„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ГРАД СКОПЈЕ

mickoski-danela

Три години од мандатот, Арсовска наместо да работи во интерес на градот и жителите, како на производна лента менуваше само директори, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Данела Арсовска да се сврти за себе и да види што направи за жителите на Скопје во изминатите три години на чело на градот. И секако штом се сврти назад, Арсовска ќе види дека за цели три години локална власт во Скопје не направи ништо за Скопје и скопјани. Во своите три години власт, Арсовска во неработењето за градот и жителите го надмина и нејзиниот претходник“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Град Скопје.„За цели три години власт го остави градот да се дави во смет и ѓубре. Скопје е толку валкан, што е по нечист град дури и од во времето на Шилегов, кој е синоним за неработење.Јавниот превоз е во ужасна состојба. Граѓаните со часови чекаат на автобуските постојки на овие ниски зимски температури за да им дојде автобус на ЈСП. Кај што нема автобуси, така и тие што ги има Арсовска не ги одржува и постојано се расипуваат. А дел од нив поради нередовното сервисирање, возејќи се запалуваат, така што го загрозуваат животот на патниците и воопшто на сите граѓани.Но, сепак има нешто што на Арсовска и оди и во што е рекордер. За не цели три години од мандатот, како на производна лента смени 30 директори на јавни претпријатија и институции под надлежност на Град Скопје и тројца секретари на градот, кои самата ги постави. А во моментов не се знае дали ни дали Скопје има Генерален секретар.Значи, наместо да работи за подобрување на состојбите во градот, Арсовска три години од нејзиниот мандат добиен од граѓаните се занимавала со лични и персонални праша за раководителите на институциите избрани токму од нејзе.И сето ова покажува дека нејзиното делување е на граница на лудоста што ја загрозува безбедноста и животот на граѓаните“, се додава во реакцијата.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

(Видео) Протест пред канцелариите на Арсовска поради проблемите со јавниот превоз

Протест пред канцелариите на Данела Арсовска поради проблемите со јавниот превоз, најави Курто Дудуш, градоначалник на Шутка.„Секој ден се соочуваме со проблем, со немање јавен превоз, со саати чекање на автобуски станици. Нема да дозволиме на ова ладно време, на минусни температури, нашите жени, деца и стари да чекаат по два, три саати да чекаат автобус и тоа да биде како на лотарија - ќе дојде или нема да дојде“, рече градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш.Како што најави Дудуш, мирниот протест ќе се одржи в петок од 13 часот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-18-141600

„Голем срам за градот е да не можат да обезбедат нафта, не е само да седнете во фотелја, треба и да се работи“, велат од Независниот синдикат на ЈСП

Според Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП, јавното претпријатие се уште е без нафта. Од таму велат ова е голем срам за градот.„Се уште не е дојдена нафта од двете автобази. Со нафтата имаме проблем последните три месеци, а можеби и повеќе, последните 6 месеци. Секој ден кубуриме за нафта. И затоа денеска и мене ми се јавија патници, прашуваа. Не знам што се случува. За мене ова е голема неспособност, дали од градоначалничката, дали од директорите, јас мислам дека е од двете страни“, рече Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.„Да не можат обезбедат нафта, тоа е голем срам, голем срам за нив. Не е само да седнете во фотелја, да бидете градоначалник или да бидете директор на некое јавно претпријатие, туку да се работи, како што бараат од вработените возачи кои работат на овие услови без парно, без ништо“, изјави Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.

Скопје | пред 1 година

IMG_2111

(Видео) Град Скопје тврди дека неселективно казнува загадувачи, екссоветникот на Данела сведочеше за притисоци врз инспектори

Инспекторатот за животна средина на Град Скопје тврди дека казнил над 30 лица за загадување на воздухот. Во соопштението споделуваат име само на една фирма.„Инспекцијата за животна средина на Град Скопје, по пријава на граѓани изврши вонреден инспекциски надзор на деловен простор на правниот субјект ГУДИСИМО ДООЕЛ во Гази Баба, каде утврди согорување отпад со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Во рамки на вонредната контрола на терен инспекциските служби на Град Скопје констатираа дека правното лице спротивно на правилата за управување со отпад, во горилник покрај струготини согорува пластичен и друг неоргански отпад, за што му се изречени две казнени мерки“, пишува во соопштението од Град Скопје.Според нив, неселективно се казнуваат сите, кои не го почитуваат законот. Повика истото да го прави и Владата и ресорното министерство, со тврдење дека само инспекторите во Град Скопје - работат.„Инспекторите на Град Скопје продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните“, додаваат од Град Скопје.Пред четири месеци, Умејр Мухамеди, екссоветник на Данела Арсовска во Град Скопје, сведочеше дека слушнал како секретарот Зоран Глигоров дека вршел притисок врз некој инспектор зошто сакал да казни фирма. Сведочењето погледнете го во поткастот „Претрес со Ландов“:?t=5771

Скопје | пред 1 година

mitevski-arsovska

(Видео) „Арсовска е трогната, бара да се извинам, но нема бидејќи сѐ е вистина, се гледаме на суд“, избрканиот инспектор се жали на нови притисоци

Избрканиот инспектор, Даниел Митевски кој јавно проговоре за мобингот, за кој кажа дека го трпел од градоначалничката Данела Арсовска, тврди дека пак е мета на притисоци. До него, стигнало барање за извинување кое го испратил Трајче Арсов, адвокатот на Арсовска, кој претходно истото го правеше и кон редакцијата на „Скопје1“. Митевски посочува дека сѐ што кажал во поткастот е вистина, дека нема намера да се извини, како и дека е спремен со Арсовска да се соочи на суд.„Моето излагање на поткастот кај Ландов на телевизијата Прва ТВ очигледно многу ја трогна нашата Градоначалничка па вчера ми испрати барање преку адвокат јавно да се извинам или во спротивно ќе ме тужи на Суд за нарушување на нејзината чест и углед со што продолжува со нејзиниот притисок врз мене, а преку мене и на моето семејство. Јас немам што да се извинувам бидејќи цврсто стојам позади секој мој збор кажан на поткастот бидејќи се што кажав е вистина и само вистина без ниту еден збор лага. Ова го доживувам како уште еден од низата нејзини притисоци за кое сум спремен и лично со Градоначалничката да се соочам на суд. Јас само барам правдата да биде задоволена бидејќи без никаква за мене позната причина сум избркан од работа со што е нарушено моето здравје, нарушени се мојата чест и углед, нарушена е честа и угледот на моето семејство и е загрозен опстанокот на моето семејство“, вели избрканиот Митевски за „Скопје1“.[caption id="attachment_312054" align="alignnone" width="1189"] Барањето за извинување кое избрканиот инспектор го смета за нов притисок, а го добил од адвокатот на Арсовска[/caption]Даниел Митевски поранешен инспектор по сообраќај во Град Скопје по 14 години работи заврши на улица со одлука на градоначалничката Данела Арсовска.Тој во Претрес со Ландов кажа дека е избркан бидејќи наводно не бил 5 дена на работа. Тој посочи дека за достава на одлуката не сакале ни да почекаат, туку му ја доставиле додека имал слободен ден поради давање крв и потоа поради користење денови од годишен одмор. Има и пријава за мобинг, која Трудов инспекторат не успеал да ја најде во просториите на Градот за да постапува, иако таа има архивски печат.„Ме испитуваше, ги спомнуваше моите жена и деца. Ќе останеш без работа. Ми се закануваше градоначалничката. Мене никој не ме пратил. Не верував дека ова може да се случи. Овие стресови не може никој да ви ги надомести“, рече Митевски.Тој не е единствен кој избркан поради иста причина. Сите поднеле тужби за се што доживеале и со што се соочуваат.Целото сведоштво погледнете го во „Претрес“:?t=867

Скопје | пред 1 година

IMG_2106ll

Данела преку Град Скопје удри по судството откако Наумоски објави дека ја победил на суд: Не коментираме пресуди, 2% од граѓаните му веруваат

Данела Арсовска го искористи Одделението за односи со јавност за да му одговори на Никола Наумоски, кој објави дека ја добил неа на суд.„Со оглед на веста пласирана низ јавноста од страна на лицето Никола Наумоски, дека го добил судскиот спор за клевета против градоначалничката Данела Арсовска, и покрај тоа што пресудата сеуште не е формално донесена и врачена, Наумоски со информации побрза да прејудицира судска пресуда и да навредува. Од неговата изјава дека пред новинари и камери бил клеветен дека трошел градски пари за бифтеци, а за тоа не бил до судот приложен ниту еден доказ, во прилог до јавноста доставуваме една од бројните сметки за од него потрошените градски средства кои беа доставени во постапката пред судот”, се вели во соопштението на Град Скопје и се додава:„Одлуки на судот Град Скопје нема да коментира, а за тоа дали е клевета изнесеното или не, ќе се почека и официјалната првостепена пресуда на судството во кое македонските граѓани имаат 2% доверба“.

Скопје | пред 1 година

IMG_2111

„Не успеавме да стапиме во контакт со претставници од Градот“ - Младинскиот совет крена раце од кандидатурата на Скопје за евроспка младинска престолнина

Националниот младински совет на Македонија ги известува младите дека се повлекува од партнерството со Град Скопје за кандидатурата на Град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година.„До оваа одлука дојдовме по неколкуте обиди да стапиме во контакт со претставниците на градот, кои треба заеднички со нас да ја презентираат кандидатурата на градот пред жири комисијата за Европска младинска престолнина и безброј барања за состанок за координација за презентацијата.Неуспехот да стапиме во контакт и на самиот почеток да воспоставиме одржливо партнерство само ни покажа дека градот не е суштински посветен на младите и кандидирањето за оваа титула не е мотивирано од вистинската потреба за поставување на младите високо на листата на приоритети. Овој заклучок дополнително ни се потврдува со фактот дека градот не покажа доволно посветеност за надминување на препреките за формирање на локален младински совет, усвојување на локална стратегија за млади, ниту пак отварање на младински центар, дел од механизмите кои се основа и на самата кандидатура за Европска младинска престолнина 2027.Основна заложба на Националниот младински совет на Македонија е да застапуваме за суштинско вклучување на младите, мотивирани од ова се вклучивме во овој процес заеднички со нашите организации членки и партнери од студентските и средношколксите организации. За жал изминатите месеци ни покажаа дека претставниците на градот единствено препознаваат токенистичко вклучување на младите во процесите вклучувајќи ја и кандидатурата на град Скопје за Европска младинска престолнина 2027 година.Апелираме до преставниците на локалните и националните институции активно да се вложат во обезбедување на услови за суштинско младинско учество и заеднички со младите да креираат програми и политики кои одговараат на нивните вистински потреби и во ваквите процеси целосно им стоиме на располагање.Покрај овој резултат, Националниот младинсии совет ќе продолжи да бара поддршка и да вложува напори визијата која ја имаме за Скопје да стане реалност, активно да ги поддржува младите и да застапува пред институциите за политики кои ги адресираат нивните приоритети и обезбедуваат зголемен младински стандард и квалитет на живот“, се вели во соопштението на Националниот младински совет на Македонија.

Скопје | пред 1 година

kirkov

Кирков: Зоолошката градина во изминативе три години е во најлошата можна состојба

На седницата на Советот на Град Скопје, советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, истакна дека животните во зоолошката градина не се виновни за тоа што им се случува заради неспособноста на кадрите на градоначалничката Арсовска.„На ова раководство на градот и на зоолошката градина се бројат деновите и месеците. Било кој да дојде потоа јас сум уверен дека веднаш ќе настане една револуција во скопската зоолошката градина, затоа што било кој градоначалник после оваа градоначалничка ќе си го сака многу повеќе Скопје од неа“, нагласи Кирков.Советникот даде осврт и на последните случувања со зоолошката градина каде што поради лице кое што било вработено во истата, им била попречена работата на инспекторите од АХВ. За ова и за уште една работа, на истото лице му била поднесена и кривична пријава.„После записникот од страна на МВР е поднесена соодветна кривична пријава за попречување за движење во заразно подрачје без заштитна опрема. Еве до таму оди безобразноста и како се работи со зоолошката градина со овој менаџмент и оваа градоначалничка’’, додаде Кирков.

Скопје | пред 1 година

zapalena-deponija

Инспекторите за животна средина на Град Скопје затекнаа огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут

Инспекторите за животна средина на Град Скопје денес затекнаа и евидентираа лица во тек на исфрлање големи количини отпад, креирање дива депонија на приватен имот и нејзино палење на територијата на општина Бутел, каде е затекнато огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут.Град Скопје за извршено кривично дело од страна на лицата С.М жител на општина Бутел и М.Д. државјанин на Косово, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години.На територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат. Но, се досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 20 сторители.Град Скопје годинава поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани. Апелираме до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според кривичниот законик на Р. Македонија, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите.

Скопје | пред 1 година

Ljubica1

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа“, кажа Јанчева

„Извештајот на Европската Комисија јасно го потврдува она што скопјани го чувствуваат секојдневно: јавниот превоз во Скопје е во катастрофална состојба, најлош во Европа! Ваквата состојба е директен резултат на неспособноста на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска, кои, за само 3 години владеење, успеаја да го доведат Скопје на дното, не само во транспортот, туку и во сите други области“, рече Љубица Јанчева, совеничка и координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.„Наместо да ги исполнат ветувањата за инвестиции и модернизација на јавниот превоз, станавме сведоци на епско потфрлање и тотален хаос во јавниот градски сообраќај.Пред само 3 години ветуваа модерно Скопје, нови 250 автобуси, дури и бесплатен превоз. Ниту едно од ветувањата на ДПМНЕ не е остварено.Оваа ситуација секојдневно ги погодува граѓаните на Скопје, кои се соочуваат со проблеми поради нередовност, доцнење на редовните автобуси. Страдаат поради надостигот на нови автобуси и поради целосно нефункционалниот и застарен концепт на јавен сообраќај во Скопје.Одговорноста лежи кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се против проектот БРТ, и намерно не гласаат за набавката на нови автобуси, кои ги ветуваа, како и кај Владата на Мицкоски која не презема никакви мерки.Наместо да се грижат за потребите на скопјани, тие се фокусираат на своите неуспешни бизнис интереси и сојузништва, оставајќи ги граѓаните сами да се справуваат со хаосот. ВМРО-ДПМНЕ и нивната неспособност се најголемите виновници за катастрофата во јавниот превоз во Скопје“, изјави Љубица Јанчева, совеничка и координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.

Скопје | пред 1 година

hbjjj

Од Комунална до МКЦ ја споделија Арсовска од Брисел: Коментарите говорат за перцепцијата на граѓаните...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку Секторот за односи со јавност на градот се пофали дека е во Брисел. Нејзиното патување е во време кога приватните превозници се исклучија од сообраќај, автобуските често се преполни оти нема доволно автобуси, ЈСП не постигнува да вози според возниот ред, граѓаните се жалат на хигиената, вработени кои се избркани бараат правда пред Трудовиот инспекторат и Управна инспекција.Нејзината објава (во моментов на објавување на веста) е споделена 45 пати. Ако се провери кои се профилите, ќе се забележи дека тоа најчесто е на фејсбук-страници на училишта под ингеренции на Градот и градоначалникот, културни институции, јавни претпријатија.Најбројни се коментарите под објавата споделена на профилот на МКЦ.[caption id="attachment_307314" align="alignnone" width="1346"] Screenshot[/caption]Под објавата на профилот на Зоолошката градина-Скопје има два коментари. На страницата на Град Скопје до моментов нема ниту еден лајк во знак на поддршка.[caption id="attachment_307315" align="alignnone" width="1253"] Screenshot[/caption]Арсовска во Брисел беше со советничката Ирена Витина.

Скопје | пред 1 година

Grad-skopje

Град Скопје: Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса, веднаш да ги подмират своите обврски

Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се отпочнува со присилна наплата и забрана на користење средства.Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатите години неопходно е неодложно и веднаш да ги подмират своите обврски.Граѓаните по добивањето на решенијата доколку забележат неправилности, истите треба да ги пријават на сајтот на Град Скопје (е-даноци), или преку одделот за пријавување на проблеми (http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку телефонските контакти:За данок на имот: 072/204-434, 02 3297-316, 02 3297-539, 02 3297-280 и 02 3207-546.За комунална такса-фирмарина: 02 3297-314.За присилна наплата: 02 3297-296 и 02 3297-298.

Скопје | пред 1 година

image00001

Град Скопје: Tрајно решавање на повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во Злокуќани

Град Скопје започна со реализација на уште еден проект за реконструкција на водоводната мрежа кој е од големо значење за граѓаните, со трајно решавање на повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во населеното место Злокуќани.Со градежните работи на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата Скупи 5 во општината Карпош, целосно се менуваат старите цолови цевки, кои се со незадоволителен профил и се поставува нова водоводна мрежа со профили кои соодветствуваат на потребите на локалните жители, велат од Град Скопје.По инсталирањето на новата водоводна мрежа, истата се поврзува со постоечката главна мрежа на магистралната улица Скупи. На новата мрежа ќе се поврзат и постоечките корисници, со што несоодветната мрежа ќе биде напуштена.Изведбата на овој проект преставува реализација на дел од програмата за обновување на градската водоводна мрежа, се овозможува квалитетно водоснабдување во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот, истакнуваат од Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2022-12-04-at-16.31.15

Град Скопје: Граѓаните и превозниците со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ

,,Градот Скопје, граѓаните на градот Скопје, па и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ.Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници денес.Скопје е заложник на политичка група, која секојдневно водена од намера да предизвика што поголеми проблеми за скопјани, бидејќи секој успех на Градот тие го сметаат за свој неуспех.”, информираат од Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska2

Потрага по Данела: Не се појави на советнички прашања во Град Скопје

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, не се појави на седницата за советнички прашања во Град Скопје. Поради ова, советниците од СДСМ се откажаа од работа, оти како што велат, нема поента да прашуваат било што, кога ја нема Арсовска да одговори.„Советничките прашања се седница каде поставуваат прашања до градоначалник. Ако градоначалник не е присутен, ние нема да учествуваме во работата на седницата“, рече Љубица Јанчева, советничка од СДСМ.По ова, претседателот на Советот, Трајко Славески, даде пауза за да ја бара Арсовска.„Стандардна е процедурата да ја повикам градоначалник, да дојде во салата, бидејќи се бара нејзино присуство. 10 минути пауза за да обезбедиме присуство на градоначалник“, рече Трајко Славески, претседавач на Советот од Град Скопје.Арсовска е во постојана караница со советниците во Градот. Дел од нив пак, неколку пати и укажаа дека непочитувањето на Советот е непочитување на жителите на Скопје, но и дека немаат намера да ја поддржат доколку не се појавува да образложи постапки и да каже детални решенија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања