Промени тема
Контакт

ИРАН

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп: Мислеа дека можат да ме исцрпат со чекање

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен оти САД ќе постигнат поволен договор со Иран за завршување на војната, но порача дека нема намера да брза со преговорите.За време на состанокот на неговиот кабинет, Трамп оцени дека Техеран нема друг избор освен да прифати договор под американски услови.„Мислеа дека можат да ме исцрпат со чекање. Сметаа дека ќе попуштам поради изборите. Не ми е грижа за изборите“, изјави Трамп, алудирајќи на претстојните избори во САД.Тој додаде дека ам

Свет | пред 4 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Нафтата поевтини по најавите за можен договор меѓу САД и Иран

Цените на нафтата денеска забележаа пад на меѓународните пазари, откако медиумски извештаи поттикнаа шпекулации за можно отворање на Ормускиот теснец и смирување на тензиите меѓу САД и Иран.На лондонскиот пазар цената на барел нафта попладнево се намали за 3,42 долари и изнесуваше 96,16 долари. На американскиот пазар, пак, барелот поевтини за 3,74 долари, на 90,15 долари.Пазарите од почетокот на неделата внимателно ги следат сигналите од Вашингтон и Техеран во обид да проценат дали постојат шанс

Свет | пред 4 месеци

media-libraryk72ta83sla3kcR6v1Me

Белата куќа: Извештаите за договор со Иран се целосна измислица

Белата куќа ги демантираше информациите објавени во иранските медиуми за можен меморандум за разбирање меѓу САД и Иран со цел ставање крај на војната, оценувајќи ги како „невистинити и целосна измислица“.Претходно, иранската државна телевизија објави дека Техеран добил нацрт на неформална рамка за можен договор со Вашингтон за прекин на конфликтот.Според наводите на иранските медиуми, документот предвидувал Иран во рок од еден месец да го врати комерцијалниот бродски сообраќај низ Ормускиот тесн

Свет | пред 4 месеци

media-libraryov0b2qg6216gdVH9NyB

Венс за војната со Иран: Постојано се прашувам дали е морална и исправна

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во интервју за NBC News зборуваше за војната со Иран, преговорите со Техеран, односот со Доналд Трамп и можната кандидатура за претседателските избори во 2028 година.Венс, кој претходно важеше за политичар со неинтервенционистички ставови, сега ја брани воената акција на администрацијата на Трамп против Иран, но признава дека постојано се преиспитува дали конфликтот е оправдан.„Постојано се прашувам: дали ова е оправдано? Дали е морално? Дали е исправно?“

Свет | пред 4 месеци

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

САД ќе ја повлече својата флота од израелскиот аеродром ако има договор со Иран

Соединетите Американски Држави го известиле Израел за намерата да ги повлечат сите свои воени авиони од аеродромот „Бен Гурион“ кај Тел Авив во случај да биде потпишан договор со Иран, објави израелски Канал 12.Според извештајот, „американската флота би била евакуирана во рок од 72 часа во бази во Европа, а авионите би биле ставени во состојба на подготвеност за враќање на аеродромот ‘Бен Гурион’ доколку продолжат борбите со Иран“.Засега нема официјален коментар од израелските или американските

Свет | пред 4 месеци

media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

САД наводно се повлекуваат од близина на Иран, Техеран ветува нормализација во Ормутскиот теснец

Ирански медиуми објавија неофицијална рамка за меморандум за разбирање меѓу Иран и САД, пренесе Скај њуз.Според нацрт-договорот, американските воени сили би се повлекле од близина на Иран и би ја укинале поморската блокада на иранските пристаништа.За возврат, Иран наводно се обврзал во рок од еден месец да го врати бројот на комерцијални транзитни бродови низ Ормутскиот теснец на нивото пред војната.Во нацртот се наведува дека воените бродови не се опфатени со договорот.Меѓу останатите точки во

Свет | пред 4 месеци

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

САД имаат нов план за удари врз Иран ако пропаднат преговорите

Американски воени претставници составиле нов список на воени цели во Иран во случај Вашингтон да продолжи со операциите, објави NBC News, повикувајќи се на извори.Според информациите, на списокот се наоѓаат силно утврдени локации за кои би бил потребен значителен напор за напад поради нивната скриена позиција и високото ниво на заштита.Сепак, телевизијата наведува дека потегот на Пентагон не значи дека нападите се неизбежни. Секоја евентуална операција ќе зависи од политичката одлука на американ

Свет | пред 4 месеци

media-library2d8t3v0ga4mvcF7emvs

Иран објави нова мапа на Ормутскиот Теснец и ја налути Америка

Иран објави нова мапа на Ормутскиот Теснец, за која тврди дека го прикажува ова стратешки важно поморско подрачје под негова контрола.Техеран го стави Ормутскиот Теснец под строга блокада уште од крајот на февруари, по нападите на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран. Блокадата на овој клучен поморски коридор, низ кој порано минуваше околу една петтина од светската нафта, предизвика голем раст на цените на нафтата, гасот и енергенсите низ светот.И покрај меѓународните притисоци, иран

Свет | пред 4 месеци

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио по американските напади: Договорот со Иран ќе биде постигнат

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп и понатаму е посветена на постигнување мировен договор со Иран, и покрај новите американски напади врз ирански цели во текот на ноќта.Рубио порача дека Вашингтон верува оти договорот е блиску и дека преговорите продолжуваат.„Мислам дека постои силно усогласување и согласност околу тоа како треба да изгледа прелиминарниот нацрт“, изјави Рубио.Тој додаде дека, како и кај секој сложен договор, ќе б

Свет | пред 4 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цената на нафтата надмина 100 долари по новиот американски напад врз Иран

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари и надминаа 100 долари по барел по новиот американски напад врз Иран, што повторно ги засили стравувањата од застој во разговорите меѓу Вашингтон и Техеран за отворање на Ормутскиот Теснец.На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево се зголеми за 4,21 долари во однос на вчерашното затворање и достигна 100,35 долари.На американскиот пазар, пак, барелот се тргуваше по цена од 94,36 долари, што е за 2,24 долари повисока во споредба со крајот н

Свет | пред 4 месеци

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Американската морнарица тајно им помага на бродовите да минуваат низ Ормускиот Теснец

Американската морнарица тајно им помага на трговските бродови при минување низ Ормускиот Теснец, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски воени претставници.Според нивните наводи, американската морнарица неодамна придружувала грчки супертанкер со околу два милиони барели нафта додека минувал низ стратешки важниот поморски премин покрај брегот на Оман.Бродот од почетокот на март беше блокиран во Персискиот Залив, а сега плови кон Индија за испорака на товарот.Претходно овој месец С

Свет | пред 4 месеци

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Нови напади би можеле сериозно да ги загрозат мировните преговори

Најновите американски напади врз ирански цели во близина на Ормускиот Теснец би можеле сериозно да ги искомплицираат мировните преговори меѓу Вашингтон и Техеран, предупредуваат аналитичарите.Високиот советник во американскиот Центар за стратешки и меѓународни студии (CSIS), Марк Кансијан, за „Ал Џезира“ изјави дека последните американски напади биле со ограничен обем.Според него, американските сили гаѓале ирански пловила кои поставувале мини, како и крајбрежни батерии што покажувале непријателс

Свет | пред 4 месеци

media-libraryicv1jflfbiv98EVfgwx

По 88 дена, делумно е обновен интернетот во Иран

Интернет-врската во Иран делумно е обновена по речиси тримесечна блокада, објави организацијата „Нетблокс“, која го следи глобалниот интернет-сообраќај.Според организацијата, интернет-услугите почнале постепено да се враќаат на 88-от ден од, како што наведуваат, „најдолгата национална блокада на интернетот во модерната историја“.Од „Нетблокс“ предупредуваат дека засега не е познато дали обновената врска ќе биде трајна.Интернетот во Иран беше исклучен на 28 февруари, на денот на првиот американск

Свет | пред 4 месеци

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран ги откри „црвените линии“ во преговорите со САД

Иранските државни медиуми ги објавија клучните „црвени линии“ на Техеран во тековните преговори со САД, откако во изминатите денови се појавија знаци за можен напредок во разговорите меѓу двете земји.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не треба да се брза со договорот, нагласувајќи дека „или ќе има одличен договор или нема да има никаков договор“.Набргу по неговата изјава, САД извршија нови напади, кои ги опишаа како дејствување во „самоодбрана“, но, според медиумите, преговорите

Свет | пред 4 месеци

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран бара одмрзнување на 12 милијарди долари пред можни преговори со САД

Иранска делегација пристигнала во Катар со цел да обезбеди одмрзнување на 12 милијарди долари ирански средства како предуслов за можни разговори со САД, пренесуваат иранските медиуми.Делегацијата ја предводел претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Галибаф, а во неа бил и гувернерот на Централната банка, Абдолнасер Хемати.Според иранската агенција „Мехр“, посетата следувала по неодамнешните разговори меѓу катарска и иранска делегација во Техеран за замрзнатите ирански средства.Извор близок

Свет | пред 4 месеци

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Преговорите со Иран може да траат со денови

Марко Рубио, државниот секретар на САД, изјави дека преговорите за мировен договор со Иран би можеле да траат „неколку дена“, намалувајќи ги очекувањата за брз крај на конфликтот.Изјавата доаѓа откако американските сили извршија, како што тврди Вашингтон, одбранбени напади врз цели во јужен Иран. Од иранска страна, Револуционерната гарда порача дека го задржува правото на одмазда за секое прекршување на примирјето.Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи порача дека државите во регионот повеќе нем

Свет | пред 4 месеци

media-libraryneiubpnuqpvv3C7olET

Иран: Американската војска го прекрши примирјето

Иран соопшти дека „ниту еден чин на агресија нема да остане без одговор“, обвинувајќи ги САД за „очигледно прекршување“ на примирјето.Тензиите повторно се зголемија откако американските сили рано утрово извршија нови напади врз цели во Иран, кои Вашингтон ги опиша како одбранбени акции во услови на сè понестабилно примирје меѓу двете страни.Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека „терористичката американска војска во последните 48 часа извршила очигледно прекршување на примирјет

Свет | пред 4 месеци

media-libraryn5ek73fvurrfe8jsCM8

Кина ги повика САД и Иран да го почитуваат примирјето

Кина ги повика САД и Иран да ги „почитуваат своите обврски“ во врска со сè покревкото примирје меѓу двете страни.Повикот доаѓа откако американската војска соопшти дека вчера извела напади „во самоодбрана“ на повеќе локации во јужен Иран. Од иранска страна, пак, беше порачано дека Техеран го задржува правото да одговори на секое прекршување на примирјето, кое е во сила од почетокот на април.Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека сите засегнати страни т

Свет | пред 4 месеци

media-libraryo3u9oto0qlo094TPaKh

Иран бара ослободување на 24 милијарди долари замрзнати средства

Иранската полуслужбена новинска агенција Тасним, повикувајќи се на извор близок до иранскиот преговарачки тим, објави дека Иран во секој можен договор со САД бара ослободување на 24 милијарди долари замрзнати ирански средства.Според истиот извор, ставот на Техеран е половина од сумата, односно 12 милијарди долари, да бидат ослободени веднаш по објавувањето на меморандумот за разбирање.Преостанатите 12 милијарди долари, како што се наведува, би требало да бидат одмрзнати во рок од 60 дена.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryro0i4nsi48kvbpDeU7v

Американски аналитичар: Крајната цел на Трамп во војната со Иран е предавање

Во анализа за „The Atlantic“, американскиот историчар и надворешнополитички аналитичар Роберт Кејган наведува дека почнуваат да се наѕираат контурите на она што би можела да биде крајната цел на американскиот претседател Доналд Трамп во конфликтот со Иран.Според анализата, Трамп во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно објаснил дека Соединетите Американски Држави со Иран преговараат за „писмо на намери“ со кое формално би завршила војната и би започнал 30-дневен п

Свет | пред 4 месеци

media-libraryjb0rs07fbimvaDwqUEK

Иранскиот врховен лидер: Блискиот Исток повеќе нема да биде штит за американските бази

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи предупреди дека земјите од Блискиот Исток повеќе нема да служат како штит за американските воени бази во регионот.Неговата порака беше објавена по повод хаџот, годишниот исламски аџилак во Мека, во Саудиска Арабија.„Нема враќање на старото, а народите и земјите во регионот повеќе нема да бидат штит за американските бази. Америка во регионот повеќе нема да има безбедно засолниште за сплетки и воспоставување воени бази“, порача Хамнеи.Ова е една од ретките из

Свет | пред 4 месеци

media-libraryuch1huklk6sueKcjSOI

Катар ги демантираше тврдењата за понуда од 12 милијарди долари на Иран за постигнување мировен договор

Катар остро ги демантираше медиумските извештаи според кои на Техеран му понудил 12 милијарди долари од замрзнат ирански имот во замена за склучување мировен договор.Катарското Министерство за надворешни работи ги оцени овие тврдења како целосно неосновани.Портпаролот на Министерството соопшти дека станува збор за дел од кампања насочена кон поткопување на дипломатските напори.„Извештаите во кои се тврди дека државата Катар му ‘понудила’ 12 милијарди долари на Иран за да обезбеди постигнување до

Свет | пред 4 месеци

media-libraryffq6e3230euaaKgghXh

Тензии во Персискиот Залив: САД и Иран со различни верзии за нападот

Се појавуваат првите детали за ноќешните американски удари во Бандар Абас, на југот на Иран, кои Вашингтон ги опишува како чин на самоодбрана.Иако целосните информации сè уште се очекуваат, извори од двете страни почнаа да ги изнесуваат своите верзии за случувањата.Висок американски функционер изјавил за „Фокс њуз“ дека ударите не биле обид за нарушување на примирјето. Според неговите наводи, американската војска реагирала откако биле забележани два брода на морнарицата на Иранската револуционер

Свет | пред 4 месеци

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Иран се закани со посилен одговор на секоја нова агресија

Портпаролот на вооружените сили на Иран, Аболфазл Шекарчи, предупреди дека секоја нова агресија против Иран ќе наиде на значително пожесток одговор, кој би можел да се прошири и надвор од регионот.Според изјавата што ја пренесе иранската новинска агенција „Фарс“, Шекарчи навел дека, во случај на нов американски напад, иранските удари би биле многу потешки и посилни од претходните.Тој додал дека евентуалниот одговор нема да остане ограничен само на Блискиот Исток, туку би можел да се прошири и на

Свет | пред 4 месеци

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иранските медиуми реагираа по американските напади: „Војната не е завршена“

Додека сè уште се очекува официјален одговор од Иран на ноќешните американски воздушни напади, кои САД ги нарекуваат „чин на самоодбрана“, иранските државни медиуми веќе излегоа со свои реакции.Државната телевизија ИРИБ ги осуди нападите, посочувајќи ја контрадикторноста во тоа што Вашингтон ударите ги нарекува „самоодбрана“, додека, според тврдењата на медиумот, во нив загинале десетици илјади Иранци.Не беше објаснето од каде потекнуваат тие бројки, а тие засега не се независно потврдени и знач

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања