„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ГРАД СКОПЈЕ

mecinovic-51346

Што планира Мециновиќ со Скопје: мора да се ослободи од политичките притисоци

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, во гостување на Сител телевизија изјави дека главниот град мора да се развива во интерес на граѓаните, ослободен од политички притисоци.„Над луѓето кои се креативниот потенцијал на Скопје само треба да се тргнат политичките пранги и политичкиот притисок, за да можат да дишат, да функционираат и да создаваат прилики. Тоа се приликите кои му се потребни на нашиот град,“ истакна Мециновиќ.Тој најави дека во наредните два месеци ќе се работи на создавање на пошироко движење кое ќе биде повеќе од партија и повеќе од еден човек – платформа за сите граѓани кои, како што рече, се уморни од „град заложник на интересите на малкумина“.Мециновиќ потсети на своето искуство како советник во Град Скопје и нагласи дека единствена константа во работењето на досегашните власти бил приватниот интерес. Како пример го посочи проблемот со јавниот превоз, за кој, според него, уште во 2022 година се укажувало, но не се решавало.„Нашата поента не е да се претставиме како совршени луѓе. Напротив, сакаме да понудиме платформа на јавен интерес, со која ќе може да се поистоветат сите граѓани кои ги делат истите проблеми во скопското секојдневие,“ рече тој.Кандидатот на Левица нагласи дека мора да престане деградирањето на услугите на Градот и го критикуваше давањето концесии за паркинзи на приватни компании, иако постои јавно претпријатие за таа цел.Во однос на јавниот превоз, Мециновиќ оцени дека во 2025 година е недозволиво Скопје да се соочува со вакви проблеми. „Потребна е набавка на нови автобуси, алтернативни методи на јавен превоз и нов Генерален урбанистички план,“ нагласи тој.Мециновиќ заклучи дека неговата кампања е спротивна на платформите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои, според него, не нудат решенија за вистинските проблеми на граѓаните.

Скопје | пред 6 месеци

woman-using-smartphone-technology

Обвинителството ја отфрли пријавата против новинар за телефонско снимање – јавниот интерес е поважен од приватноста, велат од ОЈО Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена против еден новинар и телевизиска куќа, кои беа пријавени за неовластено прислушкување и тонско снимање, поради објавена телефонска снимка со службеничка на Град Скопје во централниот дневник.Според обвинителството, нема елементи на кривично дело, бидејќи новинарот ја контактирал и снимил пријавителката во својство на раководител на Одделението за односи со јавност во Градот Скопје, со цел да добие став за сообраќајниот метеж во главниот град, предизвикан од нефункционална сигнализација.„Постои висок јавен интерес – граѓаните имаат право да знаат зошто улиците им се закочени“, стои во образложението. Новинарот, се нагласува, имал обврска да постави прашања и да ги повика на одговорност јавните функционери, а телефонското снимање, иако без согласност, било оправдано од јавниот интерес и не содржело невистинити или штетни информации.Обвинителството се повикува и на праксата на Европскиот суд за човекови права, особено на случајот Radio Twist против Словачка, каде што било потврдено дека тајното снимање во новинарството е дозволено доколку е пропорционално и насочено кон заштита на јавниот интерес.Одлуката на ОЈО Скопје е правосилна и веќе потврдена од Вишото јавно обвинителство. Како добар правен пример, решението ќе биде доставено до новинарски здруженија и организации за слобода на изразување, со цел поддршка на домашната пракса и поголема правна сигурност за медиумските работници.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-03-at-16.01.12

(Видео) Хаотична седница на Град Скопје, заврши пред да започне

Иако денес се очекуваше Советот на Град Скопје да расправа за дивоградбите во општините Чаир и Сарај на две одделни вонредни седници — првата по иницијатива на советничката група на СДСМ, а втората на ВМРО-ДПМНЕ — седницата заврши уште пред да започне. Причината беше што мнозинството советници, предводени од ВМРО-ДПМНЕ, не го изгласаа дневниот ред. Седницата беше хаотична оти градоначалничката Данела Арсовска зеде збор за продецурално обраќање, а дел од советниците сметаа дека тоа не е обраќање за процедурите и бараа да и се одземе зборот.Со оглед на тоа што поранешниот претседател на Советот, Трајко Славески, е именуван за гувернер на Народната банка, според Деловникот, седницата требаше да ја води најстариот советник, Халиде Палоши од ДУИ. Но, поради нејзиното отсуство, по предлог на советничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со седницата претседаваше Никола Пановски.Иако беше изгласано дека има основа за одржување на вонредна седница по предлог на СДСМ за дивоградбите во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа дневниот ред. Со тоа, седницата беше прекината пред да започне расправата, и покрај присуството на градоначалничката Данела Арсовска и директорите на јавните градски претпријатија.Арсовска потоа излезе на говорницата и повторно ги обвини, како што рече, за „криминали и фалсификати“ на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, што предизвика жестока расправија меѓу неа и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои побараа од Пановски да ѝ го одземе зборот.По вербалниот конфликт и навредите, советникот Стефан Кирков го повлече предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за втората вонредна седница, посветена на дивоградбите во Сарај, со образложение дека граѓаните не заслужуваат да бидат сведоци на „циркусот“ што се случува во Советот на Град Скопје.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-03-at-16.01.25

Кирков: Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела да не прави театар

Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела Арсовска да не прави театар, истакна советникот во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Кирков на денешната седница на Советот на Град Скопје.„Илузорно е, популистички и целосно провидно да се смета дека дивоградбите ќе ги реши една седница на советот на Град Скопје, ова е мегдан каде коалицијата на власт на СДСМ и Левица прават театар и циркус од работата во Градот Скопје. 4 години Данела Арсовска имаше време да реагира за сите дивоградби, сега во последниве четири месеци реши да прави популизам и театар кој ние не го прифаќаме“, посочи Кирков.Кирков истакна дека дивоградбите не се случај во последната година, ниту пак тие ќе се решат за следните четири месеци.„Дивоградбите не се случија последнава година, ниту ќе се решат за следните четири месеци. Но, има и такви во оваа сала кои се на власт 20 години со сите власти и молчат за дивоградбите. Има институции и тие институции треба да работат согласно законот. Да завршам и тоа е нашиот апел и затоа бидејќи не помина дневниот ред каде тука се сакаше да се прави спектакл и претстава за јавноста. Ние нема да учествуваме во политикантството“, вели Кирков.Претходно, Данела Арсовска бараше на седница да биде ставена точка на која ќе се дискутира за дивоградбите во Чаир.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-29-at-00.20.26

„Протест со ѓубре“: Ганиу го брани потегот, МВР откри дека е одземено возилото со кое истураа пред Град Скопје

По „драмата“ што се случи на пред објектите на Град Скопје, каде група граѓани исфрлија отпад со товарно возило, а беа предводени од градооначалникот на Чаир, Висар Ганиу, реагирале инспекторатите и МВР. Главниот актер на настанот, Ганиу, јавно призна дека дејствието било противзаконско, но како што вели – било чин на очај и протест.„Знам дека е противзаконско, немав што друго да правам. Немав друго чаре. Сакав да го сензибилизирам, за да им кажам дека Чаршијата е наша, на нашата држава. Да доаѓаат туристи и да ни го сликаат ѓубрето - тоа... Немаше никој од тие кои работат во Чаршијата.. Секој што критикува одма има инспекција - дали за тенди, столчиња, маси, тортура се прави. Еден наш колега излезе, само што беше на пресот, утре дента му го сменија работното место на неговото девојче. Ова не е во ред, доаѓа време, некој ќе треба да одговара“, рече Ганиу.Од МВР известија дека е одземено возилото со кое се истурало смет.„Во врска со настанот од 28.05. пред објектите на Град Скопје, ве информираме дека во 23,05 часот беше пријавено дека група луѓе (од 30 до 40 граѓани) се движат од објектот на Владата на РСМ кон Градскиот парк, а во 23,20 часот од страна на инспектор од Град Скопје е пријавено дека пред бараките на Град Скопје повеќе лица со камион исфрлиле отпад. Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на лице место, преземени се сите службени дејствија, извршени се разговори а од страна на екипа на ЕУМНА извршено е фотографирање на лице место. Со оглед дека е констатирано прекршување по основ на Законот за јавна чистота, од страна на инспектори при Град Скопје товарното возило марка „Мерцедес“ е одземено и во придружба на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција истото е однесено во „Дрисла““, велат од МВР за „Скопје1“

Скопје | пред 8 месеци

arsovska-1

Добро е што градоначалничката по четири години се разбудила од зимски сон, вели Тошковски за Арсовска

Откако градоначалничката Данела Арсовска објави дека поднеле кривични пријави против УСЈЕ и други големи загадувачи, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски рече дека е добро што се разбудила од зимски сон.„Може доставила, може не, добро е што градоначалничката по четири години се разбудила од зимски сон“, рече Панче Тошковски, одговарајќи на прашање дали ги примиле кривичните пријави.Арсовска претходно објави дека спречила незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази. Според неа, институциите не постапувале.

Македонија | пред 9 месеци

drisla-arsovska

Арсовска пак смени директор, четврта среќа: Хусини ќе раководи со „Дрисла“, наместо Јосевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска повторно смени директор на јавно претпријатие, на осум месеци пред изборите. „Дрисла“ сега ќе го управува Самир Хуесини, дознава „Скопје1“ од свои извори. Лицето е непознато за јавноста, а Град Скопје втора недела молчи кој е човекот и која е неговата биографија.Хусеини е четврта среќа на Арсовска во ова претпријатие. Пред тоа, го раководеа Јане Мицевски кој по кавгата ВМРО-ДПМНЕ - Арсовска, беше разрешен. На негово место дојде Александар Кузинаков кој издржа и најдолго на позицијата, речиси две години. Директорувањето го презема Ненад Јосевски во август 2024, а неговата функција заврши со истекот на шестиот месец, по што е сменет.„Скопје1“ побара одговори од Град Скопје, зошто го разрешила Јосевски, кој е новиот кадровник Хусини, но и какво работно искуство има. Прашавме и која е поентата на честото менување на директори и колку ова штети на претпријатијата. Не добивме одговор.Крајот на јануари, Данела Арсовска направи петта смена на директор во Комуналнa. Новиот го поддржува УЧК, им ги чкрта лицата на Стево и Гордана, бојкотира „Кам“ и „Стокомак“, а го поддржува ДУИ.Во август минатата година, Арсовска назначи кадар на ДУИ и во „Паркови и зеленило“, каде за директор беше поставен Јетон Бучи, кој сака да се фотографира со сега избеганиот Артан Груби.Вчера, заменик-градоначалникот Александар Трајановски се повлече од функцијата, а од Град Скопје излегоа со информација дека тој бил разрешен уште пред три месеци. Вакви случаи имаше и во минатото. 

Скопје | пред 1 година

stojanovski

Стојановски: Нема да ја поддржиме одлуката за намалување на линискиот превоз на патници на градот Скопје

На денешната седница на Град Скопје, во однос на предлог-одлуката за изменување на Одлуката за линиски превоз на патници на градот Скопје имаше свое обраќање советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски кој нагласи дека ова одлука нема да се поддржи затоа што би ги довела граѓаните во ситуација уште повеќе да имаат проблеми со автобуските линии со редуцираниот возен ред.„Како претседател на Комисијата за урбанизам и сообраќај, претходните денови одржавме комисија заедно со секторот од градот Скопје за сообраќај и со препоставените од тоа претпријатие. Инаку морам да ви кажам дека на Комисија ова точка за измена на линискиот превоз не помина, воедно и ќе образложам зошто. Како советници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да поддржиме ваква точка од причина што ние никако не сме за кратење на линиите т.е за намалување на постојните автобуси во текот на денот за граѓаните“, рече Стојановски.Тој ги образложи сите кратења на линии кои се предвидени со ова барање, и беше дециден дека ваква алармантна бројка нема да биде во никој случај прифатена, затоа што првенствено претставува нечовечки однос кон граѓаните.„Вкупно 92 кратења во еден ден бара ЈСП Скопје од советот, да донесе одлука за да тие автобуски линии постојани линии кои возат во текот на денот да бидат скратени, ова е огромна бројка ова е алармантно, јас го разбирам моментално недостигот на автобуси доколку го има ЈСП, они ветуваа и дека ќе ги поправат 30 автобуси некаде пред нова година но не добивме информација дали ги поправија. Затоа сакам да се изјаснам уште еднаш дека ваква фрапантна бројка, ваква анализа ваков нечовечки однос кон граѓаните ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да дозволиме“, вели Стојановски.Тој додаде дека се надева дека и другите советници нема да го прифатат овој предлог, затоа што се работи за сосема друга намера од страна на ЈСП.„Затоа повикувам сите останати советници да не го поддржат овој нов возен ред кој се става на голема врата во градот Скопје, затоа и онака граѓаните чекаат автобуси. Замислете ако се прифати овој возен ред да има редуцирано помалку автобуси од тоа што има сега замислете кога ќе дојде еден автобус, колку граѓани ќе чекаат колку време и колку тој ќе биде полн, дали тој автобус ќе може да ги собере тие граѓани да влезат во автобусот. Не, нема да може од причина што ќе бидат редуцирани. Јас мислам дека тука се работи за сосема нешто друго, да се намалат некакви трошкови на Јавното сообраќајно претпријатие, иако им даваме секоја година по два пати субвенции и затоа мислам дека оваа одлука нема да е правилна доколку некој ја изгласа“, вели Стојановски.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-02-27-at-12.31.57

(Видео) Заменик-градоначалникот на Скопје поднесе оставка: Се удоволува на екипата од Сарај, се репресираат вработени, се пресметува со неистомисленици

Александар Трајановски од ГРОМ, Александар Трајановски, поднесе оставка од заменик-градоначалникот на Скопје. Тој кажа дека за извршување на функцијата не земал надоместок, а работел согласно законот.„За жал, со горчина и разочарувања можам да кажам дека ниту еден мој предлог не бил прифатен и реализиран. Да ми кажеше некој тогаш дека сето ова што го правам за да со Град Скопје и јавните претпријатие владее екипа од Сарај и ДУИ уште веднаш ќе одбиев. Кога се нафатив да бидам заменик-градоначаник тогаш наводно градоначалничката беше во битка со партизираните претпријатија. Косана Мазнева против таа банда херојски се избори и ја отстрани од Комунална хигиена, а таа беше наградена со отказ. А денес градоначалничката на Град Скопје, од таа екипа назначува директори. Од кал да е, од Сарај да е, директор ќе биде“, рече Трајановски.Тој додаде: Во изминатава година Град Скопје работи на проекти исклучиво за Сарај, како да не постојат останатите општини во Скопје. Јас не прифаќам да бидам заменик-градоначалник на Сарај и градот да удоволува само на екипата од Сарај.... Поради незрелата политичка пресметка со сите градоначалници освен на Сарај и со неистомислениците, заради секојдневното малтретирање на граѓани, инвеститори, стоанственици, како и поради постојанито мобинг, изживување, репресирање на вработените во градот и јавните претпријатија си повикувам неотповиклива оставка од функцијата заменик-градоначалник на Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

danela1414141

Осум дена молк како бојкотирач на македонски маркети и чкртач на ликот на Сиљановска стана директор на Комунална хигиена

Осум дена молк од Град Скопје предводен од градоначалничката Данела Арсовска за именувањето на новиот в.д. директор на Комунална хигиена, кој чкрта македонски кандидати за претседатели, ги поддржува УЧК и ДУИ, бојкотира „Кам“ и „Стокомак“. Нема негова биографија, ниту критериум за избор, ниту пак информација за тоа, зошто по петти пат, Арсовска менува директор.На веб-страницата на „Комунална хигиена“ нема посебно соопштение за именување на нов вршител на дејноста директор. Таму само е направена една промена во делот „за нас“ односно во делот „директор“. Впишано е името на Рустеми. Детали за неговото образование, претходно работно искуство, како и вештини – нема.На 29 јануари, токму вакви прашања поставивме до Град Скопје, но досега, како и вообичаено. не добивме одговор. Па така, зошто е направена смената, што згреил претходниот в.д. директор Јетон Незири, но и дали е точно дека новиот в.д. директор е ангажиран преку агенција во август минатата година – останува „тајна“.На профилот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Сабахудин Рустеми има само две информации за неговата едукација и работа. Тој ставил дека завршил факултет на ФОН. Втората информација е дека е директор на Комунална хигиена, но датумот е згрешен – па така, стои дека на функцијата бил назначен во 2018 година.Претходно исто така објавивме дека Рустеми доаѓа од Сарај. Куп од споделените објави му се за поддршка за Блерим Беџети, а бил и во кампот на ДУИ пред Уставниот суд, каде беа поставени шатори. Најмногу внимание привлекуваат неговите објави со пречкртаните лица на Стево Пендаровски и сегашната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, но и повикот за бојкот на двата маркети „Стокомак“ и „Кам“ од 2017 година.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-02-01-at-19.20.33

Герасимовски се жали од Град Скопје, оти не го чистат сметот

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Службите на Општина Центар го исчистија сметот од улицата Славејко Арсов, на Водно.„Акцијата за чистење на смет од центарските улици се одвива без застој. Улицата Славејко Арсов е комплетно исчистена од смет и подигната е хигиената на повисоко ниво. Нашите 120 хигиеничари секојдневно се на терен, работат во две смени со цел обезбедување на чист Центар за сите нас. Им упатувам огромна благодарност што неуморно се вложија во големата акција за чистење којашто трае една недела, откако Град Скопје потфрли. Апелирам до граѓаните да се грижиме за средината, а Град Скопје викендов да го исчисти сметот од улиците кадешто е надлежна за да не се соочиме повторно со истата ситуација од претходниот викенд. Центар не чека, Центар чисти“, вели Герасимовски.Во населбата Кале, обезбедени се шест контејнери за фрлање смет од страна на Општината откако при чистењето и миењето на улиците во едно од маалата на Кале беше утврдено дека имаат само една канта од Град Скопје.Ги повикуваме граѓаните да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2025-01-27-at-08.55.37

(Фото) Герасимовски: Барам веднаш Градот Скопје и Арсовска да го исчистат ѓубрето во Центар, недозволиво е центарот да изгледа вака

„Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека градот Скопје под раководство на градоначалничката Данела Арсовска не си ги исполнува своите основни работни обврски и утрово, ѓубрето не е исчистено од улиците на Центар под чија надлежност е градот“, велат преку соопштение од Општина Центар.„Барам итно денеска градот Скопје да си ја заврши својата работа и да го исчисти ѓубрето во Центар кадешто градот и градоначалничката Данела Арсовска се надлежни. Недозволиво е центарот да Скопје да изгледа вака, јавните површини се акумулирани со ѓубре коешто не само што го загрозува здравјето на граѓаните, туку ја нарушува и животната средина. Апелирам до Арсовска и градската администрација веднаш да се фатат за работа и да ги исчистат улиците во Центар за кои самите се надлежни! Неопходно е веднаш да се интервенира и да се осигура чистотата на улиците. Во Крњево втора недела не се собира ѓубрето.“, алармира Герасимовски преку соопштение.

Скопје | пред 1 година

IMG_2107

Зоолошката градина е позната како куќата на стравот и тоа доволно кажува за владеењето на Арсовска, вели Кирков

На гостувањето во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ присуствуваше советникот од Советот на Град Скопје, Стефан Кирков кој се осврна на актуелниот проблемот со бездомните кучиња.Кирков објасни дека само на територијата на Скопје има повеќе од 5 илјади бездомни кучиња и како системско и трајно решение го нагласи примерот односно изградбата на еден поголем државен стационар за хуман престој на животните.„Само на територијата на Скопје има повеќе од 5 илјади кучиња, како единствено решение дека треба да го земеме примерот од околните земји кои го имале овој проблем, хуман престој на животните и еден државен поголем стационар или помали стационари во секоја општина е единственото решение според мене“, објасни Кирков.Кирков се осврна на актуелната тема пред неколку месеци во врска со епидемијата во зоолошката градина и како причинител го обвини лошиот менаџмент во зоолошката градина.„Зоолошката градина е позната како куќата на стравот, и сметам дека овој менаџмент на зоолошката градина и оваа градоначалничка не си го сака Скопје и зоолошката градина, со тоа што направи низа промени на директори таму од причини познати само кон неа и за само три години ние имаме епидемија на повеќе од 40 погинати животни, егзотични, дел од нив под нерасчистени околности. Се доведовме во ситуација да зоолошката градина после толку години постоење за прва пат да има катанец на врата и беше затворена поради вирусна бактерија пред се од лош менаџмент внатре и под голем ризик да направи епидемија во целата земја“, рече Кирков.Кирков исто така додаде дека зоолошката градина пред две години го изгубила статусот на членка на ЕАЗА и дека зоолошката градина има целосна блокада за потенцијална членка во наредните 5 години.„Мене ми е навистина многу жал што морам да говорам за зоолошката градина во негативна конотација затоа што јас не ја памтам зоолошката градина ваква, и не сакам да ја гледам во вакво издание како што е сега, пред две ипол години Скопје ЗОО го загуби статусот на членка на ЕАЗА тоа е како Европска Унија за луѓето, ние бевме на праг да влеземе таму, со доаѓањето на новиот менаџмент поставен од оваа градоначалничка не само што го изгубивме статусот кандидат членка туку имаме целосен бан да бидеме потенцијална членка во наредни 5 години“, истакна Кирков.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-01-13-at-17.42.45

Дојде 2025, а сѐ уште на Партизанска коли возат по пешачки и велосипедски патеки, велат од „На точак“

Иницијативата „На Точак“ смета дека Град Скопје кој го предводи градоначалничката Данела Арсовска не се грижи за велосипедистите и пешаците, па споделија фотографија од снегот на потегот од Карпош 4 кон Влае, пред мостот „Влајко“.„Ај што Град Скопје не се грижи за велосипедистите и пешаците, ама барем да ги исчистеа нашите патеки за кутрите возачи на коли кои одбираат непрописно да возат и паркираат на нив. Дојде 2025, а сѐ уште на Партизанска коли возат по пешачки и велосипедски патеки“, велат од иницијативата.

пред 1 година

471477040_913916394138849_4438083128127010571_n

Наградени најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје за 2024 година

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес во рамки на традиционалното доделување годишни признанија свечено додели награди за најдобриот полицаец, пожарникар, и крводарител на град Скопје за 2024 година, базирано на остварените резултати и избрани од нивните работни колективи.За своите заслуги и за хуманата, храбра и пожртвувана работа, признанија добија:- Васко Тодевски од СВР Скопје Одделение за увид, за исклучителни резултати во реализација на бројните работни задачи, со што има значаен придонес во остварувањето на полициската работа- Кире Стојановски од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како пожарникар спасител кој се истакнал во акциите на неговата бригада во која е од 2015 година- Миле Петковски крводарител од Скопје, кој има евидентирани 115 дарувања во рамки на крводарителски акции и како редовен учесник во бројни хуманитарни акции мотивира со својот личен примерГрадоначалничката и присутните им посакаа на наградените добро здравје и успеси во новата година, со желба да продолжат со својата храбра и посветена работа во интерес на граѓаните.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања