„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ГРАД СКОПЈЕ

markovska-ilievska-1

Марковска Илиевска: Благодарение на лошото менаџирање на Арсовска, се случи крах на ЈСП

Советничката во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска гостуваше на емисијата „Дејли Клик’’ на ТВ21. Советничката говореше за моменталната ситуација со јавниот превоз, неуспешното менаџирање на раководствата на ЈСП и кој е виновникот за целата ситуација.„Мора да признаеме дека благодарение на лошото менаџирање на Градот Скопје и менувањето на над 10 директори во ЈСП, дојдовме во оваа ситуација. Не е ова криза, ова е крах на ЈСП. Во иднина очекуваме по најавите и во другите претпријатија има големи проблеми, така што менаџментот , слабо или воопшто не се снаоѓа во градот’’, истакна советничката.Таа додаде дека поради неспособноста да се справи со водењето на Градот, градоначалничката Арсовска цело време го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, кое само како советничка група не е мнозинство во советот. Исто така, напомена дека нападот од градоначалничката кон советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во иднина, но сепак гласање за нови автобуси ќе се случи оној момент кога се ќе биде исправно и издржано.Советничката го потенцираше фактот дека без пари во Буџетот, не може да се набават нови автобуси.„Точките ќе се изгласаат, еве барем јас во мое име можам да зборам, во оној момент кога ќе сметам дека тоа е исправно и издржано. Јас да гласам набавка на еко автобуси, а притоа кога ја праша претседателот на совет, колку имаме буџет и од каде ќе се набават, таа рече дека има само еден денар во Буџетот’’, заклучи Марковска Илиевска.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2022-12-04-at-16.32.29

На Скопје во понеделник му се најавуваат блокади, а на Советот му стигна барање за вонредна седница

Скопје во понеделник ќе биде блокада. Ако нема решение за барањата на приватните превозници, тие планираат да ги блокираат клучните сообраќајни артерии во градот. Непроодни, можат да останат Автокоманда, Народна Банка и мостот во Нерези. Ова доаѓа по натегањето помеѓу Данела Арсовска како градоначалник и Трајко Славески како претседател на Советот, околу тоа на дневен ред да се стави измената на тарифникот за поминат километар.„Доколку нема решение да се најде до понеделник, ние се извинуваме, но ќе мораме да настапиме со штрајкови и блокади на улиците. Замолувам да се најде решение да не трпат граѓаните. Ние сакаме да работиме, да останеме во оваа држава, да работиме, да придонесуваме. Луѓето 30 години работат во овој бизнис, сега ги бркаме да си одат од државата“, вели Влатко Тодоровски, приватен превозник.За да до ова не дојде, Љубица Јанчева од СДСМ достави барање за вонредна средница на Советот на Град Скопје, со цел да нема блокади.„За да нема булдожери по улици, како што најавува Славески, поднесовме барање за вонредна седница“, вели Јанчева.Славески кажа дека нема намера да свика вонредна седница и повика приватните превозници да не наседнуваат на провокации од Арсовска.„Владата има инструменти да го реши овој проблем. Ако се блокираат улциите, се носат булдужери се расчистуваат улиците“, вели Славески.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-28-at-20.05.20

Падна договор: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници

Мартин Стојановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со приватните превозници, кажа дека се договориле за зголемување на тарифата по изминат километар. Сега, ќе им се исплаќа по 100 денари за изминат километар, иако претходно добиваа по 69 денари.Вонредна седница е предложена за утре, а не се знае дали ќе се одржи. Доколку се одржи, тогаш одлуката ќе биде изгласана.„Колегите од сите советнички групи да го поддржат овој предлог“, рече Стојановски.Според него, цената за граѓаните не треба да се покачиВечерва со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата,заедно со приватните превозници во Град Скопје, постигнавме предлог решение за цената на чинење по 1км извозен, како предлог на вонредна седница до Арсовска која е единствен предлагач на дневен ред.Цената на билетот за граѓаните да нема промена.Сакам да нагласам дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата работеле и ќе работат секогаш на изнаоѓање на решенија за проблемите и во интерес на граѓаните!

Скопје | пред 1 година

trajko-slavevski-pretres-1

(Видео) Славески до Владата по најавените блокади: Се носат булдужери, се расчистува улицата

Претседавачот со Советот на Град Скопје, Трајко Славески, ја повика Владата со булдужери да се расчистат улиците ако дојде до блокади. Тој е дециден дека во време на кризна состојба, не може никој да си поигрува со граѓаните. Според него, не може да го земе во предвид мислењето дадено од Данела Арсовска која го испратила пред да биде побарано. Истовремено, Арсовска смета дека Славески не смее да толкува туку само да го земе во предвид. Затоа, Славески испрати порака до приватните превозници, откако кажа дека вонредна седница нема да има.„Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива жена. Таа може да го направи истото што го направи со претходните кои ги остави без леб“, рече Славески.Додаде дека не е дозволено да се блокираат улици во кризна состојба.„Доколку оваа состојба ескалира поради инаетот на Арсовска, Влада со прогласената вонредна состојба, има мерки и инструменти да го реши овој проблем. Со што ќе им даде до знаење дека кога станува збор за витална дејност, не може да се поигрува со граѓаните и нивните судбини да стигнат до работното место, училиште. Во кризна состојба, доколку се блокира, се носат булдужери, се расчистува улицата“, додаде Славески.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska-b

Арсовска да престане да ја користи институцијата Град Скопје како нејзин личен инструмент за утеха на нејзините лични фрустрации, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Данела Арсовска не само што неуспешно се справува со градските проблеми, никако да сфати дека не е важна и дека никој не и верува. Граѓаните на парламентарните избори на 8 мај на Арсовска јасно и дадоа црвен картон“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Град Скопје.„Секој збор на Арсовска претставува само бесмислена апстракција и празно ветување.Изгледа дека реформите се случуваат само во нејзината глава, таму автобусите пристигнуваат на време, граѓаните се среќни, а нејзините извинувања звучат искрено. Во меѓувреме, граѓаните продолжуваат да чекаат. Чекаат автобуси. Чекаат решенија. Чекаат да замине.Арсовска да престане да се крие позади Град Скопје, бидејќи она што е невидливо во оваа нејзина конструкција е тоа што 500 вработени во Град Скопје секој ден се жалат на нејзиното водство.Град Скопје не е нејзин личен инструмент за утеха на нејзините лични фрустрации.Ова што го прави Арсовска е само драматизација. Арсовска се уште не може да го разбере главниот проблем – на скопјани им треба функционален и одговорен лидер, а не лидер со политичка импотенција“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје | пред 1 година

mickoski-arsovska

Арсовска до Мицкоски: Aко јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз

„Реформата на јавниот сообраќај која ја споменуваш “патриоту” Мицкоски, ти ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа реформа, ти го колабираш со своите полтрони советници јавниот превоз“, реагира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.„Мицкоски, ти не гласаш за нови автобуси затоа што побарав сите партии во советот на Град Скопје да се вклучат во избор на спецификација и услови за набавка, ама така ти “патриоту” Мицкоски нема да можеш да преговараш со производители на автобуси како што правеше на почетокот на мандатот кога за тебе бев најдобриот менаџер во Европа.Ајде „патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриог менаџер во Европа кој ТИ со твоите мицковистички полтрони во советот го саботираш, или сум најлошиот градоначалник кој е ТВОЈ избор, градоначалник кој ТИ го молеше да го поддржиш на избори бидејќи твоите кандидати не ти се допаѓаа и не ти биле доволно градски луѓе.„Патриоту“ Мицкоски, се што разбра јавноста за тебе во овие изминати години е дека не може да ти се верува, исто како за враќање на името на Македонија, исто како за уставобранителите, исто како и за набавката за нафта за ЈСП која преку твојата директорка Богева ја поништи, за да креираш криза од која сега ќе не спасуваш!“, се додава во реакцијата на Данела Арсовска.Претходно ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение ја нарекоа Арсовска „самопрогласена реформаторка на јавниот сообраќај која повторно го довела главниот град на раб на колапс“. Од ВМРО-ДПМНЕ ја прогласија градоначалничката за „кума на хаосот“.„Самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс. Неспособната Арсовска која е и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост за проблемите што сама ги создаде, додека граѓаните, се сведени на улога на пасивни спонзори на проектот „Како да се троши без отчетност“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2022-12-04-at-16.30.59

„На потег е Арсовска“, Славески и прати барање за мислење за нова цена по која ќе возат приватните автобуси

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, објави дека предлогот за зголемување на цената за поминат километар на приватните превозници е пуштен на мислење до градоначалничката Данела Арсовска.„На потег е градоначалничката Арсовска“, напиша тој.Славески побарал одговори од Арсовска, дали се согласува со промена на условите во договорот, кој има важност до другата година, но и конкретен предлог колкава да биде цената со образложение врз основа на кои параметри се дава предлогот.

Скопје | пред 1 година

03

Стојановски: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен во општина Бутел

Денес на седница на Град Скопје, каде што се разгледуваше предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел, со цел приклучување на населените места Љубанци и Љуботен на водоводната мрежа, говореше и советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски. Стојановски изрази поддршка за иницијативата и ја истакна важноста на овој проект за локалното население.„Ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаме за оваа точка од причина што јасно е дека во тој дел на Општина Бутел има проблем со водоснабдување затоа што тие места се на повисоките места во општината, а и во повисоките околу градот Скопје. Затоа сметаме дека оваа одлука ќе допринесе за подобар стандард на жителите на Љубанци и Љуботен во Општина Бутел“, истакна СтојановскиСтојановски дополнително ја поздрави иницијативата.„Ја поздравувам оваа одлука на Градот Скопје и Општината Бутел, особено на Општината Бутел, за реализација на проект за водоводна мрежа“, изјави Стојановски.Стојановски апелираше и други општини да го следат примерот.„Се надевам дека и другите општини кои имаат вакви населени места на повисокиот дел на Град Скопје ќе воспостават меѓуопштинска соработка за водоводна мрежа за тие населени места каде што има слаб притисок или во одреден дел од годината има недостиг на вода“, кажа Стојановски.

Скопје | пред 1 година

daniela-kostadinova

Костадинова: Арсовска и по неколку месеци не одговара на иницијативите од општините доставени до Град Скопје

Советничката во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Костадинова, во своето излагање на седница на Советот на Град Скопје се обрати на градоначалничката Данела Арсовска укажувајќи дека за спроведување на иницијативите поднесени од општините се чека и неколку месеци.„Јас барав прашање и од службите, односно од раководител за урбанизам. Зошто одлуката уште не е ставена како точка на дневен ред, за ослободување од комуналии на ОУ „Невена Ѓорѓиева Дуња’’, на градинката „8 март’’ и на ОУ „Кирил Пејчиновиќ’’, јас добив одговор дека раководителката на одделение била на боледување цели 2 месеци’’, истакна Костадинова.Таа додаде дека сега брзопотезно, после Законот за измена на градежно земјиште се ставила оваа точка на дневен ред.„Кога имаме ние Закон за градежно земјиште и немаме потреба да ја чекаме градоначалничката Арсовка, да ни ги одобри одлуките кои што со нетрпение ги чекаат градоначалниците за да им помогнат и да ги подобрат условите во училиштата и градинките’’, заклучи Костадинова.

Македонија | пред 1 година

markovska-ilievska

Марковска Илиевска со порака до Арсовска: Не може да не се почитуваат закони и да не се реализираат програмите

„Уште на првата седница кога разговаравме за извештаите, укажав на дел суштински, а не само технички грешки. Еден час да немате реализирано вие програма, да немате формирано во дел од училиштата ученички заедници, да имате најавено активности, а да не ги реализирате тоа е нефункционална ученичка заедница“, јасно истакна советничката на ВМРО-ДПМНЕ Анета Марковска Илиевска на денешната седница за советнички прашања, обраќајќи се на градоначалничката Данела Арсовска, во контекст на реализирање на програмите усвоени од Советот.Марковска Илиевска во своето обраќање посочи за низата неправилности којшто се случувале во делот на реализација на програмите за работа во одредени училишта. Дополнително додаде дека инспекторатот ќе проверува дали и колку е извршена реализација. Напомена дека нема да дозволи да се врши злоупотреба и од таа причина нема да гласа.„Во делот на спортските активности односно тимовите да немате реализирана програма. Да си назначувате претседател на училишен одбор на наставнички совет е кршење на закон и повлекува кривична одговорност. Ве молам, не се работи за технички грешки, се работи за суштински грешки од таа причина таму каде што нема реализирано програма нема да гласам“, децидна беше Марковска Илиевска.

Скопје | пред 1 година

bojkovski

Нацрт-буџетот на Арсовска без советници, парите на граѓаните се делат зад затворени врати, вели Бојковски

Денес на седницата на Град Скопје, се обрати советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Бојковски кој реагираше поради тоа што смета дека советниците се изоставени од процесот на креирање на буџетот за 2025 годинаБојковски објасни што значи процесот на изработка на нацрт-буџет.„Нацрт-буџет значи учество на сите советници со предлози – советници што се избрани од граѓаните. Согласно програмата што била доставена за време на изборите, таа програма може да трпи и измени затоа што потребите на граѓаните можат да се разликуваат од потребите пред 3 или 4 години. Или, во најмала рака, некоја дополнување со нови предлози или со стари предлози што пред 3 години не биле направени, оваа година да се направат“, истакна БојковскиБојковски кој има долгогодишно искуство во локалната самоуправа додаде дека оваа ситуација е без преседан.„Сум бил 4 години претседател на Совет, 4 години сум бил член на Управен одбор на ЗЕЛС, 4 години сум бил потпретседател на Комитет на Совети на Република Македонија и не можам да разберам дека и претходните 3 години немало нацрт-буџет или немало креирање на буџет во согласност со советниците“, рече Бојковски.Бојковски упати повик до администрацијата и градоначалничката Данела Арсовска да го променат пристапот и да вклучат повеќе страни.„Јас ве замолувам како администрација секретар, и ја замолувам госпоѓа Арсовска да не вклучи во работата со администрацијата на Град Скопје во креирање на буџетот за 2025 година. Да направиме еден нацрт-буџет да ги усогласиме сите работи што треба да сe усогласат, за кога ќе имаме седница со точка на дневен ред буџет за 2025 година да немаме разногласие, да немаме дополнителни амандмани, да немаме дополнителни различни мислења, па прекинување на седница, па некоја друга ситница или да се доведеме до ситуација да мора да го изгласаме до рок “, истакна Бојковски.Бојковски предупреди дека граѓаните и советниците треба да бидат вклучени во креирањето на буџетот за 2025 година.„Мислам дека ако се такви намерите, не е добро затоа што граѓаните и советниците треба да бидат вклучени во креирање на буџетот 2025 година,“ нагласи Бојковски.Бојковски ја истакна потребата од поширока консултација со месните и урбаните заедници, невладините организации и останатите релевантни групи.„Вклучување на месни заедници, урбани заедници, авторитети, таргет групи, невладини организации. Затоа што, тоа е буџет, пари на граѓаните, и мислам дека треба да знаат за што ќе бидат потрошени парите во 2025 година“, заклучи Бојковски.

Скопје | пред 1 година

Grad-skopje

Град Скопје објави јавен повик за избор на членови на телото Скопје-европска престолнина на културата 2028

Град Скопје во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје го објави јавниот повик за избор на независни стручни лица – членови на телото Скопје ЕПК 2028, чија цел е водење, спроведување и координација на активностите кои произлегуваат од титулата Скопје 2028 Европска престолнина на културата.Јавниот повик е отворен за учество за физички лица со живеалиште на територија на Град Скопје кои имаат значително искуство во една или повеќе области по повикот со кои ќе придонесат за успешна реализација на Скопје 2028 Европска престолнина на културата и тоа во изведбена уметност, музичка уметност, визуелна уметност и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културно наследство, креативни индустрии, применета уметност и општествени науки.Повеќе информации за јавниот повик на: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska-b

(Видео) Арсовска нема да се кандидира за нов мандат

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска изјави дека нема да кандидира за нов мандат.Денеска по примопредавањето на новите еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека не планира да соработува со луѓе кои знаат само да саботираат и блокираат.„Би сакала да им посакам барем еднаш да покажат и да докажат прво пред граѓаните дека она што го кажуваат, ќе можат да го реализираат за да на следните избори имаат поддршка. Јас кога се кандидирав за градоначалник, ја имав поддршката од ВМРО-ДПМНЕ којашто, за жал, не успеа да се надмине себеси. Суетите се преголеми за да дозволите некој да работи без да му кажувате што и како да прави. Благодарам, но јас со такви луѓе кои знаат само да саботираат и да блокираат не би сакала никогаш повеќе да работам“, рече Арсовска.

Скопје | пред 1 година

izet-medziti-1-im

Витина до Меџити: Министре, немој да го присвојуваш трудот на вработените на град Скопје

„Соопштението што на Меџити од неговото министерство за да си го покрие срамот кое очигледно во брзање му го напишале, толку е далеку од реалноста што навлага во сегменти кои се метафизички“, реагира Ирена Витина, советник во Совет на Град Скопје на изјава на Изет Меџити.„Министре Меџити! Министерството ниту аплицирало за проект ниту го добило, немој да го присвојуваш трудот на вработените на град Скопје.За автобусите кои упорно ги презентираш како свој единствен проект во 5 месеци во министерска фотеља, очигледно не те информирале дека постои апликација која Градот Скопје и вработените ја изготвиле, ја аплицирале и успешно ја имплементирале.За среќа ова се Европски процеси на кои ти не можеш да влијаеш. За разлика од европските проекти, во апликациите на град Скопје до Влада каде ТИ имаш директно влијание, ниту еден проект за животната средина во градот Скопје ТИ не го одобри. Толку од твоите заложби за подобра животна средина и чист воздух за скопјани. Доколку ти одлучуваш, исходот е нула“, се додава во реакцијата на Витина.

Скопје | пред 1 година

IMG_7542

Витина “завојува” со Меџити

“Срамен е обидот на пласирање континуирани невистини од страна на Изет Меџити кој очигледно по 5 месеци бидејќи нема ниту еден свој проект, мора да се фали со проектите кои ги обезбедил градот Скопје. Министерот Меџити нема никаков допринос за град Скопје да добие 6 автобуси, ниту досега му помогнал на градот во било кој друг сегмент за справување со загадувањето, иако неговата е една од 14 институции кои имаат надлежност за постапување”, вели Ирена ВитинаСоветник во Совет на Град Скопје и додава:Вработените во Секторот за меѓународна соработка на Град Скопје се заслужни, изработија апликација и овој проект е резултат на нивната посветена работа, со што за Градот Европската Унија ги финансира 6-те автобуси.Шесте еколошки автобуси се резултат на проектот на кој Град Скопје аплицираше до ЕУ, на кој веќе 2 години активно работи секторот за меѓународна соработка а го набавката ја реализира УНОПС. Со овој проект преку поддршката на ЕУ за Град Скопје се обезбедени шест еколошки CNG автобуси, се подигаат урбани зелени појаси со над 3000 дрвја, меѓу кои и во Мега паркот во Карпош каде наскоро ќе се засадат нови 1.000 дрвја, а дополнително се изработува Физибилити студија за проширување на тополоводната мрежа во Скопје. Сите сегменти на проектот имаат за цел подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје и Македонија.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања