ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

grcija-11

Се отвораат два нови гранични премини со Грција

Дел од одлуките од 142-та владина седница се предлог – законите за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во Република Северна Македонија и Промахoи во Република Грција.Спогодбата е склучена на 2 април 2019 година во Скопје, врз основа на Преспанскиот договор. Во спогодбата се предвидува двете држави, на сопствената територија да ја изградат, реконструираат и надградат соодветната патна мрежа, како и сета останата инфраструктура потребна за функционирањето на граничниот премин.Во иста насока е и усвоениот предлог- закон за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање на еден граничен премин во регионот на Преспанското Езеро и патиштата коишто ги поврзуваат Маркова Нога на територијата на Република Северна Македонија и Лемос на територијата на Република Грција. Граничниот премин ќе овозможи поголемо поврзување и полесна комуникација на населението од овој пограничен регион

Македонија | пред 6 години

pino

Последното збогум со Пино, миса во Скопје во недела, а ќе биде погребан во вечниот дом во Италија!

Мајката на ѕверски убиениот Пино по кој се трагаше со месеци, сподели порака на социјалните мрежи за последното збогум со нејзиниот син.– Во недела во 18. часот во католичката Црква ќе се одржи служба за Пино. Ги поканувам сите што сакаат да се помолат за моето синче да дојдат, напиша Маја Трпковска.По мисата, мајката на Пино ќе му подготви последно ЗБОГУМ во Италија каде ќе биде испратен од своето блиско семејство и пријателите до неговиот вечен дом, пренесе Магазин.Момчето кое исчезна во почетокот на декември минатата година Пинета Секондо – Пино беше пронајдено мртво. Телото е најдено во атарот на селото Љуботен пред еден месец, а беше утврден неговиот идентитет.За потсетување, министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава за две лица, осомничени дека го убиле Пинета Секондо.

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

УНЕСКО му даде рок на Охрид до февруари

Охрид нема да се најде на листата на загрозени подрачја. Според препораката УНЕСКО ќ му даде рок на градот до февруари следната година да ги спроведе препораките а заштита на природните богатства.Имено, делегацијта од Македонија во Баку го убедувала УНЕСКО дека дел од ивоградбите кои сеуште се градат се стопирани, а во градот се случува спротивното.Пралелно на тоа и "Фронт 24" истакнуваат дека од ноември 2017 до април 2019 се легализирале 250 дибоградби.Препораката од УНЕСКО е да се прогласи мораторим на сите видови урбани трансформации на брегот од Охридското езеро, како и сета урбанистичка трансформација на градот.Согласно тоа општина Охрид експресно го изготви Регистарот на нелегални градби, ги тргна палмите и дел од билбордите на радот кои беа на самиот кеј.

Македонија | пред 6 години

siljanovska-gjorce-petrov

Сиљановска: Санкција за Тамара, нема извини мора да се има одговорност

Со пропустот на изведбата  на Тамара Тодевска на химната во Американската амбасада по повод денот на независноста на САД се приклучи и проф. Гордана Сиљановска Давкова. Таа вели нема простор за извинувања и грешки пред законите,да се стави крај на пропустите, а виновните да си ги сносат последиците.Таа го цитира Законот за химната кој беше објавен во службен весник на 12 август 1992 година со која убаво се дефинирани стиховите на нашата химна .[embed]https://twitter.com/gogamkd/status/1146724356170682368[/embed]     

Македонија | пред 6 години

1

ВИДЕО: Поплавени улици, семафори без струја - хаос во Скопје

Поплавени улиците во Аеродром, по краткиот но интензивен дожд. Вистински хаос во 10 минути настана откако се исклучија и семафорите.Поплавените улици се постојан проблем и при најмало невреме во Скопје. До сега, локалната власт не најде решение за санација на овој проблем.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2089438444512680/ 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

И АРМ го смени името, станува АРСМ

Врховниот командант претседателот Стево Пендаровски вчера ја потпишал уредбата за ознаките на армиските униформи со што отсега АРМ се преименува во Армија на Република Северна Македонија (АРСМ) .Претседателот информираше и дека се прават обиди да се најде решение и за повлекување на, како што рече, незаконските укази на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.Инаку денеска Пендаровски  беше во посетата на воените единици ангажирани на јужната граница на земјава и посетата на транзитниот центар за мигранти во Гевгелија. 

Македонија | пред 6 години

raskoski

Антикорупциска отвори предмет за Рашковски и Леонардо

Комисијата за спречување на корупцијата одлучи да  отвори предмет во врска со сомневањата за местење на тендер, во која беше замешан генералниот секретар Драги Рашковски. Антикорупциоенрите ќе проверуваат дали Рашковски се вмешал во изборот на оператор кој треба да постави нов радарски систем на скопскиот аеродром.Генералниот секретар на владата Рашковски веќе изјави дека не чувствува одговорност и дека нема да поднесе оставка затоа што ги исполнувал задолженијата дадени од владата да го убрза процесот за купување на нов радарски систем.Рашковски и премиерот Заев тврдат дека во случајот не е барано никакво мито и дека фирмата Леонардо е избрана уште во 2016-та од во тоа време претседателот на УО на М-НАВ Живко Попоски, татко на тогашниот министер за надворешни работи Никола Попоски.

пред 6 години

zaev-vo-ohrid

Заев: Стопирани се двете дивоградби во Охрид

Со решение на инспектор, стопирани се двете градби во Охрид, едната сред брегот на езерото и другата во центарот на градот, зад кои стои советник од Општината, истакна премиерот Зоран Заев.„Стопирани се двете градби, со решение на соодветен инспектор. Во постапувањето на самото решение, ќе следува процес на извршување. Законот мора да важи еднакво за сите. Ние ќе постапиме. Ако не постапи општината, ќе постапи државата. Тоа не е само заради УНЕСКО, туку заради законите во државата кои треба да се почитуваат. Ако некој не го почитува решението, тогаш следува кривична одговорност за непочитување на решението“, рече денес премиерот Заев.Според него, сѐ уште можеби се гради зашто институциите треба да постапат по решението, но ако некој  не го почитува решението, ќе следува кривична одговорност.„Досега нема кривична одговорност, затоа што институциите на системот треба да постапат. Да формираат тим, да изберат фирма-извршител на тендер, која постапува со булдужери“, додаде Заев.Премиерот додаде дека не се доволни парите, ама ќе се надополнат.  Толку имаат предвидено во програмата. Еден дел од дивоградбите и сами се отстрануваат, зависи дали е шупа, дали е куќа или слично. Така што се постапува“, заклучува премиерот Заев.

Македонија | пред 6 години

struga

Млада холанѓанка пронајдена почината во хотел во Струга

На 03.07.2019 година, во соба во хотел во Струга, почината била пронајдена В.С.(27) од Кралството Холандија, која бил дел од група туристи. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција

Македонија | пред 6 години

galicka-svadba

Избрани овогодинешните младенци на Галичка свадба

Традиционалната културно-туристичка манифестација „Галичка свадба“ 2019-та, годинава ќе се одржува од 12 до 14 јули. За зет и невеста, Месната заедница Галичник ги избра Огнен Караѓозовски , по потекло галичанец и Марина Петровска.Избраниот пар денес, изјавија дека се особено среќни што се избрани за невеста и младоженец, на најавтентичната и најтрадиционална свадба на сите простори. Караѓозовски, кој влече галички корени, вели добро се подготвил и ги научил свадбарските обичаи кои се карактеристични за галичката свадба.Инаку, Галичката свадба со години е прогласувана за најуспешна туристичка манифестација кај нас, а од Њујорк Тајмс и Нешнл Џиографик за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа.

Македонија | пред 6 години

pesevski

Пешевски: Во законот за химната на Република Македонија во член 2 е утврден и нејзиниот текст

Не запираат реакциите на граѓаните, но и на добро информираните, по пропустот на Тамара про изведувањето на националната химна. Познатиот адвокат Драган Пешевски на својот Фејсбук го посочи Членот 5 од Уставот на Р.М. според кој државни симболи на Р.М. се: грб, знаме и химна. Пешевски додава дека законот за химната на Република Македонија во член 2 е утврден и нејзиниот текст... Еве што објави Пешевски на својот Фејсбук профил.-Член 5 од Уставот (највисок правен акт) на Р.М предвидува дека државни симболи на Р.М. се: грб, знаме и химна. Грбот, знамето и химната на Република Македонија се утврдуваат со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.Понатаму во Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија член 4 вели: Грбот и знамето на Република Македонија можат да се употребуваат само во формата и содржината што се утврдени со закон.Во грбот и знамето на Република Македонија не може ништо да се впишува, односно испишува, ниту тие можат да се менуваат.Понатаму во законот за химната на Република Македонија во член 2 е утврден и нејзиниот текст во сликата објавена подоле (преземено од законот) https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10219112259298599&set=a.1712744379673&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

tamara

Тамара призна дека ја згрешила химната: Бев понесена од еуфоријата и емоциите

Тамара Тодевска се огласи на социјлната мрежа фејсбук, по огромниот пропуст кој го направи изведувајќи ја националната химна во амбасадата на САД синоќа. Таа вели дека грешката била ненамерна и дека изоставила стих од песната бидејќи била понесена од емоции и од целокупната еуфорија. Еве што Тамара напиша на ФБ:Почитувани,Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка.Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД.Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната.Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.Со почит, Тамара

Македонија | пред 6 години

latas

Судот го ослободи Латас, нема да одговара за ниту едно кривично дело

Кривичниот суд одлучи Драган Павловиќ-Латас да биде ослободен од обвинение за предметот „Тревник“ на СЈО, што се однесува на бесправната градба на куќи во Зелениково, каде тој беше првообвинет. Судијката рече дека делото за кое е обвинет Латас, не е кривично дело, односно дека инспекторите требале да ја спречат изградбата, а ако проценат дека не е испочитуван Законот за градење да изречат прекршочни сакнции.За истите дела се товареа и Ѕвездан Павловиќ и Срѓан Павловиќ кои исто така се ослободени.Сомнението кое судот го потврди е дека три лица за изградба на викенд куќи во Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење.Три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

Македонија | пред 6 години

tamara-himna

(ВИДЕО) Случајно или намерно? - Тамара ја отпеа химната во Амбасадата на САД без Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Сандански

На синоќешната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, 4 Јули, што се одржа во дворот на американската амбасадата во Скопје, Тамара Тодевска беше избрана да ја испее македонската химна. Таа химната ја отпеа, но го исфрли стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“, кој во последната официјална верзија на химната од 1991 годона се повторува четири пати.Инаку вчера во амбасадата се одржа прием по повод националниот празник на САД, 4 Јули. Меѓу присутните гости беа и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени...https://www.facebook.com/USEmbassySkopje/videos/344116652896613/

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Во Македонија има 183 амбулантни возила, просечната старост на овие возила се 11 години, а 53 отсто добиени како донација

Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци на сите амбулантни и санитетски возила која е изработена врз основа на податоци обезбедени од здравствените институции во земјава.Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции.„Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53 отсто се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција. Најмногу амбулантни возила има во Скопје, 30 и во Охрид и Битола по 12. Следат Велес и Куманово каде што има по 8 амбулантни возила. Двете најстари возила се од 1988 година, а најупотребуваното има поминато дури еден милион и 360.000 километри“, се вели во соопштението.Најмногу амбулантни возила има во Скопје 30, како и во Битола и Охрид по 12. Најголемиот процент се донации од Министерството за здравство, дел се купени од сопствен буџет на установата, некои пак  ги добиле од други  донации. Просечната старост им е по 11 години, најстарите две комбиња се постари од 30 години, а имаат поминато огромна километража.Ако се направи споредба со возилата за службени потреби, за министерствата или општините - разликата е драстична. Тие располагаат со 2645 возила, што значи 15 пати повеќе превозни средства отколку за потребите на брзата помош. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања