Промени тема
Контакт

ИРАН

media-libraryu7k2inog1hemd5LOgF5

Огромни трошоци за војната: Вашингтон потрошил милијарди долари за два дена

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп потрошила муниција во вредност од околу 5,6 милијарди долари во првите два дена од нападите врз Иран, се наведува во извештај доставен до одборите на американскиот Конгрес, пренесуваат извори запознаени со информациите.Според извештајот, трошоците се однесуваат на употребената муниција и воена опрема во рамки на операцијата што САД ја започнаа на 28 февруари заедно со сојузникот Израел.Членови на Конгресот, кои наскоро би можеле да одлуч

Свет | пред 7 месеци

w_55031023

Иран ја обвини Европската Унија за „лицемерие и двојни стандарди“

Иран ја обвини Европската Унија за „најголемо лицемерие и двојни стандарди“, откако шефицата на европската дипломатија Каја Калас ги осуди нападите на Хезболах врз Израел.Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, во објава на социјалната мрежа Икс наведе дека ЕУ покажала рамнодушност додека, како што тврди, Израел изведувал напади во Газа, Либан и други држави во регионот.„Европската Унија покажа рамнодушност додека Израел спроведуваше геноцид во Газа и изведуваш

Свет | пред 7 месеци

media-libraryt6mnit5le3n88CBWSD4

Невидлива војна на Блискиот Исток: GPS се претвора во ново оружје

Во сенка на ракетите и бомбите, на Блискиот Исток се води уште една, невидлива битка – електронска војна во која системите за сателитска навигација се претвораат во средство за напад.Во водите во близина на Иран, стотици бродови одеднаш почнале да се појавуваат на целосно погрешни позиции, при што нивните навигациски системи ги прикажувале на копно или групирани во необични и совршено кружни формации. Аналитичарите сметаат дека станува збор за масовно нарушување на GPS сигналите.Мишел Визе Бокма

Свет | пред 7 месеци

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Претседателот на Иран: Кој мисли дека може да го уништи Иран живее во илузија

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека противниците кои веруваат дека можат да ја уништат иранската држава живеат во илузија.Во објава на социјалната мрежа Икс, Пезешкијан истакна дека низ историјата ниту една сила не успеала да го избрише Иран.„Низ историјата ниту една сила не успеала да го избрише тоа големо име“, напиша иранскиот претседател.Тој додаде дека оние кои веруваат дека Иран може да биде уништен не ја познаваат историјата.„Секој што живее во илузија дека може да го уништ

Свет | пред 7 месеци

media-librarypm5jg8dn1q66fF8Z2Kj

Нова закана од Техеран: Ормускиот теснец ќе биде или пат на мир или на пораз

Претседателот на иранскиот Национален совет за безбедност Али Лариџани упати ново предупредување поврзано со Ормускиот теснец, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со жесток одговор доколку Иран го блокира овој клучен поморски премин.Во објава на социјалната мрежа Икс, Лариџани порача дека иднината на Ормускиот теснец ќе зависи од однесувањето на земјите кои, според него, поттикнуваат војна.„Ормускиот теснец ќе биде или теснец на мир и просперитет за сите, или теснец на пораз

Свет | пред 7 месеци

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Претседателот на иранскиот парламент: „Око за око“ ќе биде правилото во војната

Претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф предупреди дека Техеран ќе одговори на секој напад со „соодветен и непосреден одговор“, нагласувајќи дека Иран ќе го следи принципот „око за око“ во тековниот конфликт.Во објава на социјалната мрежа Икс, Галибаф порача дека ниту еден акт на агресија нема да остане без одговор.„Ниту еден акт на агресија нема да остане без одговор. Денес го прогласуваме правилото ‘око за око’ – без двоумење и без исклучоци“, напиша тој.Тој додаде дека доко

Свет | пред 7 месеци

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Ирански функционер му се закани на Трамп: „Внимавајте да не бидете елиминиран“

Високиот ирански безбедносен функционер Али Лариџани упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, реагирајќи на неговите закани поврзани со можноста за блокирање на Ормускиот теснец.Во серија објави на социјалната мрежа Икс, Лариџани изјави дека Иран не се плаши од, како што ги нарече, „безвредните закани“ на американскиот претседател.„И оние што беа помоќни од вас не успеаја да го елиминираат иранскиот народ“, напиша тој.Во пораката упати и директно предупредување до Трамп.„Бид

Свет | пред 7 месеци

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Американските берзи речиси непроменети додека трае кризата на Блискиот Исток

Американскиот берзански пазар утрово бележи минимални промени, додека инвеститорите внимателно ја следат ситуацијата околу Иран и пошироката ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.Во раното тргување индексите Дау Џонс и Ес-Ен-Пи 500 паднаа за околу 0,3 проценти, додека технолошкиот индекс Насдак остана речиси непроменет.Неизвесноста на пазарите доаѓа во момент кога конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Израел од една страна и Иран од друга предизвика силни осцилации на цените на е

Свет | пред 7 месеци

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Пентагон најави „најинтензивен ден“ на напади врз Иран

Соединетите Американски Држави најавија значително засилување на воените напади врз Иран, додека конфликтот продолжува да се шири низ Блискиот Исток.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека денешниот ден ќе биде „најинтензивниот“ од почетокот на операцијата, со најголем број борбени авиони, бомбардери и напади врз цели во Иран.Во меѓувреме, висок ирански безбедносен функционер испрати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го да биде внимателен „з

Свет | пред 7 месеци

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Војната со Иран ѝ носи милиони на Русија од извоз на нафта и гас

Актуелната воена криза на Блискиот Исток ѝ овозможува на Русија да остварува значително поголеми приходи од извоз на нафта и гас, оценуваат енергетски аналитичари.Според нив, нарушувањето на глобалното снабдување со нафта и растот на цените на енергенсите, како и делумното олеснување на санкциите за руската нафта, создаваат поволни услови за руската економија.Анализата на тинк-тенкот Центар за истражување на енергија и чист воздух покажува дека една недела по почетокот на американско-израелските

Свет | пред 7 месеци

media-library5gvscj926j5d7ZNyFee

Анализа: И покрај воените успеси, САД се соочуваат со ризик од долготраен конфликт

Андреас Криг, вонреден професор по безбедносни студии на Кингс колеџ во Лондон, оцени дека Соединетите Американски Држави најверојатно ќе се обидат да ги наметнат условите за завршување на војната со Иран, прогласувајќи дека доволно ги ослабиле иранските воени капацитети за да можат да се повлечат и да прогласат победа.Сепак, според него, не е сигурно дека Техеран ќе дозволи таков развој на настаните.„Не мислам дека Иранците ќе им дозволат тоа. Ескалациската предност е на страната на Иран“, изја

Свет | пред 7 месеци

media-libraryk3iam2fdpkv27JExCav

Расте бројот на жртви: најмногу загинати во Иран и Либан

Повеќе од илјада луѓе загинале ширум Блискиот Исток од почетокот на воените напади на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран на 28 февруари, а конфликтот брзо се проширил и во други држави од регионот, покажуваат податоци што ги објави агенцијата Ројтерс.Според извештаите на државните институции до 10 март, најголем број жртви има во Иран и Либан, додека жртви се регистрирани и во Ирак, Сирија, како и во неколку земји од Персискиот Залив каде се наоѓаат американски воени бази. Агенција

Свет | пред 7 месеци

media-librarylh7c8tfdv5jr8jf6l7i

Иран до фудбалерките: „Ве чекаме со раширени раце, вратете се дома“

По повиците да се обезбеди заштита и евентуален азил за иранските спортистки во странство, од Иран пристигна остра реакција во која таквите предлози се оценуваат како лицемерни.Во соопштението се наведува дека „повеќе од 165 невини ирански ученици загинале во двојниот напад со проектили во градот Минaб“, со порака дека „апсурдно и лицемерно е да се зборува за ‘спасување’ на иранските спортистки по такви настани“.Пораката беше упатена и до женската фудбалска репрезентација на Иран.„Не грижете се

Свет | пред 7 месеци

media-librarypotefaq7esmn6CNlEAa

Коста: Досега има само еден победник во оваа војна – Русија

Единствениот победник досега во војната на Блискиот Исток е Русија, бидејќи конфликтот ги зголемува цените на нафтата и го одвлекува вниманието од нејзината агресија во Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, објави „Ројтерс“.Досега има само еден победник во оваа војна – Русија“, рече Коста во говорот пред амбасадорите на ЕУ во Брисел.Русија добива нови средства за финансирање на својата војна против Украина, бидејќи цените на енергијата растат. Таа, исто така, има кори

Свет | пред 7 месеци

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху: Нашата цел е да му помогнеме на иранскиот народ да ги отфрли оковите на тиранијата

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека Израел нема намера да запре со воената операција против Иран. За време на состанокот со претставници на здравствениот систем, тој упати остра порака, нагласувајќи дека досегашните напади веќе нанеле катастрофални штети врз иранската воена структура.Нема сомнение дека она што го направивме досега им ги скрши коските. Нашата цел е да му помогнеме на иранскиот народ да ги отфрли оковите на тиранијата, но на крајот на краиштата, тоа зависи

Свет | пред 7 месеци

romanija

Во Турција распореден американски систем за противвоздушна одбрана

Турција денеска соопшти дека американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ е распоредeн во југоисточната покраина како дел од „засилените мерки за противвоздушна и противракетна одбрана“ на НАТО.За време на неодамнешните настани во нашиот регион се преземаат потребните мерки за заштита на нашите граници и воздушен простор, и тоа во консултации со НАТО и сојузниците“, соопшти турското Министерство за одбрана на X.Министерството додаде дека, покрај националните мерки, НАТО ја засилил пр

Свет | пред 7 месеци

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иранскиот министер за надворешни работи: Преговорите со САД повеќе не се опција

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави во понеделникот дека преговорите со Соединетите Американски Држави повеќе не се можна опција, откако САД и Израел започнаа воена операција против Иран. Во интервју за Пи-Би-Ес њузхаур, Аракчи рече дека не мисли оти разговорите со Американците „повеќе би биле на нашата агенда“.Изјавите на Аракчи доаѓаат кратко по именувањето на новиот врховен лидер на Иран. Мојтаба Хамнеи, син на покојниот ајатолах Али Хамнеи, во неделата беше именуван за

Свет | пред 7 месеци

benzine

Војната не може да се користи како изговор за злоупотреби и зголемување на цените на горивата, вели францускиот премиер

Војната на Блискиот Исток не може да се користи како изговор за злоупотреби и зголемување на цените на горивата, изјави францускиот премиер Себастијан Лекорни.Лекорни во објава на Твитер (X) најави „вонреден план со 500 проверки“ на бензинските станици меѓу понеделник и среда, со цел да се спречат злоупотреби и зголемување на цените на горивото на пумпите, пренесува „Фигаро“.Во следните три дена ќе бидат спроведени онолку проверки колку што вообичаено се вршат во период од шест месеци.Владата во

Свет | пред 7 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Трамп: Војната со Иран е „речиси завршена“, цените на нафтата паднаа

Цените на нафтата нагло паднаа синоќа откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека конфликтот со Иран би можел да се приближува кон крај. По интервјуто за Си-Би-Ес њуз, во кое Трамп изјави: „Мислам дека војната речиси се приближува кон крај“, цената на суровата нафта Брент падна на 90 долари за барел, што е за 30 долари помалку во споредба со претходната ноќ.Тој исто така изјави дека Иран „нема морнарица, нема комуникации“, како и дека „нема ни воздухопловство“, истакнувајќи дека С

Свет | пред 7 месеци

media-library3u6620i3vspoauMEofG

(Видео) Трамп го обвини Иран за нападот, па се повлече: „Не знам доволно“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не знае доволно“ за нападот врз иранско основно училиште, за кој Иран тврди дека во него загинале повеќе од 160 деца, но дека е „подготвен да живее“ со наодите од американската истрага за тој инцидент.Видео-снимка од блиска зграда, направена за време на нападот на Соединетите Американски Држави во таа област, а која ја објавија ирански медиуми, покажува како ракета од американско производство „tomahavk“ погодува зграда покрај женско училиште, и

Свет | пред 7 месеци

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп за Иран: „Ако имаа нуклеарно оружје, ќе го искористеа“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се осврна на Иран, тврдејќи дека Техеран би употребил нуклеарно оружје доколку го поседувал, во контекст на најновата ескалација и нападите насочени кон иранските воени капацитети.Во настап на Флорида, Трамп порача дека акцијата на САД била „краткорочен излет“ со цел, како што рече, да се „ослободат од злото“, додавајќи дека Вашингтон е решен да постигне „конечна победа“ и да ја прекине, според негови зборови, долготрајната закана. Тој оцени дека С

Свет | пред 7 месеци

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Трамп: Иран ќе нè нападнеше за една недела, 100%

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран планирал напад врз Соединетите Американски Држави во рок од една недела, тврдејќи дека таков напад бил речиси сигурен.Говорејќи пред републикански поддржувачи, Трамп рече дека Иран располагал со голем број ракети и дека планирал напади не само врз САД, туку и врз целиот Блиски Исток и Израел.„Во рок од една недела ќе нè нападнеа. Сто проценти. Имаа многу ракети, многу повеќе отколку што некој мислеше, и планираа да нè нападнат. Но планираа

Свет | пред 7 месеци

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Трамп разговараше со Путин за Иран: Москва предложила план за брз крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп, при што главни теми биле војната околу Иран, конфликтот во Украина и ситуацијата во Венецуела. Разговорот траел околу еден час и бил инициран од американската страна, соопшти помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.Според Ушаков, разговорот бил „деловен, отворен и конструктивен“, а Путин му претставил на Трамп повеќе идеи насочени кон брзо политичко и дипломатско решение на конфликтот со

Свет | пред 7 месеци

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Трамп отвора нова опција: САД размислуваат да го контролираат Ормускиот теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата во Вашингтон размислува за можноста Соединетите Американски Држави да преземат контрола над Ормускиот теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на енергенси.Во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес њуз, Трамп рече дека теснецот во моментот е отворен за пловидба, но дека Белата куќа ја разгледува опцијата да воспостави контрола над овој стратешки морски премин.„Ормускиот теснец во моментов е отворен, н

Свет | пред 7 месеци

media-librarymstm78tlq3m6bG6m2Fg

(Видео) Британски авиони соборија дронови над Блискиот Исток

Британски борбени авиони во текот на ноќта собориле беспилотно летало во одбрана на Јордан, а пресретнале и уште еден дрон кој летал кон Бахреин, соопшти британското Министерство за одбрана.Според официјалните информации од Лондон, операцијата е дел од пошироки активности за заштита на сојузниците во регионот и на британските воени бази.Истовремено, Велика Британија започнала и одбранбени летови во поддршка на Обединетите Арапски Емирати. Овие активности се дел од поширокото распоредување дополн

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања