слободно да ги користат услугите кога патуваат во земјите од регионот.Сигурен сум дека ова ќе придонесе и за развој и олеснување на комуникцијата за тие кои редовно патуваат поради работни обврски, но и за оние граѓани кои туристички патуваат особено сега во летниот период.Но, тука не застануваме. Одиме понатаму. На следната табела е прикажана динамиката на намалување на цените.Како што може да се забележи на 1ви јули 2021 година, корисниците воопшто нема да плаќаат за користење на роаминг услугите во шесте земји на Западен Балкан. Тогаш во сила ќе стапи целосно „Роаминг како дома“, по примерот наземјите од Европската Унија.Овој договор беше предуслов за почеток на процесот за намалување на цените за роаминг и со ЕУ. Разговорите ќе ги иницираме веднаш, а целта ќе биде набрзо после 1 јули 2021 година да дојде и до вакво драстично намалување и на крајот укинување на роамингот помеѓу Западен Балкан и ЕУ.Како што веќе имам повеќе пати кажано, 2019 година е година на реализација на крупни стратешки проекти за Владата и МИОА. Зборот е збор.Продолжуваме понатаму, во интерес на граѓаните на Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања