Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

media-librarys2ss5j5rskki5qC4QHj

Исчезнати се повеќе од 100 лица откако воен брод беше нападнат од подморница кај Шри Ланка

Повеќе од 100 лица се водат како исчезнати по напад на подморница врз иранска фрегата кај брегот на Шри Ланка, јавуваат странските медиуми.Нападот се случил надвор од територијалните води на островската држава, а спасувачките операции се во тек. Според извори од морнарицата и Министерството за одбрана на Шри Ланка, исчезнати се најмалку 101 лице, додека 78 се повредени.Портпаролот на морнарицата ги оспорил овие бројки, но засега не соопштил нови податоци. Потврдено е дека 32 повредени морнари се спасени и се наоѓаат на болничко лекување.Според извештаите, станува збор за иранската фрегата „ИРИС Дена“. Морнарицата на Шри Ланка започнала спасувачка мисија откако од бродот бил испратен повик за помош во близина на градот Гале на југот на земјата.

Свет | пред 1 седмица

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: САД нападнаа за да не бидат нападнати

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека одлуката на претседателот Доналд Трамп за напад врз Иран била донесена за да се спречи евентуален прв удар врз американски цели.Рубио нагласи дека администрацијата проценила оти изминатиот викенд претставувал „единствена можност“ мисијата да биде успешна. Тој рече дека САД сакале да преземат превентивен удар со цел да се избегне одмазда.Повторувајќи ја клучната позиција на Доналд Трамп, Рубио истакна дека Иран нема да добие нуклеарно оружје додека тој е на власт. Според него, светот ќе биде побезбедно место кога „радикалните верски водачи“ во Техеран повеќе нема да имаат пристап до такво оружје.

Свет | пред 1 седмица

media-library6rbqp6vc9ncddm8MVrW

Шпанскиот премиер: Трамп игра руски рулет

Шпанскиот премиер Педро Санчез повторно се спротивстави на нападот врз Иран кој го изведуваат САД и Израел, предупредувајќи дека двете држави „играат руски рулет“ со животите на милиони луѓе.Санчез се обрати откако американскиот претседател Доналд Трамп закани со прекин на трговијата со Мадрид поради неговиот став за конфликтот.Така започнуваат големи катастрофи за човештвото… Не можете да играте руски рулет со судбината на милиони луѓе“, рече Санчез во телевизиско обраќање до нацијата.Напнатоста меѓу двете сојузнички земји во НАТО се зголеми откако Санчез го осуди американското и израелското бомбардирање на Иран, нарекувајќи го непромислено и незаконско, а потоа забрани користење на американски авиони од морските и воздушните бази во јужна Шпанија за напад врз Техеран.Санчез рече дека светот не може да ги решава проблемите со конфликти и бомби, а Мадрид е една од ретките земји во ЕУ кои го осудија американско-израелскиот напад.Ставот на шпанската влада може да се сумира во двa зборa: ‘Не војна’“, рече тој, додавајќи дека овој став не е лицемерен, туку доследен.Нема да бидеме соучесници во нешто што е штетно за светот или спротивно на нашите вредности и интереси само за да избегнеме одмазда“, рече Санчез, мислејќи на заканите на Трамп поврзани со трговијата.Санчез потсети на негативните последици од американската инвазија на Ирак во 2003 година, која доведе до џихадистички тероризам и зголемување на цените на енергијата. Тогаш САД и Велика Британија го нападнаа Ирак тврдејќи дека поседува оружје за масовно уништување, а по убиството на претседателот Садам Хусеин и окупацијата на земјата, такво оружје никогаш не беше пронајдено.Санчез предупреди дека причините и последиците од нападот врз Иран се исто така нејасни и нема да доведат до праведен меѓународен поредок.Шпанија е против катастрофата што ја носи тековниот воен конфликт на Блискиот исток“, рече премиерот.Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави на шпанската јавна телевизија TVE дека причината за нападот врз Иран „не е воспоставување демократија“.Јасно е дека целта не е воспоставување демократија, бидејќи со нападите се кршат човековите права. Се прашуваме, што всушност стои зад овој напад?“, изјави тој.Тој нагласи дека Шпанија е „суверена земја“ која донесува одлуки во „склад со меѓународното право“.

Свет | пред 1 седмица

lukasenko-1

Лукашенко: Државите од Заливот можат да станат учесници во див конфликт

Израел и Соединетите Американски Држави мораат да признаат дека конфликтот на Блискиот исток може да доведе до непредвидливи случувања, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на средба со иранскиот амбасадор во земјата, Алиреза Санеји.Загрижен сум од фактот дека државите од Заливот би можеле да бидат вовлечени во овaa војна и да станат учесници во овој див конфликт. Се плашам дека токму тоа ќе се случи“, рече Лукашенко, пренесува Белта.Тој нагласи дека затоа меѓународната заедница, а особено големите земји, пред сè Израел и САД, мора да признаат дека овој конфликт може да предизвика непредвидливи настани.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfjbkfn6l3m6p1K4vZr8

Советник на иранскиот врховен лидер: Немаме никаква намера да преговараме со САД

Иран нема намера да преговара со Соединетите Американски Држави и нема никакви контакти со Вашингтон, изјави на иранската државна телевизија Мохамад Мохбер, висок советник на покојниот врховен лидер на Иран.Мохбер, кој претходно бил вршител на должноста претседател на Иран и прв потпретседател, рече дека Иран нема доверба во Соединетите Држави.Немаме доверба во Американците и немаме никаква основа за преговори со нив“, рече Мохбер.Тој додаде дека Техеран може да продолжи со војната „колку што сака“.

Свет | пред 1 седмица

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи: Трамп ја предаде дипломатијата и Американците кои го избраа

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го обвини претседателот на САД, Доналд Трамп, дека „ја предаде дипломатијата и Американците кои го избраа“ со започнувањето на нападите среде преговори за иранскиот нуклеарен програм.Арагчи ја соопшти пораката на социјалната мрежа X.Кога сложените нуклеарни преговори се третираат како трансакција со недвижнини и кога големите лаги ја замаглуваат реалноста, нереалните очекувања никогаш не можат да се исполнатИсходот? Бомбардирање на преговарачкиот стол од инат“, додаде иранскиот министер за надворешни работи.“, напиша Арагчи.

Свет | пред 1 седмица

media-librarypgt0srje0cr86iYDlPJ

Иран без интернет повеќе од 84 часа

Интернетот во Иран е целосно исклучен повеќе од 84 часа, според податоците на меѓународната служба за мониторинг на интернет NetBlocks.Податоците од мрежата покажуваат дека Иран е отсечен од интернетот повеќе од 84 часа“, соопшти NetBlocks на социјалната мрежа X.Тие исто така предупредија дека „пристапот до отворениот интернет е спас во времиња на криза, а прекинот на интернетот покажува непочитување на правото на јавноста да остане информирана и да се вклучи во иднината на својата земја“.

Свет | пред 1 седмица

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Иранската гарда: Брод кој ќе се обиде да мине низ Oрмутскиот теснец ризикува да биде погоден

Иранската Револуционерна гарда денеска изјави дека го контролира Ормутскиот теснец, клучна морска рута за транспорт на нафта и гас, и дека секој брод кој ќе се обиде да мине низ тој пловен пат ризикува да биде оштетен од проектили или залутани дронови.Во моментов Хормушкиот теснец е под целосна контрола на морнарицата на Исламската Република“, изјави официјалниот претставник на морнарицата на Револуционерната гарда, Мохамад Акбарзаде, за новинската агенција Фарс.Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека американската морнарица е подготвена да ги следи танкерите со нафта низ оваа клучна заливска морска рута.

Свет | пред 1 седмица

avion

Србија евакуираше граѓани од Израел, меѓу нив и Македонци

Евакуациски авион на „Ер Србија“ со 67 патници ноќеска слета во Белград, откако претходно полетал од египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик, каде биле пренесени луѓе евакуирани од Израел поради безбедносната состојба во регионот.Во авионот, покрај државјани на Србија, имало и граѓани на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, кои биле извлечени од подрачјата погодени од воените операции.Државниот секретар во српското Министерство за надворешни работи Дамјан Јовиќ изјави дека државата има обврска да се грижи за своите граѓани во сите околности, поради што бил организиран евакуацискиот лет за луѓето кои се нашле во воената зона.Тој нагласи дека, иако станува збор за хуманитарна операција, со оваа акција Србија испраќа порака за солидарност и соработка со соседните држави, бидејќи во евакуацијата биле вклучени и нивни граѓани.Евакуацијата била организирана така што луѓето прво биле извлечени од Израел и пренесени до Египет, а потоа со авион биле транспортирани во Белград.Министерството за надворешни работи на Србија најави дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата на Блискиот Исток и, доколку е потребно, ќе организира нови евакуации на граѓани од регионот.

Свет | пред 1 седмица

uploads_thumbs_resize_800x420_365773

Сирија испраќа илјадници војници на границата со Либан

Сириското министерство за одбрана соопшти дека ја зајакнало својата граница со Либан, а осум сириски и либански извори наведоа дека тоа вклучува распоредување на ракетни единици и илјадници војници, додека конфликтот се шири во регионот, вклучително борбите меѓу Израел и Хезболах во Либан.Изворите вклучуваат пет сириски воени офицери, еден сириски безбедносен функционер и двајца либански безбедносни функционери кои дадоа изјави за Reuters под услов да останат анонимни.Сириското министерство за одбрана денеска во соопштението изјави дека армијата ја зајакнала присутноста долж сириските граници со Либан и Ирак поради „заштита и контрола на границите во услови на ескалација на регионалниот конфликт“.Распоредените единици припаѓаат на гранични и извидувачки баталјони задолжени за следење на граничните активности и борба против криумчарење.Сириските офицери изјавија дека распоредувањето на дополнителни засилувања започнало во февруари, но во последните денови се забрзало.Сириските и либанските вооружени сили засега не одговориле на барањата за коментар.Целта на распоредувањето на дополнителните сили е да се спречи криумчарењето оружје и дрога, но и да се блокира либанскиот Хезболах или други милитанти кои ги поддржува Иран, истакнале сириските офицери.

Свет | пред 1 седмица

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп: Не ми е гајле дали Иран ќе игра на Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп, ја коментираше ситуацијата со Иран, и нивните закани за откажување од настапот на Мундијалот, кој треба да се одржи годинава во САД, Канада и Мексико.Иранската фудбалска федерација ја разгледува оваа можност по нападот на САД и Израел врз Иран во последните денови.Воопшто не ми е гајле“, беше коментарот на Трамп, а потоа додаде:Иран е земја која претрпе катастрофален пораз. Нивната сила е исцрпена“, изјави Трамп, пренесе Политико.

Свет | пред 1 седмица

media-library8m8vj6i7h0g79BnvYip

Организација за човекови права: Во Иран убиени над 1000 цивили, меѓу кои 181 дете

Американската организација за човекови права Human Rights Activists News Agency (HRANA) објави дека од 28 февруари во Иран се убиени 1.097 цивили.Меѓу загинатите се 181 дете помало од 10 години, наведува агенцијата. Бројот на повредени цивили достигнал 5.402, вклучувајќи 100 деца, додава HRANA.Според нивните податоци, само во последните 24 часа извршени се најмалку 104 напади. Погодени се воени бази, медицински центри и станбени области.Агенцијата наведува дека уште стотици пријавени смртни случаи се во процес на проверка.

Свет | пред 1 седмица

media-library6c9maigc9ked2TexsTR

(Видео) Саудиска Арабија пресретна две ракети и девет дрона

Министерството за одбрана на Саудиска Арабија соопшти дека армијата пресретнала две крстосувачки ракети јужно од главниот град Ријад, пренесува Ројтерс.Одделно, официјалната саудиска новинска агенција објави дека биле соборени и девет дронови кои влегле во воздушниот простор на земјата. Засега нема информации од каде биле лансирани ракетите и беспилотните летала.Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија снимки за кои се тврди дека прикажуваат уништена зграда во воената база „Принц Султан“, која наводно била погодена од иранска ракета. Нема официјална потврда за овие тврдења.Претходно, CNN објави дека во базата се наоѓаат летала на американската војска, меѓу кои и авионите Boeing E-3 Sentry, познати како „Авакс“. Овие авиони имаат клучна улога во раното предупредување и откривање непријателски сили и ракети.Дополнително, на социјалните мрежи се појавија и непотврдени тврдења дека иранските сили погодиле и други американски воени објекти во регионот, но официјални информации од надлежните институции засега нема.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx

Франција испрати борбени авиони во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати

Франција распореди борбени авиони во Обединетите Арапски Емирати со цел заштита на своите воени бази во регионот, потврди вчера министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро.„Извршени се операции за обезбедување на воздушниот простор над нашите бази“, изјави Баро за телевизијата BFMTV.Министерот не даде дополнителни детали за мисиите.Овој потег се случува во време на ескалација на конфликтите на Блискиот Исток. Франција претходно го критикуваше американско-израелскиот напад врз Иран, а претседателот Емануел Макрон порача дека операцијата се одвивала „надвор од рамките на меѓународното право, што не можеме да го одобриме“.И покрај критиките, Франција поради ескалацијата на конфликтот го засили своето воено присуство во регионот. Во Средоземното Море е испратен нуклеарниот носач на авиони Charles de Gaulle заедно со своите придружни фрегати.

Свет | пред 1 седмица

avion-voen

Грција распоредува воени бродови и F-16 на Кипар по нападот со дрон

Две грчки воени бродови пристигнаа во близина на Кипар утрово, што Атина го опиша како одбранбено распоредување со цел заштита на островот од можен ирански напад и како сигнал на солидарност со Никозија.Пристигнувањето на Кимон, водечки фрегат на грчката морнарица, и Псара следи по распоредувањето на четири борбени авиони F-16 Viper веќе стационирани на аеродромот Andreas Papandreou Air Base во Пафос.Иако потенцијалната закана од балистички проектили би била веројатно неутрализирана од американските сили во регионот, грчките официјални лица истакнаа дека присуството на грчките вооружени сили на островот испраќа јасна порака на поддршка за Република Кипар. Тоа е и сигнал до европските партнери, кои според Атина, сè уште не го сфаќаат целосно ризикот од ширење на кризата од Блискиот Исток.Министерот за одбрана Никос Дендиас ја потенцираше важноста на распоредувањето за време на посетата на Никозија во вторникот.Повторно реков дека за Грција, за грчкото општество, за нацијата, Кипар не е далеку. А денес, грчката влада докажува дека Кипар е близу,“ рече тој по средбата со кипарскиот колега Василис Палмас. Тој додаде: „Секогаш сме на страната на Република Кипар, на страната на островот Кипар, на страната на сите легални жители на Република Кипар.Портпаролката на Министерството за надворешни работи Лана Зохиу рече дека помошта на Грција за Кипар „има исклучиво одбранбен карактер и на никаков начин не значи вмешување во војната.“Одделно, Франција позитивно одговори на барањето на Никозија со испраќање фрегата, а се очекува да испрати и анти-ракетни и анти-дронски системи, како и втора фрегата.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања