„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски и Богоевски досега не поднеле барање за апанажа

Осудениот поранешен премиер Никола Груевски не поднел барање за апанажа до Собранието. Ова го истакна денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната неформална средба со новинарите.Џафери кажа дека барање за апанажа до сега до Собранието не е пристигнато ниту од Павле Богоевски, кој поднесе оставка по објавената аудио снимка каде набавува масло од канабис.Според Законот за плата и другите надоместоци пранешните пратеници Груевски и Богоевски можеа да поднесат барање за апанажа, која би им се исплаќала во рок од една година по престанок на мандатот. 

Македонија | пред 6 години

mile-janakieski

Приведени Јанакиевски, државен правобранител, нотари, бизнисмени, вработени во Катастар, неофицијално поради продажба на државно земјиште

Десетина лица, меѓу кои и поранешниот министер за трансорт Миле Јанакиески утрово се приведени во акција на оддделот за организиран криминал при МВР и Обвинителството за организиран криминал, пренесува Телма.Полицијата утрово го привела и Димитар Димовски член на Извршен Комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски – Претседател на Општинскиот Комитет во Аеродром.Неофицијално станува збор за истрага за оттуѓување, односно продажба на државно земјиште, по несоодветна постапка, со што буџетот е оштетен за над 2,5 милиони евра. Откриените нелегалности се однесуваат на три парцели за хотелски комплекс покрај Вардар од другата страна на градскиот парк во Скопје. Проневера е извршена и со парцелата на која требаше да се градат шпанските скали во центарот на Скопје. Еден осомничен досега не е најден и приведен, а останатите во моментов се во суд.Меѓу уапсените, покрај државните службеници од транспорт, вработени во катастар и нотари, има и еден сопственик на фирма, како и државен правобранител со надлежност за град Скопје.

пред 6 години

BeFunky-collage-16

ЕКСКЛУЗИВНО: Полицијата утрово ги привела опозициските функционери Дејан Митревски и Димитар Димовски

Полицијата утрово го привела Димитар Димовски член на Извршен Комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски - Претседател на Општиснкиот Комитет во Аеродром, дознава Скопје1.мк од свои извори.Апсењето на двајцата опозициски функционери како што дознаваме е дел од поголема акција во која се уапсени 10 лица, а по едно се трага.Димитар Димовски ги одржа прес конференциите за настаните поврзани со аудио снимките на кои се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш измачува човек, додека Дејан Митревски е многу политички активен како опозицинер во општина Аеродром.НАСКОРО ПОВЕЌЕ

Македонија | пред 6 години

struja

Цената на струјата останува иста

Од 1 јули универзалниот снабдувач ЕВН хоум нема да ја зголеми цената на струјата. Регулаторната комисија за енерегтика (РКЕ) објави дена цената на електричната енергија нема да се менува. Тоа го покажаа пресметките за трошоците од енерегeтските компании ЕВН хоум, МЕПСО и Електродистрибуција.„Нема промена на цената на струјата, граѓаните можат да останат мирни. Како и што најавивме, нема ниту ценовен шок ниту пак какви било корекции. Сѐ останува како што е досега, нормално освен, што од понеделник 1 јули почнува со работа новиот универзален снабдувач кој ќе им испорачува струја на домаќинствата по регулирана цена“, изјави за Дојче веле, Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика. 

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Филипче се премисли - промена на полот нема да постои на сметка на Фондот и нема да се изведува во јавна здравствена установа

Министерството за здравство вечерва соопшти дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа. Оваа следува откако претходно имаше бура од реакции на социјалните мрежи, по што министерството се повлекува од оваа идеја. Претходно министерот за здравство Венко Филипче на конференцијата за унапредување на правата на ЛГБТ кои и побарале оваа хируршка интервенција да им биде достапна во државното здравство, објави slobodnaevropa.mк.„Пред неколку месеци на располагање за трансџендер хирургија е врвен експерт кој што работи во развиени европски држави и досега за овие интервенции плаќаа приватно во странство или во наши приватни болници, сега ќе покрива фондот и тие зафати ќе се прават на детската клиника, изјави претходно министерот за здравство Филипче.Во соопштението кое пред малку беше испратено од министерството до медиумите се вели дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа., стои во соопштението од Министерството за здравство.Текстот во целост е превземен од: slobodnaevropa.mк 

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

(ОБНОВЕНО) Тетовец пронајден мртов на Самоиловата тврдина во Охрид

Повозрасен маж од Тетово денеска е пронајден мртов на Самоиловата тврдина во Охрид. Телото го забележал турист од Србија додека шетал во Самоиловата тврдина во Охрид. Тој веднаш повикал брза помош, но лекарите неможеле да направат ништо и само констатирале смрт.Неофицијално на телото на починатиот не се забележани траги на насилство, што укажува дека се работи за природна смрт.За целосно расветлување на случајот, но и по барање на Јавен обвинител утре ќе биде направена обдукција врз телото на починатиот.

Македонија | пред 6 години

66034922_2129258767201356_6445048965422383104_n

ВИДЕО АНКЕТА: Дали би сте го промениле полот ? ! ( АРХИВА )

Анкетата е снимена и објавена на порталот „Охрид 1“ во јуни 2017.

пред 6 години

shilegov

(ВИДЕО) Ова е прекомично: Шилегов глуми полицаец, брка непрописно паркирани возачи

Градоначалникот на  Град Скопје, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил објави видео, во кое се гледа како тој брка непрописно паркирани возачи позади трговскиот центар Скопје Сити Мол.https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/2925314001026512/

Скопје | пред 6 години

ohrid-12

Мртов човек пронајден на Самоилова тврдина во Охрид

Турист од Србија денес попладне пронашол мртбо тело на Самоиловата тврдина во Охрид. Тој повикал Брза помош, која констатирала смрт.Неофицијално, станува збор за кинески државјанин.Се очекува повеќе детали од СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

maksim-dimitrievski-03-696x465

Димитриевски: Менувај пол, но не на државна, а уште помалку на моја сметка!

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски се спротивстави на најавата на министерот за здравство, Венко Филипче дека операциите за менување на пол ќе бидат на товар на Фондот за здравство.-Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна а уште помалку на моја сметка!– Да се разбереме, не сум против лични слободи и права, маргинализирани групи и.т.н. ги почитувам и уважувам сите, но ова е веќе навредливо.Во претставничката демократија законот е воља на мнозинството (ГРАЃАНИ), не лична желба на поединци!, смета Димитриевски.

Македонија | пред 6 години

sela

(СКАНДАЛОЗНО) Груби до Села: Ве истепаа во Собрание затоа што сте кукавица

Пратеникот Артан Груби од собраниската говорница му се обрати на Зијаден Села, велејќи му „ве истепаа во Собрание затоа што сте кукавица“. Груби му рече дека тие се скандалозна опозиција.„Народот го поддржува ДУИ, како единствената опција која ги води граѓаните напред“, рече Груби.Груби му порача на Села дека тие се слуги на измамници кои не му мислат добро на народот, додавајќи дека во 2001 година албанската опозиција ја немало, а албанскиот народ бил оставен на цедило.

Македонија | пред 6 години

bazen

Петгодишно девојче починало откако паднало во базен на угостителски објект

На 26.06.2019 година околу 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза. Утринава во 08.30 часот детето починало.Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 6 години

ojo-1

ОЈО ќе го истражува случајот со градоначалникот Курто Дудуш

Основното јавно обвинителство Скопје денеска доби писмено известување од Секторот за внатрешни работи – Скопје кое се однесува на објавата на аудио снимка на порталот „Лидер“, како и статија со наслов „АУДИО БОМБА: Градоначалникот на СДСМ тепа и измачува киднапиран човек“.Веднаш по приемот на писменото известување надлежен јавен обвинител издаде наредба за вештачење на мобилни телефонски апарати на две лица – на градоначалник на една скопска општина и на лице споменувано во снимениот материјал. Телефонските апарати ќе се вештачат заради црпење податоци од меѓусебната комуникација на овие две лица и за утврдување дали на нив постојат неовластено снимани материјали.Истовремено, до  мобилните оператори е издадено барање за обезбедување на листинзи од телефонските броеви за да се утврди меѓусебната телефонска комуникација на двете лица.Надлежниот јавен обвинител до СВР Скопје издаде наредби и насоки да продолжи со истражување на целиот кривично-правен настан, односно да обезбеди податоци околу неовластеното снимање на настанот, да утврди што точно се случило, дали некое лице е нападнато и од кого, дали притоа се здобило со телесни повреди, кога настанот е пријавен и на кој начин е евидентирана пријавата, дали повреденото лице располага со релевантна медицинска документација за повредите, дали врз основа на таа документација е поднесена приватна тужба и други околности.По преземање на сите овие дејствија, доколку притоа бидат обезбедени релевантни докази за сторени кривични дела кои се гонат по службена должност, СВР Скопје е задолжено да поднесе кривични пријави против сторителите на тие кривични дела. 

пред 6 години

blerimahmedi

Братот на Ел Чека: Вестите за моето апсење се шпекулации кои ги вади партијата на власт ДУИ

Братот на Ел Чека, Блерим Амеди, ги демантира вестите дека е уапсен. Во изјава за весникот Лајм, Ахмеди рече дека овие шпекулации се намерни и излегуваат од кујната на ДУИ.– Вестите за моето апсење се шпекулации кои ги вади партијата на власт ДУИ. Јас бев во полиција со посредниците на ОБСЕ кои видоа дека во Северна Македонија нема демокатија, туку тука продолжува комунизмот. Полицијата ги користи нејзините образложенија за ограничување на протестот, но ние ќе ја продолжиме нашата цел и во недела во 16:00 часот, ќе се сретнеме пред ректоратот на Тетовскиот универзитет и ќе маршираме кон седиштето на ДУИ, изјави за весникот Лајм, Блерим Ахмеди, веднаш откако излезе од полициската станица во Тетово. 

Македонија | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски на ФБ: Денеска се спроведе стандардна процедура на институциите во Унгарија откако ...

По денешното спроведување на екс премиерот Никола Грувски пред суд во Унгарија, тој се обрати преку социјалната мрежа Фејсбук. Груевски напиша:„Денеска спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања