Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

media-librarybstr80fout7icxTlbpw

Ескалација: Израелско воздухопловство удрило врз „тајна“ нуклеарна цел

Израелската армија соопшти дека нејзиното воено воздухопловство погодило тајна иранска нуклеарна локација на периферијата на Техеран.На прес-конференција, портпаролот на Израелски одбранбени сили, бригадниот генерал Ефи Дефрин, изјави дека во делумно подземниот објект група нуклеарни научници „тајно работела на развој на способности потребни за нуклеарно оружје“.Според наводите на израелската војска, по 12-дневната војна меѓу Израел и Иран во јуни 2025 година, во која биле цел на напади ирански нуклеарни постројки, Техеран не ги запрел воените нуклеарни активности. Напротив, како што тврди ИДФ, инфраструктурата била преместена на подземна локација заштитена од воздушни напади.Израелската страна наведува дека ги следела активностите на иранските нуклеарни научници и ја лоцирала новата локација на дејствување, што, според нив, овозможило „прецизен напад“ врз тајниот комплекс.Од иранска страна засега нема официјална потврда за нападот, ниту детали за евентуални последици.

Свет | пред 1 седмица

media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Шпанија му одговори на Трамп

Владата на Шпанија одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја „прекине целата трговија“ со земјата, оценувајќи дека секоја евентуална ревизија на трговските односи мора да се спроведува во рамки на меѓународното право и постојните договори меѓу Европската унија и САД.Во соопштението на извршната власт се наведува дека, доколку Вашингтон сака да ги преиспита трговските односи, тоа ќе мора да го направи со почитување на автономијата на приватните компании, меѓународното право и билатералните договори меѓу ЕУ и САД.Од Мадрид нагласуваат дека Шпанија е „клучна членка на НАТО“ која ги исполнува своите обврски и значително придонесува за одбраната на европската територија. Дополнително, владата потсетува дека земјата е извозна сила во рамки на Европската унија и сигурен трговски партнер на 195 држави во светот, вклучително и САД, со кои има историски и взаемно корисни економски односи.И покрај заканите, шпанските власти посочуваат дека располагаат со ресурси за ублажување на евентуални економски последици, за поддршка на погодените сектори и за диверзификација на снабдувачките синџири. Владата повтори дека нејзината позиција останува јасна – залагање за слободна трговија и економска соработка меѓу државите, заснована на заемна почит и почитување на меѓународното право.

Свет | пред 1 седмица

media-library8dj04sgisio52NpdMMr

Хрватска испраќа четири авиони во Дубаи за евакуација на државјани

Хрватска во среда и во наредните денови ќе испрати четири авиони на Croatia Airlines во Дубаи за евакуација на хрватски државјани кои останале заглавени во Обединети Арапски Емирати поради војната меѓу САД и Израел против Иран, соопшти Министерството за надворешни и европски работи.„Утре и во текот на наредните денови испраќаме четири авиони на Croatia Airlines, со можност за дополнителни опции“, се наведува во соопштението.Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман договорил со министерот за надворешни работи на ОАЕ, Абдула бин Зајед ал Нахјан, и два авиона на локална авиокомпанија кои ќе превезат хрватски државјани од Дубаи.Според податоците, во ОАЕ моментално се наоѓаат околу 2.000 хрватски резиденти, од кои 300 побарале репатријација, како и 460 туристи кои исто така сакаат враќање во татковината.Министерството информира дека досега се евакуирани хрватски државјани од Израел, Јордан и Бахреин. Од Оман, каде што имало 23 државјани, 12 се евакуирани преку Истанбул кон Загреб, додека останатите имаат можност да заминат кон Дубаи.Хрватската амбасада во Доха обезбедила и 30 места на австриски лет од Ријад, при што приоритет ќе имаат деца, болни лица, бремени жени и членови на нивните семејства.

Свет | пред 1 седмица

media-librarygegbpg7vphqq04K9qqZ

Израел тврди дека е убиен највисокиот ирански командант за Либан

Израелската армија соопшти дека во напад врз Техеран е убиен командантот на иранските Кудс сили задолжен за Либан, Дауд Али Задех.Според израелската војска, Али Задех бил највисокиот ирански заповедник одговорен за активностите во Либан, откако ја презел функцијата од Мохамад Реза Захеди, кој беше убиен во израелски напад во Дамаск во април 2024 година.Кудс силите се елитна единица во рамки на Корпус на исламската револуционерна гарда, задолжена за операции надвор од територијата на Иран. Оваа формација има клучна улога во поддршката на сојузничките групи на Техеран во регионот, вклучително и во Либан и Сирија.Од иранска страна засега нема официјална потврда за информацијата, додека тензиите меѓу Израел и Иран дополнително се продлабочуваат по серијата меѓусебни напади.

Свет | пред 1 седмица

media-librarymqsielc95u6kbyOtIlg

Американска организација тврди: На војници им се кажува дека војната во Иран е дел од Божји план

Поединечни американски воени команданти им зборуваат на своите војници дека војната што се води во Иран е дел од библиски план кој води кон крајот на светот каков што го познаваме, се наведува во низа пријави поднесени од повеќе од сто припадници на вооружените сили. Жалбите ги собрала Фондацијата за верска слобода во војската (MRFF), а за нив известува HuffPost.Основачот и претседател на организацијата, Мајки Вајнштајн, изјавил дека пријавите пристигнале од повеќе од триесет воени единици распоредени во најмалку триесет различни воени бази. Според него, поплаките почнале да пристигнуваат веднаш по почетокот на американско-израелските бомбардирања врз Иран.„Луѓето ни кажуваа дека нивните команданти се воодушевени од случувањата и им порачуваат: ‘Не грижете се, сето ова е дел од Божјиот план’“, рекол Вајнштајн.Тој предупредил дека ваквите пораки се повикуваат на библиската Книга на Откровението и на апокалиптичната битка кај Армагедон, опишувајќи визии за „река од крв“ долга стотици километри. Според него, проблемот е што војниците практично не можат да им се спротивстават на надредените кога религиозните убедувања се претставуваат како дел од службени наредби, бидејќи непослушноста во војската претставува казниво дело.Една од жалбите била поднесена од подофицер кој се наоѓа надвор од Иран и очекува распоредување, а кој реагирал во свое име и во име на уште 15 војници од различни вероисповеди. Нивниот командант, според пријавата, им наредил на припадниците на единицата да им кажуваат на другите дека војната во Иран е „дел од божествениот план“, при што цитирал пасуси од Откровението и зборувал за скорото враќање на Исус Христос.Подофицерот навел дека ваквите пораки го нарушуваат моралот и единството во единицата и претставуваат сериозно прекршување на уставното начело за верска слобода. Во пријавата се тврди и дека командантот изјавил оти претседателот Доналд Трамп бил „помазан од Исус“ да започне војна во Иран со цел да го поттикне Армагедон.Некои војници, според Вајнштајн, дополнително пријавиле дека биле поканувани на библиски средби во домовите на нивните команданти, каде што се разговарало за тоа дека актуелните воени настани се исполнување на христијанските есхатолошки пророштва.Тој нагласил дека поднесувањето официјални жалби во рамки на војската носи ризик за самите војници, бидејќи може да доведе до изолација и негативни последици во кариерата. Иако постојат механизми како обраќање до воени инспектори, правници или капелани, Вајнштајн предупредил дека и тие понекогаш не нудат вистинска заштита.Според него, ваквите појави не се изненадувачки со оглед на религиските тенденции во делови од администрацијата на Доналд Трамп и Министерството за одбрана. Тој потсетил дека министерот за одбрана Пит Хегсет неодамна изјавил дека САД се „христијанска нација“, како и дека молитвени собири редовно се одржуваат во Пентагон.Белата куќа засега не одговорила на барањето за коментар, додека MRFF предупредува дека мешањето на религијата со военото командување може да предизвика долгорочни последици врз американската војска и општество.

Свет | пред 1 седмица

lavrov-

Лавров ги осуди нападите врз Иран и понуди руска дипломатска иницијатива

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров телефонски разговарал со иранскиот колега Абас Арагчи за состојбата на Блискиот Исток, по масовните напади на САД и Израел врз Иран.Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, било разговарано за „развојот на ситуацијата во регионот како резултат на непредизвикана вооружена агресија на САД и Израел против Иран“. Москва оцени дека ваквите акции ги кршат основните норми на меѓународното право и носат сериозни последици за целиот регион.Во разговорот, Лавров ја потврдил „принципиелната позиција“ на Русија во корист на деескалација, откажување од употреба на сила и премин кон политичко-дипломатско решавање на конфликтот, истакнувајќи дека Москва е подготвена да придонесе во таа насока.Дополнително било нагласено дека приоритет треба да биде заштитата на цивилите и цивилната инфраструктура во сите земји од регионот.САД и Израел во саботата започнаа обемен напад врз Иран, при што беа убиени неколку високи ирански функционери, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи. Техеран возврати со ракетни и дрон-напади врз Израел и цели поврзани со САД во земјите од Персискиот Залив.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целта е уништување на иранските ракетни капацитети и спречување на развој на нуклеарно оружје, и покрај тоа што претходно се водеа разговори меѓу Вашингтон и Техеран за иранската нуклеарна програма со посредство на Оман.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryuvsvq7qbrcdm0Q2CBv5

Тензија меѓу САД и Шпанија, Трамп: Ќе ги прекинеме сите трговски односи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека Соединетите Американски Држави ќе ги прекинат сите трговски односи со Шпанија.„Ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме да имаме ништо со Шпанија“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, за време на средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц.Тој додаде дека на министерот за финансии Скот Бесент му наредил да ги прекине „сите бизниси“ со оваа европска држава и членка на НАТО. Трамп ја критикуваше Шпанија во контекст на реакциите на сојузниците по американскиот ракетен напад врз Иран.Во меѓувреме, шпанската државна телевизија РТВЕ објави дека Мадрид им ускратил пристап на САД до своите воздушни бази за активности што не се во согласност со постојните договори и Повелбата на Обединетите нации.Според податоците на платформата FlightRadar24, најмалку 15 американски авиони ги напуштиле базите Рота и Морон на југот на Шпанија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран.Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави дека Шпанија нема да дозволи користење на своите воени бази за напади врз Иран. Иако базите се заеднички управувани од САД и Шпанија, тие се наоѓаат под шпански суверенитет.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryimvvolr75rb01AbP2VZ

Силни експлозии во Доха, Дубаи и Абу Даби

Силни експлозии одекнуваат во Доха, Дубаи и Абу Даби, според извештаи на новинари на AFP и изјави на локални жители, додека Иран ја продолжува кампањата на ракетни и дрон-напади низ Персискиот Залив.Новинарите на терен јавиле дека се слушнале силни детонации во катарската престолнина Доха, како и во Дубаи, во Обединети Арапски Емирати. Двајца жители за АФП изјавиле дека експлозии се слушале и во главниот град на ОАЕ, Абу Даби.Нападите се дел од пошироката ескалација на конфликтот, при што иранските сили изведуваат ракетни и беспилотни напади врз цели во земјите од Заливот. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 1 седмица

media-library0gk271a93l002WMAmua

Стравувања од светска војна: Овие земји се сметаат за потенцијални засолништа

По американско-израелските напади врз Иран и возвратните удари низ Блискиот Исток, растат стравувањата од поширока ескалација што би можела да прерасне во глобален конфликт. Во јавноста сè почесто се споменуваат и војната меѓу Русија и Украина, како и тензиите околу Тајван, како потенцијални жаришта што би можеле да ја запалат искрата на светска војна.Во такво сценарио, најголемите и најнаселените држави би биле најверојатни цели. Сепак, според анализи пренесени од британските медиуми, постојат земји и територии кои, поради изолираност, неутралност или самoodржливост, би можеле да понудат релативна безбедност.На листата од 11 потенцијално најбезбедни места се наоѓаат:Антарктик – Огромна ледена површина, далеку од геополитичките центри на моќ. Иако изолираноста е предност, екстремната клима претставува сериозен предизвик за опстанок.Исланд – Често рангиран меѓу најмирните држави во светот, со долга традиција на неучество во модерни војни и географска изолираност.Нов Зеланд и Австралија – Земји со стабилни институции и развиено земјоделство. Експертите посочуваат дека јужната хемисфера би можела полесно да одржи производство на храна во услови на нуклеарна зима.Тувалу – Мала пацифичка островска држава со околу 11.000 жители, оддалечена од големите сили и потенцијалните фронтови.Аргентина – Големи земјоделски површини и резерви на пченица, што овозможуваат одреден степен на самодржливост.Бутан – Планинска земја што традиционално се стреми кон неутралност и ограничено меѓународно вклучување.Швајцарија – Симбол на неутралноста, со развиена инфраструктура и традиција на избегнување директно учество во конфликти.Индонезија – Голема островска држава која историски настојува да остане надвор од глобалните воени судири.Чиле – Долга територија со богати природни ресурси и пристап до океан, што може да обезбеди одредена одржливост.Фиџи – Изолирана островска држава со природни ресурси и мала веројатност да биде примарна цел.Јужна Африка – Земја со значајни земјоделски капацитети и извори на вода, што би можеле да овозможат самостојно функционирање во кризни услови.Иако ваквите анализи остануваат хипотетички, тие ја отсликуваат растечката глобална несигурност и прашањето колку светот е подготвен за евентуална ескалација од регионален во глобален конфликт.

Магазин | пред 1 седмица

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Војната на Трамп со Иран – ризик за украинската одбрана?

Американско-израелската воена кампања против Иран отвора сериозни дилеми за иднината на поддршката за Украина, која веќе петта година се брани од руската агресија. Европските сојузници стравуваат дека приоритетот на Вашингтон ќе се пренасочи кон Блискиот Исток, со што Украина би можела да остане без клучна воена помош.Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека доколку конфликтот со Иран се одолжи, тоа „сигурно ќе се одрази на снабдувањето“ со оружје. За Киев, американските ракети-пресретнувачи ПАК-3 за системите „Патриот“ се од витално значење во одбраната од секојдневните руски ракетни напади.Претседателот Доналд Трамп изјави дека операцијата против Иран може да трае четири до пет недели, но дека е подготвен и за подолг ангажман. Аналитичари предупредуваат дека доколку САД се вплеткаат во долготраен конфликт, тоа ќе значи трошење на значителни резерви од муниција и ракети, што би ја намалило достапноста за Украина и Европа.Според извештаите, американските залихи на пресретнувачи и други ракети веќе се под притисок. Европските влади исто така немаат доволни резерви за да ја надоместат евентуалната празнина, а развојот на сопствени капацитети ќе трае со години.Во меѓувреме, мировните разговори за Украина продолжуваат, но во сенка на кризата со Иран. Американскиот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер неодамна се сретнаа со украински претставници, а беше најавена и нова рунда разговори. Сепак, состаноците веќе се одложуваат поради безбедносната состојба.Од друга страна, некои украински функционери гледаат и можни предности. Американско-израелските удари врз Иран го ослабуваат еден од клучните сојузници на Москва, особено во делот на снабдувањето со дронови тип „Шахед“. Дополнително, Киев смета дека конфликтот може да ја зацврсти нарацијата за „оска на злото“, во која Русија, Иран, Северна Кореја и Кина се прикажуваат како поврзани актери.Сепак, клучното прашање останува исто: доколку војната на Блискиот Исток се пролонгира, дали Украина ќе ја изгуби стратешката позиција во американските приоритети? Европските дипломати предупредуваат дека вниманието и ресурсите се ограничени – а нова воена фронта секогаш значи ново прераспределување на моќта.

Свет | пред 1 седмица

media-library6j7t3sc8svc5dYGbfeE

Кина бара итен прекин на војната по нападите врз Иран

Кина се спротивставува на воените напади што ги започнаа Израел и САД против Иран и бара итен прекин на непријателствата, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во разговор со израелскиот колега Гидеон Саар, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.„Силата не може навистина да ги реши проблемите; напротив, често создава нови и остава сериозни долгорочни последици. Вистинската вредност на воената моќ не лежи на бојното поле, туку во спречувањето на војната“, го цитира министерството Ванг во телефонскиот разговор со Саар.Ванг нагласил дека Кина верува во решавање на меѓународните и регионалните прашања преку дијалог и преговори и дека ќе продолжи да игра конструктивна улога во смирувањето на ситуацијата.Разговорот следува по серијата телефонски контакти што Ванг ги остварил со министрите за надворешни работи на Иран, Оман и Франција, при што повикал земјите од Заливот да се обединат против, како што навел, надворешното мешање.Во неделата, кинескиот министер разговарал и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Од почетокот на американско-израелските напади, Ванг не разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио.

Свет | пред 1 седмица

media-librarymke0rjtuujvq2QcxqR9

(Видео) Кувајтјанец му се заканил на американски пилот мислејќи дека е Иранец

Кувајтјанец му се заканил на американски воен пилот со метална цевка, откако го помешал со ирански војник, покажува видеоснимка што кружи на социјалните мрежи, објави The Independent.Инцидентот се случил откако кувајтските противвоздушни сили по грешка собориле три американски борбени авиони Ф-15 во, како што соопшти CENTCOM, очигледен случај на „пријателски оган“ за време на операција против Иран. Во леталата имало вкупно шест членови на екипажот, кои успешно се катапултирале и биле спасени.Еден од пилотите се спуштил со падобран во близина на автопат во Кувајт. На снимката се гледа густ црн чад што се издига од местото на падот, додека пилотот се обидува да стане, опкружен од група локални жители. Еден маж мавал со предмет што наликува на метална цевка, додека други му довикувале да легне на земја. Пилотот возвратил со повици да се оддалечат. Напнатоста спласнала кога тој извикал дека е Американец, по што дел од присутните се смириле.Паралелно, на социјалните мрежи се појавила и друга снимка на која локални жители ѝ пружаат помош на американска пилотка чиј авион исто така бил соборен.Од кувајтското Министерство за одбрана соопштиле дека е воспоставена директна координација со американските сили и дека се преземени заеднички технички мерки за утврдување на околностите.Во меѓувреме, најмалку шест припадници на американската војска загинаа од почетокот на заедничките американско-израелски напади врз Иран, во кои беше убиен врховниот лидер Али Хамнеи. Началникот на Здружениот штаб на американската војска, генерал Дан Кејн, изрази сочувство до семејствата на загинатите.Иран возврати со напади низ Персискиот Залив, вклучително и врз американски цели во Катар и Кувајт, како и врз саудиската рафинерија „Арамко Рас Танура“, додека либанскиот Хезболах најави одмазда по смртта на Хамнеи.

Свет | пред 1 седмица

media-library7768jeevv8d5cyZGYX2

Иран изрази скепса за можни преговори со САД по војните напади

Иран изрази сериозна сомнеж во можноста за преговори со САД, три дена откако САД и Израел започнаа заеднички воени удари врз иранска територија. Ова го истакна иранскиот амбасадор при Обединети нации во Женева, Али Бахреини, кој изјави дека за сега е „многу скептичен во поглед на корисноста од преговори“ меѓу Иран и САД.Ова доаѓа во период кога дипломатските напори за деескалација, вклучително и индиректните разговори во Женева околу иранскиот нуклеарен програм, беа прекинати по почетокот на воениот конфликт, а Иран засега не контактирал директно со Вашингтон за обновување на дијалогот.Неговите коментари ја отсликуваат зголемената тензија во односите меѓу двете земји и сомнежот дека дипломатските механизми моментално можат да донесат конкретни резултати во услови на активни судири.

Свет | пред 1 седмица

6-757-

Грција, Франција и Германија испраќаат воени сили на Кипар по нападот со дронови

Грција, Франција и Германија испраќаат воена помош на Кипар по нападот со ирански дронови врз британската воздушна база на островот.Франција најави дека ќе ja испрати фрегата и копнени системи за противдронска и противракетна одбрана, додека Германија потврди испраќање воен брод. Грција веќе упати четири борбени авиони Ф-16, а кон островот пловат и две грчки фрегати.Кипарски претставници соопштија дека францускиот воен брод ќе придонесе за зајакнување на противвоздушната одбрана на земјата. На барањето на Никозија позитивно одговорила и Германија, а опремата се очекува да пристигне во најкус можен рок.Мерките се дел од активирањето на заедничката одбранбена доктрина на Грција и Кипар, стратешки план на Атина и Никозија за координирана реакција во случај на закана.Кипарскиот претседател Никос Христодулидис изјави дека бил во контакт со германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџа Мелони. „Ова во пракса покажува дека Грција го предводи патот по кој треба да оди Европската унија во вакви случаи“, рече Христодулидис по средбата со грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас.Еден дрон во понеделникот по полноќ ја погодил британската база RAF Akrotiri и предизвикал помала материјална штета на хангар. Британски борбени авиони истиот ден пресретнале уште две беспилотни летала.Кипарската влада соопшти дека дроновите биле лансирани од територијата на Либан и дека зад нападот веројатно стои милитантната група Хезболах.Во меѓувреме, британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД нема да ги користат британските воени бази на Кипар за операции во Иран, нагласувајќи дека тие „не се користат и нема да се користат“ за таа намена.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp3ahatda22828dJtOnc

Руте: Трамп не побара НАТО да се приклучи во кампањата против Иран

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не побарал Алијансата да се приклучи на воената кампања против Иран.„Претседателот не побара НАТО да се придружи, така што тоа не е точно“, рече Руте, нагласувајќи дека станува збор за воена операција што ја водат САД и Израел.Тој посочи дека повеќе сојузници даваат клучна поддршка во делот на логистиката и пристапот, но дека тоа не значи директно учество во кампањата. Како пример ги наведе шпанските бази, кои, според него, со години имаат важна улога во одбраната на клучни американски интереси.Руте истакна дека чувствува широка поддршка од европските сојузници. Тој изјави дека во текот на викендот и претходните денови разговарал со бројни лидери и дека видел јасна поддршка за, како што рече, „одземањето на нуклеарните способности и капацитетите за балистички ракети“ на Иран, како и за елиминирањето на ајатолахот Али Хамнеи.Според Руте, овие потези биле поздравени од многу негови колеги во рамки на Алијансата, но без формална одлука НАТО да стане директен дел од воената кампања.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања