ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма
Gkm-R5hydbU

карпош

mickoski-45312

Мицкоски бара Јакимовски да го пријави во полиција

При денешната посета на Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на напуштањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ на Стевчо Јакимовски и обвинувањата за наводни закани и рекетирање истакна дека со Јакимовски од поодамна не е во комуникација, ги отфрли навредите и обвинувањата и посочи доколку има такви индиции, истите да ги пријави во соодветна институција и му посака среќа во понатамошната политичка кариера.„Па јас со господинот Јакимовски немам комуникација уште од пред нова година, тогаш еднаш или два пати се видовме да му честитам на тоа што беше избран за градоначалник, ги отфрлам овие навреди, вчудоневиден сум, претпоставувам ако има такви индиции треба да соработува со органите на прогонот и да го пријави, го охрабрувам да го пријави затоа што во спротивно ако не го пријави тоа што го кажува тогаш станува соучесник, нели ја сокрива правдата. Еве јас го охрабрувам тоа да го стори веднаш таму каде што тој еве како искусен човек и политичар мисли дека треба да го стори дали во обвинителството дали во МВР јас стојам тука на располагање сум ако има било какви такви индиции во спротивно за жал тогаш ќе прикрива кривично дело, затоа што обвинувањето е многу големо и сериозно. А што се однесува во делот на напуштање на коалицијата, тој е долги години во политиката јас му посакувам среќа успех понатаму во животот се надевам дека одлуката што ја донесе мисли дека е исправна и дека таа ќе му донесе некаков политички би рекол ете подобар комфор. Бидејќи како што го слушнав во изјават тој вели дека некој му вршел тортура,изживување и не знам уште што се не кажа а луѓето кои што ме познаваат вклучително и тој знам дека тоа не го мисли бидејќи јас сум се, само не сум таков човек. Со еден збор му посакувам среќа во понатамошната политичката кариера“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

267387595_321684279616601_7548492445803607418_n

Арсовска за одлуката на Јакимовски да ја напушти коалицијата: Без да работиме заедно, нема да имаме успех

Напуштањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ од страна на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, нема да влијае врз неговиот однос со Град Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска кажа дека мора да работат, за да има успеси и да се реализира тоа што е ветено пред скопјани.„Мене ми се одлучни соработката и сите градоначалници, 10 во Скопје. Јас сакам да продуцираме резултати, да испорачаме она што е ветено. Без да работиме заедно, нема да имаме успех“, кажа Арсовска.Прашана каква е соработката со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски од СДСМ, таа додаде: „Супер ми се односите со сите градоначалници“.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-06-08-at-13.48.38

Велјановски за одлуката на Јакимовски: Нема да бидеме сојузник на профитери и не сме пријател на градежаната мафија

Советникот Роберт Велјановски со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош кажа дека градоначалникот Стевчо Јакимовски решил да ја раскине коалицијата бидејќи тие не дозволиле бетонизација на општината. Велјановски обвини дека Јакимовски го продолжил тоа што го правел неговиот претходник Стефан Богоев.„ВМРО-ДПМНЕ не е пријател на градежната мафија и никогаш нема да биде сојузник на бизнисмени кои сакаат да профитираат на грбот на народот и на животната средина.Денешната прес-конференција на Градоначалникот Стевчо Јакимовски е реакција на црвстите заложби на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по ниедна цена да не се дозволи понатамошна бетонизација на Карпош на штета на зелениот простор во општината.Несогласувањата на оваа тема се од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Карпош. Господинот Стевчо Јакимовски наместо да се сврти кон граѓаните, нивните потреби и барања за почист Карпош, со повеќе зелени површини и содржини за рекреација, тој одбра да продолжи по стапките на Стефан Богоев.Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не одобрија неколку обиди на Јакимовски за вцртување на згради на различни локации низ Карпош, кои освен за интересот на бизнисот не му служат никому. Јакимовски и покрај нашите бројни апели за прекин на бетонизацијата продолжува со намерите да штанца градежни дозволи.Јакимовски и денес сакаше да помине нов ДУП со 7 нови згради во Злокуќани, како и претходните негови обиди за усвојување на ДУП-ови со нови згради, така и за овој Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не даде поддршка на планот и на денешната седница истиот не беше усвоен.Принципиелните заложби на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите и ветувањата пред граѓаните се нашата единствена водилка и приоритети кон кои ние се стремиме.Жал ни е што во овие наши заложби градоначалникот не се препозна, ниту пак ни се придружи. Разликата е јасна. Од една страна ние со заложбата за хумана урбанизација и зелен Карпош, од друга страна Јакимовски со неговите заложби за продолжување на бетонизација.“, кажа Роберт Велјановски со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош.Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека имало рекет и закани. Според него, сега ќе следуваат навреди и клевети поради одлуката.

Скопје | пред 3 години

image-164523

Јакимовски: Мицкоски е единствен виновник за раскинување на коалицијата, од тајни време е да станеме јавни непријатели

Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош, кажа дека виновник за растурањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во советот на општината е Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Јакимовски со жестоки обвинувања обзнани зошто повеќе нема да продолжи соработката со опозициската партија. Градоначалникот тврди дека нема никаква вина.„За изживување, господинот Мицкоски треба да побара помлад од мене и со поинаков карактер и помалку години зад себе. Повеќе ова не може да биде толерирано. Морам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ имам многу драги пријатели, со некои и ќе останам пријател. Им се извинувам на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутно имам респект кон тоа што ме поддржале. Се што имам обврска кон нив ќе биде испочитувано, нема на никого да му фали влакно од главата. Моите обврски и натаму кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исполнувам. И по полноќ можат да ме контактираат. Моите разговори со Мицкоски прекинуваат, и тој единствен виновник поради која се раскинува оваа коалиција“, кажа Јакимовски.ГРОМ ќе делува опозициски, кажа Јакимовски, а за помош на граѓаните и решавање на нивните проблеми.„Знам дека ќе има приказни дека ќе одам со СДСМ. Но не правам коалиција со никого. Сите советници кои сакаат да соработуваме за решавање на проблемите на граѓаните, ќе бидеме поддржани. Тајниот непријател повеќе не можам. Да го трпам. Од тајни верувам има причина да станеме јавни непријатели. Виновник не сум јас, се обидував да ги ускладиме работите. Но преку грбот на граѓаните да се обидете да вршите притисок врз градоначалник на една општина, а не сте бирани, бујрум дојдете кандидирајте се наредните избори“, додаде Јакимовски.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-06-08-at-12.21.10

(ВИДЕО) Јакимовски ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека имало рекет и закани. Според него, сега ќе следуваат навреди и клевети поради одлуката.„Во изминативе седум месеци се потрудив да работиме транспарентно и да ги корегираме политиките кои биле погрешни. Со целосен ресепкт за политиките кои ги носиме да се усогласиме и заедно да делуваме за интересите на граѓаните. За жал целото мое искуство како четврти мандат за градоначалник, очигледно дека не успеваме да се разбереме на соодветен начин и да ја тераме работата. Начинот на работа со опструкции, инат, подметнување, навреди не е соодветен за коалициони партнери. Начинот на работа каде еден ќе деригира на коалиционите партнери или советот на Карпош е несоодветен и ваквиот начин е незапамтен за работата на нашата општина. Максимално сме незадоволни од соработката со ВМР0-ДПМНЕ. Од тие причини сакам да ви соопштам дека на ваков начин со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претеседател не можам да соработувам“, кажа Јакимовски пред советниците.Тој се обрати и на прес-конференции.„Се соочуваме со навреди, омаловажување. По 99 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, морам да соопштам дека таа коалиција не може да опстои во општина Карпош. Јас со моите години, искуство, карактер, не можам да дозволам некој да си поигрува со мене, интересите на граѓаните, советот на Карпош. Затоа јас и Карпош мора да се спротиставиме на инструкциите, на командите од еден центар. Мораме да се спротиставиме на обидите за рекет и закани врз стопанственици од нашата општина. Јас сум градоначалник за сите и имам обврска да ги штитам сите. Ќе продолжиме опозиционо да делуваме и во интерес на граѓаните. Имам поплаки дека се работи кои ние како локална самоуправа сме должни да ги работиме, има индиции дека се обидува луѓето да ги рекетира, дури и закани кон стопанственици, со кажувања дека кога ќе дошле на власт ќе биле затворени и така натаму. Срамота е за некој што не е дојден на власт да се заканува. Сметам дека со реваншизмите треба да престанеме. Сметам дека Обвинителството, судството треба да си ја работат својата работа“, објасни Јакимовски.

Скопје | пред 3 години

IMG_4917

(ФОТО) Молење и бегање во Карпош 4: Пешаци наместо на пешачки скокаат жардиниери, полицијата ги брка

Полицијата е без милост кога во прашање е почитувањето на правилата и прописите од страна на пешаците. Во текот на целиот ден, во Карпош 4, во делот каде имаше два смртни случаи за една година, изрекоа десетици казни. Ова е првпат да се спроведе ваква акција во овој дел на општината.Дел од пешаците кои скокаат преку жардиниери се жалеа и бараа да им биде простено. Но, службениците издаваа платни налози.Дел од пешаците се обидуваа и да избегаат од полицајците, па кога ќе прескокнаа на другата страна од булеварот Партизански одреди, со трчање одеа позади трговскиот центар кој се наоѓа во близина.Инаку, полицијата секојдневно издава стотици платни налози поради сообраќајни прекршоци.

Скопје | пред 3 години

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Скопјанец натепан во Карпош

На 21.05.2022 во 21.45 часот во Полициска станица Карпош Б.Ј.(33) пријавил дека на паркинг на подрачје на Карпош во близина на маркет, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

248287349_345946824048768_3738017654012925334_n

Нема веќе бесплатен паркинг во дел од Карпош

Наскоро треба да се реши проблемот со паркирање на одредени локации во општина Карпош, особено во населбата Карпош 1, каде жителите не можат да најдат слободно паркинг место поради возилата кои ги паркираат граѓаните кои работат или одат на гости во соседната општина Центар. Ќе се воведува зонско паркирање.Јавното претпријатие „Градски паркинг” ќе биде одговорно за јавните паркиралишта и јавните површини кои ќе бидат наменети за зонско паркирање во општината, односно ќе функционира како организатор на сообраќајот во мирување. Ова е одлучено на денешната седница на Советот на Карпош, со мнозинство гласови на советниците.„Градски паркинг“ треба да преземе активности за организација на сообраќајот во мирување, вклучувајќи ги тука обележувањето, одржувањето и користењето, како и техничките и организациските работи, наплатата и надзорот над паркирањето на возилата и останатите работи на јавните паркиралишта и површини за зонско паркирање.Во овој случај, за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за зонско паркирање, ЈП „Градски паркинг” – Скопје има обврска да плаќа комунална такса, согласно Законот на комуналните такси и Законот за Град Скопје. Оттаму, јавното претпријатие е должно да поднесува до Советот на Општина Карпош/градоначалникот на локалната самоуправа, полугодишни извештаи за преземените мерки и активности во насока на одржување и информација за тековната состојбата на јавните паркиралишта и јавни површини наменети за зонско паркирање – велат од Општина Карпош.

Скопје | пред 3 години

stevce-jakimovski-750x430-1

(ВИДЕО) Карпошани го „заплескаа“ Стевчо: Кога ќе стане ќе си има работна задача

Граќанската иницијатива Независни за Карпош, вчера вечер објави видео од населбата Козле.На објавеното видео може да се забележат крупни камења кои се паднати на улица, а најверојатно истите биле транспортирани за потребите за изградбата на новите згради. Од граѓанската иницијатива велат дека за ова се добиваат казни, а градоначалникот утрово има нова работна задача.„Се наоѓаме во Козле, каде што се градат елитни згради. Еве гледајте. За ова се кркаат казни. Така да градоначалникот утре кога ќе стане ќе си има работна задача“, се вели во видеото.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Голема акција во Карпош, од миење улици до собирање отпад и санирање дупки

Успешно реализирана големата пролетна работна акција во општина КарпошГрадот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Карпош, успешно ја реализираа големата пролетна работна акција на подрачјето на општина Карпош. Екипите координирано неделава спроведоа голем број активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање на кабаст отпад, санирање на оштетувањата на коловозите, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и можност за вдомување по нивен хуман третман, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.Во големата пролетна работна акција во Карпош на терен координирано работеа екипи на градските јавни претпријатија: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта, Лајка и Дрисла.Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализираа активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците во оваа скопска општина, како и миење и дезинфекција на контејнерите и нивните микролокации.Во специјалните садови што ЈП Комунална хигиена ги постави на четири локации во оваа општина досега се одложени приближно 104 кубни метри кабаст отпад, коишто екипите на Претпријатието ќе ги транспортираат во текот на претстојниот викенд.Eкипите на ЈП Улици и патишта реализираа градежни активности на санација на ударни дупки и поголеми оштетувања во асфалтот на мостовите Обединети нации и 8.Септември, булеварите Метрополит Теодосиј Гологанов, Партизански одреди, Илинден, како и на улица Лондонска. Истовремено, екипите ги санираа и прередија оштетените бехатон плочи на тротоарите, а извршена е и реконструкција на канализациони шахти. Екипите извршија контрола и обнова на недостатоците на вертикалната сигнализација на булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов, булеварот Илинден и улицата Лондонска, а обновена беше и хоризонталната сигнализација каде што беше потребно. Во текот на акцијата извршена е и дополнителна контрола на светлосната сигнализација на горенаведените улици. На крстосницата на булеварот Партизански одреди со улица Московска се постави звучни сигнализација за лица со нарушен вид.Екипите на ЈП Паркови и зеленило реализираа активности за средување и уредување на јавните зелени површини на територија на општина Карпош. Со пролетната акција во оваа општина беа опфатени булеварот Илинден, улицата Никола Парапунов, булеварите Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологано, како и улицата Јури Гагарин. На овие локации се средуваше зеленилото, се косеа тревни површини и диво израсната вегетација, се кастреа грмушки, а се собираа лисја, хартија и отпадоци.Во соработка со Град Скопје и Општина Карпош, заловувачките екипи на ЈП Лајка, оваа недела постапуваа во општина Карпош, согласно со планот и програмата за постапување на терен таргетирани беа критични точки и најфревентните локации како пешачки зони, училишта, градинки,паркови итн. Сите заловени кучиња се згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка, каде што ќе го поминат целиот хуман третман. По завршувањето на хуманиот третман ќе бидат објавени за вдомување, оние што нема да бидат вдомени по истекот на нивното време за престој во прифатилиштето на ЈП Лајка, ќе бидат вратени на матичната локација.Екипите на ЈП Водовод и канализација работеа на улиците Московска, Франклин Рузвелт и Козле, како и на булеварите 8. Септември и Партизански одреди. На терен се извврши површинско и рачно чистење на сливниците, рачно чистење на шахтите (фекални и атмосферски) и миење со цистерна вакуум и цистерна под притисок на фекални и атмосферски сливници и шахти.Пролетната акција во општина Карпош почна во понеделникот, 28-ми март, и заврши денеска, а теренските екипи на јавните претпријатија од понеделник продолжуваат со работа согласно утврдениот распоред, во општина Аеродром, каде што ќе работат на точно утврдени локации по примерот на општина Кисела Вода и општина Карпош.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања