„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

КАРПОШ

271411794_4566273830151665_730994699476532107_n

Не ги осудувам скандирањата против Бугарите, народот реагира зошто е потценуван, вели Јакимовски

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, не ги осудува скандирањата против бугарскиот народ, на натпреварот кој се одржа во Скопје. Тој вели: Народот секогаш е во право!„За разлика од многу мои колеги јас НЕ ги осудувам вчерашните скандирања на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија, напротив тоа е реалната слика. Народот реагира затоа што изминатиот период е манипулиран и потценуван од страна на нашите политичари од актуелната власт и од опозицијата. Не, колеги политичари, не е народот грешка, народот постапува според своите емоции и чувства и не е тој виновен туку може да се виновни само оние кои го водат. Затоа јас ги поддржувам граѓаните и нивниот искрен емоционален, национален крик. Да живее Македонија, глава горе македонци!

Коментари | пред 3 години

stevce-jakimovski-robert-veljanovski

Учениците во Карпош без ужинка поради урбаната мафија, не се носи одлука зошто не им гласаме ДУП, сведочи Вељановски

Роберт Вељановски, член на Советот на Општина Карпош посочува: „Поради интересите на урбаната мафија, учениците од основните училишта во Карпош останаа без ужинка“.Тој додава дека со вчерашното напуштање на продолжението на XIV Седница на Советот на општина Карпош, советниците на СДСМ ја официјализирале новата коалиција со градоначалникот на Карпош.„Им честитаме! Причината за напуштањето на седницата е немањето мнозинство за изгласување на ДУП З 09 или познат како ДУП за Млечен. На донесувањето на овој ДУП остро се спротивставуваат советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Независни за Карпош. За сметка на урбаната мафија, на карпошани им се ускратени одлуки за (ги издвојуваме најважните):- Субвенционирање на ужинки за учениците во општинските основни училишта на општина Карпош за месеците септември, октомври, ноември и декември а учебната 2022/2023.- Давање согласност за промена на корисникот на електрични броила од Општина Карпош на основните училишта на територијата на општина Карпош.- Одобрување на финансиски средства за награди за полуматурантите-првенци на генерација од општинските основни училишта на територијата на општина Карпош за учебната 2021/2022.Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ опстојува на предизборните заложби од програмата со која добивме доверба од граѓаните на Карпош!“, напиша Вељановски.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-09-05-at-19.29.38

Ако купите стан во Карпош, ќе морате и гаража, без тоа нема упис во Катастар

Во Карпош ќе се бара секој жител кој купува стан, да си купи и гаражно место. Без тоа, нема да има упис во Катастар. Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош најави дека ќе има кривични пријави за надзорите кои дозволуваат да се изведуваат проекти надвор од проектите кои се одобрени.„Секој што купува стан, мора да купи и гаражно место. Одобренијата ќе се даваат ако има квалитетно гаражирање, квалитенто спуштање на рампите. Ако вие не можете да се спуштите во гаражата, што ќе ви е таа. Нема веќе да се упишуваат становите во Катастар, ако немате гаража заедно со него. Во исто време, нашите службеници започнаа активност да одиме и да проверуваме сите одобренија кои се издадени, дали на лице место објектот е според проектот и дали гаражните места е според проектите“, кажа Јакимовски.

Скопје | пред 3 години

300814961_10158293925366706_8245593230956577766_n

(ФОТО) Хаосот во Карпош од невремето не може да се среди и по еден ден од ветровите и дождовите

Општина Карпош преку социјалните мрежи информира дека екипите на комунална хигиена продолжуваат со расчистување на паднатите дрвја од вчерашното невреме.„По вчерашното невреме, Екипите на општинската служба за комунална хигиена и денеска продолжија со расчистување на паднатите дрвја и неколкуте кровни конструкции на повеќе локации низ општината.Од рано утрото се расчистуваше во Карпош 1 кај детското игралиште, во Лептокарија, на потегот меѓу булеварот Теодосиј Гологанов и Јуриј Гагарин, кај бензинската на Макпетрол на булеварот 8-ми Септември, во Тафталиџе 1 и други локации кои беа пријавени од граѓаните“, се вели во објавата.

Скопје | пред 3 години

0394F1D7-0FF8-4E81-BB36-671698CD60AE

(ВИДЕО) Во Карпош е хаос, откорнати дрвја, уништени автомобили, блокирани патеки

Краткиот дожд и ветер, направи хаос низ Скопје. Во Карпош е се уште е несредено. На пешачката патека во Карпош 4 има огромни гранки, кои за среќа не повредиле пешаци. Екипи кои ќе ги тргнат, засега не се дојдени.На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од откорнат лимен кров на улицата „Јуриј Гагарин“.Оштетени се неколку автомобили.Според последните информации на Центарот за управување со кризи, силна нестабилност ги зафати и Пелагонија, Велес, Росоман и Градско. Невремето е проследено со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер.На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани беше региструран удар на ветер од 150 километри на час.

Скопје | пред 3 години

259211766_242271247970687_8160110712329551655_n

Јакимовски не смее да издава градежни дозволи на Партизанска и Илинденска

На денешната седница на Советот на Општина Карпош на која не присуствуваа советниците од редовите на СДСМ и ГРОМ беше изгласана предлог одлуката против висококатницата во Карпош.„Со оваа одлука се задолжува Градоначалникот и соодветниот општински сектор да го стопираат издавањето на градежни дозволи и забрана за отпочнување на градба на просторот кој го опфаќа ДУП за Градска четврт З 05 Блок 08, како и изготвување на стручен елаборат за суспензија на применувањето за блок 08 од ДУП за градска четврт 3 05 помеѓу бул.Илинден, бул. 8 Септемри, бул.Партизански одреди и ул.Љубљанска, донесен со одлука на Совет 07-7546/4 од 06.11.2013, Општина Карпош со цел спроведување ревизија за истиот.„Ова е нов пораз на урбанистичката мафија во Општина Карпош. Истовремено жалам што зад интересите на Карпошани не застанаа советниците од редовите на СДСМ и ГРОМ со што практично ги прекршија своите предизборни ветувања дека ќе работат во интересите на жителите на Општината.“ изјави координаторот на советничката група на Левица, Мартин Димоски.

Скопје | пред 3 години

jakimovski-1-960x600-1

Се повеќе се слуша дека Стевчо ќе даде дозвола за 28 катница, поднесено е барање да се стопира издавањето дозволи, вели Ристов

„Покрај излагањето на ТВ од страна на Стевчо се погласни се гласините дека сепак ќе издаде дозвола за 28 катницата. Всушност тоа и била причината што тој ја злоупотребува администрацијата да оневозможи заседавње на Советот на Општина Карпош“, вели Бранко Ристов, претседател при Советот на Општина Карпош.„Поднесов решение за свикување седница со една точка на дневен ред "Предлог- Одлука за задолжување на градоначалникот и општината да стопираат издавање на градежни дозволи, забрана за започнување градба и спроведување ревизија на ДУП за градска четврт З 05 блок 08". Согласно комуникацијата со советнички групи и изјави во јавност одлуката би требало да помине глатко, со 15 гласови; Левица 4, Независни 2, ГРОМ 2, ВМРО- ДПМНЕ 7. Останува да преброиме кој си стои на збор а кој ќе тера лицемерен популизам.Повторното оневозможување да се одржи седница ќе биде јасен сигнал кои се всушност плановите на градоначалникот. Дополнително, оневозможувањето не само ќе биде кршење на закон туку и брутален анти демократски чин за попречување гласачите да бидат претставени од своите избраници“, вели Ристов.

Македонија | пред 3 години

gradba-dogradba-karpos-4-taftalidze-2

Куп куќи станале згради во Карпош, општината со нови правила

Почнувајќи од денеска (среда 22.06.2022), Општина Карпош ќе се придржува кон новите правила во процесот на урбанистичкото планирање кои се однесуваат посебно на изградбата и одобренијата за градба во зони на индивидуално домување.Тие велат:„Одредбите кои ќе се однесуваат на паркирањето, важат и за колективно домување, при што се утврдува дека:1. Oпштина Kарпош нема повеќе да дозволува паркирање со помош на таканаречени платформи, туку исклучиво со рампи и тоа поврзани директно од сервисната улица кои ќе се спуштаат до гаражните места во објектот;2. Општина Карпош нема повеќе да одобрува проекти во кои паркирањето ќе биде прикажано со таканаречени „клацкалки“;3. Целокупното паркирање, за објекти од индивидуално и колективно домување мора да биде планирано под самиот објект. Доколку постои простор за гаражирање во рамките на самата парцела, тој простор нема да се земе во предвид, туку истиот ќе треба да биде резервиран за станарите кои имаат второ и трето возило, како и за гостите кои доаѓаат во предметниот објект. Овие одредби важат доколку во индивидуалниот објект за кој се бара градежна дозвола има повеќе од две станбени единици.Кај новите градби (особено за индивидуално домување), најголем проблем создаваат возилата кои не се паркираат во парцелата или објектот, туку истите остануваат на улиците и тротоарите и го загрозуваат животот на останатите граѓани од таа улица, (маало). Дополнителен проблем претставува второто и третото возило кое го поседуваат многу семејства, а со одобрението за градба не е предвиден простор за толку возила. Истото се однесува и за возилата на гостите кои доаѓаат во станбениот објект, кој во случајот е предмет на одобрение за градба.Во изминатиот временски период имавме вистинска наезда на претворање на индивидуалните градби, во станбени единици за колективно домување. Таа тенденција одеше дотаму, што се одобруваа дури и до 15 станови, и покрај тоа што се работи за индивидуално домување. Притоа, постоечката инфраструктурата и ширината на станбените улици, не можат да овозможат нормално функционирање и живеење ниту за граѓаните кои купуваат станови во тие објекти, ниту пак за останатите жители од тој реон.Од тие причини, локалната самоуправа одлучи да се придржува според следниве правила:1. Во урбанистички парцели кои се помали од 350м2 максимум ќе се дозволуваат до четири станбени единици.2. Во урбанистички парцели до 420м2 ќе се одобруваат максимум шест станбени единици.3. Урбанистички парцели кои се поголеми од 420м2 ќе може да планираат максимум осум станбени единици.Одредбите за паркирање под точка 1, 2 и 3 се однесуваат и за колективно домување односно целокупното паркирање мора да биде во објектот. Оттаму, евентуалниот простор кој би се нашол надвор од станбениот објект во самата урбанистичка парцела, да се предвиди за зеленило и евентуално за паркирање на второ и трето возило од самите станари, како и посетителите кои доаѓаат во објектот.Одредбите од овој правилник ќе бидат во важност од 22 јуни 2022 година и ќе се применуваат без исклучок.

Скопје | пред 3 години

288801595_566524861526615_5969666933404947766_n

Јакимовски им порача на жителите од Тафталиџе да не протестираат оти е топло

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денес по втор пати ги посети граѓаните од Тафталиџе кои веќе неколку дена го блокираат булеварот Теодосиј Гологанов.„Денеска по втор пат ги посетив граѓаните од Тафталиџе кои веќе неколку дена го блокираат булеварот Теодосиј Гологанов во знак на револт што не се носи урбанистичкиот план кој се однесува нa нивното место на живеење.Имајќи ги предвид високите температури и со оглед на фактот дека поголем дел од граѓаните кои протестираат се возрасни лица, за да не си го загрозуваат сопственото здравје ги замолив да го прекинат протестот и повеќе да не ја блокираат улицата, со ветување дека службите веќе го подготвуваат и ќе биде пуштен на јавна анкета урбанистичкиот план за тој дел од општината.На јавната анкета граѓаните ќе можат да си го дадат своето мислење и да ги искажат своите забелешки.Истовремено во наредниот период ќе се заложам нивниот ДУП да го изнесам пред советниците и да биде позитивно решен“, вели Јакимовски

Скопје | пред 3 години

13419176_1172509266133128_2678194857556813649_n

Општина Карпош: Сочувствуваме со проблемите на граѓаните кои живеат во субстандардни услови

Сочувствуваме со проблемите кои што ги имаат граѓаните кои го изразуваат својот револт, а живеат во Тафталиџе на улица Теодосиј Гологанов, велат од Општина Карпош.„Општината бара начин како да им помогне на овие жители кои се староседелци и живеат во субстандардни услови, а некои веќе и со срушени куќи, да можат за себе и за своето семејство да имаат пристоен дом како сите останати во Карпош.Живот со кров кој протекува, спални со мувла, со недоволна инсолација - осветлување, употреба на септички јами, енормни трошоци за затоплување зошто се работи за градби од средината на минатиот век, е под секое достоинствено човечко ниво, затоа час поскоро планерската куќа која го изработува ДУП-от и стручните служби од општина Карпош ќе излезат со предлог ДУП за јавна анкета за овој дел од општината“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Левица поднесе барање за ревизија на 26-катницата во Карпош и забрана за издавање градежни дозволи

Денес, советничката група на Левица во Општина Карпош, поднесе две предлог одлуки, кои се однесуваат на просторот на Деталниот урбанистички план З 05. Токму во рамките на овој ДУП, се наоѓа спорната парцела на која се предвидува 26-катница, а која беше дел од препукувањата помеѓу Јакимовски и ДПМНЕ, нформираат од Левица.„Бидејќи и двата политички субјекта најавуваа дека ќе иницираат постапка за спречување на изградбата на ова монструозно здание, а досега не го направија тоа, ние како советничка група се одлучивме на овој чекор.Овие две предлог-одлуки се однесуваат на иницирање на ревизија на овој Детален урбанистички план, како и забрана за издавање на градежни дозволи и стопирање на сите отпочнати градежни активности во рамките на овој урбанистички план.Поаѓајќи од потребите на Карпошани, но и од претходно најавеното, очекуваме за овие предлог-одлуки да гласаат ДПМНЕ и ГРОМ, со што ќе се обезбеди мнозинство за изгласување и конечно одвратување на бизнис интересите од Општина Карпош“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

285532196_578964633587869_7119646449644924573_n

Дали градинката „Мајски цвет“ каде падна кровот е реконструирана од фирма миленик на ДУИ, прашува Велјановски

Пред само малку повеќе од година и полововина, целиот врв на Социјалдемократскиот сојуз направи најмалку 5 настани поврзани со Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе, вели Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош„За сликање се наредија тогашниот премиер Зоран Заев и тогашниот градоначалник Стефан Богоев, па потоа Богоев и тогашниот министер Мила Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и министерот Јагода Шахпаска, итн. Сите настани беа поткрепени со прес конференции и воспевања како и колку СДСМ квалитетно гради и колку многу се грижи за децата од предучилишна возраст.Тврдеа дека несигурната монтажна барака на Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2 ќе прерасне во супер сигурен објект за престој на децата во супер сигурна тврда градба.Исплатија милиони денари, пари на граѓаните на Карпош, и го постигнаа следниот резултат - плафонот во неколку простории на градинката, по неполна година и половина, се урна!Среќа во целата несреќа е што “во целосно новиот објект” оваа немила случка се случи за време на викенд, кога ниту едно дете не престојува во градинката.За несреќата во модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, за рушењето на таванот на градинката, веројатно, ќе го обвинат олукот.СДСМ никогаш нема да бара виновници онаму каде што се во прашање и каде што се засегнати нивните бизнис интереси. За нив, јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, се апсолутно не важни.Оттука, поставуваме неколку прашања:1. Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката?2. Дали покрај изведувачот на реконструкцијата, фирма миленик на ДУИ, тендер за изведба на санација на објектот Детска градинка Мајски цвет, во Тафталиџе 2 добила и фирмата миленик на СДСМ која во општина Ѓорче Петров продаваше машина за перење алишта за 20.000 евра?3. Дали и колку други тендери им се дадени на овие две фирми од претходното раководство на општина Карпош?!4. Вредат ли профитот и бизнис релациите на СДСМ и ДУИ повеќе од безбедноста на најмладите жители на општина Карпош?!“, додава тој.

Скопје | пред 3 години

287082423_578964550254544_7161425621898826916_n

(ФОТО) Констатирани недостатоци во изградбата на кровот на градинката во Карпош

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, утрово повторно направи увид на ситуацијата во градинката „Мајски цвет“ и изврши консултација со експерти од областа при што беа констатирани недостатоци при изведбата на плафонот. Јакимовски во обраќањето во живо од градинката соопшти три главни причини поради што дошло до паѓање на таванот.- Побаравме експертско мислење и констатиравме недостатоци при изведбата. Конструкцијата на шините е конструкција за ѕид, а не за плафон, значи осовинското растојание е од 65 сантиметри, наместо да биде 50 сантиметри. Значи секоја табла требала да биде поставувана на 4 до 5 шини, а овде е поставувана на три. Втората голема причина е што штрафовите се премногу набивани и практично, оној слој на хартија што ја држи гипс картонската плоча е пробиен. Тоа е втората причина поради што е дојдено до оваа ситуација. Третата причина е што местењето на гипс картон на таван има свој систем, а овде се лепени цели плочи. На еден сосема мал дел натежнала водата, што придонело целиот плафон да се сруши како кула од карти. Ќе побарам вештачење и уште некое експертско мислење. Јас се плашам дека може да се урне целиот таван од оваа градинка направена во 2019 година. Ќе побарам измени во буџетот и итно да видиме што ќе кажат стручните лица, како да извршиме санација се во интерес на безбедноста на нашите најмали жители во општина Карпош, соопшти Јакимовски.

Скопје | пред 3 години

253343623_992931011267149_1016565929809395597_n

„По којзнае кој пат Јакимовски ги изневери очекувањата на жителите, не се сменил!“, Јоци за градоначалникот

Политикологот Јорданка Ивановска-Јоци смета дека како што се распаѓа градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, така се распаѓа и општината. Таа смета дека тој не е променет и дека ги изневерил граѓаните.„Се распаѓа Стевчо, се распаѓа и Карпош. Нема подобра симболика за него од оваа фотографија, со урнат кров врз глава, откако по којзнае кој пат Стевчо Јакимовски ги изневери очекувањата на гласачите/жителите и реши да ги следи сопствените приватни интереси. Искрено, криво ми е што воопшто поверував дека ете - се сменил на подобро и дека ќе сака да го заврши мандатот пред пензија како една успешна прикаска за колективната меморија. Нормално, не! Луѓето не се менуваат, само времето им ги потенцира брчките. А, што убаво не му праев муабет 8 години!“, напиша Јоци.Таа сподели фотографија од него, каде над градоначалникот има срушен таван, а тој гледа низ дупката. Таа смета дека таа е симболика е многу значајна.

Македонија | пред 3 години

08FE3C42-AEE0-4959-B681-85B0FA460F7B

Јакимовски откри зошто падна таванот на градинката во Карпош

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.- Ја утврдуваме причината, Најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување. Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон, изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид.При увидот, истовремено забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот, велат од Карпош. Од тие причини градоначалникот побара да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања