Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Денес седници на комисиите за европски прашања и финансирање и буџет

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања и за финансирање и буџет.На дневен ред пред членовите и на двете комисии се   Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина, двата во второ читање.

Македонија | пред 6 години

dsc5628

Николовски: Ќе работиме на реализација на нашата програма и нашите ветувања

Вчера за нов генерален секретар на СДСМ беше е избран Љупчо Николовски и тој повеќе нема да биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.Новоизбраниот генерален секретар се заблагодари за дадената довербата  и рече дека фокусот на неговата работа ќе биде строга контрола на исполнувањето на партиската програма и на дадените изборни ветувања.„Ќе работам заедно со новото раководство на СДСМ, со новиот Извршен одбор и потпретседателите што ќе бидат назначени во следните неколку недели, но ќе го црпиме и искуството од досегашните потпретседатели и генералниот секретар. Ќе работиме пред се на силна контрола за тоа како се реализира нашата програма и нашите ветувања“, рече Николовски.

Македонија | пред 6 години

120190520_080018

Денес променливо облачно со сончеви периоди и температура до 29 степени

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 15, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.И во вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.Преодно стабилизирање ќе има во среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Цените на горивата од денеска РКЕ ќе ги одредува по новата методологија

Од денеска, па секој понеделник натаму според веќе усвоената нова методологија, Регулаторната комисија за енергетика ќе ги одредува максималните малопродажни цени на горивата во земјава.Во новата методологија РКЕ ја зголеми малопродажната маржа од сегашните 3,2 на 4,6 денари по литар иако трговците бараа таа да изнесува од 6,2 до 6,5 денари за литар. Покрај тоа, трошокот за транспорт во државата е пресметан на 0,75 денари за литар.И со новата методологија, курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта и на нафтените деривати на светските берзи остануваат главни критериуми од кои зависи малопродажната цена на горивата на бензинските пумпи низ земјава.Со донесувањето на новата методологија престанува времената либерализација на пазарот на горивата во земјава што траеше две недели поради не потпишувањето на измените на Законот за енергетика од поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов кои беа неопходни за да се донесе подзаконскиот акт за одредување на новата методологија.Потребата од новата методологија за пресметка на малопродажните цени на горивата настана откако на 8 мај годинава престана да важи Анексот „Д“ од Договорот за купопродажба на ОКТА според чии одредби беше изработена методологијата по која во изминатите 20-тина години РКЕ ја пресметуваше малопродажната цена на нафтата и нафтените деривати.

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Заев за ВМРО-ДПМНЕ: Таму е се за менување

Претседателот на СДСМ , Зоран Заев по завршувањето на седницата на ЦО на СДСМ, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги следат овие примери, бидејќи таму е се за менување„Еве нека следат доблесни примери. Таму е се за менување. Јас сум кажал јавно, заради тоа што во целиот овој период со некој разговарам, дискутирам и дебатирам.Јас работев со Никола Груевски, ова сега во моментов што го има е полошо. Мое не е да работам на подобрување на опозицијата, но мое е да повикам да има сериозна и одговорна опозиција заради тоа што само на тој начин и власта ќе биде поодговорна и поисполнителна“, изјави Заев.

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

Заев откако ги смени партиските претседатели: Сега ќе се менува извршната власт

Претседателот на СДСМ , Зоран Заев по завршувањето на седницата на ЦО на СДСМ рече дека ветеното го исполниле. Пораката ја примивме, граѓаните ни испратија кристално јасна порака, корегирајте се ако сакате поддршка. Следуваат денови за промени во извршната власт. Сега со освежени капацитети ќе продолжиме со подобрување на животот на граѓаните, изјави Заев.„Благдарност до Миле Зечевиќ, Александар Кирацовски и Дане Далевски. Исто така благодарност до сите 6 потпретседатели Фросина Ременски, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Петар Шилегов, Мухамед Зекири и Благојче Бочварски.Сакам да се заблагодарам на извршниот одбор на СДСМ кој денеска престана да ја извршува својата функција, какои на координаторот на форумот на жени, Цветанка Ласковска.На местото на Кирацовски доаѓа Љупчо Николовски за генерален секретар на СДСМ и нема да биде веќе Министер за земјоделство.Повеќе министри ќе бидат разрешени, бројката не ја кажувам. Досега се сменети 6 министри, јас сум вкупно до бројката од една третина од Владата. Ќе има повеќе од тројца министриПред се на овие функции ќе се ставаат нови кадри“, рече Заев.На новинарско прашање дали и тој ќе даде оставка, Заев изјави дека не гледа причина за тоа.„Оваа влада, овој премиер ги реши сите отворени прашања. Не гледам никаква причина Зоран Заев да даде оставка. Не ми паѓа на памет да дадам оставка, гледате како сум релаксиран“, додаде Заев. 

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

Метла од Заев за Спасовски, Шилегов, Манчевски, Зекири, Кирацовски, Зечевиќ ...

Вечерва разрешени потпретседателите во СДСМ се Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски и Петре Шилегов. Разрешен е и генералниот секретар Александар Кирацовски, како и и организацискиот секретар на партијата Миле Зечевиќ,За нов генерален секретар на партијата е предложен министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој нема да биде повеќе на министерската функција.Пред одржувањето на ЦО на СДСМ, оставка на функцијата претседател на Форумот на жени на партијата дала и Цветанка Ласкова.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Разрешено целото раководство на СДСМ, за нов генерален секретар избран Љупчо Николовски

Неофицијално на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ, разрешено е целото раководство на СДСМ.  Разрешени се сите потпретседатели, ивршниот одбор на партијата, форумот на жени, како и генералниот и организацискиот секретар на партијата.За нов генерален секретар е избран министерот за земјоделство Љупчо Николовски.   

Македонија | пред 6 години

tatko-hrvat-monstrum

Татко монструм - Хрват до смрт го претепал својот 2,5 год син, а претходно му ги му ги горел стапалата со запалка

Татко на пет деца по потекло од Хрватска на 25 годишна возраст , во Милано до смрт го претепал својот две и пол годишен син.Полицијата го привела таткото , а според судијата Валерио Натале , ќе остане во затвор зашто би можел да го повтори делото над другите деца. Неделава треба да почен обдукцијата на бебето , за да се потврдат претпоставките дека таткото го злоставувал и физички го малтретирал бебето и претходно.Итлијанската полиција соопшти детали за убиството на двегодишното дете, кое до смрт било претепано од својот татко.Обдукцијата на починатото дете е закажана за следната седмица и таа треба за да ги потврди шпекулациите дека таткото и претходно физички го малтретирал детето. Тоа што е откриено за време на истрагата е монструозно. Иако кога го нашле мртвото дете на креветот инспекторите прво мислеле  дека таткото му ги врзал нозете за да го спречи да се движи, наскоро сфатиле дека мајката му ставала газа на стапалата бидејќи А.Х. му ги горел со запалка!Повредите од изгореници, очигледно, биле неподносливо болни за детето, бидејќи цела ноќ пред убиството неутешно плачело. Наместо да го освести, плачот на детето уште повеќе го разбеснел неговиот татко, кој посегнал по хашиш за да се смири. Но, бидејќи детскиот плач му станувал сè понеподнослив А.Х. одлучил да го претепа својот син.– Вистина е дека го претепав до смрт. Но верувајте ми, не сакав да го убијам. Го испушив хашишот, но бидејќи никако не можев да заспијам станав и го удрив. Кога видов дека не дишев, не мислев дека го убив, рекол убиецот во својата одбрана пред Јавниот обвинител.Освен сега починатото дете, А.Х. и неговата сопруга, исто така од Хрватска, имаат уште две девојчиња на три и едногодишна возраст, кои биле згрижени од Центарот за социјална работа, додека еден постар син им живее во Хрватска. Децата ги презема Центарот за социјални работи.    

Свет | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Започна Централниот одбор на СДСМ за кадровските смени во партијата и Владата

Во седиштето на СДСМ во тек е седница на Централниот одбор на кој, според дневниот ред, ќе се разгледува одлуката за избор на претседавач на ЦО, актуелната политичка состојба.Неофицијално премиерот и претседател на СДСМ ќе расчистува кадри од крилото на Радмила Шекеринска. По информациите кои излегоа утрово дека најверојатно Сугарески ќе биде сменет со струмичанецот Китанов, веќе се навестуваат и новите смени.  Според порталот ДелчевоДенес премиерот од министри ќе ги разреши Радмила Шекеринска, Дамјан Манчевски и Рената Дескоска, репрезенти на таканатеченото скопско крило под закрила на Шекеринска.Дополнително Заев во партијата на местото на Кирацовски го планира својот најблизок соработник, сегашниот министер за земјоделие, Љупчо Николовски, кој беше негов шеф на кабинет додека СДСМ беше во опозиција, овјави порталот.За промените во Владата смена се очекува на најмалку петмина министри кои се дел од СДСМ, а дел од помалите коалициски партнери, како и од ДУИ, но и смена на директори на јавни претптијатија и државни агенции.За Владината реконструкција, премиерот Заев имаше средбва со лидерот на ДУИ Али Ахмети, по што беше соопштено дека  се договориле да почне процесот „за зајакнување на кадровските капацитети на владините институции за подобри економски резултати“.

Македонија | пред 6 години

trgovija-ORGANI

Во Косово уапсени три лица осомничени за трговија со човечки органи и клетки

Косовската полиција упасила три лица осомничени за трговија со човечки органи и клетки, јави дописникот на МИА од Приштина.Во селото Чаглавица, во близина на косовскиот главен град, полицијата вчера уапсила двајца странски државјани и еден косовски Албанец.– Упасени се двајца мажи странски државјани и еден косовски државјанин – Албанец, под сомневање дека се вклучени во споменатото дело. Полициската единица и здравствениот инспекторат извршија контрола во приватна болница и запленија како доказен материјал копии од лекарски досијеа и друга документација, се вели во полициското соопштение.По налог на надлежен обвинител, трите лица се однесени во притвор.

Свет | пред 6 години

trud-i-soc-politika

Додаток за трето дете само за семејствата со приход до 12.000 денари

Министерстерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска изјави дека додаток за ттрето дека ќе имаат само оние семејства кои имаат вкупен приход од 12 000 денари.„Додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството, а тоа е во наредните 10 години да примаат надоместок од 8.000 денари за секое трето родено дете. Што значи третото дете ќе го поддржиме и ќе платиме тоа да има поквалитен живот, но само за најсиромашните. Сите останати нема да можат да го остварат тоа право, изјави Царовска.

Македонија | пред 6 години

Tanja-Karakamiseva

Каракамишева обвинува дека СДСМ ги краде механизмите од фонтаните

Професорката Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил ја откри причината поради која не работат фонтаните во центарот на главниот град.„Еве ја причината зошто фонтаната во центарот на град Скопје НЕ РАБОТИ:Крадеш механизам од фонтаните во Скопје, распишуваш тендер од 200.000 евра и го враќаш истиот назад. Или што би рекла Шекеринска бонбона бизнис.Тоа се тие криминални умови на СДС. Браво за креативноста“, напиша Каракамишева на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

metju-nimic-696x522

Нимиц за Груевски: Го сметав за многу интелигентен, но неговите погледи беа заглавени во историскиот пристап

Американскиот дипломат Метју Нимиц во интервју за „Дојче Веле“ откри детали од неговата кариера, која најголем дел помина во спорот со името на Македонија со Грција.„Сите мислеа ова е лесно. Седни на маса. Најди име. Ама не беше така. Во семејството понекогаш мислеа дека сум луд што толку долго се занимавам со ова прашање. Но поддршката беше голема. Пријателите често ме задеваа: Уште ли се занимаваш со тоа?“, раскажува Нимиц.Како што истакна тој, го сметал Груевски за интелигентен човек и честопати се дружеле.„Имав многу дискусии со Груевски и имав добри односи со него. Минавме многу часови заедно. Ќе одев во неговиот дом и ќе вечеравме заедно, и ќе разговаравме. Го сметав за многу интелигентен. Ги познаваше работите многу добро. Секогаш го сметав за многу интересна личност за разговор на оваа тема. Но неговите, и погледите на претседателот Иванов, беа премногу заглавени во историскиот пристап. Тоа за мене беше ќорсокак. Тој не беше подготвен на компромис доволен за да се постигне договор. Беше флексибилен, но неговата флексибилност беше лимитирана. А и политиката во земјата беше таква што тој со оваа тема добиваше на избори“, вели Нимиц.Со текот на времето, тој поминал многу заеднички средби со македонските политичари, па откри и што се јадел низ рестораните во Македонија.„Едно од најдобрите јадења во кое сум уживал е јагнешко во едно мало село во близина на грчката граница. Обожувам јагнешко. Го заборавив името на селото, но таму има ресторан и таму го јадев најдоброто воопшто. Застанавме таму со Димитров (Никола, министер за надворешни работи, н.з.) на враќање од Солун и одлично вечеравме со многу добро вино. И охридската пастрмка е одлична. Со претседателот Глигоров сум јадел и јагула“, соопшти Нимиц.

Македонија | пред 6 години

avtobusat-opital-se-da-mine-pod-mosta-564-670x503

(ФОТО) Македонски автобус во Бугарија остана без покрив

Aвтобус остана без покрив утрово во Пловдив. Како што информира TrafficNews.bg, инцидентот се случил под мостот  на булеварот Марица-Југ.За среќа, нема настрадани, бидејќи во автобусот се наоѓале само двајцата возачи, но е причинета серозна материјална штета. Покривот на автобусот буквално бил однесен. Полицијата излегла на терен. Движењето во областа не е нарушено.“Инцидентот се случил околу 6:30 до 7:00 наутро. Имаше многу гласна бучава. Очигледно, возачот не ја оцени висината “, изјави Венко, кој работи во близина и бил сведок на несреќата. 

Македонија | пред 6 години

sdvsdsdgvsgerggfgnj

Судијата Тасев го доби спорот со Македонија

Штипскиот судија Славчо Тасев го доби спорот со државата Македонија, откако македонските судови не му дозволиле од Бугарин да стане Македонец. За ова, според судот во Стразбур, државата на Тасев ќе треба да му плати 4.500 евра и 1.800 евра за судски трошоци, објави МКД.мкСлавчо Тасев е судија од Штип повеќе од 22 години, од кои 9 години во Апелацискиот суд. Тој е роден 1959 година во Босилеград, Србија. Во Македонија се сели во 1978 година. Тука дипломира, формира семејство и живее во Штип. Цело време се изјаснувал како Бугарин, но во меѓувреме решава да ја смени националната припадност бидејќи доаѓа до докази дека неговото потекло е македонско.Оваа промена подоцна станува единствената пречка за да се кандидаира во институцијата која бира и разрешува судии во државата - Судскиот совет.Тасев во 2018 година решава да се кандидира за член на Судскиот совет како Македонец, но Советот го отфрла неговото барање бидејќи кај нив тој бил заведен како Бугарин. За ова Тасев добива пресуда и од Управниот суд.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

ujp

До 31 мај можете да ја проверите и потврдите годишната даночна пријава во УЈП

Граѓаните кои оствариле приходи во 2018 година имаат рок до 31 мај да направат увид во претпополнетата Годишна даночна пријава електронски доставена од Управата за јавни приходи.Претпополнетите годишни даночни пријави ќе се доставуваат електронски на корисничките профили што претходно ги регистрираа даночните обврзници, додека на е-маил адресата корисикот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна пријава, која ќе треба да ја потврди или коригира.Ова е прва година во која граѓаните добиваат претпополнета годишна даночна пријава.Од УЈП наведуваат дека граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави, може да се обратат во контакт центарот на телефонските броеви 0800 33 000 и 02/3253 200. 

Македонија | пред 6 години

60952136_1188104074647338_7364687663489613824_n

(ФОТО) Харадинај со сопругата на гости кај Заев

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, на социјалните мрежи се пофали дека в македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица ги пречекале во нивниот дом.,,Заедно со Анита, бевме гости во домот на премиерот на Македонија, Зоран Заев и неговата сопруга Зорица. Пријатен разговор, за добрососедство, коректна соработка и заедничка евро-атлантска иднина на двете земји!“-напиша кусо Харадинај.

Македонија | пред 6 години

Pimen-0002

Отец Пимен за Мукоски: Дали вие би патувале во ист авион со човек кој може да отвари врата?

Европскиот Владика Пимен, речиси секоја година е дел од делегацијата на аудиенција кај Папата, по повод чествувањето на Свети Кирил и Методиј. Оваа година тоа не беше случај, а Владиката даде интересно објаснување преку Фејсбук статус, осврнувајќи се на Крсто Мукоски кој е дел од делегацијата.„Кога ме прашувате зошто оваа година не бев во делегацијата за Рим и Ватикан, запрашајте се искрено дали вие би патувале во ист авион со човек кој може да отвари врата”

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

СДСМ денес на централен одбор за најавените кадровски промени

Централниот одбор на СДСМ денес на седница треба да донесе одлуки за промени на дел од партиските кадри, но и на оние во извршната власт.Заев не сака да открива имиња на министрите кои ќе ги зафати „метлата“ но затоа ги смени претседателите на сите општински организации.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за медиуми рече дека остануваат на барањето за проверка на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност и дека барал совети за примена на ветингот, со што ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето лажни вести.Заев за почетокот на јуни најави и смени на дел од министрите, замениците, а потоа и по вертикала со смени на функционери во јавните претпријатија и институции.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево со температура до 28 степени

Времето во државата е биде сончево со мала доумерена облачност и топло. Ќе дува слаб доумерен западен ветер, особено изразен во западните делови. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појавана краткотраен дожд.Утринската температура ќе се движи во интервалот од 5 до 12 степени, а дневната од 16 до 28 Целзиусови степени.Во Скопје слично време со температура до 26 степени.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still122

(ВИДЕО) Две млади лица пренесени во болница од како со мотор се судриле со автомобил

Автомобил и мотоцикл се судрија вечерва на „Булевар Туристичка“ во Охрид.Во сударот автомобилот излетал од коловозот и завршил на зелениот појас меѓу двете страни на булеварот, додека две млади лица кои се движеле со мотоциклот завршија во болница.Нема прецизни инфромации за нивната состојба.Секое лето мотоциклите се најбројни во сообраќајките во Охрид, а билансот на повредените и за заж загинатите во сударите и трагедиите со години наназад е поразителен.ВИДЕО:

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

Утре централниот одбор на СДСМ се очекува да одбере кои пет министри ќе ги фати „метлата“

Централниот одбор на СДСМ на седница која ќе се одржи утре, ќе расправа, но и да се донесе одлуки за промени на дел од партиските кадри, но и на оние во извршната власт, објави  ТВ 21.Откако премиерот и лидер на партијата Зоран Заев деновиве објави дека се разрешени сите 78 претседатели на општинските организации, многу е веројатно дека на утрешната седница на Централниот одбор  метлата  ќе ја опфати повисоката партиска структура. Заев за почетокот на јуни најави и смени на дел од министрите, замениците, а потоа и по вертикала со смени на функционери во јавните претпријатија и институции. Неофицијални се говори дека покрај директори кои не ги исполниле очекувањата, сменети ќе бидат пет до шест министри. Деновиве Заев имаше средби со коалицискиот партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети на кои се разговарало за најавената реконструкција на Владата.Текстот во целост на ТВ 21. 

Македонија | пред 6 години

pirgov-bolnica

Момчето со изгореници од струен удар сместено е во болницата Пирогов – Бугарија

Момчето со изгореници од струен удар сместено е во болницата Пирогов, во Софија, Република Бугарија, во сигурни раце на специјалист за детски изгореници, напиша министерот за здравство, Венко Филипче.Во продолжение на статусот на министерот се вели:За транспорт на пациентот, беше обезбедено санитетско возило по сите стандарди, згрижено според сите протоколи и упатено е на натамошно лекување во најдобриот центар за изгореници на Балканот.На располагање беа и хелихоптери од Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, но поради сериозноста на повредите, момчето е пренесено со санитетско возило од брзата помош. За да стигне побрзо беше обезбедено и брзо поминување со полициска придружба од македонско-бугарската граница до болницата во Софија.Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи се активираа веднаш и направија сѐ да му се помогне и да се спаси неговиот живот.Голема благодарност до Република Бугарија, кои веднаш прифатија лекување и обезбедија место за момчето, напиша министерот Филипче на ФБ.   

Македонија | пред 6 години

old-tajmeri-1

(ФОТО и ВИДЕО) Изложба на олдтајмери во Охрид, најстариот експонат од 1923 год

Во Охрид на паркингот од хотелот Unique Resort & Spa Изложба на олдтајмери. Станува збор за рели на Група туристи пасионирани љубители ојдтајмери од Холандија.„Рели Адриатик“, како што е насловено ова рели пред да дојде кај нас биле Хрватска, Црна Гора и Албанија. Релито тргнало од Трст Италија па преку Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина Црна Гора Албанија и Македонија продолжува во Грција, од каде од пристаништето Игуменица повторно ќе се вратат во Италија, во пристаништето Анкона.Со групата патува и професионален  фотограф кој подготвува посебна  фото едиција која ќе се испечати по завршувањето на релито.Пред хотелот  Unique, исложени се вкупно 36 модели на автомобили. Најстарите експонати се два автомобили од 1923 год.  Станува збор за автомобил Бентли Суперспорт.  Останатите експонати се од 1924, 1929, 1931. 1936 ...На официјалниот сајт на „Рели Адриатик“,  стои дека ноќевањата се во најдобрите хотлеи во градот каде отседнуваат. Токму поради ова, сопствениците на ова рели ќе ноќеваат во  Unique Resort & Spa.   

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања