ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма
Gkm-R5hydbU

карпош

media-libraryqap3k0h9r0c8fZHGgiC

Голомразица во Нерези, екипи на терен

Општина Карпош информира дека поради временските услови и појавата на голомразица на коловозните ленти, вечерва била извршена интервенција на патниот правец од Долно кон Горно Нерези.Општинските служби фрлиле сол со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се спречат евентуални незгоди поради лизгавиот коловоз.Од Општина Карпош велат дека се подготвени за претстојните зимски временски услови и дека заедно со екипите на економскиот оператор ќе постапуваат навремено и одговорно, согласно состојбата на терен.Општината апелира до граѓаните и возачите на зголемена внимателност при движењето, особено во повисоките делови каде што постои ризик од појава на голомразица.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjojlsulpnv565EXHWeD

Што имот пријавил градоначалникот на Карпош: Станови, акции и оружје во анкетниот лист на Лукровски

Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, го пријавил својот анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), од кој може да се види неговата пријавена имотна состојба по стапувањето на функцијата.Лукровски беше избран за градоначалник на последните локални избори, а пред влезот во локалната власт беше дел од македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“, каде што бил член на „Алкалоид Конс“.Според анкетниот лист, градоначалникот пријавил дека поседува стан во општина Карпош со површина од 84 квадратни метри, кој, како што навел, го добил како подарок во 2012 година.Покрај тоа, Лукровски пријавил и два стана во населбата Глуво – Бразда, во општина Чучер Сандево. Едниот стан е со површина од 98 квадратни метри, а другиот од 125 квадратни метри.Во делот за подвижен имот, Лукровски пријавил дека поседува два автомобили – „Шевролет Калос“ и „Шкода Фабија“. Во анкетниот лист е наведено и дека поседува оружје во вредност од 52.000 денари, како и второ оружје од 5.500 денари.Градоначалникот на Карпош пријавил и сопственост на 65 акции во компанијата „Алкалоид“. Според актуелната пазарна вредност на акцијата, овие акции се проценуваат на над 1,5 милиони денари, односно повеќе од 25.000 евра.Има и долгови, односно за лизин кои настанале во ноември годинава од 1.531.041 денар. Потоа, стои дека има има кредитни картички, а неговата сопруга има и кредити за станови.Анкетниот лист е јавно достапен на веб-страницата на ДКСК, согласно законските обврски за транспарентност на избраните и именуваните функционери.Целиот имотен лист:

Скопје | пред 1 седмица

media-librarybqtobm0j93tu1lX4euN

Левица – Карпош бара темелна ревизија на сите ДУП-ови и сериозни средства во буџетот за 2026

Советничката група на Левица во Советот на Општина Карпош поднесе повеќе иницијативи до локалната самоуправа, при што како најзначајна ја издвојува итната и сеопфатна ревизија на сите Детални урбанистички планови (ДУП). Според партијата, оваа постапка мора да биде спроведена транспарентно, со активно учество на граѓаните и стручната јавност, за конечно да се воспостави урбанистичко планирање што ги одразува реалните потреби на заедницата и овозможува подготовка на квалитетен општински буџет.Од Левица потсетуваат дека изминатиот период покажал сериозни недостатоци во постојните ДУП-ови, кои, како што велат, не се усогласени ниту со инфраструктурниот капацитет ниту со интересите на жителите. Поради овие пропусти, претходниот Совет одби да ги изгласа плановите, што, според партијата, оставило простор за појава на дивоградби и продолжување на урбанистичкиот хаос во општината.Советниците од Левица – Карпош бараат во буџетот за 2026 година да се обезбедат сериозни финансиски средства за изработка и ревизија на урбанистичките планови. Тие предупредуваат дека досегашната практика – формално внесување на овие ставки во буџетските документи без суштинска реализација – мора да престане доколку општината сака да воспостави ред и долгорочно одржливо уредување на просторот.

Скопје | пред 1 месец

media-library19pitv55ru2h9qrvkaL

Прво обраќање на Јакимовски по поразот: ВМРО-ДПМНЕ, не победивте во Карпош, го украдовте

Во првото обраќање по завршување на вториот круг од изборите, сега веќе поранешниот градоначалник, Стевче Јакимовски упати низа обвинувања. Во подолга објава на ФБ, тој го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека победата е украдена.ВМРО-ДПМНЕ! Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!На секои избори некој мора да победи, некој да загуби. Коректно е на победникот да му се честита и да се признае поразот. Ниту признав! Ниту му честитав на новиот! Зошто? Затоа што борбата не беше витешка, туку кукавичка. Граѓаните на општина Карпош не заслужуваат не фер игра. Од 2000 година, па наваму, сите избори биле кристално чисти. Еден глас немам уценето, купено или на некого да сум му се заканил. Победите биле чесни и израз на вољата на граѓаните. Поразот од 2017 година истата вечер го признав и му честитав на тогашниот победник Богоев. Затоа што победија чесно, без далавери.Може ли да се збори за чиста победа ако ја искривуваш волјата на гласачите? Се собравте цела влада, најголемите олигарси кои тежат над милијарда, со Фондот за здравство, лекари без достоинство, на платен список на олигархот. Купивте ромски гласови, купивте албански гласови во Нерези, ама таму плативте мноогу поскапо! Оти ромските души се поевтини, за вас секако. Ги вклучивте сите дилери на дрога кои цел месец ги хранеа консументите на белиот прашак. Ги плативте долговите во кладилниците на сите оние што лебот го вадат од кладење. Само и само да гласаат за сенката на Мицкоски.За одземање на лична карта на гласачи кои би гласале за мене плаќавте педесет евра. А на оние што ќе однесат и ќе стават во кутијата гласачко ливче заокружено со број 9 и ќе вратат празно 100 евра. Крадевте ливчиња, правевте бугарски воз, вашите инсталации во избирачките одбори даваа по две ливчиња, а тоа значи да гласа за двајца. Фолираа дека наводно им се утнало под рака двојно ливче. Делевте брашно, уценувавте, се заканувавте...Сите медиуми беа ваши. Без било каква моја реклама во вториот изборен круг. Цели избори ги поминав без ќор банер или било каква реклама на порталите. Блокада од телевизиите со национална фрекфенција, освен две соочувања и едно интервју кое требаше да биде дебата. Тоа беше вистински одраз на демократскиот амбиент во кој што Карпош требаше да се бори против вашите „кинења на зелени“, секој збор промашување, демонстрирање на раскошно незнаење, обвинител задолжен за избори кој мирно следеше купување на гласачи иако за тоа имаше јавна потврда. Имаше две илјади и деветстотини неважечки ливчиња! Ги прогласивте за невачки сите ливчиња каде што јасно гласачот ја изразил својата воља дека гласа за мене!И најбитното! Не јас, туку вие, направивте полујавна непринципиелна коалиција! Значи не се здружија партиите, симпатизерите и членовите, туку нивните водачи! Не против мене, туку против цитирам: „Најубавата, најурбаната и најпосакуваната општина!“ Впрочем, ова го изјавуваше вашиот академик Лукровски. Во оваа иста општина, два месеца ноќно време го истоваравте ѓубрето со камиони од Сарај и Ѓорче Петров. Што би рекол Хари Мата Хари „ко лопов се крадеш“.И...? И, кој ви е резултатот!? На една страна јас, мојот пи-ар, снимателот со телефончето, шоферот и граѓаните. А на другата страна сите вие. „Чесните“. И што постигнавте? Илјада и стотина мизерни ливчиња повеќе. Не ме победивте мене, туку ги надитривте граѓаните на Карпош. И нечесното ќе се памети за секогаш.Сосема за крај. Слично вака, вие од ВМРО-ДПМНЕ 1999 година на претседателските избори, со крадење, силување, тепање, со скршени вилици и черепи, му ја украдовте победата на Тито Петковски и го устоличивте за претседател вашиот Борис Трајковски.

Скопје | пред 1 месец

bez-voda

Делови од Карпош и Шуто Оризари без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека од вчера попладне во прекин е снабдувањето со вода за корисниците на ул. „Демирхисарска“ во општина Шуто Оризари, каде има уличен дефект, на чие отстранување ќе се работи денеска.Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхолмска во општина Карпош.Водоснабдувањето е веќе прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување со работните активности.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Скопјанка го нападнала партнерот и со нож ги оштетила гумите на неговото возило

44-годишен маж од Тетово пријавил дека во Скопје бил физички нападнат и му било оштетено возилото од неговата партнерка.На 17.10.2025 во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријавил дека на 16.10.2025 околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите и физички го нападнала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryjojlsulpnv565EXHWeD

Лукровски со план да го врати сјајот на Карпош – зелена, чиста и модерна општина

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Општина Карпош во изминатите четири години целосно уназадила, а наместо реализација на проекти и подобрување на квалитетот на живот, владеат безредие и хаос.Во соопштението се наведува дека граѓаните на Карпош заслужуваат човек со план, визија и стратегија за работа, кој ќе се однесува домаќински со општинските пари и ќе ги решава проблемите на карпошани, слушајќи ги нивните барања.Како вистински избор за општината партијата го посочува Сотир Лукровски, кој, според најавите, ќе се залага да го врати сјајот на Карпош и да ја направи општината зелена, чиста и модерна.Во својата програма Лукровски ветува изградба на нова рекреативна зона „Карпош хајкинг делта“ со пешачки и велосипедски патеки, летниковци и пошумување со 10.000 нови садници. На површина од половина милион квадратни метри планира да се изгради мега-забавен парк „1020“, со спортски центар, картинг-патека и мини голф-комплекс покрај Лепенец — простор наменет за спорт, адреналин и рекреација за сите генерации, кој, како што се наведува, ќе го стави Карпош на мапата на модерните општини.За справување со сообраќајниот метеж, Лукровски предвидува изградба на 600 нови паркинг места, како и дигитализација на услугите преку новата апликација „МОЈ Карпош“, која ќе им овозможи на граѓаните да пријавуваат проблеми директно до надлежните служби.Програмата содржи и мерки за најмладите – изградба на нова детска градинка и проширување на постоечките, како и субвенции за реконструкција на фасадите, со цел зголемена енергетска ефикасност, пониски сметки и поубава урбана слика.Планирана е и изградба на два нови затворени училишни базени, каде што децата ќе можат да пливаат и да се рекреираат.Во партиското соопштение се додава дека граѓаните ќе одлучат дали Карпош ќе тргне по нов правец или ќе продолжи да тоне во ѓубре и смет, а партијата ги повикува карпошани на 19 октомври да гласаат за „вистинскиот избор – Сотир Лукровски и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

Скопје | пред 2 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Физичка пресметка на бензинска пумпа во Карпош, приведено едно лице

Утрово околу 05:00 часот на бензинска пумпа на подрачјето на Карпош во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу пет лица.Според информациите на МВР, во инцидентот учествувале А.М. (23), Ј.Б. (22) и Т.Н. (24) од една страна, и Х.Ш. (19) заедно со 17-годишен малолетник, од друга страна, сите од Скопје.Полицијата го привела А.М. (23), а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryfp9n23e5v163crEfq7m

(Видео) Мијовска Мојсова: Нема да дозволам Карпош да стане заложник на големи бизнис интереси

Кандидатката за градоначалник на општина Карпош од СДСМ, Маја Мијовска Мојсова, на почетокот на изборната кампања ѝ се обрати на јавноста и на граѓаните на општината, истакнувајќи дека нејзината кампања ќе биде „едноставна, без навреди и без материјални оптоварувања“.Таа нагласи дека нема да се обидува да ја добие поддршката преку поткуп со кафе, сендвичи или мали пакетчиња, туку преку директна средба и комуникација со граѓаните.„Од мене треба да очекувате да бидам присутна во сите месни заедници, во секое маало, на сите места каде што се дружите, работите и го поминувате секојдневието. Ќе се видам со секој еден од вас, ќе го слушнам вашиот глас, вашите потреби и маки, а ќе ви ја претставам и мојата визија за Карпош“, изјави Мијовска Мојсова.Во своето обраќање таа ги истакна инфраструктурните проекти, одржувањето на зелените површини, спортските терени и детските игралишта, како и редовното чистење и миење на улиците, дезинфекција на контејнерите и собирање на отпадот како основни приоритети.„Како лекар, во мојата визија здравјето на граѓаните е најважно“, рече таа, додавајќи дека нема намера да дозволи големите бизнис интереси да надвладеат над хуманите потреби на жителите на општината.Осврнувајќи се на анкети што биле објавени во изминатиот период, Мијовска Мојсова оцени дека тие се обидуваат да создадат впечаток дека изборите се непотребни, а истовремено ја критикуваше нивната тенденција да ја исклучат жената-кандидатка од изборната трка.„Со самото тоа што се обидуваат да ме маргинализираат, овие ‘гладијатори’ само покажуваат колку е голем нивниот страв од мене“, истакна таа.Мијовска Мојсова заклучи дека како кандидатка за градоначалничка на Карпош ќе се води од принципи на чесност, транспарентност и блискост со граѓаните.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2021-09-24-at-09.15.40

Марковска Илиевска: Ветуваа катна гаража, оставија дупки и ѓубре

„Кандидатот на СДС, Заев и Филипче - Стевчо Јакимовски во 2021 вети катна гаража на Орце Николов, 4 години потоа само дупки и ѓубре“, вели Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и додава:„Ова е местото на кое што кандидатот на СДС, Заев и Филипче - Стевчо Јакимовски, вети дека до 2025 година ќе има катна гаража на четири нивоа, со што ќе се реши проблемот со паркирањето во Карпош 2.Сега сме 2025 година овде катна гаража како што гледате нема. Има само многу дупки, ѓубре и метеж во работни денови затоа што нема каде да се паркира.Кандидатот на СДС, Заев и Филипче - Стевчо Јакимовски вети дека ќе го реши проблемот со паркирањето во Карпош 2. Проблемот не е решен. Напротив уште поголем е сега отколку што беше пред 4 години.На кандидатот на СДС, Заев и Филипче - Стевчо Јакимовски не може да му се верува.Стевчо Јакимовски лаже како што лажеа Заев и Филипче.Карпош нема повторно да дозволи Заев и Филипче преку Стевчо Јакимовски да имаат градоначалник во Карпош. Оваа општина нема нови 4 години за губењe“

Скопје | пред 2 месеци

orce-nikolov-maloletnicki-tepacka

Натепани двајца малолетници во Карпош, се трага по три лица

Денеска (28.09.2025) во 01:10 часот во СВР Скопје, И.Б. (51) и Н.А. (52), двајцата од Скопје, пријавиле дека нивните синови, на возраст од 16 и 15 години, биле физички нападнати од тројца малолетници на подрачјето на Карпош.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2022-09-05-at-19.29.38

Миновска: Јакимовски – човек на црната листа на САД, не може да ја води Општина Карпош

Александра Миновска, кандидат за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, остро реагира:„Стевчо Јакимовски е лице ставено на Црната листа на САД за криминал и корупција. Нашите стратешки партнери имаат информации дека е криминалец кој ја злоупотребувал својата функција и правел криминал со градби.Во соопштението на Стејт департментот јасно стои:‘Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници’.Тоа значи дека Јакимовски местел тендери и правел детални урбанистички планови по желба на мафијата, за лична корист.Стевчо Јакимовски е криминалец par excellence. Лице кое е на црна листа на САД не смее да ја води општина Карпош.“

Скопје | пред 3 месеци

kapistec-maloletnici

Насилство во средно училиште во Карпош, нападнат малолетник од врсници со тврд предмет

Малолетен ученик бил физички нападнат од група врсници во двор на средно училиште во Карпош, при што, според пријавата, бил употребен и тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.На 22.09.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, К.Р.(40) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 3 месеци

media-library795727m363549wmozHP

„Никогаш не го видов да седи“ – Бобан, комуналецот во Карпош за кој бараат награда

Советничката во Општина Карпош, Татјана Стојановска од советничката група „Независни за Карпош“, јавно побара награда за комуналниот работник Бобан, кој, според неа, е пример за вредност и посветеност на работното место.„Ова е Бобан. Вработен е како комунален работник во општина Карпош. Никогаш не сум го видела да седи и да губи време, а пауза зема само за да јаде. Својата работа ја извршува совесно, а често и повеќе од тоа што му е зададено. Оваа фотографија е од една градска улица, кај контејнерите“, напиша Стојановска на социјалните мрежи.Таа додава дека претходно се обидела да издејствува награда за него, но само усно, и најави дека повторно ќе го покрене прашањето на последната седница на Советот во четврток.„Би сакала да имаше повеќе како Бобан во нашата општина“, порача советничката.

Коментари | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

„Карпошани не заслужуваат да им смрди отпад под носот“ - Јакимовски вели ова е најпростачката пресметка со граѓаните

Грда слика викендов од Карпош, контејнерите повтпрно се преполни со ѓубре, за што реагира актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски. Тој го повика премиерот Христијан Мицкоски да најде решение, за како што вели, „најпростачката пресметка со граѓаните“„Ова што се прави деновиве со ѓубрето низ Карпош е најпростачкиот начин за пресметка со граѓаните. Наместо институциите да си ја вршат својата работа – ни прават саботажа.Граѓаните на Карпош не заслужуваат да им смрди отпад под носот, ниту пред колективни згради, ниту пред нивните куќи.Господине премиере, имаш министер за локална самоуправа, имаш министер за екологија, ја водиш државата и имаш двотретинско мнозинство. Наместо да се занимавате со игри и пресметки, најдете решенија!“, вели Јакимовски.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања