ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

tutun-1

Во „Фолксваген голф“, полицијата открила 120 килограми сецкан тутун без контролни марки

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Е.Ј.(20) од село Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза“, казниво по член 279-б од Кривичниот законик.На 01.07.2019 година, при контрола на патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициските службеници пронашле и одзеле 100 кутии сецкан тутун со натпис „GREECE SUPER KAMELIA VIRGINIA“ и 100 кутии сецкан тутун со натпис „GREECE TOBACCO VIRGINIA“, или вкупно 120 килограми сецкан тутун без контролни марки. На тој начин пријавениот избегнал плаќање на акциза на која е обврзан со Законот за акцизите.

Македонија | пред 6 години

kosta-intervju

Георгиески: Ги презентиравме фактите и моменталните состојби за Охридскиот регион, конечна одлука до крајот од неделава

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески деновиве присуствува на Конференцијата на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Георгиески е дел од македонската делегација составена од владините претставници Едмонд Адеми и Андреј Жерновски и од градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Предмалку на социјалната мрежа фејсбук Георгиески напиша:На 43-та сесија на Комитетот за светско наследство во Баку, Азербејџан ги презентиравме фактите и моменталните состојби за Охридскиот регион, како и сите активности, кои беа во насока на исполнување на препораките од мониторинг мисијата на УНЕСКО од 2017 година.Од голем број земји членки на Комитетот, кои денес имаа свои излагања, е констатиран напредокот во реализацијата на препораките. До крајот на оваа седмица се очекува да се донесе конечна одлука поврзана со нашиот регион.Се надеваме на поддршка и шанса, да продолжиме посветено и одговорно со реализација на мерките за заштита на Охрид и заедно да го зачуваме ова Светско наследство, напиша градоначалникот Георгиески на ФБ.Инаку голема е веројатноста Охридскиот регион да биде ставен на листата региони  за светско наследство во опасност, но тоа не значи дека тој целосно ќе го загуби статусот на подрачје на УНЕСКО.Минатата година, владата ги запре проектите на претходната влада за ски-центар и за експресен пат до Пештани, но од задачите што требаше да се сработат досега не исполни ниту една. Напротив, продолжи деградацијата со зголемен број дивоградби, палење трска, несправување со контроверзни објекти, како хотелот во Лагадин и дивоградбата кај Чинарот итн.Поради сето тоа, две години откако УНЕСКО ги објави забелешките, го стави на дневен ред и предлогот за охридскиот регион да се прогласи за светско наследство во опасност. 

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Три лица обвинети за насилство во Чаир - нападнале едно лице со тупаници по лицето и телото, по што бил застрелан во ногата

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица за сторено кривично дело – Насилство од чл. 386 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Обвинетите на 20.12.2018 година, на паркингот позади маркет во Чаир, во група извршиле грубо насилство врз едно лице и во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв.Тие му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. За сите тројца на сила се мерки на претпазливост определени со Решение на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје: забрана за напуштање на престојувалиште, повремено јавување кај службено лице во Судот, привремено одземање на патната исправа, односно забрана за нејзино издавање и забрана за напуштање на државата, како и забрана за приближување и одржување каков било контакт со оштетениот.На критичниот ден, од страна на непознато лице кое било заедно со обвинетите, на оштетениот му била нанесена и огнострелна повреда во десната потколеница, но сторителот не е идентификуван. Во текот на кривичната постапка, Министерството за внатрешни работи лиши од слобода едно лице како евентуален сторител на кривичното дело. Во присуство на јавен обвинител, согласно Законот за кривична постапка, беше извршено препознавање, но оштетениот не го препозна тоа лице како лицето кое му ја нанело повредата со огнено оружје.Доколку Министерството за внатрешни работи, како овластен орган за утврдување на идентитетот на сторителите на кривични дела, го утврди идентитетот на лицето кое пукало во оштетениот, Основното јавно обвинителство Скопје ќе отвори постапка и против тоа лице.   

пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Обид за убиство - вработена во угостителскт објект со нож му нанела убодни рани на колегата

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Обидот за убиство за кој обвинителството ја поведе постапката се случил на 2 јули околу 4.30 часот во угостителски објект во село Неготино, полошко. Осомничената,  вработена во угостителскиот објект, пред да го изврши делото  била  вознемирувана од страна на оштетениот – нејзин колега. Откако и по нејзините повици да престане, оштетениот продолжил со дејствијата, таа се упатила кон шанкот, зела нож и му нанела неколку убодни рани во пределот на стомакот.Ценејќи дека се исполнети законските одредби, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за осомничената. Предлогот беше прифатен и на осомничената судот и определи притвор во траење од 30 дена.

пред 6 години

ojo

Отфрлена кривична пријава против три лица за несовесно работење во Министерството за финансии

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против три лица за кривично дело – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Станува збор за кривична пријава поднесена од Министерството за финансии – Управа за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, која подоцна беше доставена на надлежно постапување до Основното јавно обвинителство Скопје.Во пријавата се наведуваше дека тројцата пријавени, во својство на министер за култура, заменик министер за култура и раководител на Сектор за финансиски прашања во Министерството за култура, во периодот од јули 2009 година до февруари 2017 година, со пропуштање должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности. Притоа, тие спротивно на чл.581 од Законот за трговски друштва, според кој странски друштва не можат да вршат дејност на територијата на државава се додека не организираат подружница, примиле времени ситуации – фактури од странски правен субјект „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија, во кои незаконски бил вкалкулиран данок на додадена вредност од 18%. На овој начин била извршена исплата во странство врз основа на 11 договори за извршување на услуги, стоки и работи реализирани во државава, при што Управата за финансиска полиција проценила дека била нанесена штета на Буџетот во износ од 2.770.640 евра.Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот јавен обвинител изврши распит на пријавените и на претставник од Министерството за култура, а беше извршен и увид и анализа во ревизорските извештаи за работата на Министерството за култура за наведените години. Во сите наведени извештаи не се констатирани неправилности во активностите и финансиските трансакции кон наведениот субјект. Дополнително, целокупната документација за исплатите кон „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија одела и до Министерството за финансии и до Народната банка, преку која се вршела исплатата кон странство, и од каде во ниту еден момент не биле констатирани неправилности.По наредба на јавниот обвинител, од страна на Бирото за судски вештачења беше изготвено економско-финансиско вештачење со кое се утврди дека за извршување на договорените работи со Министерството за култура, претпријатието „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија, основало подружница во земјава со назив „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија – Подружница „Светлост театар“ Скопје, запишана во Централниот регистар на 15.07.2009 година со сопствен матичен број, даночен број и приоритетна дејност. Материјалите кои како изведувач требало да ги вгради се увезувале од матичната компанија, а увозните декларации гласеле на име на подружницата. При увозот бил пресметуван ДДВ кој бил плаќан од страна на подружницата како увозник. Вештото лице констатирало дека фактурите доставувани од „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија до Министерството за култура биле искажани во евра со посебно искажан ДДВ и со наведена сметка на која треба да биде исплатена сумата. Притоа функцијата на подружницата не била реализирана во целост, со оглед на тоа што фактурите биле изготвувани и доставувани од страна на матичната компанија, наместо од подружницата. На овој начин е создаден неправилен тек на парите. Меѓутоа, со исклучок на определени веќе констатирани неправилности од Управата за јавни приходи во пресметаниот ДДВ на подружницата за извршените работи, други неправилности не се утврдени. За констатираното од УЈП се составени записници, врз основа на кои се изготвени решенија со кои подружницата била задолжена со ДДВ во точен износ и тој износ веќе е наплатен. Со самото тоа не постои штета на Буџетот на државата, ниту каква било друга штета, утврди вештиот наод и мислење.Имајќи ги предвид сите овие факти, надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи не постои основано сомнение дека пријавените го сториле наведеното или друго кривично дело кое се гони по службена должност.

пред 6 години

beton

Oтворена е стечајна постапка за Штипски „Бетон“ – компанијата должи над над 1. 233.000 евра

На барање на три фирми, Основниот суд во Штип отвори стечајна постапка за штипски Бетон. Трите фирми кои доставија барање за покренување на стечајна постапка за компанијата Бетон побарауваат вкупно 76.760.000 денари или над 1. 233.000 евра. Но листата на доверители веројатно ќе биде подолга бидејќи во рок од 15 дена своите побарувања треба да ги пријават сите компании на кои им должи Бетон. Стечајниот управник Драги Димовски сега ќе мора да направи и попис на имотот со кој располага компанијата, но и листа на оние што имаат неподмирени обврски кон  Бетон.Вкупната заработка на Бетон од седумте објекти на проектот Скопје 2014 изнесуваше 55 милиони евра. Оваа фирма за јавноста беше интересна и по тоа што во сопственичката структура се споменуваа и познати бизнисмени и политичари,  а нејзиното име се слушаше и во бомбите, кои се најдоа во доказните материјали на Специјалното јавно обвинителство.   

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Унеско утре ќе одлучува за Охрид – Ќе се прогласи ли за светско наследство во опасност?

Ако охридскиот регион се прогласи за светско наследство во опасност, тој статус може да се надмине за неколку години или за неколку децении, покажуваат искуствата од локалитетите што ги надминале ризиците и биле вратени на незагрозената листа на УНЕСКО.Конференцијата на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО е во тек веќе четири дена, а од македонската делегација составена од владините претставници Едмонд Адеми и Андреј Жерновски и од градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, очекуваат дека одлуката за охридскиот регион ќе се донесе утре, објави prizma.mk.Прогласувањето на регионот за светско наследство во опасност не значи дека тој целосно ќе го загуби статусот на подрачје на УНЕСКО.Минатата година, владата ги запре проектите на претходната влада за ски-центар и за експресен пат до Пештани, но од задачите што требаше да се сработат досега не исполни ниту една. Напротив, продолжи деградацијата со зголемен број дивоградби, палење трска, несправување со контроверзни објекти, како хотелот во Лагадин и дивоградбата кај Чинарот итн.Поради сето тоа, две години откако УНЕСКО ги објави забелешките, го стави на дневен ред и предлогот за охридскиот регион да се прогласи за светско наследство во опасност. Текстот во целот на: prizma.mk

Македонија | пред 6 години

apsenje-4

(ВИДЕО + ФОТО) Уапсен дечко на Рекорд, еве зошто...

На социјалните мрежи се појавија видео и фотографии на кои се гледа како полицијата апси момче. Образложението на социјлните мрежи е следново:„На Рекорд еден дечко си протестира против цајкани, со напишан графит на земја. Дојдоа три цајкани на точаци. Дечкото почна да ги снима и се обиде да избега. Кога почна да трча, еден друг човек (не еден од цајканите) му се фрли и го струполи дечкото. Кукавиците цајкани одлучија во тој момент да му се фрлат на земја и да го задржат. (Тој што го нападна си отиде без едно чао да му кажат цајканите.) После го држеа на земја и му ставија лисици, чекајќи да дојде поддршка за овој еден протестант. Дојдоа две коли и го ставија во една од нив. Кога ги прашав што направил дечкото за да заслужи апсење, тврдеа дека биле нападнати од него.Фала што нѐ штитите од тие кои вистински ја загрозуваат македонската безбедност: демонстрантите!(И се разбира дека моментот кога едноставно се приближи едно зачудено и мирно ромско дете, еден од кукавиците му се раздра „Бегај бе!“)(И кога еден од страна им кажа нешто во стил на „Срам да ви е!“ беше заканет со апсење.)“, стои во објавата на ФБ.  https://www.facebook.com/borjan.gagovski.1/videos/pcb.2320618764844848/2320618658178192/?type=3&theater

Скопје | пред 6 години

tamara

(ФОТО) Авалон бришеше негативни коментари за концертот на Тамара, па се откажа

Евровизиската претставничка Тамара Тодевска на 27 ми треба да настапи во Охрид на античкиот театар. Најавата за концертот не поминува баш најдобро. На социјлните мрежи низа негативни и навредливи коментари. Ова беше причина Организаторот на концерот, Авалон продукција, на оние кои оставаат негативни коментари за Тамара и за нејзиниот настап во Охрид, да ги замоли да не пишуваат, во спротивно им се закани дека ќе им ги брише коментарите. Но, оваа забрана за кратко време ја укина сопственикот на Авалон, Бобан Милошевски, кој напиша дека била воведена без негово одобрение од страна на администраторите на Фејсбук профилот на продукцијата.Преписката за настапот на Тамара е со политика конотација.https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/photos/a.240053666022668/2702509289777081/?type=3&theater

Магазин | пред 6 години

sv-naum-6

(ФОТО) За многу години Св. Наум Охридски Чудотворец

Според календарот на МПЦ, денска е Преподобен Наум Охридски Чудотворец. Од синоќа колони возила и река од народ и преку цела ноќ се упатија кон манастирот Св Наум да се поклонат пред моштите на светецот. Празничната вечерна богослужба по повод празникот „Св. Наум Охридски“, започна синоќа во 19.00, а со неа чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.Света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј има и утрово со почеток во 08:45.Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиопт период и се празнува на 5 јануари/23 декември, а другиот во летниот период на 3 јули/20 јуни. Поради тоа што во зимскиот период одењето на манастир било отежнато поради временските услови, а и поради тоа што празникот е непосредно пред големиот празник Рождество Христово – Божик кога верниците се подготвуваат да го празнуваат Рождеството Христово со одлука на Светиот синод е решено празнувањето да се префрли на овој термин.Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и народност. Но свети Наум остана запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат некоја штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Култот на свети Наум зрачел на поширок простор не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Корча, каде што манастирот имал свои имоти. Но култот кон свети Наум бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.За животот и дејноста на свети Наум Охридски малку се знае, иако со свети Климент Охридски се најпознатите и најзначајни ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Се знае дека учествувал во Моравската мисија, дека во Рим, кон крајот на 867 или почетокот на 868, бил посветен во духовен сан и дека по смртта на Методиј во 885 година преку Бугарија дошол во Македонија. На брегот на Охридското Езеро изградил манастир што го носи неговото име. Умрел во 910 година и наскоро по смртта бил прогласен за светец. Неговите ученици за него напишале житија и служба.

Македонија | пред 6 години

straza-111

МВР: Времениот сообраќаен режим за тешките товарни возила кон Охрид ќе трае до 1 септември

Со цел одбегнување на застој во сообраќајот односно овозможување на побрз проток на возила на магистралниот пат А2 делница : Скопје-Охрид-Скопје од 01.07 до 01.09.2019 се воведува привремен сообраќаен режим за време на летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, информираат од МВР.Временските интервали кога важи забраната се следниве:петок : 15:00 – 22:00 часот, сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела : 07:00 – 22:00 часот.

Македонија | пред 6 години

tutun-ljuboten

Еден осомничен за избегнување да плати акциза за тутун

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од чл.279-б ст.1 од Кривичниот законик.Осомничениот 20-годишен жител на Љуботен, со намера да избегне целосно плаќање на акцизата на која е обврзан со Законот за акцизи, на 01.07.2019 година од непознато лице набавил акцизни тутунски добра без контролни маркици. Со намера да го продава тутунот на зелениот пазар Бит Пазар, го натоварил во патничко моторно возило Фолксваген голф. При обидот да го превезе тутунот, осомничениот бил сопрен од  страна на полициски службеници. При контрола на возилото биле пронајдени 100 кутии од по 600 грама тутун со натпис на кутиите “GREECE SUPER KAMELIA VIRGINIA” и 100 кутии од по 600 грама тутун со натпис на кутиите “GREECE TOBACCO VIRGINIA” или вкупно 120 килограми фино сецкан тутун. За овие тутунски добра осомничениот избегнал и не платил акциза во вкупен износ од 162.000 денари.Заради обезбедување на осомничениот во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница. 

пред 6 години

sobranie

Ќе расправа ли комитетот за предлог измените на Законот за празници?

Членови на Комитетот за односи меѓу заедниците бараат Комитетот да расправа за предлог измените на Законот за празници откако Владата доставила негативно мислење за измени на тој закон. Пратеникот Рубин Земон денеска писмено побарал од претседателот на Собранието, Талат Џафери парламентот да не расправа за таа точка иако законот е ставен на дневен ред на пленарната седница закажана за 9 јули.Инаку Плусинфо неодамна објави дека ќе се воведат десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“. Свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Еѓипќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.Засега е неизвесно дали претседателот на Комитетот ќе свика седница и дали Џафери ќе ја одложи расправата за законот додека за него не се изјасни Комитетот.Текстот во целост на: plusinfo.mk

Македонија | пред 6 години

izgre-avtomobil

ВИДЕО: Изгоре автомобил кај скопска обиколница

На скопската обиколница на клучката кај Радишани изгоре автомобил.Како што објави 1ТВ, целосно е опожарено патничко возило фиат, а пожарникарите немале можност навремено да интервенираат.Не се знае дали има жртви.

Скопје | пред 6 години

raskoski

(ВИДЕО) Генералниот секретар Рашковски најави кривични пријави против повеќе лица и портали

Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата на прес-конференција ги објаснува деталите околу случајот во М-НАВ што произлезе по објавен разговор. Тој им се извини на сите држави и националности што се нашле повредени во објавениот разговор. Според него, е несериозно да се објават само 15-тина минути од разговорот кој што траел околу еден час.Рашковски објави дека утре ќе поднесе кривична пријава против т.н. „свиркач“ од Македонска навигација, Климент Чепуњовски, и го потсети дека му се заканува затворска казна, бидејќи договорот со италијански „Леонардо“ за АТМ систем е потпишан во согласност од Живко Поповски, тогашниот претседател на УО на М-НАВ, инаку татко на министерот за надворешни работи Никола Поповски. Најави и пријави за Ваљон Беља, Ирена Радовановиќ, Миленко Неделковски и Љупчо Златев, новинарите кои ја пренесоа веста со објавениот разговор и транскрипт, според кој опозицијата тврдеше дека Рашковски влијаел „Леонардо“ да го добие тендерот иако нудел повисока цена.„Потпишан е на 14 декември од страна на Живко Поповски, претседателот на Управниот одбор. Тој ја донесе одлуката. Значи минатата власт од нивен член, а не од Драги Рашковски“, вели владиниот генерален секретар.Рашковски додаде дека во верзијата на аудио-разговорот има тотално елементарно непознавање на процедурите на Европската банка за обнова и развој и дека на 28 ноември 2018 кога требало да биде постигнат договорот со „Леонардо“, Климент Чепуњовски не сакал да го потпише договорот.„За моето присуство на ваков состанок, жално е да не се знаат ингеренциите на генералниот секретар. Многу желно да не се знае кога некој ќе добие задолженија од Влада. Многу е жално што после 11 години слушнавме со што се занимавал нивниот генерален секретар (Кирил Божиновски). Тој се занимавал со други документчиња, а не со владини активности. Пет и пол години имаа непотрошени пари од ЕБОР. Треба да се испита зошто е тоа така. М-НАВ изборот го направил во јуни 2017 и избран е „Леонардо“. Од ЕБОР на 31 јули 2017 кој е давател на заемот е испратено писмо дека се е во ред и дека треба да се пристапи кон договор со „Леонардо“. Сите пречки се отстранети, но писмото М-НАВ не го испраќа. Новата власт затекна четири години доцнење на оваа набавка“, рече генералниот секретар на Владата.https://www.facebook.com/VladaMK/videos/321013682179583/

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања