„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

popis-696x522

Триесетина граѓани одбиле да се попишат на пробниот попис

Триесетина граѓани одбиле да се попишат на пробниот попис што беше спроведен од Државниот завод за статистика во тринаесетина општини во државата, а во период од две недели. Од ДЗР велат дека и покрај тоа пробниот попис поминал успешно, пренсува „Канал 5“.Од таму додаваат дека за време на пробната операција имало мали недостатоци, но сметаат дека тоа не би влијаело на процесот.Официјално пописот ќе почне да се спроведува од април следната година, при што ќе мора сите задолжително  да се попишат. Се очекува да чини околу 8,5 милиони евра.

Македонија | пред 6 години

fiskalni333

Од утре стартува повратот на ДДВ од 15 отсто

Утре стартува повратот на ДДВ за граѓаните, преку кој четиричлено семејство ќе може да го надополни својот годишен семеен буџет за најмногу 28.800 денари.Граѓаните не треба да ги собираат фискалните сметки, туку секаде каде што пазаруваат да ги земат или да ги побараат ако трговците не им ги дале и со својот паметен мобилен телефон веднаш или најдоцна во рок од 10 дена да ги скенираат бар-кодовите од нив. За да можат да скенираат, претходно треба да ја симнат апликација МојДДВ. Апликацијата ќе биде достапна за симнување на веб страницата на УЈП, а на еден телефон ќе можат да бидат логирани повеќе лица.Повратот ќе важи само за сметки до 30.000 денари, за да се избегнат скапи односно луксузни работи, велат од Владата. Повратот нема да се прави за фактури и сметки со кои граѓаните плаќаат струја, вода и останатите комуналии.Државата ќе враќа 15% од платениот ДДВ. Што значи дека на платена сметка од 1000 денари, граѓаните плаќаат 180 денари ДДВ. Од овие 180 денари државата ќе врати 15% или во овој случај 27 денари.Едно лице месечно може да врати максимум 600 денари за кои треба да потроши над 22 илјади денари.За парите кои ќе се добијат како поврат на ДДВ нема да плаќа персонален данок.

Македонија | пред 6 години

stevanovic

Стевановиќ: Стихијно се стипендираат студенти во странство

Генерално нема ништо лошо во тоа да се стипендираат млади луѓе на престижни универзитети, но овој проект и тогаш, а и сега се спроведува без никаква логика, без никаква дефинирана конкретна потреба, ниту цел, ниту механизми за мерење коишто ги дава, вели професор Маја Стевановиќ од ФДУ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.Професорке Стевановиќ, наталожените проблеми во високото образование ги донесоа големите протести на студентите и професорите пред неколку години. Што се смени од тогаш и дали гледате дека оваа влада има заеднички интерес со академската заедница да инвестира во образованието? Во смисла на обезбедување подобри материјални услови на факултетите и нивна финансиска одржливост.Ова што го гледате е Факултетот за драмски уметности. ФДУ годинава слави 50 години и од кои произлегле генерации што ја носат филмската и театарската уметност. Тоалетот е надвор од употреба, реконструкцијата е голема, но не може да се изведе, затоа што треба да се копа целата барака. Ова не е последица на пасивен однос, туку на тоа што МОН не дава средства за реставрација од една страна, а факултетот нема свои средства оти поради природата на работата има мал број студенти и средства од нивната школарина и партиципација. Дури и кога МОН би дало средства, сериозно би се поставило прашањето дали овие стари бараки треба да се реновираат со оглед дека со години се гради нов објект наменет за потребите на драмскиот факултет кој се наоѓа во центар и кој две години е во статус кво- ситуација. Зградата е изградена, училниците постојат, но нема основни елементи да биде ставена во функција сцената, како и филмските и телевизиските студија кои се основа на нашата работа. Веќе година и половина – две Службата задолжена за тој проект вели дека нема да преземе ништо надвор од тендерот. И така зградата стои и прашање е дали е воопшто функционална.Ние сме во овие бараки. Објектот е годината дена затворен, реално ќе почне да пропаѓа, а професорите и студентите на ФДУ се во кавкијанскиот круг од кој не гледаат излез во скоро време што зборува за капаците на оваа влада да ги решава затекнатите проблеми. Ѕидовите со години не се искречени и 100 студенти и 50 професори го поминуваат својот живот на ФДУ.Новиот Закон за високо образование беше донесен пред една година. Се промени ли нешто?Голем дел од академската заедница го изрази своето задоволство особено по однос на одредени решенија кои што овозможуваат демократизација на управувањето и на односите внатре во самиот универзитет. По однос на креирањето на телата коишто требаше да придонесат, како што е Агенцијата за квалитет, националниот совет коишто требаше да придонесат кон зголемување на квалитетот на високото образование, воспоставување критериуми и за реализација и за финансирање на дејноста. Но она што не го очекувавме е дека истата Влада и Министерство што го донесе овој прв закон донесен за време на нивниот мандат дека во фазата на имплементација на самиот закон нема да покаже јасна и недвосмислена волја за имплементација на истиот, односно на имплементација на решенијата од истиот закон. На што мислам?Најголемиот универзитет Св.Кирил и Методиј, како и сите други требаше три месеци од однесувањето на законот, да донесе статут, со којшто ќе го усогласи своето работење со решенијата од новиот закон. Универзитетот Св. Кирил и Методиј донесе статут којшто беше во спротивност или кој што не беше во согласност со голем дел од новите решенија коишто ги поздравивме, а Министерството за образование и наука девет или 10 месеци преговараше со раководството на универзитетот да се направи статут кој ќе биде усогласен со новиот закон. Мене не ми е јасно, како една влада преговара со институциите за тоа дали треба или не треба да се почитуваат одредбите од законите. Ми се чини дека тоа во Македонија се случува и никаде на друго место, па оттаму УКИМ веќе 10 месеци работи брз статут, бидејќи стариот не постои и дури пред две недели беше донесен статут којшто е во согласност со новиот закон.Со години наназад академската заедница се жали дела нема пари за науката. Се уште сме најслаба алка во регионот, со финансирање од 0,2 проценти. Што планирате да преземете како синдикат во оваа насока?Всушност не се ни 0,2. Тоа се средства коишто постојат на хартија и коишто се ставени во некакви си буџетски ставки, а реално Министерството за образование и наука финансира само плати и делумно придонеси за вработените во осум или девет јавни научни установи и дел од комуналните трошоци за функционирање на установите.Години наназад, 10 или веќе 11 години нема распишано конкурс за научно-истражувачки проекти, а дури и вработените по институтите немаат никакви материјални средства за истражувачка работа. Ситуацијата на универзитетите е иста, со тоа што универзитетите со дел од сопствените средства можат да помогнат во научно-истражувачките проекти и реално науката во Македонија се финансира од странски фондации, од европски пари и пред сè од сопствените средства на наставниците, на научниците коишто инвестираат во своите проекти. Каде одат овие други пари што формално стојат во буџетските ставки за наука. Ако убаво го изанализирате буџетот на МОН, којшто е апсолутно нечитлив и не може да се разбере што значат тие бројки таму, ќе дојдете на пример до една сума од милион евра која фигурира во наука, а тоа се парите кои се издвојуваат, барем оваа година, за проектот што го почна минатата влада, а тоа е стипендирање на студенти во странство, на универзитети коишто се меѓу првите 100 на шангајската листа и дополнително на уметнички факултети и академии. Генерално нема ништо лошо во тоа да се стипендираат млади луѓе на престижни универзитети, но овој проект и тогаш, а и сега се спроведува без никаква логика, без никаква дефинирана конкретна потреба, ниту цел, ниту механизми за мерење коишто ги дава. Оние што ги добиваат стипендиите потпишуваат договор дека ќе работат две години во Македонија, а никој претходно не изразил потреба за таков образовен профил, ниту реално има работно место.Ваков еден проект има смисла ако државата ја дефинира својата цел за развој, ако институциите на државата, па макар и приватните фирми покажат интерес за конкретен тип на профил, на струка којшто им е потребен, а не стихијно. Ако е точна информацијата, што јас ја добив пред неколку дена, дека 2,5 милиони евра се потрошени за стипендирање студенти на филмски студии, па моето прашање е зошто? Зошто студентите на ФДУ работат во вакви услови во какви што работат, затоа што тие кадри доаѓаат, бараат да бидат вработени кај нас на места коишто се пополнети. А истовремено никој не го прашал факултетот за какви кадри има потреба. И покрај се МОН пред една недела повторно распишува конкурс за стипендирање студенти на уметнички академии без дефинирана потреба и критериуми и ја користам оваа можност да упатам апел и до МОН и до владата да се преиспита овој проект, којшто е заоставштина од претходната влада и тие средства да се употребат за цел којашто навистина ќе придонесе за заживување и за напредок на науката и на високото образование во МакедонијаЦелото интервју со професор Маја Стевановиќ може да го погледнете тука.

Македонија | пред 6 години

IMG_7592-1

(ФОТО) Волонтери исчистија повеќе 300 тони ѓубре од дива депонија кај Куманово

Над 300 тони смет и шут беше изнесено од дивата депонија на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, пред населбата Проевце, во еколошката акција на волонтерите на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.Во чистењето се приклучи и механизацијата на ЈП „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово, кои со багери подигнаа 24 приколки од камион и 3 тракторски приколки најразличен отпад, кој несовесните граѓани го фрлаат покрај патот.Повеќе: СДК

Македонија | пред 6 години

deca-autizam-zagaden-vozduh

Енормна загаденост на воздухот во центарот на Скопје и во лето

Викендов кај ректоратот во строгиот центар на Скопје биле измерени рекордни 406 ПМ 10 честички на метар кубен. Ова знчи дека Скопјани дишат загден воздух, не само во зима туку и во лето.Загаденоста на главниот град во овој период на годината го побива тврдењето на надлежните дека загаденоста е поради тоа што голем дел од домаќинствата се греат на дрва.https://www.facebook.com/twibi/posts/10220345695855047

Скопје | пред 6 години

homoseksualci

Невладините ги бројат хомосексуалците во земјава, меѓу нив политичари, свештени лица, доктори...

Невладините организации во Македонија почнаа да ги пребројуваат хомосексуалците во земјаава. Според прбичните податоци кои ги добиле ,во Македонија има околу 200.000 хомосексуалци,  или  една десетина од вкупниот број жители во земјава.Повеќе од 100 политичари се хомосексуалци, над 900 лица вработени во МВР и речиси 850 во АРМ, исто така. Меѓу студентите во Македонија дури 5.056 се изјасниле дека се геј, а 514 хомосексуалци има во бизнис-елитата, 494 од докторската фела, 86 новинари и 11 свештеници и оџи.Во истражувањето анкетирани биле 12.000 испитаници . Од нив 9.540 лица истакнале дека тоа го прават по сопствена волја и без никаков финансиски надоместок, додека 2.460 лица наплатувале за своите услуги од 100 до 6.000 денари. Некои од испитаниците биле принудени на ваков начин да заработуваат за егзистенција затоа што државата не се грижи за нив.Извор: Скопје24

Македонија | пред 6 години

turkanica-vo-severna-koreja

Портпаролката на Белата куќа повредена за време на средбата меѓу Трамп и Ким

Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, само што ја презеде новата должност, а веќе беше повредена на работа – таа доби модринки откако се најде меѓу обезбедувањето на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун и медиумите кои се обидуваа да се приближат до американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот домаќин, на историската средба во демилитаризираната зона.Гришам која има 42-години, наводно го туркала обезбедувањето обидувајќи се да им помогне на фотографите од Белата куќа да го снимат моментот на ракување меѓу Трамп и Ким, пишува „Фокс њуз“.Засега не е познато дали Гришам побарала медицинска помош и дали некој друг бил повреден во таа прилика.Гришам до неодамна бепе портпаролка на првата дама на САД, Меланија Трамп, а минатата недела на местото портпарол на Белата куќа ја замени Сара Сeндерс.

Свет | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Ќе донесеме историски план за економски силен развој на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со објава на својот фејсбук профил најави носење историски план за економски силен развој, враќање на рамниот данок и поголеми плати и пензии кои би се постигнале преку зголемување на економскиот развој.„На уште една од стотиците лаги на Зоран Заев и пристигна демантот.Дека на лагата и се кратки нозете говорат следниве факти, имено бројот на работници во индустријата во месец Мај 2019 е за 2,5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година. Истото важи и за бројот на работници во индустријата за периодот од Јануари до Мај 2019 споредено со истиот период во 2018 година, имено во периодот Јануари-Мај 2019 работат во индустријата за 0,6% помалку работници отколку истиот период 2018 година.Вистината е немилосрдна исто какви што се цунами последиците во македонската економија како резултат на политиките на сега веќе двоецот Заев-Анѓушев.Истовремено индустриското производство во номинала пораснало во месец Мај 2019 споредено со Мај 2018 година за катастрофални 1,2% што е помалку од инфлацијата во РМ, што значи дека реалниот раст е негативен.Катастрофата во вториот квартал од 2019 што ја најавивме продолжува со рекордно ниското ниво на реализиција на капиталните инвестиции заклучно со месец Мај 2019 година, 13,74%.Немаат развоен концепт, немаат визија, нема структурни реформи. Планот на двоецот Заев-Анѓушев е во две генерални точки: прво, целосна окупација на министерството за финансии и второ, концепт на зголемување на задолжувањето на државата на рекордно ниво од сегашните 49% од БДП на 60% од БДП (околу 1.500.000.000 $) не за капитални инвестиции и развој, туку за социјални трансфери, плати и пензии, мислејќи дека на тој начин ќе тргуваат со симпатиите на гласачите и ќе ги добијат следните парламентарни избори, истовремено потценувајќи ја колективната меморија на граѓаните за сите недела, лаги, криминал и корупција изминатиов период. Едноставно, криминалниот ум не се менува...Доаѓа крајот на оваа антибизнис и антиреформска влада, доаѓа крајот на криминалот, корупцијата, уцените и притисоците. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ го враќа рамниот данок, поголеми плати и пензии врз основа на зголемена продуктивност и економска активност на компаниите и носи историски план за економски силен развој на Македонија“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од есен се враќаат хартиените билети за едно возење во ЈСП

Во автобусите на ЈСП – Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз, пишува Мета.Оттаму информираат дека е избрана компанијата што доставила најдобра понуда, во овие денови тече периодот на жалби од останатите понудувачи, по што и официјално ќе биде склучен договорот. Советот на град Скопје треба допрва да ја утврди цената на билетот за едно возење, по што претстојната есен хартиениот билет ќе може повторно да се купи во автобусите.

Скопје | пред 6 години

avtobus-1

(ВИДЕО) Македонски автобус се запали на пат за Сплит

Автобус на „Хафет турс“ кој се обраќал на релација Скопје – Сплит, утрово во 3 часот се запалил во возење во близина на црногорското летувалиште Петровац. За среќа во инцидентот нема повредени, сите патници за кратко време го напуштиле автобусот, кој е речиси уништен од пожарот, објави „Охридњуз“.На местото на настанот брзо пристигнала локална противпожарна екипа која го изгаснала пожарот.

Македонија | пред 6 години

bekim-asani

Детали за нападот врз припадници на ЛГБТИ заедницата: Фалеа секунди да завршиме многу полошо

Шестмина активисти на ЛГБТИ беа вчера вербално нападнати во Сарај по Парадата на гордоста која се одржа во Скопје. Група насилници ги следеле активистите со две возила и неколку пати им го блокирале патот. Третиот пат решиле и физички да се пресметаат со нив, па го нападнале Беким Асани од Тетово, кого го удриле со тупаница.Асани раскажа што се случило. Тој вели дека среќа што во близина на местото на настанот имало полициски службеници кои веднаш интервенирале, со што е избегнат поголем инцидент.„Во група од 15 до 20 души еден рече „дали е тој педерот од Тетово” откако и некои му потврдија почна да ни префрлуваат, при што ние заминавме, но 5 од нив не следеа и ми се нафрлаа мене…едниот ме плукна…цело време викаа ќе те убиеме, мртов си а на другарките им викаа вас ќе ве силуваме…Ова траеше едно 300 метри дур не се качивме во такси, ние со 2 такси, една кола не следеше напред една странично…таа напред 2 пати ни го пресече патот, па таксистот даде гас повеке…но во Сарај имаше гужва…по 3 пат ни го пресекоа патот.Едниот излезе од кола дојде ја отвори врата од таксито и ми ја искина маичката (маичката не беше од скопје прајд)…ми ги искина и двете гумени алки…пак се врати и ми удри бокс…за тоа време други се собираа и ни ја опколија колата викајќи педери мрш од тука, ќе умрете…Имавме многу среќа зш во кафулете од спротивно имало тројца полицајци кои претрча…но и они беа нападнати од тој што ми удри бокс и од неговиот другар…Фалеа секунди да завршиме многу полошоНикој од нас немаше ништо ЛГБТИ никакви обележја…они ме препозна мене…Сите сме шокирани се беше како на филм…ова нема да го заборавиме цел живот“, напиша Асани на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски: Пендаровски ако сака средба со мене, треба да се извини за изјавата дека Гоце бил Бугарин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, вчера воинтервју за Канал5, рече дека тој не видел метла освен што Заев го изметил само предлогот да е министер за финансии и дека тој нема дилеми кој бил Гоце Делчев.- Секогаш кога ќе бидам повикан на лидерска средба каде што ќе се одлучува за иднината на нашата држава, на Република Македонија, ќе присуствувам и ќе додадам вредност. Но, доколку господинот Пендаровски сака да има тет а тет средба со мене тогаш ќе треба да докаже дека е претседател на сите граѓани. И ја користам оваа прилика еве да му упатам еден апел доколку навистина искрено сака средба со лидерот на опозицијата, прво што треба да направи е да им се извини на Македонците во Република Македонија за неговата изјава за Гоце Делчев и истата да ја повлече, па дури потоа може да разговараме за наша заедничка средба, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од утре 90 отсто помали цени на роаминг услугите

Огромен пад на цените на роаминг услугите од утре.Македонците, Албанците, граѓаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина од понеделник ќе можат да зборуваат со 90 отсто помали цени. Доколку праќате СМС порака на број во некоја од овие земји ќе ве чини само 2,1 денар по порака. А доколку се јавите во некоја од земјите од Западен Балкан минута за појдовен повик ќе ве чини 4,3 денари.Договорот на политичко ниво помеѓу земјите од Западен Балкан беше донесен на почетокот на месец април.Според директорот на АЕК, Сашо Димитровски целта е во јули 2021 година роамингот да биде целосно укинат и да се наплаќа како потрошен домашен сообраќај, како што е во моментов во Европа. Се очекува намалување и на роаминг услугите со нашиот јужен сосед Грција до крајот на годината.

Македонија | пред 6 години

Arafat-Muaremi

Муареми: Министерство за економија и Царина дале дозволи увоз на тој вид тутун

По заплената на тутунот од забранетата сорта Вирџинија, Управата за финансиска полиција се фокусира на откривање на начинот на кој стоката влегла во земјава. Во интервју за Алсат, директорот Арафат Муареми вели дека следните проверки ќе бидат во Министерството за економија и во Царинската управа.-Целата енергија на финансиската полиција во наредните денови ќе биде насочена во истрагата како успеале тие приватни компании да го увезуваат нелегалниот тутун. Дојдовме до некои информации кои покажуваат дека се вмешани и неколку државни институции кои дале потврди или дозволи за се увезе тој вид на тутун, односно Вирџинија, вели Муареми.На прашањето за кои институции станува збор, директорот Муареми вели:-Според доказите кои успеавме да ги обезбедиме во изминатите денови, станува збор за две институции. Тоа се Министерството за економија и Царинската управа. Според Обвинителството, или обвинителот кој е надлежен и е ангажиран во оваа насока, во оваа истрага, покажува дека потврдите или дозволите кои се дадени за увоз, треба да се анализира дали се во согласност со законот или не. Доколку имаме прекршување на законот или злоупотреба на законот за дозвола за увоз на тутун, од друга страна треба да достават и факти дека увозот на тутунот е во координација и соработка на компаниите кои во Република Северна Македонија го имаат правото на производство на тутунските производи, вели Муареми.

Македонија | пред 6 години

tramp-severna-koreja

(ВИДЕО) Трамп на средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун

Американскиот претседател, Доналд Трамп, пристигна во демилитаризираната зона (ДМЗ) меѓу двете Кореи, каде што се состана со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. Трамп и Ким се состанаа на линијата на демаркација, а Ким го покани својот гостин заедно да прошетаат по границата и да ја преминат истата. Така, Трамп стана првиот американски претседател кој некогаш зачекорил на тлото на Северна Кореја.Трамп претходно најави дека ќе го повика Ким во Белата куќа, па така и сторил. Си-ен-ен пишува дека Ким уште не одговорил на поканата.„Ова е историски момент“, истакна на средбата севернокорејскиот лидер.„Преминот преку линијата на демаркација претставува голема чест за мене“, рече Трамп, додавајќи дека со Ким ги поврзува големо пријателство.„Се случуваат одлични работи. Се сретнавме и се допаѓаме еден со друг уште од првиот ден“, изјави Трамп за новинарите.Тој, пред состанокот со Ким, со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, го посети стражарското место на најсеверниот дел од јужнокорејската страна на ДМЗ, кое гледа кон Северна Кореја, каде што разговараше со американски и јужнокорејски војници.Ова е прва посета на Трамп на ДМЗ, а на вчерашната средба со претседателот на Јужна Кореја, рече дека со Ким ќе се ракува и ќе го поздрави. 

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања