Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

media-libraryd5ignik50atfdyPkI4l

Израелски министер: Секој нов ирански лидер ќе биде цел за елиминација

Израелскиот министер за одбрана Израел Катц предупреди дека секој нов лидер кој ќе биде именуван од иранските клирици ќе биде јасна цел за елиминација.Секој лидер кој ќе го именува иранскиот терористички режим ќе биде недвосмислена цел за елиминација – премиерот и јас наредивме на Израелските одбранбени сили да се подготват и да дејствуваат со сите потребни средства за да ја извршат таа задача, како составен дел од целите на операцијата ‘Лавовски Рик’“, рече израелскиот министер за одбрана Израел Катц.Не е важно како се вика ниту каде се крие. Ќе продолжиме да дејствуваме со целосна сила, заедно со нашите американски партнери, за да ги уништиме капацитетите на режимот и да создадеме услови иранскиот народ да го симне и замени“, додаде Израел Катц.И Израел и САД тврдат дека нивните напади би можеле да создадат услови иранскиот народ да воспостави демократска власт и да го обнови мирот во регионот.Истовремено, американскиот претседател Доналд Трамп спомнал можност за сценарио слично на Венецуела – каде американските сили го заробиле претседателот, но голем дел од државната администрација останала на власт.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfdttt9q7nmpl2PSv9s1

Ирански воен брод тоне кај Шри Ланка, во тек спасувачка операција

Морнарицата и воздухопловните сили на Шри Ланка се ангажирани во спасувачка операција откако ирански воен брод почнал да тоне во близина на островот, соопштија властите.Министерот за надворешни работи Виџита Херат изјави во парламентот дека во раните утрински часови бил примен сигнал за помош од бродот ИРИС Дена. Според информациите, на бродот имало околу 180 лица.Херат додаде дека 30 повредени морнари биле пренесени во болница во пристанишниот град Гале.Причината за тонењето засега не е позната. Еден опозициски пратеник прашал дали бродот бил погоден во рамки на американско-израелските напади врз Иран, но засега нема официјална потврда за тоа.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryr27nf5skuo8a6Waxnfy

(Видео) Разурнат хотел во израелските напади врз Бејрут

Израелските напади врз либанската престолнина Бејрут продолжуваат, а според најновите снимки, сериозно е оштетен хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот.Паралелно со тоа, густ црн чад се издигаше над јужните предградија на Бејрут, јавува Ројтерс. Нападите следуваа откако израелската армија издаде итно предупредување до жителите да се евакуираат од јужното предградие Дахие, особено од квартот Харет Хреик.Се наоѓате во непосредна близина на објекти на Хезболах против кои ќе дејствуваат Израелските одбранбени сили“, порача портпаролот на Израелските одбранбени сили, Авихај Адраи, во објава на социјалната мрежа Икс.Во претходна објава, израелската армија соопшти дека воздушните сили продолжуваат со напади врз „воздушните капацитети на иранскиот режим“.Воздушните сили продолжуваат со нападите врз воздушните капацитети на иранскиот режим, при што гаѓаа ирански војници кои активирале системи за противвоздушна одбрана против нивните авиони, како и борбен авион МиГ-17 кој ѝ припаѓа на иранската војска“, напиша тој претходно.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Авион со евакуирани црногорски државјани слета во Подгорица

Авион со нешто повеќе од 70 евакуирани црногорски државјани слета во Подгорица. Со авионот пристигнаа црногорски државјани кои туристички престојувале во Египет и Јордан.Министерот за финансии на Црна Гора, Новица Вуковиќ, изјави дека продолжуваат активностите со цел во среда и четврток да бидат вратени уште околу 200 патници кои изразиле желба да се вратат.Сега апсолутно ги продолжуваме активностите, имаме и дополнителни средства за да вратиме околу 200 патници од Блискиот Исток во нашата земја. Министерството за надворешни работи имаше соработка на највисоко ниво и граѓаните се лоцирани на најдобар можен начин, барем оние што сакаат да се вратат“, изјави Вуковиќ, пренесе RTCG.

Свет | пред 1 седмица

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Иран доби нов врховен лидер: Моџтаба Хамнеи го наследи својот татко

Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, објави медиумот Iran International.Според истиот извор, изборот бил спроведен под силен притисок од Исламска револуционерна гарда.Моџтаба Хамнеи го наследува својот татко, Али Хамнеи, кој загина во израелски воздушен напад извршен во саботата.Новиот врховен лидер е вториот најстар син на поранешниот ирански лидер. Во младоста учествувал во Иранско-ирачката војна во редовите на Исламската револуционерна гарда, а подоцна бил поврзуван и со раководење на паравоената организација Басиџ.Басиџ одигра значајна улога во задушувањето на протестите во Иран по претседателските избори во 2009 година, кога безбедносните сили се соочија со масовни демонстрации низ земјата.

Свет | пред 1 седмица

media-library8o3u08tc9ncs72CzI1e

Како беше убиен Али Хамнеи: хакирани камери, вештачка интелигенција и тајни служби

Хакирани сообраќајни камери, сложен разузнавачки систем и анализа со помош на вештачка интелигенција одиграле клучна улога во нападот во кој беше убиен врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, објави Си-Ен-Ен.Според израелски официјален извор, хакираните сообраќајни камери во Техеран со години обезбедувале увид во движењето на потенцијалните цели во реално време. На тој начин израелските служби можеле детално да го мапираат градот, да ги следат моделите на движење и да создадат сложена разузнавачка слика за случувањата во иранската престолнина.Камерите биле само дел од многу поширок систем кој, според наводите на израелски извори, функционирал како „машина за создавање цели“ управувана со вештачка интелигенција. Системот обработувал огромни количини податоци – визуелни информации, податоци од доушници, пресретнати комуникации, сигнални разузнавачки информации и сателитски снимки.Крајниот резултат биле прецизни координати за напад, претставени како 14-цифрена мрежна локација. Анализата на такви количини податоци барала моќни компјутерски системи и тим од технолози, аналитичари и инженери кои ги потврдувале предложените цели.Израел, според извештајот, со години користел слични методи за операции против иранските структури, што му овозможило длабока инфилтрација во безбедносните кругови на земјата. Во изминатите години, со вакви операции биле ликвидирани повеќе ирански нуклеарни научници, украден бил дел од нуклеарниот архив на Иран, а извршени биле и други тајни акции.Нападот во кој загина Хамнеи бил изведен во рамки на голема заедничка операција на Соединетите Американски Држави и Израел. Според американскиот генерал Ден Кејн, операцијата била одобрена со директна наредба од претседателот Доналд Трамп.Како што наведуваат изворите, нападот бил изведен во момент кога се појавила можност врховниот лидер да биде лоциран надвор од подземните бункери, каде претходно се криел и ја прекинал комуникацијата.Потврдата за неговата смрт пристигнала следното утро, кога иранската државна телевизија објавила дека „врховниот лидер на Иран постигнал мачеништво“.

Свет | пред 1 седмица

izrael-napadnat

Израелската армија тврди: Уништени околу 300 ирански ракетни лансери

Израелски одбранбени сили соопштија дека во рамки на последните операции уништиле околу 300 ракетни лансери во Иран и погодиле повеќе цели во Либан.Во новото соопштение објавено на Телеграм, ИДФ наведува дека во изминатите 24 часа стотици борбени авиони и беспилотни летала истовремено гаѓале стотици цели во двете држави.„Во последните 24 часа стотици борбени авиони и летала истовремено погодија стотици цели во Иран и Либан“, се наведува во соопштението на израелската армија.Од ИДФ додаваат дека од почетокот на операцијата за време на викендот во Иран биле употребени околу 4.000 парчиња муниција.„Во рамки на одбранбените напори, израелските воздухопловни сили продолжуваат со последователни бранови напади врз балистичките ракетни системи и системите за противвоздушна одбрана на иранскиот режим“, се наведува во соопштението.

Свет | пред 1 седмица

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Дрон го погоди паркингот до американскиот конзулат во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио потврди дека дрон го погодил паркингот покрај зградата на конзулатот на Соединетите Американски Држави во Дубаи, при што избувнал пожар.„Додека доаѓав овде, ги видов и медиумските извештаи за конзулатот во Дубаи. Последната информација што ја добив неколку секунди пред да застанам пред камерите е дека дрон, за жал, го погодил паркингот покрај зградата на конзулатот и предизвикал пожар на тоа место“, изјави Рубио.Тој додаде дека целиот дипломатски персонал е безбеден и дека сите се евидентирани.„Како што знаете, претходно започнавме со намалување на бројот на персонал во нашите дипломатски претставништва“, рече Рубио, додавајќи дека американските амбасади и дипломатски мисии се наоѓаат „под директен напад од терористички режим“.Американскиот конзулат се наоѓа во густо населен дел на Дубаи, во близина на амбасадата на Обединетото Кралство и конзулатот на Саудиска Арабија.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj2f4nmd2nj5r57JUWyQ

По нападите врз нивните објекти: иранските клериците избираат нов врховен лидер преку онлајн состаноци

Собрание на експерти, телото задолжено за избор на нов врховен лидер на Иран, почнало да одржува виртуелни состаноци откако објекти поврзани со институцијата биле погодени во последните напади, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс.Станува збор за избрано тело составено од 88 високи клериците кое има уставна надлежност да го избере врховниот лидер на земјата. Според агенцијата Фарс, членовите на Собранието преминале на состаноци на далечина откако израелски напади оваа недела погодиле објекти поврзани со институцијата.Иранските државни медиуми наведоа дека американско-израелските напади погодиле комплекс на Собранието на експерти во Техеран, додека портпаролот на израелската армија Ефи Дефрин потврди дека бил погоден и објект во градот Ком.„Резултатите од нападот сè уште се испитуваат. Доколку се потврдат конкретни исходи, јавноста ќе биде информирана“, изјави Дефрин на брифинг.Според агенцијата Фарс, во моментот на нападот во зградата немало седница на Собранието. Од друга страна, дел од иранските државни агенции тврдат дека во тој момент сепак се одржувала седница.Истиот извор наведува дека процесот за избор на нов врховен лидер на Иран се наоѓа во „завршна фаза“, но не е познато кога би можела да биде објавена конечната одлука.По смртта на Али Хамнеи, неговите овластувања привремено ги презеде тричлено тело составено од претседателот на државата, претседателот на судството и еден висок клерик од Совет на чувари, институција која го надгледува работењето на иранскиот парламент.

Свет | пред 1 седмица

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп: Германија ни овозможува пристап до бази, не бараме нивни војници

Американскиот претседател Доналд Трамп го прими германскиот канцелар Фридрих Мерц во Белата куќа, изразувајќи благодарност за поддршката на Германија во американско-израелските воени операции против Иран.На средбата со новинарите во Овалната соба, Трамп изјави дека Германија им помага на американските сили со тоа што овозможува пристап до одредени воени бази. Тој истакна дека САД не бараат германски војници да учествуваат во операциите.„Тие ни дозволуваат да слетуваме во одредени области и ние го цениме тоа. Не бараме од нив да испратат свои сили“, рече Трамп.Во своето обраќање тој направи и споредба со други европски сојузници. За британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата почетна неподдршка за нападите врз Иран покажува дека „не е Винстон Черчил“, алудирајќи на легендарниот британски лидер од Втората светска војна.Канцеларот Мерц истакна дека Германија и САД имаат заедничка позиција во однос на иранскиот режим. „Ние сме на иста страна кога станува збор за отстранување на овој ужасен режим во Иран“, изјави тој, додавајќи дека со Трамп разговарале и за војната во Украина, како и за трговските односи меѓу САД и Европската Унија.Трамп оцени дека има добри односи со Германија, а особено со Мерц, кого го нарече „одличен лидер“. Според него, тоа претставува голема разлика во однос на односите што ги имал со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, со која, како што рече, имал несогласувања околу миграцијата и енергетската политика.

Свет | пред 1 седмица

media-library8m8vj6i7h0g79BnvYip

Нападот на училиште во Иран со 165 загинати девојчиња може да биде воено злосторство, вели ОН

Најмалку 165 лица, главно девојчиња на возраст од 7 до 12 години, загинаа, а десетици се повредени во саботата кога во воздушен напад била погодена училишна зграда за девојчиња на југот на Иран, за време на американско-израелските напади врз земјата.Израелски одбранбени сили соопштија дека немаат информации за напад на таа локација, додека војската на Соединетите Американски Држави информираше дека го истражува инцидентот.Од Обединети нации побараа итна и независна истрага. Портпаролката на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права, Равина Шамдасани, изјави дека разорниот напад би можел да претставува воено злосторство доколку се утврди дека биле целени цивили или дека нападот бил неселективен, што е спротивно на меѓународното право.„Деца, девојчиња, убиени на ваков начин среде училишен ден, на самиот почеток на наставата... Нивните ранци се извалкани со крв“, изјави Шамдасани.Во јужниот ирански град Минаб денеска се одржа масовен погреб за жртвите од нападот. Дел од присутните носеа фотографии од убиените деца, меѓу кои имало и девојчиња на возраст од само седум години. Снимките од церемонијата покажуваат илјадници луѓе кои се простуваат со малите ковчези покриени со иранското знаме.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfhd441dhdgj04DJpbcJ

(Видео) Погоден американскиот конзулат во Дубаи

Пожар избувнал во американскиот конзулат во Дубаи откако доцна во вторникот објектот бил погоден од дрон, за кој се сомнева дека е ирански, пренесува Си-Ен-Ен.Според информациите од градската канцеларија за медиуми, огнот брзо бил ставен под контрола, а итните служби реагирале веднаш по инцидентот. Засега нема информации за повредени лица.

Свет | пред 1 седмица

media-library607i740ijcjg51heXED

Макрон и се обрати на нацијата: Париз ја засилува воената присутност по ескалацијата на Блискиот Исток

Франција го испраќа својот единствен носач на авиони „Шарл де Гол“ во источниот Медитеран поради продлабочувањето на безбедносната криза во регионот. Одлуката ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон во кратко обраќање до нацијата.Макрон посочи дека Франција има одбранбени договори со Обединети Арапски Емирати, Кувајт и Катар, држави кои во последните денови беа цел на ирански напади.„Франција ќе застане покрај своите партнери“, нагласи тој.Францускиот претседател потврди и дека е договорено испраќање дополнителни системи за противвоздушна одбрана на Кипар, додека француска фрегата се очекува да пристигне пред кипарскиот брег уште вечерва.„Се координираме со нашите европски сојузници и партнери за да ја обезбедиме безбедноста на источниот Медитеран“, изјави Макрон.Тој додаде дека се согласува со лидерите на Германија и Обединето Кралство дека е потребно брзо решение на конфликтот со Иран, изразувајќи надеж дека иранскиот народ ќе може сам да одлучи за иднината на својата земја.Макрон информираше и дека француската армија ги засилува мерките за заштита на националните интереси во регионот и ја зголемува безбедноста на дипломатските претставништва. Според него, во регионот моментално се наоѓаат околу 400.000 француски државјани, а во тек се и летови за нивна репатријација, при што два авиона се очекува да слетаат во Париз уште вечерва.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран: Подготвени сме за долга војна, најнапредното оружје сè уште не е употребено

Иран е подготвен за долготрајна војна против САД и Израел и досега не го употребил своето најнапредно вооружување, соопшти денеска иранското Министерство за одбрана.„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивна одбрана подолго отколку што непријателот планирал за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството Реза Талаеи-Ник, пренесе државната новинска агенција ИРНА. Тој додаде дека Техеран нема намера да го распореди целото напредно оружје и опрема во првите денови од конфликтот.Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда соопшти дека вечерва испукала нов бран проектили кон Израел.„Започна шеснаесеттиот бран од операцијата ‘Вистинско ветување 4’, со голем број ракети и беспилотни летала што воздушно-вселенските сили на Револуционерната гарда ги лансираа кон срцето на окупираните територии“, се наведува во соопштението, при што се мисли на Израел.

Свет | пред 1 седмица

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Исламска револуционерна гарда испраќа заканувачки СМС-пораки до граѓаните во Иран

Исламска револуционерна гарда испраќа текстуални пораки до мобилните телефони на граѓаните во Иран, во кои се упатуваат закани и предупредувања да не излегуваат на улица, објави американската телевизиска мрежа НБЦ Њуз.Во една од пораките се наведува дека граѓаните треба да останат смирени и, доколку забележат сомнителни активности против безбедноста – како движење на терористички групи, пренос на оружје и воена опрема или „провокативна пропаганда и психолошки операции“ – да ги пријават преку телефонскиот систем 114 на разузнавачката организација на ИРГЦ.Во друга порака се истакнува дека, по „маченичката смрт на имамот Хамнеи“, секое движење што ќе ја наруши безбедноста ќе се смета за директна соработка со непријателот и ќе биде „пречекано со цврста рака“.Заканувачките пораки доаѓаат по масовните антивладини протести што избија во јануари, по што режимот го блокираше пристапот до интернет. Според проценките што ги пренесуваат медиумите, за време на немирите загинале повеќе од 30.000 демонстранти.Ситуацијата дополнително се заострува во контекст на тековниот воен конфликт и зголемените безбедносни мерки во земјата.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања