„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ГРАД СКОПЈЕ

272059566_1352388158519218_1550217945348374625_n

Изиграните уметници да покренат постапка кон Комората, изнесените тврдења се неточни, велат од град Скопје

Изнесените тврдења во изминатите денови од Комората на музичка индустрија се целосно неточни. Градот Скопје нема договор за ангажирање на уметници за 2024 година, таа обврска ја превземала Комората на музичка индустрија која учествувала на јавен повик на кој истакнала дека ќе организира настан финансиран од повеќе извори. За јавниот повик во град Скопје на кој Комората учествувала, претставникот на истата не пристапил да склучи договор ниту доставил документација за реализација на настан во согласност со условите на јавниот повик, реагира град Скопје.„За овие постапки на Комората на музичка индустрија, градот Скопје нема вина, напротив за одговорното лице во Комората подготвува тужба за утврдување на одговорност и за проверка на начинот на финансирање на активности преку надлежните институции со цел превенција на идни злоупотреби.Ги упатуваме сите уметници и останати лица кои се изиграни од страна на претставникот на Комората како организатор со кој имаат склучено договор, да покренат кон Комората постапки за наплата согласно меѓу нив утврдените услови и апелираме да не се потпаѓа под политички или било какви други манипулации во обид на претставникот на Комората со изнесување невистини да избегне одговорност за овој случај“, се наведува во соопштението на град Скопје.Музичките уметници кои лани за Нова Година ги забавуваа скопјани на Плоштад Македонија, останаа без хонорарите кои Град Скопје им ги ветил, објави претходно Сител. Иако според договорот, истите требало да им се исплатат во рок од три месеци, пејачите за Сител тврдат дека веќе цела година ги чекаат финансиите.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-29-at-16.44.25

Бесплатен превоз за невработени, паричен надомест за пензионери, солидарен фонд за средношколци, предлага Левица во буџетот на Град Скопје

„Советничката група на Левица во Советот во Град Скопје поднесе 10 амандмани на Буџетот и предлог програмите на градот за 2025 година“, велат од Левица и додаваат:Во поднесените амандмани ги предлагаме следните мерки:- Еднократна парична помош за пензионери со ниски пензии (пензии до 20.000 денари),- Набавка на еколошки дрва со цел намалување на загадувањето на воздухот;- Бесплатен јавен превоз за невработените лица - жители на град Скопје;- Субвениции за граѓани и фирми за набавка на филтри за оџаци;- Еднократна парична помош за лица и семејства кои се нашле во состојба на социјален ризик ( природна непогода, болест или смрт во семејството…)- Топол оброк за социјално ранливи категории на граѓани;- Тековно одржување на домови за стари лица;- Отворање на солидарен фонд за средношколци од социјален ризик ( за субвенционирање на трошоци за матура, екскурзии и сл.),- Субвениции за набавка на инвертер клими за семејства од социјален ризик;- Дополнителни средства за културни манифестации.Дел од мерките ги предложивме со цел намалување на енормното загадување во главниот град, а остатокот се социјални мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните во надминувањето на тешката економска криза предизвикана од енормното зголемување на цените на основните прехрамбени продукти.Се надеваме дека предложените амандмани ќе бидат изгласани на седницата на Советот на Град Скопје која што е закажана за денс во 11 часот.

Скопје | пред 1 година

gerasimovski-danela

(Видео) Град Скопје не само што ги остави скопјани без празнично украсен град, туку го уништува и тоа што Центар го постави, обвини Герасимовски

Горан Герасимовски, градоначалник на Центар, го обвини Град Скопје кој го раководи Данела Арсовска дека ги уништува празничните украси на неговата општина, откако ги оставиле скопјани без новогодишна магија.„Град Скопје не само што ги остави скопјани без празнично украсен град за Нова Година, туку сега и го уништува тоа што општината го украси! Камионот на ЈП Комунална Хигиена, под ингеренции на Градот, помина низ Центар, ги искина сијаличките и продолжи како ништо да не се случило. Ова ли е одговорно однесување кон празничната атмосфера?“, вели Герасимовски.Инаку, до овој момент, неколку пара на сијалични се закачни на Рекорд и плоштадот. Булеварите останаа без светилки, а дел од скопјаните имаат низа забелешки поради тоа.Молкот и нетранспарентноста е одлика од Град Скопје изминатите години. ПР секторот во нашиот случај, е активен само кога Данела Арсовска се расправа со неистомисленици преку соопштенија. Па така, неодговорени останаа прашањата колку чјни годинешното украсување, како е завршена набавката кога нема тендер, до кога ќе е завршено украсување на скопските улици, но и каде се ланските светилки со кои се фалеше Арсовска. Поради информациите дека ланските украси „исчезнале“, прашавме, и дали е точно, како и чија е вината. Добивме - ингорирање.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska2

„На Град Скопје сега му се заканува целосна блокада, Арсовска не поднесе буџет во роковите”, алармира Стојановски

“Нема крај на скандалите кога станува збор за Данела Арсовска”, вели Мартин Стојановски, координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и додава:“Арсовска сега не поднесе предлог буџет за 2025 година во законскиот предвиден рок. На град Скопје сега му се заканува целосна блокада.Граѓаните треба да ја знаат реалноста!”

Скопје | пред 1 година

IMG_2109

(Видео) Кумата на хаосот, Арсовска, го води Скопје кон целосен мрак, не поднесе предлог буџет за 2025, вели Кирков

„Нема крај на скандалите кога станува збор за Данела Арсовска. Арсовска сега не поднесе предлог буџет за 2025 година во законскиот предвиден рок. На град Скопје сега му се заканува целосна блокада. Се случи тоа кое го предвидувавме со месеци наназад и апелиравме неколку пати. Стравувавме дека сценариото за целосна блокада на Град Скопје може да стане реалност. Сега тоа и се случува“, рече Стефан Кирков, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на град Скопје.„Кумата на хаосот во Скопје, при крај на нејзиниот мандат поддржана од коалицијата ЛЕВИЦА - СДС – ДУИ продолжува со црните сценарија за град Скопје.Во историјата на град Скопје до денес се нема случено да биде доведено во прашање функционирањето на градот во целина.Без буџет за следната година град Скопје ќе биде под целосна блокада, нема да функционираат и онака нефункционалните јавни претпријатија, установите во Град Скопје. Или ќе биде блокирана ионака нефункционалната Комунална хигиена, ЈСП, нема да функционираат претпријатијата како Водовод, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Градски паркинг, депонијата Дрисла, Лајка. Тука е и Градската библиотека Браќа Миладиновци, МКЦ, Културно информативниот центар, Музеј на Град Скопје, Зоолошка градина, Детски културен центар и останати.Со еден збор град Скопје ќе доживее целосен мрак.За работите да станат појасни, вчера измина последниот ден за доставување на предлог буџет до Совет и до Град Скопје. Ова е рокот предвиден за работа на Градот и Советот, а објавен како документ во службено градско гласило.Данела Арсовска не поднесе буџет и со истото го остава Скопје, сите јавни претпријатија, установи и повеќе од милион жители да бидат нејзин заложник.Како советничка група на ВМРО – ДПМНЕ ги повикуваме сите државни институции, Владата, веднаш да пристапат кон решавање на овој проблем!Скопје не смее да биде заложник на Данела Арсовска подржана од СДС-Левица-ДУИ!За ваков преседан кој го води Скопје кон целосен мрак, Данела Арсовска мора да одговара!“, изјави Кирков, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на град Скопје.

Скопје | пред 1 година

arsovska-elka

(Видео) Скопје доби елка на плоштад, дали и како Данела ја платила - не знаеме

На скопскиот плоштад веќе има елка, но не и тендер на Бирото за јавни набавки. Па така, не се знае дали и колку чини новогодишниот дух на Скопје. На подната фонтана има црвена платформа, а над неа се украсува божиќното дрво. Од страна куќички каде треба да има базар за десетина дена.Изминативе денови беше забележително дека беше украсена и улицата на Рекорд. Таму ангажман имаа јавните претпријатија на Град Скопје чии работници ги поставуваа светилките. Прашавме во Град Скопје, колку пари ќе се платат, како е извршена набавката на реквизитите, кога ќе биде завршено украсувањето, но и дали ги чуваат ланските украси. На овие прашања, немаме, но и не очекуваме одговори. „Скопје1“ има десетици мејлови со новинарски прашања на кои нема никаков одговор, а се од јавен интерес - нешто што е нетипично за јавна институција.Повеќе од јасно е дека минатата година, Данела Арсовска го украси Скопје без да распише тендер, а потоа јавно кажа дека ќе се платат 30.000 евра. Дали се парите платени и на кого - не се знае. Но, истовремено, беше отворен предмет од Финансиската полиција која одзема и документација. До сега, нема информација што се случува со оваа постапка.Тогаш, Данела Арсовска заигра шах со Дедо Мраз, пишувајќи: „Во исчекување на резултатите од истрагата за елката...“. Овој чин беше протолкуван како правење шеги на сметка на инспекторите.

пред 1 година

IMG_2107

Нереализираните проекти за намалување на загадувањето се резултат на неспособното менаџирање на Арсовска, вели Марковска Илиевска

На денешната панел дискусија на тема „Намалување на загадувањето, мерки сега“ присуствуваше советничката на Советот на Град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска која нагласи дека градот Скопје во најголем дел треба да ги реализира одлуките согласно програмите кои што се носат преку Советот но сепак и покрај интересот и волјата тие не се реализирани а за тоа најголеми сведоци се граѓаните.„Јавноста го знае тоа, во секојдневието ги трпи сите тие пропусти или неспособност на градоначалникот затоа што Советот носи одлуки меѓутоа градоначалникот и градот Скопје ги реализира“, рече Марковска Илиевска.Марковска Илиевска нагласи дека службениот гласник на Град Скопје во најголема мера содржи донации за садници, како и ги наведе мерките за спречување на загадениот воздух.„Ако го погледнете службениот гласник на Град Скопје ќе видите дека најголем дел се донации за садници најчесто се од приватни компании, но и донесени се одлуки за субвенционирање на домаќинствата на Град Скопје за чистење оџаци како една од мерките, понатаму субвенционирање на инвертер клими, субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети, оваа година немаме меѓутоа во изминатите две години имаше такви одлуки“, објасни Марковска Илиевска.Советничката исто така потенцираше дека и многу малку е сторено и покрај добрата стратегија планирана во периодот од 2024-2034 година каде што во делот на зазеленување имало испланирано одлични можности и изрази надеж дека оваа ситуација со градот Скопје ќе биде променета по истекот на мандатот на сегашната градоначалничка.„Колку што јас имам информација, а верувајте дека никој не ни дава извештај од кога ќе се донесе одлука во градот Скопје јавните претпријатија даваат извештаи меѓутоа пак ќе кажам од јавноста колку што се информираме, од јавните соопштенија и од медиумите јавноста така се информира значи ние исто како и јавноста и советниците кои ги носат одлуките на тој начин се информираме и можам да кажам дека многу малку е сторено во делот на зазеленување иако имаше добра стратегија десет годишна од 2024 до 2034 за развој каде што во делот на зазеленување има испланирано одлични можности да градот Скопје дише повторно да имаме чист воздух, зелени површини и повеќе кислород. Се надевам дека во иднина ова ќе се корегира доколку го управува друго лице градот Скопје бидејќи со ова управување, со оваа градоначалничка досега не се направени доволно проекти кои што биле испланирани“, децидна е Марковска Илиевска.

Скопје | пред 1 година

Ljubica1

(Видео) Нови игри со јавните набавки во ЈСП, скопјани се жртви на кавгите Мицкоски-Арсовска, вели Јанчева

„Како советничка група во Советот, СДСМ и коалицијата најостро регира на продолжувањето на политичките игри во Град Скопје особено околу јавниот превоз. Скопје е во тотален хаос и нефункционалност, колабиран е јавниот превоз, многу е лоша состојбата во ЈСП а власта игра партиски игри, спроведува блокади и се пресметува“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.„Политичките пресметки меѓу Мицкоски и Арсовска се врз грбот на граѓаните на Скопје и мора да прекинат.Тендерот за набавка на нафта за потребите на ЈСП е дефинитивно поништен. Се пријавил еден оператор кој не доставил банкарска гаранција.ЈСП Скопје интервентно, склучи договор за набавка на нафта во вредност од 120 милиони денари, односно, речиси два милиони евра.Имало само еден понудувач, според јавно достапните информации тоа била компанијата Пуцко Петрол која била избрана во оваа набавка без тендер. Оваа итна постапка била одобрена од Бирото за јавни набавки по налог на Владата.За да биде лицемерието поголемо токму постапката околу тендерот се спореше од власта минатата недела и ЈСП остана без нафта а граѓаните без превоз. И тогаш и сега стануваше збор за ист оператор.Очигледно е дека политички игри на ВМРО-ДПМНЕ и кавгите на релација Мицкоски-Арсвоска се главна причина зошто граѓаните на Скопје немаат превоз, немаат град.Скопјани се жртви на неспособноста и меѓусебни кавги меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска.СДСМ бара веднаш да прекинат овие пресметки и блокади, власта да ја преземе својата одговорност и да помогне на граѓаните на Скопје наместо да им одмага“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-12-05-at-09.27.50_faf97273

Отстранети 70 хаварисани возила во Центар, одличен одзив на граѓаните за нивна дислокација

70 напуштени и хаварисани возила досега се отстранети од јавните површини на подрачејто на Општина Центар во рамки на акцијата која општината ја спроведува во соработка со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР.Општинските служби поставаија опомени на 95 возила, од кои 30 се подигнати од пајак-службата на ПОЦ, 20 се отстранети од сопствениците, а дополнителни 20 возила се дислоцирани по телефонска пријава од граѓаните.Градоначалникот Горан Герасимовски им се заблагодари на граѓаните кои покажаа совесност и одговорност и се приклучија на акцијата.„Целта е да се расчистат јавните простори, паркинг местата, тротоарите и другите површини од возила кои со години скапуваат и пропаѓаат. Апелирам до сите граѓани да ги пријават или сами да ги отстранат возилата кои не се во употребна функција или возна состојба. Возилата ќе бидат бесплатно транспортирани во депото и ќе им биде направена проценка согласно откупната цена за старо железо,“ истакна Герасимовски.Граѓаните можат да пријават хаварисани возила на бесплатниот телефонски број 076 350 767. Општина Центар информира дека акцијата ќе продолжи со несмален интензитет, ослободувајќи простор за нови паркинг места и создавајќи поуредена и почиста средина за сите граѓани.

Скопје | пред 1 година

IMG_2106ll

Стојановски: Град Скопје не бил никогаш во полоша состојба, Арсовска продолжува со низа пропусти на штета на граѓаните

„Точно е дека градот не бил никогаш во полоша состојба во однос и на осветлување за време на пред новогодишни празници, но и во текот на цела година. Затоа што имаме општини не само во градскиот дел, туку и во приградските населби кои се надвор од Скопје, а секако таму живеат голем број на граѓани и често нема никакво осветлување и тоа е голем проблем за градот“ , “ изјави координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје, Мартин Стојановски на вечерашното гостување на Телма телевизија во емисијата „Топ тема“.Стојановски го изнесе својот став по однос на предновогодишното украсување, напомена дека премногу се доцни, но исто така истакна дека Арсовска минатата година ветувала дека веќе во септември градот ќе биде украсен, а реалноста сепак кажува сосем спротивно.„Во однос на украсувањето мислам дека веќе се доцни иако сме тука некаде на граница за украсување на градот Скопје. Не треба да го заборавиме ветувањето од градоначалничката минатата година кога изјави дека во септември оваа година Скопје ќе биде украсено, а гледаме дека и ден денес нема поставено ниту една сијаличка во градот Скопје“ , дециден беше Стојановски.Стојановски посочи дека ваквата ситуација не е во интерес на град Скопје, односно граѓаните заслужуваат да ја почувствуваат предновогодишната еуфорија. Испрати порака дека искрено се надева дека во најбрз можен рок градот ќе биде украсен онака како што и доликува на една метропола како што е град Скопје.„И тоа е многу лошо за секое семејство кое сака да го однесе своето детенце на плоштад. Кога ќе прошета покрај булеварите како што беше пракса во минатото да бидат осветлени и да се сликаат со новогодишна елка. Мислам дека тоа моментално му фали на Скопје и се надевам дека за многу брзо од денес ќе биде украсено како што доликува на една ваква убава метропола каква што е градот Скопје“ , заклучи Стојановски.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2022-12-04-at-16.31.15

Од утре приватните превозници ќе возат, со Арсовска се договирија цената да им се зголеми од јануари

Oд утре приватните превозници продолжуваат да возат редовно. Тие се откажаа од блокадата која беше најавена за во понеделник на неколку главни крстосници. Со градоначалничката Данела Арсовска се договорија експерти да одлучат колку да им биде зголемувањето на цената по изминат километар. До јануари, ќе возат по веќе одредената тарифа.„Заклучно со 01.01.2025 година ќе стартуваме со нова цена, ќе се склучи анекс на договорот и ќе имаме ние нова цена. Очекувате поддршка од сите советници за иницијативата? Да, нормално, зошто да не, сите советници беа за да ни се даде покачување, дали ќе биде еден месец порано или подоцна, ние тука сме во служба на градот и очекуваме нормално дека ќе гласаат“,вели Јовица Зафировски, приватен превозник.Советникот од СДСМ во советот на Град Скопје Гордан Шутаров смета дека ваквиот предлог ќе донесе долгорочно решение и стабилност за приватните превозници.Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ – Мартин Стојановски кој ја напушти координативната средба во кабинетот на градоначалничката Арсовска не откри дали ќе ја поддржат иницијативата.

Скопје | пред 1 година

avtobusi-skopje1

Блокирана е сметката на ЈСП, на тендерот за горива со директни преговори никој не се јавил, директорот не знае колку нафта има

Блокирана е сметката на ЈСП. Директорот Кушовски кажа дека блокадата е од пред неколку дена поради долг кон фирмата добавувач на нафта. Вели активно се работи на деблокада, ама не знае колку точно должи. Кушовски не знаеше ниту колкави количини нафта од државните резерви се останати од 250-те тони што им ги позајми Владата.„Блокирана е во моментов, се работи на деблокада. Блокирана е по основ на долг од добавувач. Објавивме тендер за директни преговори, каде немаше заинтересирани, чекаме редовната набавка што ќе биде. Пуштивме и оглас за директни преговори. Оваа блокада нема да има импликации врз тендерот за набавка на гориво и платите на вработените“, рече Кушевски.Кушевски посочи дека моментално не ја знае точната сума на долгот кон добавувачот, но нагласи дека се преземаат мерки за надминување на ситуацијата.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-29-at-16.44.25

(Видео) Нова драма во Советот на Скопје: Караница за недадено обраќање, Славески најави казни, Јанчева го опоменуваше

Пак нова драма во Советот на Град Скопје, овојпат на вонредната седница. Претседателот на Советот, Трајко Славески не сакаше да даде процедурално обраќање на координаторката на советниците од СДСМ, Љубица Јанчева. Тој директно ја стави одлуката на гласање. Советниците од СДСМ ја напуштија салата за да нема кворум, а Славески бараше од службите да бројат гласови па дури им посочи и дека ќе имаат одговорност ако тоа не го сторат. Истовремено, дел од советниците сметаа дека нема доволен кворум за да се усвои заклучокот со кој градоначалничката Данела Арасовска да достави измени на одлуката за тарифникот кој важи за приватните превозници. Славески сметаше дека не е деловнички да и даде обраќање на Јанчева, бидејќи било преминато на гласање.„Износите во табелата во прилог, да ги зголеми за 30 денари, соодвенто, поврзано со цената на горивото. Втор став е оваа одлука да се применува до истекот на важноста на договорите кои приватните превозници ги имаат“, рече Славески.Јанчева побара процедурално.„Имаме право на процедурално“, рече Јанчева, а Славески врати: „Нема процедурално!“, па Јанчева побара пауза.„Пауза пет минути, пауза! Кворумот ќе ви го срушиме, пауза“, рече Јанчева, а Славески и рече: „Напуштете“.Советниците излегоа од салата.„Претседателе надминете се! Ве молам надминете се“, рече Јанчева.„Ве молам колку се за? Има кворум. Зошто не ми кажувате колку се 'за'?! Бројите затоа што ќе бидете повикани на одговорност“,  врати Славески.Јанчева му рече: „Престанете да се заканувате на вработените, не можете да ги казните не сте им работодавач“.Потоа, Славески побара советниците да бројат.„Надминете се, сега не сте член на партија“, додаде Јанчева.Славески врати: „Добро бе луѓе број некој? Што сте сите како здрвени?“.По ова, претседателот без да каже колку советници биле „за“ а колку „против“, рече дека заклучокот е усвоен со мнозинство гласови од присутните.

Македонија | пред 1 година

Janceva

(Видео) Хаос со јавниот превоз во Скопје, Славевски и Арсовска наместо да се караат да земат да работат, вели Јанчева

„Советничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата во Советот на Град Скопје денеска поднесе барање за свикување на вонредна седница, поради сериозноста на проблемот со приватните превозници, кој со месеци ги остава граѓаните на Скопје без функционален јавен превоз“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.„Додека претседателот на Советот, Трајко Славески, и градоначалничката Данела Арсовска си ја префрлаат одговорноста за тоа кој треба да го реши овој проблем, граѓаните на Скопје секојдневно се соочуваат со нередовен и дотраен јавен превоз. Наместо да се зафатат со решавање на реалните проблеми, гледаме како ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска водат тригодишна расправија и инает, додека градот тоне во хаос.Да потсетиме, ВМРО-ДПМНЕ беше партијата која ја промовираше Арсовска како „најдобра менаџерка“ и ветуваше дека Скопје ќе стане модерна метропола со бесплатен превоз и 250 нови автобуси. Што добија граѓаните? Наместо модерни решенија, добивме јавен превоз во катастрофална состојба, затрупан град во ѓубре и граѓани оставени сами да се снаоѓаат за основни потреби.Виновниците за хаосот во јавниот превоз се советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои континуирано одбиваат да гласаат за набавка на нови, еколошки автобуси. Сега, премиерот Мицкоски ветува само 100 автобуси, за кои, како што е најапсурдно, нема предвидено средства во новиот буџет. Ова е уште една празна и лажна порака до граѓаните. До кога ќе продолжите да ги манипулирате и да се изживувате со нив?Советничката група на СДСМ и коалицијата упатува јасен и гласен апел:Итно свикување на вонредна седница на Советот! Граѓаните не смеат да бидат оставени без јавен превоз. Превозот е нивна основна потреба и ние ќе направиме сè за да ги заштитиме нивните права. Ги повикуваме сите советници да ја поддржат оваа иницијатива, да покажат одговорност и да ги надминат политичките игри.Утрово, претседателот на Советот, Трајко Славески, дури постави нови апсурдни барања – оригинални потписи со пенкало за иницијативата, нешто што досега никогаш не го барал. Истовремено, го повикуваме да престане со процедуралните пречки и конечно да дозволи решавање на проблемите кои го парализираат градот.Со поднесената иницијатива бараме на дневен ред да се постави решението за јавниот превоз. Очекуваме информација од градоначалничката и секторите на Град Скопје за можностите за брза корекција и враќање на функционалноста на јавниот превоз.Секој ден одложување е ден повеќе во кој граѓаните страдаат. Јавниот превоз не е луксуз – тој е основна потреба!Советничката група на СДСМ и коалицијата останува посветена на борбата за интересите на граѓаните“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

stojanovski

Стојановски: Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за превозниците е Град Скопје да ги зголеми средствата по поминат километар, додека СДС бара покачување на цената на билетите на грбот на граѓаните

На денешната седница на Град Скопје, советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, ја изрази поддршката за иницијативата да се зголеми цената по километар за приватните превозници. Стојановски нагласи дека оваа мерка е важна за решавање на проблемите со протестите и блокираните линии кои приватните превозници ги организираат поради економските тешкотии.„Прво сакам да нагласам дека изминатиот период советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаше постојани контакти со приватните превозници со цел изнаоѓање на решавање на проблемот кој го имаат тие со цел деблокада на протестите или на невозењето на линиите кои ги имаат доделено од Град Скопје“, рече Стојановски.Во текот на вчерашниот ден, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со приватните превозници, одржала состанок во просториите на Град Скопје, каде што бил донесен заеднички предлог. Според овој предлог, цената по километар би се зголемила за 30 денари.,,Нам ни е јасно дека цената на нафтата секогаш варира и затоа предлогот е цената да се зголеми. Доколку е зголемена или намалена, да биде 30 денари плус од моменталната цена што ја земаат во овој момент. Тој предлог го прифатија сите приватни превозници, за што и заедно имавме прес пред Град Скопје. Тоа е еден огромен и голем доказ дека како ВМРО-ДПМНЕ и советничка група на ВМРО-ДПМНЕ се грижиме за граѓаните со тоа што сакаме да го решиме проблемот на граѓаните и пристапивме кон решавање на проблемот“, изјави Стојановски.Стојановски напомена дека предложеното зголемување треба да биде вклучено во ребалансот на буџетот, кој ќе се разгледува на следната седница во декември, но нагласи дека ова зголемување не треба да се одрази на месечните билети за граѓаните.„Апелирам до разум до сите советници и до службите во Град Скопје и градоначалничката денеска да усвоиме еден заклучок, се со цел тој заклучок да се претвори во предлог одлука за зголемување на цената по километар. Сакам да напоменам дека ова зголемување би било наш предлог да биде во ребаланс на буџетот, да се направи ребаланс на следната седница во месец декември, со тоа што тие средства би се вметнале во тој ребаланс и до крајот на договорот до месец мај, исто така во новиот буџет да се предвидат тие средства за приватните превозници“, истакна Стојановски.Стојановски напомена и дека нема да има зголемување на цената на месечниот билет за граѓаните.„Ние никако не прифаќаме зголемување на цената на месечниот билет за граѓаните. Единственото решение е заедно со Град Скопје и вас, колеги советници, да изработиме еден заклучок на денешната седница, секако доколку градоначалничката и службите прифатат таков заклучок од овој совет“, заклучи Стојановски.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања