„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

tutun-ljuboten

Полицијата им ги одзеде машините и тутунот на жителите на Љуботен, буџетот оштетен за 7.5 милиони евра

Во акцијата во Љуботен полицијата одзеде над 12 тони тутун. Нема уапсени лица, бидејќи истрагата не е против физичките лица, туку таргет се четири правни лица кои нелегално го увезувале тутунот.Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, вели дека за две години, буџетот на државата е оштетен за над 7.5 милиони евра бидејќи не бил плаќан данок за стоката.„Во текот на 2018 и 2019 година дејствувале повеќе правни субјекти кои вршеле увоз на тутун од соседните земји Албанија, Србија, Грција и Бугарија, а потоа истиот, на црно се дистрибуирал и продавал на повеќе физички лица. Од наша страна постоеше сомневање дека физичките лица нелегално поседуваат машини со кои тутунот го преработувале, а потоа тој се продавал без акцизна бандерола на црниот пазар. Продажбата не се евидентирала никаде, а производителите и продавачите не плаќале данок. Тутунот бил наменет за пушење. Во 2018 година, буџетот бил оштетен за 5.5 милиони евра, а во 2019 година за над 1.8 милиони евра“, рече директорот на Финансиската полиција, Муареми.

Македонија | пред 6 години

48976900_559054461241166_4748237803454726144_n

Царина за тутунот во Љуботен: Прскан е со пестициди, а од чувањето фатил мувла која предизвикува рак

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски вели дека институциите работат за да се сузбие нелегалната продажба на режаниот тутун кој се продава.   Танасоски исто додава дека при производството на тутун се користат пестициди а потоа истиот и  несоодвето се чува , на места каде има мувла. Овие пак се фактори кои допринесуваат за појава на рак.„Нелегалната продажба на режан тутун штети на здравјето на граѓаните. Продажбата на ваков тутун има штетни последици. Овој вид на тутун нема никакви документи за начинот на производство, а не е контролиран ниту квалитетот. Во почетокот на годината Царинската управа формираше посебно работно тело за следење на оваа појава. Во координација со другите институции работиме за да ја сузбиеме нелегалната продажба на режаниот тутун кој се продава на пазарите. Пративме и мустри за анализи кои беа земени на различни места во државата, а дел од нив покажаа дека при одгледувањето се користат пестициди. Нережаниот тутун има и катран во недозволени количини. Поради несоодветниот начин на чување има и мувла, која преизвикува токсини, што доведува до појава на рак“, вели Танасоски.

Македонија | пред 6 години

tepacka

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвничко тепање среде Струга со безбол палки

Крвава тепачка на паркинг во Струга. Во инциденетот учествувале повеќе лица. Се претпоставува дека причините за тепачката се поради паркинг место. Во тепачката „најдебелиот крај“ го извлече возило „мерцедес“ кое заврши без стакла.Погледнете го скандалозното видео:https://www.facebook.com/gazetakoha/videos/1189421557911061/

Македонија | пред 6 години

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

Во Скопје се вози без возачка и со нерегистрирани возила, а се поминува на црвено и не се почитуваат правилата

Во текот на изминатиот ден (24.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 52 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 34 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувалe возило под дејство на алкохол, 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи-почетници и пет возачи поради сторени останати прекршоци.Исто така, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 6 години

masakr-ovci-2

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Масакр во Струшко- Кучиња удавиле и растргале 60 овци

Кучиња скитници нападнале фарма со овци во струшки Теферич. Кучињата удавиле и растргале 60 овици.  Како што кажува сопственикот на фармата за strugaekspres.com, ова не е прв пат кучиња да му го уништи целото стадо. Според него веќе трет пат затекнува иста слика. Тој неколку пати ги алармирал службите и побарал помош од државата, но освен записници никој не превзел ништо.Полицијата и истражните органи и денеска направија записник, а дали ќе се превземе нешто, останува да видиме.Текстот во целост на: strugaekspres.com

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Смешно е Југ, Ченто и остантите да се во затвор, а Груевски, Мијалков, Јанкуловска на слобода, вели Тасевски

Актерот Сашо Тасевски ја повика надлежните органи да ги ослободат од затвор Игор Југ, Јане Ченто и останатите кои се осудени за крвавите инциденти во Собранието на 27 април. Тој смета дека ако нема робија за Груевски, Мијалков, Камчев, Јанкуловска и останатите, смешно е другите да бидат зад решетки.„Знаете што е фер? Да ги ослободите оние кои скапуваат во затвор како тој Југ, Јане Ченто и компанија. Оти ова е смешно вашево. Нема робија за Грујо, Сашо, Орце, Гоца Мвродпмне. Нема прогон за Протуѓер звани Ендек, за Илче Гебелс, за Ставревски. Нема затвор ни за судиите Сваровски. Нема затвор за ните еден функционер од ДУИ. Нема затвор за никој од нив, ама затоа нивните човечиња, пиончиња и војничиња ги пикнавте во прдекаана. Зборот СРАМОТА е премногу благ да го опише тоа ваше предавство на законот и правдата“, пишува Тасевски.

Коментари | пред 6 години

el-ceka-696x454

Обвинителство го гони Ел Чека за новите бомби, оти сите ги чуле муабетите

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе Обвинителен предлог против лице кое сторило продолжено кривично дело – Неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица.  Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори.Во последно време зачестена е појавата на објавување неовластено прислушкувани и снимени разговори. Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што „ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана“.Овие појави Јавното обвинителство ги следи внимателно и ќе постапи согласно своите надлежности.

пред 6 години

PrtScr-capture_3

Финансиската полиција откри за какви измами се сомневаат дека се правеле во Љуботен

Поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама ,Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција за проверки на истото. Во интерес на истрагата не би можеле да споделиме подетални информации. Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите ,се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Македонија | пред 6 години

ljuboten9

(Независен) ФОТО: Голема полициска акција во Љуботен – граѓаните исплашени

Во село Љуботен од утрово се спроведува голема полициска акција. Целото село е блокирано, а многу куќи од 5 часот наутро се претресени.Како што информираат граѓаните за „Независен весник“ акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат.Тие велат дека тоа им е единствена егзистенција и со пот се обидуваат да ги нахранат нивните деца.Од друга страна, сметаат дека државата не е заинтересирана за нив во ниту еден аспект да им помогне, ни при вработување, ниту во инфраструктурниот дел, па се жалаат дека патот е катастрофален,нема вода за пиење,а имаат и други проблеми.ПРОЧИТАЈТЕ ГО И ОВА: ВИДЕО: Полиција на секој чекор во скопско Љуботен, се упаѓа во куќитеВо куќата на Сулејман Зендели полицијата влегла по грешка. Како што вели Зендели во 5.30 часот, со нога ја отвориле вратата и веднаш му ставиле лисици на неговиот син Раметула Зендели, па го ослободиле откако сфатиле дека по грешка влегле во неговиот дом.Повеќе прочитајте на Независен.мкФото: Независен весник

Македонија | пред 6 години

lgbt

Министри и пратеници ќе ја поддржат Парадата на гордоста

Дел од министрите и пратениците најавија дека ќе ја поддржат Скопје Прајд Парадата и ќе учествуваат во самиот настан, соопштија активисти од организацискиот одбор на прес конференција. Организаторите очекуваат голема посетеност и од соседните земји следната недела кога ќе се одржи Парадата на гордоста.„Скопје Прајд е сигурен и безбеден настан за сите, па ги повикувам ЛГБТИ луѓето, поддржувачите, и сите граѓани и граѓанки кои се залагаат за еднаквост и инклузивност, да ни се придружат.“ изјави Антонио Михајлов од организацискиот одбор.Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски кој нагласи дека се преземаат сите мерки за сè да помине во најдобар ред и дека МВР ќе санкционира какви било инциденти.Во меѓувреме од Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово, соопштија дека не ја подржуваат Парадата на гордоста.

Македонија | пред 6 години

B5722EB1-6F1F-4550-83B8-733F4D076330_w1023_r1_s

Унапредени ЛГБТИ правата, останува дискриминацијата и говорот на омраза

Се засилува говорот на омраза на социјалните мрежи во пресрет на првата Парада на гордоста во Скопје, велат активисти. Тие посочуваат дека со донесувањето на неколку закони во изминатиов период, правата на ЛГБТИ луѓето се унапредени, но оти дискриминацијата се уште е присутна во општеството.Таканаречениот „Прајд“ според организацијата Амнести Интернешнал зазема повеќе форми: од карневалски маршови до прикажување на филмски проекции и дебати, тоа е момент на прослава на луѓето кои се маргинализирани со строги дефиниции на тоа што значи да се биде маж или жена.Противниците на овие настани имаат најлоши зборови за ЛГБТИ луѓето и сметаат дека не мора на тој начин да ја покажуваат нивната сексуална ориентација. Од друга страна, поддржувачите ја истакнуваат важноста да се испрати јасна порака против дискриминација од секаков вид.Прајд настаните се организираат во текот на цела година, во зависност од земјите каде се одржуваат. Во Европа и Америка сезоната обично започнува во јуни, кога луѓето од ЛГБТИ заедницата покажуваат дека се горди на тоа што се.Фестивалите на гордоста се забранети во некои земји низ светот, вклучително Русија, Саудиска Арабија, Уганда и од неодамна Турција.Гордоста, според организациите за човекови права, го слави движењето на различните луѓе од ЛГБТИ заедницата и го засилува повикот за почитување и заштита на нивните права.„Парадата на гордоста е мирен протест на кој ЛГБТИ луѓето излегуваат да ја покажат својата видливост и оти е потребна заштита, еднаквост и слобода“, велат активисти за прва на ЛГБТИ заедницата во Македонија.Целата сторија прочитајте ја на СлободнаЕвропа.мк

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

Премиерско “метличенце” место најавената “метла”

Реконструкцијата не ги задоволи критиериумите кои самиот премиер ги кажа како услов, коментираат дел аналитичари, сугерирајќи дека сепак треба да се почекаат и промените во пониските ешалони.По два месеца очекување, прогнозирање и претпоставки премиерот Зоран Заев ја објави реконструкцијата, која, според првичните реакции на социјалните мрежи, разочара дел од јавноста.На социјалната мрежа Твитер реагираше и професорката Јасна Котеска, таа за одлуката премиерот Заев да биде и министер за финансии.“Ако не па и ректор и пекар и заболекар и поглавар на МПЦ и на МКЦ, конечно идеално решение, може за се' да го ставиме”, напиша Котеска.“Метлава стана метличенценценце”, реагираше на својот профил Жанета Трајкоска од Институтот за комуникациски студии.Повеќе прочитајте на Слободна Европа

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Пендаровски бара ново помирување

Потребен ни е политички дијалог и потребно ни е помирување дома, без разлика на политичките интереси на различните партии, за големите прашања кои се од стратешки интерес за земјата, на долг рок мораме да имаме консензус доколку сакаме нашето општество да просперира, младите да не се иселуваат и да имаме стабилност и развој. Треба да најдеме начини за соработка меѓу сите релевантни политичари, затоа што ние сите сепак работиме за интересот на граѓаните, вели претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во интервју за порталот на албански јазик „Алмакос“.На прашање дали планира да се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски или дали планира да ги повика на средба партиските лидери, Пендаровски изразува надеж дека наскоро ќе се види и со Мицковски.Во врска со односите на нашата држава со Грција, Бугарија и Србија, тој посочува дека ние сме единствената земја во регионот која нема отворени прашања со соседите и која ги подобрува односите.– Како и во секоја релација понекогаш има потреба за малку повеќе труд, но со политичка волја и ангажман секогаш може да се подобрат односите. По потпишувањето на Договорот од Преспа очигледно е дека со Грција односите ни се значително подобрени на политичко и институционално ниво, како и меѓу бизнисите, а од минатата година имаме и директен лет Скопје-Атина. Имавме во минатотото добра бизнис соработка, но секогаш има простор за повеќе. Со Бугарија и Србија имаме традиционално добри односи на ниво на бизниси, туризам, работа и образование на граѓаните. Северна Македонија има одлична соработка со Косово и Албанија, ние сме соседи и нормално е со соседите да имате цврсти релации, затоа што нашите институции, бизниси, граѓански сектор, па и секој од нас како граѓанин има најчесто соработка или размена во соседството, вели Пендаровски.Според него, најповолно за регионот е и Северна Македонија и Албанија да добијат датум за преговори, а и другите земји да се приклучат во процесот на европска интеграција. Искуството од најновите земји-членки ни покажа дека членството во евроатлантските институции е процес низ кој се реформира општеството и се подобруваат условите граѓани.– Интеграцијата на Албанија во ЕУ е и моја желба и заложба. Јас би рекол дека не само Албанија, туку и Косово и БиХ треба да имаат јасна европска иднина и да станат членки на Унијата кога за тоа ќе бидат подготвени, нагласува Пендаровски.На прашање дали е оптимист што се однесува до добивање датум за членство во ЕУ наесен, Пендаровски истакнува „и од претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини добивме јасна порака дека Северна Македонија е на вистинскиот пат и треба да продолжиме со реформите“.– Добивме потврда и признание дека државата направи се што се очекуваше и прашањето не е дали, туку кога ќе отпочнат преговорите. Оптимист сум за есен и очекувам како што беше наведено во заклучоците од јунскиот Совет во Луксембург дека ЕУ ќе се наврати на нашето прашање најдоцна до октомври и дека ќе добиеме датум за преговори. Заклучоците јасно наведоа дека одложувањето е поради тесната временска рамка да се разгледа извештајот и да се донесе одлука, а не поради неисполнети критериуми од наша страна. Од регионот, беше посочено на средбата, доаѓаат и добри вести, а Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија се примери како можат тешките прашања да се затвораат со храбри одлуки, вели Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

sijarto

Сијарто: Груевски од Будимпешта многу се залага за вашето пристапување кон ЕУ

Никола Груевски од Будимпешта силно се залагал земјава да стане дел од Европската Унија. Ова го истакна унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто одговарајќи на новинарско прашање за пребеганиот поранешен премиер во унгарската престолнина. Тој не криеше дека се среќавале, но не откри за што зборувале и какви информации добил од Груевски, а се корисни за унгарската влада.-За некој што бил премиер во овој регион 10 години, претпоставувам дека има многу добро сознание и разбирање на регионот и јас не сум овластен да објавам никакви делови од нашите дискусии, меѓутоа можам да ви кажам дека вашиот поранешен премиер исто така многу се залага за вашето пристапување кон ЕУ, рече Сијарто.

Македонија | пред 6 години

najnova-vest-skopje-1

(Видео) Судир на два борбени авиона над Германија

Два борбени авиона „јурофајтер“ се судрија над Германија во регионот на Мекленбург-Ворпомерн.Информацијата ја потврдил и министерот за внатрешни работи, пренесе „Билд“.https://twitter.com/sotiridi/status/1143137171941089280?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1143138157644439552&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d1%2581%25d1%2583%25d0%25b4%25d0%25b8%25d1%2580-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25b2%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25b4-%25d0%25b3%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25bd%2FСпоред досега достапните информации, пилотите успешно се катапултирале од авиониоте.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања