„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

memedi

Лидерот на НДП Весел Мемеди, сe повлекува од владината коалиција - најави оставки на сите функционери на НДП

Лидерот на НДП и потпретседател на Собранието на Северна Македонија, Весел Мемеди сe повлекува од владината коалиција. Причина за ова е одлуката на премиерот Зоран Заев да го разреши министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлију, кој доаѓа токму од партијата на Весел Мемеди.Откако Собранието ќе ја констатира оставката на Весел Мемеди, следна на листата за пратеници е Арта Точи од Алијанса за Албанците.Арта Точи во времето кога Алијансата за Албанците беше дел од владината коалиција и ја вршеше функцијата заменик-министер за надворешни работи. 

Македонија | пред 6 години

zaev-sobranie-1

Заев го повлече предлогот да го преземе Министерството за финансии, но ќе го раководи до избор на министер

Премиерот Зоран Заев на денешната седница на Собранието го повлече предлогот тој самиот да биде и министер за финансии и рече дека со овој ресор ќе раководи додека не биде избран нов министер.„Сакам да се заблагодарам на сите министри кои дадоа оставка и им посакувам успех на личен и професионален план. Функцијата претсетадел на Влада и министер е неспоива, но Уставот дозволува премиерот да биде и министер. Јас ќе раководам со Министерството за финансии, се додека не се избере нов министер“, истакна Заев.На ова ми одговори Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.-Зоран Заев не може да биде министер за финансии, по Членот 13 од Законот за влада, кој пропишува дека „Министерот самостојно раководи со министерството за кое е избран, го следи и е одговорен за спроведувањето на законите и другите прописи“.-Министерството има заменик-министер и секој за документ непотпишан од заменикот да размислуваат вработените како ќе постапуваат зашто ќе бидат повикани на одговорност – рече тој. 

Македонија | пред 6 години

44148853_1976811212377079_4994544011692736512_n

Заев призна: Опозицијата беше во право, не можам да бидам и премиер и министер за финансии

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница на која се дискутира за реконструкција на владата на СДСМ посочи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ била во право кога укажувала дека тој како претседател на Владата на Република Македонија не може да биде носител и на друга функција односно министер за финансии, бидејќи според законот за корпуција и судир на интереси овие две функции се неспоиливи.-Дефинитивно тоа што го истакна опозицијата и тоа што го истакнува антикорупциска комисијата и еден дискурс и дебата ни дава за право да му соопштам на Собранието дека дадов налог на кабинетот да пушти предлог за повлекување на кандидатурата моја, односно Зоран Заев за кандидат за министер за финансии, вели Заев.

Македонија | пред 6 години

zaev-ohrid

Антикорупциска со став дека Заев не може да биде министер за финансии

Државната комисија за спречување на корупцијата, во врска со Предлогот за избор на членови на Владата на Република Северна Македонија со бр. 08-2072/3 од 23.06.2019 година, доставен до Собранието на Република Северна Македонија, со кој, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија е предложен за министер кој ќе раководи со Министерството за финансии, смета за потребно да укаже на следното:- Согласно член 72 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:„Службеното лице во своето работење, е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да преземе мерки за неогово одбегнување.“- Согласно член 44 став 1 и 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:„Избраното или именуваното лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“ и „Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга.“Имено, во случај кога Претседателот на Владата на Република Северна Македонија би се избрал за министер за финансии, ќе настане повреда на горецитираните одредби, при што, Државната комисија ќе биде принудена да преземе конкретни мерки согласно нејзните надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се вели во соопштението од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Македонија | пред 6 години

SJO

ГРЕКО со забелешки и препораки: Обвинителите не гонат висока корупција и политички чуствителни случаи

Македонија на хартија има воспоставено прилично широка политичка, правна и институционална рамка за спречување и борба против корупцијата, но реалноста е поинаква, открива петтиот круг на евалуација од извештајот на ГРЕКО за Македонија.„Системот на кривична правда не е успешен во борбата против корупцијата. Иако Специјалното јавно обвинителство оформи предмети во суд за неколку случаи на корупција на високо ниво кои произлегуваа од скандалот со прислушување, обвинителите генерално не гонат систематски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи. Се смета дека напредокот во оваа област силно зависи од тоа дали на судството во земјата може да почне да функционира независно и непристрасно. Во периодот од посетата на државата, Евалуациониот тим на ГРЕКО (ГЕТ) е информиран за некои позитуивни случувања кои вклучуваат криминализација на корупција од висок профил“, пишува во извештајот.Во извештајот се вели дека спроведувањето на политики и закони е слабо и селективно и честите законски измени створија општа непредвидлива средина и дозволија корумпирани јавни службеници да дејствуваат неказнето.„Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), основана во 2002 година како постојан самостоен орган за спроведување на рамката за спречување на корупцијата, од самиот почеток беше критикувана дека не е независна, со слаб мандат и невидлива, наместо да дејствува како движечка сила во борбата против корупцијата. Во март 2018 година, пет од нејзините седум члена, вклучувајќи го и претседателот, поднесоа оставка среде обвинувања за проневера на финансиски средства: тие побарувале нереално високи патни трошоци за патување во периодите кога тие исто така биле евидентирани дека редовно одат на работа.Во однос на заклучоците од овој извештај, ГРЕКО меѓу другите ги упатува следниве препораки до Северна Македонија:Систематски дa се спроведува проценка на ризик на интегритетот кај централната власт што ќе ги опфаќа сите функционери и лични советници и надворешни соработници.Етичкиот кодекс за лицата кои вршат највисоки извршни функции треба практично да се спроведува со помош на механизам опремен со овластувања за санкционирање и  да бидe предмет на систематско подигање на свеста во однос лицата кои вршат највисоки извршни функции преку обука, посветено упатување и советување, вклучувајќи и доверливо советување.ГРЕКО ги повика властите на Северна Македонија да поднесат извештај за мерките кои ги имаат преземено со цел за имплементација на погоре-наведените препораки до 30 септември 2020 година. 

Македонија | пред 6 години

Angel

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски: За Бугарија, Македонија неможе да биде ништо друго освен втора бугарска држава на Балканот

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски  за епицентар.бг тврди дека Гоце Делчев никогаш не се борел за никаква независна Македонија и дека тој е Бугарин. Според него, за  Бугарија, Македонија неможе да биде ни северна, ни јужна, ни горна ни долна, туку само братска втора бугарска држава на Балканот.-Не можеме да продолжиме да го правиме дека не ги гледаме овие злоупотреби, провокации и фалсификати извршени од Скопје. Ја отворивме вратата на Македонија кон НАТО преку Спогодбата за соседство.Сега зборуваме за идното членство на Македонија во Европската Унија. Ова членство поминува само преку препознавање на историската вистина. А  таа е следна. Политичка македонска нација постои по 2 август 1944 година. На овој датум, банда бугарски болшевиците и шумкари, национални предавници се собираат во подрумот на манастирот „Прохор Пчински”, користејќи за алиби на собирањето големиот бугарски христијански празник Илинден и прифатат т.н.декларацијата на АСНОМ или „Антифашистичкото народно собрание на Македонија”. Ова се случува под диктатурата на Коминтерната и Москва. По одлуката на Коминтерната да создаде и спроведе т.н. „Македонска” нација во триесеттите години на дваесеттиот век, бугарската, српските и грчките комунистички партии  ја земаат оваа национално-предавничка директива “вооружување” и работат за нејзиното спроведување.Пред овој датум, 2 август 1944-та година – Илинден, нема никакво сомневање и не може да има никаков спор за карактерот, самосвеста и самоопределување на населението во денешната Вардарска Македонија. Тие се несомнено, недвосмислено и категорично бугарски, смета Џамбаски. 

Македонија | пред 6 години

tose-1

(ФОТО)Избрано идејното решение за вечното почивалиште на Тоше Проески, еве како ќе изгледа

Општина Крушево избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше Проески. Автор на истото е Жарко Чаушевски, кој бил и единствениот пријавен на конкурсот. Истиот автор победи на конкурсот за уредување на гробот на Проески и пред неколку години, но таа идеја не се реализираше., поради тоа што објектот беше и поголем и поскап.За изгледот и содржините на идејното решение за почивалиштето на Тоше Проески било консултирано и неговото семејство. Но, сега се потребни пари. Од општина Крушево проценуваат дека изградбата ќе чини околу 150 илјади евра, средства за кои веќе аплицирале до Министерството за култура.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Реконструкцијата на владата пред пратениците – колкава поддршка ќе добијат?

Пратениците денеска треба да расправа за новите министри предложени од страна на премиерот Зоран Заев. Според предлогот, Трајан Димковски треба да биде нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хисни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Како што најави премиерот функцијата Министер за финансии ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.Најавено е дека во наредниот период ќе бидат разрешени десетици директори на централно ниво, членови на управни одбори, надзорни одбори како и директори на локално ниво. 

Македонија | пред 6 години

stavreski

Поранешниот вицепремиер Зоран Ставревски бил во Финансиската полиција за исказ во предистрага

Поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески бил повикан на информативен разговор да даде исказ во Управата за финансиска полиција, потврди директорот Арафат Муареми синоќа во емисијата „24 Отворено“.-Зоран Ставрески беше повикан во финансова полиција на информативен разговор за предмет кој е во предистражна постапка и истиот откако го даде исказот пред припадниците на финансиската полиција, си отиде – изјави Муареми во интервју за „ТВ24“.Ставрески беше осомничен во истрагата „Подарок“ на Специјалното јавно обвинителство. 

Македонија | пред 6 години

zemjodelie-proslava

(ВИДЕО) Со коктели се испрати стариот и пречекаа новиот министер, но има ли коктели и за земјоделците?

Со богата шветска маса и алкохол во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вработените го испратија довчерашниот министер Љупчо Николоски и го пречекаа новиот –  Трајан Димковски.-Од сè срце им благодарам на сите што дојдоа денеска во МЗШВ симболично да ги одбележиме бројните успеси кои ги постигнавме заедно во овие две години. Министерството го прават луѓето, мојот тим со кој секојдневно и неуморно работевме за да овозможиме подобри услови за нашите земјоделци. Ви благодарам за посветеноста и ви посакувам уште поголеми успеси во иднина, на чело со новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, напиша на социјалната мрежа  „Фејсбук“ Николоски.Коментарите по социјлните мрежи се:  додека досегашниот и новиот министер си прават коктели, македонските земјоделци солзи ронат поради сите проблеми со кои се соочуваат.Земјоделците од Овче Поле, Тиквешкиот, Струмичкиот и другите земјоделски региони низ државата се оставени сами да се снаоѓаат со проблемите-  со водата за наводнување, со фрлањето на произведеното на буниште…

Македонија | пред 6 години

soreide

Министерката за надворешни работи на Норвешка Сореиде во работна посета на земјава

Министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка Ине Ериксен Сореиде, денеска ќе биде во работна посета на земјава. Таа ќе има тет-а-тет средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, по што се планирани пленарни разговори помеѓу делегациите на министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Кралството Норвешка.

Македонија | пред 6 години

dolg

Јавниот долг на земјава на крајот на 2018 година изнесувал 5.202,2 милиони евра или 48,5% во однос на БДП

На оваа своја седница, Владата го усвои Годишниот извештај за управување со јавниот долг на Република Северна Македонија за 2018 година и согласно член 27 од Законот за јавен долг да го достави до Собранието на Република Северна Македонија.Јавниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра што претставува 48,5% во однос на БДП. Државниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра односно 40,5% во однос на БДП. Со ова ниво на државен долг, Република Северна Македонија и понатаму останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, кој на крајот на 2018 година изнесува 80,8%.Годишниот извештај за управувањето со јавниот долг има за цел поблиску и на редовна основа да ги информира Владата и Собранието на Република Северна Македонија и да ја запознае јавноста со карактеристиките на должничкото портфолио на Република Северна Македонија, како и со преземените мерки за негово ефикасно управување во текот на минатата година. 

Македонија | пред 6 години

Zaev-Tevdovski

Заев: Тевдовски е сменет, затоа што влегувам јас

Во вечерашното гостување на ТВ Сител, премиерот Зоран Заев зборуваше за најавуваната “метла”, но и за новите министерски решенија. Тој кажа дека дека не е точно дека не е задоволен од работата на Тевдовски. Еве што одговори премиерот:„Се работи прво за министер или министерство кое што ги направи најголемите реформи или е поврзано со реформите што се случија во државата или дефинитивно преставува едно од тие што направија најмногу реформи. Тевдовски добро си ја вршеше работата, но сега на ред е една економска лекција во која јас морам да бидам вклучен. Влегувам комплет со цел свој кредибилитет за да одржиме економска лекција, уште позасилено“, изјави Заев. 

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still139

(ВИДЕО) Два мотоцикли и два автомобили предизвикаа судар на влезот во Охрид

Два мотоцикли и два автомобили со странски регистарски таблички предизвикаа сообраќајна несреќа на влезот од Охрид од страна на Кичево.Возилата управувани од странци се удриле на надвозникот.Има повредени кои според првите неофицијални информации не се во животна опасност, а сообраќајот се одвиваше отежнато.Увидот траеше неколку часа по што со специјални возила беа дислоцирани оштетените мотоцикли.

Македонија | пред 6 години

123-1

Ангела признала се поврзано со убиството на Пино, тврди Трпковска

Ангела дури 6 пати давала различни изjaви во полиција, таа е девојка без моpал и чyвства раскажува во вториот дел од интервјуто за порталот Магазин, мајката на yбиeното момче Пино.  Маја откри дeтали за yбиcтвoто на Пино, а исто така и тоа дека ocoмничената Ангела Ѓорѓиевска давала дури 6 пати различен иcказ во пoлиција.Зборував со инcпеkторите во полиција, таа веќе има пpизнaено дека учествувала во организацијата на yбиcтвото, но изjaвила дека таа нe пykала во Пино. Цело време ја лaжeше пoлицијата, а и целото семејство на Пино. Имам пораки на месинџер каде што пишувала со другарите од Пино, каде што вели дека таа добpoволно отишла на пoлиграф, а тоа секако дека нe е виcтина.Ангела се пoизнала во полицијата, исто така и местото каде што е yбиeн. Таа пpизнала дека Али Фуркан пykал и дека ова го направила од oдмaзда.Текстот во целост на: magazin.mk

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања