„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

raskoski

Рашковски за „бомбата“: Не сум местел тендер!

Откако неколку медиуми објавија аудио разговор, во кој еден од соговорниците е Драги Рашковски, генерален секретар на Владата, а според објавувачите разговорот наводно треба да докаже местење на тендер, со реакција се јави и повиканиот Рашковски.“Разговорот е снимен од Климент Чепуњовски, разрешен директор на техника во МНАВ баш поради предизвикување на сериозен инцидент, за кој има извештај подготвен од Комитетот за воздухопловни несреќи.Неколку појаснувања.Тендерoт и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година. Од тогаш поради за нас познати причини, никој не го потпишува договорот за набавка на нов радарски систем.Новиот директор на техника Климент Чепуњовски свесен за состојбата со техниката, намерно не го потпишува договорот и праќа навредливи писма кон ЕБРД (за тоа докази во текот на утрешниот ден) и прави други незаконски дејствија за кои има докази до обвинителство.Со оглед на тоа дека опремата е неопходна за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, ПО ЗАДОЛЖЕНИЕ НА ВЛАДА, а не самоволно се организира состанок во мојата канцеларија (кој Климент го снима но намерно го сече делот каде што тој збори) и на состанокот НЕ СЕ ДОГОВАРА НИКАКОВ ТЕНДЕР туку се збори за ДИНАМИКАТА НА ИСПОРАКА НА ВЕЌЕ ЗАВРШЕНА ПОСТАПКА ОД 2016 година, затоа што по вина на Климент Чепуњовски, не се потпишува договорот за испорака.Обвинувањата за некакво местење на тендер, Климент, порталот Лидер и останатите ќе треба да ги докажат на суд.Против Климент Чепуњовски веќе има постапка затоа што со своите постапки ги доведе во животно загрозувачка состојба животите на стотици лица. Во интерес на истрагата деталите може да ги соопшти само обвинителство.Во понеделник, целокупниот материјал со детали за набавката на АТМ системот и вмешаноста на Климент Чепуњовски и активностите на Владата за заштите на животите на патниците ќе бидат доставени до новинарите.Снимката Климент Чепуњовски ја има предадено на висок функционер на опозициона партија пред неколку дена, откако дозна за извештајот во кој тој е посочен за виновен за случениот инцидент”, напиша Рашковски на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Героски: Само Бојан Јовановски знае зошто се препознал во моите написи

Откако Бојан Јовановски ака Боки 13 во Отворено студио на 1ТВ отворено кажа дека тој се препознава во приказните на новинарот Бранко Героски, кој пишува за новинарски рекетари, со севдоними “Кики, Коки”, преку својот фејсбук профил се огласи Героски.Тој напиша:„На пат на годишен одмор надвор од Македонија, известен сум дека господинот Бојан Јовановски, кој, ако добро разбрав, се претставил како неформален сопственик на 1ТВ, вечерва изјавил дека тој е личноста за која јас пишувам во моите написи.Колку што можев да прочитам по пат, во интервјуто на Јовановски со Јадранка Костова, се спомнуваат и други лица и се коментираат односите на сопственикот на 1ТВ со нив. Ако добро сфатив, повод за овој настап на Јовановски е денешиот одговор на премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање, во врска со некаков настан во Битола, за кој, според премиерот, се водела истрага (подоцна е прецизирано дека Обвинителството само следело информации).Во врска со настапот на неформалниот сопственик на 1ТВ, сакам да ја известам јавноста дека во ниту еден од моите написи кои се коментираат, јас не ги спомнувам Бојан Јовановски, 1ТВ, новинарите од оваа телевизија и сите други ликови кои биле спомнати вечерва.Во секоја од моите приказни за големата рекетарска афера (ако на тие написи мисли Јовановски), нагласувам дека ликовите што ги спомнувам се со измислени имиња и дека секое препознавање е одговорност на оние што себеси се препознаваат или други лица препознаваат во ликовите од моите приказни.Тоа е легална и легитимна литерарна постапка, а нуждата да се послужам со неа и со езоповски јазик, ја објаснив и во интервју за Гласот на Америка.Најавувам дека рекетарската сага ќе продолжи со нови епизоди и со истата раскажувачка постапка. На Бојан Јовановски му посакувам 1ТВ да ги преброди проблемите во релацијата со УЈП, а тој лично што поскоро да дојде во посед на трансакциска сметка, за да може, ако посака, да го легализира својот сопственички статус. На новинарите од овој медиум им посакувам успешна работа“, напиша Героски на ФБ.https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2253483651439984 

Македонија | пред 6 години

mile-janakieski

Jанакиески повторно уапсен, сега за продажба на државни парцели - покрај екс министерот мерка притвор уште за 8 лица

Екс министерот Миле Јанакиески, осомничен во нов случај на обвинителството за организиран криминал. Обвинители заедно со полицијата по неколкумесечна предистрага денеска уапсија девет осомничени за злоупотреба на службената положба. Вечерва им е одредена мерка притвор,  во врска со продажба на државно земјиште.Поконретно истрагата се води за четири локации со намена за изградба на хотелски комплекси. Една од локациите е позната како Шпански скали. 

пред 6 години

28062019_PVRSM-Zaev_pratenicki-prashanja_1

Заев: Нема зголемување на цената на струјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во вториот дел од дебатата во Собранието на Република Северна Македонија, на чијшто дневен ред се пратенички прашања го искоментира не покачувањето на цената на струјата за домаќинствата.„Либерализацијата е почаната, од 1.јули почнува, ја држи фиксна цената, не се зголемува цената за домакинствата, а 20 – 30 проценти од трговските компании од помал обем ќе имаат намалување од 140 на 80 евра по мегават часови.Денеска се потврдија тврдењата дека нема зголемување на цената на струјата. Многу е значајно, не поради тоа што излезе нашата теза дека нема да се зголеми цената на струјата, туку дека водиме грижа за социјалниот аспект на нашите граѓани, тоа за нив значи заштеда на средства. И во меѓувреме се воведе ефтината тарифа на струјата којашто за една година заштеди 8 милиони евра, другата година 11.4 милиони евра, пари останати кај граѓаните, не ги плаќаат користејќи ја ефтината тарифа на струјата.Либералзацијата е воведена и практично од денеска. Бенефит ќе имаат 20 – 30 проценти компании, што досега мораа да купваат струја од околу 142 евра, сега може да ја најдат по околу 80 евра за мегават час.Тоа ќе ги напраави нивните производи многу попродуктивни и многу поконкурентни, бидејќи имаат одржливост, што треба да вроди со нови инвестиции кај нив, нови работни места, благодет да чувствуваат сите. Ова е голем успех. Ги мотивирам сите институции во делот на енергетиката да продолжат со тој тренд, со транспарентноста и тоа да биде мотивација за сите врабтени, до последниот работник и вработен во ЕСМ или ЕЛЕМ и МЕПСО, така им служиме на граѓаните. Радосен сум што тоа се постигна. Со оваа цена меѓу 2 и 3 милиони евра треба да има профитабилност ЕСМ, веројатно можел да падне и под прагот, и тоа за мене е голем успех, ќе биде мотивација и на други инститиции да ги постигнат тие резултати. Тоа е доказ за домаќинско работење, транспарентно и еве какви резултати даваме“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев рече дека „ако сме европска земја, треба да чекориме кон Европа, иако тоа значи да ги засукате ракавите и да ја одработите работата, сe со цел да ги заштитите дома граѓаните, потрошувачите, домаќинствата, но истовремено да ги заштитите и стопанството и компаниите. Посочи и на Извештајот на ЕУ, којшто дефинира најголеми реформи од целиот регион во енергетската сфера, тоа го кажаа уште лани, сега е потврдено во Извештајот, „перформансот којшто Владата го покажа во целиот овој период заедно со институциите во енергетиката, го даваат еве денеска комплетинот резултат“.Премиерот Заев најави дека за јулските сметки на граѓаните ќе им достават сметки од ЕVN HОМЕ, наместо од ЕВН, „тоа е универзалниот снабдувач, согласно Законот за енергетика што овој Парламент го донесе“.„И благодарение на заштедите на ЕВН, ЕСМ, или ЕЛЕМ, па и МЕПСО, испорачавме цена од 34.5 евра по мегават часови и издадовме понуда за сите домаќинства. И нема потреба од други набавки на ЕВН, ние ја гарантираме стабилната цената за сите домаќинства во следната година, а верувам ќе трае, иако пазарот се либерализира на 80, 70, 60 проценти додека не стане комплетно 100 проценти“, рече премиерот Заев.Тој додаде дека „денес ЕЛЕМ има акумулирана добивка од 46.3 милиони евра“.„И треба да знаат граѓаните дека тоа се тие податоци со коишто се гордееме и кажуваме дека транспарентноста и компетитивноста носат дефинитивно заштеди на јавни пари. Во моментот ЕЛЕМ на својата сметка има 20 милиони евра и депонирано во банката има 60 милиони евра. Тоа се 80 милиони евра што треба да бидат употребени комплетно за инвестиции, за разлика од 2014 кога генерирале акумулирана загуба од 16.8 милиони евра и затоа не била можна либерализацијата“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев потсети на тврдењето на опозицијата дека „ако се случи либерализација, тоа значи во најмала рака ќе значи домаќинствата да плаќаат повиски цени и тоа ќе биде катастрофа, драматично, лошо“.„Денеска Регулаторна комисија за енергетика објави дека цената на струјата останува иста како што беше до сега. Ја носат одлуката сега и таа важи од 1.јули 2019 до 30 јуни 2020 година.Почнувајќи од 2006 година, дотогаш е стабилна цената, доаѓа Владата и почнува да се качува цената на струјата се до 2013 година, вклупно 60 проценти. Веројатно биле во право дека со либерализацијата тогаш, цената ќе расте, но зошто – заради бандитски работи. Затоа што немало рационално работење, пред се во енергетските комбинати. Еден од тие енергетски комбинати е ЕСМ, сегашен ЕЛЕМ, МЕПСО, тие се двата големи државни комбинати и ако видите дека има истрага на пример, дека се потрошени 5 – 10 милиони евра за реконсттрукција на котлите, одржување, рудници, кои биле цените, ќе сфатите дека 2014 година ЕЛЕМ, работи со загуба од 14.5 милиони евра годишно“, објасни премиерот Заев меѓу другото, во одговорот за цената на струјата за којашто е објавено денеска дека не се покачува, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka1-1

Автомобил удри во мало девојче на пешачки во Аеродром

Автомобил Пежо со скопски таблички удрил во мало девојче, дознава Курир од очевидци на лице место.Несреќата се случила во близина на трговскиот центар „Скопјанка“ помеѓу улиците Јане Сандански и Владимир Комаров во Аеродром.Очевидци за Курир велат дека девојчето поминувала на пешачки премин, додека возачот прелетал со околу 80 km на час.

Скопје | пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

Боки 13 се препознава во приказните на Геровски: Тој што ги измислува, ќе заврши неславно

Бојан Јовановски ака Боки 13 во Отворено студио на 1ТВ отворено кажа дека тој се препознава во приказните на новинарот Бранко Геровски, кој пишува за новинарски рекетари, со севдоними “Кики, Коки”.“Да, јас сум оној за кој пишува Геровски. Јас сум оној за кого беа изнесени многу лаги. Задача на Геровски е да пишува. Околу текстовите, да се бранам, не е сериозно. Нема да се бранам за измислени приказни. Кој и да ги измислува приказните, ќе заврши неславно”, рече Бојан Јовановски ака Боки 13.Бојан 13 ги повика институциите да испитаат дали тој рекетирал.

Македонија | пред 6 години

65598335_321581225417116_8101366372564467712_n

Твитерџија до ВМРО-ДПМНЕ: Ако зборнете нешто за “Скопје прајд” ќе објавам слики од вашите челници како пушат к**

Твитерџија потпишан како “Скопски педер” сподели статус кој стана вирален, обраќајки им се на ВМРО-ДПМНЕ, а поврзан со парадата на гордоста, “Скопје прајд”. “Отворен твит до ВМРО. Утре ако ви падне на памет партиски да бекнете нешто против прајд или недај боже проблеми да правите. Најселски ќе објавам фотки на вашите челници како се забавуваат пушејќи к**. Па бујрум ако ви држи газот”, напиша влијателниот твитерџија.

Македонија | пред 6 години

rampa-asfalt

Донев: Да се откорне вековна калдрма и да се асфалтира? Добро бе луѓе, дали меѓу вас има еден со здрав разум?!

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ објави статус на социјалната мрежа фејсбук, преку кој обвинува за уништување на вековната калдрма во стариот дел на Охрид. Донев пишува:„И ова денес се случи...Да се откорне вековна калдрма и да се асфалтира, потоа да се стави рампа низ која може да поминат само автомобили.Добро бе луѓе, дали меѓу вас има еден со здрав разум?!Упорно одите со главата во ѕид против волјата и интересите на граѓаните на Стар град.Колку пати ви беа демонтирани глупавите рампи и пак терате инает со граѓаните.Овој пат се осудивте и калдрмата која е белег на оваа улица да ја откорнете!Кажете како би поминало тука противпожарно возило ако недај боже затреба???Жално, бедно, тотално непромислено и забегано“, напиша Донев на ФБ.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217367080826684&set=a.1233635078696&type=3&theater 

Македонија | пред 6 години

Mile-Janakieski

Kривични пријави и предлог мерка притвор за Јанакиевски и уште 10 те лица, приведени во денешната акција

На 28.06.2019 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 11 лица и тоа: М. Ј. (40) од Скопје, поранешен министер за транспорт и врски, Д. Д. (44) од Скопје, Б.Д.Д. (41) од Скопје, В.С. (51) од Скопје, А. Ј. (36) од Велес, Д. М. (32) од Скопје, вработени во Министерството за транспорт и врски, Е. Р. (53) од Скопје, Државен правобранител за подрачје на град Скопје од 23.01.2007 до 30.10.2018, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 став 5 в.в став 1 од КЗ; С.К. (54) од Скопје вработена во Агенција за катастар на недвижности– Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по чл.353 – в од КЗ на РСМ; Р.П. (64) од Скопје, Нотар за подрачје на Основните судови на градот Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 став 5 в.в став 1 од КЗ, Л.С. (59) од Скопје, Нотар за подрачјето на Основните судови на градот Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 став 5 в.в став 1 од КЗ, , како и за М. Ј. (51) од Скопје, сопственик и управител на правно лице од Скопје.Во денешните дејствија за обезбедување на осомничени лица  што се реализираа под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се 10 осомничени лица.Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, а едно од лицата Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, при што со своите дејствија предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 162.644.745,00 денари или 2.647.802 милиони евра.Во предистражната постапка е утврдено дека во временскиот период од 21.12.2010 година до 08.08.2018 година, првоосомничениот заедно со петмина административни службеници, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на чл.17 ст.4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште што се однесува на чл.74  ст.1, т.7 од Законот за градежно земјиште. Имено, во наведениот период осомничените подготвиле и потпишале четири Договори за оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата.За два од Договорите што се однесуваат за земјиште во вкупна површина од 4090 м2, наменето за изградба на хотелски комплекси со вкупна вредност од 20.450.000,00 денари и  за земјиште наменето за изградба на објект со комерцијални и деловни намени, со вкупна површина од 1046 м2  во вредност од 97.382.600,00 денари, осомничените не ја следеле реализацијата на наведените Договори и Анекс – Договори. Наместо поради неисполнување на договорните обврски еднострано да ги раскинат договорите и да го вратат градежното земјиште во сопственост на државата, како и да извршат наплата на договорната казна од купувачот за целиот период од денот на истекот на рокот за обезбедување на Одобрението за градење, тие постапиле спротивно на своите овластувања и овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 25.000.127,00 денари, односно 113.840.268,00 денари за вториот договор.Останатите два Договори се склучени со осомничено лице кое во првиот случај се јавува како физичко лице - купувач, а во вториот како сопственик на правно лице. Договорите  се однесуваат за земјиште во вкупна површина од 8745м2, со цена постигната со електронско јавно наддавање во износ од 2.500,00 денари за 1 м2 или вкупна вредност од 21.862.500,00 денари и за земјиште во вкупна површина од 13 675м2, наменето за изградба на хотелски комплекси, со цена во износ од 71,00 денар за 1 м2 односно вкупна вредност од 970.925,00 денари постигната со електронско јавно наддавање.Неводејќи сметка за имотните права и интереси на државата и неизвршувајќи ја својата службена должност, едно од осомничените лица во својство на службено лице покрај тоа што првично констатирало правни пречки за склучување на Анекс на Договорот и побарало истите да се отстранат, ја злоупотребило својата службена положба и овластување и подготвило мислење без да обезбеди дополнителни докази и без да констатира правни пречки за солемнизација на предложениот текст на еден од Анекс – Договорите. Со своите дејствија осомниченото лице постапило спротивно на чл.2 од Законот за државното правобранителство.Со неизвршување на својата службена должност, двајца осомничени како службени лица кои вршат работи од јавен интерес постапиле спротивно на законот. Едниот, иако приложената документација не била комплетна, извршил потврдување на приватната исправа и притоа го изменил текстот на еден од Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и Анексот на Договорот во делот што се однесува на реалниот товар над земјиштето.  Наместо да констатира еднострано раскинување на договорите и враќање на градежното земјиште во сопственост на државата, во случај на неисполнување на договорните обврски, дефинирал оттуѓувачот да може да наплати само договорна казна, без прецизирање како државата ќе го наплати своето побарување доколку купувачот не располага со друг имот.Второто осомничено службено лице со умисла помогнато од осомничениот сопственик и управител на правното лице, постапило спротивно на одредбите од Договорот за оттуѓување, како и спротивно на чл.43 и чл.46 од Законот за нотаријат. Иако било запознаено, не потврдило и не го евидентирало постоењето на право на реален товар во корист на оттуѓувачот - Р.М.Постапувајќи спротивно на своите службени овластувања  осомниченото лице извршило и Солемнизација на нов Договор -  Договор за дар на недвижен имот за едно од предметните земјишта, кој бил заверен и во кој е констатирано дека дародавецот - осомничениот, бил сопственик на недвижноста што ја подарува и дека на истата немало воспоставено никаков правен товар. Со своите дејствија осомниченото лице овозможило предметното земјиште да се пренесе во сопственост на трети лица.Осомничениот сопственик на правно лице иако знаел дека не ги исполнил обврските од Договорот за оттуѓување на градежно земјиште, го известил Министерството за транспорт и врски за отпочнување со градежни активности, а кои ги прекинал со невистинито образложение и во два наврати доставил и вештачења изготвени по негово барање со прикажана состојба на земјиштето спротивно од констатираното од страна на Општина Центар. При Солемнизација на Договор за дар на недвижен имот, осомничениот дал лажна изјава дека градежното земјиште што е предмет на подарок, не е оптоварено со никаков правен товар.Со пропуштање на должен надзор - без да утврди дека во приватната исправа – Договорот за оттуѓување на градежно земјиште било предвидено прибележување на реален товар над земјиштето во корист на оттуѓувачот, осомничено службено лице несовесно постапило во вршењето на своите овластувања и не ги почитувало одредбите од чл.171 од Законот за катастар на недвижностите, по кои било должно да постапува. Без да прибележи товар над земјиштето осомниченото службено лице извршило промена на сопственоста над земјиштето и во јавните книги на катастарот во корист на осомничениот сопственик на правното лице.Со извршените дејствија шестмина од осомничените сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со со ст.1, двајца  осомничени сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.4 в.в. со ст.1, еден осомничен сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и едно лице е осомничено дека сторило кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за сите осомничени.Едновремено обвинителот согласно член 118 и член 120 од Законот за кривична постапка достави и Предлог за определување на мерки за обезбедување на имотно -правно побарување во висина на штетата.

пред 6 години

ojo

ОЈО спроведува истрага за 11 лица, се бара притвор и имотно правно побарување во висина на штетата

Во денешните дејствија за обезбедување на осомничени лица што се реализираа под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се 10 осомничени лица.Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, а едно од лицата Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, при што со своите дејствија предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 162.644.745,00 денари или 2.647.802 милиони евра.Во предистражната постапка е утврдено дека во временскиот период од 21.12.2010 година до 08.08.2018 година, првоосомничениот заедно со петмина административни службеници, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на чл.17 ст.4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште што се однесува на чл.74 ст.1, т.7 од Законот за градежно земјиште. Имено, во наведениот период осомничените подготвиле и потпишале четири Договори за оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата.За два од Договорите што се однесуваат за земјиште во вкупна површина од 4090 м2, наменето за изградба на хотелски комплекси со вкупна вредност од 20.450.000,00 денари и за земјиште наменето за изградба на објект со комерцијални и деловни намени, со вкупна површина од 1046 м2 во вредност од 97.382.600,00 денари, осомничените не ја следеле реализацијата на наведените Договори и Анекс – Договори. Наместо поради неисполнување на договорните обврски еднострано да ги раскинат договорите и да го вратат градежното земјиште во сопственост на државата, како и да извршат наплата на договорната казна од купувачот за целиот период од денот на истекот на рокот за обезбедување на Одобрението за градење, тие постапиле спротивно на своите овластувања и овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 25.000.127,00 денари, односно 113.840.268,00 денари за вториот договор.Останатите два Договори се склучени со осомничено лице кое во првиот случај се јавува како физичко лице – купувач, а во вториот како сопственик на правно лице. Договорите се однесуваат за земјиште во вкупна површина од 8745м2, со цена постигната со електронско јавно наддавање во износ од 2.500,00 денари за 1 м2 или вкупна вредност од 21.862.500,00 денари и за земјиште во вкупна површина од 13 675м2, наменето за изградба на хотелски комплекси, со цена во износ од 71,00 денар за 1 м2 односно вкупна вредност од 970.925,00 денари постигната со електронско јавно наддавање.Не водејќи сметка за имотните права и интереси на државата и неизвршувајќи ја својата службена должност, едно од осомничените лица во својство на службено лице покрај тоа што првично констатирало правни пречки за склучување на Анекс на Договорот и побарало истите да се отстранат, ја злоупотребило својата службена положба и овластување и подготвило мислење без да обезбеди дополнителни докази и без да констатира правни пречки за солемнизација на предложениот текст на еден од Анекс – Договорите. Со своите дејствија осомниченото лице постапило спротивно на чл.2 од Законот за државното правобранителство.Со неизвршување на својата службена должност, двајца осомничени како службени лица кои вршат работи од јавен интерес постапиле спротивно на законот. Едниот, иако приложената документација не била комплетна, извршил потврдување на приватната исправа и притоа го изменил текстот на еден од Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и Анексот на Договорот во делот што се однесува на реалниот товар над земјиштето. Наместо да констатира еднострано раскинување на договорите и враќање на градежното земјиште во сопственост на државата, во случај на неисполнување на договорните обврски, дефинирал оттуѓувачот да може да наплати само договорна казна, без прецизирање како државата ќе го наплати своето побарување доколку купувачот не располага со друг имот.Второто осомничено службено лице со умисла помогнато од осомничениот сопственик и управител на правното лице, постапило спротивно на одредбите од Договорот за оттуѓување, како и спротивно на чл.43 и чл.46 од Законот за нотаријат. Иако било запознаено, не потврдило и не го евидентирало постоењето на право на реален товар во корист на оттуѓувачот – Р.М. Постапувајќи спротивно на своите службени овластувања осомниченото лице извршило и Солемнизација на нов Договор – Договор за дар на недвижен имот за едно од предметните земјишта, кој бил заверен и во кој е констатирано дека дародавецот – осомничениот, бил сопственик на недвижноста што ја подарува и дека на истата немало воспоставено никаков правен товар. Со своите дејствија осомниченото лице овозможило предметното земјиште да се пренесе во сопственост на трети лица.Осомничениот сопственик на правно лице иако знаел дека не ги исполнил обврските од Договорот за оттуѓување на градежно земјиште, го известил Министерството за транспорт и врски за отпочнување со градежни активности, а кои ги прекинал со невистинито образложение и во два наврати доставил и вештачења изготвени по негово барање со прикажана состојба на земјиштето спротивно од констатираното од страна на Општина Центар. При Солемнизација на Договор за дар на недвижен имот, осомничениот дал лажна изјава дека градежното земјиште што е предмет на подарок, не е оптоварено со никаков правен товар.Со пропуштање на должен надзор – без да утврди дека во приватната исправа – Договорот за оттуѓување на градежно земјиште било предвидено прибележување на реален товар над земјиштето во корист на оттуѓувачот, осомничено службено лице несовесно постапило во вршењето на своите овластувања и не ги почитувало одредбите од чл.171 од Законот за катастар на недвижностите, по кои било должно да постапува. Без да прибележи товар над земјиштето осомниченото службено лице извршило промена на сопственоста над земјиштето и во јавните книги на катастарот во корист на осомничениот сопственик на правното лице.Со извршените дејствија шесмина од осомничените сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со со ст.1, двајца осомничени сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.4 в.в. со ст.1, еден осомничен сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и едно лице е осомничено дека сторило кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за сите осомничени. Едновремено обвинителот согласно член 118 и член 120 од Законот за кривична постапка достави и Предлог за определување на мерки за обезбедување на имотно-правно побарување во висина на штетата.

пред 6 години

F071A090-0D4F-454E-A799-E2A09E4A67B4

Возачот на камионот кој предизвика несреќата на скопската обиколница, осoмничен за тешки дела против безбедноста на луѓето

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст. 4 во врска со чл. 297 ст. 3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 21.06.2019 година, по автопатот Скопје-Тетово-Обиколница на Град Скопје како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и ги довел во опасност животот и телото на луѓето.Тој управувал со товарно моторно возило МАН со скопски регистарски таблички и кога дошол пред надвозникот Визбегово, не се движел по средината на обележаната сообраќајна лента. Со десните тркала на камионот тој се движел по сообраќајната лента за принудно запирање, со што постапил спротивно на чл.29 ст.1  и на чл. 132  ст.3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.Од тие причини тој удрил во задниот лев дел на автомобил БМВ 535 со гостиварски регистарски ознаки, кој бил запрен во десната сообраќајна лента заради контрола од страна на мобилна сообраќајна полициска екипа. Од силата на ударот, патничкото моторно возило БМВ се придвижило нанапред и удрило во паркираниот полициски автомобил Шкода Јети и во метална одбојна ограда покрај патот. Автомобилот БМВ се запалил, при што сопатникот во возилото се здобил со изгореници и починал на лице место. Полициското возило исто така се придвижило нанапред и удрило во пешаците – возачот на автомобилот БМВ кој бил излезен надвор од својот автомобил и двајца полициски службеници. Сите тројца се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Еден од полициските службеници подоцна им подлегнал на повредите здобиени во сообраќајната несреќа.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. 

пред 6 години

nikoloski-1

Николовски: „Нови избрани министри, да не ме сфатите погрешно немаме“

„Нови избрани министри, да не ме сфатите погрешно немаме. Од големо најавуваната реконструкција на владата не се случи ништо и денешната акција е токму резултат покривање на таа работа. Имаме од глупост во глупост влегување од ден во ден, видовте вчера со што се занимаваше министерството за здравство за да вечерта ретерираат после сериозните реакции на јавноста. Имаме од скандал во скандал и не знаат како да излезат и влегуваат во вакви работи. Ако ја гледате таканаречената реконструкција на владата имате еден министер кој што од здравствени причини се повлече, природно дојде друг човек на негово место, му посакувам на господинот Асаф Адеми добро здравје и се најдобро. Имате втор министер кој што ротира од позиција икс на позиција ипсилон, имате трет министер кој што оди во министерство во кое што и претходно нешто него видовме министерството за локална самоуправа и на тоа се сведува реконструкцијата. И имате желба на Зоран Заев да го контролира државното кесе со цел да може да функционира системот „евро за евро“. Така што реконструкција практично и да немаше“, истакна Николовски, одговарајќи на новинарско прашање за новозбраните министри. 

Македонија | пред 6 години

nikoloski-1

Николоски: 751 истрага против членови на ВМРО-ДПМНЕ е отворена затоа што власта е во тешки скандали

Како што Заев најави пред неколку месеци, власта има отворено 750 случаи против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Значи замислите Заев, премиерот на државата кој што не треба да се меша во судството и во обвинителството. Точно знае колку случаи се отворени против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Утрово го отворија 751, затоа вчера и завчера имаа дебакл со изборот на Влада, затоа што вчера и завчера Заев не знаеше дека не може биде и Премиер и министер за финансии, па не знаеше како да излезе од целата таа ситуација во којашто сака директно да ја контролира државната каса за да може акцијата „евро за евро“ да продолжи да функционира во оваа држава, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.751 истрага против членови на ВМРО-ДПМНЕ е отворена затоа што власта е во тешки скандали и во овој момент Заев со поти на пратенички прашања, затоа што нема одговор како негови советници кои што се наводно советници за односи со Франција земаат плата на сметки во Србија. Како што и нема одговори на многу слични афери.Ова е брутален политички напад. Со акцијата помеѓу другите лишени се од слобода членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, претседателот на еден од најголемите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Аеродром, Дејан Митевски како и други лица. Во оваа акција власта влегува со директна пресметка со членови на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребувајќи и обични службеници.Во акцијата покрај поранешниот министер се приведени и 6 жени кои што работат во различни институции во Република Македонија како обични службенички. Приведени се 6 недолжни граѓани на оваа држава жени, обични службенички кои што си ја работат својата работа во катастарот, министерството, кај нотари и во правобранителството.Знаеме дека власат сака да се одмаздува. ВМРО-ДПМНЕ е навикнато на прогони и на притисоци. Но ги повикуваме, еве нека ги гонат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, нека не ги гонат недолжните службенички кои што ништо друго не прават освен што си ја вршат својата работа.Внимавајте ова е случај во кој што нема како што утрово беше најавувано криминал, корупција, ниту кај било кој од оние кои што се утрово приведени се најдени нелегално стекнати средства или против правна-имотна корист. Се работи за толкување на управна постапка која што може да се толкува на еден или на друг начин. Истата од страна на службениците во разните институции може да е изведено правилно или неправилно.Такви ситуации во јавната администрација има секој ден десетици, за истите има начин како се проверуваат. Доколку се правилни тоа е тоа, доколку има грешка има соодветна управна постапка во која казната може да е намалување на плата на соодветниот службеник или суспензија од работа. Но, никако понижување со информирање медиуми, со изведување пред истражни судии и определување притвори.На кого ќе определуваат притвор на шест недолжни жени кои што ќе направат, ќе бегаат од државата, каде ќе одат, или ќе определат притвор на оние кои веќе се во притвор, или ќе определат притвор на претседателот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром со цел да не може да го води ОК во Аеродром зошто на претходните претседателски избори ги прегази таму иВМРО-ДПМНЕ победи со 3.500 илјади гласови разлика истата онаа општина која СДСМ на локалните избори ја сметаше за своја голема победа заради скандалите кои ги вадеше Дејан Митевски во јавност, заради истите скандали заради кои тој збореше за Златко Марин ВМРО-ДПМНЕ победи со 3.500 гласови разлика.На Златко Марин влакно не му фали на косата, ама Дејан Митевски утрово е приведен зошто бил обичен службеник во министерството за транспорт и врски, внимавајте обичен службеник не бил на никаква раководна позиција, но само зошто е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром е приведен утрово.Или Димитар Димовски кој од истата оваа сала, од истата говорница пред вас изминатата недела држеше прес конференции поради неработењето на Заев и разузданиот градоначалник, неговиот пулен Курто Дудуш и неправилностите и скандалите во МВР. Затоа ли е приведен Димитар Димовски, затоа ли, за да не може од овде да држи прес конференции за скандалите на власта кои секојдневно ги прави?Во исто време гледаме како градоначалник насилник се шета на слобода само затоа што е пулен на власта, гледаме скандали во министерството за здравство кои одат од ден за кои нема никаква одговорност, гледаме криминал и корупција на секој чекор, гледаме афери кои излегуваат во јавноста, а замислете обвинителство не ги ни истражува.Имаме ситуација кога самото обвинителство пред скоро година дена кажа дека било прислушувано, година дена помина никој збор нема кажано што се случува со таа работа. Имаме ситуација кога пред две недели наводно се апсеа дилери на дрога никој не слушнавме што се случи со нив ни дали се во притвор и дали не се во притвор и кои се тие луѓе. Имаме ситуација кога се прават спектакуларни акции за нелегален тутун во државата, ама никој не е уапсен.Но, затоа утрово 6 обични службенички и двајца високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се уапсени на спектакуларен начин заради различно толкување на административните постапки кои што оставам соодветните органи да ги толкуваат вака или онака.Очигледно целта на Заев и на власта е да се угуши секоја критика. Но, тоа нема да им успее. Нема да не исплашат, поколебаат или да не стават во дефанзива. Ниту ќе успеат да ја дефокусираат јавноста, позната е пи-ар алатката во која што се оди со ваков дефокус., но тоа е 751-ви пат според зборовите на Заев. Да е прв или втор пат поминува, 751-ви не поминува.Ние ќе продолжиме уште пожестоко и организирано да се бориме за правдата, да укажуваме на неправилностите на власта, да укажуваме на проблемите кои што ги прави како и на можните злоупотреби.Власта е нервозна затоа што го знае расположението на граѓаните, ги знаат бројките, ги знаат анкетите и знаат дека ќе загубат. Во исто време апелираме до обвинителството и до судството да се оттргнат од рацете на власта и од политичките влијанија и да одлучуваат по словото на законот и уставот. Тоа е нивна обврска, тоа е нивна заклетва и тоа е нивната одговорност. Сакаме да веруваме дека ќе ги испочитуваат истите и дека ќе се стават крај на овие спектакли.А на полицијата да и кажеме дека ваквите спектакли еден ден ќе имаат одговорност, затоа што за година или две на овие луѓе ќе им се каже дека нема никакво дело, ама ќе им се уништат година или две од животот. Тоа е неправилно и тоа не смее да се дозволи, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

lift

Две лица осомничени за разбојничка кражба и разбојништво, нападнале жена во лифт

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 20 и 22 години, кои се осомничени дека во соизвршителство сториле две кривични дела  – Разбојничка кражба од член 238 став 1 и Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.Осомничените на 18 јуни, во зграда на булеварот ВМРО во Скопје, биле заедно затечени во кражба, при што употребиле сила кон една оштетена и од неа одзеле два паричници во кои имало вкупно 700 денари, кредитни картички и лични документи. Имено, тие ја забележале оштетената како се движи кон зградата и побарале ситни пари од неа. Откако не им дала, влегле заедно со неа во лифтот и се обиделе да и го одземат паричникот. Притоа, ја притиснале и со употреба на сила и ги извадиле паричниците од чантата, ја оттурнале и избегале.На 21 јуни, на истото место и речиси на идентичен начин, следеле оштетена која завршила со пазарување и се враќала кон зградата. Кога влегла во влезот, ја задржале вратата и влегле по неа. Пред лифтот и пришле и со употреба на сила ја турнале и ја удриле по главата, по што и го одзеле паричникот во кој се наоѓале 4.000 денари, кредитни картички и лични документи. Со одземените предмети го напуштиле местото.Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, односно дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничените лица.  

Скопје | пред 6 години

antonio_govornica

Милошоски до Заев: Зошто хонорарот на советникот Зафировски го исплаќате во Србија, избегнувате ли плаќање на данок?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната седница за пратенички прашања запраша Зошто се крие биографијата на советникот на премиерот Зоран Заев, Љупчо Зафировски, кој не живее во Париз, туку во Скопје и дали платата од 1.200 евра ја добива на сметка во Србија за да се избегне плаќањето данок?– Заев излажа кога рече дека советникот живее во Париз, бидејќи тој има постојано живеалиште во Скопје. Советникот платата од влада ја зема во Србија со што и тој и премиерот прават кривично дело за да избегнат плаќање данок – рече Милошоски.Премиерот на ова прашање одговори:„Зафировски е законски ангажиран и тој ја одредува сметката на која треба да му се исплаќа платата. Јас не можам да бидам истражен орган. Тој не е Жан Пјер, туку Љупчо Зафировски, наш граѓанин“, рече Заев.   

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања