„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ГРАД СКОПЈЕ

Screenshot-2024-09-23-at-17.45.41

Вработени во Улици и патишта: Притисоци за „Луна паркот“, доведено во прашање функционирањето!

Вработени во ЈП Улици и патишта Скопје тврдат дека ЈП Улици и патишта – Скопје има неправилности во работењето на претпријатието, односно кај директорот Ванчо Умленски заедно со двоецот Арсовска – Глигоров.Соопштението ви ги пренесуваме во целост:„Истите неправилности се нотирани на последната седница на Управниот одбор и влезени се во записникот. Се работи за следново:1. Работа на претпријатието – изградба на објекти во последните три месеци без договори во вредност од 60 милиони денари. Истите средства претпријатието не е во можност да ги фактурира на Град Скопје бидејќи нема договори. За изведба на работите налози се дадени од Арсовска и Глигоров со што е направена директна штета во износ од еден милион евра;2. Изведба на објект Луна Парк – патеки од бекатон во вредност од 15 милиони денари изведени во периодот од април до август 2024, а договорот е потпишан во септември на износ од 7 милиони денари. Врз инженерите и надзорите се врши притисок од страна на директорот и секретарот на Град Скопје за потпишување на градежните книги, иако тоа е надвор од законските прописи.3. Задолжување на претпријатието кон добавувачи во износ од 240 милиони денари (4 милиони евра) и неплаќање на обврските кон добавувачите, односно постои селективно плаќање на обврските како во случајот со Пуцко Петрол. За споредба, долгот на ЈП Улици и патишта Скопје во октомври 2021, кога Арсовска стапува на функција градоначалник на Град Скопје, изнесувал 60 милиони денари. Од ова може да се заклучи дека долгот за три години е зголемен четири пати.4. Побарувањата на ЈП Улици и патишта по основ на активни договори со Град Скопје денес изнесуваат НУЛА денари, додека во октомври 2021 побарувањата од Град Скопје биле 100 милиони денари.5. Доведено е во прашање функционирањето на претпријатието преку неможноста да се исплати плата и неможноста да се набават репроматеријали (битумен, ризла, тампон, рабници, боја...). Поради неплаќање на обврските на Град Скопје кој ЈП Улици и патишта, освен набавката на репроматеријали, не постои можност ниту да се поправат дефектите на градежните машините“, велат во е-маил пораката вработените во ЈП Улици и патишта.

Скопје | пред 1 година

DA7A7E22-E45B-49C3-BAFA-88E10C509730

(Фото) Пешаци одат по булеварот, возилата свират - Градот „мижи“ пред шипките оставени на булеварот во Кисела Вода

Градежни материјали, буриња, изложени производи – вака изгледа тротоарот на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода кај местото викано „Чешма“. Граѓаните се жалат дека ова е секојдневно слика, а трае со месеци. Според нив, никој не реагира, оти да реагирал, истата слика немаше да ја има и денеска. Ингеренциите за булеварот ги има Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, од која поплаките не земаат помал, туку поголем интензитет.„Тротоарот во Кисела Вода не се користи повеќе време, луѓето на пат одат, коли и автобуси свират. Измеѓу има и продавница пред која се изложени производи на сред тротоар. Никако не се минува на патот“, вели читател за „Скопје1“.„Скопје1“ го исконтактира и Градот Скопје и градоначалничката, кои со месеци и години не одговараат на прашања испратени од нашата редакција. Ги прашавме зошто дозволуваат загрозување на пешаците и другите учесници во сообраќајот од страна на лица кои вршат градежни работи. Побаравме и одговор, дали некогаш реагирале и правеле инспекциски работи. Од Градот, за кој многумина ќе кажат дека е претворен во приватно претпријатие, не очекуваме одговор.Инаку, иако Градот е затворен за одговори, Службата за односи со јавност секојдневно се користи за фалење колку претпријатијата и Арсовска работат, иако, тоа е нивна законска надлежност и за тоа се плаќаат од парите на жителите на Скопје.

Скопје | пред 1 година

vodovod-1

Град Скопје започна со реконструкција на водоводната мрежа на жителите Злокуќани, велат оттаму

,,Град Скопје започна со реализација на уште еден проект за реконструкција на водоводната мрежа кој е од големо значење за граѓаните, со трајно решавање на повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во населеното место Злокуќани.Со градежните работи на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата Скупи 3 во општината Карпош, целосно се менуваат старите цолови цевки, кои се со незадоволителен профил и се поставува нова водоводна мрежа со профили кои соодветствуваат на потребите на локалните жители.По инсталирањето на новата водоводна мрежа, истата се поврзува со постоечката главна мрежа на магистралната улица Скупи. На новата мрежа ќе се поврзат и постоечките корисници, со што несоодветната мрежа ќе биде напуштена.Изведбата на овој проект преставува реализација на дел од програмата за обновување на градската водоводна мрежа, се овозможува квалитетно водоснабдување во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.”, информираат од Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-49-7540PM

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз, бараме веднаш да се пушти автобус

,, Град Скопје и ЈСП поради својата неспособност ги оставија жителите на Долно Лисиче без градски превоз, а за тоа се правдаат со некакви причини, кои да не беше трагична целата оваа ситуација, ќе ги оценевме како смешни и инфантилни.Остро реагираме на одлуката да се укине единствената линија со број „33“ што го поврзува Долно Лисиче со останатиот дел од Аеродром, поради, како што велат од Град Скопје во демант до медиумите, техничка неисправност на автобусот. Оттаму тврдат дека ЈСП има средства за регистрација на возилото, но тоа е исклучено од сообраќање поради неисправност.Нас како Општина, но и граѓаните на Долно Лисиче не нè интересираат причините за прекинот на градскиот превоз до овој дел од Аеродром, и не планираме да навлегуваме во работата на Градот и на ЈСП, туку бараме веднаш да се изнајде решение и да се пушти автобус на оваа и онака ретка линија.Ова е само уште еден во низата факти кои укажуваат дека Град Скопје е во тотален колапс, за што цената ја плаќаат сите наши граѓани.”, велат од Општина Аеродром.

Скопје | пред 1 година

IMG_2106ll

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата, велат оттаму

,,Град Скопје денеска до Министерството за локална самоуправа ги достави проектите согласно објавениот јавен повик за поддршка од Владата, со цел унапредување на квалитетот на живот на жителите на Скопје.Поднесени се 20 проекти во повеќе области со фокус на подобрување на јавниот превоз, развој на градската патна инфраструктура, противпожарната заштита, јавната хигиена, информациски технологии и дигитализација, како и од областа на културата.Во областа сообраќај, Град Скопје ги поднесе проекти за 80 еколошки ЦНГ автобуси и 15 електрични автобуси. Во областа на противпожарната заштита, Град Скопје аплицираше за обезбедување финансиски средства за нови противпожарни возила.Во сферата на урбанизмот и развој на патната инфраструктура, аплицираше со проекти за реконструкција на улица Беласица, изградба на булевар Македонско Косовска Бригада од раскрсница со булевар Никола Карев до раскрсница со булевар Босна и Херцеговина, кружен тек на улица Ѓорче Петров со булевар Македонска војска, изградба на кружен тек на булевар Александар Македонски, изградба на кружни текови на булевар 12-та Македонска бригада, реконструкција на булевар Србија и проект за надградба на постојната градежна механизација.Од областа на комуналните дејности, Град Скопје поднесе проекти за зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило, како и за реконструкција на стакленици за производство на садници. За секторот култура и спорт, Град Скопје аплицираше со проекти за реконструкција на планетариумот и изведба и поставување на трим тартан атлетска патека по должината на кејот на реката Вардар.Со цел имплементирање повисок степен на дигитализација и информациски технологии, Град Скопје поднесе проект за LoRaWAN инфраструктура и за систем за паметно мерење и управување со електрична енергија на град Скопје.Во период кога Град Скопје се соочува со голем број предизвици, а наш приоритет е обезбедување квалитетни услуги и ефикасни решенија за граѓаните, се надеваме на успешна соработка со централната власт во насока на заедничка реализација на проектите со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните на нашето Скопје.”, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

jsp

Град Скопје: Превозот функционира нормално, приватните автобуси возат

,,Јавниот градски превоз утринава функционира нормално, наспорти напорите и политичките притисоци на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат нови потешкотии за граѓаните на градот Скопје.За жал, дел од медиумите наседнаа на наративот на владејачката партија, предизвикувајќи чувство на несигурност кај скопјани.Во моментов јавниот градски превоз го опслужуваат сите автобуси на ЈСП како и автобусите на приватните превозници кон кои градот Скопје и ЈСП немаат никакви заостанати обврски.Градот Скопје им посакува успешна и безгрижна учебна година на сите ученици.”, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_2111

(Видео) За Арсовска молчењето е злато, но на лагата и се кратки нозете...

Скопската градоначалничка Данела Арсовска четири дена нема одговор на прашањето зошто ја излажа јавноста, но и на прашањето дали ваков политичар треба веднаш да се повлече од функцијата. Како и вообичаено, и овојпат, наместо објаснување, добивме игнорирање на прашањата од граѓаните. Остана нејасно, зошто на прес-конференцијата пред десетици камери и цела македонска јавноста, криеше дека формирала комисија за да го преиспита долгото боледување на разрешениот, па вратениот секретар во Град Скопје, Зоран Глигоров.„Скопје1“ уште во петокот на пладне, покрај потсетувањето дека поканата за гостување во поткастот „Претрес со Ландов“ останува, ја праша и: „Дали сметате дека секој политичар што ќе ја излаже јавноста, треба да се повлече од фукцијата?“. По два часа, откако како и вообичаено не добивме одговори, поставивме ново прашање: „Зошто негиравте дека имате формирано комисија за проверка на боледувањето на Глигоров, кога постојат документи кои го потврдуваат тоа?“. Помина викенд, но ниту стартот на новата работна недела не ги донесе одговорите.Арсовска на прес-конференцијата побара докази, а на прашањето за тоа дали форимирала комисија, одговори: „Не сум формирала, не“. И го пративме и на порака решението според кое се преиспитува привремената спреченост за работа на Глигоров, кое таа го потпишала. Добивме игнорирање.Владеењето на Арсовска без никаква транспарентност, каде градот повеќе наликува на компанија во приватна соспственост трае речиси цел мандат. Освен ПР текстови за да си каже тоа што таа сака, речиси и да нема медиум што добива одговори од Град Скопје на прашања кои граѓаните ги поставуваат и се јавен интерес. „Скопје1“ има пратено над 15 мејлови со теми од јавен интерес – на кои со месеци нема одговори.

Скопје | пред 1 година

Sequence-09.00_00_24_07.Still001

(Видео) Арсовска избега од јавноста! Тргна да се слика, застана, па замина!

Данела Арсовска скришум, без најави, тргна да прави увид на градежни работи во скопско Волково. Но, не направи фотосесија, откако ја виде екипата на „Скопје1“. Наместо одговори зошто градот тоне во долгови, смрдеа, нечистотија и нефункционалност – таа му даде насока на шоферот да тргне и да избегаат од локацијата. Заедно со неа, во автомобилот, беше и советничката Ирена Витина.„Скопје1“ проба да ја добие и телефонски Арсовска, но таа не одговараше. Нејзиниот тим извиси, а ја чекаше од 09 часот да стигне. Откако Арсовска брутално ги одмина, без поздрав и во брзање со службениот „пасат“, заминаа и тие. Дел беа од фирмата „Жикол“, која е изведувач, други пак градежни службеници од Град Скопје.Скопјани за нејзе велат дека треба да ѝ е срам да се појави во јавност.Куп скандали се врзуваат со Арсовска и нејзиното мандатување со Градот Скопје. Од нејзе и јавно се бара оставка, во спротивно најавуваат и протести. Нејзиниот поранешен советник, Умејр Мухамеди во поткастот „Претрес со Ландов“ тврдеше дека во Градот се местат тендери, се постапува спротивно на законите, а Арсовска врши и тортура врз вработените – кои „плачат“ од неа.[caption id="attachment_299199" align="alignnone" width="1290"] Арсовска не одговори на ниту еден од 17-те повици од „Скопје1“[/caption]Арсовска должи одговори и за долгот кој го направила во Град Скопје и го зголемила за шест пати, за што „Скопје1“ поседува документи. Јавните прашања до неа се и дали ќе негира поврзаност со запаленото возило сопственост на фирма, кое го управувал и Драган Митковски-Книга, соработник со кој таа се скарала пред скоро време.[caption id="attachment_299201" align="alignnone" width="1290"] Не одговори ниту на СМС пораката[/caption]

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-0010PM

Идната недела ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестичната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира од 22 до 25.07 2024 година, во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-16-at-19.31.54

(Видео) Ужасна се состојбата со ЈСП: Од септември ќе биде полошо, тоне во долгови, нема автобуси, откажуваат сервисите поради неплатени сметки!

„Не можеме да го опслужуме ни летниот возен ред“, призна директорот на ЈСП, Драги Кушовски, кој на функцијата не е ни цел месец.Најави дека од септември со зимскиот возен ред, ситуацијата ќе биде далеку полоша.„Од денешен апсект, да не ни се расипе ни еден автобус, ќе недостасуваат 100 автобуси. Во моментов има недостаток од 40-50 автобуси“, рече тој.Посочи дека и сервисите на автобусите се одвува тешко, дека има долгови кон добавувачите.„Откажуваат соработка на некој начин, бидејќи ЈСП не може да ги сервисира обврските кон тие договори“, рече директорот.

Македонија | пред 1 година

301677648_5569497519763081_3114948717055535286_n

(Видео) Се крие ли Арсовска од револтот на скопјани? Ќе поднесе ли оставка?

Градоначалничката Данела Арсовска не се појави на литургијата со г.г. Стефан во црквата „св. Петар и Павле“ која се одржа во петокот, не одговара на медиумски прашања, а ниту на прашања од новинари. Ваквото однесување на Арсовска доаѓа во период кога сите очи се вперени во неа, граѓаните се револтирани од автобускиот превоз кој е во рацете на градското претпријатие ЈСП, контејнерите често се преполни со отпад, а градот има проблем со чистотата.На литургијата со г.г. Стефан беше прустен само Драган Митковски-Книга, кој беше носител во изборна единица за партијата на Арсовска во текот на изборите.Побаравме одговори од Град Скопје дали Арсовска се крие поради револтот на скопјани од нејзиното (не)раководење на градот – но, не добивме одговори. Меѓу другото, неодговорено остана и прашањето дали планира да се повлече од функцијата кое го поставивме неколку пати во изминатиот период – по барање на граѓани. Ова прашање и го поставивме лично на нејзе преку СМС-порака - на што исто така има молк.Арсовска е слабо актива и на социјалната мрежа „Фејсбук“. Објавите се за по некој културен настан, добиена награда, социјален проект. Но не и коментарите. Во нив, и кажуваат колку проблеми има Скопје. Меѓу другото, има и коментар кој и посочува на проблем, а потоа и дека ќе има одговорност.За Арсовска и нејзиниот однос во поткастот „Претрес со Ландов“ сведочеше и нејзиниот поранешен советник, Умејр Мухамеди. За обвинувањата на нејзина сметка, побаравме став од Град Скопје и градоначалничката. Досега, немаме одговор. Тој раскажа за местени тендери, ужасен однос кон вработените, за платните списоци, патувањата на градска сметка... Поткастот:

Скопје | пред 1 година

jsp

Град Скопје: По 21 пат е доставена предлог одлука за нови еколошки автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ

,,За Седницата на Совет на 16 јули 2024 година, по 21 пат е доставена предлог одлука за нови еколошки автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за нови автобуси иако имаат мнозинство во Советот на Град Скопје.Бидејќи согласно закон градоначалник не може да донесе одлука за набавка на нови автобуси, единствена одговорност по повеќе од две години за недостатокот на автобуси во јавниот превоз имаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, од кои како власт и мнозинство во Град Скопје, зависи дали ќе има нови наместо дотрајани еко автобуси и подобар превоз.Со цел советниците од ВМРО ДПМНЕ да немаат оправдание за неносење на одлуката за нови еколошки автобуси, Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска континуирано им предлага да го контролираат целосно процесот односно и банката која ќе го финансира проектот, како и условите за набавка на еко автобуси да ги изберат самите советници во рамки на Советот, бидејќи оваа одлука единствено тие можат да ја донесат.Како очигледна демонстрација на сила и самоволие, спротивно на деловникот и статутот Претседателот на Совет Трајко Славески ниту на седница на Советот закажан за 19.06.2024 година не ја стави точката за нови автобуси на дневен ред за гласање. Иако поради недостаток на автобуси и дефекти скопјани чекаат на автобуските станици, за нови автобуси ВМРО ДПМНЕ не гласа иако ги имаат ветено пред граѓаните на локалните избори во 2021.Во претходниот мандат 2017-2021 година советниците на ВМРО ДПМНЕ гласале за набавка на еколошки автобуси на предлог на СДСМ, во истата форма како и сега и без никакви забелешки, бидејќи тогаш сметале дека треба да поддржат нови автобуси во интерес на граѓаните.За потсетување претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лично ги ветуваше новите еко автобуси за скопјани, за кои дури најави и дека преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, но до сега повеќе од 2,5 години тоа ветување не се реализира, како ни неговото ветување за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје која континуирано изјавува дека лично ја поддржува.Досега според програмата требаше да се набавуваат секоја година по 50 автобуси за да се постигне квалитетот на превоз и услуги кои граѓаните ги заслужуваат и да се испорачаат до крај на мандатот 250 автобуси.”, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_4044

Град Скопје го одбележа Денот на пожарникарите

Град Скопје во Територијалната противпожарна бригада, денеска го одбележа 20 Мај - Денот на пожарникарите. Свеченоста почна со постројување на пожарникарите, а командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, поднесе рапорт на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.Градоначалничката Арсовска им се заблагодари на скопските пожарникари за професионалноста, посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат секој ден, несебично вршејќи ја својата професија во заштита на безбедноста на граѓаните.Припадниците на нашата Територијална противпожарна бригада секогаш се подготвени брзо да дејствуваат за да ја заштитат нашата безбедност и сигурност, изложувајќи се на опасни и тешки задачи во кои животите на другите ги ставаат пред својот. Работата и континуираното докажување ги прави врвни професионалци со кои сите се гордееме.Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на денешната свеченост им додели плакети за особен придонес во реализирање на активности на БППЗ Скопје на Соколовски Марјанчо, Трајчевски Пепи и Здравковски Златко. На свечената церемонија, се обрати и командантот на БППЗ на Скопје Звонко Томевски, зборувајќи за секојдневните предизвици и напори кои ги вложуваат пожарникарите во заштитата и безбедноста на животите на граѓаните и на приватниот и јавниот имот и материјалните добра. Особено ја истакна соработката и разбирањето на Град Скопје за состојбите и упати голема благодарност за напорите што се вложуваат во однос на унапредувањето на работните и материјалните стандарди на пожарникарите.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-05-18-at-10.37.03

(Видео) Насилно се мести панорамско тркало во Карпош од фирма регистрирана пред месец, алармира Град Скопје

„Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски“, велат од Град Скопје и додаваат: Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.Ги повикуваме надлежните институции и апелираме да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.

Скопје | пред 1 година

sala

Град Скопје: Универзална сала е на скопјани и на Македонија

,,Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзална сала кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021 година е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа ни може да се продолжи ни може да се гради. Две години бевме напаѓани за тоа што јавно зборуваме!Две години укажувавме дека додека не се обезбеди нов проект и сериозна ревизија на градбата која е спротивна на проектот, дека нема шанси никој од Градот да потпише градба и продолжи било каква реализација.Советниците во Советот на Град Скопје на седница во јули 2023 година одлучија Министерството за култура да ја превземе Универзална сала и нејзината реконструкција. По неколку месеци мистериозно гори Универзална сала, наместо да се РЕВИДИРА што правел изведувачот.Министертвото за внатрешни работи итно да ги истражи причините и доколку за истото се детектира дека е во прашање човечки фактор и мотивирано е од погрешната и небезбедна градба за што има соодветна документација, за која укажувавме две години и поради која одбивме да продолжиме со изведувачот избран од претходното раководство, институциите да си покренат соодветни постапки за одговорност.Универзална сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да заташка што правел, за што јавно говоревме 2 години и бевме напаѓани за истото од центрите на моќ и кеш. Ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си го покриете делото и срамот!”, велат од град Скопје.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања