„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

КАРПОШ

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Натепани двајца малолетници во Карпош, се трага по три лица

Денеска (28.09.2025) во 01:10 часот во СВР Скопје, И.Б. (51) и Н.А. (52), двајцата од Скопје, пријавиле дека нивните синови, на возраст од 16 и 15 години, биле физички нападнати од тројца малолетници на подрачјето на Карпош.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2022-09-05-at-19.29.38

Миновска: Јакимовски – човек на црната листа на САД, не може да ја води Општина Карпош

Александра Миновска, кандидат за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, остро реагира:„Стевчо Јакимовски е лице ставено на Црната листа на САД за криминал и корупција. Нашите стратешки партнери имаат информации дека е криминалец кој ја злоупотребувал својата функција и правел криминал со градби.Во соопштението на Стејт департментот јасно стои:‘Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници’.Тоа значи дека Јакимовски местел тендери и правел детални урбанистички планови по желба на мафијата, за лична корист.Стевчо Јакимовски е криминалец par excellence. Лице кое е на црна листа на САД не смее да ја води општина Карпош.“

Скопје | пред 5 месеци

kapistec-maloletnici

Насилство во средно училиште во Карпош, нападнат малолетник од врсници со тврд предмет

Малолетен ученик бил физички нападнат од група врсници во двор на средно училиште во Карпош, при што, според пријавата, бил употребен и тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.На 22.09.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, К.Р.(40) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 5 месеци

media-library795727m363549wmozHP

„Никогаш не го видов да седи“ – Бобан, комуналецот во Карпош за кој бараат награда

Советничката во Општина Карпош, Татјана Стојановска од советничката група „Независни за Карпош“, јавно побара награда за комуналниот работник Бобан, кој, според неа, е пример за вредност и посветеност на работното место.„Ова е Бобан. Вработен е како комунален работник во општина Карпош. Никогаш не сум го видела да седи и да губи време, а пауза зема само за да јаде. Својата работа ја извршува совесно, а често и повеќе од тоа што му е зададено. Оваа фотографија е од една градска улица, кај контејнерите“, напиша Стојановска на социјалните мрежи.Таа додава дека претходно се обидела да издејствува награда за него, но само усно, и најави дека повторно ќе го покрене прашањето на последната седница на Советот во четврток.„Би сакала да имаше повеќе како Бобан во нашата општина“, порача советничката.

Коментари | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

„Карпошани не заслужуваат да им смрди отпад под носот“ - Јакимовски вели ова е најпростачката пресметка со граѓаните

Грда слика викендов од Карпош, контејнерите повтпрно се преполни со ѓубре, за што реагира актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски. Тој го повика премиерот Христијан Мицкоски да најде решение, за како што вели, „најпростачката пресметка со граѓаните“„Ова што се прави деновиве со ѓубрето низ Карпош е најпростачкиот начин за пресметка со граѓаните. Наместо институциите да си ја вршат својата работа – ни прават саботажа.Граѓаните на Карпош не заслужуваат да им смрди отпад под носот, ниту пред колективни згради, ниту пред нивните куќи.Господине премиере, имаш министер за локална самоуправа, имаш министер за екологија, ја водиш државата и имаш двотретинско мнозинство. Наместо да се занимавате со игри и пресметки, најдете решенија!“, вели Јакимовски.

Скопје | пред 5 месеци

partii-pari

Државата финансира над 60 партии без реална политичка тежина, од државната каса се делат милиони без гаранција за резултати, велат Независни за Карпош

„Во држава која важи за сиромашна, задолжена и со масовна емиграција, политичките партии добиваат милиони евра од нашиот буџет — без никаква гаранција за резултати, отчетност или реална корист за граѓаните“, објавија од иницијативата Независни за Карпош.Тие потсетуваат дека според Законот за финансирање на политички партии, државата издвојува 0,15% од вкупните изворни приходи на буџетот. Од таа сума, 30% се делат рамномерно на сите партии што освоиле најмалку 1% од гласовите, а 70% се распределуваат пропорционално според бројот на пратеници и советници.Според анализата, токму овој модел создава систем на „платено постоење“, бидејќи многу мали партии со само неколку десетици гласови добиваат пари од државата. Како пример се наведува Општина Ранковце, каде што партијата Интегра со само 43 гласа или 1,93% влегла во групата за финансирање, како и Општина Демир Капија, каде Единствена Македонија со 37 гласа (1,5%) го исполнила условот.„Големите партии добиваат најмногу, но многу мали партии опстојуваат финансиски, иако немаат ниту реална политичка тежина, ниту препознатливост во јавноста. Над 60 партии земале пари, а најголем дел од нив немаат пратеник или советник“, велат од Независни за Карпош, оценувајќи дека ова е модел на одржување на статус-кво и купување на влијание.Од иницијативата предлагаат целосно укинување на државното финансирање за локални избори, а за парламентарни да остане само скромен износ – во висина на три просечни плати по освоен пратеник. „Така, за 120 пратеници годишно би се издвојувале околу 150 илјади евра, или 100 илјади ако бројот се намали на 90, што е драстично помалку од планираните 8,3 милиони евра за 2025 година“, додаваат.

Коментари | пред 5 месеци

Kaja-SDSM-4

Шукова од Карпош: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, заедно со кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош, Маја Мојсова, одржаа средба со жителите на скопската населба Карпош, на која што се разговараше за нивните предлози за подобрување на условите за живот во оваа општина, а воедно и за кејот на Вардар во делот на општината Карпош.Граѓаните реагираа дека овој дел од кејот на Вардар денес е комплетно запуштен, небезбеден и недостоен за жителите, и покрај ветувањата на градската власт во изминатите 4 години дека просторот ќе се уреди.На средбата, Шукова посочи дека моменталната состојба на оваа локација е резултат на неодговорното владеење и незаинтересираноста на ВМРО-ДПМНЕ.„Наместо простор за одмор, рекреација и дружење, денес кејот покрај Вардар во Карпош е руина и мрак, небезбедно и запуштено место. Директен виновник се четирите години неодговорно и штетно владеење со Скопје на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Шукова пред присутните граѓани.Притоа, Шукова потсети дека беа ветени 30 милиони денари за уредување и зазеленување на овој простор, но не е реализирано буквално ништо.„Нема ништо, ниту патеки, ниту клупи, ниту осветлување, ниту парк, ниту спортски содржини. Кејот на Вардар, овде во Карпош, со Маја ќе го уредиме – ќе биде осветлен, безбеден, зелен и функционален“, рече Шукова.На средбата со граѓаните, Шукова нагласи дека Скопје не смее да биде заложник на бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје може и заслужува поинаку, додаде Шукова.

Скопје | пред 6 месеци

518250358_122166205460556570_7343935164577594277_n

Од Влае до Карпош 1 – Лукаровски во офанзива за нов, зелен Карпош

Кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукаровски, оствари три теренски активности во различни делови од општината, каде што, како што вели, сретнал над 500 граѓани, разговарал со нив и слушнал над 500 различни визии за подобар Карпош.„Секој разговор, секоја идеја и секое ракување ја потврдија мојата верба дека промената е можно, и дека Карпош заслужува многу повеќе – убав, хуман и зелен“, порача Лукаровски.Теренските средби започнале на Платото кај Порта Влае, продолжиле кај летниковецот во Карпош 1, а денот завршил со состанок во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, каде учествувале над 100 координатори.„Ден исполнет со енергија, искреност и надеж. Ви благодарам од срце за срдечниот пречек. Се гледаме низ Карпош“, објави Лукаровски на своите социјални мрежи.

Скопје | пред 7 месеци

491721452_1094343716059443_3537772368395739035_n

Добиле одобрение за кров, а си преградиле за четири нови станови во Козле, утврдила инспекцијата на Општина Карпош

Наместо кос кров за да не им тече во становите, си го преградиле просторот на четири дела со инсталации за кујни и тоалети. Ова го констатираше инспекторатот на Општина Карпош во Козле.„На лице место е констатирано дека дел од станарите добиле одобрение за поставување на кос покрив заради наводно течење на кровот, затоа што имаат рамна плоча, иако се работи за нова зграда. Од увидот на лице место е констатирано дека настрешницата не е изведена согласно одобрениот проект од страна на секторот за урбанизам на општина Карпош. Констатирано е дека просторот е поделен на четири дела, со подготовки на инсталации за кујни и тоалети. Увидот јасно покажа дека направен е груб обид да се добијат уште четири стана и практично уште еден кат плус во објект П+2+Пк. Инспекторот направи записник. Ќе се донесе решение за уривање, или граѓаните сами да ја отстранат оваа подготовка за четири нови станови“, велат од Општина Карпош од додаваат:Исто така е направена контрола и во гаражите и таму се констатирани градежни активности спротивно на одобрението за градба.Општина Карпош ги замолува сите граѓани, особено во новоградбите, да не влегуваат во вакви авантури. Ни малку не не’ прави среќни тоа што некои потрошиле десетици илјади евра, го прекршиле законот и одобрението за градба и практично тие пари ќе бидат фрлени во ветер. Уште еднаш ги замолуваме граѓаните, да не не’ доведуваат во вакви непријатни ситуации, изведбите на проектите да ги прават строго според одобрението за градба, да не излегуваат ван нив и да ги почитуваат правилата што ги пропишува општина Карпош.Општина Карпош во наредниот период ќе продолжи со инспектирање на веќе изградени згради, а прекршителите ќе сносат законски санкции. Следна за инспектирање е зграда на улица Никола Парапунов односно, гаражниот простор.

Скопје | пред 10 месеци

jakimovski-stevco

Само една од 800 згради во Карпош ги исполнуваат условите за безбедност, ноќните клубови не соработуваат, вели Јакимовски

Од досегашната контрола на станбените објекти во општина Карпош утврдено е дека само една од 800 згради во општината ги исполнува сите законски прописи за безбедност, соопшти денеска градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.По проверките на станбените објекти, рестораните, кафулиња, диско клубовите, ноќните клубови, одѕивот беше многу голем. До сега се отповикале 330 влезови од згради. Инаку општина Карпош има 820 згради и 1.500 влезови. Значи, до сега одговориле 330 и уште 250 се јавиле на нашите телефони за дополнителни инструкции. Од онаа контрола што е направена од нашите инспекциски служби, само една зграда е исправна, како што викаат по ПС (правила на службата). Тоа е зградата на Адора. Значи има 41 противпожарен апарат. Во 18 станови исто така има ПП апарати. Има повеќе апарати со ЦО2 за гасење на пожар од електрична инсталација. Има уште еден специјален систем за гасење на пожар, панични светла и се што треба по ПС. Значи само една зграда во Карпош е таква каква што треба, како што бара законот. За жал не можеме истото да го кажеме за другите згради.Градоначалникот соопшти дека информациите што ги добиваат службите во општината ги праќаат до Дирекцијата за заштита и спасување, но оттаму нема никаков повратен одговор.Сите овие добиваат инструкции што треба да направат од страна на нашите служби. Нашите служби се јавуваат директно во Дирекцијата за заштита и спасување, праќаат меилови... но ги нема нигде. Дали се отселени на друга планета, или што се случува со нив, за да ние тоа го работиме во координација, за евентуално инструкции да добиеме во оваа работа, но за жал тоа го работиме сами, иако најодговорен за оваа работа е ДЗС, вели Јакимовски.Првиот човек на општината информира и дека се пишани 21 казна на локали кои воопшто не отпочнале постапка за обновување на дозвола, една казна е напишана за не исполнување на еколошките стандарди, а два ноќни клубови одбиваат соработка со инспекторите, при што едниот се заканувал дека тој бил закон.„Што се однесува до почитување на еколошките стандарди, проверени се 110 објекти, од тие 90 се е во ред, на 18 соодветните елаборати им се во постапка на изработка, еден е во тек на реновирање, и на еден му е пишана казна затоа што и претходно бил опоменуван и не постапил согласно напатствијата на инспекторот за екологија. Правните лица секаде имаат ПП апарати, хидранти итн... значи со правните лица имаме најмалку проблем. Што се однесува до кафеаните, кафулињата, ноќните клубови, дискотеките, состојбата е следна: од 115 проверени сите имаат ПП апарати, во 60 летните тераси се во ред, пишана е 21 казна бидејќи воопшто не ја отпочнале постапката за обновување на дозволата и остатокот се во постапка за добивање на согласност во Град Скопје. Овде морам да кажам дека со новиот Закон за локална самоуправа треба да се прекине со тоа двојство. Значи на територија на општина Карпош ако издаваме одобренија за градби, треба да издаваме и одобренија за овие тераси. Зашто ни се летни тераси? Ни се случува двојство. Често пати граѓаните не се согласуваат со дадената дозвола за тоа место, а тоа често пати се прави и без консултација со локалната самоуправа. Морам да кажам дека два ноќни клубови не соработуваат со инспекторите. Тоа се клубовите Пјур и Мош. Не соработуваат. Дури за едниот клуб, колегата има поведено постапка како дивоградба пред неколку месеци и кога го посетил сопственикот го прашал зошто доаѓа? Вика, затоа што законот така бара... Тој му одговорил дека и тој бил закон! Јас одговорно тврдам дека овие сопственици на ноќни клубови се сива еминенција во средините каде што живеат и си дозволуваат малку повеќе од тоа што треба. Значи и покрај тоа што одбиваат соработка, ние ќе ја тераме постапката до крај и како што бара законот односно отстранување на нивните објекти“, велат од Општината.

Скопје | пред 11 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-1880PM

Вонредни контроли кај устотителите во Карпош

„Секторот Инспекторат при Општина Карпош упаќа јавен апел до сите сопственици на локали коишто вршат угостителска дејност – подготовка за послужување на храна и пијалоци и кафе барови, дека од вчера започна заедничка проширена контрола на овластените инспектори. Ваква инспекциска контрола последен пат беше спроведена во 2024 година, и од таа причина се известуваат сопствениците на локали дека се должни, на лице место имаат подготвено фотокопии од следниве документи:1. Одобрение за вршење дејност2. Одобрение за поставување урбана опрема3. Елаборат за поставување на урбана опрема4. Тековна состојба5. Имотен лист за деловен објект6. Елаборат за заштита на животната средина7. Елаборат за заштита од пожари и доказ дека истиот е спроведен на лице место8. Лична карта на одговорно лице9. Телефонски број и лице за контакт10. Службен e-mailОвие документи треба да бидат подготвени и да ги поседуваат лицата кои управуваат или работат во локалот, како би можеле да ги приложат на инспекторите при вршење на надзорот. Истите треба да бидат во фотокопија за потребите на инспекциската постапка. Притоа, контролите ќе се одвиваат врз повеќе од 100 локали на територија на Карпош, а за сите констатирани неправилности, инспекторите ќе издадат Решение за отстранување на недостатоци кои ќе треба да бидат отстранети во рок од 8 дена, како и прекршочен платен налог“, велат од Општина Карпош.

Скопје | пред 11 месец

jakimovski-stevco

Жителите на Злокуќани тргнаа во бунт за да не се префрли центарот за зависници во болницата Бардовци

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски заедно со локалното население од Злокуќани ги повикаа владата и министерството за здравство да ја преиспитаат намерата да го префрлат центарот за зависници од Кисела Вода во болницата Бардовци.Имам крајно непријатна потреба да се обратам до јавноста, затоа што се наоѓаме пред болницата за душевно болни „Бардовци“ што се наоѓа на територија на општина Карпош и уште понепријатно ми е што граѓаните мораат на ваков начин да го изразуваат револтот на ваков начин и јас како градоначалник. Нормално е кога треба луѓе да се лекуваат. Треба и ние да создадеме услови за лекување на секој еден. Оваа душевна болница е скоро 60 и кусур години на оваа локација. Граѓаните се веќе научени со проблемите што ги имаат со нејзе, со децении, и очигледно дека веќе немаме никаков проблем. Но, сега се јавува еден огромен проблем, затоа што министерството за здравство сака сите лица зависници од опојни дроги да ги донесе овде и лекувањето да биде во душевната болница. Ние немаме проблем да се врши лечење, но секој треба да се лечи во својата општина. Што значи тоа? Сите зависници од општина Карпош, треба да се лекуваат во Карпош, и сите што се во други општини да се лечат на други места. Јас го побарав министерот за здравство, му објаснив дека имаме сериозна реакција од граѓаните, во исто време и јас не се сложувам со ваквиот начин на решавање на проблемите. Објаснувањето беше дека имаат само два тима, изјави градоначалникот Јакимовски на прес конференција.Јакимовски предупреди дека доколку се реализира планот на министерот за здравство директно ќе се загрози животот на жителите на Злокуќани, кои во моментот веќе трпат огромен терор од неколку семејства доселени од Косово кои се недопирливи за полицијата, обвинителството и судот.-Не можеме ние само да бидеме колатерална штета и граѓаните на Злокуќани, затоа што имаме неодговорно министерство, не зборувам само за ова, зашто има само два тима за лекување. Замислите, сакаат сите овие зависници од дрога, што биле во Кисела Вода да ги префрлат овде во Карпош, и замислете кое е објаснувањето. Градоначалникот на Кисела Вода имал изборно ветување дека ќе ги тргне зависниците од болницата каде што се лекуваат во Кисела Вода. Јас на колега Орце Георгиевски сакам да му порачам дека оваа работа не е наша општинска, ова е државна работа. Второ, ако тој има дадено ветување да ги трга од својата општина зависниците од друга, јас не сум дал ветување на граѓаните на Злокуќани и Карпош дека ќе им доведам овде зависници од дрога од територија на сите општини на град Скопје. Затоа сметам дека тој најмалку треба да се прави газда во туѓ двор, односно најмалку да посочува каде треба да бидат сместени. Од друга страна морам да упатам критика до министерството за здравство, мора да си најде решение, но овие граѓани овде нема да дозволиме да бидат реметени токму од зависниците од опојни дроги, затоа што Злокуќани и сега трпи огромен терор, особено од неколку семејства што се доселени од Косово со кои не може да се справи ни полицијата, ни обвинителството, ни судовите, ни граѓаните... и сега ако го направиме и овој дополнителен товар на овие граѓани буквално покажуваме желба да ги исселиме, а никако да им го подобриме животот и животните услови, изјави Јакимовски.Градоначалникот предлага секоја општина да се грижи посебно за зависниците од дрога од својата општина, за конечно да се надмине овој проблем.-Општината направила се овие луѓе да живеат тука во слога и да имаме нормално функционирање на локалната самоуправа. За жал имаме обид за реметење на животот на овие граѓани. Минатата власт сакаше во Бардовци да ни донесе имигранти, оваа власт сака да ни ги донесе зависниците од дрога. Луѓето имаат објективни причини да се плашат кој во нивна близина ќе постои и ќе оперира. Затоа сметаме дека секој треба да се лечи во својата општина, министерството мора да го коригира ставот, во спротивно ќе имаме сериозни проблеми. Граѓаните ова не го заслужуваат, изјави градоначалникот на општина Карпош.Жителите на Злокуќани предупредија дека доколку ги донесат зависниците во оваа населба, староседелците ќе бидат принудени да се исселат бидејќи ќе имаат многу проблеми со нив. Затоа јавно порачаа дека нема да се сложат со ваквата евентуална одлука на министерството за здравство.

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-04-at-18.28.37

Дрво падна врз малолетник во Карпош 3, позади Лептокарија – однесен е во болница

Дрво паднало врз малолетник во Карпош 3, близу до Лептокарија,кој е пренесен во болница. Ова го објави Општина Карпош, обвинувајќи дека „Паркови и Зеленило“ требало да го исечат дотрајаното дрво.„Меѓутоа, како и во стотици други случаи јавното претпријатие и Градот Скопје остануваат глуви на барањата на Општина Карпош и на граѓаните. Општина Карпош бара Министерството за внатрешни работи да го документира овој немил настан, да се утврди одговорноста и за истата да се сносат правни последици“, велат од Општина Карпош.Од градското претпријатие „Паркови и Зеленило“ велат дека дрвото не било обележано за сечење.„За конкретното дрво до нас нема пристигнато никакво барање ниту пак има издадено Решение за сечење. По барањата на странките за интервенција врз дрвјата редовно се постапува. Во досегашното работење на сите барања на Општина Карпош е одговорено. Сметаме дека надлежните од општината го злоупотребиле овој немил настан од причина што доколку се работи за подрачје на нивна општина за кое требало да поднесат барање“, велат од претпријатието објаснувајќи ја процедурата како се сече дрво и по чие барање.

Скопје | пред 11 месец

Нема фотографија

Јакимовски за Николоски: Веројатно министерот е болен, или ќе се разболува, па нон стоп се однесува како дете кое исфрла сипаници

Реакција на градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски на изјавата на министерот за транспорт и врски Александар Николоски:„Министерот за транспорт и врски Александар Николоски по трет пат денес на наместено прашање одговара дека за општините Центар и Карпош нема да одобрувал ниту еден урбанистички план. Веројатно министерот е болен, или ќе се разболува, па нон стоп се однесува како дете кое исфрла сипаници па не знаеме од што боледува. Не му е проблем општинската администрација во Центар и Карпош, туку е девијантно нивното настрано поимање на политиката. За Центар и Карпош не одобрува урбанистички планови затоа што градоначалникот во Центар е од СДСМ, а во Карпош од ГРОМ. Се прашуваме како еднаш не згреши да каже нешто за џунглата што се вика општина Аеродром во која во моментот се градат 50тина згради од кои најинтересни се таканаречените „вмровски наполитанки“.Во општина Аеродром нема игла кај да фрлиш, станува најнехумано место за живеење во градот Скопје. Од 1996 година до денес во оваа општина само два пати управувал градоначалникот кој не бил член на ВМРО-ДПМНЕ. Ако во Центар има урбан хаос, ќе каже ли колку за тоа придонесоа Виолета Аларова член на ВМРО-ДПМНЕ и Владимир Здравев и дали заборавил за урбаното насилие што го правеше ВМРО-ДПМНЕ кога го апсеше претседателот на Советот Милорад Шиповиќ само да се спроведе нивното дивеење во општина? Александар Николовски веројатно не знае дека во Карпош меѓу 2013 и 2017 владееше токму ВМРО-ДПМНЕ и сите планови се потпишани од раката на Миле Јанакиевски и Владимир Мисаиловски со партизанско име „Кендо“, кој сега е министер за одбрана. За среќа во Карпош ВМРО ДПМНЕ владееше само четири години и не им е дозволено да дивеат. Ниту пак ќе им биде дозволено. Ќе одговори ли министерот каде е неговиот ортак од фирмата Би-Си? Колку локации има во општина Аеродром? Која е неговата вмешаност во запирањето на градбите во Карпош и во Центар за да може да се продаваат становите на неговите пријатели? За министерот Александар Николоски постојат сериозни индиции дека е скриен содружник на градежни компании и дека сите потези во делот на урбанизмот ги прави од лукративни причини“, вели Јакимовски.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-02-24-at-12.41.46

Николоски: Ниту еден ДУП, ни за Карпош ни за Центар, не е потпишан - не прават урбанизација каква што треба

Министерот за траспорт и врски, Александар Николоски рече дека нема да се носат најавениот специјален закон за општините Центар и Карпош, но затоа, нема да им се поптишуваат Деталните урбанистички планови за да не прават урбанизација која според него „не е каква што треба“.„Градоначалниците на двете општини не се сложија, а тоа мора да е соработка на општините и Министерството. Јас тоа што го ветив го почитувам. И си го држам зборот. До денес, од изборот на Владата, ниту еден ДУП, ни за Карпош ни за Центар не е потпишан. Мислам дека локалната администрација не ја врши својата работи и не прават урбанизација каква што треба“, рече Николоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања