„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Bojan-govor

УЈП потврди – Блокираната сметката на 1ТВ

УЈП не ги открива причините поради кои е блокирана сметката на 1ТВ. Од Управата во краток допис за медиумите само потврдуваат дека сметката на правното лице е под блокада, објави faktor.mk.,,Ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“, се вели во одговорот од УЈП, од каде потврдија дека сметката на 1ТВ чиј сопственик е Бојан Јовановски, е блокирана.

Македонија | пред 6 години

brat-el-cela

Уапсен братот на Ел Чека

Утринава од страна на македонската полиција е приведен братот на Ел Чека човекот кој што од Чикаго, САД објавува бомби за ДУИ. Полицијата ја разгледува папката на братот на Ел Чека, Блерим Ахмети. Тој Тој пред неколку дена беше и на чело на протестот на ДУИ.Засега е познато дека 28-годишникот е обвинет за три кривични дела -  напад врз полициски службеник во 2011 година, учество во насилни судири во 2009 година и нанесување тешка телесна повреда во 2008.И Ел Чека доби обвинение од ОЈО за Неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

пред 6 години

Grujo3

Судот во Будимпешта не ја одобри екстрадицијата на Груевски

Урганскиот суд одлучи Груевски да остане азилант во земјата и да не биде екстрадиран во Македонија. Рочиштето е се уште во тек, а според последните информации, судот кажал дека условите за екстрадиција не се валидни.Неофицијално Груевски веќе не е се лисици на рацете и се очекува набрзо да го напушти судот.Ова значи дека Груевски нема да биде вратен во Македонија за да ја одлежи двегодишната затворска казна која судот му ја изрече за случајот „Тенк“, ниту пак, за процесот поврзан со крвавите инциденти во Собранието на 27 април, каде тој се сомничи дека е еден од организаторите.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Со солзи во очите вработените во Министерство за финансии го испратија Тевдовски

Вработените во Министерство за финансии со огромен аплауз го испратиле довчерашниот министер за финансии, Драган Тевдовски, кој беше разрешен од функцијата со мнозинство гласови во Собранието.Неговиот поранешен советник, Бранимир Јовановиќ, кој си замина од Министерството само неколку месеци претходно, ги објави реакциите на дел од службениците во Финансии.„Денес Драган замина како што му доликуваше. Со огромен аплауз и со емоции кај повеќето од вработените. Мислам дека тој кабинет никад нема да се повтори. Човечноста пред сѐ” „Се поздравивме денес. Прати маил до сите. Се заблагодари за соработката и кажа дека од 10 ч. ќе биде во бифе. Дојдов на работа само за да се поздравам со Дракче.”„Сите плачевме денес. Кога влезе на 10ти во бифето, 5 минути без престан ракоплескавме. За никој не било вака во мои 20 години во министерство.”„Дел од пораките кои ми ги пратија денеска поранешните колешки и колеги од Финансии. А јас само ќе кажам дека ми беше чест што бев дел од тој тим. Идемо даље!“, напиша Јовановиќ на својот фејсбук профил.За време на собраниската дебата и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ искажаа почит кон него нарекувајќи го еден од малкуте чесни функционери. Заев најави дека придонесот на Тевдовски во Владата ќе продолжи така што ќе му биде советник, но Тевдовски изјави дека се враќа на Економскиот факултет.

Македонија | пред 6 години

Grujo3

Видео од приведувањето на Груевски во Будимпешта

Унгарските медиуми објавија видео од приведувањето на експремиерот Никола Груевски во Будимпешта. Тој е спроведен во судот каде се одлучува за неговата екстрадиција.

Македонија | пред 6 години

Grujo3

Груевски уапсен во Будимпешта, се одлучува за негова екстрадиција

Бегалецот Никола Груевски денеска е на судско рочиште во Будимпешта, каде што се одлучува за неговата екстрадиција.Како што објавија унгарските медиуми објавија фотографии и видео.Она што предизвика најмногу внимание е изгледот на екс премиерот, односно тој се појави со безбол капче и очила за сонце, кои не ги тргнал ниту додека седел во судница.ГРУЕВСКИ СО СКАПИТЕ ОЧИЛАНа фотографиите е видливо дека Никола Груевски на себе ги носи очилата со кои беше фотографиран додека беше на одмор во Израел, а за кои медиумите тврдеа дека чинат десетици илјади долари, а тој тврдеше дека чинеле околу 300 евра.

Македонија | пред 6 години

dimitrov

Димитров со писма од Гоце Делчев се подготвувал за средбата во Софија

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска патува за бугарската престолнина каде очекува да најде решение во духот на добрососедството на темата за Гоце Делчев. Во синоќешната емисија „Само вистина“ тој изјави дека за средбата се подготвувал читајќи оригинални писма од револуционерот.-Во времето на нашиот херој Гоце Делчев ние не сме имале држава и тој учествувал во еден огромен темел на нашата државност, во создавањето на политичката нација, што е многу блиску до создавањето на етничката идентификација. Изминатиот викенд најдов една архива и читав оригинални писма од Гоце Делчев што ги испраќал до Никола Малешевски и другите соборци. Тој бил неверојатен визионер и уште во тоа време во „Гоцевиот устав“ барал борба со т.н. Тиранија, а не со Османлиите. Неговото визионерство може да ни служи како мост со Бугарија – рече Димитров.

Македонија | пред 6 години

Bojan-govor

УЈП ја блокираше сметката на 1ТВ?

Управата за јавни ја приходи ја блокирала сметката на 1 ТВ, дознава „Фактор“. Веста засега не е потврдена, но според информациите до кои дојде „Фактор“, сметката даночниците ја блокирале уште вчера. Нашата редакција утрово побара одговор од УЈП,  дали и зошто е блокирана сметката на телевизијата на Бојан Јовановски или попознат како Боки 13. 1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година, година и половина подоцна телевизијата се соочува со блокирана сметка. 

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Влада: Лажна вест е дека албанскиот јазик ќе биде задолжителен во основното образование

“Владата на Република Северна Македонија категорично ја демантира дезинформацијата дека албанскиот јазик станува задолжителен за сите основци и дека тоа е причината за оставка на заменик министерот Атанасов.На ваков начин, преку неточни информации, фото монтажи и други манипулации се прават обиди за вознемирување на граѓаните и за нарушување на заедништвото во нашето општество.Граѓаните имаат право да бидат точно информирани, а за таа цел сите чинители во општеството имаат огромна одговорност пред јавниот интерес.Јазиците на нашите заедници не смеат да служат за заплашување и манипулирање, напротив тие се непроценливо богатство на нашиот културен мозаик”, се вели во соопштението од Владата.

Македонија | пред 6 години

VIK_8062

Тевдовски: Со крената глава се враќам на Економскиот факултет

Разрешениот министер за финансии, Драган Тевдовски им се заблагодари на вработените во Министерството и порача дека најголема награда му е поддршката од граѓаните.-Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите.Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: „браво и главата горе”. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет, напиша Тевдовски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

gruevski-trajkovski

(ФОТО) Пријателот од Груевски кој го посетуваше во Будимпешта, доби отказ од Царинската управа

Александар Трајковски, пријателот на екс премиерот Никола Груевски, кој е советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, доби откaз од работа од Царинската управа.Трајковски на социјлната мрежа фејсбук објави слика од отказното решение и напиша:„Притисокот на власта кон сите кои мислат поинаку од нив продолжува.Денес ми е врачено решението со кое ми престанува работниот однос во Царинската управа бидејќи самоиницијативно сум патувал во странство по второ лекарско мислење.Оваа одлука е директен атак на власта кон мене како избран Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба каде мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ со само еден Советник повеќе од СДСМ.На креаторите на оваа постапка за мое бркање од работа им порачувам дека нема да ме скршат туку напротив ме мотивираат бидејки тиранот е на колена!Јас ќе се вратам во Царинската управа бидејќи Законот е на моја страна и тоа пред Суд ќе го докажам а оние кој ја спроведоа оваа незаконска постапка ќе одговараат“, пишува Александар Трајковски на својот Фејсбук профил.Царинската управа отвори истрага за боледувањето на Трајковски, откако на социјалните мрежи се појави фотографија од Трајковски со поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта. Тој потврди дека е на фотографијата, но рече дека во Будимпешта отпатувал за да добие второ мислење за неговиот здравствен проблем со синусите и дишните патишта.  

Македонија | пред 6 години

ucenici

Дали албанскиот јазик станува задoлжителен за основците од септември?

Дали албанскиот јазик станува задoлжителен за основците, ова е прашањето кое редакцијата на „Инфомакс“ му го поставило на заменик министерот за образование во ocтавка, Петар Атанасов, откако на социјалните мрежи се појави шпeкyлација дека од трето одделение, основците зaдoлжитeлно ќе го изучуваат во училиштата албанскиот јазик без разлика на нивната етничка припадност.– Јас сум во ocтавка поради неколку причини, но и затоа што нe бeв дел од процесите за изработка на Законот за основно образование. Позната ми е работната верзија на законот во која има многу нejaсни решенија. Ова што го спомнувате е дел од тие нejaсни решенија. Одговор за тоа што се нуди како peшение може да дадат само министерот и неговите советници кои работеа на овој предлог на закон. – одговорил тој за „Инфомакс“.Од анализата која ја направи Инфомакс на нацрт Законот за основно образование која е објавена на датум 05.06.2019 година, индикaтивен е Членот 6 во кој се наведува:– Pазвивање на писменоста и способностите на учениците за разбирање, информирање и изразување, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и на јазик и писмо на припадниците на заедниците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик.Во моментов со министерството за образование и наука раководи, Арбр Адеми кадар на ДУИ.Текстот е превземен од: „Инфомакс“  

Македонија | пред 6 години

elektro-sok

Три лица киднапиpaле директор на училиште во Прилеп и го измaчувале со електрошокови

Киднапиpaње во Прилеп. Се обелоденува голем инцидeнт кој случил пред речиси еден месец во училиштето „Ѓорче Петров“ во Прилеп.  Директорот на училиштето С.Ѓ. додека бил во својата канцеларија пpeживеал тopтура и бил измaчуван од три лица, а биле користени и електpoшoкови, објави infomax.mk.Сајтот уште пишува дека еден од нив најпрвин физички го  нaпaднaл директорот на училиштето, а потоа и вepбално. С.Ѓ. бил  удpeн со тврд предмет во пpeделот на гpaдите од едниот нacилник, кој без пpeстан го навpeдувал и му се зaканувал.infomax.mk пишува дека инцидентот го потврдиле од МВР.Текстот во целост: infomax.mk  

Македонија | пред 6 години

received_1054385068084237

Јована од Фчерашни замина со Тевдовски од финансии

Портпаролката на Министерството за финансии, која претходно беше водителка на сатиричната емисија Фчерашни новости заминува од функцијата, по разрешувањето на министерот Драган Тевдовски."Денеска Собранието ја гласа реконструкцијата на Владата, со која се разрешува според моето необјектвино, но верувам реално размислување најдобриот Министер за финансии, Dragan Tevdovski. Ми беше чест да бидам дел од тимот заедно со луѓе како Viktor Mitevski, Rilind Kabashi, Nena Manchev Trajkovska и Branimir Jovanovic. Она што го научив од нив и со нив не можат да го платат ниедни пари.ПР тимот неуморно работеше за на јавноста да и ги доближи мерките на Министерството, кои и не се секогаш лесни за разбирање. Во времиња на подем на лажни вести, дезинформации, полу-информации, и сензационализам, овој тим успеа да остане доследен на точно и етично информирање. Мислам дека поставивме нови стандарди на разбирање на финансиите и на фискална транспаретност и ќе се радувам на сите идни успеси на моите колешки и колеги.Министерството за финансии има вработени кои работат посветено и професионално и среќна сум што сум била дел од најквалитетната државна институција.Исто така денеска во Собраниска процедура влегува и последниот закон од Владината програма кој беше насочен директно кон граѓаните, а е во надлежност на Министерството за финансии. Повратот на 15% од платениот ДДВ, или „Мој данок, моја заштеда“.Поздрав екипо, до следната прилика, тука или некаде", стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Инспекциските служби во Охрид констатирале над 1000 дивоградби, од нив 409 лоцирани во заштитен појас

Општина Охрид констатирала дека во градот има над 1000 дивоградби, за кои инспекциските служби имаат констатирано прекршувања. Од нив, вкупно 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во Стариот дел на градот. Ова е заклучокот кој е донесен со изработката на Регистарот на нелегални градби за подрачјето на Општина Охрид, изработен од локалната самоуправа.„Во оваа елекронска база на податоци внесени се вкупно 1076 предмети, за кои, во периодот од 2006 до мај 2019 година, инспекциските служби имаат констатирано прекршувања на Законот за градење. Во текот на наредниот период општинските надлежни служби ќе извршат проверка и финално уредување на целокупниот регистар, по што ќе се пристапи кон поединечна ревизија за секој посебен предмет и ќе се носат одлуки за понатамошно постапување. Со изготвување на Регистарот на нелагални градби, Општина Охрид во рекордно време исполни дел од своите обврски, кои се произлезени од Владината работна група, која постапува по препораките на УНЕСКО“, велат од Општина Охрид.На 43. сесија на Комитетот за културно наследство, што ќе се одржи наредната недела во Баку, Азејберџан, се очекува да биде донесена одлука и да биде дадена препорака за идниот статус на Охрид, врз основа на забелешките од мониторинг-мисијата на УНЕСКО, која беше направена во април 2017 година.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања