„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ГРАД СКОПЈЕ

Screenshot-2022-12-04-at-16.31.15

Од понеделник приватните превозници се враќаат на улиците

Приватните превозници од понеделник ќе се вклучат во јавниот градски превоз, но не со полн капацитет. Нивни претставници денеска изјавија дека во сообраќај ќе учествуваат само превозниците со финансиска можност. Тие апелираат до градоначалничката на Град Скопје, советниците и Владата да одржат заеднички состанок и да најдат прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената по изминат километар. Јовица Зафировски посочи дека приватните превозници имаат 200 автобуси и дека може да го покријат недостатокот на авотбуси во ЈСП доколку се најде заеднички прифатливо решение со Градот.-Приватните превозници ќе го дадат својот максимум од понеделник односно ќе се вклучиме во раните утрински часови онолку колку што можеме, не со целиот капацитет со цел за неколку дена да им излеземе во пресрет на граѓаните во градот Скопје. Воедно, ја користиме оваа прилика да се обратиме до сите советници во Градот Скопје – Ве молиме со консензус да изгласате покачување на цената за изминат километар со цел подобрување на состојбата во јавниот градски превоз. Со покачена цена се обврзуваме да го обновиме нашиот возен парк со еколошки климатизирани автобуси, изјави денеска Јовица Зафировски.

Скопје | пред 1 година

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

И студентите излегуваат пред Град Скопје денеска во 14:30 часот

Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за денес, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од 14 часот пред Стара Пошта и ќе продолжи во 14.30 часот пред Град Скопје.Организаторите ги повикаа сите да излезат на протестот и да го искажат незадоволството.По спроведената анкета на која одговориле 3.568 студенти, 85 отсто од нив рекле дека во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 66,7 проценти од нив, чекаат автобус над 20 минути.Дополнително, 93,6 отсто од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 66,7 проценти изјавиле дека од истите воопшто не се задоволни од истиот.Дополнително, организаторите на протестот апелираат на воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.Конкретно, барањата се следните: Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit; Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје; Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии; Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-22-094221

(Видео) „Предлогот на Левица за набавка на нови автобуси ДПМНЕ повторно го одби“

„Факт е дека хаосот со јавниот превоз во Скопје може да се реши единствено со набавка на нови автобуси. Во таа насока, советничката од Левица, Катерина Јовановска, предложи да се одржи суштинска вонредна седница на која би се изгласала набавка на 250 нови автобуси. Но, ДПМНЕ повторно го одби предлогот и со тоа реши скопјани да продолжат со нивното мачно и неизвесно секојдневие“, велат од Левица.„Ве молам, сериозно прифатете ја ситуацијава! На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања, од овие борби на суети и его! Ова е само театар за деца и младинци, нема никакво суштинско решение… за што сме ние тука денес собрани?! Дадете коретни решенија, три години го збориме истото со советниците од Левица. Ова е само фластер на рана. Сега ќе заврши вонредната седница, Владата ќе донира нафта, ќе има автобуси - после месец дена, нешто пак ќе се расипаат калимерите во коалицијата „За модерно Скопје“ и пак ќе немаме автобуси, и пак ќе свикуваме вонредни седници…“ - истакна советничката од Левица во град Скопје, Катерина Јовановска.„Вчерашната вонредна седница на Советот на град Скопје е фарса, свикана за изразување на благодарности на причинителот за ова безредие во Скопје – Мицкоски. Имено, наместо да се дискутира и одлучува за трајни решенија, советниците се заблагодаруваа на “соломонското решение“ на Владата за донацијата на нафта на ЈСП.Причината поради која автобусите останаа без нафта е поништениот тендер од страна на Бирото за јавни набавки кое е управувано од директор на ДПМНЕ. Доколку Владата ги имала овие информации, можеше да ја донира нафтата пред да настане хаосот. Но, стратегијата на ДПМНЕ беше да настане хаос за Владата излезе дека ги спасува скопјани.Игрите на ДПМНЕ се провидни – се креираат кризи за потоа тие да бидат ‘спасители’“, соопшти Левица.

Скопје | пред 1 година

IMG_6187

Стојановски до Левица: Критикувате за ЈСП, а тројца ваши директори сè уште се во фотелјите на Арсовска

„Добро е што има кој да мисли на граѓаните, а тоа е Владата на Република Македонија, која на денешната седница донесе и одлука не за некаква награда, туку апсолутно тоа е позајмување на гориво до Градот Скопје и ЈСП,“ изјави советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски.Советничката група на Левица остро ја критикуваше градската власт. Нивната критика наиде на контрареакција од советникот Мартин Стојановски.„Па сакам, ете, јавно да ја прашам советничката Катерина, зошто сеуште три директори од партијата Левица имаат во јавните установи на Градот Скопје и зошто, ако не се сложуваат со политиките на актуелната политичка градска власт, одамна не ги напуштија местата и не беа дел од градските институции? Сомнително е зошто толку се сменија 40 тина директори, а не се сменија токму тие 3 директори, не се пипнати од политичката партија Левица,“ рече Стојановски.„Да не го политизираат ова, колешката Катерина од советничката група на Левица, мислам дека политички го одржа својот говор денеска на оваа седница“, истакна Стојановски.И покрај владината интервенција, останува прашањето за долгорочната стабилност на јавниот превоз. За скопјани оваа состојба не е само технички проблем, туку и доказ за политичките игри што го доведоа ЈСП до колапс. „Нафта утре ќе има, а јавната набавка за една недела ќе биде реализирана од страна на Градот Скопје и повторно автобусите би требало да возат, секако доколку тоа успеат службите од Градот Скопје да го менаџираат“, рече Стојановски.За граѓаните, оваа состојба не е само технички проблем, туку и доказ за политичките игри што го доведоа ЈСП до колапс. Левица, критикувајќи ја градската власт, мора да одговори на прашањето – зошто нејзините тројца директори останаа на своите функции, ако партијата не се согласува со политиките на Арсовска?

Скопје | пред 1 година

avtobusi-skopje1

Град Скопје ја пофали Владата оти помага со ЈСП, а ги потсетија и дека имаат долг

„Ја поздравуваме одлуката на Владата со која конечно се докажа дека секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает и дека доколку јавниот интерес е на прво место можно е конструктивно да се делува во интерес на граѓаните. Потсетуваме дека Владата се уште има долг од 500 милиони денари кон ЈСП Скопје за студентскипт стандард и бесплатниот студентски превоз, со кои ќе се стабилизира во целост состојбата во претпријатието“, велат од Град Скопје и додаваат:„Дополнително, ја повикуваме советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го следи позитивниот пример на Владата и разумно со грижа за интересот на граѓаните како приоритет, да ги донесе одлуките во Советот на град Скопје неопходни за подобрување на состојбите во јавниот превоз. Апелираме на следната седница конечно по повеќе од 2 години советниците да ги изгласаат точките за нови автобуси за ЈСП како и за отпочнување на реализација на проектот за БРТ каде се предвидени дополнителни 60 автобуси, адаптирано согласно ветувањата од програмата „За Модерно Скопје“.Важно е и советниците да завземат став за барањата на приватните превозници што како одлука единствено тие можат да ја донесат за во целост да се нормализира јавниот превоз.риватните превозници што како одлука единствено тие можат да ја донесат за во целост да се нормализира јавниот превоз“.

Скопје | пред 1 година

janevska

Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз

Тоа што во главниот град на државата нема превоз, го попречува основното право на учениците да се образуваат, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, прашана за проблемот со градскиот превоз во Скопје.„Анализата на Министерството од е-Дневникот покажа дека нема значајна разлика на неоправдани изостаноци во овој период во споредба со истиот период минатата година. Претпоставувам дека учениците и родителите прават најдобро што можат, односно се организираат за нивните деца да стигнат на училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град на Македонија да им се оневозможи правото на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право и со Уставот“, изјави Јаневска, додавајќи дека е недозволиво сите напори кои ги прави Министерството за образование и наука, промените за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат спречувани поради неорганизираност на градските власти.Изрази надеж дека градските власти сериозно ќе ја сфатат оваа ситуација и итно ќе најдат соодветно решение.Министерката рече дека ги поддржува студентите кои најавија дека ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје, доколку не се реши проблемот со градскиот превоз.„Студентите се апсолутно во право, имаат право својот револт на каков било соодветен начин да го изразат и ако ова е единствениот начин да најдат решение за нивниот проблем, јас ги поддржувам“, одговори Јаневска.

Скопје | пред 1 година

janceva

(Видео) Јанчева: СДСМ со решенија за кризата во Скопје - Закон за финансиска поддршка на градот и ЈСП, субвенциии за гориво

„Како што најавивме, денес сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се наоѓа Град Скопје. Состојбата е алармантна – јавниот превоз не функционира, сведоци сме на преполни контејнери, смет насекаде, а основните услуги што ги заслужуваат граѓаните се целосно запоставени“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.„Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска да се вразумат и да престанат да се инаетат на грбот на скопјани. Не е време за политички препукувања – време е за носење итни, разумни одлуки за решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Скопје, но и сите останати граѓани кои секојдневно престојуваат во Скопје.Советничката група на СДСМ и коалицијата демонстрира зрелост и лидерство во овие тешки моменти. Затоа, денес пред вас изнесуваме неколку разумни предлози за надминување на кризата во Скопје.Ви ги претставуваме трите предлози што сметаме дека се клучни за надминување на кризата:1. Измени и дополнување на Законот за финансиска поддршка на општините и јавните претпријатија основани од нив.(Овој закон беше донесен во 2018 година од нашата Влада, кога беа сервисирани долговите на општините, вклучително и долгот на Град Скопје од над 30 милиони денари).- Предлагаме, Собранието на РСМ, по скратена постапка, да ги усвои овие измени за да се обезбеди финансиска стабилност на Град Скопје. Нашите пратеници ќе го поднесат овој предлог.2. Владата на РСМ итно да донесе одлука за доделување субвенции-евро дизел гориво од државните резерви за нафта.- Предлагаме Владата на РСМ да обезбеди 2,5 милиони литри евро-дизел од државните резерви на нафта, кои би биле доволни за функционирање на јавниот превоз до крајот на 2024 година.Ова е мерка што мора да се реализира веднаш, за да се стави крај на агонијата со јавниот превоз.3. Предлагаме, пратениците во Собранието на РСМ да иницираат свикување на Надзорна расправа во Собранието за состојбата во Град Скопје. Одржувањето на надзорната расправа би било примерот на претходните расправи, за прашања од јавен интерес. Собранието на РСМ, како суверен претставник на волјата на граѓаните има легитимно право да расправа за овие прашања.Се работи за доброто на сите граѓани, а не за мешање на надлежностите.Предлозите за надминување на кризата се СДСМ и коалицијата се реални, остварливи и насочени кон доброто на граѓаните.Ги повикуваме сите советници во Советот на Град Скопје да ги поддржат овие предлози и да покажат одговорност.Потребно е обединување на сите политички субјекти за доброто на Скопје.Скопје не смее повеќе да биде жртва на политички битки. ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска мора да ја преземат својата одговорност и да почнат да работат за доброто на граѓаните.СДСМ и коалицијата покажуваат и докажуваат дека се коалиција која нуди решенија.Нашата заложба е јасна: скопјани заслужуваат град кој функционира, град кој обезбедува основни услуги, град кој го штити достоинството на своите жители.Нема да дозволиме да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град.Повикуваме на разум, обединување и заедничка акција за доброто на Скопје.Време е за решенија. Граѓаните на Скопје тоа го очекуваат од нас“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

slaveski1

Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во градот, откако автобусите на ЈСП прекинаа да сообраќаат поради недостиг на гориво.-Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на град Скопје на 21 ноември, ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот, во рамките на своите надлежности, е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите, итно да го нормализираат јавниот превоз на територијата на град Скопје и да го подигнат нивото на хигиена, сподели Славески преку социјалните мрежи.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska2

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш!

Доколку сите политички партии го поддржаа ланскиот предлог на ЛДП за воведување законска можност за отповикување на градоначалник односно свикување на референдум, со кој ќе се разрешеше градоначалничката Данела Арсовска, денешниот колапс на јавниот превоз и високиот степен на аерозагадување, кое Скопје го однесе на првото место во Европа по загаденост, немаше да се случат, велат од ЛДП.„Однесувањето на градоначалничката Арсовска, наместо на вистинска „мајка на градот“, изгледа на однесување на разгалено дете.Колапсот на градскиот превоз изминатите 2 денови е последното дно кое го допре моменталното градско раководство, „оперирано“ од срам, било каква одговорност и чувство за последици кон сите граѓани кои живеат, но и оние кои престојуваат или транзитираат низ главниот град.Секојдневните смени на директори на јавните претпријатија, хаосот во работењето на градските служби, нехигиената во градот, запоставувањето на Зоолошката градина, загадениот воздух се само дел од причините зошто Данела Арсовска мора час поскоро да ја поднесе оставката и да се надмине оваа агонија која скопјани ја живеат секој ден. Покрај општото безредие кое владее во градот изминатите години, колапсот на јавниот превоз и измрзнатите граѓани по автобуските станици утринава се дополнителни аргументи предлогот на ЛДП за отповикување на градоначалници да биде поддржан во Собранието по итна постапка.Градоначалничке Арсовска, наместо празни обвинувања на сѐ и секој кој не размислува како Вас, имајте доблест, покажете одговорност кон оние кои ве гласале, поднесете неотповиклива оставка и спасете ги граѓаните и овој град од вашето „менаџирање“!Само со заминување на Арсовска од позицијата на градоначалник, ќе се отвори можност да се засукаат ракавите и со напорна работа, да се исконтролира штетата предизвикана од овој мандат и да се постават работите во вистински правец. Во спротивно, не само што ќе продолжи, туку агонијата на Скопје и скопјани ќе станува сѐ поголема секој нареден ден.Во оваа насока, советникот од редовите на ЛДП во Советот на Град Скопје, Никола Пановски, се потпиша и даде поддршка на иницијативата за свикување денеска на итна седница на Советот, со цел изнаоѓање на брзи и ефикасни решенија за моменталната состојба во која се наоѓа Скопје“, соопшти ЛДП.

Скопје | пред 1 година

mickoski-danela

„Наместо да водат политичка војна врз грбот на граѓаните треба да преземат одговорност“, СДСМ има план за решавање на кризата

„Катастрофално лоша е состојбата во Скопје. Нема градски превоз, смет и нечисти улици на сите страни, ниту основните услуги граѓаните не можат да ги добијат. Реално Скопје се наоѓа во голема криза“, велат од СДСМ.„Скопјани се жртва на политички игри и меѓусебните инаетења на ДПМНЕ и Арсовска.Нема ни М од модерно Скопје кое го ветуваа и со кое бараа доверба од граѓаните, нема ништо од нивните ветувања пред изборите. На Скопје му ја приредија најголемата катастрофа после земјотресот.Наместо да водат политичка војна врз грбот на граѓаните треба да преземат одговорност.Не може министрите во Владата на Мицкоски да се возат во скапи службени коли а граѓаните да се оставени да одат пешки. Не може власта да го игнорира главниот град.Советничката група на СДСМ и коалицијата иницираше и поднесе Барање за вонредна седница.На седницата ќе предложиме конкретни мерки кои очекуваме заеднички да ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните на Скопје.Потребно е обединување заради интересите на скопјани.Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот“, соопшти СДСМ

Скопје | пред 1 година

avtobusi-skopje1

(Видео) Полни автобуски, нервозни граѓани: ЈСП молчи дали има нафта и дали ќе има превоз од попладнево

Состојбата со јавниот превоз во Скопје се влошува, сведочат патниците кои ги користат услугите и на ЈСП.Се жалат дека од утрово многу ретко има автобуси, некои од нив тврдат дека чекале и по два часа, но и натаму останува неодговорено прашањето дали претпријатието на Град Скопје останува без нафта.„Скопје1“ четврти ден нема добиено одговор од директорот на ЈСП, Драги Кушовски дали е точно дека се трошат и последните резерви на нафта.Вчера од Град Скопје испратија соопштение преку кое сакаа да лоцираат вина кај премиерот Христијан Мицкоски што нема нови автобуси, но не напишаа ниту збор за тоа дали воопшто има нафта и за постоечкиот возен парк.Од утрово „Скопје1“ забележа гужви на дел од автобуските станици како во приградските места, како Волково, така и во центарот на градот, кај „Рекорд“.Гужви има и на Железничката станица во Скопје. Иако се шпекулира дека од попладнево ќе нема градски превоз, но ниту за ова не се кажува ни збор од ЈСП или Градот кој го води Данела Арсовска.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Дудуш организира протест поради хаосот со градскиот превоз: Граѓаните ги губат работните места, учениците отсуствуваат од часови, болните не можат да отидат на доктор

Градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот в петок од 13 часот пред канцелариите на Град Скопје за да го изразат незадоволството од хаосот со јавниот градски превоз.„Со цел изразување на своето незадоволство од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз, општина Шуто Оризари ги подржува своите граѓани во организација на голем сенароден протест на граѓаните на општина Шуто Оризари пред Градот Скопје и ги повикува сите граѓани на Скопје да се приклучат“, вели Дудуш.Тој ги повика сите засегнати граѓани, ученици, студенти, работници и пензионери да бидат дел од протестот кој, како што вели „во моментов ни е крајно решение за да ни се реши проблемот со кој две години живееме во Шуто Оризари и Градот Скопје“.„Очекуваме преку протестот да пренесеме пораката до градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица“, додава градоначалникот на Шуто Оризари.

Скопје | пред 1 година

galetanovski

Галетановски: Град Скопје објави тендер за озвучување на изгорена Универзална сала

„Скопјани дишат загаден воздух, нема автобуси, градот тоне во нечистотија, Универзална сала е пеплосана, Зоолошката диши на шкрги. Ова е секојдневието на граѓаните на Скопје,“ изјави претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски.Тој ја осуди неодговорноста на градската власт и нејзината неодамнешна одлука да објави тендер за техничка опрема, озвучување и осветлување на Универзална сала, вреден речиси 2,5 милиони денари.„Што прави локалната градска власт, Советот на градот и градоначалничката на Скопје? Ништо. Но, затоа се силно фокусирани на тендери. Овде нема здрава логика ниту трошка разум,“ истакна Галетановски, додавајќи дека граѓаните со право се револтирани од ваквото трошење на јавните средства.„Имате ли грам жал? Да не правите журка врз маката на скопјани?“ праша Галетановски, повикувајќи на итно стопирање на тендерот и пренамена на средствата за реални потреби на граѓаните, како субвенции за инвертери или помош за Зоолошката градина.СДСМ бара итно да се преиспитаат приоритетите на градската власт и средствата на скопјани да се насочат кон решавање на реалните проблеми на градот.

Скопје | пред 1 година

11112024-Mickoski-22

Град Скопје: Мицковизмот, преку хистеричното его на Мицкоски, главниот лик на новиот режим, функционира единствено со притисоци и закани

„Неколку месеци по седнување во премиерската фотеља, шефот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, започна со перфидни затскриени пресметки со сите кои му го попречуваат патот до институциите и нивните буџети. Градот Скопје е предмет на блокада од неговите послушници во Советот, каде веќе 3 години се обидува да префрли вина на друг за одлуки кои само неговите советници на чело со Трајко Славевски можат да ги донесат“, реагира Град Скопје на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.„Денес како и во изминатите 3 години, повреденото его на Мицкоски и неговите удари се насочени повторно кон град Скопје, а на удар се градоначалничката и директорите на скопските јавни претпријатија. Од опозиција срамежливо повикуваше на оставки и упатуваше дискретни закани, а сега од позиција на моќ директно се пресметува и око не му трепнува што граѓаните трпат поради неговата суета.Поврзано со неговите коментари за промени на директорските позиции во јавните претпријатија, должни сме да го потсетиме Мицкоски дека процесот на промени на директори започна со неговиот близок другар од детството Филип Пасху, кој од позицијата Директор на ЈП Паркинг Скопје даде оставка по само 3 дена од именувањето бидејќи кадровикот Мицкоски направил погрешна проценка, за на негово место да седне сегашниот директор на АНБ повторно близок до Мицкоски, кој во моментов е актуелен со скандалот поврзан за веродостојност на сертификат за познавање странски јазик.Следен беше разрешен директорот на Мицкоски кој закла 10 коњи во ЗОО Скопје, а потоа најблискиот и најпослушен Мицковистички директор кој беше фатен со рачињата во медот. По обелоденување на истото, следеа по налог на шефот 7 оставки од Мицковистичката директорска екипа, кои послушно во ист ден објавија идентичен текст напишан за таа намена од ПР центарот на Мицковизмот, дека немале соработка каква очекувале.Дополнително јавноста сигурно го памети поранешниот директор на Комунална Хигиена Зуди Кока, за чиј брат Мицкоски јавно тврдеше дека со пиштол се обидел да го убие при протестите во Скопје и лично инсистираше Кока да се разреши. На Мицкоски сега не му е проблем истиот тој Зуди Кока, повторно коалициски да биде поставен за директор во неговата Влада, иако брат му се обидел да го убие.Мицкоски сега е централна власт, а локална власт е веќе 3 години, да цветаа општините во Македонија кои се под негово партиско водство, можеби некој и ќе му веруваше на тоа што го зборува. Бидејќи не успеа да биде шпицен градоначалник, време е да го одблокира градот и да ги остави Скопје и скопјани на раат. Наместо да се занимава секојдневно со градот Скопје, нека се погрижи „патриотот“ Мицкоски да им испорача на граѓаните на Македонија тоа што им го вети пред изборите, бидејќи за тоа не може да му биде друг виновен, туку единствен виновник на Мицкоски ќе му биде Мицкоски“, се додава во реакцијата на Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_2106ll

Според Град Скопје, за сѐ е крив Мицкоски кога во прашање е ЈСП - а директорот уште не одговара дали има доволно нафта и за безбедноста на превозот

Град Скопје не одговара на прашања поврзани со нивната работа и раководењето од градоначалничката Данела Арсовска и секретарот Зоран Глигоров. А истовремено, пратија соопштение во кое тие лоцираат одговорност кај премиерот Христијан Мицкоски поради лошата состојба со јавниот превоз. Истовремено, „Скопје1“ со месеци не добива одговори на прашањата поврзани со безбедноста на превозот, залихите на нафта за кои постоеа шпекулации дека се на резерви, набавката на делови, како и исплата на долговите.Според Град Скопје, Мицкоски преку советниците од ВМРО-ДПМНЕ е крив за се поврзано со автобускиот превоз. Кај нив, како раководство не лоцираат вина.„Дали најавите на Мицкоски за преговори со компанија за набавка на 100 електрични автобуси и ветувањето за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје, е причината за 3 годишната блокада на градот од страна на ВМРО-ДПМНЕ.Изјавите на Орце Ѓорѓиевски и Александар Николовски, дека проблемот со автобусите ќе се реши по локалните избори, се потценувачки кон граѓаните во Скопје. Ако имаат решение, зошто тие не го понудат веднаш, за што градоначалничката Данела Арсовска повеќе пати истакна дека ќе прифати соработка за доброто на граѓаните. Доколку навистина се грижат за граѓаните, нека донесат автобуси, нека го оправат ЈСП, зошто да чекаат до изборите и ги оставаат граѓаните со проблеми уште цела една година? Дали оваа штета врз Скопје се прави поради повредената суета на Мицкоски, поради неговиот инает кон градоначалничката Арсовска или за Мицкоски политички да поентира на следните локални избори?Ако Мицкоски има решение за ЈСП, зошто неговите советници сега не гласаат за набавка на нови автобуси или за воведување БРТ, зошто чекаа 3 години и зошто јавно најавуваат дека уште една година Скопје ќе биде нивни заложник? Жално е што Мицкоски и неговите партиски послушници мислат дека граѓаните имаат кратко памтење, дека ќе заборават што се случуваше пред три години и ќе заборават дека тие лично го креираат хаосот во Скопје цели 3 години. Мицкоски не реализираше ниту едно од своите ветувања за Скопје, а богами без да истури 250 милиони во своите општини, тешко дека ќе испорача било што и низ Македонија!Единствен виновник за континуираната криза во ЈСП е Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ, чии советници на чело со Трајко Славевски се власт во Советот 3 години и веќе 24 седници по ред не гласаат за замена на дотрајаните автобуси со нови, ниту за решавање на хаосот што сами свесно го предизвикуваат во јавниот превоз.За Седницата на Совет за ноември 2024 година, по 25 пат е доставена предлог одлука за нови еко автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Советниците од редовите на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, кои се власт и мнозинство во Советот веќе 3 години, континуирано не гласаат за подобрување на состојбите во ЈСППоради суетата на Мицкоски, граѓаните во Скопје со часови чекаат автобус. Мицкоски кој еден ден глуми спасител на скопските јавни претпријатија - а друг ден како за сите важни прашања во државата негира што кажал, време е барем еднаш да си стои на зборот и да ги реши проблемите што континуирано ги креира.За Седницата на Совет во ноември по 25 пат е доставена предлог одлука за нови еколошки автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за нови автобуси, иако имаат мнозинство во Советот на Град Скопје.Согласно закон, градоначалник не може да донесе одлука за набавка на нови автобуси, ниту за решавање на кризата во ЈСП за кое одлуките ги носат во советот луѓето на Мицкоски.Единствена одговорност за недостатокот на автобуси во јавниот превоз имаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, од кои како власт и мнозинство во Град Скопје, зависи дали ќе има нови наместо дотрајани еко автобуси и подобар превоз. За потсетување кризите кои советниците на Мицкоски ги креираат во Скопје, а кои единствено тие можат да ги решат со одлука во советот:1. Мицкоски креираше криза со Буџетот за да го саботира ЈСП и неговите луѓето во Советот на Град Скопје по наредба на шефот одлуките не ги носеа со месеци2. Мицкоски креираше криза со недостаток и неисплата на веќе планирани буџетски средства за плати во ЈСП, поради што протестираа синдикатите, па откако им се удри од глава кризата што сами ја креираа Трајко Славески по наредба на шефот ја реши3. Мицкоски креираше криза со недостаток на автобуси, при што за нови еко автобуси како замена за дотрајаните единствено можат да донесат одлука неговите советници на чело со Трајко Славевски4. Мицкоски креираше криза и со проектот за воведување БРТ од каде следат за градот 60 нови автобуси, но и таму неговите советници не гласаат одлука за отпочнување.5. Мицкоски креираше криза со приватните превозници за кои одлука за промена на условите за работа може да донесат единствено неговите послушници во Советот, а иницијативата веќе 4 месеци Трајко Славески не ја става ниту на дневен ред6. Мицкоски креираше криза во ЈСП за гориво, за прв пат од постоењето на претпријатието кадрите на шефот на ВМРО ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки ја поништија редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио за нова кризаСите одлуки за Скопје можат да ги донесат ЕДИНСТВЕНО советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои се власт во градот веќе 3 години. Тие континуирано по наредба на шефот Мицковски демонстрираат сила и самоволие, вршат притисок за да се излечи суетата на човекот, на кој додека не се елиминира градоначалничката Арсовска, нема да му се смири егото, а за тоа трпат граѓаните. Угнетувачот Мицковски со три години притисоци и закани се обидува Арсовска да си замине, што на негово разочарување нема да се случи, затоа што вина за проблемите имаат само неговите слуги во Советот на Град Скопје, од чии одлуки за жал зависи нормалното функционирање на градот.Според програмата за Скопје на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ која ја промовираа на локалните избори во 2021 година, требаше до крајот на мандатот да се испорачаат 250 автобуси. За потсетување шефот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лично ги ветуваше новите еко автобуси за скопјани. Со набавка секоја година по 50 автобуси, ќе се постигнеше квалитетот на превоз и услуги кои граѓаните ги заслужуваат и ќе се испорачаа до крај на мандатот 250 автобуси“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања