ГРАД СКОПЈЕ

Нема фотографија

Данела Арсовска во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје

,,Градот Скопје во континуитет вложува во креирање услови преку кои се овозможува стимулирање активности за инклузија, социјализација и рекреација на лицата со попречености. Во рамките на овие заложби, во изминатите две години Градот Скопје е поддржувач на многубројни активности во насока на унапредување и подобрување на секојдневно функционирање, а една од нив е набавката на специјална опрема и реквизити за рекреација на лицата со попреченост.Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет Мобилност Скопје, ги промовираа новите реквизити за игрите за слепи и слабовидни лица Goalball и Showdown, опремата и реквизитите за пинг – понг, бадминтон, како и повеќе специјализирани мултифункционални фитнес справи за лицата со попреченост.Третата локација по средните училишта Михајло Пупин и Здравко Цветковски, е училиштето Јосип Броз Тито, каде лицата со попреченост преку проектот на Град Скопје и Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет, можат бесплатно да вежбаат, да се дружат и рекреираат. Градот Скопје продолжува да дава силна поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост.", велат од Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

uploads_thumbs_resize_800x420_348903

Нападнат секретарот на Град Скопје од вработен кој имал кривично досие

Лицето Елвис Симоновски, на ден 09.01.2023 извршил кривично дело, физички и вербално напаѓајќи го секретарот на градот Скопје во присуство на повеќе вработени од градот, за што е уредно пријавен во МВР кое постапува по пријавата., велат од Град Скопје.„Елвис Симоновски е отстранет од работното место поради тешка повреда на работното место, нарушување на работниот процес, прекршување на актите за работа и законот.Санкционирањето на вработени за кршење на работниот ред и дисциплина и тешки повреди на работниот процес е определено со закон и подзаконски акти и не подразбира мобинг. За овие тврдења, лицето ќе има можност покрај кривичната пријава, вистината да ја докажува и пред надлежниот суд.Инаку лицето Елвис Симоновски има казнена евиденција и кривично досие. Во повеќе наврати е пријавуван за извршени кривични дела и тоа за фалсификување на исправа, за затајување и тешка кражба. Тоа што ова лице имало поддршка од неговите партиски колеги за толерирање на неговото непрофесионално однесување не значи дека оваа градска администрација ќе подлегне на ваквите партиски притисоци“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

danela964521

Арсовска ги покачи платите во Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со репрезентативниот синдикат на вработените потпиша зголемување за сите работници во градската администрација од 2800 денари, освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минимална плата.- Градот Скопје е прва институција која врши линеарно зголемување за усогласување на платите согласно барањата на репрезентативниот синдикат на Град Скопје, а во интерес на унапредување на работничките права. Со ова усогласување се излегува во пресрет на потребите на вработени на Град Скопје, со цел амортизирање на негативните ефекти од двоцифрената инфлација и економската криза со која се соочени, истакна Арсовска.Со зголемувањето на платите се опфатени сите административни службеници, вработените во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и вработените ангажирани согласно ЗРО.- Во насока на унапредување на правата и вреднување на трудот, се презема се што е во рамки на нашите можности, имајќи во предвид дека сакаме да мотивираме работен процес преку кој се испорачуваат ефикасни, ефективни и квалитетни услуги за граѓаните, додаде Арсовска.

Скопје | пред 3 години

285868552_573147761103826_6145155598418996298_n

Арсовска децидна дека нема да му ги решава проблемите на Бектеши

Навистина е жално што Бектеши чека од Град Скопје да му ги реши проблемите, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.„Додека најголемиот дел од европските земји се подготвуваа за справување со енергетската криза и уште пред една година носеа одлуки и мерки за да ги заштитат своите граѓани од несаканите последици, кај нас мерките доцнеа најмалку шест месеци и не беа доволни да ги санираат штетите кои настанаа од немањето на стратегија за решавање на енергетската криза.БЕГ е проблем на Владата. Министерот Бектеши треба да си ги знае сопствените надлежности и да ги реши проблемите на граѓаните. Да потсетам министерот кој се сликаше со дониран зејтин кој не можеше сам да го обезбеди, нема право да зборува за туѓа способност.Градот Скопје нема законска обврска да му ги решава проблемите на Бектеши. И наместо да си бара „жртви“ за сопствената неспособност, да најде начин како да им излезе во пресрет на граѓаните кои живеат на раб на сиромаштија заради неговите „успешни“ економски политики.Ако треба да бидам и министер за економија, Бектеши нека си поднесе оставка“, додава таа.

Скопје | пред 3 години

266695852_400721481739184_765944474006890904_n

Ќе се прска против комарци, Град Скопје објави датуми

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во периодот од 17.05 до 20.05.2022 година на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Ова е второ прскање, по првото кое се изврши на 29.04.2022 година, со што навреме почна овој процес.Доколку временските услови се неповолни, терестричната дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.Воедно, се повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања