Промени тема
Контакт

ИРАН

media-libraryfjbkfn6l3m6p1K4vZr8

Советник на иранскиот врховен лидер: Немаме никаква намера да преговараме со САД

Иран нема намера да преговара со Соединетите Американски Држави и нема никакви контакти со Вашингтон, изјави на иранската државна телевизија Мохамад Мохбер, висок советник на покојниот врховен лидер на Иран.Мохбер, кој претходно бил вршител на должноста претседател на Иран и прв потпретседател, рече дека Иран нема доверба во Соединетите Држави.Немаме доверба во Американците и немаме никаква основа за преговори со нив“, рече Мохбер.Тој додаде дека Техеран може да продолжи со војната „колку што са

Свет | пред 7 месеци

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи: Трамп ја предаде дипломатијата и Американците кои го избраа

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го обвини претседателот на САД, Доналд Трамп, дека „ја предаде дипломатијата и Американците кои го избраа“ со започнувањето на нападите среде преговори за иранскиот нуклеарен програм.Арагчи ја соопшти пораката на социјалната мрежа X.Кога сложените нуклеарни преговори се третираат како трансакција со недвижнини и кога големите лаги ја замаглуваат реалноста, нереалните очекувања никогаш не можат да се исполнатИсходот? Бомбардирање на преговарачки

Свет | пред 7 месеци

media-librarypgt0srje0cr86iYDlPJ

Иран без интернет повеќе од 84 часа

Интернетот во Иран е целосно исклучен повеќе од 84 часа, според податоците на меѓународната служба за мониторинг на интернет NetBlocks.Податоците од мрежата покажуваат дека Иран е отсечен од интернетот повеќе од 84 часа“, соопшти NetBlocks на социјалната мрежа X.Тие исто така предупредија дека „пристапот до отворениот интернет е спас во времиња на криза, а прекинот на интернетот покажува непочитување на правото на јавноста да остане информирана и да се вклучи во иднината на својата земја“.

Свет | пред 7 месеци

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Иранската гарда: Брод кој ќе се обиде да мине низ Oрмутскиот теснец ризикува да биде погоден

Иранската Револуционерна гарда денеска изјави дека го контролира Ормутскиот теснец, клучна морска рута за транспорт на нафта и гас, и дека секој брод кој ќе се обиде да мине низ тој пловен пат ризикува да биде оштетен од проектили или залутани дронови.Во моментов Хормушкиот теснец е под целосна контрола на морнарицата на Исламската Република“, изјави официјалниот претставник на морнарицата на Револуционерната гарда, Мохамад Акбарзаде, за новинската агенција Фарс.Американскиот претседател Доналд

Свет | пред 7 месеци

avion

Србија евакуираше граѓани од Израел, меѓу нив и Македонци

Евакуациски авион на „Ер Србија“ со 67 патници ноќеска слета во Белград, откако претходно полетал од египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик, каде биле пренесени луѓе евакуирани од Израел поради безбедносната состојба во регионот.Во авионот, покрај државјани на Србија, имало и граѓани на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, кои биле извлечени од подрачјата погодени од воените операции.Државниот секретар во српското Министерство за надворешни работи Дамјан Јовиќ из

Свет | пред 7 месеци

uploads_thumbs_resize_800x420_365773

Сирија испраќа илјадници војници на границата со Либан

Сириското министерство за одбрана соопшти дека ја зајакнало својата граница со Либан, а осум сириски и либански извори наведоа дека тоа вклучува распоредување на ракетни единици и илјадници војници, додека конфликтот се шири во регионот, вклучително борбите меѓу Израел и Хезболах во Либан.Изворите вклучуваат пет сириски воени офицери, еден сириски безбедносен функционер и двајца либански безбедносни функционери кои дадоа изјави за Reuters под услов да останат анонимни.Сириското министерство за о

Свет | пред 7 месеци

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп: Не ми е гајле дали Иран ќе игра на Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп, ја коментираше ситуацијата со Иран, и нивните закани за откажување од настапот на Мундијалот, кој треба да се одржи годинава во САД, Канада и Мексико.Иранската фудбалска федерација ја разгледува оваа можност по нападот на САД и Израел врз Иран во последните денови.Воопшто не ми е гајле“, беше коментарот на Трамп, а потоа додаде:Иран е земја која претрпе катастрофален пораз. Нивната сила е исцрпена“, изјави Трамп, пренесе Политико.

Свет | пред 7 месеци

media-library8m8vj6i7h0g79BnvYip

Организација за човекови права: Во Иран убиени над 1000 цивили, меѓу кои 181 дете

Американската организација за човекови права Human Rights Activists News Agency (HRANA) објави дека од 28 февруари во Иран се убиени 1.097 цивили.Меѓу загинатите се 181 дете помало од 10 години, наведува агенцијата. Бројот на повредени цивили достигнал 5.402, вклучувајќи 100 деца, додава HRANA.Според нивните податоци, само во последните 24 часа извршени се најмалку 104 напади. Погодени се воени бази, медицински центри и станбени области.Агенцијата наведува дека уште стотици пријавени смртни случ

Свет | пред 7 месеци

media-library6c9maigc9ked2TexsTR

(Видео) Саудиска Арабија пресретна две ракети и девет дрона

Министерството за одбрана на Саудиска Арабија соопшти дека армијата пресретнала две крстосувачки ракети јужно од главниот град Ријад, пренесува Ројтерс.Одделно, официјалната саудиска новинска агенција објави дека биле соборени и девет дронови кои влегле во воздушниот простор на земјата. Засега нема информации од каде биле лансирани ракетите и беспилотните летала.Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија снимки за кои се тврди дека прикажуваат уништена зграда во воената база „Принц Султан“,

Свет | пред 7 месеци

media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx

Франција испрати борбени авиони во своите воени бази во Обединетите Арапски Емирати

Франција распореди борбени авиони во Обединетите Арапски Емирати со цел заштита на своите воени бази во регионот, потврди вчера министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро.„Извршени се операции за обезбедување на воздушниот простор над нашите бази“, изјави Баро за телевизијата BFMTV.Министерот не даде дополнителни детали за мисиите.Овој потег се случува во време на ескалација на конфликтите на Блискиот Исток. Франција претходно го критикуваше американско-израелскиот напад врз Иран, а претседат

Свет | пред 7 месеци

avion-voen

Грција распоредува воени бродови и F-16 на Кипар по нападот со дрон

Две грчки воени бродови пристигнаа во близина на Кипар утрово, што Атина го опиша како одбранбено распоредување со цел заштита на островот од можен ирански напад и како сигнал на солидарност со Никозија.Пристигнувањето на Кимон, водечки фрегат на грчката морнарица, и Псара следи по распоредувањето на четири борбени авиони F-16 Viper веќе стационирани на аеродромот Andreas Papandreou Air Base во Пафос.Иако потенцијалната закана од балистички проектили би била веројатно неутрализирана од американс

Свет | пред 7 месеци

rusija-areodrom-drom

Ирак: Дрон соборен во близина на Меѓународниот аеродром во Багдад

Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на Меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јавува Anadolu.Во соопштението пренесено од Ирачката новинска агенција (INA), Ирак наведува дека дронот бил пресретнат на надворешните рабови на периметарот на аеродромот.Генерал-полковник Саад Маан го опиша како мало беспилотно летало и потврди дека не се регистрирани човечки или материјални загуби.Не се објавени дополнителни детали.Овој развој на настаните следеше по

Свет | пред 7 месеци

media-librarynio5g0j5frt12VSESf0

Американските сили погодија речиси 2.000 цели во Иран

Американските сили погодија речиси 2.000 цели во Иран откако САД и Израел почнаа офанзива од големи размери против земјата во саботата, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), која ги надгледува американските сили во регионот.Нашата војска на Блискиот Исток презема операција без преседан за да ја елиминира способноста на Иран да ги загрозува Американците, изјави адмиралот на ЦЕНТКОМ, Бред Купер, во оперативниот извештај објавен на X.–Веќе погодивме речиси 2.000 цели со повеќе од 2.000 парч

Свет | пред 7 месеци

media-libraryd5ignik50atfdyPkI4l

Израелски министер: Секој нов ирански лидер ќе биде цел за елиминација

Израелскиот министер за одбрана Израел Катц предупреди дека секој нов лидер кој ќе биде именуван од иранските клирици ќе биде јасна цел за елиминација.Секој лидер кој ќе го именува иранскиот терористички режим ќе биде недвосмислена цел за елиминација – премиерот и јас наредивме на Израелските одбранбени сили да се подготват и да дејствуваат со сите потребни средства за да ја извршат таа задача, како составен дел од целите на операцијата ‘Лавовски Рик’“, рече израелскиот министер за одбрана Израе

Свет | пред 7 месеци

media-libraryfdttt9q7nmpl2PSv9s1

Ирански воен брод тоне кај Шри Ланка, во тек спасувачка операција

Морнарицата и воздухопловните сили на Шри Ланка се ангажирани во спасувачка операција откако ирански воен брод почнал да тоне во близина на островот, соопштија властите.Министерот за надворешни работи Виџита Херат изјави во парламентот дека во раните утрински часови бил примен сигнал за помош од бродот ИРИС Дена. Според информациите, на бродот имало околу 180 лица.Херат додаде дека 30 повредени морнари биле пренесени во болница во пристанишниот град Гале.Причината за тонењето засега не е позната

Свет | пред 7 месеци

media-libraryr27nf5skuo8a6Waxnfy

(Видео) Разурнат хотел во израелските напади врз Бејрут

Израелските напади врз либанската престолнина Бејрут продолжуваат, а според најновите снимки, сериозно е оштетен хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот.Паралелно со тоа, густ црн чад се издигаше над јужните предградија на Бејрут, јавува Ројтерс. Нападите следуваа откако израелската армија издаде итно предупредување до жителите да се евакуираат од јужното предградие Дахие, особено од квартот Харет Хреик.Се наоѓате во непосредна близина на објекти на Хезболах против кои ќе дејств

Свет | пред 7 месеци

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Авион со евакуирани црногорски државјани слета во Подгорица

Авион со нешто повеќе од 70 евакуирани црногорски државјани слета во Подгорица. Со авионот пристигнаа црногорски државјани кои туристички престојувале во Египет и Јордан.Министерот за финансии на Црна Гора, Новица Вуковиќ, изјави дека продолжуваат активностите со цел во среда и четврток да бидат вратени уште околу 200 патници кои изразиле желба да се вратат.Сега апсолутно ги продолжуваме активностите, имаме и дополнителни средства за да вратиме околу 200 патници од Блискиот Исток во нашата земја

Свет | пред 7 месеци

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Иран доби нов врховен лидер: Моџтаба Хамнеи го наследи својот татко

Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, објави медиумот Iran International.Според истиот извор, изборот бил спроведен под силен притисок од Исламска револуционерна гарда.Моџтаба Хамнеи го наследува својот татко, Али Хамнеи, кој загина во израелски воздушен напад извршен во саботата.Новиот врховен лидер е вториот најстар син на поранешниот ирански лидер. Во младоста учествувал во Иранско-ирачката војна во редовите на Исламската револуционерна гарда, а по

Свет | пред 7 месеци

media-library8o3u08tc9ncs72CzI1e

Како беше убиен Али Хамнеи: хакирани камери, вештачка интелигенција и тајни служби

Хакирани сообраќајни камери, сложен разузнавачки систем и анализа со помош на вештачка интелигенција одиграле клучна улога во нападот во кој беше убиен врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, објави Си-Ен-Ен.Според израелски официјален извор, хакираните сообраќајни камери во Техеран со години обезбедувале увид во движењето на потенцијалните цели во реално време. На тој начин израелските служби можеле детално да го мапираат градот, да ги следат моделите на движење и да создадат сложена разузнавачка

Свет | пред 7 месеци

izrael-napadnat

Израелската армија тврди: Уништени околу 300 ирански ракетни лансери

Израелски одбранбени сили соопштија дека во рамки на последните операции уништиле околу 300 ракетни лансери во Иран и погодиле повеќе цели во Либан.Во новото соопштение објавено на Телеграм, ИДФ наведува дека во изминатите 24 часа стотици борбени авиони и беспилотни летала истовремено гаѓале стотици цели во двете држави.„Во последните 24 часа стотици борбени авиони и летала истовремено погодија стотици цели во Иран и Либан“, се наведува во соопштението на израелската армија.Од ИДФ додаваат дека

Свет | пред 7 месеци

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Дрон го погоди паркингот до американскиот конзулат во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио потврди дека дрон го погодил паркингот покрај зградата на конзулатот на Соединетите Американски Држави во Дубаи, при што избувнал пожар.„Додека доаѓав овде, ги видов и медиумските извештаи за конзулатот во Дубаи. Последната информација што ја добив неколку секунди пред да застанам пред камерите е дека дрон, за жал, го погодил паркингот покрај зградата на конзулатот и предизвикал пожар на тоа место“, изјави Рубио.Тој додаде дека целиот дипломатски персон

Свет | пред 7 месеци

media-libraryj2f4nmd2nj5r57JUWyQ

По нападите врз нивните објекти: иранските клериците избираат нов врховен лидер преку онлајн состаноци

Собрание на експерти, телото задолжено за избор на нов врховен лидер на Иран, почнало да одржува виртуелни состаноци откако објекти поврзани со институцијата биле погодени во последните напади, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс.Станува збор за избрано тело составено од 88 високи клериците кое има уставна надлежност да го избере врховниот лидер на земјата. Според агенцијата Фарс, членовите на Собранието преминале на состаноци на далечина откако израелски напади оваа недела по

Свет | пред 7 месеци

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп: Германија ни овозможува пристап до бази, не бараме нивни војници

Американскиот претседател Доналд Трамп го прими германскиот канцелар Фридрих Мерц во Белата куќа, изразувајќи благодарност за поддршката на Германија во американско-израелските воени операции против Иран.На средбата со новинарите во Овалната соба, Трамп изјави дека Германија им помага на американските сили со тоа што овозможува пристап до одредени воени бази. Тој истакна дека САД не бараат германски војници да учествуваат во операциите.„Тие ни дозволуваат да слетуваме во одредени области и ние г

Свет | пред 7 месеци

media-library8m8vj6i7h0g79BnvYip

Нападот на училиште во Иран со 165 загинати девојчиња може да биде воено злосторство, вели ОН

Најмалку 165 лица, главно девојчиња на возраст од 7 до 12 години, загинаа, а десетици се повредени во саботата кога во воздушен напад била погодена училишна зграда за девојчиња на југот на Иран, за време на американско-израелските напади врз земјата.Израелски одбранбени сили соопштија дека немаат информации за напад на таа локација, додека војската на Соединетите Американски Држави информираше дека го истражува инцидентот.Од Обединети нации побараа итна и независна истрага. Портпаролката на Канц

Свет | пред 7 месеци

media-libraryfhd441dhdgj04DJpbcJ

(Видео) Погоден американскиот конзулат во Дубаи

Пожар избувнал во американскиот конзулат во Дубаи откако доцна во вторникот објектот бил погоден од дрон, за кој се сомнева дека е ирански, пренесува Си-Ен-Ен.Според информациите од градската канцеларија за медиуми, огнот брзо бил ставен под контрола, а итните служби реагирале веднаш по инцидентот. Засега нема информации за повредени лица.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања