„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

mkd-355198

Тимоние: Што сте запнале за тој датум? Имате многу корупција и проблеми!

Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние денеска предизвика изненадување на трубината во хотелот „Холидеј Ин“, каде во својот настап индиректно најави дека Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ ниту во октомври.На работниот семинар за администрацијата учествуваше и министерот Дамјан Манчевски, а претседавач беше новинарот Васко Попетревски, објавува Магазин.-Што сте запнале со тој датум? Па имате толку многу проблеми. Во Струга градоначалникот се однесува скандалозно, УНЕСКО ќе ви го одземе статусот на Охридско Езеро, имате толку многу корупција, се менуваат директори на школи на дилетантски начин, блесаво е да барате датум за преговори овој период, имате толку многу проблеми, ќе треба уште да работите за да бидете спремни за датум, чудна ми е таа ваша опседнатост со датумот! Ние не треба да ве оставиме изолирани без пат кон ЕУ но не треба ниту да ви прогледуваме низ прсти, изјави францускиот амбасадор Тимоние, после неколкуте инсистирања на модераторот дека датумот во октомври треба да е сигурен.На ова модераторот Васко Попетрески, новинар во ТВ Алсат, му постави прашање на амбасадорот: “Добро ако ние не сме спремни, како тогаш Србија преговара, а владее режим на Вучиќ, како Црна Гора преговара кога немало политичка промена на власта 30 години?!“На ваквото прашање амбасадорот Тимоние одговори кратко и отсечно:-Па еднаш се изглупиравме, по вторпат нема да се изглупираме. Тезите дека еве ќе почнеме преговори па после додека преговараме ќе се реформираме, веќе не држат. Нема да се случи тоа, треба да разберете, имате многу проблеми и не треба да се правиме слепи пред нив.По својот говор, Тимоние на сред конференција стана и ја напушти салата во Холидеј Ин.Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, молчеше на овие констатации и ниту зема збор, ниту му реплицираше на францускиот амбасадор.

Македонија | пред 6 години

sindziri-drvja-696x466

ФОТО: Скопските дрвја во синџири

Граѓаните денеска со акција во Градскиот парк во Скопје, симболично доцртувајќи ги забетонираните корења на дрвјата, со синџири и пораки за слобода на зеленилото, ги повикаа надлежните градски и општински власти да го отстранат бетонот со кој се задушени корењата на повеќе од 1.000 дрвја во Скопје, но и низ останатите градови во државата.Од Институтот за комуникациски студии велат дека Петре Шилегов, како градоначалник кој раководи со Координативното тело на градоначалниците во градов и првиот човек на Скопје, има можност и должност да го постави ослободувањето на сите заробени дрвја како заедничка акција.Според експертите од Шумарскиот факултет, дрвјата мора да бидат ослободени веднаш, без ниту еден ден допонително одолговлекување бидејќи летните жештини и високите температури ќе значат угинување на најмалку 200 до 300 повеќедецениски, во моментов, исклучително загрозени дрвја.Деканот на Шумарскиот факулет Кирил Сотировски, на неодамнешната конференција „Шанса за Скопје“, рече дека Скопје претставува термички, топлотен остров, бидејќи со неконтролираната урбанизација зеленилото е уништено на големи површини, а голем дел од постоечките дрвја не се здрави.Зелените површини според генералниот урбанистички план на Скопје во 2012 година, заземаат вкупно 529 хектари односно шест отсто од вкупната површина на градот, се наведува во Студијата за озеленување и пошумување на подрачјето на Град Скопје од 2015 година.

Скопје | пред 6 години

zaev-dhe-ahmeti-sot-do-te-bisedojne-per-ndryshimet-e-paralajmeruara-ne-pushtetin-ekzekutiv_5ce3d09a1efc1-750x405-696x376

„Тетова Сот“: Заев на колена пред Ахмети, не успеа да ги смени министрите на ДУИ

Македонскиот премиер, Зоран Заев, падна на колена пред Али Ахмети. Иако тој цело време зборуваше дека ќе го промени владиниот кабинет, па дури и министрите на ДУИ, не успеа да направи таква промена. ДУИ со одлука на Али Ахмети го отстрани само Хазби Лика, а другите не се ни допрени, анализира порталот ТетоваСот.Инаку премиерот Заев од Валандово обелодени дека сменил само шест министри.Нов министер за земјоделство, шумарство и водстопанство е Трајан Димовски, на местото на  Љупчо Николовски. Министер за животна средина и просторно планирање ќе биде Насер Нуредини, а ќе го замени Садула Дураку. Министер за култура е Хисни Исмаили, на местото на Асаф Адам, за министер за локална самоуправа е предложен Горан Милевски, наместо Сухејл Фазлиу, министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураку.Одреден период премиерот Зоран Заев лично ќе го води и Министерството за финансии по разрешувањето на Драган Тевдовски, потсетува порталот.

Македонија | пред 6 години

poplava-1

ВИДЕО: Еден дожд и Скопје се претвора во Венеција, требаат чамци наместо коли

По краткиот пороен дожд во Скопје, се поплавија неколку улици. Меѓу нив и населбата Пинтија.Возачите се нервозни и критикуваат, бидејќи сметаат дека овој проблем мора итно да биде решен.

Скопје | пред 6 години

jankulovska

Јанкулоска засега нема да оди во затвор

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, нема да оди в затвор на 1 јули, односно актот се одложува повторно, овој пат до недогледно време затоа што Врховниот суд, чиј претседател е Јово Вангеловски, ќе ја преиспитува правосилната пресуда.„Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое барањето на Г.Ј. осудена со пресуда на Основниот кривичен суд – Скопје со КОК бр. 21/18 и пресуда на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ бр. 46/18, од обвинителството означена како „Тенк“, за одлагање на извршувањето на казната – се уважува“, се вели во соопштението на основниот суд.Оваа одлука важи за случајот „Тенк“ во кој Јанкулоска е осудена правосилно на 4 години затвор за злоупотреба на службената положба. Поранешната министерка прво беше осудена на 6 години затвор, кој Апелација го преиначи и ја намали казната на четири години.Во истиот случај обвинет беше и поранешниот премиер Никола Груевски кој сега има азил и ужива во слободата во Унгарија. 

пред 6 години

patar-atanasov

Заменик министерот за образование Атанасов поднесе оставка, вели влегов во систем кој не се менувал и многу назадувал

Заменик министер за образование Петар Атанасов, поднесе оставка. Тој преку социјална мрежа објави дека поднесува оставката од функцијата, но и од учество во сите останати проекти на Министерството за образование и наука.-Сакам да Ве известам Вас и јавноста дека поднесувам оставка од позиција на заменик министер во Министерството за образование и наука. Ова ви го соопштив уште пред реконструкцијата, но еве сега може и да се процесуира. Едноставно, мојата позиција станува неодржлива и неефективна. Истовремено, давам оставка и на сите дополнителни функции во рамките на Министерството за образование и во Владата која Вие ја предводите!-Во изминатите неполни 10 месеци, со големо задоволство и верба ја прифатив поканата да ја извршувам оваа функција. Влегов во систем кој со години не само што не се менувал, туку и многу назадувал и еродирал. Освен многуте и бескрајни формалности во работата на Министерството, овој период не се случи ништо позначајно. И тоа што навидум се тркала е далеку од потребите на системот и не ги менува севкупните состојби. Промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме. Зошто е ова вака, веројатно Вие најдобро знаете! Пред само една недела во еден јавен настап кажав дека треба да се запали црвеното светло и дека ако продолжиме со ова темпо, може да очекуваме образованието да го реформираме за 10 до 15 години. А можевме многу, многу, подобро. Уште пред парламентарните избори составив тим со кој заедно изградивме одлична програма и план, и силно верувавме во политиките кои требаше да ги реализираме. Се чинеше дека успехот е неизбежен. Ем знаевме, ем можевме, уште само требаше да покажеме дека и умееме., пишува Атанасовски во својата оставка објавена на социјалната мрежа Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Capture-8

Георгиески: Да, се кревет и ќе се кревет...

Општина Охрид по подолг период почна да ги ослободува улиците кои беа узурпирани со маси и столици од локалалите на улицата Гоце Делчев. Во акцијата се вклучени полицијата и инспектори, кои асистираат за да се отстрани нелегално поставената урбана опрема. Со денешната акција треба да се стави ред во Старата охридска чаршија, бидејќи низ улицата едвај се поминуваше.Инаку деновиве општина Охрид е на удар од медиумите поради многуте дивоградби за кои медиумите пишуваат дека градоначалникот „не ги глада“, а тој пак се смешка и вели „почекајте ќе видите“. Се ќе биде отстрането кога ќе дојде време.Градоначалникот Констрантин Георгиески за Скопје 1 вели дека за брзо време ќе се стави ред во Охрид. Тој додава дека ќе се урне се што е дивоизградено и се што е нелегално поставено. „Законите важат за сите“, кажа неодамна Георгиески.Да, се кревет и ќе се кревет, додаде градоначалникот.Инаку деновиве општина Охрид е на удар од медиумите поради многуте дивоградби за кои медиумите пишуваат дека градоначалникот „не ги глада“, а се наоѓа на плоштадот Чинар.  

Македонија | пред 6 години

inspektori-3

(ФОТО + ВИДЕО) Голема акција во Охрид: Се тргаат масите и столиците кои ги узурпираа улиците

Голема акција во Охрид на инспекторатот при општина Охрид. Инспектори и полиција запленуваат се што е нелегално поставено во старата охридска чаршија. Се отстранува нелегално поставената урбана опрема на Ул. Гоце Делчев. Со денешната акција треба да се стави ред во Старата охридска чаршија, по која поради запоседнатост од маси столови и реклами подолг период едвај се поминуваше.  https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1042107799332730/  

Македонија | пред 6 години

lisici

Притвор за велешанец кој преку социјална мрежа, упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат, а лично му се заканил со нож

Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.Осомничениот жител на Велес во неколку наврати, преку една социјална мрежа, упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат, кој во моментов работи како нотар во Кавадарци. Притоа, на 21.06.2019 година и лично отишол во канцеларијата на нотарот и се заканил со нож.По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци на лицето му определи притвор во траење од 8 дена. 

пред 6 години

sadula-duraku

Што велат биографиите за новите министри: Еден има познавања од Интернет експлорер, друг номиниран за животна средина а е банкар?

Министерот за животна средина, Садула Дураки од ДУИ, кој е предложен за нов министер за политички систем, има познавања од Интернет експлорер и Мајкрософт офис, објави  sdk.mk.Кај предлогот за нов министер за култура, Хусни Исмаили од Алтернатива, покрај школувањето и работното искуство од медицината, наведени се неговите искуства од културата...А кај Насер Нуредини, кој е номиниран од ДУИ за нов министер за животна средина, но не е член на партијата, наведено е дека има работно искуство во Лондон како инвестициски банкар во „Ај-Ен-Џи“ и „Уникредит“.Собраниската седница за избор на новите министри е закажана за в среда.Текстот во целост на: sdk.mk

Македонија | пред 6 години

policija-ilustracija-1

Извршен увид во стан во Битола во кој беа пронајдени починати маж и жена

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид во стан на улицата „Климент Охридски“ во Битола, каде попладнево беа пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место. По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. 

Македонија | пред 6 години

vakcini-novi

Нов скандал: Децата се вaкциниpaлe со cтари вaкцини, никoj нe peaгиpaл иако пропустот бил yтвpдeн

Министерството за здpaвcтвo нaбaвилo вaкцини за деца од редовниот календар за имyнизaција кои имале рок на траење за една година пoкраток од тој што бил наведен во фактурите од страна на добавувачот, се вели во најновиот Извештај на Државниот зaвoд за ревизија, кој се однесува на 2017 година. Иако ова е влезено во зaпиcникот за прием на МЗ и Агенцијата за лекови, Внатрешната контрола на Министерството за здpaвcтвo не ја забележала yтвpдeнaтa состојба и нe биле преземни мерки за да се спречи дистрибуцијата на овие вакцини, открива порталот „НоваТВ“ Текстот во целост на:  „НоваТВ“

Македонија | пред 6 години

slika-3-1

Мицкоски: Заев со реконструкцијата најде покус пат парите да одат до Вицето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на Љубанци каде што присуствуваше на традиционалниот ручек во организација на УМС во манастирот Св. Јован.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се осврна на најновиот предлог на владиниот состав, истакнувајќи дека сега парите директно ќе продолжат да одат кај Вицето, по покуса патека.-Како најпрви ќе го победиме овој мал деспот овде во срцето на Балканот Зоран, Заев, видовме денеска конечно се потврди онаа наша максима дека сите пари ќе одат кај Вицето. Видовме денеска дека сите пари навистина ќе одат кај вицето.Дека немаат ништо што да понудат кое што ќе значи развој, градење на општество каде што ќе имаме просперитет, каде што ќе имаме сигурна и загарантирана иднина. Туку себичен мал деспот од Балканот кој што не може да види ништо подалеку од сопствениот интерес и интересот на сопствената фамилија. Најпрвин треба него да го победиме, ама не да го победиме така што ќе имаме пирова победа туку треба да го победиме и да го пратиме каде што му е местото на темната страна на историјата, изјави Мицкоски.Тој посочи дека смената на Тевдовски од првото место во министерството за финансии е тргање на маската, зад која сега и официјално стои Заев.-Народот се спротивставува на пеплосувањето и уништувањето кое го прават луѓето од Власта. Народот е против деспотизмот на Заев кој е лидер на СДСМ, во исто време премиер, а денес официјално дознаваме дека ќе биде и министер за финансии. Ако овој претходниот за финансии му беше маска, денес гледаме дека веќе таа маска ја нема, а виновникот за целата сиромаштија и несреќа на народот продолжува да биде Зоран Заев. Само се стеснува кругот на криминалот и на тоа дека сите пари одат кај Вицето, изјави Мицкоски.Мицкоски истакна дека Гоце Делчев е нашиот херој, и непокор, наспроти тврдењата на Пендаровски.-Бидејќи несреќата на народот лежи токму во Зоран Заев кој насекаде околу себе поставува клонови кој и самите си велат дека потполно се исти како нивниот лидер. Ова го збореше и Пендаровски кому гледаме дека не му е јасно чив бил Гоце, а Гоце Делчев е нашиот непокор, сила и херој кој го има во нашата химна.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека за незавидната состојба во која се наоѓа земјата не е виновна ниту ЕУ, ниту соседите, туку непсообноста на Заев.Клучот на неуспесите не им се ниту ЕУ, ниту нашите соседи, туку Зоран Заев.Власта која тоне во сопствената жива кал не е способна да изменаџира ниту еден процес до крај, постојано наоѓа изговори, оправдувања за своите неуспеси, а единствениот одговор на сето ова е народот кој ќе ги порази, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

zaev-nova-vlada

(ВИДЕО) Заев го соопшти предлогот за новиот состав на Владата, а годинава ја прогласи за година за економијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата на РСМ, што денеска се доставува до Собранието на земјата. Премиерот Заев соопшти дека на Собранието ќе го предложи за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој доаѓа од самото министерство и е дел од тимот на досегашниот министер Љупчо Николовски.За министер за животна средина и просторно планирање ќе биде предложен Насер Нуредини, за министер за култура Хусни Исмаили, за министер за локална самоуправа Горан Милевски, и за министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки.Премиерот Заев во изјавата за медиумите информираше дека обврските на министер за финансии ги презема тој, и оваа функција ќе ја извршува во определен период заедно со функцијата Претседател на Владата на РСМ.Во изјавата за медиумите, премиерот Заев им се заблагодари на министрите што досега им служеа на граѓаните и на државата, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на министерот за култура Асаф Адеми, на министерот за финансии Драган Тевдовски, на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, на министерот без ресор за спроведување на рамковен договор и политички систем Хазби Лика, и на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ.Со предложената реконструкција, новиот состав на Владата ќе брои едно министерско место помалку.„Оваа година ја прогласивме за година за економијата. Влегуваме во таа насока со сите перформанси. Тевдовски останува до мене, најверојатно како советник. Тој е член и на Извршниот одбор на СДСМ. Следуваат храбри решенија, храбри одлуки од кои бенефит треба да видат сите граѓани, во социјалниот дел, во делот на земјоделието, платите...Кога веќе се решени сите големи политички прашања, останува да го дигнеме стандардот, и верувам дека во следните месеци ќе имаме можност да покажеме сериозни постигнувања во менаџирање на финансиските ресурси во државата. Можеби е несекојдневно, поинаку, но и многу други работи се случија несекојдневно и за други крупни и храбри одлуки што се донесоа во овој период, заради сплотување на нашето општество, заради решавање на крупните прашања со Бугарија и Грција, заради НАТО членството, заради датумот за преговори со ЕУ. Сите стратешки определби беа вредни заради економскиот стандард на нашите граѓани. И еве влегуваме во тој перформанс, сите заедно вградени комплетно, без штедење за да граѓаните ги почувствуваат придобивките“, истакна премиерот Заев на прашањето поврзано со преземањето на позицијата министер за финансии во новиот состав на Владата на РСМ.Во продолжение на своето образложение на ова прашање, премиерот Заев ги соопшти приоритетите во делот на финансиите и економските политики, и нагласи дека ребалансот на Буџетот, ќе се донесе на почетокот на есента. „Она што е важно е на 1 јули да почне враќањето на ДДВ-то за граѓаните. На сите оние што кубат коси им препорачувам да престанат со тоа, затоа што во нашата земја никогаш не се враќале пари. Сега кога враќаме, некој ќе добие 12, 15 илјади или 20... и ова е добро, дај Боже да вратиме колку што може повеќе. Но, дефинитивно до 50 милиони евра од Буџетот ќе се вратат кај граѓаните. Ако проектот успева, бројките ќе растат. Граѓаните ќе добиваат повеќе пари за да го организираат својот семеен стандард. Главна задача во идниот период е порастот на платите. Не само кај здравството, и од 5 септември и кај голем дел од јавната администрација, туку сакаме да направиме и еден квантен скок на севкупното качување на платите. Ќе преземеме одредени конкретни чекори кои што ќе треба дефинитивно да го направат тој скок кон подобро на севкупните нето плати. Верувам дека до крајот на годината ќе имаме доволно финансиски капацитети за да ги покачиме и пензиите од 1 јануари идната година. Капиталните инвестиции се исто така многу значајни и во фокусот на вниманието и со сите механизми што ги имаме ќе заокружиме еден процес за да можат граѓаните директно да ја почувствуваат благосостојбата од тие промени“, дополни премиерот Заев.Претседателот на Владата на РСМ Заев информираше дека во текот на следната недела ќе бидат соопштени и останатите кадровски решенија во месец.

Македонија | пред 6 години

zaev-ohrid

Метлата на Заев: Тевдовски, Николовски, Лика, Николовски се разрешени, Нуредини, Дураку, Милевски нови министри

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, најави дека ќе достави предлог до Собранието за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.– Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и верувам дека следната недела ќе биде ставен на дневен ред. Ќе доставам предлог за избор на министри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Министер за култура Хусни Исмаили, Министер за локална самоуправа Горан Милевски. Министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки.Заев изрази благодарност до досегашните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за култура Асаф Адеми, за финансии Драган Тевдовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за рамковниот договор Хазби Лика и за регулатива и инвестиции на домашни фирми Зоран Шапуриќ, за како што рече што и служеа на државата и народот извршувајќи ја функцијата.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања